на Хидропатите, на Фумистите, на Некохерентните (1882-1893), во една епоха која сезабавува со изданијата на Петоман (Pétomane) и ќе го дочека основањето на l’AlmananchVermot (1886). Жил Леви (Jules Lévy) има 23 години кога Хидропатите (клуб основан 1878од поетот Емил Гудо -Emile Goudeau) се растура. Во 1882, ја организира првата изложбана Некохерентни Уметности, на која што, во еден средношколски дух, не-уметници соразуздана фантазија ги исмејуваат официјалните салони. Овој настан ќе доживее таковуспех што ќе треба да се продолжува од година во година, с è до 1893. Регаме (Régamey)таму изложува еден Поглед на Париз (Vue de Paris) составен од играчки залепени на еденкартон. Фердинандус (Ferdinandus) таму го покажува Селскиот поштар (le Facteur rural),дел од антологијата на Некохерентните Уметности. Ова „дело” секако била прва употребана еден реален предмет на платно: една кондура вметната во паното го покажува својотѓон на гледачот, продолжува со насликана нога која се губи на хоризонтот и завршува соеден мал поштар гледан од грб, како трча по воз. Во 1884, можеше да се види Ќор-третод Ван Дајк (Porc trait par Van Dyck) од Бриде (Bridet) среде скулптурите од тврдо сирењеи сликите врз тазе моруна. Нема ни да ги спомнеме познатите монохроми од АлфонсАле (Alphonse Allais). И Сапек (Sapeck), ексцентрикот, ситуационист пред своето време,којшто од скандалот направи своја професија. „Оттогаш, поетскиот јазик навлегува восекаков вид авантури. Оние другите, коишто обично ги сметаме за „помалку значајни”како Корбијер (Corbière) или Шарл Кро (Charles Cros) - или коишто храбро ги игнорирамекако А. Але - покренуваат механизам чиишто ефекти можат денес со полно право да сесметаат за мошне значајни.” И така е поставено прашањето за современите реперкусиина овие неумесни шеги на крајот на векот. Некохерентните започнуваат една историја наидиотизмот која што ја претставува самата суштина на модерната. А, Але, како да знаел,во каталогот на Изложбата на Некохерентните Уметности во 1884, се претставил како„ученик на Мајсторите на дваесеттиот век”.Овој ист идиотизам ќе биде баран од Дадаистите, и ќе биде сосема типично отелотворенод Ричард Хуелсенбек (Richard Huel senbeck). „Дадаизмот е идиотски. Вистинскиотдадаист се смее, се смее”, ќе потврди првиот дада истички манифест напи шан и прочитанод Хуел сенбек вечерта на 12 април 1918 во Берлин. Група исто така поврзана со Дада иститебеше и групата на речена Глупав (Stupid), која што го издаде Бил тенот Д. (Келн, 1919).Иако беше настрана од берлинското движење, Швитерс (Schwitters) сепак покажа сличенстав изјаву вајќи: „Јас сум буржоаски и идиот ски”.Друг манифест-трактат, од 12 јануари 1921, разделен низ Париз, под наслов Дадаизмотподига с è (DADA soulève tout) вели: „Имитаторите на Дадаизмот сакаат да ви го презентираатДадаизмот во една уметничка форма којашто тој никогаш не ја имал - Граѓани,26<strong>okno</strong>.<strong>mk</strong>
денес ви презентираме во една порнографска форма, еден вулгарен и барокен дух кој немаврска со ЧИСТИОТ ИДИОТИЗАМ баран од ДАДАИСТИТЕ - ТУКУ Е ДОГМАТИЗАМ ИДРСКА ИМБЕЦИЛНОСТ.”Идиотизмот е спротивен на претенциозноста, на обидот да нè натера да ги помешамедлабокомисленоста со сериозноста, на онаа претенциозност која не е толку употребана интелигенцијата колку е употреба на културата со цел да заплаши. А токму наоваа претенциозност на писателите кои се обештетуваат „од она што го нарекуваатбезвредност на содржината во една „благородна” и „негувана” форма” Бенџамин (Benjamin)ќе ги спротивстави малите прозни дела на Роберт Валсер (Robert walser) и нивниотстремеж кон безначајноста, кон глупавоста. И токму против оваа претенциозност ќе себори Дибифе (Dubuffet) во крстоносната војна против „задушливата култура”. Идеолошкидоведен да ги брани, како единствени претставници на креацијата, безимените, а особенооние без култура и без дух, будалите, тој ќе го предвиди лудилото како краен и нефиктивенпример на овој идиотизам за којшто зборуваме. Тоа е крајното место, коешто е едвајвидливо, далеку зад „култивираната” земја каде што логосот ја определува перспективата,и каде што се отелотворува, во еден вид апотеоза на безумието, напуштањето на логикатаи на здравиот разум кон што се стреми модерната во целина.Да се навратиме на дадаизмот, онаму каде што тој се покажа најмалку надарен, атоа е токму тогаш кога ја заборави фарсата која што го мотивираше, за да ги „осуди”,во буквална смисла, своите „непријатели”, на најнадуен и најморализаторски начин. Тоабеше случајот во 1921 година, за време на интелектуалниот процес, покренат противБарес (Barrès). Оваа поставка, стратешки важна за младиот Бретон, беше мошне сериознореализирана. „Дадаизмот, пишува Жорж Иње (Georges Hugnet), е нејасен: се сомнева во сè и не се сомнева во ништо, како да не разбира дека му ја задушуваат смеата. Воопшто нее природно Дадаизмот да претседава со еден суд, бидејќи зазема страни, а не пресудува.Од сите сведочења, она на Цара (Tzara) е едно од ретките коешто, со својата лежерности навредливост, ја сочувува дадаистичката обоеност и намерно одбива да се потчинина литературната маѓепсаност...” Пикабија (Picabia), од своја страна пак, остро сеспротивстави на овој суд, кој не му доделуваше никакво место на хуморот.Футуризмот, што е помалку познато, не остана покус. Арно Лабел Рожу (Arnaud LabelleRojoux), во Пародиската уметност (L’art Parodique), потсетува дека Мари нети (Marinetti),во својот Mani feste-Music-Hall ги сла веше „моќните карикатури; длабочините насмешното; преплетувањето на игрите на зборови, на шегите, скокањето од тема наМаргина 34 27