Наши луѓе: Слаѓана СтојановаЛивади со билки и зборовиМотото на најпознатата кумановска „билкарка“ е да се побегне (со умисла) од стереотипнотосекојдневие и „до полн цут“ да се одгледа сопствениот сон.Во селото Старо Нагоричино, Кумановско,навалено на десниот брег на реката Пчиња,на површина од околу еден хектар, растат„билките на Слаѓана Стојанова“, кои воскоро време ќе бидат чаеви, сирупи,тинктури, тоници, мелеми... Оригано,босилек, невен, жалфија, лаванда, рузмарин,копар, коријандер, нане... опсипани сомногу сонце и љубов сочинуваат еден светсоздаден по идеалната мерка на семејствотоСтојанови, свет-бегство (со умисла, велиСлаѓана) од заморното, стереотипносекојдневие. Формулата за животенспокој, за егзистенцијата како производ назадоволството и на страста е нејзин личенизум, откритие на кое особено е горда.По формално образование, Слаѓана епрофесорка по книжевност која долги годинисе реализирала и потврдувала како новинарво локалното радио и телевизија, уредникна сопствен кумановски неделник, авторна забележани и популарни хумористичнинаписи и сценарија. Отсекогаш го сакалаи негувала зборот, а билките последнитегодини само го материјализирале убавото покое отсекогаш била жедна.Живот на два брегаЖивотниот тек на Слаѓана има два брега: наедниот е издаваштвото тесно поврзано соона што расте, цути и обзема на другиот брег- билките. Не се знае што е прво, што второ,14 | Клуб 360
зашто речиси истовремено почналада сади и одгледува билки и да гоиздава својот месечник „Природа издравје“ кој може да се најде на ситетрафики во земјава. Последнавагодина објавува и прирачници– „издадени и продадени“, вели, „сепет, шестиот е во печат“.„Задоволна сум, затоа што успеавда ги обединам и паралелно да гиработам двете нешта што најмногусум ги сакала во животот. Сетотоа во рамки на семеен бизнисчијашто цел е затворање на кругот:сопствено производство на билки– откуп – преработка – малафабрика за зачини (се надевам ќебиде прва во Македонија) и чаеви– издавачка дејност од истатасфера. Овој наш замислен проект–сон полека се реализира веќедесетина години, чекор по чекор,билка по билка, збор по збор, такашто во мигов веќе имаме засадено 1хектар билки, сушарница, сопственабилна аптека, работилница заподготовка на природни препарати,сирупи, тинктури, тоници, мелеми...и издавачка куќа да го поддржисето тоа и со збор, мојата старо-новаљубов.“Освојување билкиНејзина омилена планина е Герман,а фетиш-билка белата ајдучкатрева. „Билката од илјада златници“– црвениот кантарион за Слаѓанае олицетворение на нејзиниотживотен идеал: мала, силна иедноставна. Заедно со сопруготСтоле кој инаку е страстен љубители познавач и на пеперутки, печурки,змии... разликуваат околу 300 билки,а она што е најголема возбуда занив е потрагата по нови, недоволнопознати или ендемични видови воземјава. Наоѓањето на бисерок иисландски лишај се исклучителнинастани во нивниот живот, огромнарадост и потврда дека во природатасè е можно, дека таа е чувар на ситевистини и задоволства. „Никогашнема да го заборавам мигот когапо долга, долга потрага, веднашдо себе здогледав бисерок. Сумседнала да одморам до него!Бисерокот е ретка билка која успеавда ја освојам, зашто секое наоѓање еистовремено и освојување.“Ритуалот наречен„одење в планина“За Слаѓана Стојанова, билкитесе и хоби и професија и многу,многу повеќе од двете нештаБукет од среќа„Билките не го заменија зборот во мојот живот, туку само му надодадоастебло, ливчиња, раскошни мириси... недоброј нови богатства. Повикотна природата отсекогаш го слушав длабоко во себе, а последнитегодини успеав и да му одговорам со целосна предаденост. Го свртевсопствениот и животот на моето семејство во насоката по која отсекогашмечтаев, насоката на задоволството и целосната исполнетост“.заедно. Заедно со Столе и нивнитедвајца синови (Стефан и Димче)продолжуваат да садат, берат иобработуваат билки, да пакуваат исо голема страст да ги пијат „своитечаеви“. Соработуваат со проф.Новица Ранѓеловиќ од Ниш, еден однајдобрите балкански ботаничарии секој нареден ден се обидуваатда научат нешто ново. Старинските,бапски рецепти ги рафинирале идокреирале, така што и сирупите,мелемите, тинктурите и лосионите занајширока и најразлична употребастанале дел од нивното царство.„Каде и да одиме, очите ни севперени во природата, во билкитеи зеленилото. Тоа е нашиот свет,нашиот инспиративен сон, нашатасреќа. Не постои нешто поголемои поважно отколку да се работи ида се живее од она што најмногусе сака. Одењето в планина за наспретставува ритуал, почеток и крајна сè, смисла на живеењето посвоја мерка.“О.Ќ.Клуб 360 | 15