13.07.2015 Views

„Нагости“ дома - T-Mobile

„Нагости“ дома - T-Mobile

„Нагости“ дома - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

и ги натерала да ги населат овие преубави, ноне секогаш гостољубиви предели на планетата,таму заедништвото помеѓу скородојденцитесо европско потекло, и староседелците -племето Тлингит, создало единствени митови ипреданија за силата на природата и животнитесо кои тие ја делат таа убавина. Да се биде поетили раскажувач под сјајното небо со ѕвезди илиполарна светлина - не изгледаше тешко! Самотребаше да се соединиш со пејзажот и насамода поразговараш (во четири очи) со природата.Во околината на Кечикан можеше еден ден дашпионирам мечки по бескрајните и девственишуми, другиот да се дружам со големитељубопитни китови, а веќе третиот, на кајакда шетам покрај глечерите со големина надваесеткатници. Чудата на Алјаска ја менуваатчовековата перспектива за светот. Чудата тамудоаѓаат во три димензии, од небото, од океанот,и од копното.Музиката на топонимитеНе е чудно што и на Хавајците, како ина китовите, не им треба многу напор закомуникација. И тие тоа го прават со песна,затоа што нивната азбука има само 14букви и јазикот повеќе потсетува на пеењеотколку на зборување. Халеакала, Ваикики,Молокаи, Хонолулу, Ваимеа, Ала Моана,Кеалакекуа, Мауи – не се стихови од песна,туку само топоними од Хавајските Острови!Китови на годишен одморГрбавите китови секоја година поминуваатнад 5 000 km на релација Алјаска – Хаваи.За тој пат ним им се потребни 4-8 седмици.Дневно изедуваат и по еден тон риба и другаморска храна! На Хаваите стигнуваат најадени,со доволни количества наталожена маст,така што бистрите, сини води ги користатсамо за парење и одмор! Годишниот одморна семејствата китови почнува некаде восептември кога ја напуштаат Алјаска, којаполека почнува да потонува во долг, зимскисон, и патот до Мауи на Хаваите се одвива повостановена шема – први стигнуваат малите,следени од мажјаците, па потоа женките ина крајот бремените женки! Притоа тие пеат!Песните на китовите се комбинација на ритмичкии предвидливи звуци кои наликуваатна човековото пеење! Тие можат да траат ипо половина час и да се слушаат на стотицикилометри оддалеченост. Прекрасните звуцисе одбрани од легендарниот Карл Саган и одНАСА и се ставени на носач на звук, заедносо песните на птиците, и сега на „Војаџер“ сепретставници во вселената на нашата планета...некогаш, некаде...Распеани колосиКрајна дестинација на вредната дружинараспеани колоси се топлите води на Хаваи.И тука китовите весело се шетаат низ водите,среќно создавајќи нови песни и танци. Но, небев сигурен кој беше посреќен – јас или тие.Па, не се стигнува секој ден на најоддалеченотокопно во светот! Хавајските Острови – неколкудијаманти расфрлани сред најголемиот океанво светот – оддалечени се илјадници километриод сè друго на планетава!Магијата на Хауа’аи, како што таму звучи изговореновој архипелаг од мештаните, не сеопишува лесно. Иако Американците од Хаваинаправија комерцијално пристаниште за разнимеденомесечари и хедонисти од Копното, сепакна мое пријатно изненадување, островите сепаксè уште зрачат со девственост, мистицизам иисконска чистина. Ги видов очекуваните големии раскошни хотели во Хонолулу промовираниод Холивуд низ својата филмографија во 20 век,но изненадување ми беше откритието дека нанеколку километри надвор од место како Лахаина,на островот Мауи, влегувате во една другадимензија – мали симпатични полузаспанипоседи кои те покануваат да се одречеш од сèшто некогаш си имал некаде на друго местои да останеш тука (таму!) засекогаш. Со моетотрето око јас го направив токму тоа – ја одглумивиконографијата од моите фантазии - се потпревна палмино дрво, гледав во плантажите соорганско кафе, дишејќи ги мирисите наветените Небеса и гледав зашеметен вобескрајните плажи во сите бои. И се замисливкако останувам засекогаш.Китовски лекцииСлушајќи ја опојната музика на укулелето од некојадалечна луау (хавајски поим за гозба организиранапод отворено небо) мислите ми лебдеа и сенишаа во ритамот на фаталните хула танчарки.Совршено прибежиштеАлјаска, најголемата и најненаселенадржава во САД е американскиот Сибир –поим за последната граница на изолираниотсевер. Ако некогаш првите хорди рударидоаѓале за злато и копале, трагале иостанале, денешните нови ИндијанаЏонси и Робинзон Крусовци доаѓаат за даизбегаат од стресниот живот на модернотопреживување и да живеат во хармонија соприродата. За многу авантуристи Алјаска есовршеното прибежиште.Научниците-истражувачи на китовите имаатоткриено дека еден ден од престојот на китовитена Хаваите сите мажјаци-китови ја пеат истатапесна! За што ли пеат во неа, се прашував?За радоста, за убавината, за поколенијата ипродолжувањето на видот, за минливоста или заранливоста на подарениот рај на планетава, затагата, за ѕвездите? Или за сите тие суштинскинешта истовремено? Дали и ние СМЕ во рајот– само што зависи од нас колку можеме тоада го видиме и да им дадеме предност навистинските нешта?Неколку месеци учев од нив, од грбавитекитови, моите другари сопатници, дека требада се опстои. Од нив учело и човештвото:некогаш одамна, во времето на новелата „МобиДик“ на Мелвил, идејата за китовите буделастрав и стаписаност. Во последните деценииод минатиот век китовите во нас ја разбудијаалчноста за профит – ги убивавме од нив зада добиеме масло за ламби, луксузни чешли,дури и делчиња за женски корсети! Во најскоровреме кај нас предизвикаа љубопитство исвесност за себе и за природата. Со нивнитепесни нè подучуваа дури и во музиката. Пакако дојдовме до тоа овие џиновски учители ипрекрасни суштества во очај да бараат помошза опстанок?Пејте китови и играјте! Сега, од временска игеографска далечина, претчувствувам дека сèдодека пеат тие, ќе пееме и ние за животот и засмртта на сината планета што сите ја делиме.Текст и фотографии:Роберт СмилескиКлуб 360 | 25

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!