13.07.2015 Views

„Нагости“ дома - T-Mobile

„Нагости“ дома - T-Mobile

„Нагости“ дома - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Содржина5Гостин на Клуб 360:Благој Нацоски„Нагости“ дома10Симболи на летото:СладоледЗаводливиотмразулко16Наши места: ДојранНа два часа одидејата24 Некаде...Патот на китовитеЛетно мерење на времетоУтрово во мојата канцеларија на третиот кат, ме дочека ластовичка.Влегла преку подотворениот прозорец на кој од внатрешнатастрана впишала траги од обиди за излетување. Ја најдов уморнакрај кошничката со минатогодишно жито и сончогледи. Беше одвајзабележлива, но ја издадоа трепетливите краеви на долгите крилца.Уплашена, кротко ми се предаде во дланки. По неуспешнитеобиди целосно да го отворам заглавеното крило на прозорецот, наластовичката и го дарив нејзиното, верувам прво, патување со лифт.На излегување, во потрага по најблиското зеленило, ми стоешена отворените дланки уште дваесетина мои чекори, а потоаполета кон покривот на Италијанската амбасада.Камелија ЛевенскаТокму истово утро размислував дали Италија треба да мибиде одредница за дел од овој летен одмор. Ластовичкатае можеби знак...Bella Italia... По Рим, втора асоцијација- деновите поминати на Сардинија, во непосредна близина на гратчето Порто Черво.Сончеви живописни предели, вили со градини како од бајките, волшебно синилообиколено со песочни плажи и преубави карпи со единствена форма и боја. Какоскицирани кривулести патишта и улици, раскошни пристаништа и шеталишта, парадана автомобили, јахти, едрилици и глисери, отворена ревија на модна облека, насмевкии џагор во кој се измешани јазици од различни говорни подрачја. Возбудливи дневни иноќни забави, познати лица од филмските платна, ТВ екраните, списанијата... Сардинијае импресивна природа дополнета со извонредно вклопени дела на современиархитекти со пред сè рустични белези и се доживува низ неуморно истражување.Барем една од првите реченици кои деновиве се разменуваат со пријатели, колеги,соседи... е на тема летување. Слушате најразлични одлуки согласно афинитетите,можностите и плановите, разменувате, совети, предлози. Во екот на размислувањата,пред да се впуштите во барање предизвик од туристичките агенции, помислете, за штонајмногу сонувавте во текот на годината, што одложувавте заради немање слободновреме, на што би ги посветиле слободните денови, што е тоа што вистински ќе венаполни со енергија и задоволство.Летување, заради одмор или забава, заради збогатување на спомените, темите запрераскажување, заради запознавање нови простори, нови лица...Тука секако не еисклучено дека летните денови се и време за грижа за себе, за семејството и за домот,а и најдобрата сезона за градежни работи. Летувањето не мора да значи лудување иистоштување на снагата и буџетот.Летниот одмор е грст слободни денови: 10, 15, 20... наредени во низа не значат многуповеќе од изминативе: 20, 15, 10, дена, но она што ги разликува, е можноста за креацијана нивната комплетна содржина.Минатото лето, во манастирот Света Троица крај Куманово, дојде младо семејствоод Германија со седумгодишно момченце. За Македонија читале на интернет, гиплениле нашите цркви и манастири и така ја одредиле својата летна дестинација.Џулијан, со црвена косичка, пегаво лице и живи сини очи со внимание ги набљудувашефреските, жедно слушајќи за светците. Ми покажаа и неколку книги, но и ме прашааза македонски манастири каде сè уште не сум била. Бев горда, но и поразена. Катаринаи Питер, таа финансиски менаџер, а тој електроинженер, млади, успешни, модерни,своите 20 дена ги посветиле на Македонија, дури го зеле само најнеопходниот багаж, соплан за тежината на литература која би ја понеле назад во Дрезден.Нашата земја, за повеќето од нас е речиси непозната со исклучок на неколку разодениправци, па се чини како да ни е на списокот на најдалечните дестинации. Нас какода нè оддалечува кодираниот синдром на потценување на своето, но за среќа нашатаМакедонија е сè поблиска дестинација на патувачките желби на странски државјани,па навистина би можеле нешто да прифатиме и од нив. Тука доаѓа и предлогот баремдел од Вашите слободни летни денови да ги посветите на Македонија, да се запознаетеподобро и себеси и меѓусебно.Слободните летни денови се во Ваши раце, а тоа е богатство од време и содржина.Препуштени на даровите на сонцето и летото, внимавајте со Вашето летно мерење навремето од цели денови да не добиете само неколку часа. Од Вас зависи дали песокотод летниот стаклен часовник несвесно ќе го пропуштите низ раце или внимателнои страсно ќе го моделирате. Независно дали и колку сте оддалечени од својот дом,бидете блиски до себе и до она што вистински Ви значи.Списание за членовите на Клуб 360; Излегува секој втор месец; Тираж на број 55 - 100 000 примероци; Одговорен уредник: Камелија Левенска;Уредник: Оливера Ќорвезироска; Редакција: Кристина Цветковска, Рашела Гинова, Александра Крстиќ, Роберт Смилески; Дизајн: Saatchi&Saatchi.Издава: Т-Мобиле, одговорен сектор: Маркетинг; Главен маркетинг директор: Барт Вајермарс; Менаџер за маркетинг операции: Даниела Анѓелиќ;Контакт: „Орце Николов“ бб Скопје, тел.: 02 3 201 446; E-mail: magazin360@t-mobile.com.mkКлуб 360 |

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!