Филмски жанрови: хорорСјаење во улицата на брестовитеПриказните за вестернот, мјузиклот, научната фантастика и воениот филм се веќе зад нас,во претходните броеви на Клуб 360 магазинот, а следниот жанровски предизвик пред нас ехоророт. Можеби овој жанр „на прва топка“ не остави значајни дела за паметење во филмскатаисторија, но кога ќе се сумираат резултатите, секако дека неизбежна филмска лектира засите вљубеници во Седмата уметност претставуваат еден „Психо“ на Хичкок, „Егзорцист“ наФридкин, или „Сјаење“ на Кјубрик, да речеме. Но, одиме по ред.Враќајќи се далеку наназад, во 1910 година, Томас Едисон (ThomasEdison), пионерот на безброј основни принципи во кинематографијата,ја сними првата верзија на „Франкенштајн” (Frankenstein) на големотоплатно, со Чарлс Огли (Charles Ogle) во главната ролја. Првата, ранаверзија на „Дракула” (Dracula), пак, е снимена во Унгарија, но, и покрајовие обиди, за дефинитивен почеток на хоророт се смета движењето нагерманскиот експресионизам во филмот во 20-те години на минатиотвек, кога беа поставени темелите на она што денес го сметаме за жанрод кој ни замрзнува крвта во вените. Облеан со сенки и контрасти, експресионистичкиотфилм во својата филмографија вклучува едни однајвпечатливите европски филмови од тоа време, како мистериозниот„Кабинетот на д-р Калигари” (The cabinet of dr Caligari, 1919) на Фриц Ланг(Fritz Lang), и ненадминатиот „Носферату” (Nosferatu, 1926) на ФридрихВилхелм Мурнау (F.W. Murnau), во кои играше феноменалниот КонрадВејд (Conrad Veidt), кој, на некој начин, е и првата филмска хорор ѕвездавоопшто.Во САД, „Човекот со илјада лица“ - Лон Чејни (Lon Chaney), со своитеперформанси во исто така култните остварувања „Грбавецот од НотрДам” (The Hunchback of Notre Dame, 1923), „Фантомот од Операта” (Thephantom of the Opera, 1925) и „Лондон по полноќ” (London after midnight,1927), набргу стана „Човекот кого треба да го избегнете на улица“. Сеработи за неколкуте заеднички соработки со режисерот Тод Браунинг(Tod Browning), кој по смртта на Чејни, го вработи унгарскиот идол намногумина, Бела Лугоши (Bela Lugosi), чијашто улога во „Дракула” од1930 ги воодушеви сите. Успехот на овој филм го натера режисерот ЏејмсВејл (James Whale) да се надоврзе на приказната со екранизација нароманот на Мери Шели (Mary Shelley), „Франкенштајн”, со што жанрот идефинитивно си доби своја популарност, и пред сè автентична естетика,со која рамноправно влезе во историјата на филмот. Можеби најзаслуженза ваквиот статус, покрај Браунинг и Лугоши, е „актерот-чудовиште“- Борис Карлоф (Boris Karloff), кој освен „Франкенштајн”, во текот наследните 15 години, до крајот на Втората светска војна, сними стотицихорор-филмови кои ја одбележаа таа декада и пол преполна со стравовикако во реалноста, така и на платното.По нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, светот веќе не беше ист.Тоа го почувствуваа и филмаџиите, кои многу успешно го канализираастравот преку различните приказни на целулоидната лента, секако,и добро заработувајќи од сето тоа. Во 50-те години предничешебританската филмска продукција, пред сè со серијалот „ЕкспериментотКватермас” (The Quatermass experiment, 1955). Во тој период со светска28 | Клуб 360
слава се стекна и режисерско-актерскиот тандем Теренс Фишер- Кристофер Ли (Terence Fisher - Christopher Lee), кои на публиката ипонудија неизбежна порција хорор, преку филмовите „Проклетствотона Франкенштајн” (The curse of Frankenstein, 1956) и задолжителниот„Дракула” (1957), овојпат во ново руво. Во САД во оваа декада владеејаавторите Семјуел З. Аркоф (Samuel Z. Arkoff) со смешните тинејџхорори,и Роџер Корман (Roger Corman), кој на возбудлив начин гиадаптираше приказните на писателот Едгар Алан По (Edgar A. Poe),како „Падот на семејството Ашер” (The fall of the Usher family, 1958), например.Во 1960-та, мајсторот Алфред Хичкок (Alfred Hitchcock) го снимиремек делото „Психо” (Psycho), во кој Ентони Перкинс (Anthony Perkins)брилјира во улогата на сопственик на крајпатен мотел, во кој сеслучува највозбудливото убиство некогаш снимено, она под тушот, вокопродукција со неговата мајка која живее во мистериозната куќа набрдото. Или, таа беше дел од неговата подвоена личност? Ха!?! Во оваадекада вредни за споменување се и обидите на полскиот режисерРоман Полански (Roman Polanski), чиешто „Одбивање” (Repulsion,1968), исто така се смета за еден од вистинските репрезенти на хороржанрот, како и зомби-класиката „Ноќ на живите мртовци” (Night of theliving dead, 1968), кој на светот му подари уште еден фанатичен хороррежисер во името на Џорџ Ромеро (George Romero).Во седмата декада од минатиот век хорор жанрот го живееше својотренесансен период, во вистинска, уметничка смисла на зборот,пред сè благодарение на различните тематски правци и интересина авторите. Овој период започна со ремек-делото „Истерувач надухови” (Exorcist, 1973) на режисерот Вилијам Фридкин (WilliamFriedkin). Ова контроверзно остварување, кое честопати одеше„под нож“ кај цензорите, вознемири многумина со слаби срца,пред сè поради веродостојноста во пристапот на раскажување натурбулентната приказна. По него следеше уште еден наслов снименспоред вистинит настан, бруталниот „Тексашки масакр со моторнапила” (Texas chainsaw massacre, 1974) на Тоуб Хупер (Tobe Hooper),кој пред некоја година доби и свој (многу лош) римејк. Еден одновата генерација холивудски режисери, Брајан де Палма (Brian dePalma), филмската кариера ја започна со експеримент токму во овојжанр, психички бомбардирајќи ја публиката со „Кери” (Carrie, 1976),кралицата на матурската вечер, маестрално одиграна од Сиси Спејсек(Sissy Spacek). Станува збор за адаптација на истоимениот роман написателот Стивен Кинг (Stephen King), кој е алфа и омега во овој жанр,со најмногу екранизирани дела на филмското платно. Успешнотохорор-десетлетие финишира со хорор-мајсторот Џон Карпентер (JohnCarpenter) и „Ноќ на вештерките” (Halloween, 1978), кој потоа доживеабезброј (и повторно, како по правило: многу лоши) продолженија.80-те години започнаа со уште една успешна екранизација налегендарниот Стивен Кинг. По разните жанровски експерименти,на генијалниот режисер Стенли Кјубрик (Stanley Kubrick) му дојдевремето да сними и еден хорор филм. Нормално, човекот посегнапо едно од делата на мега успешниот Стивен Кинг, „Сјаење” (Shining,1980). Ова четиво под водство на Кјубрик на големото платно изгледамногу пострашно и претставува еден од оние три филма за кои вредида се ризикува да се погледнат, и покрај можното слабо здравје.Сепак, и покрај добриот старт, следните години донесоа безобразнакомерцијализација на жанрот, пред сè поради неконтролиранотоштанцање на веќе успешните формули, преку неколкуте продолженијана веќе спомнатиот „Ноќ на вештерките”, потоа, „Ноќи во улицата набрестовите” (The nights on the Elm Street) со новиот анти-херој, ФредиКругер, како и долгиот серијал насловен „Петок, 13-ти” (Friday the 13th),кој траеше од 1980-1989 година.Но, и во овој период се појавија неколку проекти кои на хорор жанротдостојно му го продолжија животот. Пред сè, мислам на канадскиотистражувач на сексуалниот и телесен хорор, докторот-режисерДејвид Кроненберг (David Cronenberg), чии филмови истовременои возбудуваат и вознемируваат, поставувајќи илјадници прашања замистериозната човекова егзистенција на планетата Земја. Неизбежнисе и филмовите на опасниот њујорчанец Ејбел Ферара (Abel Ferrara),„Сврдел-убиецот” (The Driller killer, 1987) и „Човекојадецот Ферокс”(The Cannibal Ferox, 1988), кои постигнаа голем успех во видеоерата, доведувајќи го и канибализмот во собите на гледачите, а оваафилмска хорор-идила ќе ја заокружиме со најуспешниот британскихорор проект на сите времиња, трилогијата „Господари на пеколот”(Hellraiser), со која Клајв Баркер (Clive Barker) ни подари новисуштества од кои треба да се плашиме - сенобитите.Брам Стоукеровиот (Bram Stoker) „Дракула” од 1992-та и НилЏордановиот (Neil Jordan) „Интервју со вампирот” (Interview with theVampire) од 1994-та го вратија хоророт во квалитетните, меинстримводи, каде што поетичната естетика дури на моменти и ги засенуваосновните начела на хорор жанрот, но сето тоа придонесе за големапосетеност на кино салите ширум светот. Потоа сè отиде по ѓаволитесо филмовите кои хоророт го претворија во евтина-акциона-трилерзабава, меѓу кои ќе ги споменеме „Врисок” (Scream, 1996), „Мимика”(Mimic, 1998), „Реликвијата” (The Relic, 1998) и „Факултетот” (TheFaculty, 1998). Ваквиот тренд, за жал, продолжи и во новиот милениум,каде сè уште не се најде херој кој ќе го ревитализира овој моќен жанр,вреден за широка и длабока опсервација.И, јаготката на врвот од шлагот ја оставивме за самиот крај: за да везаскокоткаме што повеќе, нема ништо да појаснуваме и објаснуваме,туку само ќе напишеме: „Вештерката од Блервич” (The Blair Witchproject, 1999). Крај!!!Игор АнѓелковКлуб 360 | 29