13.07.2015 Views

„Нагости“ дома - T-Mobile

„Нагости“ дома - T-Mobile

„Нагости“ дома - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

одлично. Салата од 1 800 места беше полна допоследното седиште и бевме поздравени собурни аплаузи на крајот.Клуб 360: Му може ли нешто носталгијата наталентот и на решеноста да се успее и да сеистрае во она што се сака? Претпоставувамдека и носталгијата во денешново урбано имобилно живеење се трансформирала вонешто друго, поинакво...?Б. Нацоски: Ја имав таа среќа да можам честода доаѓам во Скопје за време на студиите,а сега можам да си дозволам да го правамтоа кога сакам, нормално ако сум слободен.Всушност, и моите доаѓања во Скопје се сведоана 3 до 4-дневни, но почесто. На пример,доколку имам 4 дена помеѓу две претставикога настапувам во некој град, задолжителнодоаѓам во Скопје. Друга среќна околност ешто живеам во најубавата држава, односново најубавиот град на светот кој ме освои одпрвиот момент кога стигнав во него. Во Римимам одлични пријатели, и менталитетотсосема ми одговара. Градот со сите своиубавини пак, претставува душевна храна замене и сметам дека еден уметник успешно зада креира, е многу битно да биде опкруженсо убави нешта, без оглед на која уметност сеработи. Инаку да, упорноста и решителностада се успее во она што се сака се мои силниособини и носталгијата ништо не им можешедосега. Јас сум инаку многу приврзан конмоето семејство и нашите контакти се буквалнопо еднаш во денот минумум.Клуб 360: Повеќепати имате кажано декапоследниве години аеродромите се вашдом. Кое значење го преферирате при оваареченица: метафоричното или конкретното?Б. Нацоски: Мислам дека имам кажано отиаеродромите се мој „втор дом“. Би рекол деказначењето е и малку метафорично и малкуконкретно. Секогаш го преферирам авионскиотпревоз, па дури и за пократки дестинации.Најискрено не би знаел да го кажам бројот напатувања, особено во последниве две години.Пред неколку месеци имав денови кога патувавнекаде речиси секој ден и ми се случи еднамногу интересна, можеби и не толку позитивнаслучка. Имено, седејќи во ВИП салонот наМинхенскиот аеродром и пишувајќи е-пораки намојот компјутер во еден момент заборавив во којград се наоѓам и ми требаа неколку секунди дасе сетам дека се наоѓам во Минхен.Клуб 360: Во август на Охридско лето,македонската публика ќе може да го проследивашиот настап на Гала концертот во Античкиоттеатар заедно со Ана и Игор Дурловски. ПоМОВ релативно брзо повторно настапувате воМакедонија. Станува збор за коинциденција илиза обид за востановување темпо на настапитепред македонската, нашата, домашнатапублика?Б. Нацоски: Морам да признаам дека одамнаимав желба да настапам на Охридско лето.Досега никогаш не добив покана од нивнастрана за настап и оваа година конечно се случии тоа. Секако дека сакам да настапувам и предмакедонската публика, особено по одличниотприем на МОВ и мислам дека таа заслужувашто почесто да ме гледа, односно слуша воживо. Коинциденцијата за овие два мои блискинастапи пак е во тоа што сите македонскиинституции пројавија интерес за мене во истпериод. Втора околност е и мојата соработка сомакедонската менаџерска куќа „Алеа“ што мија олеснува комуникацијата со македонскитекултурни институции и се грижи за моите настапикај нас. Во Македонија досега имаше недостигод вакви агенции што се однесува до класичнатамузика, и ние уметниците бевме оставенисамите на себеси да ги договараме нештата соинституциите.Клуб 360: Што е за вас идеална публика? Постоили лоша и добра публика, или се работи самоза различни, културолошки диференциранирецепции на вашата уметност?Б. Нацоски: Мислам дека не постои идеалнапублика. Идеална публика би била веројатноонаа публика која ќе знае кога треба да сеаплаудира, односно на крајот на една арија,ансамбл и сл. и која би знаела да го оцениквалитетот на изведбата. Меѓутоа, јас не бибил толку строг во тоа, напротив, сметам декадоколку некоја добро испеана фраза којадопира длабоко до срцата на присутните вопубликата може и да предизвика реакција кајнив и бурно (позитивно) да реагираат, иаконе завршило музичкото парче. Во односот напрашањето дали постои добра и лоша публика,дефинитивно моето искуство вели дека се работиза различни културолошки диференциранирецепции на оперската уметност. Во Парма например, каде што настапив во април оваа годинаво Вердиевиот „Отело“ толкувајќи го ликотна Касио, се соочив со најстрогата публикана светот. Пармиџаните буквално живеат заопера, особено за оперите на Верди со огледна фактот што тој бил роден во близината наПарма. „Отело“ не беше изведувана во Пармадури 25 години и тие навистина со душа ја чекаа.Колегата кој ја толкуваше улогата на Отело воПарма беше брутално исвиркан на премиерата.Се сложувам со строгоста и со рафинираноставо вкусот за изведбата на Вердиевите опери,но начинот на кој го манифестираа своетонегодување одредени (не малубројни)присутни во публиката за мене беше одраз наневоспитаност.Клуб 360: Каква е македонската публика? Имали нешто што ја двои и разликува од сите други,„Седејќи во ВИП салонот наМинхенскиот аеродром и пишувајќие-пораки на мојот компјутер, во еденмомент заборавив во кој град се наоѓами ми требаа неколку секунди да се сетамдека се наоѓам во Минхен.“зашто непосредно по настапот во „Италијанкатаво Алжир“ изјавивте дека сте чувствувалеогромна трема, сосем поинаква од вообичаенатапред настапите каде било во светот?Б. Нацоски: Со мојот настап на сцената на МОБво „Италијанката во Алжир“ дефинитивно секачи моето мислење за македонската публика.Најискрено немав создадено некое посебномислење за неа, но познавајќи ги приликитево Македонија, што се однесува до квалитетотна изведбите во последниве неколку години,мислев дека критериумите се малку пониски.Бев најискрено изненаден од реакцијата надвете претстави на „Италијанката“, како и накоментарите на сите оние што ми доаѓаа задсцената да ми честитаат.Клуб 360: Постои ли прашање кое никогашдосега не ви било поставено, а отсекогаш сте гознаеле неговиот одговор? Можат ли новинаритеда изненадат, или изнедувањата за вас главно„престојуваат“ во музиката?Б. Нацоски: Иако секогаш мислам на прашањена кое би сакал да го дадам одговорот,најискрено во овој момент не можам да се сетам.Можеби, ете, доколку би ме прашале дали сумзадоволен од моите досегашни успеси и далиби ги повторил сите чекори што сум ги изодилдосега, би рекол без многу размислување: ДА.Јас сум многу (понекогаш дури и премногу)искрен по природа и немам тајни за кои не бизборувал, така што не ме плаши какво билоизненадување.Клуб 360 |

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!