19.09.2018 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija

Samo sonceto e postaro od Makedonija 28.08.2018

Samo sonceto e postaro od Makedonija 28.08.2018

SHOW MORE
SHOW LESS
• No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Makedonskata saga

M

акедонија е на добар пат да добие покана за членство во НАТО,

но нужно е понатамошно поинтензивно спроведување на реформите,

продолжување на борбата со корупцијата и остварување

на дијалогот меѓу власта и опозицијата, како значаен

фактор за функционирање на политичкиот систем, ни порача

Розмари Ди Карло, висок функционер на Стејт департмент, по посетата и разговорите со

највисоките личности на нашава држава. Меѓутоа, изгледа дека во борбата со корупцијата

проработуваат и партиските филтри, бидејќи медиумите пи шуваат дека

поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Ацо Спировски, со својата фирма “Трудбеник”

имал осум дивоизградени објекти во Охрид, афера тешка осум милиони евра, која сé уште нема завршница. Но,

тоа се однесува и на други такви дела, кои беа откриени по објавувањето на државната ревизија за повеќе

здравствени установи, а сепак не гледаме дека се поведени судски спорови.

Во меѓувреме, опозиционата СДСМ, која го прослави својот роденден, сонува за борба за слобода, а со своите

истурени играчи, како што е сопругата на ексминистерот Зоран Шапуриќ, учествува во јуриш во Министерството

за здравство, бидејќи стоматолозите барале фиксни плати и биле против плаќањето за стварно извршените

работи. Се чини дека во опозицијата многу се вознемирени од рејтингот на премиерот Никола Груевски, кој

достигнал рекорден скок и е највисок меѓу политичарите во регионот.

Меѓутоа, на средбата на лидерите на Регионалниот самит во Охрид беше истакнато дека енергетиката треба

да добие приоритет во натамошниот развој на земјите, низ кои треба да минуваат нови нафтоводи и гасоводи, но

и да се градат хидроцентрали и нуклеарки. Тоа особено се однесува и на Македонија, која не може да ги задоволи

потребите од електроенергија за индустријата. А токму тука се кријат и корупцијата и криминалот! Неодамна е

објавено дека истражните органи во земјава се интересираат за наводните сметки на ексдиректорот на ЕСМ,

Панде Лазаров, во австриски банки, на кои имало 500.000 долари, кои наводно биле уплатени од кинеските

изведувачи на хидроцентралата “Козјак”. Од друга страна, пак, и новата Влада не може да најде излез од лавиринтот

со нерешените сопственички односи меѓу ГАМА и Макпетрол, кои и натаму се судат, а во Македонија продолжува

да доцни процесот на гасификација. Затоа интензивно ја трошиме електричната енергија и за греење на

домаќинствата, наместо тоа да го правиме со поевтиниот природен гас.

Косово ги блокираше цистерните со нафта на Окта на границата со Македонија, но велат дека тоа не било од

политички причини, односно дека зад тој потег се криел обидот испораката на нафта да й се довери на хрватската

ИНА, откако Хрватска соопшти дека ќе ја признае независноста на Косово, туку поради тоа што тамошните власти

вовеле нови стандарди за квалитетот на горивата, кои во ЕУ ќе се применувале дури од 2009 година?! Нема што,

соседите предничат со иновациите и пред ЕУ, со воведување на таква рестрикција кон македонските производи

од нафта, заборавајќи притоа дека да не беше “кооперативноста” на нашиве домашни политичари, граѓаните на

оваа сé уште српска покраина ќе требаше да се снабдуваат со храна и со други производи со транспортни авиони,

исто како што тоа се правеше во времето на изградбата на Берлинскиот ѕид во периодот на Студената војна меѓу

Западот и Истокот!

Соседите и натаму по старо! Бугарските власти го забранија учеството на пиринските Македонци на чествувањето

на 92-годишнината од убиството на пиринскиот цар Јане Сандански на Роженскиот манастир затоа што

ОМО Илинден Пирин била нерегистрирана партија! Забораваат на одлуката на Европскиот суд за човекови

права во Стразбур, за која платија и казна, а го пуштија поранешниот агент на бугарската безбедност Красимир

Каракачанов да гради нов споменик за Јане, на местото каде што неговиот споменик беше токму разурнат од

врховистичката тајфа, но сега тоа се прави со нови пораки - демек Јане се борел за бугарска Македонија! Ништо

подобра не е ниту нашава дипломатија - заменик-министерот за надворешни работи два дена подоцна ќе

положел свежо цвеќе на гробот на Јане заедно со бугарскиот колега! Претходно тие заедно ќе положеле цвеќиња

и на гробовите на нашите преродбеници и револуционери Крсте Мисирков и Ѓорче Петров на софиските

гробишта, заборавајќи на сопственото остро спротивставување на предлогот на Владо Бучковски за време на

предизборната кампања минатата година, кога тој побара заедничка прослава на празникот 2 Август - Илинден

со соседна Бугарија. Дали со тоа почна таквата, за сегашнава власт неприфатлива, “заедничка прослава”, со

вистинската дипломатска еквилибристика на гробот на гордиот пирински војвода Јане Сандански, кој најверојатно

поради тоа се превртува во својот гроб, ќе покажат наредните реакции на македонската опозиција,

која едвај чека на такви бисери!

27.04.2007

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

139

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!