19.09.2018 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija

Samo sonceto e postaro od Makedonija 28.08.2018

Samo sonceto e postaro od Makedonija 28.08.2018

SHOW MORE
SHOW LESS
• No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Makedonskata saga

P

овеќе од три часа траеше средбата на лидерите на

коалицијата „За подобра Македонија“. На неа

претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ

отворено кажа дека не се расположени да има

избори, иако состојбата на терен во однос на

поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата е поволна за нив. Убеден

е дека повторно би победиле. Но неговото и размислувањето на

неговата партија е дека треба да се фокусираат на реализација на програмата, со што

потполно се сложувам затоа што сега во моментов каква е состојбата околу проблемот со

спорот со името воопшто не се потребни било какви предвремени избори. Зошто? Повеќе

од јасно е дека доколку се случат избори од кои народот е веќе заситен, тоа би значело

само фрлање пари и исполнување на нечии амбиции и ништо повеќе. Нема потреба за

предверемени избори, барем не до претседателските, на пролет. На три и полчасовниот

состанок, кој редовно се одржува два пати годишно, биле отворени и повеќе други

актуелни политички и економски прашања. Покрај за проблемот со јужниот сосед, според

изјавите на помалите коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ, се зборувало и за Комисијата

за 24 декември, за политичките односи по локалните избори, за економските состојби, за

подобро искористување на европските фондови...Во врска со спорот со нашиот јужен

сосед било потенцирано дека Македонија е подготвена да покаже добра волја за

интензивирање на преговорите што се водат под покровителство на Обединетите нации

за да се најде решение на спорот. Македонскиот премиер, во својата изјава, повторно се

повика на писмото кое неодамна го упати до својот јужнососедски колега, во кое бара

поинтензивни преговори на тимовите од двете држави, кои би биле предводени од

претседателите на владите. А одговор оттаму се уште нема.

17.07.2013

Мој совет до нашиот премиер би бил – доста ги молиме, ајде

да им покажеме кој сме и што сме со гордо крената глава. Она

што на луѓето во Македонија им е потребно е да се напредува

економски, тоа нив ги интересира, затоа премиере ајде

обидете се да станеме економски силни. Тоа му е потребно на

македонскиот народ за да биде среќен.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

393

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!