19.09.2018 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija

Samo sonceto e postaro od Makedonija 28.08.2018

Samo sonceto e postaro od Makedonija 28.08.2018

SHOW MORE
SHOW LESS
• No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Makedonskata saga

25.01.2008

V

о раните седумдесеттите години од минатиот век, Брус Ли,

најпознатиот кунг-фу мајстор, многу тешко ја пробиваше

холивудската бариера, но откако им се врати на своите

корени, во Хонг Конг тој вртоглаво се вивна меѓу ѕвездите,

така што сите други кои подоцна се појавија на филмското

платно беа негови сурогати или бледа копија на мајсторот од “Змаевото

гнездо”.

Што сакам да кажам со оваа паралела? Секој играч е најдобар кога е на

своето или игра само за својата земја. Но, кога игра за друг, тогаш тој станува платен фудбалер, кој

мора да го даде максимумот, затоа што веднаш ќе му ја покажат вратата.

Во политиката ваквото нешто се нарекува одроден елемент, кој не бере гајле за националните или

за државните интереси на Република Македонија.

Такви примери имаме многу, од распопениот предавник Јован Вранишковски, па сé до некои

денешни играчи, кои во овој временски простор се финансирани од некои контроверзни невладини

организации.

Имено, деновиве во јавноста повторно се актуелизираат неколку стари, но добро испробани

рецепти, односно се промовираат тезите дека македонскиот народ и неговите претставници мораат

да се простат од својата историја, доколку сакаат да уживаат во сегашната блиска иднина. Парадоксот

на Диоген е шега во споредба со ова!

А, каква иднина тие можат да ни понудат? Слична на онаа како што деновиве ни ја ковертира

грчкиот претставник Василакис, или како онаа што со стотици години ни ја нудат соседите!?

Оваа опасна игра на Институтот отворено општество претставува сериозен атак врз македонското

национално чувство и директно навлегува во националниот идентитет на македонскиот народ.

Македонецот не смее и не може да ја заборави својата античка историја. Македонецот не смее и

не може да го заборави петвековниот данок во крв. Македонецот не смее и не може да ја премолчи

вистината за Балканските војни кога родната грутка му ја расчеречија, и тоа изџвакано да му се

предаде на породот како некоја лоша манџа турлитава, која всушност има намера македонскиот

народ даго претвори во аморфна и безначајна маса. Соседите, во дослух со нивните големи

“пријатели”, секогаш се обидувале да ја украдат македонската историја бидејќи нивниот јазик и

култура се појавиле многу подоцна од историјата на античкиот македонски народ.

Затоа, конечно треба да им се застане на патот на ваквите невладини проекти, кои го загрозуваат

националниот и државниот интерес на македонскиот народ.

Исто така, доколку има вина, тогаш сите инволвирани лица треба кривично да се гонат, бидејќи не

само што го уриваат националниот идентитет туку работат и против суверенитетот и територијалниот

интегритет на Република Македонија. Тоа значи дека работат на дезинтеграција на Македонија. Само

поради овие две причини, луѓето кои се настрвиле врз грбот на нашата земја треба да се апсат или

да се избркаат од државава. За таквите лица нема пардон или културно извинување.

Македонскиот народ и Македонската православна црква успеале да преживеат со векови, така

што дури и Грците да стават вето на нашиот влез во НАТО, ние ќе продолжиме да живееме на овој

простор, така како што и досега сме се снаоѓале со Србите, со Бугарите, со Грците, па ако сакате и со

интересите на големите сили, кои постојано Македонија ја делеле и ја парчеле. Меѓутоа, таквата

намера веднаш им се враќала како бумеранг во облик на заслужена казна: Австро-Унгарија се

распадна, Кралството СХС се распадна, СФРЈ се распадна итн. така што тоа е неминовен процес на

сите вештачки нации или политички сојузи кои се создаваат за одреден временски период.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

176

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!