19.09.2018 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija

Samo sonceto e postaro od Makedonija 28.08.2018

Samo sonceto e postaro od Makedonija 28.08.2018

SHOW MORE
SHOW LESS
• No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Makedonskata saga

06.09.2013

Dеновиве на гости ни беше хрватскиот претседател кој

пријателски расположен како и досега така и во иднина,

вети дека во целост ќе ги поддржува евро-атлантските

интеграции на Македонија, потсетувајќи дека евроатлантските

интеграции беа определба и константа на

двете држави. А ние како добри домаќини возративме со вообичаената

љубезност, но повторно си ја кажавме маката –иако двете држави

заедно го одеа овој пат, сепак поради познатите причини, Македонија беше блокирана од

страна на јужниот сосед. Меѓутоа оптимизмот е тука па и двете држави се сложија дека

Македонија доби уште еден пријател во Европската унија. Само незнам колку ќе трае

пријателството, затоа што на Македонија кога ќе и биде густо повеќе верувам дека ќе ни го

свртат грбот отколку да ни излезат во пресрет, ама ајде да не прејудицирам. Македонија и

Хрватска немаат отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во

изминатиот период се во постојан подем, што значи дека во моментов добро е што се уште

имаме пријателски настроени блиски земји.

Сепак настрана ќе ја ставам пријателска Хрватска, и ќе тргнам од дома, од Македонија.

Факт е дека ние, Македонците во моментов сме на крстопат. Не знаеме , големи ли сме,

мали ли сме. И повторно ќе се вратам на лидерот на ДУИ и неговата посета на јужниот

сосед. По стапките на Александар Македонски, тој замина во Атина. Се надевам (посакувам)

дека неговото одење во Атина нема да биде толку историско и судбоносно. Ги прежаливме

некако менувањето на таблите, автомобилите и лепенките (ако воопшто некој ги жалел).

Ама сигурно не ќе можеме да прежалиме промена на името, едноставно тоа не смее да се

случи. Е сега во пресрет на доаѓањето на долгогодишниот медијатор, македонскиот

премиер тврди дека тие што треба се информирани за прашањето за името, одговарајќи

на барањето на еден лидер на партија кој побарал посредникот да им објасни и на

останатите партии до каде се разговорите. Исто така кружат констатации дека постои

расположение во Атина за решавање на спорот за името, но дека тоа е чувствително

прашање итн. Итн.

Меѓутоа иако јас како индивидуа, како Македонец будно ги

следам најразличните разговори, полемики, мислења, анализи

околу спорот со името, сепак како и секогаш е бидам дециден

во однос на тоа дека на Македонија не и се потребни никакви

преговори, разговори, средби на кој главна тема ќе биде името

Македонија. Мојата земја Македонија си има име и тоа вековно

име кое само неа и припаѓа.

Od osnova~ot \or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

404

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!