01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Цена 80 денари. Бесплатен примерок за членовите на Клуб 360

јули 2008 бр. 61

Време е за:

Патување

Гостин на Клуб 360:

Мартина, Блерта,

Анастазија

Телефони

Охридски бисер

Поинаквото

лице на Кан

Тонга

Каталог

на подароци

Клуб 360

Драги читатели на Клуб 360,

Летото е како создадено за патувањa. Патувајќи запознаваме нови места, поинакви култури, нови пријателства...

Откриваме нови хоризонти и секако – „ги полниме батериите“ за претстојните работни предизвици.

Магијата на патувањата е навистина посебна. Нè зафаќа од моментот кога почнуваме да планираме. Штом ќе

ја утврдиме дестинацијата, влегуваме во нова, возбудлива фаза – исчекувањето на нашиот ден „Д“ кој ќе го

означи почетокот на долго очекуваниот одмор. И како што се оддалечуваме од нашата почетна точка, така

возбудата расте. Сликите и настаните од патувањето се редат како на филм. Но, велат тоа што е убаво има

крај. По враќањето дома побогати сме за едно ново доживување на кое одвреме навреме ќе се навратиме,

ќе го прераскажеме... И веќе насетувате, овој летен број на Клуб 360 магазинот го посветивме на патувањата,

поблиску или подалеку, свои или туѓи, вистински или само одмечтаени.

Ова лето и во нашата земја ќе имаме настани вредни за паметење. Го издвојуваме ексклузивниот концерт

на Lenny Kravitz во Македонија и ве покануваме во Охрид на дружба со светската музичка легенда. Уште

повеќе, со учество во големата наградна игра „Запознај го Lenny Kravitz“ можете да освоите вредни награди

и средба со Lenny лично!

За оние што ќе патуваат надвор од границите на нашата земја потсетување дека Т-Mobile ви овозможува

да останете поврзани каде и да сте. Со услугата најевтин роаминг можете да разговарате од странство

навистина опуштено, по многу достапна цена. И не заборавајте да пратите барем една ММS порака од

вашето патување. Така на многу оригинален начин ќе ги поздравите најблиските и директно ќе ја пренесете

атмосферата од вашиот одмор.

Ве поканувам да „пропатувате“ низ содржините на 61. издание на Клуб 360, посакувајќи ви опуштено и

незаборавно лето каде и да сте!

4

Убаво „сега“,

поубаво „утре“

7

Гости на Клуб 360:

Мартина, Блерта,

T-Mobile

пријателство:

Lenny Kravitz

Лето за

паметење

Телефони:

Анастазија Sony Ericsson W890i

Искрено Ваша,

Даниела Анѓелиќ

Даниела Анѓелиќ

Менаџер за маркетинг

операции

Списание за членовите на Клуб 360; излегува секој втор месец; Тираж на бр. 61: 120 000 примероци;

Одговорен уредник: Даниела Анѓелиќ (Менаџер за маркетинг операции); Уредник: Оливера Ќорвезироска; Редакција: Рашела Гинова, Марија

Дејанова, Јордан Гиров, Нина Нинеска; Дизајн: Saatchi&Saatchi.

Издава: T-Mobile, одговорен сектор: Маркетинг; Директор за маркетинг: Тодор Димитровски.

Контакт: „Орце Николов“ бб Скопје; тел.: 02 3201 446; Е-адреса: magazin360@t-mobile.com.mk

8

Sony Ericsson W910i

Samsung SGH-U900

16

Наша тема:

Охридски бисер

Седефна

приказна,

зрно по зрно

24

Мода

Костимите за

капење, некогаш

и сега

43

Каталог на

подароци

Клуб 360 - Клуб

на привилегирани

членови

3

Гости на Клуб 360: Мартина, Блерта и Анастазија

Причините за гостувањето на

трите ученички од турскиот колеџ

„Јахја Кемал“ во Скопје во

нашиот магазин се повеќебројни.

Секоја одделно (и причина

и ученичка) заслужува свој

простор и интерес, а сите заедно

раскажуваат една автентична,

домашна приказна за убавото

„сега“ и можното, уште

поубаво „утре“.

Убаво „сега“, поубаво „утре“

Последниот ден од оваа учебна година го

поминавме во турскиот колеџ „Јахја Кемал“

со Мартина Јакимовска, Блерта Хаџијаха

и Анастазија Ристовска, во чест на еден

неодамнешен, а празнувајќи друг, необјавен

и тукушто остварен успех. На почетокот од

мај одекна големата вест дека токму овие три

ученички од 3 година добија златен медал

на Светската олимпијада на проекти по

енергетика, инженерство и животна средина

SWEEEP 2008 (www.isweep.org)

што се одржa во Хјустон, сојузна држава

Тексас, САД. Нивниот проект „Отпадот

од морските плодови – решение за

сите земјоделски проблеми“, стрпливо

подготвуван цели 8 месеци под менторство

на професорката Зубејде Демирал,

предизвика огромен интерес меѓу

угледното жири составено исклучиво

од универзитетски професори, и во

конкуренција од 1 200 проекти (400

финалисти, присутни на олимпијадата) од

51 земјa и 38 сојузни држави во САД, им

го донесе златниот медал. Во чест на овој

вистински подвиг на младите средношколки

долго се договаравме за средба, а дента

кога успеавме да го оствариме тоа, дознавме

дека тие тукушто беа вратени од Турција со

уште два медали: злато и сребро. Не сакајќи

да го засениме мајскиот успех, сепак го

прославивме и овој. На традиционалната

олимпијада што во 13 категории се

одржува во Анкара веќе по 6. пат и каде

што учествуваат екипи и претставници од

стотина земји, во категоријата Општа култура,

Анастазија освоила златен медал, а во

категоријата Турскиот како немајчин јазик

– Мартина освоила сребрен. Нашата трета

гостинка, Блерта, минатата година се вратила

од Анкара со два златни медали: еден од

проектната олимпијада ИНЕПО, и еден од

Меѓународната олимпијада по турски како

немајчин јазик.

Мартина Јакимовска:

Секогаш таму кај што треба

да се биде

Одговори и на

непоставени прашања

На прашањето како стигнаа на Олимпијадата

во Хјустон, добивме одговор дека

информациите за настаните од ваков тип се

заслуга на самото училиште. „На огласните

табли постојано се обновуваат информациите

за сите актуелни конкурси, натпревари,

ученички конгреси, олимпијади... На нас е

само да одбереме на што ќе учествуваме

според сопствените интереси и афинитети.

Понатаму, сè е прашање на квалитет. Колку е

Она што постојано ја движи напред се

амбицијата и вербата. Совршена за работа

во тим, толерантна и „секогаш е таму кај што

треба да се биде“. Нејзините соученички и

другарки велат дека е „родена за баланс“,

за рамнотежа, да ги помири крајностите и

со сите околу себе да продолжи кон целта.

Не знае точно што сака да биде во животот, но она за што дефинитивно ќе се реши

мора да го подразбира светот во множина.

добро сработеното и какви реакции, покани

за учество и награди ќе стигнат...“ Повеќе

ученици од „Јахја Кемал“ конкурирале со

свои проекти во различни категории на

светската олимпијада, а петмина од нив ги

поминале сите селекции, биле поканети

и присуствувале на свеченоста во Хјустон,

од каде што сите се вратиле како наградени.

Покрај Мартина, Блерта и Анастазија,

Жарко Даниловски и Оливера Еврова се

дел од „победничкиот тим“ на „Јахја Кемал“.

Даниловски се вратил со бронзен медал за

својот проект „Влијанието на различни концентрации

на олово врз хлоропластичните

пигменти и некои биогени елементи кај грашокот“,

а Еврова со специјална награда за

дизајн. Нашата тројка – специјални гости на

Клуб 360 магазинот, добила десетгодишна

американска виза и т.н. отворена можност

за студирање на неколку универзитети во

САД, Универзитетот во Хјустон (www.rici.

edu), во Остин и на државниот универзитет

во Луизијана. Вистинската придобивка за

вредните ученички е токму во отворените

можности што самите си ги создале за себе.

„Иако денес завршува учебната година во

текот на која имавме големи причини за гордост

и сатисфакција, сепак, за нас учењето

не престанува. Интензивно се подготвуваме

за приeмните испити на универзитетите во

САД кои нè очекуваат веќе наесен. Ваква

шанса се добива еднаш во животот и ние ќе

направиме буквално сè за да не ја пропуштиме“,

релаксирано, но со доза на сериозност

ни раскажуваат девојките, надворешно со-

сем налик на сите млади од нивната возраст,

но во суштината – многу поамбициозни,

пореализирани и со посигурен поглед во

иднината.

Во оваа приказна, практично го

препознавме и одговорот на прашањето

„Што прават кога не освојуваат медали“ кое

воопшто и не им го поставивме, зашто, еве,

дознавме веќе: Кога не освојуваат медали, се

Блерта Хаџијаха:

Ќе замине само за да се врати

„повредна“ дома

Смета дека нејзина доминантна особина е упорноста.

„Знае да постави приоритети и етапно и

стрпливо да ги реализира. Ништо никогаш не

и е тешко, сè сака и сè може“, велат нејзините

другарки. Ја привлекуваат општествените науки,

елоквента е и незаменлива при презентација на

сработеното. Сака да замине на студии надвор,

но само за да се врати „повредна“ дома. Ненаметливоста

е нејзин начин за освојување на светот.

Анастазија Ристовска:

Важна себеси, важна

на другите

Во четврто одделение сакала да биде

неврохирург. Денес сака да биде повеќе

нешта, можеби и неврохирург. Отворена е

за предизвици, за ново и непознато. Како

најмлада во „тимот што победува“, Анастазија

е нивно галениче, не во смисла на заштита

од обврски, повеќе во смисла на заштита од

навременост. Умее да доцни, но секогаш доаѓа. Себеси си е многу важна, но истиот

однос го има и кон другите, како и другите кон неа. „Супер другарка“, велат за неа.

подготвуваат за оние што допрва ќе ги остварат.

Во буквална или во симболична смисла.

Практично применлива наука

Наградениот проект на Мартина, Блерта и

Анастазија претставува нивна извонредна идеја

да се спојат науката и истражувачката работа

со поширокиот реален контекст на поднебјето

од каде што доаѓаат. Она што плени во

нивната работа е високото ниво на свесност

за примена на знаењето во секојдневието

овде и сега. Не можеби некогаш и негде

во иднината, туку сигурно, кај нас, уште од

утре. Основата на нивниот проект е преку

мошне изобилниот отпад од обвивките од

морските плодови да се стаса до евтино

вештачко ѓубриво за во земјоделието,

што, воедно е и одличен пестицид против

габичните заболувања како „ризик“

од штетните хемикалии кои денес се

користат. „Темата не беше наша досетка

или изум, до неа дојдовме низ исцрпни

истражувања со спрега со нашиот личен

мотив и трајната определба да се дојде до

практично применлив резултат. Поддршка

и стручна помош добивме од менторката,

професорката Демирал.“

За крај, да ја парафразираме и прошириме

вообичаената, по малку банална фраза

„На младите светот останува“ со нова

смисла и значење: „На вакви млади да ти е

мерак да им го оставиш светот“.

O.Ќ.

Уште една причина повеќе зошто треба да сте во Охрид ова лето!

Како и многупати досега, T-Mobile заедно со Sony Ericsson ви нудат

совршено освежување во топлите летни денови. На 3 aвгуст, ќе имате

неверојатна можност да бидете дел од неповторливото музичко

доживување. Ова, сосема нескромно, е најава за концертот на

деценијата.

It Is Time for a Love Revolution

Lenny Kravitz е еднa од најпознатите американски рок ѕвезди на

денешницата кој што неуморно ја продолжува својата неверојатно

6

T-Mobile пријателство: Lenny Kravitz

Лето за паметење

T-Mobile со гордост ви го претставува неговото

височество, една од најголемите rock’n’roll икони,

токму тој, Lenny Kravitz!

богата кариера полнејќи сали ширум светот. Иако звучи апсолутно

неверојатно, но американскиот музичар на 3 aвгуст ќе свири пред

македонската публика, која никогаш досега не била погладна за

„бесни рифови“ и „откачени дисторзии“.

Lenny Kravitz е американски автор, продуцент и аранжер кој својата

кариера ја започна во 1989-та година, и оттогаш наваму сними осум

студиски албуми, од кои дури пет имаа платинест тираж. Оваа година,

ќе ја одбележи неговиот последен албум „It Is Time for a Love Revolution“,

од којшто веќе објави и два синглови - Bring It On и I’ll Be Waiting.

Музиката на Lenny Kravitz е тешко да се смести само во еден одреден

музички жанр, бидејќи во неа се мешаат влијанијата на hard-rock, soul,

Премногу добро за да биде вистинито!

Искористи ја можноста од соништата и запознај го

Lenny Kravitz во живо!

Како и секогаш досега, T-Mobile и Sony Ericsson работат за

своите корисници. Овој пат ви нудат неповторливо музичко

доживување!

Секој T-Mobile припејд или постепјд корисник, ќе има

можност да биде дел од овој голем музички хепенинг. И не

само тоа, секој може да освои навистина вредни награди!

Од 10 јуни до 20 јули со праќање SMS со содржина “music”

на бројот 1444 секој учествува во големата наградна игра на

T-Mobile и Sony Ericsson.

Секој ден, се доделуваат припејд пакети со Sony Ericsson W350i и билети за концертот на Lenny Kravitz,

на 3 aвгуст. Секоја пратена порака учествува и во извлекувањето на една од главните награди: 10

специјални Sony Ericsson W890i телефони, можност за средба и дружење во живо со Lenny Kravitz, и

легендарната Gibson Flying V гитара, потпишана лично од големата rock ѕвезда!

Биди еден од најсреќните добитници и оствари си го својот најголем сон!

Добитниците од наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата www.t-mobile.com.mk

funk, regge, psychodely, а во секој негов албум се истакнува различен

мелодиски призвук.

Ѕвездата е родена

Lenny Kravitz својот извонреден музички талент го открил на петгодишна

возраст кога почнал да свири на тапани, а потоа и на гитара. Денес,

списокот на инструменти на коишто воодушевува е проширен на клавир,

бас гитара, перкусии, ситар, како и хармоника... Досега има издадено

четириесетина синглови, од кои повеќето зазеле високи места на топлистите,

а меѓу најпознатите се: It Ain’t Over ‘Till It’s Over, Are You Gonna Go

My Way, I Belong To You, Fly Away, Where Are We Runnin’, American Woman...

Се јавува како продуцент на многу колеги како што се Madonna,

Vanessa Paradis, Aerosmith, Mick Jagger. Неговите хитови исто така

се нашле и на филмовите како што се: Austin Powers: The Spy Who

Shagged Me и Bad Boys II.

Неговата кариера ја одбележуваат бројни награди, меѓу кои, значајно

е да се спомене дека четири години по ред од 1998 до 2002, е

прогласен за Best Male Rock Vocal Performance со престижната Grammy

награда. Меѓу другите, тука се вбројуваат и MTV и Brit наградите,

па дури и одликувањето за Most Fashionable Male Artist на 1998 кое го

доделуваат магазинот Vouge и канал VH1.

Телефони: Sony Ericsson W890, Sony Ericsson W910

Совршено музичко

доживување

Во осумдесеттите години од минатиот век, Sony промовираше

уред кој (замислете!) репродуцираше касети,

свиреше радио, а беше доволно мал за да се носи на појас.

Револуција. Го нарекоа Walkman. Четвртина век подоцна,

Sony Eriсsson го користат истиот бренд за палета на

мобилни yреди со серија W – за Walkman. Нашето внимание

во овој број го посветивме на Sony Ericsson W890i и

Sony Ericsson W910i. Иако се големи колку касетата што

неговите претходници ја репродуцираа, слободно

може да се каже дека се наследници на истиот

револуционерен дух. Кај овие уреди ќе најдете сè

што ви треба за совршеното музичко доживување.

Добра содржина, уште

подобра форма

Прво што се забележува кај W890i е тенкиот

изглед (широк е помалку oд 10 mm) и

одличниот дизајн. Металното куќиште убаво

лежи во раката, на екранот со 262 к бои може

да се избере некоја од постојните исто така

одлично дизајнирани теми, а навигацијата и

корисничкиот интерфејс се едноставни како и

кај сите Sony Ericsson телефони.

За разлика од W890i, W910 е slide телефон

и е сосема малку поширок (12 mm). Тој на

предната страна под екранот ги има само

најпотребните копчиња (копчињата за

8

прифаќање, исклучување, основните контроли

за музика и водење низ менијата). Тастатурата

со броеви е сместена во лизгачкиот дел.

W890i и W910i имаат и огромен телефонски

именик (7 000 контакти) доволен да

„Самовртечка“ можност

Auto rotate е самовртечка опција која ја

„чувствува“ позицијата во која е свртен

телефонот во моментот и според тоа

ја адаптира сликата на екранот. Така,

доколку го држите исправен, екранот

ќе ги прикаже содржините во портрет, а

ги смести сите (пре)скапи фризери,

(не)успешни механичари, пропаднати љубови,

подзаборавени ресторани, (далечни и блиски)

роднини и старо-нови пријатели. И сето тоа

доколку го завртите за 90º и содржините

ќе се завртат за истиот агол и повторно

ќе ги гледате како што треба! Значи,

веќе нема да ве боли вратот за да го

разгледате целиот албум со слики од

вашиот незаборавен годишен одмор.

се синхронизира со вашиот компјутер. Ако

малиот именик ви е чест (само)изговор за

неконтактирањето со некои од нив – со овој

телефонот дефинитивно не можете да се

оправдате ни пред другите, ни пред себеси!

W890i има камера од 3 MP наспроти W910i

кој има камера 2 MP, а двата имаат можност

за снимање QVGA видео. Камерите и кај

двата уреда се доволни за секојдневно

користење, a имаат и секундарна камера за

видео конференциски разговори (телефоните

поддржуваат и 3G).

Иако W890i и W910i не се smartphone

телефони, имаат добар сет од опции кои ги

приближуваат до тоа. Покрај стандардните

SMS, MMS, E-mail и Instant messaging,

телефоните имаат и преинсталиран Google

Maps Mobile како поддршка за надворешни

GPS уреди.

Алармот и календарот, иако стандардни

опции кај сите мобилни телефони,

доведени се до ниво на smartphone уред

– целосно приспособливи кон потребите на

корисникот.

Музика за сите пари

Надмоќноста на W890i и W910i е

најзабележлива во нивните музички

способности. И двата телефона имаат

инсталирана Walkman 3.0 апликација за

репродукција на сите стандардни аудио

формати: M4A, MP3, AAC, AAC+, E-AAC+,

WAV & WMA кои ќе може да ги ставите на

мемориските картички кои доаѓаат сериски

со телефонот. 2GB Memory Stick доаѓа

сериски со W890i, 1GB Memory Stick со W910i

а и телефоните поддржуваат максимално 8GB.

Квалитетот на звукот е исклучителен, а

еквилајзерот дополнително ќе го нагоди

вашето аудио доживување до совршенство.

„Протреси“ музика

Shake control е чувствителност на

телефонот на движења и гестови при

„протресување/клумкање“ на уредот

со раката. Така, на пример, ќе можете

да се движите низ менијата со отсечно

движење на телефонот налево и

надесно.

Опцијата Shake control веројатно е

најпрактична кога се слуша музика

- движењата на уредот ќе ја активираат

наредната или претходната песна во

Тој има претходно нагодени preset-и, но

и можност за рачно нагодување според

желбите на корисникот.

Друга моќна алатка е и

SenseMe технологијата која

според ритамот и акустиката

ја карактеризира музиката

што ја слушате во график кој

визуелно ќе ги претстави вашите

музички преференции. Подоцна

може да одберете област од графикот што

ќе ја слушате, а телефонот автоматски ќе го

препознае вашето денешно раположение и ќе

ви понуди музика според тоа.

TrackID технологијата овозможува дополнителна

каталогизација на музиката која ја

имате во вашата мемориска картичка (но, и на

вашиот копјутер). Постои можност преку GPRS

да се прати мал дел од песна чиишто име и

изведувач не ги знаете и во рок од неколку

секунди да ги добиете саканите податоци.

Секако, музичкото доживување не би било

комплетно доколку не постоеше и FM радиото

со RDS и можност за 20 меморирани станици.

Двата телефона доаѓаат сериски со слушалки,

но немаат стандарден 3,5 mm приклучок за

слушалките кои евентуално веќе ги имате

дома. Затоа пак, одлична опција е тоа што

телефонот поддржува A2DP Bluetooth врска за

стерео слушалки.

листата, ќе ја запрат, повторно ќе ја

пуштат и слично. Shake control е особено

забавен кога се игра некоја од игрите

на мобилниот, каде што ги контролирате

движењата со реално движење на

телефонот. Ова неодоливо потсетува на

играње игра со далечинскиот управувач

за Nintendo Wii конзолата! Сепак,

внимавајте каде ќе се заиграте – може

луѓето чудно ќе ве гледаат додека чекате

ред в банка и мавтате со мобилниот!

Супер забавните

додатоци на W910i

Sony Ericsson W910i, иако сличен по

перформансите на W890i, има неколку супер

забавни додатоци, а тука се пред сè опциите

Auto rotate и Shake control со кои може да се

сторат толку многу забавни и необични нешта!

Вртејќи го телефонот, ја вртите и сликата

на неговиот екран или, мавтајќи со него, ја

менувате песната, можеби ја коригирате

јачината на звукот...

Но, како и да е, овие одлични Walkman

телефони на Sony Ericsson кои можат

многу повеќе од нивниот претходник во

осумдесеттите, сепак не можат една работа

- да репродуцираат касети :)!

Јордан Гиров

Најдлабокиот базен

на светот

10

Занимливости

Доаѓа лето, пекол, сонце. Асфалтот под нозете се топи

од жештината, создавајќи отпечатоци од вашите стапала,

како да сте во Холивуд, на Булаварот на славните. Заради

редица причини, дестинациите за ова лето за обичниот

човек се значително намалени. Но, мечтајте барем... Еве,

да речеме, за најдлабокиот базен на светот во Брисел

– Немо 33!

Без Немо 33, малкумина би се определиле својот летен одмор да го поминат во Брисел,

град кој е само 100 километри оддалечен од брегот на Северното Море. Но, таму, во

забавниот парк, се наоѓа најдлабокиот базен на светот. Во него постои цела градба со

платформи на различни нивоа и длабочини. Базенот има две големи простории на пет и

десет метри и кружен отвор кој се спушта на длабочина од 33 метри. Но, вакво нешто мора

да има своја приказна, своја историја. Да се нурнеме и да ја откриеме.

Длабоката приказна на Немо

Пред десет години архитектот Џон Бернаертс, страстен вљубеник во нуркањето, решил да

создаде совршен центар за нуркање во срцето на Брисел. Зад него стоеле седум години

планирање и конструкција, 55 000 плочки кои една до друга прават низа од 23 километри,

1,3 km челик и дури 4 девојки... Немо 33 ги отворил своите врати како рекреативен центар

за нуркање каде што нуркачите едноставно доаѓаат, изнајмуваат опрема и нуркаат во

својата авантура. Сè што му е потребно на нуркачот е валидна дозвола за нуркање, метод

како ќе го мери времето и длабочината и 50 центи за неговото шкафче. Секако, и костим за

пливање... Веројатно веќе сфативте, името на базенот не е случајно! Немо 33 е за 3 метри

подлабок од вториот по длабочина базен во светот.

„Чист како солза“

Немо 33 има прецизен распоред на нуркање. Термините за нуркање се на по еден час и се

почитуваат прецизно. Обично 10 минути се користат за навикнување на средината и следно

е самото нуркање. Фразата „чист како солза“ се користи во многу ситуации, но Немо 33

целосно ја оправдува.

Самото чистење на базенот е една од посложените работи, бидејќи тој често се користи и

за снимање филмски сцени. Нуркачите понекогаш имаат „чест“ да го сретнат дизајнерот

Бернаертс кој на дното трпеливо ги чисти и најмалите честички песок и нечистотија.

До 25 метри длабочина базенот е опремен со интерни светла кои го осветлуваат патот до

долу, но самото дно е темно. Причината за тоа е што Немо 33 сака да ја потенцира својата

длабочина кога ќе се дојде до дното со што нуркачите со еден поглед нагоре одново ја

преживуваат својата авантура. На враќањето нагоре, по само 3 минути, нуркачите преку

прозорците имаат поглед на друг свет: ресторани и барови околу Немо 33!

Ова лето откријте и нешто друго, освен удобното лежење на најблиските плажи. Иако

Белгија не е дефиниција за тропски рај за нуркање, за оние кои сакаат куриозитети и тајни,

меурчињата на Брисел се можеби следното најдобро нешто што ќе го откријат.

З.Ц.

Комерцијална презентација: Samsung SGH-U900 - Soul

Совршен баланс меѓу

дизајнот и функциите

Samsung овој модел (инаку SGH-U900) популарно го нарече

Soul во чест на заокружувањето на ексклузивната „Ултра“

серија мобилни телефони кои нудат совршен баланс меѓу

дизајнот и функциите. Soul (кратенка за „The Spirit Of Ultra"

- Духот на ultra), ќе им се допадне на оние корисници кои го

ценат стилот, а не се подготвени да го жртвуваат дизајнот

за сметка на технологијата,.. на оние кои го бараат само

најдоброто како инспирација и стимулација во своите животи.

Soul серијата ќе биде проследена со голема

глобална маркетинг кампања и ќе биде достапна

во сите европски држави, почнувајќи

од април наредната година. „Веруваме дека

Soul е решение за денешните корисници кои

ги почитуваат изгледот и стилот на телефоните

и се восхитуваат на извонредно квалитетниот

дизајн и перформансите” изјави Geesung

Choi, Претседател на Секторот за телекомуникации

на Samsung. Soul серијата има за цел

да го продолжи и надмине успехот на претходните

Ултра серии на мобилни телефони, како

што се D900 и U600, и дополнително да ја

засили лидерската позиција на Samsung во

највисоката класа мобилни телефони.

Soul има сè што може да се посака од мобилен

телефон: тенок, лесен и стилски производ

со мноштво функции. Оваа елегантна

комбинација од врвен стилизиран дизајн

и функционалност, е заеднички триумф на

вредностите кои обично се крајно спротивни:

„преносливост“ и „повеќефункционалност“.

Се адаптира на Вас

Soul ја зголемува можноста за максимално искористување,

благодарение на функциите што

се приспособуваат на корисникот, зависно од

апликацијата. Со функцијата Magic Touch од

DaCP, навигациските индикатори на тастатурата

на телефонот се менуваат според потребите

на корисникот, со што движењето низ

менијата е едноставно, интуитивно и директно.

Иконите за навигација на панелот се менуваат

според командите.

Soul Release-02

На пример, во режимот за музика, иконите

поврзани со музиката ќе светат на индикато-

рите за навигација. Во режимот за камера,

се појавуваат иконите поврзани со камерата,

како што се иконите за приближување и приспособување

на светлината.

Soul исто така нуди и нова серија графички

кориснички интерфејс (GUI), во три различни

опции. Со тематските прикази, корисниците

можат да го менуваат графичкиот интерфејс

според нивните лични вкусови. Дополнително,

корисниците можат да креираат сопствени

тематски прикази со UCS функцијата. За

тематските прикази на екранот се достапни

различни опции, како што се слики за заднина,

фонтови и бои.

Минималистичка уметност

Продолжувајќи во стилот на популарните

„Ултра“ серии на Samsung со екстремен минималистички

и тенок дизајн, Soul има целосно

метално куќиште со извонреден дизајн

и изглед, со природни бои и рамномерна

текстура. „Основната максима на концептот

за дизајн на Soul е да се даде ‘пример за самодисциплина’

со минимализирање на сите

фактори во едноставен и убав апарат,” изјави

Minhyouk Lee, дизајнер на мобилни апарати.

Скриена длабочина

Телефонов има дебелина од само 12, 9 mm,

а е опремен со професионални функции за

фотографирање, вклучувајќи и камера од 5

мегапиксели. Soul е решение за потребите на

денешните корисници на кои им треба совршена

дигитална камера и мултимедијален

мобилен уред, комбинирани во еден единствен

апарат. Карактеристиките како детектор

на лик, стабилизатор на слика и „широк ди-

намичен досег“ (WDR), релативно нови дури

и кај поновите модели на фотоапарати, исто

така се вградени во Soul.

Корисниците можат да уживаат во супер

брзиот пристап за интернет преку 7.2 Mbps

High Speed Downlink Packet Access (HSDPA)

пребарувач и да ги разменуваат сликите и

видео записите направени со мобилниот

телефон. Со 7.2 Mpbs HSDPA, корисниците

можат да преземаат и песни од интернет со

поголема брзина споредена со онаа кај 3G

мрежите. Soul е совршен и за слушателите

на музика, благодарение на новите функции

како што се навигаторот низ Музичка

библиотека и дигиталниот засилувач со

ICEpower® технологијата на Bang & Olufsen

ICEpower.

11

12

Наши луѓе: Мирче Атанасовски

Поинаквото лице на Кан

Гламурозната атмосфера во Кан - градот на филмот,

забавата, музиката, плажите, сонцето и славните... на

8 мај беше збогатена со сосем поинаква, по малку дури и

невообичаена „канска содржина“ - Global Messaging 2008.

На познатиов светски конгрес, како претставник

на T-Mobile Македонија учествуваше

Мирче Атанасовски, специјалист за развој на

бизнис во Секторот за менаџирање и развој

на продукти, со сериозна и исклучителна

обврска: да ја презентира новата услуга на

компанијата - webSMS (PC2Mobile messaging).

Инаку, годинава на конгресот беа презентирани

последните истражување, иновации,

достигнувања и комерцијални решенија од

IP-based messaging, mobile IM, SMS и MMS.

Посебен акцент беше ставен на enterprise

messaging, SMS/MMS рекламирање и банкарски

услуги и сервиси. Нашиот колега

Мирче Атанасовски, како специјален гостин,

присуствуваше на уште два настана што се

одржуваа во рамките на конгресот: Петтите

годишни награди за мобилни пораки (5th

Annual Industry Mobile Messaging Awards) и

MEM (Mobile Entertainment Market).

Организација

Организатор на сите случувања беше Informa

plc- светски лидер за специјалистички информации

и сервиси за академски и научни,

Global Messaging 2008

професионални и комерцијални бизнис заедници.

Informa е распространета во повеќе

од 40 земји, со 150 претставништва и 7 500

вработени. Воедно, Informa е најголем светски

организатор на конференции и курсеви со

Global Messaging е познат светски конгрес од областа на mobile messaging на кој веќе

осум години во континуитет се претставуваат најновите достигнувања, анализи, заклучоци,

истражувања и планови, во насока на имплементирање и промовирање нови сервиси кои

на корисниците ќе им го направат животот поубав, поедноставен и поисполнет.

Global Messaging е најголемо и најпознато собирање на т.н. messaging industry кое од

година в година е сè помасовнo и поатрактивнo. Настан каде што не се разговара само

за peer to peer messaging, туку и за non peer to peer messaging, кој зазема сè поголеми

размери, со голем дијапазон на варијации и примени како банкарски услуги, тикетинг,

мобилни разгледници.

На настанот се среќаваат луѓе од водечките светски компании во областа на messaging,

при што презентери се најголемите светски експерти кои можат навистина да помогнат

при одлуката за примена на одделна стратегија.

повеќе од 10 000 настани годишно, четириесетина

илјади објави на различни наслови со

академски достигнувања, најнови информации

и структурирани бази на податоци за комерцијално

истражување.

На Global Messaging 2008 присуствуваа

130-тина претставници од различни фирми

(оператори, софтверски куќи...), настапија 30

излагачи, 96 делегати и повеќемина вендори.

Познати имиња со завидни биографии и достигнувања

во областа на messaging се најдоа

меѓу излагачите во рамките на програмата.

MMS - успешна приказна

Во своето излагање, претставникот на T-Mobile

Mакедонија - Мирче Атанасовски, со желба

да биде што поразбирлив и поинтерактивен

со заинтересираната публика, се надоврза на

претходното излагање на Алан Челмерс од

„О2“, Велика Британија, чијашто тема имаше

главен осврт на SMS и MMS проблемите.

Челмерс, задржувајќи се на едуцирањето на

корисниците за користење MMS пораки, застапи

мислење дека поради сложената процедура

за нагодување на телефоните за MMS, како и

креирањето и праќањето вакви пораки, MMS

е неуспешна приказна. Toa беше вистинскиот

момент и одлична можност за надоврзување и

презентација на MMS приказната на T-Mobile.

Атанасовски, надоврзувајќи се на истата тема и

осврнувајќи се на истите проблеми и во нашата

компанија, докажа и објасни дека со имплементирањето

на webSMS, проблемите целосно

се надминаа, со што MMS за T-Mobile Mакедонија

стана успешна приказна. Корисниците на

T-Mobile со webSMS своите слики што ги имаат

во компјутер или која било слика од интернет,

со само еден десен клик на „глушецот“ можат

да ја пратат како MMS порака, не обрнувајќи

внимание на големината, форматот и слично.

„Ние, содржината која може да биде слика,

видео, музика или текст ја конвертираме, компресираме

и приспособуваме така за да може

едноставно да се прати во една MMS порака“.

Од учество до успех

Презентацијата на Мирче Атанасовски привлече

големо внимание од аудиториумот, кој со

заинтересираност слушаше за остварувањата

на T-Mobile МК со што нашата компанија до-

webSMS - услуга за која се зборува

webSMS услугата не е само апликација која нуди можност за праќање SMS и MMS

пораки, туку многу повеќе од тоа. Taa може бесплатно да се преземе и да се инсталира

без дополнителна претплата и преку неа да се праќаат SMS или MMS пораки преку

вашиот компјутер (по пониски цени), да се добива електронска пошта и известување за

состаноци на мобилниот телефон.

За webSMS не е потребен никаков дополнителен софвер, и-мејл сервер, напреден

мобилен телефон или напредно знаење за компјутери. Сè што треба да знаете и да имате

е нагоден (сетиран) телефон. Со webSMS можете да праќате слики, видео или текст

директно од вашиот компјутер или интернет на мобилен телефон. webSMS апликацијата

можете да ја користите директно од вашиот десктоп. Кратко речено, таа е решение за

вашето секојдневие во согласност со нашиот меѓународен слоган - Smart Simplicity.

стојно ја претставивме на еден олку значаен

светски настан. „Со задоволство и ентузијазам

одговарав на бројните прашања поврзани со

услугата и во неформалниот дел од настанот,

за време на паузите и меѓусебните дружења со

учесниците. Особено сум среќен што нашата

компанија воопшто не заостанува во ниедно

поле на мобилната комуникација. Не само што

не заoстануваме, ние сме и сериозен лидер на

пазарот, а овој конгрес само го потврди тоа.

Сервисите и услугите што веќе се имплементирани

во T-Mobile, допрва се промовираат кај голем

број светски оператори“, раскажува Атанасовски.

На прашањето каква е постапката, кој

е принципот за учество на еден ваков конгрес,

добивме ваков одговор: „Поканата има индивидуален

карактер. Јас сум постдипломец на студиите

по менаџмент, каде што се опфатени и

други сфери како претприемништво, иновации

и регионален развој, Business Start-up Centre.

Катедрата е многу активна, има континуирана

сорабока со институции и сродни факултети од

целиот свет“.

Ова беше прво учество на Мирче Атанасовски

на конгрес со ваков размер, но, се надеваме,

нема да биде последен. Впрочем, истото се

однесува и на T-Mobile МК. Во Кан, тој веќе

доби две нови покани: за учество на Mobile

Marketing Forum во Њујорк на тема Mobile

Advertising, како и покана за Converged

Мessaging Сummit во организацја на IIR кој е

светски лидер во областа на обуки и пренесување

на знаењето.

Придобивки и „привилегии“

Придобивките од учеството на конгресот во

Кан се двократни. Од една страна, станува

збор за индивидуалните придобивки на еден

млад стручњак кому му претстои успешна

деловна кариера, од друга страна, пак, самата

компанија ги презентираше своите достигнувања,

докажувајќи дека T-Mobile Македонија

може да стои рамо до рамо со останатите светски

оператори.

За крај, неформално, го прашавме Мирче Атанасовски

како млад човек, дали најде барем

малку време лично да го доживее „филмскиот“

вкус на Кан, да ја поужива и таа „привилегија“.

„Оооооооо, да“ одушевено ни одговори

Мирче. „Секако, секако... Првата вечер нè

пречека Fashion TV Party, каде можеа да се

видат сите оние манекенки и сиот гламур што

вообичаено го гледаме на малите екрани.

Од сместувањето во луксузниот хотел до

разминувањето со Анџелина Џоли, Бред Пит

и многу други ѕвезди, сè имаше филмски

вкус. Иако филмскиот фестивал официјално

почнуваше некој ден подоцна, сепак подготовките

за него беа во ек. За наша среќа... Но,

оставивме нешто и за дома, да имаме што да

гледаме на телевизија.“

13

Нова технологија

Кралицата на секојдневието

Интересно е колку технологијата

и гаџетите се дел

од секојдневието на секој

човек. Таа е дел и од оние

најобичните, тривијални

работи кои ги извршуваме

постојано и кои целосно би

се смениле доколку таа не би

постоела. Со неа не летаме

(само) во вселената, ниту

бараме само вонземјани, со

неа наједноставно ги правиме

обичните, секојдневни

нешта. На овие страници

ја славиме неа, кралицата

на секојдневието – Нова

Технологија.

Tengu – дозволете си една

USB насмевка

Работењето пред вашиот компјутер понекогаш

знае да биде навистина осаменичко

искуство. Но, не повеќе, бидејќи веројатно

секој може да си го дозволи новиот USB

пријател наречен Tengu.

Tengu е всушност еден едноставен уред

кој се напојува преку USB конекција кој на

својот екран креира насмевки во ритамот на

музиката или звуците околу него. Tengu за

вас има различни фацијални експресии или

насмевки за различните звуци или музики.

Кога звуците ќе престанат, тој едноставно

„заспива“, а кога тие повторно ќе се појават

- тој е буден заедно со нив. Гарантирано

секогаш и вам ќе ви измами насмевка.

14

„Револуција“ во кликањето ­

Logitech MX Revolution

Како што добро знаеме, компанијата Logitech ги произведува

најпознатите компјутерски периферни уреди, од звучници до

далечински управувачи. Овој пат таа го претстави MX Revolution,

ласерско глувче кое би требало на своите корисници да им го

предефинира чувството за користење на оваа „алатка“.

Сите оние кои ќе се решат за новото глувче на Logitech ќе доживеат

повторна револуција во работењето со компјутер. Користејќи го Logitech MX Revolution едноставно

ќе имаат чувство како повторно да го откриле глувчето или барем она „scroll“ тркалце, заменето со

нов вид free-wheel тркалце кое овозможува брзо прегледување на документите.

Sountina ­ Безобразно убави, стаклени звучници на Sony

Онаму каде што има побарувачка, според логиката на

нештата, присутна е и понудата. Во една од најпознатите

компании за потрошувачка електроника на светот – Sony,

сметаат дека пазарот е подготвен и „бара“ стаклени

звучници по цена од речиси десет илјади долари. Колку

и да се чудиме, ние - редакцијата и вие, верните читатели

на Клуб 360, сигурни сме дека, сепак, Sony Sountina

звучникот ќе си ги пронајде своите купувачи кои ќе ги

декорираат своите соби со уште еден предмет кој ги

акцентира нивниот статус и вкус.

Модерниов звучник своето име го има добиено со

спојување на зборот sound – звук и fountain – фонтана, што

преку изгледот може да се види дека, всушност, и е така.

Овој во целост транспарентен звучник летово ќе се појави

првин на најнапредниот пазар на светот – јапонскиот, по

цена од милион и педесет илјади јапонски јени, што е околу десетина илјади долари.

Освен по изгледот, звучникот е необичен и по висината – 184,5 сантиметри. Тежината на

звучникот исто така е необична, изнесува 12,5 килограми. За оние кои ги интересираат

техникалиите, фреквенцискиот дијапазон на звучникот изнесува 50Hz – 20 kHz, содржи

аналоген RCA влез, дигитален коаксијален, оптички ТОЅ и двоканален линеарен РСМ.

Техничките карактеристики не се во категоријата „врвно“, но сосема е јасно дека за

успехот на овој звучник на пазарот, Sony се потпира врз дизајнот и необичниот изглед што

го комплетираат тробојните LED диоди кои на целиот звучник му даваат дополнителна

визуелна примамливост.

Nokia Morph концепт ­ мобилен на иднината

Nokia како глобален лидер во

мобилната телефонија воедно

е лидер и во истражувањата

на идни мобилни технологии

и дизајни. Одвреме навреме

сме сведоци на презентирање

нови модели мобилни телефони

кои воопшто не се вклопуваат

во сегашната перцепција за

мобилни уреди, туку повеќе се

чинат како излезени од некој

научнофантастичен филм.

Овојпат Nokia во соработка

со универзитетот Кембриџ

претстави нов концепт на идните мобилни телефони. Соодветно

на приликата, Музејот на модерната уметност во Њујорк беше

домаќин на настанот под име „Дизајн и еластичен ум“ / Design

Произведете си гориво дома

Цените на горивата вртоглаво скокаат секој ден. Глобалното затоплување се

заканува да ја смени планетата онаква каква што ја знаеме. Сè што не е нормална

појава се препишува на Ел Нињо. Заради сите тие причини и веќе здивените

цени на горивата, една компанија од Калифорнија е сигурна дека луѓето со

воодушевување ќе ја прифатат можност за производство на гориво од шеќерот, и

тоа за помалку од 1$ за галон (помалку од 10 ден. за литар).

Имено, компанијата E-Fuel го претстави својот EFuel 100 MicroFueler, уред малку

поголем од машина за перење, кој со притискање на едно копче, од смеса на

шеќер, квасец и вода произведува 100% етанол.

„Апаратот го отворате, како машина за перење, ставате шеќер, го затворате и го

притиската копчето“, кажува основачот на компанијата Tom Quinn. „По неколку

дена, имате етанол.“ Но, дали навистина работата е толку едноставна? Tom Quinn

тврди дека MicroFueler тежи околу 90 kg, а како и обичната машина за перење,

се спојува со вода, со извор на струја од 110 до 220 волти и одвод. Во процесот е

потребно да се користат нерафиниран шеќер и квасец. Доколку имате остатоци

од некој пијалак, и тоа може да послужи. Кога сето тоа ќе се стави во одделот

за ферментирање, апаратот е потребно да се вклучи и за седум дена ќе ве

дочекаат 132 литри етанол. MicroFueler има сопствена пумпа и црево, како оној на

бензинските станици, така што и полнењето на автомобилот е едноставно.

Во зависност на цените на струјата и водата, според зборовите на Tom Quinn,

цената на ваквото гориво ќе се движи до десетина денари по литар. Во

посредувањето на MicroFueler со персоналните компјутери, Quinn оди уште

подалеку. „Како што персоналните компјутери ги донесоа компјутерите во сите

домови, така и E-Fuel ќе ги донесе бензинските пумпи во вашите гаражи.“

and Elastic

Mind, на кој беа

претставени многу новитети и концептуални

остварувања, меѓу кои и футуристичкиот мобилен

телефон.

Според тврдењето на Nokia, концептуалната Morph

технологија ќе им овозможи на мобилните уреди далеку

поголема функционалност и примена на мобилните

технологии. Флексибилните и транспарентни материјали

полесно се приспособуваат на нашиот начин на живот. Уредите

во иднина ќе станат самоодржливи по прашање на чистотата и

батериите.

Транспарентната електроника овозможува наполно нова естетска

димензија, а самите интегрирани сензори би можеле да помогнат

подобро да го сфатиме светот околу нас. Но, сликата секогаш

кажува повеќе од зборовите. Во меѓувреме се надеваме дека овој

концепт набргу ќе стане и комерцијален модел.

Carl Zeiss Cinemizer

На најпознатиот телефон

на светот iPhone и

најпознатиот музички

плеер iPode можат да се

гледаат филмови, но за

волја на вистината сликата

и не е нешто голема со

резолуција за квалитетно гледање на омилените актери.

Но, кралицата Нова Технологија и тука доаѓа на помош.

Компанијата Carl Zeiss која на светот му е позната по

правењето најквалитетни оптички уреди како леќите

за фотоапаратите, овојпат се реши за револуција во

гледањето филмови и ги создаде очилата „Cinemizer“.

Спојувањето со iPod или iPhone се прави со специјален

адаптер во кој се наоѓа Zeiss батерија. Оние кои ги носеле

очилата раскажуваат дека доживувањето е

слично (ако не и подобро!)

со гледањето

на големо

платно во

удобно

кино. „Cinemizer“

можат

да се спојат и на

останати уреди како што

се играчките конзоли и DVD плеери.

За оние кои во сè бараат мода, очилата ќе бидат

достапни во пет бои, по „скромна“ цена од 400

долари. Па, да гледаме филмови!

15

Познатата продавница на Талеви, повеќе од

осумдесет години, ги пречекува љубопитните

погледи и најдлабоките желби со отворена

врата и... раскошна понуда. Оставете ги

шеталиштето, езерото и сонцето да се

огледуваат во излозите на Талевци, влезете

и препознајте ги реткоста на поднебјето,

традицијата, шепотот на езерото, културното

богатство и приказната на древниот град

стркалани во првокласен охридски бисер.

Помеѓу тајната и фалбата

Охридскиот бисер не е само сувенир од

најубавиот македонски град, туку вистински

бренд со децении создаван во процепот

помеѓу тајната и фалбата. Надалеку чуената

фамилија Талеви е една од двете во градот

(заедно со Филеви) што го изработува

вистинскиот охридски бисер. Иако во градот

на секое ќоше можете да купите божемен

бисер, формулата за таинствената емулзија

која седефот од школките од далечните води

(Индискиот Океан, Црвеното и Јапонското

Море...) го прави „охридски бисер“ ја знаат

(секоја за себе) само двете фамилии. Можете

да дознаете сè за седефот, за правилните

и неправилните форми, за вообичаните и

ретките големини, за техниките на нижење

(со јазол меѓу бисерите – јапонска техника или

16

Наша тема: Охридски бисер

без), за четчињата најчесто од коњска опашка,

но и од верверица, со кои седум – осум пати

се премачкува секое зрно одделно боцнато

на двете страни од обична, дрвена чепкалка,

рамномерно и мошне прецизно во интервали

од 45 минути до еден час откако секој слој

ќе се исуши, за познатите имиња кои носат

прекрасни ѓердани од Талеви меѓу кои и

англиската кралица Елизабета,.. можете да

дознаете сè, освен формулата за емулзијата од

рибино сребро.

Нежен допир до вистината

Општите информации од типот дека рибиното

сребро се добива од стомачниот дел на

крлушките од плашици само го залажуваат

љубопитството, зашто кажуваaт толку колку

што нема да и попречи на тајната. Нежно да се

допре вистината, а таа да не ни почувствува, да

се патува кон неа, но не и да се втаса... Вкусот

на недореченост, на пристојна оддалеченост

од тајната, го прави охридскиот бисер по

малку мистичен и провокативен. Климент

Талев кој е втора генерација „бисерџија“ во

Охрид, вели дека рибино сребро не се добива

само од плашици, туку и од други риби кои

живеат во блиски или подалечни езера...

Ем ги спомнува по име, ем не успевате да ги

запишете, зашто тоа е толку брзо и патем...

Од Охрид можете да

понесете илјадници спомени,

но доколку сакате тие да

бидат видливи и за другите,

да ги носите на себе како

седефна, незаборавна

приказна нанижана на

свилен конец, зрно по

зрно, побарајте „помош“ од

Климент Талев...

Седефна приказна, зрно по зрно

Можеби слушнавме Дојранско Езеро, можеби

Скадарско, а можеби и некои сосем други...

Се смее, приближувајќи ве чекор поблиску,

се чувствувате привилегирани, а сепак не

дознавате ништо. „Тајната ја дознав од мојот

татко, и тоа дури непосредно пред смртта. Не

ми даде да ја запишам, морало да се помни,

да се чува формулата само во умот. Од неа

не смее да има никаква трага. Кога ќе дојде

време, јас ќе му ја кажам на мојот син, зашто

во нашето семејство таа си оди од колено на

колено по природен пат: татко на син. Мојот

дедо се викал Климент, татко му Ване, јас

сум Климент, син ми е Ване, неговиот син е

Климент... Тајната може да се пренесе од едно

до друго име, од едно до друго време, но сето

останато си останува исто засекогаш.“

Тогаш и секогаш

1924 година во Охрид се нашол извесен

Јован Субанович кој се претставувал како

Русин, а бил, можеби и Србин кој се борел

со белогардејците во Русија. Според едни

извори бил таинствен и мистериозен човек кој

постојано седел покрај езеро, според други,

си бил „по чашката“. Не можејќи да ја додржи

тајната што ја носел од далеку (можеби од

Бајкалското Езеро), или, пак, не можејќи да

додржи без чашката, тој на Талеви (на таткото

и на стрикото на Климент Талев кој беше наш

љубезен домаќин) им ја кажал, всушност им

ја продал „за 25 наполеони“ тајната формула

за специјалната емулзија со која бисерот се

премачкува и станува „охридски“. Сè почнало

оттука и оттогаш и останало сосем исто до

ден денес. „Емулзијата ја правиме исклучиво

според таа формула“, раскажува Климент.

„Таа е таа што ни овозможува гордо да кажеме

– природните бисери имаат рок на траење од

150 години, а охридските се вечни. Емулзијата

е стандардна и таа не го одредува конечниот

колорит на зрното, туку само неговиот сјај.

Работиме исклучиво рачно, сосем исто како

и мојот татко. Единствената разлика е можеби

промената на четката со која ја нанесуваме

емулзијата на секое зрно одделно. Татко

ми работеше со четка од коњска опашка, а

јас од неодамна, според препорака на една

велешанка, почнав да употребувам четка и

од верверица. Тоа е единствената разлика,

освен, се разбира, начините на нижење кои

се подложни на модните трендови, времиња

и вкусови.“ Порано бисерите се нижеле на

специјална свилена врвца, денес сè почесто

на цврст, специјален, пластичен конец. „Има

толку различни бисерни зрна, колку што

има и вкусови“, ни вели господинот Талев со

исклучително внимание и љубов, допирајќи

ги своите ремек-дела за да ни ги покаже.

Со очите како постојано да мереше да

не случајно пресилно ги фатиме, да не

пресилно ги погледнеме...

За себе или за некој

„најважен на светот“

Прочитајте ја приказната за Талеви и

запомнете ја пред да исчезне од странициве

на Клуб 360. Кога станува збор за охридскиот

бисер, не занемарувајте за дозата на

таинственост, речиси на мистерија... Нивната

приказна никогаш нема сосем да излезе од

ковчежето на љубоморно чувана тајна... Не

барајте ја вистината, зашто таа не може да се

носи како првокласен украс на вашите уши,

врат или раце... Задоволете се со чудесниот

сјај на зрното охридски бисер токму според

вашиот вкус. Споменот на најубавиот

македонски град некако станува комплетен

со тукушто одбраниот охридски бисер за

себе или за некој „најважен на светот“. И

на заминување, Талеви ќе ве испратат, вас,

вашите љубопитните погледи и најдлабоките

желби со отворена врата... За да се вратите

повторно...

О.Ќ.

Театар: „Сите лица на Петре М. Андреевски“

Да се говори за великанот на македонската

поетска и творечка реч кој во својот животен

век, остави една од најбогатите ризници за

постоењето на македонскиот идентитет -

магот Петре М. Андреевски е предизвик, чест

и задоволство. За момент чувствувате дека

сите негови, добропознати ликови се живи,

дека ви зборуваат вам, дека ви се вовираат

под кожата со сета нивна големина, терајќи

ве да заплачете од тага, радост, неостварени

желби, мечти, љубов, радост...

Сите потекнуваме

од исто место

Режисерот и професор по актерска игра на

ФДУ - Владо Цветановски, кој зад себе има

18

Лакримариј

од солзи

(радосници)

Ова е претстава на која нe можете да останете

рамнодушни, не можете да не се искапите

во сопствените солзи кога на сцената ќе се

„сретнете“ со сите лица на Петре М. Андреевски.

богато театарско-режисерско портфолио со

околу 50 претстави, еден игран филм, документарни

проекти и звучни награди, очигледно

не можел да му одолее на книжевниот

волшебник кој и по смртта продолжува да

раскажува. Веројатно токму затоа, се решил

на сцената на Драмски театар преку брилјантниот

мултимедијален проект „Сите лица на

Петре М. Андреевски” да нè потсети кој беше

ненадминливиот поет, раскажувач, есеист и

драмски писател. Во една прилика, Цветановски

изјави: „Неговите песни, романи, раскази

се бисери на нашата духовна длабочина.

Се подзаборавивме себеси, но фала му на

Бога, тука се нашите писатели да нè потсетат

- моментот дека сме од исто место е вечен,

затоа што сите ние потекнуваме од местото на

Лакримариј е шишенце во кое европските дворјанки

собирале солзи за разубавување. Нашите мајки пак,

собирале солзи за да имаат што да однесат на гробишта.

Петре М. Андреевски: Република Македонија

(Слоештица)!“

Сплотена, тешко

делива екипа

Она што Цветановски заедно со својата екипа

актери и соработници и го пренесе на публиката,

се чини исконско. Драматургот Јелена

Цветановска, сценографот Владо Ѓоревски,

костимографот Благоја Мицевски,.. сето тоа

облагородено со музиката на Оливер Јосифовски

и уметничкото перо на Андреевски помладиот

– познатиот сликар Сергеј Андреевски,

несомнено се екипа за која допрва ќе следуваат

бројни награди, признанија и гостувања.

Убаво и незаборавно е да се видат „Сите лица

„Ќе спијам во движење,

сенката своја ќе ја

прескокнам. Ќе направам

да не се знае кај е лево кај

е десно, ќе ти наберам

ѕвезди, ќе ти влепам

шлаканица само да

ме сакаш.“

„Дениција”

на Петре М. Андреевски“ и тоа во умешната и

достоинствена изведба на младата актерска

дружина во состав: Трајанка Илиева, Борче

Начев, Димитрија Доксевски, Калина Наумовска,

Бошко Бозаџиевски, Маја Вељковиќ – Пановска,

Гордана Ендровска, Филип Трајковиќ,

Димитар Ѓорѓиевски и Жаклина Петровска.

Актерот Ѓорѓи Јолевски кој во својот актерски

век зад сад себе ги има наградите за актерско

остварување на „Стериино позорје“, „Војдан

Чернодрински”, „Златна маска“, „Ристо Шишков”…

беспрекорно го води целото дејствие

и со неодолива леснотија и умеење нè води

од сцена во сцена. Неговото маестрално поклонување

пред публиката, чиниш ти го краде

здивот со мајсторски подготвените дијалози,

монолози, кажувања…

Затоа го сакаме Петрета...

Не е нималку лесно и едноставно да се

проговори само за еден од младите актери

(некои од нив дипломирани во класата на

Цветановски), затоа што станува збор за

тешко делива екипа. Нивните актерски

способности доведени до перфекција на

сцената функционираат како Едно, успевајќи

да ви ги отворат сите сетила и да ве натераат

да го наполните душевниот лакримариј со

солзи радосници. Сепак, чувствуваме потреба

директно да ви ја пренесеме изјавата на

Димитар Ѓорѓиевски: „„Ја сакам Македонија,

посебно кога ја гледам цела нагнетена во едно

заборавено парче планина во Бродското село

Сланско. Ја сакам реката Сланштица и сите

лузни што ми ги оставиле нејзините камења. Ја

„Ова е само една вистина, зaшто

вистини има стопати по толку,

којзнае колкупати по толку. Вистини

има колку што има и луѓе, и живи и

мртви.“

„Небеска Тимјановна“

„Срцето најмногу открива, тоа не знае

за стратегија, тоа е предавник. Секаде

те открива. Дури и на непријателот што

го демнеш молкум. Легнувам убаво

и си починувам, чекам да подзапре

чукањето на срцето.“

„Пиреј“

„Сонував дека патувам со некој воз што

минува низ долги, но осветлени тунели. На

станицата стоеја љубопитни луѓе од непознато

потекло. Беа собрани во купчиња и заинтересирано

гледаа во мене. Според гледањето

се чинеше дека ме познаваат од некаде.“

„Сите лица на смртта“

сакам селската црква кај што лежи погребана

баба ми, и можеби затоа го сакам Петрета“.

Претставата ја имаше својата премиера на 9

мај, и, за жал, во моментов заради летните

одмори е невозможно да се види на редовниот

репертоар на Драмски театар. Но, она што

бездруго треба да го направите при самиот

почеток на новата театарска сезона е да ја

погледнете оваа претстава и да ја понесете

со себе пораката која великиот Петре М.

Андреевски ви ја праќа од зад сцената, или

можеби од зад кулисите и ложите каде што

љубува со својата Дениција, Велика, Небеска…

Рашела Гинова

Фотографии: Наум Доксевски

20

SMS интервју: „Љубојна“

Помеѓу отменоста на Европа

и манирите на Истокот

SMS дружбата овој пат ја споделивме со музичките артисти од групата „Љубојна”, која на

сценското поклонување на „Сите лица на Петре М. Андреевски”, му даде посебно обележје. ЦД-то

со оригиналната музика од претставата ќе биде презентирано на концерт во живо во Драмскиот

театар во септември. Додека го договаравме ова SMS интервју со дел од членовите на групата:

Вера Милошевска-Jосифовска и Оливер Јосифовски, тие веќе ја направија и промоцијата на

новиот албум „Македонија“, снимен од настапи во живо на летната сцена на МНТ-Центар.

Клуб 360: Зошто „Љубојна“?

„Љубојна“: „Љубојна“ е комбинација од

два збора: љубов и бој. Таа кованица ја носи

сета сила на она што се случува меѓу нас, во

музиката и на сцената.

Клуб 360: За што пее „Љубојна“?

„Љубојна“: Нашата музика е пулсирање на

еден современ човек. Тоа е нашиот глас,

наша идеја за севкупност - неразделива од

македонскиот бит.

Клуб 360: Што е она што направи да истраете

6 години?

„Љубојна“: Страста со која музиката нè

води само напред и желбата таа преку нас

да си го заземе својот пат... Посебен белег

на „нашето патување“ му дава пејачката

експресија на нашата Вера.

Клуб 360: За Вера се вели дека е вистинска

наследничка на Вања Лазарова, Мирвет

Белевска…

„Љубојна“: Многумина во Вера препознаа

божествен глас. Низ нејзината пејачка

моќ струи „Љубојна“, прераснувајќи во

препознатлив бренд.

Клуб 360: Која е тајната на вашиот успех?

„Љубојна“: Успехот е една непостојана

точка. Музиката се движи, грижливо се гради

и постојано отвора нови прашања, нови

циклуси. Но, се темели на богатото искуство

и на вештината преземена од мајсторите на

македонската музика.

Клуб 360: Звучите многу приемчиво, но

специфично...

„Љубојна“: Музиката ја носи отменоста на

Европа и манирите на истокот, носи многу

енергии, многу вкусови и многу сраснати

стилови што ја прават единствена, разбиена

од чувства што нишаат и носат во радосна

тага.

Клуб 360: Збор-два за искуството со

театарскaта музика и за соработката со

Владо Цветановски.

„Љубојна“: Театарот е многу чувствителен

медиум со посебни финеси. Музиката уште

повеќе го облагородува, го збогатува. Ова не

ни е прва соработка со Владо Цветановски.

Меѓу нас има еден заеднички јазик што ни ја

спојува креативноста.

Клуб 360: Концерт, нов албум... Можеби

следното е музика за филм?

„Љубојна“: Да, ни претстои издавањето на

аудио ЦД со музиката од претставата и негова

презентација во живо во Драмскиот театар во

септември. Рековте филм? Дај боже.

Понекогаш е многу поедноставно

и поживописно да кажете нешто

преку слика. Со MMS услугата тоа

можете да го сторите во кое било

време и каде и да се наоѓате.

Праќајте и примајте MMS пораки

во странство – и кога сте оддалечени,

бидете блиски со сите што

ви значат.

Пратете MMS порака

по најкус пат:

- Во менито за пораки одберете ја

опцијата за „Нова MMS порака”;

- Додајте фотка што сте ја сликале

со камерата на вашиот мобилен

телефон или фотографија што

веќе се наоѓа на вашиот мобилен;

- Внесете интересен текст, видео

снимка или летен енергичен звук

и потоа бројот на кој сакате да

пратите MMS пораката;

- Притиснете „Прати“ – и амбиентот

од вашиот одмор е на пат да ги

изненади вашите најблиски.

Омилените фотографии можете

да ги сочувате во ваш дигитален

MMS албум! Посетете го

MMS блогинг порталот на www.

mmsalbum.t-mobile.com.mk и

зачувајте ги сликите по секој

настан вреден за паметење. Организирајте

го вашиот простор

како приватен или пак, споделете

го со останатите, додавајте

или бришете фотографии и

T-Mobile прозорец

ММS кажува повеќе од илјада зборови

Со MMS доловете ги најинтересните и највозбудливите доживувања од вашиот летен одмор!

Досега не сте користеле MMS?

За нагодување и активирање на ММS услугата јавете се на

бесплатниот број 14 00 26, следете ги гласновните инструкции

и прифатете ги добиените нагодувања. За да го комплетирате

нагодувањето, пратете една MMS порака на вашиот број, а

можете и на друг мобилен број што ја поддржува MMS услугата

или пак, на e-адреса.

Доколку за вашиот телефон нема автоматски нагодувања,

јавете се во Контакт центарот на 122 и побарајте помош од

операторот.

MMS пораки можете да праќате и на електронски адреси директно

од вашиот мобилен, доколку сакате вашите топ фотки веднаш

да ги зачувате на компјутер или пак, да ги воодушевите вашите

пријатели со разгледница во MMS димензија.

Доколку лицето на коешто сакате да му пратите летно изненадување

не поседува мобилен што ја поддржува MMS услугата – не

грижете се; примателот ќе добие интернет адреса на која ќе може

да ја види пратената MMS порака.

имајте вистинско безбедно

место за сите слики. И тоа не е

сè – порталот е место за дружби

и социјални контакти, затоа

искористете ја приликата и за

допишување.

21

22

Книги

(Не)задолжителна летна

лектира

За да успее во својата „мисија“ и да го „оправда“ заземеното

место во куферот, книгата треба да биде внимателно одбрана

и сосем, сосем по ваша мерка...

Книгите не треба да се подведуваат под

модни трендови, зашто тие не се „модерна

боја за оваа сезона“, шик модел за на

плажа, ниту нешто што мора да се понесе на

патување. Тие не треба само да се покажат

или да пополнат „време“ од една до друга

испланирана активност, туку, ако веќе

сте решиле да бидат дел од вашиот летен

багаж, дајте им можност да ви ги надополнат

задоволството, впечатокот, чувството, да го

облагородат вашиот престој на определеното

место до тој степен што секогаш кога ќе се

сетите на омилената плажа, планина или

шума, вистинскиот спомен да го оживеете

потпомогнати од конкретниот наслов, од

книгата со која сте го споделиле сето тоа.

А, за да успее во својата „мисија“ и да го

„оправда“ заземеното место во куферот,

книгата треба да биде внимателно одбрана и

сосем, сосем по ваша мерка...

Низ книжарниците (или низ

полиците на пријателите)

Одамна се напуштени праволиниските

сфаќања дека она што е читливо е уметнички

невредно, а „тешкото, нечитливото“ е

препознатлив белег на вистинската вредност.

Идејата за „читливост“ на одредено дело,

разгледувана уште од почетокот на 20 век и

дефинирана како податливост на „текстот кон

читателот“, многумина ја нарекуваат и „моќ за

вртење на страниците“, читателска желба да

се продолжи, дури и ако е време за спиење...

Како и да е, читливоста останува низ времето

како мерка на популарноста. Оценувањето,

пак, на книгите е многу посложен процес од

робувањето на стереотипите и предрасудите,

затоа следете ја критиката, но следете се и

себеси. Ако сакате љубовни романи – понесете

токму таков, ако сакате – криминалистички или

научнофантастични приказни – прошетајте

низ книжарниците (или низ полиците на

пријателите) и одберете наслов од тој жанр.

Следете го својот сопствен вкус, зашто

читањето за време на патување или на годишен

одмор не треба да ве промени, туку да ви

го збогати доживувањето. Заборавете на

препораките од типот на тиражот, годината на

издавање (блиска или далечна до годината

на потенцијалното читање), на популарноста

на насловот по медиумите, дури и на

книжевните награди... Секогаш имате време

да го проверите сопствениот вкус во однос на

официјалните книжевни признанија, не мора

тоа да го правите и на плажа. Попродуктивно

ќе биде да послушате лична препорака

од анонимен читател кому му верувате, со

кого имате сроден (и потврден) книжевен

сензибилитет, на пример.

Клуб 360 предлози

Наш генерален став во однос на читањето на

плажа е дека треба да се понесат помалку

амбициозни наслови, првенствено во однос

на бројот на страниците, но и во однос на

„компактноста“ на содржината. Оставете

нешто и да ве чека дома, а понесете го она

што може да се чита парцијално, она што

нуди моментно задоволство: поезија, раскази,

романи со лабава, фрагментарна структура,

прозни дела кои функционираат и како

засебни раскажувачки медалјони.

Специјално ви го препорачуваме романот

„Се викам црвено“ од Орхан Памук, кој

е токму таков каков што „пропишавме“ во

претходната реченица. Мегапопуларен,

мегачитлив, мегавреден,.. совршено

организиран како целина, но и раздробен

на бравурозни, инстант-воодушевувачки

глави, неколкуминутни книжевни парчиња!

Се чита по ред или прескакулица, може

да се ужива во него толку минути колку

што имате (или сакате да одвоите)...

Задоволството е загантирано, а доколку

не успеете континуирано и целосно да го

„поминете“, останувате оштетени (само) за

димензијата на целото. Можеби нема да ја

видите целата слика составена, но толку

ќе бидете одушевени од деталите сами по

себе, што нема ни да претпоставите дека

ве чека уште нешто. „Се викам црвено“ е

издание на „Табернакул“, одличниот превод

на македонски е на Илхами Емин. Иако

во основата е криминалистички роман,

жанровскава одредница и не му може

којзнае што. „Се викам црвено“ раскажува

настани од 16 век во Истанбул кои во

себе ги содржат сите наредни векови и

најдалечни простори. Откривајќи ја душата

на Турција, пред ваши очи ја открива и

вашата душа.

Најновата збирка раскази на Оливера

Николова, една од нашите најпознати

писателки, се вика „Лева комора“ и

е создадена за читање во еден или во

повеќе здива. Неоптоварувачкиот, а сепак

„кристален“ раскажувачки стил на дваесет

и едниот расказ се повеќе од гаранција

дека ќе имате 21 миг на задоволство.

Читајте расказ по расказ, читајте избирајќи

според должината на приказната или

според насловот, избирајте според што

и да е и бидете сигурни дека не можете

да згрешите. „Лева комора“ е издание

на „Темплум“ во едицијата „Магма“, што

и во физичка смисла подразбира малку

простор за многу задоволство. Спакувајте ја

веднаш оваа „химна на женскоста“ (Никола

Гелевски).

Читајте го Петре М. Андреевски секогаш и сегде

Ако не сакате да ризикувате, ако не сте

расположени да се соочите со нешто

ново и непознато, а сепак сте вљубеник

во книжевноста, читајте го и ова лето

Петре М. Андреевски. Сеедно дали

досега повеќепати сте уживале во

неговото творештво, па сега, поттикнати

од најновата претстава „Сите лица на

Петре М. Андреевски“ во Драмскиот

театар сакате повторно да се навратите,

или со некои негови наслови ќе се

соочите по прв пат, Петре М. Андреевски е повеќе од гаранција дека летниот (и не

само тој!) одмор ќе ви биде незаборавен. Читајте ги „Дениција“, „Пиреј“, „Скакулци“,

„Небеска Тимјановна“, „Последните селани“, „Сите лица на смртта“... доловувајќи си го

гласот на еден од најдобрите македонски раскажувачи на сите времиња или, ако сакате,

доловувајќи си го гласот на Ѓорѓи Јолевски од актуелната претстава – омаж на великанот.

Поширок спектар

Овде ќе им се обратиме на читателите на

Клуб 360 кои имаат прецизно дефинирани

ставови во однос на книгите: на оние кои

сакаат да читаат книги од млади автори,

свежи и недоволно познати книжевни

писма, или пак, на оние кои сакаат такви

и такви наслови или тие и тие автори и од

тоа не отстапуваат никогаш и по ниедна

цена. За првите, еве го романот-првенец

на Славчо Ковиловски „Опасен сум“: кус,

свеж, впечатлив, „исечен од скопското

секојдневие“ и залепен во универзалното,

модерно време. Непретенциозно раскажан,

спонтано и над сè искрено спрема себеси

како автор и искрено спрема другите како

ликови или читатели. Можеби овој роман

нема да го помните за цел живот, но сигурно

нема ни да го заборавите во песокот, зачитаннедочитан.

Збирката раскази „Катедрала“ е вистински

избор и за оние кои го обожаваат Рејмонд

Карвер, но и за оние кои никогаш досега не

се „сретнале“ со него. Можеби најдобриот

американски раскажувач во минатиот

век кој во своите раскази вообичаено

ни доловува парчиња живот на обичниот

човек од предградијата, и во „Катедрала“ ги

„лови“ здодевните мигови кои вообичаено

се прескокнуваат во приказните. Според

неговиот веќе препознатлив принцип

„помалку е повеќе“, Карвер виртуозно

ве вовлекува во светот на аутсајдерите,

подготвувајќи ви крај што сигурно нема

да го претпоставите. Можеби токму затоа,

расказите на овој автор кои не оптоваруваат

(но изненадуваат и сигурно задоволуваат)

се идеални за летна, зошто не и за „плажна“

лектира.

Понесете ги со себе и краткиот, фуриозен

роман „Плескање на слугинката“ од Роберт

Кувер (ако сте книжевно похрабри и сакате

раскажувачка есктраваганција), или, можеби

некој од романите на „Матица македонска“

од традиционалната кампања „Со книга на

плажа“ што годинава се организира по 8.

пат. Потенцијални хитови на летово според

овој издавач беа: „Ќерката на чуварот на

спомените“ од Ким Едвардс, „Кралска

крв“ од Харолд Робинс, „Мојата омилена

сопруга“ од Тони Парсонс, „Белата Масаи“

од Корин Хофман и „Дрво на ангелите“

од Пени Самнер, при што првиот роман

(„Ќерката на чуварот на спомените“) беше

избран од членовите на Клубот Матица за хит

на летото 2008. Проверете зошто!

23

24

Роаминг

Патување без ограничување

Бидете достапни и надвор од мрежата на T-Mobile во Македонија. Користeте роаминг во

повеќе од 90 земји во светот. Патувајте безгрижно, опуштете се и комуницирајте без никакви

ограничувања!

Летото е како создадено за многу убави нешта,

меѓу кои, секако, е и патувањето. Но, пред

да тргнете на пат, проверете дали роаминг

услугата ви е активна. Јавете се на 122, и

добијте ја информацијата преку говорниот

автомат или поврзете се со оператор.

Доколку роаминг услугата не

ви е активирана...

... тогаш одберете еден од следниве

едноставни начини:

- Пратете SMS порака на бројот 142 510 со

текст: ROAMING START;

- Јавете се на 122 и следете ги упатствата на

бесплатниот говорен автомат;

- Посетете ја нашата најблиска продавница и...

знајте, каде и да патувате, T-Mobile ќе биде со

вас! Телефонирајте, допишувајте се со SMS и

MMS пораки, споделете ги доживувањата со

вашите најмили.

T-Mobile ви овоможува најевтин роаминг

достапен на шест континенти.

Доколку роаминг услугата,

пак, ви е активирана...

... тогаш одберете дестинација по мерка од

своите соништа и уживајте! Препознајте

ја својата мечта во нашите предлози или

инспирирани од нив, решете се за создадете

незаборавна дестинација за летово.

Егзотичната Малезија е природна, боговска

убавина во која сонцето би сјаело годината

да има и тринаесет месеции! Посетете ја и

акумулирајте светлина и сјај за цел живот!

Либија, до ден денес, претставува мултикултурно

средиште, важен, трговски (и не само

таков!) мост помеѓу Африка и Азија. Почувствувајте

ги двата континента одеднаш, стапнете на

почвата на древните тајни и убавини.

Бразил е земја на карневали, a бразилскиот

начин на живот воодушевува повеќе од кое

било сценарио. Посетувајќи ја оваа земја,

спонтано, не учествувате, туку режирате

голем животен филм.

Според уметниците од сите земји на светот,

ниту една земја не е помагична од Италија.

Античките музеи и археолошките глетки ја

разлеваат генијалноста на италијанските

синови: Рафаело, Микеланџело, Тициано,

Канова... И да сте биле, појдете повторно,

таму сигурно не сте виделе сè!

Разгледувајте ги пирамидите

на древните Маи, искачете се на

планината Монтереи, забавувајте се до

ситните часови во Канкука, Акапулко или

Баја. Дозволете си да бидете во Мексико,

почувствувајте ја страста на Мексико која

носи за секого по нешто.

Доколку јавањето камила или шетањето по

песочните дини ви претставува предизвик,

вие сте за во Мароко! Сакате да јавате на

камила или да се прошетате на песочните

дини? Или барате романтика и сакате да ја

доживеете Казабланка? Кој да знае, можеби

токму тоа ќе биде почеток на едно ново,

прекрасно пријателство.

Далеку е, но не е невозможно да се биде и

таму, во Јапонија, земјата на изгрејсонцето.

Доживејте го Токио, совршениот спој на

традицијата и модерната култура: споделете

ја потрошувачката треска, или, ако повеќе

сакате, споделете го мирот на будизмот. Не

пропуштајте го ни центарот на јапонската

култура – Кјото, таму студираат неколкумина

нашинци во чијшто македонски јазик посебно

ќе уживате во тоа опкружение.

Доколку преферирате...

... да телефонирате од странство на стандарден

начин, тогаш внесете го телефонскиот

број што сакате да го повикате во облик:

+3897XXXXXXX, или пак, одберете го бројот

од телефонското мени. Цените за стандардниот

роаминг зависат од земјата каде што претстојувате.

Пред да тргнете на пат посетете

Вистински најевтин роаминг

Т-Моbile ви овозможува и ова лето додека сте на одмор во странство да зборувате

речиси како да сте дома. Активирајте ја услугата најевтин роаминг на 070 142 099 и

со еднократна уплата од 99 денари зборувајте опуштено по цена од само 18 денари

по минута од вашата омилена дестинација во светот кон мрежата на T-Mobile и кон

фиксната мрежа во Македонија. Не заборавајте! Со Т-Mobile имате вистински најевтин

роаминг!

За да остварите повик со најевтин роаминг, следете ги следниве упатства:

Активирајте ја услугата Најевтин роаминг еднократно на 070 142 099 по цена од 99

денари.

▪ За повик кон мрежата на T-Mobile во Македонија:

- внесете *123*, потоа бројот што сакате да го повикате 07XXXXXXX и на крајот

внесете #. Пр: *123*07ХХХХХХХ#

▪ За повик кон фиксната мрежа во Македонија:

- внесете *123*, потоа бројот што сакате да го повикате (на пример за Скопје 02XXXXXXX)

и на крајот внесете #. Пр. *123*02ХХХХХХ#

Откако ќе го внесете бројот во потребниот формат, вашиот мобилен ќе заsвони со

вашиот број на екранот. Прифатете го повикот и опуштете се во беспрекорни

роаминг разговори!

Повикот кон останатите мобилни мрежи во Македонија со Наjевтин роаминг е 25 денари/минута. Цените се без ДДВ.

Услугата не е достапна само во мал број држави во светот.

ја нашата веб страница, споредете ги цените

на операторите во земјата каде што патувате

и однапред одлучете кој роаминг оператор

одговара на вашите потреби.

На веб ќе најдете и информации за цените

на примени повици додека сте во странство,

коишто зависат од тарифниот модел што го

користите и зоната во која престојувате.

Секако, додека сте во странство можете

да користите и други услуги преку вашиот

мобилен. Праќајте SMS и MMS пораки до

сите корисници во Македонија.

Сурфајте и на интернет и проверувајте ја вашата

електронска пошта! Вистинско чудо, но вашиот

мобилен ќе се однесува како да е дома!

25

26

Некаде... Островот Вава’у, Тонга

Пасатните ветрови на

промените

Слушам звук на црковно ѕвоно во далечината. Мрзоволно

ѕиркам низ бродскиот отвор: бие уморно некаде од правецот

на црквана, наперчена и сама на ридот сред гратчето Неиафу

на островот Вава’у.

Пристигнуваме. Запеаја и петлите, но и

тие како да приговараа. И тие и ние бевме

жедни за уште по некоја капка сон. Ноќта

пред нашиот брод да пристигне на брегот на

Кралството Тонга не беше најмирна. Но, по

навика на овие меридијани, утрото рака под

рака со Сонцето го донесоа новиот ден и ете

веќе се беа фатиле за работа - го боеја небото

во пурпурни нијанси. Беше тоа повторно

она типично небо за Океанија, со далечни

облаци над зелените рамни корални острови

расеани низ тиркизниот бескраен тепих на

Јужниот Пацифик. Облаците како воздушести

перничиња непосредно над океанот пркосно

се издигаа нагоре, формирајќи столбови кои

завршуваа над црвенилото на хоризонтот.

Величествени кумулонимбус облачиња над

Тонга и денес за Вас, дами и господа!

Без коса и веѓи,

за смртта на кралот

Помеѓу Фиџи и Куковите Острови се

сместило единственото опстанато кралство

во овој дел од Земјата тркалезна. Беше тоа

октомвриско утро, лето шесто од третиот

милениум.. Осамна над нацијата уште

еден тажен ден. Пред неколку дена го беа

испратиле над облаците, оние пурпурните,

починатиот и можеби нивниот последен

вистински полинезиски суверен - кралот

Туполу IV. По него остана празнина која се

чини брзо ќе биде пополнета, но со што? Нов

крал или ново државно уредување? Кој ќе ги

води во новата ера: синовите на кралот или

тие на револуцијата? Жените во кралството,

како и ужалената принцеза Пилолеву Туита,

веќе беа на неделна миса со церемонијално

потстрижените шишки како знак на почит

кон нивниот крал. Беа на купче молитвите на

обичните луѓе и на оние со пигментираната

крв. Така било од дамнина. Но, заедно се

само за време на неделните миси. Обичните

граѓани забележуваат и шепотат: промени

надоаѓаат од секаде, па и во церемониите.

Некогаш за вакви тажни настани жените си

ги бричеле целосно и косата и веѓите! Се

прашувам: Се жали помалку или се жали

повеќе за други нешта, освен за кралот?

Беше недела, но и во други денови,

работните, во ова ќоше на планетата немаше

да пристигне Washington Post или Economist.

И други денови овде можеше да снема

струја или вода, да не слета да ве земе

вашиот авион, да се израдувате на вкусот на

чоколадата, најверојатно со поминат рок.

Се вкотвивме и непоканети се нурнавме

во нивните животи. По малку иронично,

еден Чилеанец, Боцванка и Македонец се

чувствуваа како да стапнале на крајот од

светот. Ние бевме возбудени и среќни. Тие,

љубопитни, прекрасни и егзотични во својата

величествена мрзливост. Чекаа да видат

какви вести ќе донесат белците овој пат. Во

Тонга тоа беа денови на исчекување. И неизвесност: дали ќе успеат да

ја зачуваат својата стара култура и традиција?

Пријателски Острови

Прошетавме наоколу. Пред нас се отвори Тонга, таква како што беше:

природна, ненашминкана и нестилизирана. Со ‘рѓосани автомобили

заглавена на сред пат помеѓу иднината и минатото, монархијата и

демократијата, изолацијата и глобалната инволвираност.

Оваа земја е колевка на своевидните Викинзи на Јужниот Пацифик,

храбрите борци и морепловци кои се спротивставиле на сите што

сакале да наметнат нови правила и поредоци. Оваа хомогена и

неколонизирана нација што долго во историјата го презирала мирот,

а ги величала освојувањата и војните, била и сè уште е една од

најизолираните нации во светот. И, иако легендарниот морепловец

над сите морепловци – капeтанот Џејмс Кук на својата мапа ги

обележал како Пријателски Острови (Friendly Islands), всушност,

неговата воодушевеност била резултат на игра на случајност. Кога

за прв пат стасал таму било време за редовните прослави и богати

принесувања на првите овошки на Боговите. Заминал нагостен, не

насетувајќи го заговорот за негово убиство.

Денес Тонга, иако е сиромашно кралство во смисла на материјално

богатство, сепак ја има една од најплодните почви во Океанија. Лево и

десно од ронливата идеја за модерен пат се простираат плантажи на

банани, ванила, тапиока, таро и други форми и видови на егзотични

овошја. По нив, до самиот океан, нанижани се и златеат девствени

плажи до недоглед. Плажи без чадори за сонце, реклами, Café del mar

музика и изгорени пакет-туристи. Каква реткост – тоа е вистинското

богатство на Тонга!

Побуната на бродот „Баунти“

Тоа се случило некаде крај овие златни плажи. Неколку години пред

крајот на 18 век, избркан од побунетите морнари на бродот

„Баунти“, капетанот Вилијам Блај заедно со своите верни морнари

со чамец морале да се снаоѓаат и да го бараат спасот. Тонганците

не му приредиле добредојде и бркајќи ги, му убиле еден човек. Со

само шестар в раце (и часовник в џеб), на капетан Блај му успеало

нешто што е запишано во морнарските легенди како невиден

потфат: бегајќи од Тонга, од фиџиските човекојадци и борејќи

се со глад и невремиња, го остварил ветеното: ги донел своите

истоштени морнари до спас, до копното на островот Тимор, цели

3 600 наутички милји (6 710 km) на запад. Тонга не бил рај за Блај и

за неговите поддржувачи. И денес, сè уште, на Тонга не се ужива во

чоколатцата полнети со кокос наречени исто како и името на бродот

на капетанот Блај…

Спасувајќи ја Тонга приватно

Сонцето го отпоздрави народот на Тонга и се нурна во модриот

збрчкан океан. Ги јавнавме Пасатните ветрови од југоисток и бродот

почна забрзано да се одалечува од островот. Заминуваме. Не по моја

желба. Ми се роди идеја да останам уште малку. Барем уште некој

ден, седмица, или уште еден месец. Два... Но, ако останев можеби

ќе завршев како и првите Европејци на оваа почва. Неколкутемина

среќници: китоловци, гусари, авантуристи, дезертери или трговци

со сандалово дрво... никогаш не заминале одовде, со изговор дека

чекаат да задуваат Пасатите за да кинисаат. Но, јас знам: тие останале,

затоа што овде го откриле својот скриен рај на земјата, сигурни меѓу

Тонганците. А јас? И јас би останал. Да ја спасам Тонга. Да ја спасам

сега, во овие нивни судбински мигови, од нив самите и од можностите

и опасностите на новиот милениум.

Кога островот остана таму некаде на хоризонтот, претворајќи се во

далечината атолски светол смарагд, го свртив погледот напред кон

прамецот, со ветрот в грб, ги затворив очите и ги стиснав тупаниците – ќе

допатувам јас назад, ќе се вратам и ќе ги спасам. И Тонганците и себеси.

Текст и фотографии:

Роберт Смилески

27

Македонска документаристика

Од „Девојчето со хармоника”

кон трите шивачки...

По големиот интернационален успех на првиот документарен филм на

Билјана Гарванлиева, драматург и режисер, нејзиниот нов филмски

проект заслужува многу повеќе од најава...

Македонската документаристика во минатото

ги испиша своите ѕвездени мигови

во домашната кинематографија, неретко

освојувајќи многу награди на светските

фестивали. По долгогодишно затишје, се

појавија неколку интересни млади автори

на документарци, кои ветуваат дека малку

подзаборавениот жанр повторно ќе се

врати на старите патеки. Најсветла точка

меѓу нив е драматургот-режисер Билјана

Гарванлиева, која, соочувајќи се со неможноста

авторски да се реализира во

сопствената држава, замина во Германија.

Таа со прекрасниот документарен филм

„Девојчето со хармоника” покажа и докажа

дека Македонија е плодна почва за одлични

филмски раскажувачи во најспецифичниот

филмски жанр. Престижната германска награда

„Златна Лола” е вистински доказ за тоа.

Навраќање

Клуб 360: Бидејќи Вашиот успех на

филмските фестивали сиромашно одекна

во медиумите во Македонија, би сакал на

почетокот да им се претставите на поширокиот

круг читатели на „Клуб 360” со една мала

лична карта за вас.

Б. Гарванлиева: Среќна мајка. Вљубена

сопруга. Невработен драматург.

Клуб 360: Колку сте задоволна од добиеното

знаење на Факултетот за драмски уметности

во Скопје? Колку тоа искуство ви помогна во

понатамошната борба при туркањето одреден

проект до крај?

Б. Гарванлиева: Многу сум среќна што

мојот професор Горан Стефановски

несебично ми го пренесе своето знаење. И

тоа првокласно знаење во драматургијата

ми помогна со „Девојчето со хармоника” да

ги освојам моите германски продуценти и

уредници. Тие ги ставија двете раце в оган

за автор кој знае драматургија, а никогаш

во животот не снимил филм. Ме поддржаа

со искусен и познат документаристички

28

тим. И не се покајаа. Тој спој се покажа како

успешен рецепт.

Од знаење до успех

Клуб 360: Дали заминувањето на младите

талентирани луѓе од Македонија е морален

чин за спасување на сопствениот уметнички

дигнитет, или едноставно се работи за

егзистенцијален момент?

Б. Гарванлиева: Се работи и за двата момента.

Јас заминав зашто Македонија ми беше

претесна, почна да ме задушува и да ми ја

загадува креативната слобода. А и страшно се

нервирав кога морав да молам за сопствените

хонорари. Не сакав да бидам тезгаџика,

сакав да бидам професионален драматург.

Таа моја внатрешна драма беше и моја лична

мотивација да го направам „Девојчето со

хармоника”. Тоа е филм за мојата роднина

Емилија, голем талент за хармоника, која сака

да замине во странство, зашто не сака да биде

кафеански свирач, туку концертен музичар.

Клуб 360: „Девојчето со хармоника” постигна

голем успех на фестивалите ширум светот.

Што сè може да се наброи како придобивка од

овој филм? Колку награди освои и колку врати

отвори?

Б. Гарванлиева: Да, филмот постигна голем

успех и тоа како германски филм, а раскажува

една македонска приказна. Освои пет

награди и ги отвори вратите на најпрестижната

филмска асоцијација „Герман Филмс“, која

се погрижи за германската промоција на

Берлиналето и во Кан. Таа организираше и

шестмесечна кино-турнеја низ цела Германија

со цел кратката документарна форма да го

добие истиот третман како и играниот филм.

Жалам само што македонското Министерство

за култура никогаш не ја поддржа неговата

промоција. Во Македонија дојдов на покана од

Германската амбасада.

„Златна Лола“

Клуб 360: Вие сте единствената странска уметница

која беше застапена на веб страницата на

германската канцеларка Ангела Меркел. За

што, всушност, се работеше? Ми се чини дека

тоа се случи веднаш по добивањето на наградата

за најдобар млад филмски уметник?

Б. Гарванлиева: Германското министерство

за култура го прогласи мојот филм за најдобар

краток документарен филм во Германија.

„Златна Лола” е највисоко рангирана

национална награда во Германија, која ја

добиле автори како Вим Вендерс, Вернер

Херцог, Том Тиквер… Германската влада,

која е мецена на оваа награда повеќе од 50

години, практично влезе како копродуцент

во мојот нов документарен проект. Мислам

дека и Владата на Македонија, по углед на

германската, треба во својот концепт конечно

да ја вклучи грижата за културната политика.

Тоа е најдобрата реклама за една земја.

„Среќата на

документаристот“

Клуб 360: Драматургијата во документарниот

филм е една од темите на предавањето кое

минатата есен го одржавте во Скопје. Кога

ќе се спомне жанрот „документарец”, на

прва топка се мисли дека само треба да се

најде интересна животна приказна, да се

вклучи камерата и филмот ќе се случи сам по

„Нежен, опсервирачки филм“

себе. Колку има вистина, а колку лага во ова

поимање на нештата?

Б. Гарванлиева: Тоа зборува само за еден

потценувачки однос кон документарниот

филм, кој преовладува во Македонија, за жал,

поради незнаење. Затоа ние имаме толку

многу интересни животни приказни, а никаква

продукција на авторски документарци.

Македонските телевизии немаат ниту

финансиска моќ ниту храброст да влезат во

продукција на авторски документарен филм.

Филмскиот фонд како единствен извор

на финансирање филмови располага со

многу мал буџет и тоа еднаш во две години.

На студентите сакав да им ја пренесам

технологијата на аплицирање во европските

фондови. Тоа значи прецизна структура

и јасна слика за тоа како ќе се сними

филмот, а притоа да не се изгуби личниот

и спонтан однос кон својата приказна. На

крајот сè за да изгледа како филмот да се

Клуб 360: За што, конкретно, се работи во новото сценарио? Колку време го пишувавте

(подготвувавте) и кога филмот ќе се реализира? Планови? Фестивали? Конкретна кинопромоција

кај нас?

Б. Гарванлиева: Ова е еден нежен, опсервирачки филм кој следи три шивачки од

Штип низ четири годишни времиња, на -20 и +40 степени Целзиусови. Во развојот на

сценариото кое трае веќе цела година голема поддршка добив од Фондацијата „Робер

Бош“, германската продукција „Гебрудер Бец“, како и од мојот македонски продуцент

Огнен Антов. И дај Боже да не куртулиме од фестивали и кино-промоции.

случува сам по себе. Тоа се вика „среќата на

документаристот“.

Од успех до нов почеток

Клуб 360: Копродукциите за мали држави

како нашава, веројатно се една од можните

иднини за домашната документарна

и играна кинематографија. Колку

Гарванлиева успешно се снаоѓа во таа игра

и колку наградуваниот филм помогна да се

подотворат вратите на одредени фондови за

продолжување на успешната приказна?

Б. Гарванлиева: Копродукциите се единствената

иднина за македонскиот документарен

филм. Големо олеснување за мене како автор

е што зад мене стојат успешен германски и

македонски продуцент, кои им даваат гаранција

на фондовите. Инаку, во Германија со секој нов

проект стартувам од почеток. Само квалитетно

спакуван проект раѓа успешна приказна.

Клуб 360: Кој е Вашиот следен проект? Ми се

чини дека добивте пари од Филмскиот фонд

и дека ќе снимате документарец? Повторно

копродукција?

Б. Гарванлиева: Тоа е една документарна

студија за односите во семејствата каде што

вработени се жените, а невработени – мажите.

Филмскиот фонд влезе со нешто пари како

копродуцент во оваа германска продукција.

Жал ми е само што јас сум единствената женарежисер

која доби поддршка оваа година.

Игор Анѓелков

29

30

Мода

Кратка

историја на

костимите

за капење

Костимите за капење се вид

облека специјално дизајнирана

за пливање. Тие се појавуваат

со различни имиња и модели,

во зависност од намената и изработката.

Употребата на овие

парчиња облека денес е многу

повеќе прашање на традиција,

отколку на „декаденција”. Во

западната смисла за пристојност,

костимите за капење се

неопходни кога станува збор

за јавно капење. Другата

улога на костимите за капење

е естетска. Човекот има

насушна потреба да си го

разубави телото, па макар и

со толку малку ткаенина.

Употребата на костимите за капење нè

враќа дури до античка Грција. Иако капењето

тогаш претежно било „на голо“,

некаква облека навистина постоела,

како што може да се види и на античките

мурали кај Помпеја, каде што жените

на античките Грци се прикажани во

дводелни бикини костими. Но, оттогаш,

костимите за капење исчезнуваат, небаре

заталкале низ вековите...

„Фустани за капење“

Костимите за капење „воскреснуваат“

некаде дури во 19 век, кога оваа категорија

на облека се појавува повторно, но

во форма на „фустани за капење“. Тогаш

жените почнуваат да носат долги фустани

направени од непроѕирни ткаенини кои

заштитуваат од транспарентноста кога телата

се мокри. „Фустаните за капење“ имале еден

вид мали тегови по должината на рабовите за

да го спречат нивното поткревање кога се во

вода. Мажите пак, носеле гаќи за капење со

долги ногавици, тесни и припиени за нозете,

слични на некогашните ѕиври, во најмала

рака обидувајќи се да ја зачуваат пристојноста.

19 век за жените ги донесува и дводелните

костими за капење, кои содржат фустани

до колена преку сет од добро прицврстени

панталони кои се спуштаат сè до глуждовите.

Мажите во истото време носеле слични

костими како и жените, само, се разбира,

без фустаните озгора. На овој начин модата

стапува на сцена и во оваа категорија, со

сериозно водење сметка за традиционалниот

императив – пристојноста.

Од пристојност кон удобност

Радикални промени во стиловите (и во

ставовите!) се појавуваат молскавично во

почетокот од 20 век кога капењето, а со тоа

и костимите за капење, стануваат помалку

конзервативни и порелаксирани, со самото

тоа и попрактични. Пристојноста, иако сè

уште почитувана и одржувана насекаде, особено

во западниот свет, почнува полека да им

го отстапува патот на комфорот (удобноста)

и на модата. Ова е време кога деколтеата се

спуштаат надолу (од вратот кон градите), а

должините се искачуваат нагоре.

Во 40-тите години од минатиот век, производителите

на костимите за капење воочуваат

празнина на пазарот. Корсетеријата веќе го

губи здивот, а новите „откривачки“ костими

изискуваат експертизам при дизајнирањето

олку мали парчиња со кои би се скриле голе-

мите недостатоци, особено на женската фигура.

Ова доведува до откривање на стречот од

кој почнуваат да се изработуваат контролните

панели на стомакот. За градите почнуваат

Потсетете се...

Развојот на костимите за капење како

атрактивни модни парчиња може

да се проследи и преку одредени,

незаборавни сцени од големото платно.

По постерот на Мерлин Монро од 1950

година, Брижит Бардо во филмот „И бог

ја создаде жената“ (1956) за прв пат

се појавува во бикини! Потсетете се и

на филмот „Д-р Но“ од 1962 кога тогаш

дваесет и шестгодишната Урсула Андрес

во бикини од кожа излегува од вода...

Култната сцена (а зошто не и костимот за

капење!) ја лансира оваа, тогаш млада

актерка директно во холивудските ѕвезди.

Костимите за капење можат да направат

вистински чуда!

да се употребуваат потпори и држачи, за да

ги зацврстат и фиксираат. На ваков начин се

создадени основните услови за носење костими

со, дури и без прерамки.

„Експлозивна“ атракција

Бикинито е форма која се појавува набрзо по

Втората светска војна (1946), кога гламурозните

фотографии ги актуелизираат аспектите

на мода и убавина во капењето, а со тоа и на

костимите за капење. Името доаѓа од островите

Бикини, местото каде што е испробана

атомската бомба, а асоцијацијата се врзува

преку „експлозивноста” на атракцијата што

овие дводелни парчиња ја предизвикуваат во

очите и во умовите на набљудувачите! Така,

костимите за капење се преобразуваат од

традиционална облека наменета за капење

во експресија и минималистичко олицетворение

на модата. Креатор на бикинито е

францускиот инженер Луис Реард, а вистинската

промоција на овој „вечен“ модел се случила

на еден од првите постери на Мерлин

Монро во 1950.

Симболи на сексуалноста

Во 1964 година, австрискиот моден дизајнер

Руди Гернрајх го претставува монокинито

(едноделниот костим), што, всушност, претставува

бикини без горен дел. На жените им се

сугерира да ги разоткријат градите. Овој обид

во комерцијална смисла пропаѓа мошне брзо,

но го отвора патот за многу нови и слободни

размислувања во модата. Моќните 80-ти години

донесуваат многу повеќе разоткривање, но

повторно во име на модата и природноста. Со

промена на намената на костимот за капење,

ставот на луѓето полека, но сигурно, се придвижува

од потребата за пристојност кон онаа

за сензуална привлечност.

Денес костимите за капење се појавуваат во

огромна палета на стилови и форми во зависност

од индивидуалните барања: едноделни,

монокини, стринг, нуркачки... на пазарот има

буквално сè и сешто! И многу од имињата

се подеднакво експлицитни колку и самите

костими!

Суштината е во тоа што костимите за капење

во нашево модерно време ја рефлектираат

разноликоста на капачите, претворајќи се

во современи симболи на човековата сексуалност.

Снежана Јаначковска-Богдановска

31

Мотоциклизам: Валентино Роси

Кариерата како едно

долго патување

Мотивацијата да се остане победник во врвните форми на спорт е нешто што измачувало

многумина. Разликата од „обичниот шампион” до „легенда” е токму во кариерата и во

начинот на кој таа се развива, се гради или одржува.

Иако сите со уважување се сеќаваме на некои имиња од спортот кои

претставувале „марка“ во нашата младост или, пак, сме ги слушале постарите

како за нив зборуваат со пиетет, сегашноста упорно ни носи нови

чеда кои на крилјата на популарноста итаат кон врвот на таканаречените

„вечни листи“, безмилосно соборувајќи ги рекордите и постигнувањата

на нашите „спортски светци“. Речиси нема спорт во кој индустријата не

е толку силна за да не продуцира нова легенда, од глава до петици, со

цел да и понуди и на актуелната публика да биде сведок на создавање на

историјата, а со тоа на идните генерации да им ја пренесе таа порака која

ние сме ја добивале во минатото, а често наликувала на сказна.

Талог на емоции или...

Ленс Армстронг со велосипедот стигна до седум триумфа на Тур

д’Франс, додека Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернард Ино и Мигел

Индураин останаа на пет победи. Михаел Шумахер народски опишан

„без перде, ниту срам“ го прегази Хуан Мануел Фанџо во бројот на

титулите, но не се откажа додека не го собори и рекордот на Аиртон

Сена во пол позициите. Владеењето на Роже Федерер на АТП листата со

години на првата позиција ги фрли во втор план ривалите како Сампрас

и Агаси, иако се тазе пензионери.

Нешто потешко оди можеби транзицијата на спортските икони од

екипните спортови, бидејќи таму не зависи сè од еден играч, а многу

репрезентации и екипи се на врвот и имаат изградено сè што е потребно

за успех, од млади таленти до „свои” места во управните одбори, разните

судски и тренерски комисии, па тешко е некој нов одеднаш да дојде и

самостојно да линчува пет-шестмина великани. Но, тоа не ја намалува

славата на „првенците” на генерациите како Пеле од златното време на

Бразил во педесеттите, Сер Боби Чарлтон од шеесеттите, „кајзер” Франц

Бекенбауер од седумдесеттите или најконтроверзниот Диего Армандо

Марадона во осумдесеттите години на минатиот век. Колку повеќе

време минува, толку повеќе се избиструва талогот на емоциите и имаме

32

почиста слика за минатото, наспроти множеството од актуелни ѕвезди

кои благодарение на медиумскиот бум, се граничат со божества: Бекам,

Роналдо, Зидан...

Нобелова награда за спорт?

Но, во целиот тој галиматијас на актуелни шампиони, рекордери,

фалбаџии, срамежливци и позери, има еден лик кој не можете а да

не го сфатите како позитивен, уникатен, оригинален, незаменлив и

непобедлив. Валентино Роси едноставно не можете да го мразите.

Можете да навивате за кој било, може тој да ви е најлутиот ривал, но не

можете да одолеете на неговиот шарм и да не му ракоплескате на секоја

бравурозна изведба. Да имаше Нобелова награда за спорт, веројатно

ќе требаше да биде првиот добитник, бидејќи покажува неверојатни

квалитети и како егзекутор на стратегијата на патеката, но и како

мислител кој ја пронашол тајната како да ужива во својата работа, да

„Докторот“ Роси

Неодамна Валентино Роси промовираше кацига со својот лик

на неа за да „ги плаши конкурентите“ ако се најде зад нив,

но извозе соло трка до првото место. Во Барселона пак, на

денот кога започнуваше Европското првенство во фудбал,

моторот го дотера како азурниот дрес на репрезентацијата, а

на кацигата стави дизајн на фудбалска топка. Резултат: извозе

уште една пеколна трка од деветто до второ место. Инспирација

и мотивација очигледно не му недостигаат, а тоа е всушност и

главната поента на една кариера, која сама по себе претставува

долг пат: од сувиот тренажен процес, до појавувањето на

патеката, изборувањето место под сонцето за победниците,

но и задржувањето на желбата да се остане на врвот без

непристојна лакомост или неспортски дејства. „Доктор“!

се забавува и себеси и публиката, а сето тоа да претставува милионски

бизнис на задоволство на придружната индустрија.

Како и повеќето мотоциклисти од денешната генерација, Вале Роси

почна од најниската класа на мотори со зафатнина на агрегатот од 125

сантиметри кубни. Нема потреба да ги цитираме бројките од неговата

биографија, доволно е да се каже дека се прошета низ категориите за

калење како на променада, истовремено и лежерно без запнување,

но со доволно тренинг и знаење за да може да оди со исправена глава

и непогрешлив чекор. Од 2000 времето повторно почна да се смета,

бидејќи направи трансфер во елитната класа и малку недостасуваше

да му ја украде славата на Кени Робертс Јуниор кој само

тогаш покажа дека потекнува од шампионска лоза и го донесе

Сузуки до прва титула по подолгиот пост од пензионирањето на

Кевин Шванц. Но, затоа од 2001 па до 2005, Роси ја преслуша

комплетната генерација повозрасни колеги како Макс Бјаџи,

Карлос Чека, Гери Мек Кој, Сете Жиберно, Лорис Капироси,

Алекс Барос - и безмалку, сите до еден ги испрати во пензија без

да се порадуваат на титулата, бидејќи по доминацијата на Мик

Дуан претходните пет години, дојде времето на „докторот”.

Tалент наспроти техничка империја

Роси успеа да покаже дека може да освои титула во елитната

класа и без да биде во фабрички тим, туку со приватната

Хонда и спонзорот Настро Азуро демонстрираа што

значи талент наспроти техничка империја. Преоѓањето во

фабричкиот тим на Хонда му донесе уште поголема сила

и можеби пософистицирана едукација, но притисокот кој

го чувствуваше во хиерархијата му беше поголема мака

отколку што сето останато го чувствуваше за задоволство,

па едноставно во 2004 им рече „збогум“ и отиде во

инфериорниот тим на Јамаха. Во моторизираните спортови

чуда не се случуваат така лесно, па дури ни Шумахер

кога од Бенетон премина во Ферари не освои титула

пет години, но Роси успеа да разбие уште една догма.

Две титули едноподруго беа шлаканица и за Хонда која е најуспешен

конструктор со преку 500 гран при победи, и за оние кои седнаа во

неговото седиште и едвај издржаа по една сезона пред да напуштат

(Бјаџи и Барос). Во 2006, кога Хонда конечно ги консолидираше

своите редови со Американецот Хејден и се избори за титула, стапи

на сцена масовната промена на правилата, односно укинувањето на

кубикажата од 990 сантиметри кубни и намалувањето на 800 ccm.

Во првата година со новиот сет регулации (2007), Дукати блесна и

го промовираше Кејси Стонер како нова ѕвезда, но Валентино и

нему како и на Хејден претходно им опонираше до последната трка.

Оваа 2008 имаше еден од најжестоките стартови со четири различни

победници во првите четири трки, а Валентино го промовираше

концептот „човек-тим”, бидејќи побара од Јамаха да му обезбеди гуми

на Бриџстоун, додека неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо вози на

Мишелин. Во меѓувреме, тој стана синоним за мега-ѕвезда, бидејќи

никој не успеал да и се приближи на публиката на начин како што тој

тоа го правеше прославувајќи ја секоја своја победа на различен начин.

Најчести придружници во тоа се неговите другари од детството кои

патуваат со него на трките, а на пример седмата титула ја прославија сите

облечени како „Снежана и седумте џуџиња“, додека редовните победи

беа обележувани со сцени од типот „полицаец кој го запира Валентино

по стартно целната рамнина и му пишува казна дека бил пребрз” или

„фул монти стриптиз“, фрлајќи сè во публика - од кацига до чизми...

Пред малку повеќе од еден месец, Валентино Роси стигна до својата

90 гран при победа во Ле Ман, со што се изедначи со Анхел Нието.

Шпанецот иако чекори во шестата деценија од животот, за таа прилика

дојде во Франција, го сочека Роси по стартно целната рамнина облечен

во комбинезон и му понуди тој да го

вози почесниот круг, додека 28-годишниот

Италијанец мавташе со знаме „Нието и Роси, 2 х 90”.

Имајќи предвид дека сега само Џакомо Агостини останува пред

Роси на „вечната листа” со четириесет триумфи повеќе, со сигурност

може да се предвиди дека претстојат уште интересни сезони во кои

инспирацијата на Роси ќе нè расположи сите.

Александар Табаковски

(Ф1 Алманах)

33

Повеќе од атракција

Морски оргули

Колку места, толку причини да ги посетите... Колку градови, толку различни приказни... Сепак, некои од

нив, надалеку чуени и зборувани, како да го заслужуваат вашето внимание малку повеќе од другите...

Ако не сте биле во Задар (Хрватска) на Јадранското Море последните неколку години, направете го тоа

првата можна прилика, зашто овој град со морските оргули повеќе не е ист каковшто беше без нив.

Во периодот 2004/2005 на дел од

задарската „рива“ беше реализиран

еден исклучителен проект на познатиот

хрватски архитект Никола Башиќ (во

консултација со редица стручњаци

од повеќе различни области). На

седумдесетина метри по должината

на брегот, скали во неколку редови

се спуштаат кон, поточно, во самото

море. Во нив се вградени 35 цевки со

различна должина, широчина и агол на

поставеност, кои имаат специјални т.н.

лабиуми (свирчиња) и „умеат“ да отсвират

7 акорди од 5 тонови. Звукот излегува низ

перфорираните камени скали потиснат од

34

музикалноста на самото море и влегува

направо во вашите уши како волшебна

музика на митските сирени.

Кој тоа таму свири?

Ова необично место, спој меѓу идејата и

вештината од една страна и енергијата

на морето, на брановите, на приливот и

одливот, од друга, подеднакво ги плени

и мештаните и туристите. За неполни 3

години прерасна во омилено градско

собиралиште каде што постојано ве

забавува природниот, морски оркестар.

Брановите се маестралните изведувачи,

Фото: Роберт Месариќ

robert.mesaric@zg.t­com.hr

а интензитетот на музиката зависи

од нивната, но и од вашата моќ да си

разјасните „кој тоа таму свири“.

2006 година, во конкуренција од 207 проекти,

токму проектот „Морски оргули“ во Задар ја

доби Европската награда за урбан простор

(www.urban.cccb.org).

Ако овие информации не ви се доволни

да тргнете веднаш, посетете ја

официјалната веб страница на оргулите

(www.seaorgans.com) и... пред да ја

догледате, барем тајниот дел од вашето

битие веќе ќе биде таму со начулени уши.

Фестивал на домати

Како и сите големи приказни, така и

црвената, доматна приказна на Буњол

започнала спонтано од секојдневен,

локален настан. Едни велат дека сè почнало

со кавгата меѓу две групи ученици кои,

во лутината, почнале да се маваат со

доматите што им се нашле прирака. Други,

дека мавањето со домати го започнале

извесни бекрии, меѓу кои и селскиот

лекар Пако Гарсес Санчес, сакајќи да

ги „поттикнат“ музичарите. Како и да е, и

на децата и на бекриите се чини дека тоа

им се видело мошне забавно, па почнале

да го повторуваат... Локалните власти

петнаесетина години се обидувале да ја

спречат оваа сè попопуларна „забава“,

а потоа се предале, решавајќи да ја

поддржат... Така, спонтаноста се заменила

со организација.

„Пливање“ во доматен сос

Денес Фестивалот на доматите

(www.latomatina.es) претставува вистинска

туристичка атракција не само за гратчето,

туку и за поширокиот регион. Пропишани

се фестивалски правила (меѓу нив секако

и правилото „првин згмечи го доматот, а

потоа мавај!“), сè е однапред испланирано и

подготвено, до тој степен што претставува и

Повеќе од атракција

Од 1945 година, секоја последна среда од август, во гратчето Буњол во близина на Валенсија,

Шпанија, се одржува необичен Фестивал на домати. Годинава, на 27 август во 10 часот

претпладне повеќе од 100 тони домати ќе бидат подготвени за мештаните, но и за огромниот

број туристи што не ја пропуштаат можноста да „запливаат“ во доматен сос.

значајна ставка во туристичката заработка

на Буњол.

Доматниот ден за мештаните почнува на

вообичаен начин: рано утрото се затвораат

прозорците, вратите, сè што може да се спаси

од црвената река што ќе потече низ улиците

на гратчето. Никој и ништо не се поштедува

од зрелите плодови, а доколку некој не сака

да биде црвен, единствениот начин е да не

биде таа среда во Буњол. Во практиката, се

случува сосем спротивното. Сите патишта

водат кон, а не од Буњол. Илјадници туристи

специјално по овој повод се слеваат во

гратчето и со огромно задоволство „пливаат“

во доматниот сос.

35

Фондација T-Mobile за Македонија

На наш начин:

Недела на

солидарноста

Културата на корпоративна одговорност е збир од политиките на една компанија и свесноста

на нејзините вработени. Т-Mobile Македонија може да се пофали и со двете, сублимирани во

Фондацијата Т-Mobile за Македонија.

Последен и најсвеж пример за ова е активната

вклученост на вработените на

Т-Mobile Македонија во Светската недела на

солидарноста, организирана од Црвениот крст

на Република Македонија.

Традиционалната недела на солидарноста

се случи од 01.06 до 07.06 2008 година.

Фондацијата Т-Мobile за Македонија целосно

ја поддржа неделата со донации од своето

членство – вработените во компанијата.

На пунктови распоредени низ административните

и продажните места на Т-Mobile,

вработените имаа можност да ја изразат својата

солидарност со помалку среќните, преку

донирање алишта, постелнина, обувки, храна и

апарати (за домаќинство, компјутери...).

По завршувањето на акцијата за собирање,

волонтери од Фондацијата и од Црвениот

крст ги доставија донациите до загрозените

семејства.

Активни броеви за донации:

Можете да донирате 100 денари со вртење на еден од следниве телефони отворени за

собирање итно потребни средства:

Број Корисник Причина Отворен до:

143 131 Никола

Маџоски

143106 Тинка

Стојановска

143193 Бирџан

Асанова

143183 Игор

Наумовски

143107 Милиса

Георгиева

143109 Борче

Аврамовски

36

14­годишниот Никола веќе беше во Марбург, Германија на контрола и се

подготвува за интервенција на вродениот тумор на крвните садови на

лицето.

Тинка има потреба од очна протеза која чини 30 000 денари, затоа што

постојната е веќе дотраена.

12­годишната Бирџан треба да носи слушно апаратче, но нејзиното

семејство ги нема потребните 50 000 денари за набавка.

Акцијата за Игор Наумовски продолжува. Со вашата донација

овозможувате да продолжи лекувањето на Игор, со кое треба повторно

да може да се движи.

Четиригодишната Милиса Георгиева има итна потреба од хируршка

интервенција во Лион, Франција.

Борче е 8­годишно момче кое боледува од цироза. Потребна му е итна

трансплантација на црниот дроб. Операцијата е закажана во Брисел, но

потребни се 20 000 евра.

143153 Севим Јусуф Севим боледува од мозочна аневризма, и во јули по трет пат треба да

биде подложена на операција во Солун. Потребни се 15 000 евра.

143456 Чедо

Величковски

Чедо има закажана операција за спасување на видот на десното око, во

Москва. Потребни му се 4 000 евра.

28.09.2008

12.08.2008

13.08.2008

13.08.2008

14.08.2008

21.08.2008

23.08.2008

23.08.2008

Акцијата успешно ги постигна двете

свои цели – подигање на свесноста кај

вработените за социјална одговорност и

демонстрирање на хуманоста на нашата

компанија. Вработените се пулсот на секоја

компанија, а Т-Mobile може да се гордее со

своите социјално свесни и хумани вработени,

зашто само со нив може да има позитивно

влијание врз поширокиот развој

на општеството.

Благодарност

На крајот од мај завршија неколку

хуманитарни акции за кои Фондацијата

T-Mobile за Македонија имаше отворено

броеви за донации: На бројот 143 115,

кој беше отворен за деветмесечната

Ивона Наумова од 1 февруари до 19

мај 2008 година, беа собрани 170 500

денари потребни за нејзината втора

итна операција закажана на 16 јули. На

бројот 143 117, отворен за 11-годишниот

Харис Црновршанин од 20 февруари

до 25 мај 2008 година, беа собрани

14 300 денари потребни за операција на

очните капаци. Операцијата е успешна

и Харис може да гледа на едното око.

Се планира втора операција за другото

око. Семејствата ја изразуваат својата

благодарност до сите хумани граѓани.

t-zones - информации и

забава на дланка

Откриј ја забавната страна на твојот мобилен телефон! t-zones ти ги дава сите потребни

информации во секое време и ти нуди многу забавни содржини.

t-zones информации

Јави се на 1414 и биди во тек со најновите случувања додека си во движење.

Вести

t-zones downloads

Збогати го твојот телефон со нови рингтонови и слики и забавувај се во секое време.

Како до саканата содржина?

код: FUN PWMDW

код: FUN PWMGP

Временска

прогнозa

код: FUN PWMGA

код: FUN PWMGT

Состојба на патиштата

и границите

Прати SMS на 14 14 со текст FUN SIFRA (на местото SIFRA внеси ја шифрата на избраната содржина што сакаш да ја нарачаш). Доколку,

пак, сакаш да подариш на твоите блиски, прати SMS на 14 14 со текст: FUN SIFRA 389 7ХХХХХХХ.

код: FUN PWMGD

код: FUN MPPMG

Курсна листа Ред на летање

Сите t-zones информации можеш едноставно да ги добиеш со јавување на 070 1414. Одбери го менито Информации и дознај ги најновите

вести од земјата и од светот, информирај се за времето денес, за редот на летање, провери ја состојбата на патиштата и границите, курсната

листа и многу повеќе. Пристапувањето до менијата е бесплатно, се наплаќа само 5 ден. + ДДВ за преслушаната информација.

Овие информации се достапни во секое време и на wap порталот на Т-Mobile на твојот телефон: wap.t-mobile.com.mk.

код: FUN PWMGJ

код: FUN PWMJT

Слики 41,3 ден.

Полифони мелодии 41,3 ден.

Звуци 41,3 ден.

Mp3 70,8 ден.

Видео клипови 70,8 ден.

Игри 106,2 ден.

Пример: за мелодијата

Simply Red Stars прати

SMS на 070 14 14 со текст

FUN PTATT.

37

код: FUN GPGGG код: FUN GPGGJ

код: FUN MMPTT

код: FUN PWMJA

код: FUN PGDDD код: FUN PWGTW

код: FUN MJMPT код: FUN PАPDG

код: FUN PWMDP

код: FUN PWMDT

код: FUN MJMMP код: FUN MWGTT

код: FUN MTJJA код: FUN PWPJP

код: FUN PWGJM

код: FUN MJMMA

код: FUN PWPJD код: FUN MTWMM

Ново mp3 полиф.

Eurovision 2008

Rusia

Eurovision 2008

Ukraina

Madonna ft. Justin Timerlake

4 Minutes

Shiller feat. September

Breathe

Duffy

Mercy

Akon ft Michael Jackson

Wanna Be starting Something

Lenny Kravitz

I’ll Be Waiting

Rihanna

Please don’t stop the music

High School Musical

The Start Of Something New

PWJDJ

PWMDD PWMAT

PTWTM

PTWTT

PTMAW

PTMGJ

PTMDG

PPPTA

PTAGM

PWJDG

PTWTG

PTWPW

PTMAP

PTMAD

PTJWW

PMDTW

PTADW

Филм mp3 полиф.

Breakfast at Tiffany’s

Theme

Blues Brothers

Everybody Needs Somebody

Hair

Let the sunshine in

Exorcist Theme

(Tubular Bells)

Gianna Nannini

Meravigliosa creatura

Pulp Fiction

Girl You’ll Be a Woman Soon

El condor pasa

Baltazar

Frank Sinatra

Strangers in the night

За да нарачаш mp3 или полифона, прати SMS порака на 14 14 со текст FUN SIFRA.

Ќе добиеш поврaтана SMS порака која ќе содржи линк од каде што ќе можеш да ја преземеш бараната содржина во текот на 24 часа.

38

PWMDJ

PWMJJ

PWMDG PWMDA

PPPJW

PJPJT

PGPPJ

PDGJJ

PDGDA

PDJAG

PWMJG

PWMAW

PPPJJ

PJPJW

PGPTA

PDGJG

PJADG

PDGMT

Разно mp3 полиф.

Makedonska narodna

Jovano Jovanke

Makedonska narodna

Zasto si me majko rodila

Makedonska narodna

Makedonsko devojche

Tanja Savic

Zlatnik

Aca Lukas

Upali svetlo

Darko Filipovic

Nemoj da me gledas sa visine

Aco Pejovic

Nazovite je

Cira

Fenomenalno

Bleona

E di qe ke shume deshir

PGTGM

PGTJG

PGTGP

PWGMJ

PWGGJ

PWGGT

PWGGM PWGMG

PWGGP

PDPMG

PJATG

MDJAM

JTTDD

PWGDT

PWGGA

PWGGD

PWGGG

PDPPA

Најнови t-zones игри,

за уште повеќе забава

Време е за нова, возбудлива игра!

Одбери ја твојата омилена игра и соборувај рекорди!

спортска

спортска

платформска

Ancient games

Прати SMS на 1414 со

содржина: fj ancient

Врати се во минатото кога се

формирале олимписките игри.

Натпреварувај се во неколкуте

категории и уживај во духот на

древните времиња.

Forest man

Прати SMS на 1414 со

содржина: fj forestm

Твоја задача е да му помогнеш

на момчето од џунглата

да собере што повеќе портокали,

а со тоа и да стане

највештиот жител на џунглата.

Alberninho Football

Прати SMS на 1414

со содржина: fj albern

Нагоди го твојот телефон брзо и едноставно!

Ова е реална фудбалска игра, значително подобрена во однос на другите. Можеш да

играш единечен (single) натпревар или шампионат во кој учествуваат 16 екипи со различни

способности на игра.

логичка

аркада

Bomb Hunter

Прати SMS на 1414 со

содржина: fj hunterb

Бомбите можеш да ги слушнеш

насекаде околу тебе, но внимавај

да не активираш некоја под

тебе. Ти си ловецот на бомби

во оваа забавна стратегија, и ќе

минеш многу часови во забава.

Neon Choppers

Прати SMS на 1414 со

содржина: fj neonc

Кој не сака да крстари со

светлосна брзина, побрзо од

другите и тоа на големи моќни

чопери!? Особено ако цената

на таквата трка е награда од

50 000 $!

Голем избор на игри за мобилен на wap порталот на Т-Мobile! Пристапи на wap.t-mobile.com.mk преку твојот телефон и забавувај се многу повеќе!

Нагоди го твојот телефон за Интернет и MMS со повик на бесплатниот број 14 00 26 и преземај колку што сакаш t-zones содржини!

Цената за преземање на JAVA игра е 90 ден. (106,2 ден. со ДДВ)

Доколку играта е поддржана од твојот модел на телефон, ќе бидеш известен по SMS. Повеќе информациина www.t-mobile.com.mk/t-zones

авантура

авантура

Dynamite Fishing

Прати SMS на 1414 со

содржина: fj fishing

Направи што посилна експлозија

за да можеш да

уловиш што повеќе риби.

Разбранувај го таинствениот

подводен свет и улови што

повеќе плен.

SonSon

Прати SMS на 1414 со

содржина: fj sonson

Помогни им на СонСон

и неговите пријатели

да го освојат врвот на

мистичната земја. Бори се со

непријателите и собирај што

повеќе бонуси.

39

Забава

Награден крстозбор

Наградното прашање за овој број е: „Како се вика една од најголемите rock’n’roll

икони што во август доаѓа во Македонија?“

Француски

фудбалер,

Десаи

2

4

Удо Баер

Справа

Стив Овет

Фабрики за

железо

3 награди

припејд пакети

со Sony Ericsson

K510i

1 2 3 5 6 8 9 10 Т­Mobile ве наградува!

Пратете точен одговор

Решението пратете го по SMS на 070 144 777 најдоцна до 17.08. 2008 (цена на пораката

е 5 денари плус ДДВ). Бројот на пораките е неограничен.* Извлекувањето на тројцата

наградени е на 18 август 2008, а имињата на добитниците ќе бидат објавени во наредниот

број на Клуб 360 магазинот и на www.t-mobile.com.mk.

Шах

Избегнување

Јубослав

Пенев

Актерот

Вентура

Штавена

овча кожа

Околу сто

Холивудска

актерка,

Спелинг

Обележан

пат

Услугата

за говорна

пошта

1

Поучна

мисла (мн.)

Финска новинска

агенција

Апарат за

вшмукување

гас или

течност

5

“Ракометен

клуб”

Врв на

главата

Осветен леб

Направа за

сеење

Новинарство

Нба кошаркар

Торп

Завет,

аманет

„Староеврејски”

3

Холандски

шахист Макс

Еден програмски

јазик

Покрај

Крвоносен

сад

Ампер

Шестиот

падеж

Украсна

птица

Знак за

аргон

Услугата преку

која можете да

зборувате кога

сте во странство

Додаток

(лат.)

Вид куче

Тенекија

Готово

јадење

Ќерка на

барон

Дел од главата

Глобален

сисистем за

моб. комуник.

3

ФК од

Холандија

Томас

Нортон

Знак за

лутециум

Памет

Префикс

воздух

Ел. направа

за готвење

Лоренс

Оливие

Државник на

OOН Kофи

Шпанско

женско име

7

Жени (тур.)

Река во

Полска

Планина во

бугарија

Езеро во

Финска

Уметност

(фран.)

Тритиум

Ворен Оутс

Лековита

билка

10

Руски авион

Марка на

мобилни

апарати

Ампер

Изработувач

на решета

6

Машко име

Знак за јод

Јана Новотна

8

Река во

Русија

Јапонски

шах

Гркокатолик

Решението на наградниот крстозбор од минатиот број беше: ИНСПИРАЦИЈА.

Им честитаме на добитниците: Јасна Сотировска (Ресен), Горан Војновски (Тетово) и Гордана Бешлиоска (Скопје) кои беа најсреќни на

компјутерското извлекување одржано на 16 јуни во просториите на T-Mobile и добија припејд пакети со Sony Ericsson K510i. **

*Вработените во T-Mobile и нивните тандеми немаат право на учество во наградната игра.

** Рок за подигнување на наградите е 60 дена.

на наградното прашање

на 070 144 777 и освојте

припејд пакет со Sony

Ericsson K 510i!

Хороскоп за јули и август

Јупитер во поволна позиција за родените во: 1960/61, 1972 (март-мај), 1984 (февруари – декември), 1996.

Нека избегнувааат ризици родените во: 1948-1950, 1952, 1977-1980 (особено родените во зима- лето овие години).

Овен

Наредниве 2 месеца ќе имате нагласени промени во

полето на финансиите. Ви претстои инвестирање во

домот (електрични уреди, автомобил, недвижнини). На

помладите ова лето ќе им донесе љубовна врска која

може да заврши со брак, а на некои дури и принова.

Родителите на возраст од 27 до 31 и околу 36 години

нека бидат внимателни со здравјето на првото дете.

Бик

Во јули ви е нагласено полето на комуникации и најблиски

роднински врски, па извесни се групни собирања

и поблиски фамилијарни контакти. Август е пресвртен

месец во полето на домот и семејството (од 1 до 4 и

околу 16). Ви советуваме да внимавате на лицата кои

не поднесуваат топло, посебно на блиските со срцеви

проблеми. Периодот е поволен за продажба на инвентар

и адаптација на домот.

Близнаци

Јули е поволен за финансиска трансакција или купување

од странство, но внимавајте доколку плаќањето е преку

кредитна картичка. Интернетот сè уште не е сигурен за

трансфер на средства, па не бидете изненадени во првата

недела од август со недостиг на средства на Вашата сметка.

Периодов е поволен за летен одмор, а доколку се одлучите

на сингл варијанта, ви следува љубовна авантура со странец.

Рак

Семејните нервози од јуни се зад Вас, па можете да

здивнете и да планирате да се одморите од летните

горештини. Се советува да одбегнувате туристички

места каде што водата има сомнителен квалитет (можни

проблеми со кожата), а ова се однесува и доколку

размислувате за планински или за селски туризам. Совет:

Вардете се од инсекти во првата половина од август.

Лав Водолија

Иако е време за одмор, Вие како да планирате летово

да го поминете активно и деловно. Јули е месец на

откривање тајни поврзани со семејството, додека август

е месец на љубов и забава. Ќе изгледате сигурно и

неодоливо и ќе ја шармирате околината. Тоа ќе биде

забележано и од партнерот, па не бидете изненадени од

љубоморни сцени во периодот од 28 јули до 3 август и по

15 август. Во овие денови внимателно возете.

Девица

Доколку имате дилема за летен одмор „јули или август“,

ви советуваме да се решите за јулскиот период. Тоа

подразбира поволен аранжман и Ваше задоволство од

услугите што ќе ги добиете. Август може да Ви создаде

непланирани трошоци, па бидете внимателни со

материјалните добра. Доколку поседувате вреден имот,

осигурајте го, особено во периодот август/септември.

Индиска астрологија – Дневни и неделни прогнози.

Пратете СМС на 070 142 727 со содржина dd.mm.gggg, каде што dd.mm.gggg е Вашиот датум на раѓање.

Цената на користење на услугата е 5, 9 ден. со вклучен ДДВ.

Хороскоп

Симеон Атанасоски

www.asvedic.com

Терезија

Иако е лето и време за одмор, периодов е поволен на

деловен план. Размислете за посета на саем, изложбен

салон или можност за стручен симпозиум што ќе ви биде

од корист за наредниот период. Доколку постои можност

за летен одмор и стручно усовршување, не двоумете се.

Сексуалниот живот во овој период ви е во нагорна линија.

Скорпија

Планетата Марс го активира Вашето поле на кариера,

професионална определба, па извесни се случувања

поврзани со Вашата иднина и размислување за промена

на работата. Ваквата состојба е нагласена доколку сте

политички активен или имате познанство со лица од

политиката. Странците ви се исто така наклонети во овој

период.

Стрелец

Подгответе се за неповолниот аспект на планетата

Марс во јули (финансиии, здравје, нервози), бидете

внимателни со активностите околу 3 и 17 август. Ви

претстои и успех преку странец и покана за некаква

средба или патување. Доколку сте на возраст околу 17-

19, 28-30, 35-37 години, можни се потешкотии на близок

во првата половина од август.

Јарец

Јули е поволен месец за нови познанства, зголемена е

можноста да отпатувате, како и да склучите договор или

некаков аранжман. Поволно е доколку сте сезонски

трговец или изнајмувате опрема, простор и сл. Затоа, не

пропуштајте ја можноста да заработите! Првата недела

на август, внимавајте! Избегнувајте сообраќаен метеж,

проверувајте опасни уреди.

Доколку во јуни емотивниот живот Ви се подобри,

наредниве два месеца ќе бидат поволни на љубовно

поле и ќе ви донесат убави летни спомени, забавен

живот, пријатно друштво и нови пријателства. Извесни

се и покани за забави, роденденски прослави, свадби.

Избегнувајте сообраќаен метеж и нервози околу 20

јуни,1-3 и 15-18 август.

Риби

Јули е поволен во љубовта и се советува заеднички

помин со партнерот на летен одмор. Само треба да ги

избегнете неповолните 3 и 18 јули кои може да доведат

до љубоморни сцени или непријатност, но од минлива

природа. Во август навреме набавете средства за

заштита од инсекти и вардете се од изгореници.

41

Исклучете ги вибрациите

Функцијата вибрации е навистина корисна, особено на места каде

што има гужва и врева. Но, веројатно веќе знаете, токму оваа функција

е еден од најголемите потрошувачи на енергијата на вашиот мобилен.

Затоа ви советуваме кога батеријата ви е при крај, исклучете ги вибрациите

– ќе заштедите барем за уште еден разговор.

Употребувајте Bluetooth или WiFi само додека префрлате фајлови

Доколку користите Bluetooth за повремено префрлање фајлови од или

кон други уреди, нема потреба да ви е постојано вклучен. Најчесто

телефоните имаат Вклучи/Исклучи нагодување за Bluetooth, но луѓето

42

Неколку совети за…

Подолг век

на батеријата на

вашиот мобилен

Очекувате важен повик или треба да телефонирате,

но батеријата на мобилниот ви е

при крај, а крај себе немате полнач… Ова

не е сценарио од некој филм, туку реална

ситуација која може да ве најде на кое било

место, особено кога сте на одмор. Колку и

да сте внимавале на издржливоста на батеријата

при изборот на вашиот мобилен, сепак

ви препорачуваме да ги прочитате следниве

совети и да го продолжите векот на вашата

батерија до следното полнење.

забораваат да го исклучат. Истово се однесува и за WiFi, доколку

вашиот телефон ја има оваа функција.

Не користете ја камерата и медија можностите на телефонот,

доколку батеријата ви е при крај

Минимизирајте ја употребата на телефонот како музички или видео

плеер или пак, како камера за фотографирање. Така сигурно ќе

заштедите батерија.

Користете GPRS или EDGE конекција само додека пребарувате на

интернет или прегледувате е­пошта

Доколку сте пребарувале на интернет преку вашиот телефон, проверете

дали GPRS или EDGE конекцијата остануваат активни во позадина и по

завршување на вашето пребарување. Доколку сакате да заштедите батерија,

до следното полнење исклучете ги конекциите кога не сурфате.

USB кабел – идеална замена за класичен полнач

Еве уште еден совет за оние кои имаат телефон кој поддржува полнење

преку USB. Најголем дел од Windows Mobile smart телефоните,

но дел и од други модели на телефони, имаат стандарден miniUSB

слот кој може да ги користи истите кабли како и најголем дел од

дигиталните камери. Додека сте на одмор можете лесно да најдете

ваков кабел околу вас и да го наполните телефонот. Ова е решение за

спас дури и при најлошото сценарио – да го заборавите полначот за

вашиот мобилен дома!

Сепак, најдобро е телефонот да го користите со сите негови функции,

каде и да сте, без да мислите на батеријата. Но, сè додека новата технологија

не ни овозможи полнење на телефоните преку сончевата светлина,

се надеваме дека нашите совети ќе ви овозможат разговор повеќе.

Клуб 360 – Клуб

на привилегирани

членови

Драги пријатели, членови на Клуб 360,

*Бизнис корисниците за секои 1 000 денари на месечната сметка добиваат 36 поени.

** Плаќањето на месечните сметки со траен налог можете да го реализирате на шалтерите во Стопанска банка, Комерцијална банка и ДИНЕРС клуб.

Соберете што повеќе поени на лесен начин и искористете ги за да добиете нов мобилен телефон или други привлечни подароци

од програмата на Клуб 360.

Од 1 септември, идентификација при нарачувањето на артиклите претставува Вашиот број на фактурата наведен на нејзината прва страница.

Каталогот на подароци, освен на страниците на Клуб 360 магазинот, може да го погледнете и на www.t-mobile.com.mk.

Срдечно Ваш,

Тимот на Клуб 360

Каталог на подароци

Да го пречекаме летото подготвени за патување, зашто нема подобро годишно време за тоа! Патувањето не е само порив да се биде таму кај што

не сте, туку и каква било друга промена на местото, во географска, но и во духовна смисла. Патувајте со или без превозно средство, патувајте

вистински или во мислите, најважно е да почувствувате нешто ново и поинакво. Се разбира, не оставајте го својот мобилен телефон, зашто тој е

создаден да биде постојано со вас, во мирување или во движење. Патувајте, зборувајте и... добивајте подароци.

Начините на наградување со кои добивате многу повеќе поени и за покусо време имате можност да дојдете до посакуваниот подарок

продолжуваат. Како и досега, колку подолго сте наш постпејд корисник, толку повеќе поени добивате, со дополнителна награда од 50 поени

за секој месец, годишно добивате речиси двојно повеќе. Поени добивате и за висината на месечната сметка, како и за плаќање на месечните

сметки со траен налог **, при што активирањето на овој современ начин на плаќање кој ви остава време за што повеќе убави моменти, секој

месец ви носи дополнителни 120 поени.

Со заемната доверба секој ден стануваме поблиски, но и се придвижуваме сè поблиску до целта: денес подарокот што ни се допаѓа, утре

– можеби ново пријатно изненадување.

За нарачка и повеќе информации, јавете се на 070 122. Цената на повикот е 3 ден./мин. (3,54 ден. со ДДВ). При нарачувањето на избраниот

подарок, соопштете му го на операторот Вашиот број на фактурата наведен на нејзината прва страница.

43

Каталог на подароци

Добиј го подарокот

што го посакуваш

90065

Balmain деловна

чанта

14 000 поена

90062

Куфер 1/1

27 130 поени

10149

Голема патна торба

3 167 поени

10357

Торба за лап­топ 600D

5 500 поени

21 704 поени

74 x 34 x 38 cm

90066

Neotec Delux 840D

чанта за лаптоп

17 870 поени

10372

Royal ранец за лап топ

2 600 поени

10391

Ранец 840D

5 550 поена

10278

Сина патна торба

2 500 поени

90067

Сет пластични

куфери1/2

31 770 поени 25 416 поена

90064

Луксузен куфер со тркалца

31 600 поени

10385

Сет од 5 спортски торби

14 100 поени

90071

Кожена деловна чанта

79 590 поени

11 280 поени

90042

Машка луксузна

навлака за костум

7 000 поени

10393

Mала патна торба

2 000 поени

10368

Триаголен ранец

3 200 поени

10353

Морнарска торба

3 500 поени

50 x 30 x 20 cm

10382

Детска кукла мече

2 000 поени

10132

Топка фудбал

2 280 поени

10380

Торба за на појас

3 700 поени

10350

Комплет за вежбање

од 6 делови

5 750 поени

10295

Сет за скара

7 000 поени

10383

Детска кукла куче

2 000 поени

10359

Вреќа за спиење

6 350 поени

90004

Мини голф сет

8 890 поени

10392

Викенд ранец

6 200 поени

10360

Комплет за маникирање

2 100 поени

10384

Детска кукла мајмунче

2 000 поени

10364

(20 x 09x 35 cm)

Излетнички сет за кафе

7 890 поени

10389

Комплет за во бања

2 000 поени

10377

Детска шолја

кравичка

1 000 поени

10333

Папка за CD

1 000 поени

10378

Детска шолја пиле

1 000 поени

10346

Авантуристички комплет

5 700 поени

10362

Ноже со 11 функции

2 160 поени

10373

Сет алати за

во автомобил

4 440 поени

10345

Комплет боички

5 123 поени

45

46

Каталог на подароци

10313

Чадор за на плажа

5 200 поени

60117

Фитнес лежалка

за на плажа

3 400 поени

60128

Рибарско столче

2 400 поени

60127

Столче за сончање

6 420 поени

Вредносни картички

70005 3 000 поени

Вредносна картичка 590

60125

Простирка за на плажа со стреа

4 250 поени

60124

Mедитерано столче

за на плажа

10 670 поени

10375

Шатор

10 567 поени

60118

Термо торна 210D

5 100 поени

70006 4 000 поени

Вредносна картичка 900

60126

Чамче

1 630 поени

60120

Комплет

Земи и Фрли

2 000 поени

60119

Комплет за нуркање

6 900 поени

40051

Водоотпорен фотоапарат

2 570 поени

60032

70007 8 000 поени

Единечен душек

2 200 поени

60116

Комплет ранец

игри за на плажа

9 865 поени

10376

Столче нишалка

6 600 поени

10396

Комплет за шиење

1 000 поена

Вредносна картичка 2000

Одберете го вашиот нов мобилен телефон

Alcatel 207

20204

10 740 поени

Nokia E51

20221

66 600 поени

SonyEricsson W200i

20188

24 648 поени

SonyEricsson Т280i

20232

19 632 поени

SonyEricsson W580i

20218

50 500 поени

LG KG130

20205

17 977 поени

Nokia 2630

20227

21 669 поени

SonyEricsson W350i

20231

30 614 поени

SonyEricsson К550i

20193

36 705 поени

Sagem My401

20197

18 532 поени

Nokia 6300

20187

39 798 поени

Samsung Ј700

20234

28 650 поени

LG KP235

20224

17 985 поени

MDA Mail

20210

57 774 поена

Sagem My511x

20226

21 592 поени

Nokia 6500c

20220

67 753 поени

Samsung U990

20233

89 969 поени

Samsung C170

20212

18 192 поенa

MDA Compact

20202

102 407 поени

Sagem My220x

20208

12 484 поени

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!