01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Клуб 360 предлози

Наш генерален став во однос на читањето на

плажа е дека треба да се понесат помалку

амбициозни наслови, првенствено во однос

на бројот на страниците, но и во однос на

„компактноста“ на содржината. Оставете

нешто и да ве чека дома, а понесете го она

што може да се чита парцијално, она што

нуди моментно задоволство: поезија, раскази,

романи со лабава, фрагментарна структура,

прозни дела кои функционираат и како

засебни раскажувачки медалјони.

Специјално ви го препорачуваме романот

„Се викам црвено“ од Орхан Памук, кој

е токму таков каков што „пропишавме“ во

претходната реченица. Мегапопуларен,

мегачитлив, мегавреден,.. совршено

организиран како целина, но и раздробен

на бравурозни, инстант-воодушевувачки

глави, неколкуминутни книжевни парчиња!

Се чита по ред или прескакулица, може

да се ужива во него толку минути колку

што имате (или сакате да одвоите)...

Задоволството е загантирано, а доколку

не успеете континуирано и целосно да го

„поминете“, останувате оштетени (само) за

димензијата на целото. Можеби нема да ја

видите целата слика составена, но толку

ќе бидете одушевени од деталите сами по

себе, што нема ни да претпоставите дека

ве чека уште нешто. „Се викам црвено“ е

издание на „Табернакул“, одличниот превод

на македонски е на Илхами Емин. Иако

во основата е криминалистички роман,

жанровскава одредница и не му може

којзнае што. „Се викам црвено“ раскажува

настани од 16 век во Истанбул кои во

себе ги содржат сите наредни векови и

најдалечни простори. Откривајќи ја душата

на Турција, пред ваши очи ја открива и

вашата душа.

Најновата збирка раскази на Оливера

Николова, една од нашите најпознати

писателки, се вика „Лева комора“ и

е создадена за читање во еден или во

повеќе здива. Неоптоварувачкиот, а сепак

„кристален“ раскажувачки стил на дваесет

и едниот расказ се повеќе од гаранција

дека ќе имате 21 миг на задоволство.

Читајте расказ по расказ, читајте избирајќи

според должината на приказната или

според насловот, избирајте според што

и да е и бидете сигурни дека не можете

да згрешите. „Лева комора“ е издание

на „Темплум“ во едицијата „Магма“, што

и во физичка смисла подразбира малку

простор за многу задоволство. Спакувајте ја

веднаш оваа „химна на женскоста“ (Никола

Гелевски).

Читајте го Петре М. Андреевски секогаш и сегде

Ако не сакате да ризикувате, ако не сте

расположени да се соочите со нешто

ново и непознато, а сепак сте вљубеник

во книжевноста, читајте го и ова лето

Петре М. Андреевски. Сеедно дали

досега повеќепати сте уживале во

неговото творештво, па сега, поттикнати

од најновата претстава „Сите лица на

Петре М. Андреевски“ во Драмскиот

театар сакате повторно да се навратите,

или со некои негови наслови ќе се

соочите по прв пат, Петре М. Андреевски е повеќе од гаранција дека летниот (и не

само тој!) одмор ќе ви биде незаборавен. Читајте ги „Дениција“, „Пиреј“, „Скакулци“,

„Небеска Тимјановна“, „Последните селани“, „Сите лица на смртта“... доловувајќи си го

гласот на еден од најдобрите македонски раскажувачи на сите времиња или, ако сакате,

доловувајќи си го гласот на Ѓорѓи Јолевски од актуелната претстава – омаж на великанот.

Поширок спектар

Овде ќе им се обратиме на читателите на

Клуб 360 кои имаат прецизно дефинирани

ставови во однос на книгите: на оние кои

сакаат да читаат книги од млади автори,

свежи и недоволно познати книжевни

писма, или пак, на оние кои сакаат такви

и такви наслови или тие и тие автори и од

тоа не отстапуваат никогаш и по ниедна

цена. За првите, еве го романот-првенец

на Славчо Ковиловски „Опасен сум“: кус,

свеж, впечатлив, „исечен од скопското

секојдневие“ и залепен во универзалното,

модерно време. Непретенциозно раскажан,

спонтано и над сè искрено спрема себеси

како автор и искрено спрема другите како

ликови или читатели. Можеби овој роман

нема да го помните за цел живот, но сигурно

нема ни да го заборавите во песокот, зачитаннедочитан.

Збирката раскази „Катедрала“ е вистински

избор и за оние кои го обожаваат Рејмонд

Карвер, но и за оние кои никогаш досега не

се „сретнале“ со него. Можеби најдобриот

американски раскажувач во минатиот

век кој во своите раскази вообичаено

ни доловува парчиња живот на обичниот

човек од предградијата, и во „Катедрала“ ги

„лови“ здодевните мигови кои вообичаено

се прескокнуваат во приказните. Според

неговиот веќе препознатлив принцип

„помалку е повеќе“, Карвер виртуозно

ве вовлекува во светот на аутсајдерите,

подготвувајќи ви крај што сигурно нема

да го претпоставите. Можеби токму затоа,

расказите на овој автор кои не оптоваруваат

(но изненадуваат и сигурно задоволуваат)

се идеални за летна, зошто не и за „плажна“

лектира.

Понесете ги со себе и краткиот, фуриозен

роман „Плескање на слугинката“ од Роберт

Кувер (ако сте книжевно похрабри и сакате

раскажувачка есктраваганција), или, можеби

некој од романите на „Матица македонска“

од традиционалната кампања „Со книга на

плажа“ што годинава се организира по 8.

пат. Потенцијални хитови на летово според

овој издавач беа: „Ќерката на чуварот на

спомените“ од Ким Едвардс, „Кралска

крв“ од Харолд Робинс, „Мојата омилена

сопруга“ од Тони Парсонс, „Белата Масаи“

од Корин Хофман и „Дрво на ангелите“

од Пени Самнер, при што првиот роман

(„Ќерката на чуварот на спомените“) беше

избран од членовите на Клубот Матица за хит

на летото 2008. Проверете зошто!

23

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!