01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Гости на Клуб 360: Мартина, Блерта и Анастазија

Причините за гостувањето на

трите ученички од турскиот колеџ

„Јахја Кемал“ во Скопје во

нашиот магазин се повеќебројни.

Секоја одделно (и причина

и ученичка) заслужува свој

простор и интерес, а сите заедно

раскажуваат една автентична,

домашна приказна за убавото

„сега“ и можното, уште

поубаво „утре“.

Убаво „сега“, поубаво „утре“

Последниот ден од оваа учебна година го

поминавме во турскиот колеџ „Јахја Кемал“

со Мартина Јакимовска, Блерта Хаџијаха

и Анастазија Ристовска, во чест на еден

неодамнешен, а празнувајќи друг, необјавен

и тукушто остварен успех. На почетокот од

мај одекна големата вест дека токму овие три

ученички од 3 година добија златен медал

на Светската олимпијада на проекти по

енергетика, инженерство и животна средина

SWEEEP 2008 (www.isweep.org)

што се одржa во Хјустон, сојузна држава

Тексас, САД. Нивниот проект „Отпадот

од морските плодови – решение за

сите земјоделски проблеми“, стрпливо

подготвуван цели 8 месеци под менторство

на професорката Зубејде Демирал,

предизвика огромен интерес меѓу

угледното жири составено исклучиво

од универзитетски професори, и во

конкуренција од 1 200 проекти (400

финалисти, присутни на олимпијадата) од

51 земјa и 38 сојузни држави во САД, им

го донесе златниот медал. Во чест на овој

вистински подвиг на младите средношколки

долго се договаравме за средба, а дента

кога успеавме да го оствариме тоа, дознавме

дека тие тукушто беа вратени од Турција со

уште два медали: злато и сребро. Не сакајќи

да го засениме мајскиот успех, сепак го

прославивме и овој. На традиционалната

олимпијада што во 13 категории се

одржува во Анкара веќе по 6. пат и каде

што учествуваат екипи и претставници од

стотина земји, во категоријата Општа култура,

Анастазија освоила златен медал, а во

категоријата Турскиот како немајчин јазик

– Мартина освоила сребрен. Нашата трета

гостинка, Блерта, минатата година се вратила

од Анкара со два златни медали: еден од

проектната олимпијада ИНЕПО, и еден од

Меѓународната олимпијада по турски како

немајчин јазик.

Мартина Јакимовска:

Секогаш таму кај што треба

да се биде

Одговори и на

непоставени прашања

На прашањето како стигнаа на Олимпијадата

во Хјустон, добивме одговор дека

информациите за настаните од ваков тип се

заслуга на самото училиште. „На огласните

табли постојано се обновуваат информациите

за сите актуелни конкурси, натпревари,

ученички конгреси, олимпијади... На нас е

само да одбереме на што ќе учествуваме

според сопствените интереси и афинитети.

Понатаму, сè е прашање на квалитет. Колку е

Она што постојано ја движи напред се

амбицијата и вербата. Совршена за работа

во тим, толерантна и „секогаш е таму кај што

треба да се биде“. Нејзините соученички и

другарки велат дека е „родена за баланс“,

за рамнотежа, да ги помири крајностите и

со сите околу себе да продолжи кон целта.

Не знае точно што сака да биде во животот, но она за што дефинитивно ќе се реши

мора да го подразбира светот во множина.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!