01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Повеќе од атракција

Морски оргули

Колку места, толку причини да ги посетите... Колку градови, толку различни приказни... Сепак, некои од

нив, надалеку чуени и зборувани, како да го заслужуваат вашето внимание малку повеќе од другите...

Ако не сте биле во Задар (Хрватска) на Јадранското Море последните неколку години, направете го тоа

првата можна прилика, зашто овој град со морските оргули повеќе не е ист каковшто беше без нив.

Во периодот 2004/2005 на дел од

задарската „рива“ беше реализиран

еден исклучителен проект на познатиот

хрватски архитект Никола Башиќ (во

консултација со редица стручњаци

од повеќе различни области). На

седумдесетина метри по должината

на брегот, скали во неколку редови

се спуштаат кон, поточно, во самото

море. Во нив се вградени 35 цевки со

различна должина, широчина и агол на

поставеност, кои имаат специјални т.н.

лабиуми (свирчиња) и „умеат“ да отсвират

7 акорди од 5 тонови. Звукот излегува низ

перфорираните камени скали потиснат од

34

музикалноста на самото море и влегува

направо во вашите уши како волшебна

музика на митските сирени.

Кој тоа таму свири?

Ова необично место, спој меѓу идејата и

вештината од една страна и енергијата

на морето, на брановите, на приливот и

одливот, од друга, подеднакво ги плени

и мештаните и туристите. За неполни 3

години прерасна во омилено градско

собиралиште каде што постојано ве

забавува природниот, морски оркестар.

Брановите се маестралните изведувачи,

Фото: Роберт Месариќ

robert.mesaric@zg.t­com.hr

а интензитетот на музиката зависи

од нивната, но и од вашата моќ да си

разјасните „кој тоа таму свири“.

2006 година, во конкуренција од 207 проекти,

токму проектот „Морски оргули“ во Задар ја

доби Европската награда за урбан простор

(www.urban.cccb.org).

Ако овие информации не ви се доволни

да тргнете веднаш, посетете ја

официјалната веб страница на оргулите

(www.seaorgans.com) и... пред да ја

догледате, барем тајниот дел од вашето

битие веќе ќе биде таму со начулени уши.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!