You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
20

SMS интервју: „Љубојна“

Помеѓу отменоста на Европа

и манирите на Истокот

SMS дружбата овој пат ја споделивме со музичките артисти од групата „Љубојна”, која на

сценското поклонување на „Сите лица на Петре М. Андреевски”, му даде посебно обележје. ЦД-то

со оригиналната музика од претставата ќе биде презентирано на концерт во живо во Драмскиот

театар во септември. Додека го договаравме ова SMS интервју со дел од членовите на групата:

Вера Милошевска-Jосифовска и Оливер Јосифовски, тие веќе ја направија и промоцијата на

новиот албум „Македонија“, снимен од настапи во живо на летната сцена на МНТ-Центар.

Клуб 360: Зошто „Љубојна“?

„Љубојна“: „Љубојна“ е комбинација од

два збора: љубов и бој. Таа кованица ја носи

сета сила на она што се случува меѓу нас, во

музиката и на сцената.

Клуб 360: За што пее „Љубојна“?

„Љубојна“: Нашата музика е пулсирање на

еден современ човек. Тоа е нашиот глас,

наша идеја за севкупност - неразделива од

македонскиот бит.

Клуб 360: Што е она што направи да истраете

6 години?

„Љубојна“: Страста со која музиката нè

води само напред и желбата таа преку нас

да си го заземе својот пат... Посебен белег

на „нашето патување“ му дава пејачката

експресија на нашата Вера.

Клуб 360: За Вера се вели дека е вистинска

наследничка на Вања Лазарова, Мирвет

Белевска…

„Љубојна“: Многумина во Вера препознаа

божествен глас. Низ нејзината пејачка

моќ струи „Љубојна“, прераснувајќи во

препознатлив бренд.

Клуб 360: Која е тајната на вашиот успех?

„Љубојна“: Успехот е една непостојана

точка. Музиката се движи, грижливо се гради

и постојано отвора нови прашања, нови

циклуси. Но, се темели на богатото искуство

и на вештината преземена од мајсторите на

македонската музика.

Клуб 360: Звучите многу приемчиво, но

специфично...

„Љубојна“: Музиката ја носи отменоста на

Европа и манирите на истокот, носи многу

енергии, многу вкусови и многу сраснати

стилови што ја прават единствена, разбиена

од чувства што нишаат и носат во радосна

тага.

Клуб 360: Збор-два за искуството со

театарскaта музика и за соработката со

Владо Цветановски.

„Љубојна“: Театарот е многу чувствителен

медиум со посебни финеси. Музиката уште

повеќе го облагородува, го збогатува. Ова не

ни е прва соработка со Владо Цветановски.

Меѓу нас има еден заеднички јазик што ни ја

спојува креативноста.

Клуб 360: Концерт, нов албум... Можеби

следното е музика за филм?

„Љубојна“: Да, ни претстои издавањето на

аудио ЦД со музиката од претставата и негова

презентација во живо во Драмскиот театар во

септември. Рековте филм? Дај боже.