01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

26

Некаде... Островот Вава’у, Тонга

Пасатните ветрови на

промените

Слушам звук на црковно ѕвоно во далечината. Мрзоволно

ѕиркам низ бродскиот отвор: бие уморно некаде од правецот

на црквана, наперчена и сама на ридот сред гратчето Неиафу

на островот Вава’у.

Пристигнуваме. Запеаја и петлите, но и

тие како да приговараа. И тие и ние бевме

жедни за уште по некоја капка сон. Ноќта

пред нашиот брод да пристигне на брегот на

Кралството Тонга не беше најмирна. Но, по

навика на овие меридијани, утрото рака под

рака со Сонцето го донесоа новиот ден и ете

веќе се беа фатиле за работа - го боеја небото

во пурпурни нијанси. Беше тоа повторно

она типично небо за Океанија, со далечни

облаци над зелените рамни корални острови

расеани низ тиркизниот бескраен тепих на

Јужниот Пацифик. Облаците како воздушести

перничиња непосредно над океанот пркосно

се издигаа нагоре, формирајќи столбови кои

завршуваа над црвенилото на хоризонтот.

Величествени кумулонимбус облачиња над

Тонга и денес за Вас, дами и господа!

Без коса и веѓи,

за смртта на кралот

Помеѓу Фиџи и Куковите Острови се

сместило единственото опстанато кралство

во овој дел од Земјата тркалезна. Беше тоа

октомвриско утро, лето шесто од третиот

милениум.. Осамна над нацијата уште

еден тажен ден. Пред неколку дена го беа

испратиле над облаците, оние пурпурните,

починатиот и можеби нивниот последен

вистински полинезиски суверен - кралот

Туполу IV. По него остана празнина која се

чини брзо ќе биде пополнета, но со што? Нов

крал или ново државно уредување? Кој ќе ги

води во новата ера: синовите на кралот или

тие на револуцијата? Жените во кралството,

како и ужалената принцеза Пилолеву Туита,

веќе беа на неделна миса со церемонијално

потстрижените шишки како знак на почит

кон нивниот крал. Беа на купче молитвите на

обичните луѓе и на оние со пигментираната

крв. Така било од дамнина. Но, заедно се

само за време на неделните миси. Обичните

граѓани забележуваат и шепотат: промени

надоаѓаат од секаде, па и во церемониите.

Некогаш за вакви тажни настани жените си

ги бричеле целосно и косата и веѓите! Се

прашувам: Се жали помалку или се жали

повеќе за други нешта, освен за кралот?

Беше недела, но и во други денови,

работните, во ова ќоше на планетата немаше

да пристигне Washington Post или Economist.

И други денови овде можеше да снема

струја или вода, да не слета да ве земе

вашиот авион, да се израдувате на вкусот на

чоколадата, најверојатно со поминат рок.

Се вкотвивме и непоканети се нурнавме

во нивните животи. По малку иронично,

еден Чилеанец, Боцванка и Македонец се

чувствуваа како да стапнале на крајот од

светот. Ние бевме возбудени и среќни. Тие,

љубопитни, прекрасни и егзотични во својата

величествена мрзливост. Чекаа да видат

какви вести ќе донесат белците овој пат. Во

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!