01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

се забавува и себеси и публиката, а сето тоа да претставува милионски

бизнис на задоволство на придружната индустрија.

Како и повеќето мотоциклисти од денешната генерација, Вале Роси

почна од најниската класа на мотори со зафатнина на агрегатот од 125

сантиметри кубни. Нема потреба да ги цитираме бројките од неговата

биографија, доволно е да се каже дека се прошета низ категориите за

калење како на променада, истовремено и лежерно без запнување,

но со доволно тренинг и знаење за да може да оди со исправена глава

и непогрешлив чекор. Од 2000 времето повторно почна да се смета,

бидејќи направи трансфер во елитната класа и малку недостасуваше

да му ја украде славата на Кени Робертс Јуниор кој само

тогаш покажа дека потекнува од шампионска лоза и го донесе

Сузуки до прва титула по подолгиот пост од пензионирањето на

Кевин Шванц. Но, затоа од 2001 па до 2005, Роси ја преслуша

комплетната генерација повозрасни колеги како Макс Бјаџи,

Карлос Чека, Гери Мек Кој, Сете Жиберно, Лорис Капироси,

Алекс Барос - и безмалку, сите до еден ги испрати во пензија без

да се порадуваат на титулата, бидејќи по доминацијата на Мик

Дуан претходните пет години, дојде времето на „докторот”.

Tалент наспроти техничка империја

Роси успеа да покаже дека може да освои титула во елитната

класа и без да биде во фабрички тим, туку со приватната

Хонда и спонзорот Настро Азуро демонстрираа што

значи талент наспроти техничка империја. Преоѓањето во

фабричкиот тим на Хонда му донесе уште поголема сила

и можеби пософистицирана едукација, но притисокот кој

го чувствуваше во хиерархијата му беше поголема мака

отколку што сето останато го чувствуваше за задоволство,

па едноставно во 2004 им рече „збогум“ и отиде во

инфериорниот тим на Јамаха. Во моторизираните спортови

чуда не се случуваат така лесно, па дури ни Шумахер

кога од Бенетон премина во Ферари не освои титула

пет години, но Роси успеа да разбие уште една догма.

Две титули едноподруго беа шлаканица и за Хонда која е најуспешен

конструктор со преку 500 гран при победи, и за оние кои седнаа во

неговото седиште и едвај издржаа по една сезона пред да напуштат

(Бјаџи и Барос). Во 2006, кога Хонда конечно ги консолидираше

своите редови со Американецот Хејден и се избори за титула, стапи

на сцена масовната промена на правилата, односно укинувањето на

кубикажата од 990 сантиметри кубни и намалувањето на 800 ccm.

Во првата година со новиот сет регулации (2007), Дукати блесна и

го промовираше Кејси Стонер како нова ѕвезда, но Валентино и

нему како и на Хејден претходно им опонираше до последната трка.

Оваа 2008 имаше еден од најжестоките стартови со четири различни

победници во првите четири трки, а Валентино го промовираше

концептот „човек-тим”, бидејќи побара од Јамаха да му обезбеди гуми

на Бриџстоун, додека неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо вози на

Мишелин. Во меѓувреме, тој стана синоним за мега-ѕвезда, бидејќи

никој не успеал да и се приближи на публиката на начин како што тој

тоа го правеше прославувајќи ја секоја своја победа на различен начин.

Најчести придружници во тоа се неговите другари од детството кои

патуваат со него на трките, а на пример седмата титула ја прославија сите

облечени како „Снежана и седумте џуџиња“, додека редовните победи

беа обележувани со сцени од типот „полицаец кој го запира Валентино

по стартно целната рамнина и му пишува казна дека бил пребрз” или

„фул монти стриптиз“, фрлајќи сè во публика - од кацига до чизми...

Пред малку повеќе од еден месец, Валентино Роси стигна до својата

90 гран при победа во Ле Ман, со што се изедначи со Анхел Нието.

Шпанецот иако чекори во шестата деценија од животот, за таа прилика

дојде во Франција, го сочека Роси по стартно целната рамнина облечен

во комбинезон и му понуди тој да го

вози почесниот круг, додека 28-годишниот

Италијанец мавташе со знаме „Нието и Роси, 2 х 90”.

Имајќи предвид дека сега само Џакомо Агостини останува пред

Роси на „вечната листа” со четириесет триумфи повеќе, со сигурност

може да се предвиди дека претстојат уште интересни сезони во кои

инспирацијата на Роси ќе нè расположи сите.

Александар Табаковски

(Ф1 Алманах)

33

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!