01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

„Ќе спијам во движење,

сенката своја ќе ја

прескокнам. Ќе направам

да не се знае кај е лево кај

е десно, ќе ти наберам

ѕвезди, ќе ти влепам

шлаканица само да

ме сакаш.“

„Дениција”

на Петре М. Андреевски“ и тоа во умешната и

достоинствена изведба на младата актерска

дружина во состав: Трајанка Илиева, Борче

Начев, Димитрија Доксевски, Калина Наумовска,

Бошко Бозаџиевски, Маја Вељковиќ – Пановска,

Гордана Ендровска, Филип Трајковиќ,

Димитар Ѓорѓиевски и Жаклина Петровска.

Актерот Ѓорѓи Јолевски кој во својот актерски

век зад сад себе ги има наградите за актерско

остварување на „Стериино позорје“, „Војдан

Чернодрински”, „Златна маска“, „Ристо Шишков”…

беспрекорно го води целото дејствие

и со неодолива леснотија и умеење нè води

од сцена во сцена. Неговото маестрално поклонување

пред публиката, чиниш ти го краде

здивот со мајсторски подготвените дијалози,

монолози, кажувања…

Затоа го сакаме Петрета...

Не е нималку лесно и едноставно да се

проговори само за еден од младите актери

(некои од нив дипломирани во класата на

Цветановски), затоа што станува збор за

тешко делива екипа. Нивните актерски

способности доведени до перфекција на

сцената функционираат како Едно, успевајќи

да ви ги отворат сите сетила и да ве натераат

да го наполните душевниот лакримариј со

солзи радосници. Сепак, чувствуваме потреба

директно да ви ја пренесеме изјавата на

Димитар Ѓорѓиевски: „„Ја сакам Македонија,

посебно кога ја гледам цела нагнетена во едно

заборавено парче планина во Бродското село

Сланско. Ја сакам реката Сланштица и сите

лузни што ми ги оставиле нејзините камења. Ја

„Ова е само една вистина, зaшто

вистини има стопати по толку,

којзнае колкупати по толку. Вистини

има колку што има и луѓе, и живи и

мртви.“

„Небеска Тимјановна“

„Срцето најмногу открива, тоа не знае

за стратегија, тоа е предавник. Секаде

те открива. Дури и на непријателот што

го демнеш молкум. Легнувам убаво

и си починувам, чекам да подзапре

чукањето на срцето.“

„Пиреј“

„Сонував дека патувам со некој воз што

минува низ долги, но осветлени тунели. На

станицата стоеја љубопитни луѓе од непознато

потекло. Беа собрани во купчиња и заинтересирано

гледаа во мене. Според гледањето

се чинеше дека ме познаваат од некаде.“

„Сите лица на смртта“

сакам селската црква кај што лежи погребана

баба ми, и можеби затоа го сакам Петрета“.

Претставата ја имаше својата премиера на 9

мај, и, за жал, во моментов заради летните

одмори е невозможно да се види на редовниот

репертоар на Драмски театар. Но, она што

бездруго треба да го направите при самиот

почеток на новата театарска сезона е да ја

погледнете оваа претстава и да ја понесете

со себе пораката која великиот Петре М.

Андреевски ви ја праќа од зад сцената, или

можеби од зад кулисите и ложите каде што

љубува со својата Дениција, Велика, Небеска…

Рашела Гинова

Фотографии: Наум Доксевски

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!