Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
Театар: „Сите лица на Петре М. Андреевски“

Да се говори за великанот на македонската

поетска и творечка реч кој во својот животен

век, остави една од најбогатите ризници за

постоењето на македонскиот идентитет -

магот Петре М. Андреевски е предизвик, чест

и задоволство. За момент чувствувате дека

сите негови, добропознати ликови се живи,

дека ви зборуваат вам, дека ви се вовираат

под кожата со сета нивна големина, терајќи

ве да заплачете од тага, радост, неостварени

желби, мечти, љубов, радост...

Сите потекнуваме

од исто место

Режисерот и професор по актерска игра на

ФДУ - Владо Цветановски, кој зад себе има

18

Лакримариј

од солзи

(радосници)

Ова е претстава на која нe можете да останете

рамнодушни, не можете да не се искапите

во сопствените солзи кога на сцената ќе се

„сретнете“ со сите лица на Петре М. Андреевски.

богато театарско-режисерско портфолио со

околу 50 претстави, еден игран филм, документарни

проекти и звучни награди, очигледно

не можел да му одолее на книжевниот

волшебник кој и по смртта продолжува да

раскажува. Веројатно токму затоа, се решил

на сцената на Драмски театар преку брилјантниот

мултимедијален проект „Сите лица на

Петре М. Андреевски” да нè потсети кој беше

ненадминливиот поет, раскажувач, есеист и

драмски писател. Во една прилика, Цветановски

изјави: „Неговите песни, романи, раскази

се бисери на нашата духовна длабочина.

Се подзаборавивме себеси, но фала му на

Бога, тука се нашите писатели да нè потсетат

- моментот дека сме од исто место е вечен,

затоа што сите ние потекнуваме од местото на

Лакримариј е шишенце во кое европските дворјанки

собирале солзи за разубавување. Нашите мајки пак,

собирале солзи за да имаат што да однесат на гробишта.

Петре М. Андреевски: Република Македонија

(Слоештица)!“

Сплотена, тешко

делива екипа

Она што Цветановски заедно со својата екипа

актери и соработници и го пренесе на публиката,

се чини исконско. Драматургот Јелена

Цветановска, сценографот Владо Ѓоревски,

костимографот Благоја Мицевски,.. сето тоа

облагородено со музиката на Оливер Јосифовски

и уметничкото перо на Андреевски помладиот

– познатиот сликар Сергеј Андреевски,

несомнено се екипа за која допрва ќе следуваат

бројни награди, признанија и гостувања.

Убаво и незаборавно е да се видат „Сите лица