01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

во форма на „фустани за капење“. Тогаш

жените почнуваат да носат долги фустани

направени од непроѕирни ткаенини кои

заштитуваат од транспарентноста кога телата

се мокри. „Фустаните за капење“ имале еден

вид мали тегови по должината на рабовите за

да го спречат нивното поткревање кога се во

вода. Мажите пак, носеле гаќи за капење со

долги ногавици, тесни и припиени за нозете,

слични на некогашните ѕиври, во најмала

рака обидувајќи се да ја зачуваат пристојноста.

19 век за жените ги донесува и дводелните

костими за капење, кои содржат фустани

до колена преку сет од добро прицврстени

панталони кои се спуштаат сè до глуждовите.

Мажите во истото време носеле слични

костими како и жените, само, се разбира,

без фустаните озгора. На овој начин модата

стапува на сцена и во оваа категорија, со

сериозно водење сметка за традиционалниот

императив – пристојноста.

Од пристојност кон удобност

Радикални промени во стиловите (и во

ставовите!) се појавуваат молскавично во

почетокот од 20 век кога капењето, а со тоа

и костимите за капење, стануваат помалку

конзервативни и порелаксирани, со самото

тоа и попрактични. Пристојноста, иако сè

уште почитувана и одржувана насекаде, особено

во западниот свет, почнува полека да им

го отстапува патот на комфорот (удобноста)

и на модата. Ова е време кога деколтеата се

спуштаат надолу (од вратот кон градите), а

должините се искачуваат нагоре.

Во 40-тите години од минатиот век, производителите

на костимите за капење воочуваат

празнина на пазарот. Корсетеријата веќе го

губи здивот, а новите „откривачки“ костими

изискуваат експертизам при дизајнирањето

олку мали парчиња со кои би се скриле голе-

мите недостатоци, особено на женската фигура.

Ова доведува до откривање на стречот од

кој почнуваат да се изработуваат контролните

панели на стомакот. За градите почнуваат

Потсетете се...

Развојот на костимите за капење како

атрактивни модни парчиња може

да се проследи и преку одредени,

незаборавни сцени од големото платно.

По постерот на Мерлин Монро од 1950

година, Брижит Бардо во филмот „И бог

ја создаде жената“ (1956) за прв пат

се појавува во бикини! Потсетете се и

на филмот „Д-р Но“ од 1962 кога тогаш

дваесет и шестгодишната Урсула Андрес

во бикини од кожа излегува од вода...

Култната сцена (а зошто не и костимот за

капење!) ја лансира оваа, тогаш млада

актерка директно во холивудските ѕвезди.

Костимите за капење можат да направат

вистински чуда!

да се употребуваат потпори и држачи, за да

ги зацврстат и фиксираат. На ваков начин се

создадени основните услови за носење костими

со, дури и без прерамки.

„Експлозивна“ атракција

Бикинито е форма која се појавува набрзо по

Втората светска војна (1946), кога гламурозните

фотографии ги актуелизираат аспектите

на мода и убавина во капењето, а со тоа и на

костимите за капење. Името доаѓа од островите

Бикини, местото каде што е испробана

атомската бомба, а асоцијацијата се врзува

преку „експлозивноста” на атракцијата што

овие дводелни парчиња ја предизвикуваат во

очите и во умовите на набљудувачите! Така,

костимите за капење се преобразуваат од

традиционална облека наменета за капење

во експресија и минималистичко олицетворение

на модата. Креатор на бикинито е

францускиот инженер Луис Реард, а вистинската

промоција на овој „вечен“ модел се случила

на еден од првите постери на Мерлин

Монро во 1950.

Симболи на сексуалноста

Во 1964 година, австрискиот моден дизајнер

Руди Гернрајх го претставува монокинито

(едноделниот костим), што, всушност, претставува

бикини без горен дел. На жените им се

сугерира да ги разоткријат градите. Овој обид

во комерцијална смисла пропаѓа мошне брзо,

но го отвора патот за многу нови и слободни

размислувања во модата. Моќните 80-ти години

донесуваат многу повеќе разоткривање, но

повторно во име на модата и природноста. Со

промена на намената на костимот за капење,

ставот на луѓето полека, но сигурно, се придвижува

од потребата за пристојност кон онаа

за сензуална привлечност.

Денес костимите за капење се појавуваат во

огромна палета на стилови и форми во зависност

од индивидуалните барања: едноделни,

монокини, стринг, нуркачки... на пазарот има

буквално сè и сешто! И многу од имињата

се подеднакво експлицитни колку и самите

костими!

Суштината е во тоа што костимите за капење

во нашево модерно време ја рефлектираат

разноликоста на капачите, претворајќи се

во современи симболи на човековата сексуалност.

Снежана Јаначковска-Богдановска

31

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!