01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Македонска документаристика

Од „Девојчето со хармоника”

кон трите шивачки...

По големиот интернационален успех на првиот документарен филм на

Билјана Гарванлиева, драматург и режисер, нејзиниот нов филмски

проект заслужува многу повеќе од најава...

Македонската документаристика во минатото

ги испиша своите ѕвездени мигови

во домашната кинематографија, неретко

освојувајќи многу награди на светските

фестивали. По долгогодишно затишје, се

појавија неколку интересни млади автори

на документарци, кои ветуваат дека малку

подзаборавениот жанр повторно ќе се

врати на старите патеки. Најсветла точка

меѓу нив е драматургот-режисер Билјана

Гарванлиева, која, соочувајќи се со неможноста

авторски да се реализира во

сопствената држава, замина во Германија.

Таа со прекрасниот документарен филм

„Девојчето со хармоника” покажа и докажа

дека Македонија е плодна почва за одлични

филмски раскажувачи во најспецифичниот

филмски жанр. Престижната германска награда

„Златна Лола” е вистински доказ за тоа.

Навраќање

Клуб 360: Бидејќи Вашиот успех на

филмските фестивали сиромашно одекна

во медиумите во Македонија, би сакал на

почетокот да им се претставите на поширокиот

круг читатели на „Клуб 360” со една мала

лична карта за вас.

Б. Гарванлиева: Среќна мајка. Вљубена

сопруга. Невработен драматург.

Клуб 360: Колку сте задоволна од добиеното

знаење на Факултетот за драмски уметности

во Скопје? Колку тоа искуство ви помогна во

понатамошната борба при туркањето одреден

проект до крај?

Б. Гарванлиева: Многу сум среќна што

мојот професор Горан Стефановски

несебично ми го пренесе своето знаење. И

тоа првокласно знаење во драматургијата

ми помогна со „Девојчето со хармоника” да

ги освојам моите германски продуценти и

уредници. Тие ги ставија двете раце в оган

за автор кој знае драматургија, а никогаш

во животот не снимил филм. Ме поддржаа

со искусен и познат документаристички

28

тим. И не се покајаа. Тој спој се покажа како

успешен рецепт.

Од знаење до успех

Клуб 360: Дали заминувањето на младите

талентирани луѓе од Македонија е морален

чин за спасување на сопствениот уметнички

дигнитет, или едноставно се работи за

егзистенцијален момент?

Б. Гарванлиева: Се работи и за двата момента.

Јас заминав зашто Македонија ми беше

претесна, почна да ме задушува и да ми ја

загадува креативната слобода. А и страшно се

нервирав кога морав да молам за сопствените

хонорари. Не сакав да бидам тезгаџика,

сакав да бидам професионален драматург.

Таа моја внатрешна драма беше и моја лична

мотивација да го направам „Девојчето со

хармоника”. Тоа е филм за мојата роднина

Емилија, голем талент за хармоника, која сака

да замине во странство, зашто не сака да биде

кафеански свирач, туку концертен музичар.

Клуб 360: „Девојчето со хармоника” постигна

голем успех на фестивалите ширум светот.

Што сè може да се наброи како придобивка од

овој филм? Колку награди освои и колку врати

отвори?

Б. Гарванлиева: Да, филмот постигна голем

успех и тоа како германски филм, а раскажува

една македонска приказна. Освои пет

награди и ги отвори вратите на најпрестижната

филмска асоцијација „Герман Филмс“, која

се погрижи за германската промоција на

Берлиналето и во Кан. Таа организираше и

шестмесечна кино-турнеја низ цела Германија

со цел кратката документарна форма да го

добие истиот третман како и играниот филм.

Жалам само што македонското Министерство

за култура никогаш не ја поддржа неговата

промоција. Во Македонија дојдов на покана од

Германската амбасада.

„Златна Лола“

Клуб 360: Вие сте единствената странска уметница

која беше застапена на веб страницата на

германската канцеларка Ангела Меркел. За

што, всушност, се работеше? Ми се чини дека

тоа се случи веднаш по добивањето на наградата

за најдобар млад филмски уметник?

Б. Гарванлиева: Германското министерство

за култура го прогласи мојот филм за најдобар

краток документарен филм во Германија.

„Златна Лола” е највисоко рангирана

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!