01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

повеќе од 10 000 настани годишно, четириесетина

илјади објави на различни наслови со

академски достигнувања, најнови информации

и структурирани бази на податоци за комерцијално

истражување.

На Global Messaging 2008 присуствуваа

130-тина претставници од различни фирми

(оператори, софтверски куќи...), настапија 30

излагачи, 96 делегати и повеќемина вендори.

Познати имиња со завидни биографии и достигнувања

во областа на messaging се најдоа

меѓу излагачите во рамките на програмата.

MMS - успешна приказна

Во своето излагање, претставникот на T-Mobile

Mакедонија - Мирче Атанасовски, со желба

да биде што поразбирлив и поинтерактивен

со заинтересираната публика, се надоврза на

претходното излагање на Алан Челмерс од

„О2“, Велика Британија, чијашто тема имаше

главен осврт на SMS и MMS проблемите.

Челмерс, задржувајќи се на едуцирањето на

корисниците за користење MMS пораки, застапи

мислење дека поради сложената процедура

за нагодување на телефоните за MMS, како и

креирањето и праќањето вакви пораки, MMS

е неуспешна приказна. Toa беше вистинскиот

момент и одлична можност за надоврзување и

презентација на MMS приказната на T-Mobile.

Атанасовски, надоврзувајќи се на истата тема и

осврнувајќи се на истите проблеми и во нашата

компанија, докажа и објасни дека со имплементирањето

на webSMS, проблемите целосно

се надминаа, со што MMS за T-Mobile Mакедонија

стана успешна приказна. Корисниците на

T-Mobile со webSMS своите слики што ги имаат

во компјутер или која било слика од интернет,

со само еден десен клик на „глушецот“ можат

да ја пратат како MMS порака, не обрнувајќи

внимание на големината, форматот и слично.

„Ние, содржината која може да биде слика,

видео, музика или текст ја конвертираме, компресираме

и приспособуваме така за да може

едноставно да се прати во една MMS порака“.

Од учество до успех

Презентацијата на Мирче Атанасовски привлече

големо внимание од аудиториумот, кој со

заинтересираност слушаше за остварувањата

на T-Mobile МК со што нашата компанија до-

webSMS - услуга за која се зборува

webSMS услугата не е само апликација која нуди можност за праќање SMS и MMS

пораки, туку многу повеќе од тоа. Taa може бесплатно да се преземе и да се инсталира

без дополнителна претплата и преку неа да се праќаат SMS или MMS пораки преку

вашиот компјутер (по пониски цени), да се добива електронска пошта и известување за

состаноци на мобилниот телефон.

За webSMS не е потребен никаков дополнителен софвер, и-мејл сервер, напреден

мобилен телефон или напредно знаење за компјутери. Сè што треба да знаете и да имате

е нагоден (сетиран) телефон. Со webSMS можете да праќате слики, видео или текст

директно од вашиот компјутер или интернет на мобилен телефон. webSMS апликацијата

можете да ја користите директно од вашиот десктоп. Кратко речено, таа е решение за

вашето секојдневие во согласност со нашиот меѓународен слоган - Smart Simplicity.

стојно ја претставивме на еден олку значаен

светски настан. „Со задоволство и ентузијазам

одговарав на бројните прашања поврзани со

услугата и во неформалниот дел од настанот,

за време на паузите и меѓусебните дружења со

учесниците. Особено сум среќен што нашата

компанија воопшто не заостанува во ниедно

поле на мобилната комуникација. Не само што

не заoстануваме, ние сме и сериозен лидер на

пазарот, а овој конгрес само го потврди тоа.

Сервисите и услугите што веќе се имплементирани

во T-Mobile, допрва се промовираат кај голем

број светски оператори“, раскажува Атанасовски.

На прашањето каква е постапката, кој

е принципот за учество на еден ваков конгрес,

добивме ваков одговор: „Поканата има индивидуален

карактер. Јас сум постдипломец на студиите

по менаџмент, каде што се опфатени и

други сфери како претприемништво, иновации

и регионален развој, Business Start-up Centre.

Катедрата е многу активна, има континуирана

сорабока со институции и сродни факултети од

целиот свет“.

Ова беше прво учество на Мирче Атанасовски

на конгрес со ваков размер, но, се надеваме,

нема да биде последен. Впрочем, истото се

однесува и на T-Mobile МК. Во Кан, тој веќе

доби две нови покани: за учество на Mobile

Marketing Forum во Њујорк на тема Mobile

Advertising, како и покана за Converged

Мessaging Сummit во организацја на IIR кој е

светски лидер во областа на обуки и пренесување

на знаењето.

Придобивки и „привилегии“

Придобивките од учеството на конгресот во

Кан се двократни. Од една страна, станува

збор за индивидуалните придобивки на еден

млад стручњак кому му претстои успешна

деловна кариера, од друга страна, пак, самата

компанија ги презентираше своите достигнувања,

докажувајќи дека T-Mobile Македонија

може да стои рамо до рамо со останатите светски

оператори.

За крај, неформално, го прашавме Мирче Атанасовски

како млад човек, дали најде барем

малку време лично да го доживее „филмскиот“

вкус на Кан, да ја поужива и таа „привилегија“.

„Оооооооо, да“ одушевено ни одговори

Мирче. „Секако, секако... Првата вечер нè

пречека Fashion TV Party, каде можеа да се

видат сите оние манекенки и сиот гламур што

вообичаено го гледаме на малите екрани.

Од сместувањето во луксузниот хотел до

разминувањето со Анџелина Џоли, Бред Пит

и многу други ѕвезди, сè имаше филмски

вкус. Иако филмскиот фестивал официјално

почнуваше некој ден подоцна, сепак подготовките

за него беа во ек. За наша среќа... Но,

оставивме нешто и за дома, да имаме што да

гледаме на телевизија.“

13

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!