01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Најдлабокиот базен

на светот

10

Занимливости

Доаѓа лето, пекол, сонце. Асфалтот под нозете се топи

од жештината, создавајќи отпечатоци од вашите стапала,

како да сте во Холивуд, на Булаварот на славните. Заради

редица причини, дестинациите за ова лето за обичниот

човек се значително намалени. Но, мечтајте барем... Еве,

да речеме, за најдлабокиот базен на светот во Брисел

– Немо 33!

Без Немо 33, малкумина би се определиле својот летен одмор да го поминат во Брисел,

град кој е само 100 километри оддалечен од брегот на Северното Море. Но, таму, во

забавниот парк, се наоѓа најдлабокиот базен на светот. Во него постои цела градба со

платформи на различни нивоа и длабочини. Базенот има две големи простории на пет и

десет метри и кружен отвор кој се спушта на длабочина од 33 метри. Но, вакво нешто мора

да има своја приказна, своја историја. Да се нурнеме и да ја откриеме.

Длабоката приказна на Немо

Пред десет години архитектот Џон Бернаертс, страстен вљубеник во нуркањето, решил да

создаде совршен центар за нуркање во срцето на Брисел. Зад него стоеле седум години

планирање и конструкција, 55 000 плочки кои една до друга прават низа од 23 километри,

1,3 km челик и дури 4 девојки... Немо 33 ги отворил своите врати како рекреативен центар

за нуркање каде што нуркачите едноставно доаѓаат, изнајмуваат опрема и нуркаат во

својата авантура. Сè што му е потребно на нуркачот е валидна дозвола за нуркање, метод

како ќе го мери времето и длабочината и 50 центи за неговото шкафче. Секако, и костим за

пливање... Веројатно веќе сфативте, името на базенот не е случајно! Немо 33 е за 3 метри

подлабок од вториот по длабочина базен во светот.

„Чист како солза“

Немо 33 има прецизен распоред на нуркање. Термините за нуркање се на по еден час и се

почитуваат прецизно. Обично 10 минути се користат за навикнување на средината и следно

е самото нуркање. Фразата „чист како солза“ се користи во многу ситуации, но Немо 33

целосно ја оправдува.

Самото чистење на базенот е една од посложените работи, бидејќи тој често се користи и

за снимање филмски сцени. Нуркачите понекогаш имаат „чест“ да го сретнат дизајнерот

Бернаертс кој на дното трпеливо ги чисти и најмалите честички песок и нечистотија.

До 25 метри длабочина базенот е опремен со интерни светла кои го осветлуваат патот до

долу, но самото дно е темно. Причината за тоа е што Немо 33 сака да ја потенцира својата

длабочина кога ќе се дојде до дното со што нуркачите со еден поглед нагоре одново ја

преживуваат својата авантура. На враќањето нагоре, по само 3 минути, нуркачите преку

прозорците имаат поглед на друг свет: ресторани и барови околу Немо 33!

Ова лето откријте и нешто друго, освен удобното лежење на најблиските плажи. Иако

Белгија не е дефиниција за тропски рај за нуркање, за оние кои сакаат куриозитети и тајни,

меурчињата на Брисел се можеби следното најдобро нешто што ќе го откријат.

З.Ц.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!