01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

22

Книги

(Не)задолжителна летна

лектира

За да успее во својата „мисија“ и да го „оправда“ заземеното

место во куферот, книгата треба да биде внимателно одбрана

и сосем, сосем по ваша мерка...

Книгите не треба да се подведуваат под

модни трендови, зашто тие не се „модерна

боја за оваа сезона“, шик модел за на

плажа, ниту нешто што мора да се понесе на

патување. Тие не треба само да се покажат

или да пополнат „време“ од една до друга

испланирана активност, туку, ако веќе

сте решиле да бидат дел од вашиот летен

багаж, дајте им можност да ви ги надополнат

задоволството, впечатокот, чувството, да го

облагородат вашиот престој на определеното

место до тој степен што секогаш кога ќе се

сетите на омилената плажа, планина или

шума, вистинскиот спомен да го оживеете

потпомогнати од конкретниот наслов, од

книгата со која сте го споделиле сето тоа.

А, за да успее во својата „мисија“ и да го

„оправда“ заземеното место во куферот,

книгата треба да биде внимателно одбрана и

сосем, сосем по ваша мерка...

Низ книжарниците (или низ

полиците на пријателите)

Одамна се напуштени праволиниските

сфаќања дека она што е читливо е уметнички

невредно, а „тешкото, нечитливото“ е

препознатлив белег на вистинската вредност.

Идејата за „читливост“ на одредено дело,

разгледувана уште од почетокот на 20 век и

дефинирана како податливост на „текстот кон

читателот“, многумина ја нарекуваат и „моќ за

вртење на страниците“, читателска желба да

се продолжи, дури и ако е време за спиење...

Како и да е, читливоста останува низ времето

како мерка на популарноста. Оценувањето,

пак, на книгите е многу посложен процес од

робувањето на стереотипите и предрасудите,

затоа следете ја критиката, но следете се и

себеси. Ако сакате љубовни романи – понесете

токму таков, ако сакате – криминалистички или

научнофантастични приказни – прошетајте

низ книжарниците (или низ полиците на

пријателите) и одберете наслов од тој жанр.

Следете го својот сопствен вкус, зашто

читањето за време на патување или на годишен

одмор не треба да ве промени, туку да ви

го збогати доживувањето. Заборавете на

препораките од типот на тиражот, годината на

издавање (блиска или далечна до годината

на потенцијалното читање), на популарноста

на насловот по медиумите, дури и на

книжевните награди... Секогаш имате време

да го проверите сопствениот вкус во однос на

официјалните книжевни признанија, не мора

тоа да го правите и на плажа. Попродуктивно

ќе биде да послушате лична препорака

од анонимен читател кому му верувате, со

кого имате сроден (и потврден) книжевен

сензибилитет, на пример.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!