01.01.2013 Views

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

Патување - T-Mobile

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Мотоциклизам: Валентино Роси

Кариерата како едно

долго патување

Мотивацијата да се остане победник во врвните форми на спорт е нешто што измачувало

многумина. Разликата од „обичниот шампион” до „легенда” е токму во кариерата и во

начинот на кој таа се развива, се гради или одржува.

Иако сите со уважување се сеќаваме на некои имиња од спортот кои

претставувале „марка“ во нашата младост или, пак, сме ги слушале постарите

како за нив зборуваат со пиетет, сегашноста упорно ни носи нови

чеда кои на крилјата на популарноста итаат кон врвот на таканаречените

„вечни листи“, безмилосно соборувајќи ги рекордите и постигнувањата

на нашите „спортски светци“. Речиси нема спорт во кој индустријата не

е толку силна за да не продуцира нова легенда, од глава до петици, со

цел да и понуди и на актуелната публика да биде сведок на создавање на

историјата, а со тоа на идните генерации да им ја пренесе таа порака која

ние сме ја добивале во минатото, а често наликувала на сказна.

Талог на емоции или...

Ленс Армстронг со велосипедот стигна до седум триумфа на Тур

д’Франс, додека Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернард Ино и Мигел

Индураин останаа на пет победи. Михаел Шумахер народски опишан

„без перде, ниту срам“ го прегази Хуан Мануел Фанџо во бројот на

титулите, но не се откажа додека не го собори и рекордот на Аиртон

Сена во пол позициите. Владеењето на Роже Федерер на АТП листата со

години на првата позиција ги фрли во втор план ривалите како Сампрас

и Агаси, иако се тазе пензионери.

Нешто потешко оди можеби транзицијата на спортските икони од

екипните спортови, бидејќи таму не зависи сè од еден играч, а многу

репрезентации и екипи се на врвот и имаат изградено сè што е потребно

за успех, од млади таленти до „свои” места во управните одбори, разните

судски и тренерски комисии, па тешко е некој нов одеднаш да дојде и

самостојно да линчува пет-шестмина великани. Но, тоа не ја намалува

славата на „првенците” на генерациите како Пеле од златното време на

Бразил во педесеттите, Сер Боби Чарлтон од шеесеттите, „кајзер” Франц

Бекенбауер од седумдесеттите или најконтроверзниот Диего Армандо

Марадона во осумдесеттите години на минатиот век. Колку повеќе

време минува, толку повеќе се избиструва талогот на емоциите и имаме

32

почиста слика за минатото, наспроти множеството од актуелни ѕвезди

кои благодарение на медиумскиот бум, се граничат со божества: Бекам,

Роналдо, Зидан...

Нобелова награда за спорт?

Но, во целиот тој галиматијас на актуелни шампиони, рекордери,

фалбаџии, срамежливци и позери, има еден лик кој не можете а да

не го сфатите како позитивен, уникатен, оригинален, незаменлив и

непобедлив. Валентино Роси едноставно не можете да го мразите.

Можете да навивате за кој било, може тој да ви е најлутиот ривал, но не

можете да одолеете на неговиот шарм и да не му ракоплескате на секоја

бравурозна изведба. Да имаше Нобелова награда за спорт, веројатно

ќе требаше да биде првиот добитник, бидејќи покажува неверојатни

квалитети и како егзекутор на стратегијата на патеката, но и како

мислител кој ја пронашол тајната како да ужива во својата работа, да

„Докторот“ Роси

Неодамна Валентино Роси промовираше кацига со својот лик

на неа за да „ги плаши конкурентите“ ако се најде зад нив,

но извозе соло трка до првото место. Во Барселона пак, на

денот кога започнуваше Европското првенство во фудбал,

моторот го дотера како азурниот дрес на репрезентацијата, а

на кацигата стави дизајн на фудбалска топка. Резултат: извозе

уште една пеколна трка од деветто до второ место. Инспирација

и мотивација очигледно не му недостигаат, а тоа е всушност и

главната поента на една кариера, која сама по себе претставува

долг пат: од сувиот тренажен процес, до појавувањето на

патеката, изборувањето место под сонцето за победниците,

но и задржувањето на желбата да се остане на врвот без

непристојна лакомост или неспортски дејства. „Доктор“!

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!