08.01.2015 Views

мппс прирачник (pdf)

мппс прирачник (pdf)

мппс прирачник (pdf)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

МППС ќе го примени Пристапот заснован на

човековите права, утврдувајќи ги неговите главни

елементи како основа за своето дејствување

на полето на намалување на сиромаштијата и

социјалната исклученост.

МППС во своето работење ќе ги промовира и ќе ги

направи видливи основните принципи на ПЗЧП,

како што се: еднаквост и недискриминација,

меѓузависност и поврзаност на човековите

права, прогресивната реализација и др.

Понатаму, сите активности спроведени од МППС

ќе бидат засновани на вистинските потреби и

проблеми со кои се соочуваат сиромашните и

ранливите, ќе се повикува на меѓународната

и домашната законска рамка за заштита на

човековите права и ќе го обезбеди директното

вклучување на сиромашните групи граѓани во

процесите на донесување одлуки.

Чекор 1 - Идентификување на сиромашните и на ранливите (носители на

права), нивните проблеми и на прекршените/нереализирани човекови

права

а) идентификување на сиромашните и на ранливите

Носител на право може да биде секој. Сепак, при овој пристап, кога зборуваме за

носител на права, во преден план ги имаме ранливите, дискриминираните или

на друг начин маргинализирани групи во општеството. Со посебно внимание

треба да се провери дали во рамките на ранливите групи постојат одредени

посебно ранливи подгрупи или дали одредена група е дискриминирана врз

повеќе основи и со тоа е повеќе погодена од одреден проблем во однос на друга

група или во однос на општата јавност. На пример, ако го земеме проблемот со

осипување на учениците од основното образование, ранлива група би биле

учениците/ученичките на возраст од 11 до 14 години. Ако направиме анализа на

тоа дали одредена група е поранлива на овој проблем споредено со друга, тогаш

ќе произлезе дека девојките се повеќе погодени од проблемот во споредба со

момчињата, земајќи ја предвид практиката кога родителите одлучуваат момчето

да продолжи со образованието, а девојчето е принудено да остане дома.

Значи, треба да утврдиме кои се носителите на права; кои права ги имаат;

дали во рамките на ранливата група постојат одредени посебно ранливи или

дискриминирани подгрупи; дали истите тие се припадници/припаднички

на одредена етничка, родова, сексуална, јазична и друга група или нивната

попреченост, политичка определба, економска ситуација ги прави ранливи итн.

Исто така, друго прашање што е од особено значење е тоа дали носителите на

права имаат капацитет да ги бараат своите права; дали постојат воспоставени

механизми што им стојат на располагање за заштита на нивните права и надомест

на штета во случај на прекршување; што недостасува во системот на заштита

б) Идентификување на проблем

Со цел да се добие јасна слика за економскиот, социјалниот, културолошкиот

контекст на земјата, посебно во однос на човековите права, неопходно е

спроведувањето примарна процена. Во оваа појдовна точка постои потребата

да се види целокупната ситуација со човековите права во однос на одредено

прашање. Сепак, треба да се остане фокусиран и да се утврдат приоритети уште

во почетокот на процесот.

13

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!