08.01.2015 Views

мппс прирачник (pdf)

мппс прирачник (pdf)

мппс прирачник (pdf)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Сиромаштијата, исклученоста и дискриминацијата не претставуваат индивидуален проблем. Овие состојби влијаат на сите и

врз секого од нас. Така, сиромаштијата и социјалната исклученост не подразбираат само економска зависност туку, воедно,

претставуваат и грубо кршење на човековите права.

Согласно со горенаведеното, ние, членките на Сојузот на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштијата“,

се здруживме во овој сојуз на доброволни, непартиски, невладини организации, неформални здруженија на граѓани, групи за

самопомош, синдикати и поединци, со цел да ги здружиме нашите напори во насока на промовирање на социјалната еднаквост

и правда, партиципативната демократија и граѓанската солидарност. Сите ние ја делиме визијата за Република Македонија

како општество на благосостојба, остварена родова еднаквост и целосно воспоставен систем на демократско и одговорно

владеење. За таа цел, нашата платформа ќе настојува да иницира јавни дебати поврзани со овие прашања и ќе се стреми да го

зајакне граѓанскиот сектор кој влијае на овие полиња преку вмрежување со други европски и меѓународни сојузи и мрежи што

делат исти или слични вредности. Воедно, нашиот сојуз ќе настојува да обезбеди одговорност и отчетност на надлежните јавни

институции и владини органи во поглед на спроведувањето на преземените меѓународни обврски и одговорности.

Членството во Сојузот на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштијата“ е отворено за сите оние

што сакаат да придонесат за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, ја делат нашата мисија и визија и се

гледаат себеси како двигател за промена. Затоа, ги повикуваме сите граѓански организации и заинтересирани поединци да

ни се приклучат во нашите напори за адресирање на сиромаштијата, социјалната исклученост, дискриминацијата и кршењето

на човековите права и основните слободи и на тој начин да ја зајакнат нашата платформа заради остварување на заеднички

утврдените задачи и цели.

7

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!