08.01.2015 Views

мппс прирачник (pdf)

мппс прирачник (pdf)

мппс прирачник (pdf)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗА

ИЗДАВАЧИТЕ

За Македонската платформа против сиромаштија

www.mpps.org.mk

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) претставува сојуз на 42 национални невладини организации (НВО).

Овие организации формираа сојуз со цел здружено да ја промовираат социјалната еднаквост и правда, партиципативната

демократија и граѓанската солидарност. Сите тие ја делат визијата за Република Македонија како општество на благосостојба,

остварена родова еднаквост и целосно воспоставен систем на демократско и одговорно владеење.

Основна цел на МППС е намалување на сиромаштијата и проблемите директно поврзани со неа во РМ и пошироко, а преку

промоција на социјалната правда, партиципативната демократија, заштита на човековите права, еднаквост, недискриминација

и владеење на правото.

Пристапот заснован на човекови права кој промовира недискриминација, партиципација, транспарентност и одговорност или

отчетност, ќе биде основа за сите активности кои ќе ги презема оваа платформа.

МППС верува дека сиромаштијата, исклученоста и дискримацијата не претставуваат индивидуален проблем. Овие состојби

влијаат на сите и врз секој од нас. Така, сиромаштијата и социјалната исклученост не подразбираат само економска зависност,

туку воедно претставуваат и грубо кршење на човековите права.

Платформата ќе иницира вмрежување со други европски и меѓународни сојузи и мрежи кои ги делат истите или слични

вредности. Воедно, платформата ќе настојува да обезбеди одговорност и отчетност на надлежните јавни институции и владини

органи во поглед на спроведувањето на преземените меѓународни обврски и одговорности. Афирмацијата и промоцијата на

политиките на ЕУ, како и политиките на РМ, насочени против сиромаштијата, социјалната исклученост и дискриминацијата се

неделив дел од целите за кои се залага МППС.

Процесот на основање на Македонската платформа против сиромаштија е инициран и поддржан од страна на Институтот за

човекови права “Лудвиг Болцман” , а финансиран од страна на Австриската соработка за развој (ADC).

46

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!