PALFINGER ДИНАМИЧНИТЕ ВРЕМИЊА БАРААТ ДИНАМИЧНИ РЕШЕНИЈА Ако порано се мислеше дека живееме во динамично време, сега тоа се подразбира. А динамиката на животот сама по себе бара и динамични решенија, посебно за компаниите кои се занимаваат со широк опсег на делување. Предизвикот да им излезат во пресрет со снабдување со неопходната опрема го прифатија бројни светски, регионални и локални компании со звучни, помалку познати, но и сосема непознати имиња, но не сите успеаја во тоа. Причината не треба да се бара далеку - има нешта кои им требаат на сите, но и нешта кои практично тешко може да се продадат на двајца различни клиенти. Заради тоа, во динамичните времиња можат да успеат само оние кои размислуваат динамично, оние кои имаат за секого по нешто. 24 Година 4 • Квартал 1
Palfinger е една таква ком панија, чиј опис на делување тешко може да се дефинира во една кратка реченица. Затоа и овој текст можеби ќе ви изгледа малку несредено, како многу нешта едноставно да се нафрлани на едно место, но што да се прави! Таква е динамиката на вре мето во кое живееме, а ние, исто како и вие, мора подготвено да ја следиме. Името Palfinger е релативно непознато за поширок круг луѓе, иако производите со нив ното лого практично се секаде околу нас. Нив ниот широк асортиман се базира на разни хид ра улични решенија за транспорт и логистика на сé и сешто за многу различни области - од еколо гијата и собирањето на отпад, преку гра дежништвото, шумарството и енер гетиката, па сé до помошните инсталации за товарање и специјални транспорти. Произведуваат разни специјализирани надградби, платформи и до полнителна опрема во зависност од деј но ста, за сите типови камиони, приколки и полу при колки: товарни сандаци, дигалки, кипери, над градби за влечните служби, шумарството, гра дежни ш твото, пристаништата и кому налните деј ности, за кои најинтересни се подигнувачи те на контејнери и рол-контејнерите, кои се карактеризираат со „Z“ профилирани страни ци, изра бо тени од обичен или Hardox челик, во стандардни димензии, со должина од 5.500, 6.000 и 6.500 mm, широчина од 2.300 и височина од 2.000 mm. Со програмата на киперски над градби се опфатени двострани, тростра ни, та ка наречени half-pipe и останати модели задни кипери за возила од 3,5 до 41 тон бруто тежина. Зависно од изведбата, стра ни ците се направени од челичен лим, Domex или Hardox. Голе миот број типски модели кои опфаќаат различни изведби со зафатнина од 2,24 па сé до 19,32 кубни метри, постојано се зголемува. За влечните и пајак службите се наменети возилата со хидраулични фиксни, лизгачки и нагибни платформи, со или без дополнителна опрема, а за шумарските претпријатија возила та за превоз на трупци со платформи со раз лични должини и изведби, со или без подница, направени по жел ба на купува чи те. Можат да би дат опре ме ни и со алу ми ниумска помош на шасија, со која се добива за 1.200 kg поголема корис на носивост во од нос на кла сичната чели чна помошна ша си ја. Интересни за мно гу прет при јатија ќе бидат и спе цијал ните изве д би, како што се изменливите надградби со сис тем за брза замена на тростран кипер со миксер, на при мер, а треба да ги споменеме и спе ци јалните „висечки“ ра ботни кранови монти рани на ками он со кои се вршат контроли и попра в ки на долните дело ви од мостовите, во зилата кои можат да се движат по патиш та и железничка пру га, дигалките кои се вградуваат на трак тори... За сите информации можете да се обратите во: РАСЦО Македонија ул. Иво Рибар Лола 74/2/1 Тел/Факс: 02/308 3334 • Моб: 078 38 33 33 e: toni.mitkovski@rasco.mk • www.rasco.hr Година 4 • Квартал 1 25