13.02.2015 Views

GT 13

GT 13

GT 13

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ХОМОЛОГАЦИЈА

ШТО НÉ ШТИТИ ОД

НАС САМИТЕ!

Тенденција на секој стопанственик е со помалку ангажирани средства да

постигне повеќе. Но, каде е границата под која не може да се оди

Изборот на материјали и машини постојано

е еден вид лотарија - да се избере поевтиното,

без притоа да се наруши квалитетот на работата,

е умешност која исклучиво се базира

на искуството на оној што бира. Но, опасноста

дека најевтиното може всушност да биде

најскапо е секогаш присутна, заради тоа што

понекогаш ниту искуството на тој што продава,

ниту пак на тој што купува, не се доволни за да

се препознае неквалитетот.

Ова посебно е важно во градежништвото,

каде со лош избор на материјали и машини се

загрозува безбедноста и на оние што работат,

и на оние што подоцна ќе ја користат градбата.

Затоа, за да бидеме сигурни дека сé што се

нуди на нашиот пазар ги исполнува условите,

секоја држава има организирано комплексен

систем за контрола и заштита.

Кога возилата, односно деловите и уредите

на возилата се во прашање, за тоа е задолжено

бирото за метрологија, кое, согласно законите,

е орган за одобрување кој во процесот на хомо

логација врши проверка дали се испол нети

пропишаните услови утврдени со меѓу на родните

ECE регулативи и EC/EEC директиви прифатени

во нашата земја. Целта на хомо лог а-

циската проверка е да се спречи увоз на возила

кои влијаат на безбедноста во сообраќајот и

на екологијата во земјата во која се увезуваат.

На овој начин се зголемува активната и пасивната

безбедност на возилата во сообраќајот

и се обезбедува строга контрола на еколошките

стандарди, со што директно се штити

жи вотната средина. Исто така, преку процесот

на хомологација се заштитува домашниот пазар

од неквалитетни возила и делови.

Според нашите правила, во Република

Македонија можат да се увезуваат возила за

специјална намена со Euro 1 европски стандард

за емисијата за издувни гасови од следниве

категории:

- возила со фиксна надградба на бетономешалка

(не од контејнерски тип)

- возила со фиксна надградба на пумпа за

бетон

52 Година 4 • Квартал 1

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!