TATRA ГОРДОСТА НА ЧЕШКА Tatra е еден од ретките производители на камиони кој не потекнува од западните земји, а има стекнато светска репутација. 56 Година 4 • Квартал 1
Ако за некои други бивши индустриски имиња од социјализмот можеше да се каже дека станале светски познати со помош на до минацијата која им ја имаше обезбедено до говорната економија во земјите од совет ската влијателна сфера, Tatra овој епитет го има заслужено со своите конструктивни решенија. Чешкиот производител на камиони има традиција која датира од 1850 година, кога во местото Копривнице, тогашен Неселсдорф, запо чнале да се произведуваат пајтони. Одминувањето на времето на Франц Јозеф и промената на нијансите во раскошот на Виена доведува до свртување во производствената стратегија најпрво кон железницата, а потоа и кон патниот сообраќај. Во 1897 година во Копривнице е направен првиот автомобил, со што, после Daimler и Peugeot, оваа компанија станува третиот најстар автопроизводител во светот, а една година подоцна и првиот камион. Брилијантните идеи на конструкторите во децениите што следат визионерски ја издигнуваат компанијата која тогаш, по блискиот планински масив во Словачка, го добива името Tatra. Иновативните технички решенија и проширувањето на дејноста на други полиња (автобуси, тролејбуси, а кратко време и во ави онската индустрија), создадоа моќна база која и другите знаеја да ја искористат - слабо поз нат е фактот дека за легендарната Буба на Volkswagen, конструирана од Фердинанд Порше, се употребени многу „позајмени“ тех нички и дизајнерски решенија од автомобилите на Tatra. Обновувањето на производството после вто рата светска војна како државно прет пријатие ја враќа Tatra со заслуги стекнатите позиции. Со уникатните конструкторски решенија, како што се независното ослонување и воздушно ладените мотори, возилата на Tatra се закитуваат со репутација на екстремно издржливи, што Чесите го користат како насока за идната производствена стратегија и во 1971 година се посветуваат на тешките камиони, а новиот милениум го пречекуваат зафатени со возилата за специјална намена. Гамата на Tatra денес се состои од шест основни типа возила, во конфигурации од 4х4, 6х6, 8х8, 10х10 и 12х12, направени со стратешко партнерство со DAF и Paccar. И порано, и сега, камионите на Tatra ги имаат истите карак терни особености: голема носивост, универ зална употребливост, лесна подвижност и висока продуктивност, произлезени од издржливата и ефикасна конструкција на компонен тите и возилата, кои со шесте победи на релито Париз-Дакар ја докажаа својата надмоќ над екстремните услови на експлоатација. Како компанија целосно е свртена кон потребите на крајниот корисник како во воениот, така и цивилниот сектор, со силен акцент на возилата специјализирани за одредени намени - градежништвото, рударството, шумарската индустрија, противпожарните служби… Година 4 • Квартал 1 57