13.02.2015 Views

GT 13

GT 13

GT 13

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Навистина, кој од нас би пробал торта која

изгледа обично, без разлика колку готвачот

тврди дека е вкусна А кој пак од нас не би се

настрвил на убава и со шлаг богато декорирана

торта, без размислување каков вкус всушност

таа има Такво е човечкото око, незаситно

на убавото и одбивно на стереотипното. Така

е во гастрономијата, но така е и во секоја

област од човековото живеење.

Секое време си носи свој белег, а кога

архитектурата е во прашање, белег на 21-век

се модерните стаклени фасади со кои новоградбите

се обвиткуваат од „глава до петици”.

Стаклото како визуелно ефективен материјал

започна почесто се користи дури откако се

најде соодветен начин за негово ефективно

прицврстување на конструкцијата, без притоа

со дебели елементи да се наруши целокупниот

изглед. Идеална комбинација за тоа претс тавуваат

алуминиумот и PVC материјалите, кои

пак имаат само еден, но голем недостаток -

доколку се неквалитетно направени или изведени,

тогаш трајноста им е доста кратка.

Така, повторно во приказнава се навраќаме

на мајсторот, кој се јавува како клучна фигура.

За фирмата Интер Ал-Пин, која веќе 16 години

се занимава со алуминиумски конструкции за

структурални и полуструктурални фасади, пишу

вавме лани ова време - сега е ред да на пишеме

нешто и за материјалите кои ги упо требуваат

за оваа намена. Како етаблирана

ком панија која веќе нема потреба да ги

докажува своите професионални капацитети,

Интер Ал-Пин користи исклучиво европски

производи со признат квалитет и сите можни

сертификати. Алуминиумските фасади во комбинација

со стакло, кои веќе ги има повеќе низ

Македонија (ФОН, гимназијата Нова, хо телот

ТЦЦ Гранд Плаза, Телеком, Еуро лизинг…),

кажуваат повеќе од илјада зборови, но за

употребените материјали треба да кажеме

ние, токму на овие страници.

Година 4 • Квартал 1

49

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!