13.02.2015 Views

GT 13

GT 13

GT 13

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Од уреднички агол

Блага зима!

1. Стара вистина: градежната

операти ва е

директно зависна од

временските услови.

Компаниите своите

ра боти ги изведуваат

нај често на отворено,

па оттука никако не

може да се избегне

факторот – временски

(не)прилики. Токму од

начинот на ослободувањето

од овој услов,

зависи и ефикасното

одвивање на работниот

процес. Добро

ни е познат фактот дека и при екстремни услови

има компании кои непречено си ги извршуваат

поставените задачи. Пошироко гледано, всушност

со нивото на ослободување од овој фактор, и тоа

не само во градежништвото, се покажува совладаниот

техничко-технолошкиот развој на едно

општество.

Кажано поедноставно, колку ефикасноста на

изведбените работи на еден гредежен субјект

помалку е зависна од временските влијанија, толку

е тој на повисоко организациско-техничко ниво.

Гледано од тој аспек, добро подготвените изведувачи

оваа година не беа во можност да ги истакнат

своите капацитети поради едноставната причина

што оваа градежна сезона временските прилики

воопшто не беа драматични. Благата зима со само

неколку денови во кои температурата паѓаше под

нулата, им овозможи на сите оние кои имаа

договорена работа, на време и да си ја завршат.

Отанува само претпоставката, како ќе се завршеше

зимската градежна сезона да имавме подолги

периоди со негативни температури.

Некои работат и на екстремно студено време,

примери има низ целиот север на континентот а за

Русија и да не говориме. Ако сакаме и ние да

извезуваме градежништво, како што тоа на време то

со успех го правевме во бившата држава, за потсетување

нека послужи податокот што македонските

компании беа ангажирани дури и во Сибир, потребно

е нашите компании да се оспособат за

работа при екстремни температури. Тоа прилаго дување,

во смисла на прифаќање на новите технологии

претставува основен предуслов за конкурентски

настап на тие пазари. За воља на вистината и во

моментов имаме домашни комапнии кои работат

надвор, во Казахстан на пример, но тие се премалку

за да говориме за организиран настап и за дејност

која на нашето општеството би му овозможило

сигурен извоз, односно сигурен прилив на средства.

2. Ако истава тема, работење при екстремни

услови, ја пресликаме и во транспортот, ќе видиме

дека и тука владеат слични или дури пак идентични

принципи на работа. Прилагодувањето кон таквите

специфични барање на глобалната економија,

едноставно претставува услов без кој опстанокот

на пазарот е речиси невозможен. Во услови кога

домашната економија е во евидентна депресија,

извозот на услугите претставува, можеби не единствен,

но секако еден од малкуте опции.

И сега се наметнува прашањето како и каде да

се пласира таа услуга. Можеби вистинското прашање

би било: со што Одговорот е повторно во

голема блискост со високата технологија, со прифаќање

на новата реалност на економскиот амбиент.

Имено. Таа технологија воопшто не е ефтина,

а парите за нејзино купување се се поскапи!

Од оваа позиција многу пати сме пишувале дека

државната политика е таа која треба да створи

предуслови а потоа економските законитости ќе си

го направат своето и ќе ги присилат компаниите на

адекватно однсеување. Се додека не се детектираат

дејностите каде што лежи голем економски

потенцијал, и се додека тие дејности не се подигнат

на ниво на државна стратегија, излез од ќорсокакот

во кој се наоѓаат нашите Градежници и Транспортери

– е речиси невозможен. Во спротивно овие

дејностите ќе ја доживеат судбината на текстилната

индустрија која своевремено од многу важен

извозник на индустриски производи се претвори во

ефтина работна сила на странските компании.

Време е некој сериозно, со државна стратегија, да

се позанимава со економските гранки во кои имаме

што да му понидиме на регионот и на светот. За

добро на сите нас.

Пријатно читање

Главен уредник

Благоја Дрнков

Година 4 • Квартал 1

3

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!