07.02.2015 Views

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Во учебната 2003/2004 година беше формирана работна група

на ФВМ-С со задача за изготвување нов наставен план и

реорганизација на наставниот процес при ФВМ-С. Како појдовна

основа за работа, групата го користеше предлог-наставниот план до

кој се дојде во рамките на задачите кои произлегоа од Темпус

проектот “Унапредување на ветеринарната едукација во Република

Македонија” (Joint European Project No CD-JEP-15017-2000). Работната

група темелно анализира и голем број студиски планови и програми на

акредитирани европски факултети, како и бројни нови сознанија во

подрачјето на биомедицината кои не беа вклучени во старата

студиска програма. Дополнително, во текот на процесот на

евалуација, Факултетот беше посетен од превизитациската комисија

на Европската асоцијација на ветеринарни факултети (EAEVE) чија

полноправна членка е и ФВМ-С. Комисијата даде корисни и вредни

совети за недостатоците во едукацискиот процес, кои треба да се

корегираат. Поголем дел од сугестиите кои се однесуваа на

студискиот план беа разгледани и имплементирани во новиот план со

кој се започна од учебната 2006/2007 година.

Земајќи ги предвид стекнатите искуства и добиените сугестии,

но и специфичностите на ветеринарната струка во Македонија

Факултетот подготви современа студиска програм према принципите и

барањата на Болоњската декларација со воведување на Европскиот

кредит трансфер-систем (ЕКТС) со која се овозможи лесно

признавање на дипломата и поширока мобилност на

професорите/студентите во рамките на европското образовно

подрачје.

Со донесување на Законот за високо образование (ЗВО, Сл.

весник на РМ бр. 35/2008 од 14.03.2008 г.), како и на Законот за

изменување и дополнување на законот за високото образование (Сл.

весник бр. 103/2008 и бр. 26/2009) и потребата од имплементација на

одредбите содржани во нив, посебно во делот кој се однесува на

преодните и завршните одредби (член 180), произлезе и потребата од

усогласување на високообразовната и научна дејност на Факултетот

за ветеринарна медицина во Скопје према законските барања,

особено во делот на студиската програма. Со цитираниот член, високо

образовните установи се должни да ги воведат студиските програми

за високо образование и студиските програми за усовршување во

согласност со закон постепено најдоцна до студиската 2009/2010

година.

Тргнувајќи од горното беше утврдена потребата од

изменување, дополнување и усогласување на постоечката студиска

програма на ФВМ-С за која цел беше формирана Комисија.

10

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!