07.02.2015 Views

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

2. Интернационална ветеринарна студентска организација -

Македонија (IVSA Macedonia)

Интернационалната ветеринарна студентска организација (IVSA)

претставува меѓународна асоцијација на студентите по ветеринарна

медицина основана 1951 година во Утрехт, Холандија. Асоцијацијата

брои повеќе од 50 членки низ целиот свет и е постојано ангажирана за

воспоставување врски со земјите кои не се нејзини членки. Како

локален огранок, IVSA Македонија при Факултетот за ветеринарна

медицина во Скопје станува дел од големото IVSA семејство на 20.VII

1994 година по летниот конгрес во Берлин. Нашиот локален комитет

во членството на IVSA е регистриран под уставното име на нашата

земја.

IVSA Македонија во склоп на светската IVSA со седиште во

Копенхаген ги има следниве цели и задачи: подобрување на

квалитетот на студиите, размена на искуства и информации,

меѓусебно помагање (донација на литература и други помагала),

овозможување работа на научни проекти, запознавање со новите

достигнувања од ветеринарната медицина, како и организирање

групни и индивидуални размени на студентите, учество на студентите

на симпозиуми и конгреси во организација на светската IVSA, како и на

локални собири во организација на поедини факултети за

ветеринарна медицина, а сė со цел остварување на поголема

активност и информираност на студентите-членови на IVSA.

Во досегашниот период, IVSA Македонија со успех работи и

дејствува благодарение на ангажирањето на сите студенти кои биле и

сеуште се нејзини членови, како и благодарение на поддршката која

IVSA Македонија ја добива во изминативе 12 години од ФВМ-С.

Успесите се согледуваат преку активностите кои IVSA Македонија ги

има реализирано во претходните години. Тие активности вклучуваат

учество на сите конгреси и симпозиуми од 1994 год. па наваму,

реализација на многубројни групни размени, летни студентски пракси

низ скоро сите земји на Европа и во САД, организација на IVSA

Macedonian ”Lake Week” како и многу други IVSA активности. IVSA

Македонија врши упис на нови членови на почетокот на секоја

студиска година. Членови можат да бидат сите студенти на

Факултетот без разлика на годината на студии.

24

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!