07.02.2015 Views

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје врши наставнообразовна,

научно-истражувачка и апликативна дејност од областа

наветеринарната медицина и ветеринарното јавно здравство.

Мисија на ФВМ се остварува преку организирање студии,

пренесување на знаења, развој и промоција на образованието и

науката во ветеринарното здравство во РМ, развој на креативните

способности, подготвување на студентите за занимањето доктор по

ветеринарна медицина за кое е потребно стручно знаење и

способност за научен пристап во работата, поттикнување на

технолошкиот развој во ветеринарството и градење позиции за

иднината.

Покрај грижата за здравјето на животните, ветеринарната

дејност игра значителна улога и во јавното здравство и тоа преку

обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално и растително

потекло. Ветеринарите, со својата незаменлива улога во

производството и прометот на храната ја поттикнуваат довербата на

потрошувачите како и успешноста на сточарското производство.

Големата важност на ветеринарната професија која се темели на

квалитетната едукација е докажана и со истражувањата спроведени

во склоп на проектот VET 2020 (Socrates Thematic Network Project).

Во својата апликативна дејност, ФВМ исто така е фокусиран и

кон имплементација и одржување на стандардите ISO 9001:2000 и ISO

17025 со цел услугите за задоволување на барањата на клиентите да

бидат на значително повисоко професионално ниво.

Остварувањето на наставно-образовната мисија на

Факултетот се одвива преку организирање на интегрирани студии од

прв и втор циклус, како и студии од трет циклус (докторски студии) со

стекнување научни степени доктор по ветеринарна медицина и доктор

на науки од подрачјето на ветеринарната медицина.

Методите на работа преку кои се остварува политиката на

Факултетот се:

Тимска работа на повеќе наставно-научни кадри од посебен

профил, зависно од природата на проблемот што е предмет на

анализа, третман и решавање

Примена на амбулантски и болнички пристап во лекувањето,

со согледување на причините и последиците за настапување

на промените, со градење и предлагање мерки за нивно

отстранување, ублажување и спречување на пропратни

компликации

26

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!