07.02.2015 Views

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

проверка на знаењето (од делот за кој не е покажан задоволителен

резултат) и на завршниот испит.

Студентот има право да излезе на завршен испит од поедина

предметна програма до 3 пати во рок од една година од

запишувањето на предметната програма.

Завршната оценка за предметната програма се изразува

квантитативно со нумеричка бодовна вредност и оценка адекватна на

бодовната вредност, од 5 (пет) до 10 (десет). Со оценката 5 (пет) се

оценува студентот кој не ја совладал успешно предметната програма

т.е. оценката 5 (пет) означува недоволен успех.

Бодови

Оценка

до 59

5 (F)

60-68 6 (E)

69-76 7 (D)

77-84 8 (C)

85-92 9 (B)

93-100 10 (A)

Успешно совладаната предметна програма е услов студентот

да се стекне со потребниот број кредити пропишани со предметната

програма. Елементите од кои зависи успешното совладување на

одделните предметни програми, условите за пристапување на

проверката на знаењата, испитните барања, формите и начинот на

проверка на знаењата и на оценувањето се утврдени со предметните

програми.

Предметните програми ги изработуваат предметните

наставници во согласност со продеканот за настава, а ги одобрува

Наставно-научниот совет.

Завршна оценка се добива и за задолжителните и за

изборните предметнии програми. Факултативните предметни програми

не се оценуваат, но редовното следење на пропишаните активности

во рамките на предметот, се услов за да се добие кредит.

4. Испитни сесии

Завршна проверка на знаењата (испит) се изведува во три

испитни сесии:

1. јануарска (од 8 јануари до 1 февруари),

2. мајско-јунска (од 15 мај до 15 јуни) и

3. августовско-септемвриска (од 15 август до 15 септември).

36

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!