07.02.2015 Views

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ - Почетна - Универзитет „Св. Кирил и ...

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

1. Организација на студиите

Интегрираните студии од прв и втор циклус на Факултетот за

ветеринарна медицина се организирани во 5.5 години или 11

семестри.

Предметните програми (предметите) се организирани како

задолжителни, изборни и факултативни:

- задолжителните предмети студентот задолжително ги

запишува секој семестар, доколку ги исполнил условувачките

критериуми;

- изборните предмети студентот ги запишува во зависност

од сопствените желби и од сопствениот план за дообразба и

продлабочување на своето знаење и вештини, и

- факултативните предмети имаат за цел да ги прошират

знаењата на студентот и од други области, освен од ветеринарната

медицина

2. Правила на студирање

Применувајќи го Правилникот за единствените правила за

студирање на Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како и

Правилникот за единствените основи за кредит-системот, преминот од

една на друга студиска програма и преминот од една на друга

високообразовна установа во состав на Универзитетот ”Св. Кирил и

Методиј” во Скопје, Факултетот за ветеринарна медицина ги

применува следниве правила на студирање и кредит-систем:

• Секој предмет од студиската програма е обележен со код, со

кој се дефинираат програмските содржини, методите на

настава и учење и начинот на проверка на знаењето и

оценувањето

• Секоја предметна програма се изразува со точно определен

број кредитни поени, со кои се искажува целокупната

оптовареност на студентот за совладување на истата

• Кредитни поени се доделуваат само на оние студенти кои ќе ги

исполнат условите за полагање и успешно ќе ја завршат

предметната програма. Условите што треба да ги исполни

студентот за успешно завршување на предметната програма

се дефинирани од носителите на наставната програма

• Бројот кредитни поени што студентот треба да ги оствари за

да се здобие со одредена стручна подготовка се движи :

o за еден семестар до 30 кредитни поени

o за една година до 60 кредитни поени

32

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!