ÐÐÐÐЧ ÐÐРСТУÐÐÐТР- ÐоÑеÑна - УнивеÑзиÑÐµÑ âСв. ÐиÑил и ...
ÐÐÐÐЧ ÐÐРСТУÐÐÐТР- ÐоÑеÑна - УнивеÑзиÑÐµÑ âСв. ÐиÑил и ...
ÐÐÐÐЧ ÐÐРСТУÐÐÐТР- ÐоÑеÑна - УнивеÑзиÑÐµÑ âСв. ÐиÑил и ...
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
ЕКТС се базира врз принципот дека 60 кредити одговараат на

оптоварувањето на редовен студент во текот на една академска

година. Оптоварувањето на студентите во редовните студиски

програми во Европа најчесто изнесува од 1500 до 1800 часови

годишно, и во тој случај еден кредит означува 25 до 30 работни

часови.

Кредитите во ЕКСТ можат да се стекнат само со успешно

завршување на поставените задачи и соодветно оценување на

постигнатиот образовен излез. Образовните излези се сетови на

компетенции, кои означуваат што еден студент ќе знае, ќе разбира

или ќе може да направи по завршување на еден процес на учење, без

оглед на неговото времетраење.

Земајќи ги предвид препораките на ”ЕКТС водичите” и

упатставата на Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј”, студиската

програма на ФВМ-С вклучува интензивно изведување на наставата со

воведување ”модули” и ”блок” настава на сродни предметни

програми, рационализација на наставните програми, намалување на

бројот на часови од теоретска настава, поголем фонд часови за

индивидуални активности, воведување на широка палета на изборни

предмети, воведување нови методи на едукација (интерактивна

настава, семинари, индивидуални проекти, самостојна работа,

самостојна пракса во ветеринарни институции по сопствен избор,

теоретски вежби), воведување нови методи за континуирана проверка

на знаењето и транспарентен систем во формирањето на завршната

оценка. Со воведувањето на претходно наведеното, централното

место во едукативниот процес со студиската програма на ФВМ-С го

има студентот, а кадровските и организационите структури се

подредени на неговите потреби.

30