19.02.2018 Views

Portret Magazine No16

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

60 ден. • Бр. 16 • Март 2017

МОДЕН

ЕДИТОРИЈАЛ

1

www.peugeot.mk

SUV PEUGEOT 2008

175 €

PEUGEOT TOTAL

SUV PEUGEOT 2008

MOTION & EMOTION

Macedonia’s Choice

FEEL GOOD. LOOK GREAT.

Содржина март 2017

НА „ТИ“ СО

16. НИКОЛИНА КЕНИГ

Секој игра со картите што му ги поделил

животот

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

84. ЧАСОВИ ЗА ПИЕЊЕ ВИНО

Експлозија од ароми во траминец

88. НУТРИЦИОНИСТИЧКИ СОВЕТИ

Здрава исхрана кај трудници и доилки

НИЗ ГОДИНИТЕ НАУЧИВ

24. ДУКЕ БОЈАЏИЕВ

Најпродуктивен сум кога срцето и умот ми

функционираат синхронизирано

ДИЗАЈН И ДЕКОР

104. РАЗНОВИДЕН ДЕКОР ВО СЕКОЈА

ПРОСТОРИЈА

Убавината на ѕидните тапети

WONDER WOMEN

26. ГО САКАМ СЕКОЈ ДЕЛ ОД СЕБЕ

Славење на уникатноста на секоја жена

ИНСПИРАЦИЈА

32. ЈОВАНА ЗУКА

Запознајте ја одблизу нашата најуспешна

модна блогерка

ПОРТРЕТ МОДА

40. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Cherry blossom

46. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Soft

ПОРТРЕТ УБАВИНА

70. ПРОЛЕТНА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА

КОЖАТА

Комплетно регенерирање на сите типови

кожа

74. ВО СТИЛОТ НА КЛАСИЦИТЕ

Четири безвременски парфеми

РОДОВА ГЛАГОЛИЦА

126. РУМЕНА БУЖАРОВСКА

Бракот не е потребен штом жената е

економски независна

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

80. СОПРУЖНИЦИ И СОЈУЗНИЦИ

Портрет на љубовта на Мишел и Барак

Обама

Фотограф: Горан HLVK Поповски

Моден дизајнер: Јована Филиповиќ

6

ИЗДАВАЧ

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември” бр.2/2-25

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главна и одговорна уредничка

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменичка на главната и одговорна уредничка

Тања Тодоровска (tanja@portretmag.com)

Новинарка

Марта Стевковска (marta@portretmag.com)

Креативна директорка и уредничка за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистентка и стилистка

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска

Џејлан Рустемоска

Филип Поповски

Моника Ангелковска

reborn.mk

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com)

Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Кристина Колеќевска (kristina@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 24.02.2017

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

МПМ 02/ 3089 305

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет” е авторска содржина што излегува еднаш месечно со одобрение од сопственикот на правата,

издавачката куќа Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено објавување, користење или

репродуцирање на било која содржина ќе се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи на

соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што се дел од содржината задолжително консултирајте се со

лекар. „Портрет” претставува пријавена трговска марка во Државен завод за индустриска сопственост-Скопје под број

ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

8

Скопје - ул. Македонија 29 и ТЦ Рамстор

Битола - Широк Сокак

www.bozinovski.com.mk

Портрет ви подарува

Напишете за кој подарок аплицирате и испратете ги вашите лични податоци на contact@portretmag.com.

Проверете дали сте една од среќните добитнички во следниот број на „Портрет“. Со среќа! Подароците може

да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

Preciosa ланче

Avon Mark. лак за нокти и

Mark. Spectra маскара

Lush Shiny Happy People сет

Seventeen Juicy

млеко и спреј за тело

Givenchy црна чанта

Naomi Campbell

Queen Of Gold гел за

туширање

Max Factor 2000 Calorie

маскара и четка за усни

Lancome моливче за усни

и лак за нокти

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

Givenchy Vanity Close куфер за шминки / Викторија Крстевска

Lush Love & Kisses сет / Ема Зафирова

Yves Saint Laurent сјај за усни и сенки за очи / Јана Грбевска

Max Factor Masterpiece Transform маскара / Маја Илиевска

Catrice Luxury Lushes маскара, Eye Matic Matt молив за очи, Blush Artist руменило / Катерина Васковска

Bourjois Healthy Mix течна пудра / Ружица Пеева

L’occitane сет мини производи / Маријана Илиоска

Preciosa турпија / Елена Митевска / Сара Стефановска / Кристина Тошинска / Дафина Шекуткоска / Верица Кузмановска

КНИГИ:

Црвена кралица - Викторија Авејард / Николета Ристовска

Книга за Бланш и Мари - Пер Улов Енквист / Габриела Павловска

Скротени - Ема Чејс / Ирена Димитриевска

Ланзароте - Мишел Уелбек / Анета Ристеска

11

Портрет на уредникот

ПРОЛЕТНО

БУДЕЊЕ

Секоја генерација

родители имаат по

една мантра што ја

повторуваат секој

втор ден. Фраза што

не мора да носи

некоја преголема

животна мудрост, но ете, некако им е омилена,

зашто сметаат дека носи многу важен аспект

за иднината на нивните деца. Нашите баби

ја користеле „Ништо пред брак...“, нашите

родители „Не прави глупости пред да завршиш

факултет...“, ние веројатно ќе користиме, „Пред

да почнеш со некого сериозна врска, провери го

многу внимателно неговиот профил на ’Фејсбук‘,

профилот на неговиот најдобар другар и

статусите што ги оставал во 2009 година“.

Кога би можела да посакам една карактеристика

што би сакала да ја поседуваат моите деца,

тоа би било висок степен на самосвесност.

Вистинска реткост е да најдеш некој доволно

храбар за да биде свој, доволно самоуверен да

си ги сака своите недостатоци и да биде горд

на својата несовршеност, како највисок чекор

кон уникатноста. Раздвоени заби, изразени уши,

поголем нос, пеги, за многу прекрасни девојки

се сериозен проблем што ги мачат цел живот, па

некогаш и си го подредуваат секојдневието по

овие комплекси. Овој месец во рубриката wonder

women имаме четири девојки кои позираа, за

да пратат силна порака: „Го сакам секој дел од

себе!“ Едната од нив вели: „Во наследство добив

уникатен накит, пеги. Уникатноста што ја даваат

на ликот, се одразува и на мојот карактер. Не

сакам да ги избелам, не сакам крем, ниту лимон

или ласер за да ги тргнам; сакам сонце, сакам

да се многу. Сакам кога секоја точка е своја

приказна“.

Овој број имавме чест наш соговорник да биде

универзитетската професорка Николина Кениг,

вистински пример за генијалност, буквално

во секој нејзин одговор, наоѓав материјал за

размислување. „Често ме преплавува чувство

дека некако сме на ’снуз‘ на будилникот за

реалноста, па си продремуваме врз придобивките

од битките извојувани од генерациите жени

пред нас. Клучните позиции на слобода ни се

сервирани и ги третираме како еднаш засекогаш

дадени. Подложни сме на некритичко преземање

на готови модели, пасивни сме и чекаме времето

или некоја праведна виша сила да ги реши

проблемите, наспроти тоа што реалноста нѐ

соочува со тоа дека е можно преку ноќ да

преовладаат ретроградни процеси.“

Овој месец низата самосвесни, успешни и

инспиративни жени ги предводи Јована Зука, со

прекрасна фотосесија за насловната страница.

Оваа девојка може да се носи рамо до рамо, со

светските блогерски имиња. Таа е доказ дека со

вистинската посветеност, страст и многу труд,

можеш да создадеш производ со висок квалитет.

Секоја нејзина фотографија и секој пост на

нејзиниот блог имаат висока артистична естетика

и се високопрофесионално изработени. Ако

често младите девојки имаат желба да се модни

блогерки, Јована е доказ дека со труд и надградба

ова хоби може да прерасне во нивна професија.

За крај ви посакувам овој месец широко да ги

отворите очите, убаво да размислите за својата

вредност и да видите дали сте задоволни од

моменталната ситуација, каде сте и каде треба да

бидете. Да ги исчистите сите енергетски вампири

од вашиот духовен орман и да се фатите за работа.

Зашто, време е, како поминуваат годините, да

станеме подобри пријателки со себеси, да си

подадеме рака со минатото, да не ја сфаќаме

пресериозно сегашноста и да си посакаме среќа

за иднината.

Ружица Антиќ

KARLIE KLOSS

SWAROVSKI PARTNER BOUTIQUES

УЛ. МAКЕДОНИЈА 32, 1000 СКОПЈЕ,

ТЕЛ: ++389 2 3222 300

SKOPJE CITY MALL, 1000 СКОПЈЕ,

ТЕЛ: ++ 389 2 3091 003

PALMA MALL, 1200 ТЕТОВО,

ТЕЛ: ++389 44 36 88 78

#BeBrilliant

THE ICONIC SWAN COLLECTION

Колумна

Дневникот на

една диеталка

Четврток 02.02 Денес се разбудив супер расположена.

Вчера си легнав решена дека од денес сум на диета и одма

е друго. Го пиев утринското кафе и си симнав еден куп

диетални апликации. Само од што бев превозбудена не

размислив која диета ќе ја држам. Разгледав во фрижидер

и не бев задоволна, имав само едно полускапано јаболче и

краставички пред распаѓање. Опааа ми текна, ќе ја држам

„хроно“, и задоволно си доручкував леб (не беше хроно

ама од утре ќе бидам поорганизирана) и саламче. Во текот

на денот симнав и две „хроно“ апликации и на Facebook

се зачленив во две групи, за поддршка на нас хронерите

низ цел Балкан. На работа имавме многу стресен ден, па

нарачавме од „7ца“. Ја како хронерка нормално, нарачав

хамбургер без лепче и компири. Немав како да го држам па

морав да го јадам со двопек :).

Петок 03.02 Хроно воопшто не е добар метод за слабеење.

Како можеш да појадуваш чварки а да не смееш да јадеш

овошје? Денес ќе купам сѐ што ми е потребно и од утре ќе

си ја почнам „UnDiet“. Ама најправилно, со овошен, со воден

ден, ако треба и воздушен ден ќе направам за подобри

резултати. Скоро пола ден читав искуства на форуми и

чувствувам дека тоа е тоа. За последен пат си се почастив

пица, зaшто од утре ќе биде војскааа. Среќна сум, преубави

работи ме очекуваат. Па пролетни колекции, розевки

фармерки, па летни бели фустанчиња, кај ќе ми биде крајот,

ќе го прегорам Инстаграм.

Сабота 04.02 Денес не успеав да почнам со „UnDiet“. :)

Уште во 11 часот, другарките од основно ме натераа да си

нарачам едно бело винце. Бевме седнати на кафе, ама сите

ко што сме одговорни и карактерни, ручекот ни заврши во

17 ч. Ме мачеше и се мислев што да правам, јадев месо и

салати, добро и ептен малку компири. Се мислев дали да се

правам дека виното не се случило и да сметам дека сум на

протеински ден. Ммм? Еве го кај е понеделник, ќе си почнам

ко човек, најправилно на свет. Ако ова не го испочитувам да

даде Господ дупло да се здебелам!!!

Понеделник 06.02 Вчера ги купив сите потребни продукти

и сабајле почнав со овошјето сè ко што си треба, и мораше

да ја сретнам Ана. Буквално преполовена, најдотерана

и преубава. Збореше двеста на саат, цела еуфорична

ми раскажа: пиеш, јадеш прашак, ама скроз со вкус на

вистинска храна, ич не си гладна, крвната слика ми пука,

поубаво никогаш не сум се чувствувала, и најважно за месец

дена си пола ти. Ауууууу, па ова е за мене, како што немам

време, прашакот и чао. Отидов уште дента да купам, и сè

ќе беше супер, да не сум волкав хипохондрик. Престрашно

изгледаа магичните кесички и немав храброст да ги купам.

Петок 10.02 Ме немаше цела недела зaшто бев за никаде.

Два дена издржав, дури и на работа ги поминав сите

искушенија (мора да знаете дека работам со луѓето со

најбрз метаболизам), дури и во кино не јадев чипс и

пуканки. До средата бев на „пазам што јадам“ диета, во

четвртокот малку зезнав, ама не бев јас виновна. Гледав

еден престрашен филм со киднапирање на деца, и не можев

да заспијам до 5 сабајле, и изедов пола пакетче гумени

бонбони црви :). Денес решив дека имам рок до понеделник,

да побарам стручна помош и да имам исхрана препишана

од нутриционист. Малку плачев, малку се јачав, да бе сега

некој таму ќе ми кажува што да јадам. Топла вода ќе измисли,

зеленчук, овошје, месо, риба и чиа семе. И злобна станувам,

тоа е тоа, ќе завршам како исфрустрирана тетка што мрази

млади девојчиња.

Недела 12.02 Мислам дека денес доживеав просветление

и сигурна сум дека ќе бидам нов човек после ова искуство.

Го носев мојот најстар син, кај другар што живее на 7 спрат,

во зграда без лифт. До втори некако издржав, ама одеднаш

почнав да чувствувам многу силна болка во близина на

срцето. Не е инфаркт си викав, зашто имам читано во

слободно време дека ако умираш од инфаркт, ќе те боли

грбот. Го замолив син ми да се одмориме, којзнае на што

сум личела кога детето ме праша дали ќе паднам во несвест.

Го излажав дека сум само изморена и во агонија се мислев

дали да вртам по телефон, да доаѓа некој да ме спасува

или по станови. Имаш класичен паничен напад жено, не го

трауматизирај детето си повторував и некако успеав да се

качам и да го оставам кај другарчето. Пола саат се симнував

надолу, малку ме попушти болката, ама ми растеше

нервозата. До овде ли дојдов да не можам да дишам, да не

можам да се качам по скали. Сигурно ми бил некој мускул,

ама сфатив дека што и да правам морам да бидам здрава.

Три деца имаш, се карав сама, млада си, паметна, толку ли

е тешко. Даааа, ќе станам вежбачка сега, кардио прво дур

ослабам, па после дефиниција. И здрава храна, и ќе заврши

агонијава. Од утре се разбира, знаете веќе зашто :) ...

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

ПРОЛЕТ Е

ВРЕМЕ ЗА

УБАВИ НЕШТА

ГТЦ Скопје

Дијаманти секој ден

www.sigma.mk #нашаљубов

15

На „ти“ со

НИКОЛИНА КЕНИГ

СЕКОЈ ИГРА СО

КАРТИТЕ ШТО МУ ГИ

ПОДЕЛИЛ ЖИВОТОТ

И најголемиот медиокритет меѓу мажите се доживува

себеси како полубог во споредба со која било жена

Пишува: Ана Јовковска

...Тоа утро станав со мислата колку е важно да ја „покријам“

темата за еманципацијата на жената. Можеби под притисок

на кич - прославувањето на Осми март и неговата ерозија

на духот, или, пак, можеби затоа што често ме мачат овие

теми... Ја побарав на Филозофски факултет во Скопје, на

Институтот по психологија. Знаев дека тешко ќе ја убедам

за интервју, но бев упорна. Сум ја слушала многупати

како ги елаборира проблемите на „реалноста“ на научни

конференции и панел-дискусии и сум ѝ се воодушевувала

на нејзината флуидна елоквенција, силна аргументација

и смиреноста во изразот. Едукаторка по мисија, а

универзитетска професорка по вокација – Николина Кениг.

Жената чијашто елеганција на телото и зборот одат рака

под рака – „НА ТИ...“ во „Портрет“.

АЈ: „Освојувајте ја својата слобода“ – се клучните зборови

на една од најпознатите феминистки, Симон де Бовоар,

љубовта на Сартр, изговорени за време на студентските

протести во 1968 година во Париз. Па, проф. Кениг, како

треба да ја освојуваме слободата денес?

НК: Ова прашање многу ме мачи во последно време и не

сум сигурна дека и за себе имам одговор зад кој целосно

Фотографија: Жарко Чулиќ

ќе стојам. Често ме преплавува чувството дека некако сме

застанати на опцијата „снуз“ на будилникот за реалноста, па

си продремуваме врз придобивките од битките извојувани

од генерациите жени пред нас. Клучните позиции на

слобода ни се сервирани и ги третираме како еднаш

засекогаш дадени. Подложни сме на некритичкo преземање

на готови модели, пасивни сме и чекаме времето или некоја

праведна виша сила да ги реши проблемите, наспроти тоа

што реалноста нè соочува со тоа дека е можно преку ноќ да

прeoвладаат ретроградни процеси. Има и исклучоци, но тие

се тоа - исклучоци.

ЗА ЖЕНИТЕ СЛУШАМЕ ДЕКА СЕ „ПОУБАВИОТ ПОЛ“,

НЕКОИ ОД НИВ СЕ „ЧЕЛИЧНИ ДАМИ“ ИЛИ „НЕЖНИ

КАКО ЦВЕТ“ СУШТЕСТВА, НА КОИ ИМ ТРЕБА ЗАШТИТА

ОД МАЖИТЕ, А НЕКОИ „СИ ГО БАРААТ“. ДЕВОЈКИТЕ И

ЖЕНИТЕ СЕ ПАТЕРНАЛИЗИРААТ, ИНФАНТИЛИЗИРААТ, СЕ

РОМАНТИЗИРААТ ИЛИ ДО НЕБЕСА СЕ СЛАВИ НИВНАТА

УЛОГА НА МАЈКИ.

АЈ: „Сопствена соба“ на Вирџинија Вулф зборува токму

за тоа, за слободата на избор, за сонот да се има право

16

да се студира и да се испланира сопствениот живот.

Олимпија де Гуж, пак, била авторка на драмски текстови и

активна учесничка во Француската револуција, и веднаш

по Француската револуција, разочарана дека жените

не добиле право на глас (а нели сите граѓани добиле, па,

излегува дека под граѓани се подразбирало само машкиот

дел од популацијата) ја пишува Декларацијата за правата

на граѓанката, за што била осудена на смрт. Во пресудата

пишувало дека била „неприродна“ жена. Неприродноста

се состоела во бидувањето автор(ка) и пишувањето на

текст во којшто се бараат правата на жените. Во каков свет

живееме денес? Кои се најчестите родови стереотипи со

коишто се соочуваме во нашево општество?

НК: Денес, кај нас, сексизмот се манифестира низ суптилна

форма што тешко се препознава. На пример, рутински за

жените слушаме дека се „поубавиот пол“, некои од нив

се „челични дами“ или „нежни како цвет“ суштества, на

кои им треба заштита од мажите, а некои „си го бараат“.

Девојките и жените се патернализираат, инфантилизираат,

се романтизираат или до небеса се слави нивната улога на

мајки. Повторно и повторно тие доминантно се сместуваат

во домот и се поттикнува преокупацијата со физичкиот

изглед како централно важна. Сексуализацијата (да не речам

порнификација) на девојките, меѓу другото, се користи и

да се делегитимираат како способни за интелектуална

работа. Фриволноста се претставува како симпатична, а

саможртвувањето како столб на мајчинството.

СЕКСУАЛИЗАЦИЈАТА (ДА НЕ РЕЧАМ ПОРНИФИКАЦИЈА)

НА ДЕВОЈКИТЕ СЕ КОРИСТИ ДА СЕ ДЕЛЕГИТИМИРААТ

КАКО СПОСОБНИ ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНА РАБОТА.

ФРИВОЛНОСТА СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО СИМПАТИЧНА, А

САМОЖРТВУВАЊЕТО КАКО СТОЛБ НА МАЈЧИНСТВОТО.

АЈ: Децата уште од мали нозе учат за родово поделени улоги.

Родителите на своите момчиња им викаат не плачи како

женско, мораш да бидеш силен, инхибирајќи ги нивните

емоции. Од момчињата се очекуваат поведенија на крутост,

неемотивност, афинитет кон спортот, промискуитетно

однесување, моќ, агресија. Во учебниците гледаме слики

во кои мајката е во кујна и чисти во домот, а таткото оди на

работа и чита весник. Бети Фридан пишуваше за ставањето

на жените во концентрационен логор наречен домаќинство.

– Образовниот систем и вградувањето на родовите

стереотипи?

НК: Во поновите учебници сè помалку може да се наиде

на гротескно-стереотипните слики што ги гледавме до

неодамна, во кои девојчиња облечени во лелеави фустани,

со огромни панделки врз плетенките радосно ѝ помагаат

на мајка си да ја приготви вечерата, додека таткото во

костум гледа телевизија, а братот во дворот игра фудбал.

За жал, тоа не значи дека се случија суштински промени,

бидејќи родово-стереотипните илустрации само се заменија

со „безбедни“ пејзажи или цртежи од животни. Децата

изучуваат историја во која одвај можат да прочитаат за жена

со име и презиме, која се третира како важна за човештвото.

Уште живо се сеќавам на тоа колку често во училиштето каде

што учеше ќерка ми, на секоја втора родителска средба се

поставуваше прашањето за тоа како да се дисциплинираат

девојчињата за да се облекуваат „пристојно“, бидејќи многу

ги вознемирувале врсниците и помладите наставници со

разголените стомаци, ама главна точка на приредбите беше

таа во која ученичките играа стомачен танц!

ПРОЦЕНТОТ НА ЖЕНИ СО ЗАВРШЕНО ВИСОКО

ОБРАЗОВАНИЕ Е ПОВИСОК ОД ПРОЦЕНТОТ НА МАЖИ, А

ИСТОВРЕМЕНО, СТАПКАТА НА ВРАБОТЕНОСТ И СТАПКАТА

АЈ: НА Учеството АКТИВНОСТ на НА жените ПАЗАРОТ во НА високото ТРУД Е образование ПОВИСОКА КАЈ се

МАЖИТЕ.

17

приближува до идеалот на ЕУ на 50% застапеност на

жените. Истото важи и за судството и за други високи

административни позиции, но жените заработуваат

помалку. Во Македонија, процентот на жени во високото

образование изнесува околу 50 проценти. Највисок процент

на жени менаџерки има во Летонија (45%) и Франција (40%),

а најнизок во Кипар (15%) и Грција (23%).

– За економската рамноправност на жените?

НК: Кога веќе се спомена високото образование и

застапеноста на жените во него како индикатор на родовата

рамноправност, веднаш ми паднаа на ум две работи.

Едната е бројот на жени ректорки и деканки. Кај нас, на

најстариот универзитет постојат факултети што никогаш

немале деканка. Второто што го помислив, а е веројатно

помалку познато, е тоа што процентот на жени со завршено

високо образование е повисок од процентот на мажи,

а истовремено, стапката на вработеност и стапката на

активност на пазарот на труд е повисока кај мажите.

АЈ: Французинката Сузан Валaдон беше прва жена сликар

примена во Националното друштво на сликари. Камил

Клодел, љубовницата на Роден, се борела со стереотипите

да се биде жена уметник, и тоа жена скулптор во тоа

време. Режисерот Бруно Дима сними филм за неа. Ја

игра прекрасната актерка Жулиет Бинош. Зошто нема

големи уметници жени? Нема еквиваленти на Рембрант,

на Делакроа, на Сезан или Матис или, пак, ги нема во

официјалната историја на уметност?

НК: Од една страна, големите женски имиња и во уметноста

и во науката вешто се анонимизираат и се оставаат на

маргините на колективната меморија. Од друга, да се

очекува да ги има во вид на еквиваленти е исто како да се

бара еднакво добро да возат велосипед оние што го имале

велосипедот од најрано детство и што биле учени како да

возат и тие што само можеле да ги гледаат другите како го

прават тоа и, евентуално, понекогаш да им го позајмат.

МАЖИТЕ ВО ПРОСЕК СЕ ФИЗИЧКИ ПОАГРЕСИВНИ

ОД ЖЕНИТЕ, А ЖЕНИТЕ ВО ПОГОЛЕМ СТЕПЕН

МАНИФЕСТИРААТ РЕЛАЦИСКА АГРЕСИЈА.

АЈ: Ако мажот е нормата, тогаш жената е другото, за жал.

Момчињата се поставуваат антагонистички кон жените.

Маскулинарноста е реакција, таа не е органска. Па, ако

покажувањето емоции и слабост кај мажите се смета за

погрешно, нели, и ако општествениот притисок ги тера

момчињата да манифестираат доминација и контрола,

тоа значи дека мажите треба да се фигури на моќ, а тоа е

веројатно и потенцијална причина за опресија на жените.

– Проф. Кениг, може ли да зборуваме за агресивните

својства на мажите наспроти пасивноста на жените?

НК: Всушност, една од малкуте особини за кои постојат

сигурни емпириски докази за полови разлики е токму

агресивноста. Мажите, во просек, се физички поагресивни

од жените, а жените во поголем степен манифестираат

релациска агресија. Иако на прв поглед се чини дека нема

ништо пологично од тоа ваквите разлики во просеците да се

припишат на биолошките фактори, тешко е да се оспорат и

алтернативните објаснувања. Тие го тврдат токму она што е

носечки дел на прашањето – ако родовата норма наложува

мажите да бидат силни и контролирачки, дали овие разлики

толку еднозначно можат да се припишат на биолошкото? Јас

искрено се сомневам. Затоа, за мене е многу веројатно дека

редефинирањето на идеалот за „вистински маж“ во чијшто

центар е агресивноста, може да придонесе во намалување на

притисокот врз мажите да бидат бестрашни и суперпотентни

херои кои стрептат дека секое покажување слабост ќе ги

демаскулинизира и ќе ги обезвредни. Многумина на оваа

идеја реагираат со бес и го интерпретираат како нов вид

наметнување модел на антимажественост. Во игра се и

теории на заговор и апокалиптични сценарија за изумирање

на човештвото заради наводното насилно бришење на

биолошките разлики и од тоа намалена репродуктивна

моќ на луѓето. Арно ама, тоа едноставно е извртување на

тезите во благата паника дека можеби ќе се изгуби некоја

од привилегиите на хегемоната маскулиност.

АЈ: Реалноста покажува дека ако не преземеме нешто, ќе

треба да чекаме 75 години пред жените да бидат еднакво

платени за иста работа со мажите. Петнаесет и пол милиони

девојчиња ќе бидат омажени во наредните 16 години како

деца. Според сегашните статистики веројатно ќе треба да

чекаме до 2086 година за руралните девојчиња од Африка

да имаат можност за средно образование.

НК: Не, не, ако само чекаме, сигурно нема да бидат доволни

ни 75 години. Иако не гледам секогаш проблем таму каде

што го наоѓаат феминистките на третиот бран, сериозно ме

загрижува сè погласното „признавање“ на потчинетоста на

само некои жени и уште почесто, на некои таму. За мене,

ова е еден од најсериозните предизвици што нè очекува,

и покрај тоа што се согласувам дека понекогаш треба да

се води сметка и за ургентноста на проблемите. Затоа,

можеби ќе треба да се потроши еднакво многу енергија за

надминување на родовиот јаз во платите во развиените земји,

колку и за добивање на еднаков пристап до образование на

девојчињата во Африка.

АЈ: Домашното насилство често е проблем што се чува дома

во шкаф, иако уништува животи и растура цели семејства.

Постои трансгенерациско пренесување на образецот

насилство во семејството. Се смета дека количеството

на доживеаното насилство во детството придонесува за

развој на насилство во меѓучовечките судири во возрасниот

период. Во одредени средини насилството претставува

традиција, а насилството врз жената претставува нешто

што тие жени гледале дека им се случува на нивните мајки

или на нивните баби. Станува збор за еден ментален состав

што мора да се разбие. Според податоците од граѓанскиот

сектор, секоја петта жена во Македонија е жртва на

физичко насилство, а секоја десетта е жртва на сексуално

насилство. Само 23 проценти од жртвите побарале помош,

додека 55 отсто се одлучиле да премолчат.

– За важноста од адресирање на проблемот и превенцијата

на родово-базираното насилство?

НК: Кај нас веќе подолго време се зборува за семејното

насилство, а допрва се отвора простор за јавна дискусија

за насилството врз родова основа. Родово заснованото

насилство сè уште не е експлицитно дефинирано со закон,

а во процесот на имплементација на оние закони што се

на сила, лесно може да се препознае приклонувањето кон

патријархалната матрица кај дел од професионалците

задолжени за давање помош. Ќе додадам дека дури и

кога општеството покажува разбирање за важноста да

18

На „ти“ со

се стави крај на насилството врз жени, нема соодветен

институционален одговор. Затајува и превенцијата и

заштитата, особено долгорочната. Еве, ќе спротивставам

неколку бројки на оние што ги соопштува граѓанскиот

сектор. Во земјава не постои ниту еден кризен центар

специфично наменет за жртви на силување и има само шест

функционални прифатилишта за жени, што се соочуваат

со семејно насилство, со капацитет да згрижат вкупно

петнаесетина жртви.

АЈ: Загрижувачки е овој факт! Со ова некако ја резимираме

темава, но пред крај на разговоров чувствувам потреба да

Ве прашам и за личниот аспект на болката... Лу Саломе,

жената што ги инспирирала Ниче, Фројд и Рилке, една од

првите модерни жени и првата жена психоаналитичар, која

всушност го предизвикала Фројд и ја проширила неговата

наука, објавувајќи ја студијата за сексуалната љубов

насловена „Еротицизам“, напишала: „Ако веќе немаш

среќа да ми дадеш, тогаш дај ми ја твојата болка“. Па,

проф. Кениг, со што најчесто ја врзувате болката?

НК: Болката ја врзувам со животот. Љубовната болка знае

да биде интензивна, но болат и лебдечката анксиозност,

чувството на немоќ и научена безнадежност, што

надвиснуваат над сè поголем број луѓе. Инаку, кога сме

веќе кај еротската љубов, не можам а да не забележам

една парадоксална ситуација. Со оглед на тоа што таа

подразбира однос меѓу две индивидуи, зачудувачки е колку

малку внимание се посветува на тоа на кои сè начини, освен

преку експлицитно насилство, нееднаквоста се одразува врз

интимните врски.

ВРСКАТА МЕЃУ УСПЕХОТ И СРЕЌАТА ЈА ГЛЕДАМ ВО ТОА

ШТО ПОНЕКОГАШ СУМ УСПЕШНА ВО НАПОРОТ ДА БИДАМ

СРЕЌНА.

АЈ: Кој е вашиот рецепт за успех и среќа?

НК: Секој игра со картите што му ги поделил животот, па тоа

ги прави личните искуства неспоредливи и неупотребливи

за другите. Јас бев привилегирана со тоа да имам помош од

родителите во справување со моите родителски обврски. Да

немав, немаше да биде од голема помош самодисциплината,

што ја сметам за мое главно оружје, затоа што недостига

соодветна системска поддршка. Инаку, врската меѓу успехот

и среќата ја гледам во тоа што понекогаш сум успешна во

напорот да бидам среќна.

ОСМИ МАРТ САМО ГИ ВАДИ НА ПОВРШИНА

ПРИОРИТЕТИТЕ И НАВИКИТЕ. ЗА НЕКОИ Е САМО МАЛА

ОДДИШКА ОД НАПОРНОТО СЕКОЈДНЕВИЕ, ЗА НЕКОИ,

МОЖЕБИ, ДОБРА ПРИГОДА ЗА СВЕЧЕНА ФРИЗУРА. :)

АЈ: Да, ми се чини најголем успех е човек да се чувствува

среќен. А за типичното прославување на Осми март би

рекла дека е ерозија на духот. :) Која е Вашата порака за

жените за овој ден, а и воопшто?

НК: Ха, ха, не знам дали би го опишала токму така, ама

се сомневам дека има основа во тоа да се очекува

одбележувањето на овој ден драстично да отскокнува од

прославувањето на другите слични празници. Осми март

само ги вади на површина приоритетите и навиките. За

некои е само мала оддишка од напорното секојдневие, за

некои, можеби, добра пригода за свечена фризура. (се смее)

Не ме разочарува премногу кој како избира да прослави и не

верувам во генерално упатување пораки. Како професорка,

имам скапоцена привилегија да работам со млади луѓе, па

пораките им ги испраќам ним. Се надевам дека тоа го правам

на начин што им дава слобода да одлучат дали и колку за

нив тие пораки имаат смисла и како ќе ги искористат за

личен развој и за унапредување на општеството.

19

Наш став

ГОВОРОТ

НА ОМРАЗА

КАКО ДЕЛ

ОД НАШЕТО

СЕКОЈДНЕВИЕ

Дали ќе бидеме неми сведоци и соучесници или гласни

борци против говорот на омраза?

Пишува: Ружица Антиќ

Политичкава криза што ѝ се случи на нашата држава во

изминативе две години, меѓу другата штета, актуализираше и

едно многу сериозно прашање. Дали ние, како поединци, се

навикнавме на говорот на омраза, што секојдневно се шири

на социјалните мрежи? Дали сме соучесници, намерно или

не, како неми сведоци, или скриени под оправдувањето дека

искажуваме наш политички став? Во многу скоро време,

генерациите што не знаат за детство и живот без интернет, ќе

мораат да подлежат на многу сериозна едукација за нивната

одговорност и за работите што ги објавуваат и споделуваат

на своите профили. Да знаат дека секој поединец е важен

за позитивна промена и дека единствено преку борба за

човековите права на секој поединец, се борат и за своите.

20

КОЛЕКЦИJА НАПРАВЕНА ОД ЕКОЛОШКИ И РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИJАЛИ

Достапна во селектирани продавници

Што спаѓа во говор на омраза? Иако, по дефиниција, тоа

е секој говор што напаѓа личност или група, врз основа на

пол, род, етничка припадност, раса, сексуална ориентација,

честопати се крие под правото на слободно изразување и

мислење. Тој носи порака за инфериорност, гнев, омраза,

осудува и понижува. Освен преку директен говор, тој може

да се изрази и преку испишување на навредливи симболи,

графити, цртежи, преку палење знамиња или верски

симболи, преку делење летоци со содржина што поттикнува

омраза по која било основа. Иако во Република Македонија

постојат казнени дела што го регулираат говорот на

омраза, нивната слаба правна практика дополнително ја

усложнува постапката за искоренување на оваа „модерна“

дискриминација.

Зашто ни е толку лесно, скриени зад монитори, лажни

профили, псевдоними, да истураме злоба, фрустрации и

навреди? Ме мачи и прашањето дали секој сопственик на

„лажен профил“ или редовен коментатор на разни сајтови

е фрустриран, несреќен поединец, што стресот од неговото

секојдневие го истура „онлајн“, нешто што порано беа

спортските игралишта. Структурата на интернетот како

медиум, можностите што ги нуди, да си анонимен, да не го

гледаш соговорникот, навредата да ја напишеш во истата

секунда, без простор за колебање, го прави говорот на

омраза многу полесен за користење. Сознанието дека на

интернет сите повеќе или помалку водиме лажен живот, ни ја

зголемува вербалната агресивност кон работите кон кои во

вистинскиот живот сме потолерантни. Секој поединец или

секоја група што ќе се сретне со говор на омраза, најчесто

избира дали ќе се справи со него со игнорирање, без да

остави простор да се сврти вниманието на јавноста, или

со јавна осуда и повик за определена санкција. Минатава

година, особено во екот на изборите, па и сега во овој период

на политичка агонија, често поединци, здруженија, јавни

личности, организации изразуваа говор на омраза. Иако

често личи на политички став, бенигна појава, во ситуација

на политичко лудило, ваквите изјави, статуси, ескалираа

до вистински повик на реално насилство. Медиумите,

уредниците, сопствениците на портали, имаат одговорност

да ги санкционираат и да ги спречуваат коментарите, но во

практиката читаноста е многу поважна од нус појавите.

Пред некој ден мојот син воодушевен ми раскажуваше дека

некој светски рап артист, што цела година твитал навреди

за Џастин Бибер, сега направил навредливи стрип и песна,

ама на него и на неговите другари им биле многу смешни. Со

оглед на тоа што има десет години, овој разговор ми беше

повик за будење. Сакам да имам дете што ќе ја знае силата

на аргументиран дијалог, рамноправен разговор, отворен

кон секаков вид различности. Сакам ние, како родители,

со сите образовни и културни институции, заедно да им

укажеме на санкционирањето на вакви појави уште во корен.

Денес се смеат на познат пејач, утре на другар од клупа,

интернет-генерациите се осудени да растат без меѓусебно

сочувство и почит. Целата предност и слобода што ни ја

овозможува дигиталното царство се загрозени од говорот

на омраза, дигиталниот криминал и вербалното насилство

како неубавата страна на медалот. Ако не се преземат

порадикални мерки, негативните страни на интернетот ќе

ги засили нашите предрасуди и стереотипи, ќе ги стесни

видиците на нашите деца и ќе ни стане секојдневие.

МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА ОД

ГОВОР НА ОМРАЗА

ГОВОРОТ НА ОМРАЗА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ВО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Од февруари 2014 година во Република Македонија

стапија во сила нови законски одредби што

забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење

на материјали преку интернет што промовираат или

поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство,

против кое било лице или група, врз која било

дискриминаторска основа. Битно е и да се знае како

Европскиот суд за човекови права го препознава

говорот на омраза, бидејќи одлуките на овој суд

можат да се ползуваат и пред нашите судови.

МВР И ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Говор на омраза на социјалните мрежи можете да

пријавите до одделението за електронски криминал

при Министерството за внатрешни работи. За

кривичното дело говор на омраза, исто така можете

да поднесете кривична пријава до основното јавно

обвинителство, кое треба да го истражи случајот и

да одлучи дали ќе поведе кривична постапка против

посочениот сторител.

КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

За случаите на дискриминаторски, вознемирувачки

или понижувачки говор, што има цел или резултат

повреда на достоинството на одредено лице

или создавање на заканувачка, непријателска,

понижувачка или застрашувачка средина, до

Комисијата за заштита од дискриминација можете да

поднесете претставка за заштита од дискриминација/

вознемирување. Претставката се поднесува во рок

од три месеци од денот кога била сторена повредата

или најдоцна една година од дознавањето за актот на

дискриминација.

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ

МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

За случаите на говор на омраза на радио и

телевизија, можете да поднесете претставка до

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски

услуги, посочувајќи ја програмата, конкретниот

медиум, датумот и периодот на емитување на

програмата. Агенцијата може да поднесе опомена,

барање за поведување на прекршочна стапка,

кривична пријава и барање до Советот за одземање

на дозволата за работа.

22

23

24

Фотографија: Steven Crawford

НИЗ ГОДИНИТЕ НАУЧИВ...

ДУКЕ БОЈАЏИЕВ

Музиката е глас на душата, лек за умот... топлина за срцето, светлина за животот.

Проектот „Сон. Верба. Љубов.“ е... универзална порака дека без соништа, верба и љубов секојдневието губи

смисла, а животот го губи својот жар.

Со својата работа да допреш до срцата на милиони луѓе значи... дека она што го правиш е многу искрено и

длабоко.

„Карнеги Хол“ ми... беше најголем предизвик да ја претставам македонската култура и музика во еден ваков

светски храм на уметноста, беше екстатично убаво чувство.

Најпродуктивен сум... кога срцето и умот ми функционираат синхронизирано.

Најголемо влијание во моето творештво имаше... мојот татко, кој од најраното детство ме стимулираше со

преубава музика.

Кога мислам на Македонија, првата работа што ми паѓа на памет е... магијата на Охрид.

Моите соништа растат обратно пропорционално со... мојата

зона на комфор. Секогаш кога сум бил надвор од зоната на

комфор сум имал најзабрзан развој на свеста и духот и сум ги

реализирал своите најголеми соништа. Комфорот и удобноста

често знаат да нè направат побавни и помрзливи, тоа е дел

од човековата природа. Затоа човек треба постојано сам да си

наоѓа и да си поставува предизвици.

Кога мислам на Њујорк, првата работа што ми паѓа на памет е... моето студио, мојата фамилија и пријателите

од целиот свет.

Духот го хранам со... убава уметност, убави мисли, убави луѓе и константно отворен ум.

Домот не е место, туку чувство... што го носиме секаде со себе.

Твојата музика да е дел од светски познатите компилации, како „Буда бар“, „Маракеш експрес“... е прекрасно

чувство, бидејќи таа има можност да допре и да облагороди многу срца и души.

Да ги следиш своите амбиции, да работиш и да учиш од врвни, светски имиња... е благослов, но да си отворен

и подготвен да учиш до крајот на животот е најголемо богатство.

Слободата е шанса да бидеш подобра верзија од себе... и единствен начин да ги пронајдеш својот вистински

идентитет и својата животна мисија.

Моја дефиниција за перфекција е... едноставноста.

25

Wonder Womеn

Г

О

С А К А М

С Е К О Ј

Д Е Л О Д

С Е Б Е

Фотограф: Жарко Чулиќ

Пишува: Тања Тодоровска

Иако март некако стереотипно се врзува со славење на жената, ние во „Портрет“

ваквата прослава ја правиме од првиот број. Рубриката wonder woman си најде

посебно место на страниците, отсликувајќи успешни, интересни, несекојдневни

жени кои инспирираат со своите животни приказни, достигнувања, со својот ведар

поглед на животот што претставува вистинска мотивација. Овој месец имаме четири

wonder women – сите посебни самите по себе, со различни професии и заднини,

но со една заедничка нишка на самодоверба и прифаќање на сите свои атрибути и

карактеристики. Тие не се срамат да ги покажат своите раздвоени заби низ широка

насмевка, ниту да ја соберат косата во опавче, дозволувајќи да се откријат големите

уши, немаат комплекс од големиот нос, не ни помислуваат да ги скријат или да ги

избелат пегите на лицето и телото... тие го сакаат секој дел од себе!

26

Мартина Петковска

„Никогаш не сум ги сметала ушите како комплекс или

недостаток, туку повеќе како додаток што секогаш

бил инспирација за правење шеги на моја сметка. :)“

27

Марина Тодоровиќ

„Многу се смеам - се смеам и кога е смешно и кога

ми е незгодно и најчесто сама на себе. :) Не си ја

доживувам мојата насмевка како карактеристична,

едноставно тоа сум јас.“

Нела Василевска

„Во наследство добив уникатен накит, пеги. Уникатноста

што ја даваат на ликот, се одразува и на мојот карактер.

Не сакам да ги избелам, не сакам крем, ниту лимон или

ласер за да ги тргнам; сакам сонце, сакам да се многу.

Сакам кога секоја точка е своја приказна.“

Ана Таневска

„Мојата специфичност – големината и формата на носот е мое

наследство од човекот кој го сметам за идол во животот, мојот татко,

и поради тој белег сум се изградила како самоуверена личност што

придонесува и другите да ме прифатат со сите недостатоци и доблести.“

30

СТИЛСКА ИНСПИРАЦИЈА

ЈОВАНА

Фотограф: Горан HLVK Поповски

Шминка и фризура: Васе Доковски

Стилистка: Бојана Максимовска

Јована носи модели од Јована Филиповиќ

специјално креирани за фотосесијата

Пишува: Тања Тодоровска

Доколку порано модните дизајнери беа единствените кои ги наметнуваа модните трендови,

денес истите дизајнери соработуваат со најуспешните светски модни блогерки кои ги

прифаќаат, приспособуваат, па дури и доусовршуваат дизајнерските замисли. Успешното

комбинирање, создавањето комбинации што се лесни за носење, задржувајќи го својот

препознатлив печат се нештата карактеристични за нив.

Кај нас, несомнено една од најуспешните и најактивни модни блогерки е токму Јована Зука,

која својата префинета естетика ја отсликува преку својот блог „After Two Five“. Блогот

како појдовна точка, потоа многубројните соработки, па сѐ до гостувањата и патувањата се

доволни показатели дека нејзиниот моден израз се испреплетува и со нејзиниот животен стил.

Запознајте ја Јована одблизу!

32

33

По студиите за меѓународен бизнис и историја на уметност,

како и професионалниот ангажман во интерактивната

маркетинг-агенција „Glitch Agency“, стигнуваме до блогот

„After Two Five“. Да ве вратиме на почетоците. Што ве

инспирираше за почнување на блогот? Од каде потекнува

вашиот интерес за модата?

Не би можела да го потенцирам точниот спој на влијанија

што го има стимулирано интересот за мода, но знам дека

постои отсекогаш и дека зазема посебно место во мојот

живот. Со оглед на тоа што модата е и уметност и бизнис,

најдов начин да ја вклопам во секој аспект од студиите.

Професионалниот ангажман од 9 до 17 часот ми овозможува

структура, а „After Two Five“ го почнав затоа што имав

потреба за модно творење, фотографирање, стилизирање

и овековечување на сите мои идеи во еден индивидуален и

независен простор.

Префинетата естетика и истанчениот моден вкус се

карактеристични за вас, но како вие би го опишале својот

личен стил?

Ви благодарам. Би рекла дека мојот стил е

експресионистички, спонтан, никогаш премногу женствен,

предводен од моменталното расположение и исполнет со

значително количество импровизација.

Каде наоѓате идеи за постовите на блогот и кои личности

ве инспирираат во работата?

Сето она што го следиме на дневна база влијае на нашите

мисли, идеи, ставови и вредности. Затоа сметам дека

е многу важно да сме свесни за типот и за квалитетот на

информациите што ги воспримаме секојдневно, бидејќи

не можеме да предвидиме кој од тие податоци ќе изврши

влијание на некоја идна мисла и ќе се оформи во добра

идеја. Така, модата, уметноста, музиката, филмовите,

сериите, книгите и сè друго што консумирам нема за цел

моментално наоѓање идеи, туку ми служи како креативна

храна за некој непредвидлив момент во иднината.

Досега имате работено на многу модни проекти со

македонски модни дизајнери, во рамките на „Модниот

викенд“, како и соработки со многу компании и брендови.

Колку сте селективни при изборот на соработки, внимавајќи

тие да одговараат на вашиот стил и начин на работа?

Избирам соработки со компании во кои верувам, со кои

сум на иста бранова должина, чиишто продукти ги сакам

и ги користам. Кога прифаќам соработка давам максимум

од себеси со цел да придонесам најмногу што можам.

Пристапувам интуитивно и сè почесто прифаќам проекти

што ме плашат малку, затоа што стравот е одлична

мотивација.

Најуспешните светски модни блогерки добиваат покани

за првите редови на модните ревии во најголемите модни

центри, соработуваат со дизајнерите, добиваат модни

парчиња, бесплатни козметички производи за тестирање...

Го добиваат ли македонските блогери вниманието што го

заслужуваат?

Сите овие привилегии се сосема заслужени, бидејќи

девојките за кои зборуваме работат деноноќно и сами

вршат еден куп должности што во некоја компанија се

поделени меѓу тим на луѓе. Не можам да зборувам од име

на другите девојки во Македонија кои се занимаваат со ова,

Инспирација

но за мене е голема чест што во моментов одговарам на ова

интервју за вашата насловна страница и сметам дека тоа е

мошне големо внимание.

Претпоставувам дека обожавате одење во шопинг. Каде

најчесто ја купувате облеката? И воедно, сакате ли да

купувате дизајнерски парчиња?

Ја обожавам потрагата по добри модни парчиња и

посетувам неочекувани продажни места, бидејќи никогаш

не се знае на какво богатство може да се налета. Облеката

ја купувам секаде каде што ќе најдам нешто што ми се

допаѓа. Повремено купувам дизајнерски парчиња кои се во

мојот степен на достапност или малку над тоа. Во иднина,

секако, би издвоила уште позначителни суми за луксузни

дизајнерски парчиња, затоа што тоа за мене е еквивалентно

на купување на уметничко дело, а и затоа што е паметна

инвестиција, особено ако се земе предвид вртоглавиот

пораст на цените на култните модни парчиња.

На што знаете да потрошите мало богатство? А на што

мислите дека е паметно да се заштеди при купувањето?

Моментално, мали богатства трошам на фотографска

опрема и технологија, затоа што фотографијата е исто толку

важен дел од „After Two Five“, колку и стајлингот. Штедењето

за мене не значи одбирање на поевтини варијанти, туку

паметно купување на помалку, а поквалитетни парчиња.

Имате ли модни правила при склопувањето на еден изглед?

И кое модно правило не го прекршувате никогаш?

При склопувањето на еден изглед се водам според

комбинацијата на тоа што ми се носи во моментот, како се

чувствувам и што ми оставило впечаток од тенденциите во

конкретната сезона. За да прекршиш правило, тоа треба да

постои, а во модата нема такво нешто. Сè додека е визуелно

привлечно и возбудливо, сè е дозволено.

ВО НАШАТА ЗЕМЈА И ОКОЛИНА ПОСТОЈАТ

БЛОГОВИ СО МНОГУ ПОВЕЌЕ СЛЕДБЕНИЦИ

ОД „AFTER TWO FIVE“. ВАЛИДАЦИЈАТА ЗНАЧИ

МНОГУ, НО ИСТО ТОЛКУ КОЛКУ ШТО Е ВАЖНО

ТОА, ВАЖЕН Е И ПРОЦЕСОТ НА СОЗДАВАЊЕ

НА МОДНА СОДРЖИНА, ШТО ЗА МЕНЕ

ПРЕТСТАВУВА ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ.

Имате постојани и верни следбеници на блогот - како ви

успева да ги задржите фановите?

Луѓето кои ја следат мојата работа не би ги нарекла фанови,

туку заедница што е многу важен дел од „After Two Five“,

која има вкус и став и ужива во постојана визуелна модна

стимулација.

35

Инспирација

Кој совет би им го дале на девојките кои сакаат да почнат

свој блог?

На девојките кои имаат желба да почнат блог би им

препорачала да се стремат кон остварување на повисоки

амбиции преку него. Блоговите треба да служат и како

дневници, но и како портфолија што овозможуваат приказ

на талентите, вештините и ставовите и само на тој начин

можат да прераснат во валиден моден извор и да доведат

до работа.

Која е вашата динамика на објавување постови, еднаш или

двапати неделно, поретко?...

Нови содржини на „After Two Five“ има три до четири

пати месечно, затоа што поважен ми е квалитетот, отколку

квантитетот. Но, затоа, социјалните мрежи, а особено

профилот на „Инстаграм“ (@jovanazuka), ги ажурирам

речиси секојдневно.

НАЈМНОГУ ГО САКАМ ПРОЦЕСОТ НА СОЗДАВАЊЕ

СОДРЖИНА. ВКЛОПУВАЊЕТО НА СТАЈЛИНГОТ

СО ЛОКАЦИЈАТА, ФОТОГРАФИРАЊЕТО,

ОДБИРАЊЕТО И СРЕДУВАЊЕТО НА

ФОТОГРАФИИТЕ И СКЛОПУВАЊЕТО ВО ЦЕЛОСНА

ПРИКАЗНА. НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК МИ Е ДА

НАЈДАМ СЛОБОДНО ВРЕМЕ И ВРЕМЕ ЗА СПИЕЊЕ.

Како што веќе спомнавме, покрај стилот и модните

комбинации, речиси еднакво важна е и добрата фотографија

за еден моден блог. Што прави една фотографија посебна?

Моќта да ги предизвика вистинските чувства кај гледачот и да

поттикне инспирација без никакво текстуално објаснување.

„After Two Five“, на некој начин, е симбиоза од вашиот стил,

вашата модна приказна, но раскажана преку објективот

и фотографијата на вашето момче. Како влијае тоа на

професионалната соработка меѓу вас двајца? :) А и на

крајниот резултат?

Кога не се работи за приказна на која имам работено како

фотограф, стилист или креативен директор, објективот му го

предавам на Андреј, затоа што имаме потполно иста естетика

и затоа што има дистинктивно чувство за фотографија. Во

меѓувреме, заедно работиме не само на „After Two Five“ туку

и на многу други проекти поврзани со неговата професија.

Сè е многу природно.

Кај нас, блогерството (за жал) се смета за хоби и е

надополнување на другите обврски од 9 до 17 часот,

за разлика од светските блогери, кои живеат, творат,

создаваат, се самофинансираат и се претопуваат во блогот

со нивно име. Што мислите дека е причината за ваквата

разлика?

Причината е едноставна, економските услови во Македонија

не можат да се споредат со условите во поголемите и

значително побогати земји. Нема луксузни брендови и

доволно публика со голема финансиска моќ, нема буџети

за посмел маркетинг и фокусот сè уште е насочен кон

традиционалните маркетинг-канали.

Што мислите, кои се најпотценетите парчиња во машката и

во женската мода?

Чорапите беа мошне потценети, но моменталните трендови

им придадоа значење и ним, особено преку чизмите во

облик на чорапи на „Vetements“.

Кој тренд би сакале да се врати?

Сите трендови се враќаат. Модата е голема машина за

креативно рециклирање, фигуративно и буквално.

Според вас, што е must have за сезоната пролет/лето пред

нас?

Повеќе меѓусебна поддршка, помалку негативност и нови

варијанти на стандардните кошули, со голи рамена или

грб, со копчиња настрана, наместо напред, десет броеви

поголеми, со исечени ракави и со многу, многу карактер.

Првото нешто што го забележувате во изгледот на другите е...

Појавата во целост, движењето, ставот и начинот на носење

на облеката.

Вашата желба за патувања е лесно видлива преку постовите

на блогот. Правите ли паралели и разлики помеѓу местата

што ги посетувате? И иако претпоставувам ќе биде тешко

да се одлучите, кои три дестинации би ги издвоиле како

места што мораат да се посетат?

Секоја дестинација е посебна и има нешто специфично и

неспоредливо со друга и тоа е еден од најубавите делови

од патувањата. Имам уште многу за откривање, но од

местата што ги имам посетено досега, би ги издвоила

Сицилија, Порто и Копенхаген, како локации и искуства што

дефинитивно морам да ги повторам и, како бонус, Њујорк е

град во кој секако повторно би живеела.

Што во моментот се наоѓа на вашата полица, плеј-листа и во

домашната кинотека?

Со нетрпение чекам да ми пристигне книгата „Democratize

Creativity: A Middle Finger in the Shape of Words to Whoever

Told You That You Are Not Creative Enough“, што ја напиша

една од моите најдобри другарки од факултет и на која

сум многу горда. Слушам многу музика и многу поткасти

како „Pardon My French“ на Гаранс Дор, „Fashion No Filter“

на Камил Шариер и Моника Ејнли и „Girlboss Radio“ на

Софија Аморусо, меѓу другите. Од сериите, во последно

време најмногу впечаток ми оставија „Better Call Saul“, „The

Missing“, „Walking Dead“ и „Good Behavior“, а ако почнам да

набројувам и филмови, листата ќе биде многу, многу долга.

Во која насока сакате да го водите блогот во иднина? Имате

ли веќе зацртани проекти, планови и ангажмани за оваа

година?

„After Two Five“ созрева и се менува паралелно со мене.

Приказните поврзани со мојот личен стил и соработките

со брендовите сакам сè повеќе да ги урамнотежувам со

едиторијал-содржина, фотографирана и стилизирана

од моја страна. Личните стилски постови се реалноста,

модните едиторијали се фантазијата, а заедно се модната

симбиоза што ја сакам и многу работам за да ја постигнам.

37

ЗАШТИТЕН

ЗНАК

Кое е вашето омилено модно парче?

Фотографија: Жарко Чулиќ

Мила Кадриу

палто

Поради мојата ситна градба, потешко го

изразувам карактерот преку одредени модни

парчиња, но секогаш кога треба да оставам

впечаток и да сум најмногу „јас“, избирам да

носам палто. Откако се сеќавам, тоа парче

облека ми будеше поголем интерес во однос

на другите и преку него се трансформирав

стилски, во зависност од расположението и

пригодата. Кога го носам, сметам дека добивам

чувство на сигурност, зрелост и формалност.

Добро палто во ниедна стилска комбинација

не е вишок. Јас го носам во најразлични

изданија, од комбинација со краток шорц,

до заедно со свечена тоалета, без разлика

дали има функционална улога или чисто

како додаток. Најчесто носам фармерки,

кошула, палто, парче накит (бразлетна) и

оксфорд-чевли. Обожавам различни стилови

и на посебен начин го доживувам секој крој.

Речиси секогаш преферирам строг, машки

крој, со чисти линии, без многу струкирање,

со руска јака.

Ги купувам од секаде, важно ми е да ми стојат

добро и да се чувствувам своја. Омилени ми се

палтата на Јована Филиповиќ.

38

BREATHES

FOR YOUR WELLBEING

ITALIAN PATENT

39

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стилистка: Бојана Максимовска

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Фризура: Дарко Петковски

Модел: Марго Бојаџиева, Моделс Ин

40

MANGO кошула 2.490 ден.

ИВАНА КНЕЗ фармерки

PARFOIS обетки 490 ден.

PARFOIS ланче 990 ден.

ИВАНА КНЕЗ јакна

ИВАНА КНЕЗ панталони

BATA патики 3.490 ден.

42

MANGO блуза 1.490 ден.

MANGO панталони 2.990 ден.

MANGO обетки 690 ден.

PARFOIS марама 590 ден.

Портрет мода

MANGO блуза 2.490 ден.

GUESS здолниште 5.490 ден.

PARFOIS чокер 790 ден.

43

44

PARFOIS марама 1.090 ден.

MANGO обетки 690 ден.

MANGO фармерки 2.490 ден.

ИВАНА КНЕЗ јакна

MANGO ремен 690 ден.

BATA чевли 1.190 ден.

45

Soft

LISCA

градник 3.009 ден.

MANGO палто 4.990 ден.

MANGO ланче 1.290 ден.

Фотограф: Горан HLVK Поповски

Стилистка: Ана Коцевска

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Модел: Бојана Нушкова, Подиум

46

MANGO палто 6.490 ден.

LISCA градник 3.009 ден.

LEVI'S фармерки 3.690 ден.

PARFOIS сандали 1.590 ден.

PARFOIS ланчиња 790 ден.

47

48

LISCA градник 3.009 ден.

MANGO капут 5.990 ден.

PARFOIS чевли 1.590 ден.

REPLAY блуза 2.290 ден.

LISCA жартиери 1.669 ден.

50

GUESS блуза 5.390 ден.

LISCA килоти 1.669 ден.

MANGO обетки 690 ден.

MANGO маица 1.290 ден.

MANGO ланче 990 ден.

LEVI'S фармерки 3.690 ден.

51

Фото дневник

ЕДЕН ДЕН ВО ШАНГАЈ СО МАНЕКЕНКАТА

Јована Нешова

6:00 Појадок

9:00 Подготовка на шминка и

фризура за работниот ден

11:00 Работно во студио

16:00 Пауза за кафе и ручек

21:00 Разговарам со моето

семејство и другарките, онлајн

дружење.

22:30 Време е за спиење

Дознај повеќе на avoncosmetics.com.mk

СИГМА

синоним за прекрасен

златен накит

Италијанското врвно злато заедно со вечните дијаманти е совршена комбинација за впечатлив и квалитетен

накит што ќе ги отвори сетилата на секоја жена. Токму оваа комбинација може да се најде во првиот центар

за дијаманти и продавница за италијански златен накит – СИГМА. Идејата

е да се работи со исклучително квалитетен златен накит и златен накит

во кој се вградени безбојни природни дијаманти со што се добива накит

што ја зачувува традицијата, но воедно претставува модерен, а некогаш и

благо авангарден моден детаљ. Целта е да се понуди накит што може да

се носи во секоја пригода, затоа што накитот е моден детаљ што треба

да се покаже, да истакне некој личен афинитет или нечиј стил. Накитот

на СИГМА е спој на креативноста, страста, интуитивноста, фантазијата

и естетската сензитивност, како и постојана посветеност да се понуди

најдобриот дизајн и супериорна изработка. Доброто парче накит е како

едно дело на уметноста и е резултат на спојување култури, традиција,

знаење, чувство за префинетост и мост помеѓу сегашноста и визијата за

иднината. Доброто парче накит е како љубов, страсно, предизвикувачко

и никогаш докрај откриено. Посветеноста на убавината и женската

елеганција е најдобрата дефиниција за моделите на СИГМА изработени

со прекрасен елегантен завршеток што совршено се поклопуваат со светлината и живите бои и форми на

накитот, туркајќи ги можностите на златото до неговите граници.

Искуство и изграден бренд

СИГМА е семеен бизнис на браќата Илчо и Сашо Дукоски, што е почнат пред 15 години, а низ годините ги

водела идејата компанијата да биде синоним за квалитет што ќе ги претставува најновите светски трендови

од светот на македонскиот пазар по цени прифатливи за секого и ќе нуди најдобра услуга на своите

клиенти. Накитот може да се најде во продавницата на СИГМА во главниот град во Градскиот трговски

центар. Моделите се дизајнираат од италијански дизајнери за потребите на СИГМА и се произведуваат

исклучиво во Италија, по најновите светски трендови и техники на производство и доработка. Најголем

предизвик за сопствениците на СИГМА е најновите модели и техники на изработка на накит да бидат

претставени во Скопје само неколку недели по нивната светска премиера, а голема лична сатисфакција

за нив претставува тоа што повеќе модели на накитот на СИГМА почнаа да се продаваат во мултибрендпродавниците

за накит во Милано. Дијамантите што се вградени во накитот се од Белгија и потекнуваат

од исклучително неконфликтни подрачја. Компанијата преку своите партнери од Белгија има обезбедено

директен пристап до берзата на дијаманти што ја дава единствената можност на македонскиот пазар

во златниот накит да има вградено природни безбојни дијаманти со бои Д, Е и Ф. Бојата на дијамантите

почнува од Д и продолжува како англиската азбука, а во накитот на СИГМА се содржани само најдобрите

Д, Е или Ф, дијаманти што во меѓународната класификација имаат ознака за безбојни. Пријатната

атмосфера во продавницата во Скопје, квалитетната и посветена услуга и големиот избор на

уникатен италијански златен накит ја прави СИГМА место каде што клиентите можат целосно да

уживаат додека избираат златен детаљ што ќе им донесе позитивна промена во нивниот живот.

Дијаманти секој ден

Во четириесеттите или педесеттите години од минатиот век, кога дијамантите почнале да земаат

замав и сè поголема популарност, поставено е правилото дека за еден свршенички прстен треба

да се одвојат две просечни плати, а токму СИГМА, за секој што сака да има нешто убаво нуди нешто

што е навистина вредно, со врвен квалитет и сепак со прифатлива цена. Златото и дијамантите

никогаш не излегуваат од мода, па затоа од СИГМА оваа 2017 година одат чекор понапред и

со нивното мото „Дијаманти секој ден“ сакаат да покажат дека е субјективно верувањето дека

златото или дијамантите се недостапни и ќе докажат дека тие можат да бидат со прифатлива цена

и достапни за сите вљубеници во убавото.

54

MELISSA SATTA for BATA

CHARMING

COMFORTABLE WITH IT

55

Белата кошула

не само што дава

безброј можности за

комбинации, туку е и

секогаш совршен избор.

Лежерни риги на

широка кошула се

постојано во мода, а

златните копчиња го

надополнуваат целиот

изглед.

КЛАСИЧНО ПАРЧЕ ЗА СЕКОЈ ДЕН

Кошулата е безвременско парче, што одговара и за на работното место, за во омиленото кафуле и за

вечерно излегување, без разлика дали се работи за строго машки крој, тексас варијанта, бела или пастелна

боја. Одговара на сѐ и дава чувство на прибраност, а истовремено е доказ за модерен и урбан стил.

LEVI'S сива кошула 3.090 ден.

MANGO розева кошула 1.490 ден.

MANGO сина кошула 1.990 ден.

GUESS кошула со риги 5.390 ден.

MANGO бела кошула 1.990 ден.

Портрет мода

PARFOIS чанта 1.990 ден.

MANGO очила за сонце 990 ден.

PARFOIS маска за мобилен телефон 290 ден.

PARFOIS приврзок за клучеви 490 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

PARFOIS тегет чанта 2.190 ден.

PARFOIS чанта со цветови 1.890 ден.

PARFOIS крем чанта 1.990 ден.

PARFOIS чанта со апликација 1.590 ден.

LIU JO паричник 4.390 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

ИНТЕРАКЦИЈА

Контактирајте нѐ:

contact@portretmag.com

facebook.com/portretmagazin

instagram.com/portretmagazin

#portretmagazin

#портретмагазин

#portretstreetstyle

urban chic

Лежерен модерен изглед за совршен пролетен ден

без разлика дали се работи за време поминато на

работа или за шетање низ градските улици.

Нежно сината чанта и белите патики го

дополнуваат изгледот и ги освежуваат

земјените бои на панталоните и блузата.

MANGO блуза 2.490 ден.

MANGO панталони 2.990 ден.

PARFOIS чанта 2.190 ден.

BATA патики 3.490 ден.

PARFOIS очила за сонце 1.190 ден.

MANGO обетки 590 ден.

MANGO нараквица 690 ден.

Очилата за сонце и масивната нараквица се

совршени модни детали што го заокружуваат

целиот изглед.

60

Портрет мода

Монохроматскиот изглед уште повеќе се засилува со

белиот шешир и црниот ранец.

Модерните црни чевли го

заокружуваат стајлингот,

а часовникот претставува

интересен моден детаљ.

LEVI'S кошула 2.690 ден.

SCOTCH&SODA џемпер 5.690 ден.

MANGO фармерки 1.990 ден.

PARFOIS шешир 1.490 ден.

PARFOIS часовник 1.590 ден.

MANGO ранец 1.990 ден.

BATA чевли 5.390 ден.

Црно-белата комбинација со фармерки е секогаш

добар и модерен избор. Иако во различни дезени,

карираната кошула и џемперот во риги совршено се

надополнуваат.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стилистка: Ана Коцевска

Модел: Александра Бошнакоска, Подиум

61

ЦРНИ ПОТПЕТИЦИ

СИНИ ФАРМЕРКИ

За лежерен дневен изглед.

РОЗЕВА БЛУЗА ЗА

КОМФОРНОСТ ПРЕКУ ДЕН

Освежете го изгледот во

пролетна нијанса.

ЦРНА ЧАНТА СО ДОЛГА РАЧКА

Мала и практична за носење

преку рамо.

MANGO џемпер 2.990 ден.

MANGO фармерки 2.490 ден.

MANGO чанта 1.290 ден.

MANGO сандали 2.990 ден.

62

Портрет мода

ЗА ДЕН И НОЌ

МАСЛИНЕСТА КОШУЛА

СО ПРИНТ

Интензивни бои и

интересни ракави.

ЦРНИ ШИРОКИ

ПАНТАЛОНИ ДО

ГЛУЖД

Елеганција и модерен

изглед.

ПАСТЕЛНО РОЗЕВА

ЧАНТА

Maл и практичен

моден детаљ.

MANGO кошула 2.490 ден.

MANGO панталони 2.490 ден.

PARFOIS мала чанта 1.590 ден.

63

7.

3.

4.

8.

1.

2.

6.

5.

1. MANGO 2.490 ден.

2. PARFOIS 1.490 ден.

3. PARFOIS 1.290 ден.

4. MANGO 1.490 ден.

5. PARFOIS 1.490 ден.

6. PARFOIS 1.490 ден.

7. PARFOIS 1.490 ден.

8. PARFOIS 1.290 ден.

64

Портрет мода

PARFOIS 490 ден.

PARFOIS 490 ден.

PERFECT PIECE

PARFOIS 490 ден.

PRECIOSA 4.990 ден.

PARFOIS 590 ден.

PARFOIS 790 ден.

PRECIOSA 3.708 ден.

PRECIOSA 4.079 ден.

65

ADIDAS VS. PUMA

НАЈРИВАЛСКАТА ПРИКАЗНА ВО ИСТОРИЈАТА НА ПАТИКИТЕ

Пишува: Џејлан Рустемоска

Херцогенаурах е малечко германско гратче од околу 22

илјади жители на север од Нирнберг, што со децении

е поделено на два различни начина: физички, од

текот на реката Аурах, но и на симболичен начин, поради

едно необично ривалство меѓу жителите кои или носат

спортска опрема „Адидас“ или „Пума“, но никогаш и двете.

Не се работи за вкусови. И „Пума“ и „Адидас“, од нивното

основање, па сѐ до денес, имаат седиште во Херцогенаурах:

„Пума“ на северниот брег на реката, а „Адидас“ на јужниот.

Со децении речиси целиот град работел во една од двете

фирми, а со текот на времето од едните и другите се

создале две фракции, како две непријателски фамилии,

кои речиси и да не стапувале во контакт помеѓу себе.

Градот има и два различни фудбалски тима: едниот верен

на „Адидас“, другиот на „Пума“, а легендата вели дека

доколку се обратите на случаен жител на градот, пред што

било да ви одговори, ќе се загледа во марката на вашите

патики. Поделбата помеѓу браќата Даслер за ова малечко

гратче била истото што и Берлинскиот ѕид за Берлин. Со

таа разлика што Берлинскиот ѕид се урна пред речиси

три децении, додека антагонизмот меѓу приврзаниците

на „Адидас“ и „Пума“ од Херцогенаурах, како што велат,

сѐ уште се чувствува. Но, кои се браќата Даслер и од каде

потекнува целото ривалство?

Во 1920 година, дваесетгодишниот Баварец Адолф Даслер,

или Ади, повратник од Првата светска војна, добива идеја

да произведува спортски обувки во пералната на неговата

семејна куќа. Му помага неговиот татко Кристоф, кој

претходно работел во фабрика за чевли, а подоцна им се

приклучува и постариот брат на Ади, Рудолф. Работата

веднаш им тргнува и веќе во 1924 година браќата ја

основаат „Гебрудер Даслер шуфабрик“, фабриката што

набрзо ќе стане поим за спортски обувки во Германија.

Браќата рано сфаќаат дека обувките, освен што треба да

бидат квалитетни, треба и да се соодветни за спортот за кој

се наменети, па така почнуваат да произведуваат различни

патики за маратонци и за спринтери. Првиот бум настанува

на Олимписките игри во Берлин во 1936 година, кога

атлетичарот Џеси Овенс освојува четири златни медали,

носејќи ги патиките произведени од Даслер. Фабриката

почнува да ги живее своите златни мигови.

Кратко подоцна и двајцата браќа стануваат членови на

нацистичката партија. Но, сличните политички убедувања

не ги надминуваат нивните карактерни разлики. Ади

е интровертен по природа, опседнат со квалитетот на

обувките, Руди, пак, има трговски дух. Иако на почетокот

ваквата комбинација е од полза за бизнисот, набрзо нивните

конфликти стануваат сѐ поостри. По избувнувањето на

Втората светска војна (а според некои шпекулации, можна

причина е аферата помеѓу сопругата на Ади, која влегува во

семејниот бизнис, и позгодниот од браќата, Руди), работите

само се влошуваат. Фабриката на Даслерови е пренаменета

за производство на ракетни фрлачи за германската војска.

Ади е поштеден од регрутација и продолжува да раководи

со работата, додека Руди самоволно се приклучува на

нацистичките трупи во Полска. По завршувањето на војната,

66

сојузничките сили стигнуваат во Херцогенаурах и одлучуваат

да не ја затворат фабриката, оставајќи го раководството во

рацете на Ади, додека Руди е осуден на една година затвор

под сомнение дека бил дел на паравоените формации СС.

Руди го обвинува сопствениот брат за предавство и нивните

патишта засекогаш се раскрстуваат.

Во 1948 година, Рудолф основа сопствена компанија на

спротивниот крај на градот, што ќе ја нарече Руда (според

своите иницијали), а подоцна ќе ја преименува во Пума, за да

звучи поатлетски. И Ади симболично ќе ја означи новата ера,

преименувајќи ја старата фабрика во „Адидас“, и тој играјќи

со сопствените иницијали. Ова е и официјалниот почеток

на ривалството помеѓу двата спортски бренда што ќе бидат

број еден во светот сѐ до појавата на „Најк“ и „Рибок“ на

пазарот. Ади и Руди ќе си ги поделат работниците, делејќи

инвестирајќи во агресивни маркетиншки стратегии, освен

во квалитетни материјали. Први почнуваат „Адидас“,

кои за Олимпијадата во Мелбурн во 1956 година им ги

подаруваат своите обувки на голем број спортисти кои ќе

станат препознатливи лица на логото со три линии. Набрзо

избувнува вистинска војна меѓу роднините за најголемите

шампиони на тоа време: „Адидас“ ги има Боб Бемон, Дик

Фосбери, Мухамед Али, подоцна Бекенбауер, Зидан, Бекам,

Меси, додека „Пума“ цели на Томи Смит (со легендарниот

модел Puma Suede), Јохан Кројф, Диего Марадона, Борис

Бекер, Јусеин Болт. Најжестоката запаметена битка била

околу фудбалерот Пеле за Светското првенство во Мексико

во 1970 година.

Ни смртта на браќата Ади и Руди нема да стави крај

на непријателството. Тие се погребани на најголема

го засекогаш и градот. Разликите се толку ненадминливи

што доколку вработен во „Адидас“ се вљуби во вработена

од „Пума“, бракот ризикува да го растури целото семејство.

Па, дури и од религиски и политички аспект постои јасна

дистинкција: приврзаниците на „Пума“ се католици и

конзервативци, додека тие на „Адидас“ протестанти и

социјал-демократи. И двете фракции имаат свои дуќани

во градот, на пример месарница само за „Пума“, паб

само за „Адидас“ и слично. Од двајцата браќа, Ади е тој

што на почетокот има повеќе среќа, особено откако во

1954 година националниот фудбалски тим на Германија

победува на Првенството во Швајцарија, а Германците со

патики „Адидас“ стануваат легенди насекаде низ светот.

Во ера кога спортот почнува да станува сѐ поголем бизнис,

синовите на Ади и Руди го продолжуваат ривалството,

можна далечина на гробиштата во Херцогенаурах. А

што се однесува до бизнисот, премногу фокусирајќи се

едни на други, „Адидас“ и „Пума“ ѝ оставија простор на

новооснованата „Најк“ да влезе на пазарот на голема врата,

оставајќи ги многу зад себе. Во изминативе години и двете

компании не се веќе водени од потомци на семејството

Даслер, а во 2009 година новите генерации вработени, со

поотворени умови и мирољубив дух, се обидоа симболично

да стават крај на ривалството долго шест децении со

пријателски фудбалски натпревар од два мешани тимови и

топка со двете добропознати логоа.

Иако тензијата во градот денес помалку се чувствува,

доколку некогаш одлучите да го посетите Херцогенаурах,

пред сѐ одлучете внимателно на која страна од приказната

ќе застанете и какви патики ќе облечете. :)

67

НОВИТЕТИ

ВИ

ТЕ

ТИ

LANCÔME TEINT IDOLE

ULTRA WEAR течна

пудра 2.960 ден.

Благодарение на

формулата која

никогаш не изневерува,

пудрата овозможува

долготрајна перфекција

за жените кои сакаат

да уживаат во секој

момент.

BIOTHERM BLUE THERAPY MULTI DEFENDER

крем за лице со СПФ 25 - 4.240 ден.

Новиот крем е револуционерен кога

станува збор за темни дамки, брчки и пори.

Кремот содржи посебен комплекс што во

целост ја штити кожата од УВ зраците и од

загадување.

CATRICE THE NUDE BLOSSOM COLLECTION палета со сенки за очи 339 ден.

Палета со сенки со пудреста текстура, што е долготрајна и ги истакнува

очите. Содржи и две нијанси за контурирање и истакнување на цртите.

AVON TRUE COLOUR руменило 299 ден.

Свиленкаво руменило што ги оживува

образите со блескава боја и ги нагласува

контурите.

68

AVON MARK. туш за очи 369 ден.

Совршено ги истакнува очите и е

со закосен врв што дава тенка и

смела линија за длабок поглед.

CATRICE GLAM & DOLL SCULPT &

VOLUME маскара 275 ден.

Маскара со длабока црна

текстура, за совршено обликувани

трепки. Овозможува волумен и ги

подвиткува без да остави грутки.

ROSAL LIP BALM VIOLET TOUCH & CORAL

CANDY балсами за усни

Балсамите во виолетова и корална

интензивна боја совршено ги истакнуваат

усните и ја комплетираат шминката. Богати

со витамини и шеа путер ја одржуваат

влажноста и мекоста на усните.

Портрет убавина

YVES SAINT LAURENT BLACK OPIUM

FLORAL SHOCK EDP 50 ML 4.880 ДЕН.

Со познатата, но целосно иновативна

нота на кафе од оригиналниот мирис

Black Opium, новата верзија го

одзема здивот со единствена тензија

меѓу еротичност и свежина. Новата

слатка свежина од фрезија, заедно

со цитрусниот акорд на бергамот,

се обвиени со силна сензуалност на

златна гарденија.

BOSS MA VIE FLORALE EDP

50 ML 4.740 ДЕН.

Воден од препознатливиот

Boss Ma Vie, новиот

цветен парфем е мирис за

модерната жена. Во својот

состав како главна нота

го има уникатниот цвет од

кактус, што ја отсликува

женската независност и сила.

GIVENCHY DAHLIA DIVIN LE

NECTAR DE PARFUM EDP 50 ML

4.914 ДЕН.

Луксузен мирис и деликатен

како златен лист, Le Nectar

открива ретка сензуалност со

пенливи ноти што се пробиваат

и оставаат моќна трага од

мирисот. Содржи цветна арома

на мимоза, јасмин, ружа, а

шишето е со впечатлива златна

боја.

KENZO FLOWER BY

KENZO EAU DE LUMIERE

EDT 50 ML 3.900 ДЕН.

Новиот Flower by

Kenzo Eau de Lumiere

носи радијантен

цветен мирис и

блесок од емоции

на кожата. Во оваа

нова верзија, преку

мирисот на бугарската

ружа, белиот мошус

и бергамот, се

ослободуваат нови

аспекти со неверојатна

моќ на заведување.

PACO RABANNE OLYMPEA INTENSE EDP 80 ML

6.110 ДЕН.

Вистински еквивалент на машкиот парфем

Invictus на Paco Rabanne, а концептот е

базиран на идејата за модерната грчка божица

што освојува и е особено силна и динамична.

Мирисните ноти се свежо ориентални со

зелена мандарина, а преовладува и ванилата

и кринот.

BURBERRY MY BURBERRY BLACK EDP 50 ML

4.507 ДЕН.

Мирисот е спој од цветот јасмин, нектар од

праска и нежен допир на ружа. На иконската

нота на ружа, што е во срцевината на

парфемите My Burberry, е додаден сладок

пресврт, додека богатиот мирис од пачули и

килибар дава длабок и освојувачки завршеток.

69

Портрет убавина

ПРОЛЕТНА

ДЕТОКСИКАЦИЈА

НА КОЖАТА

Пролетта е традиционално време за обнова и за

подмладување на целото тело. Како што се менува и начинот

на исхрана, се врши детоксикација на телото, се менува и

времето, денот станува поголем и почнува подготовката

за лето. Освен на тело, детоксикацијата е потребна и на

кожата, да се обнови од суровите влијанија на зимата, а

негата е различна зависно од типот на кожата. Потребна е и

дополнителна енергија на кожата преку користење на гелформули

со мирис на овошје со лимон, праска, манго, зелен

чај или цвет од цреша, што ќе направат кожата да мириса на

пролет.

Nature's Unicellular Toning

вода за чистење на лице

528 ден.

ЗРЕЛА И СУВА КОЖА

Затегнатиот површински слој може да укажува на сува кожа,

а со влегувањето во менопаузата, покрај многубројните други

промени во телото, кожата е и дехидрирана, се појавува

хиперпигментација и се губи густината на кожата. Целта е да се

нахрани и да се хидрира кожата, а во исто време да се намали

црвенилото. Производите на основа на билни масла и глицерин

ја хранат кожата и истовремено го штитат епидермисот, што

е важно за правилно функционирање на заштитната бариера

на кожата. Се разликуваат два типа на сува кожа, првиот е

таканаречена вообичаена сувост, што доаѓа со стареењето,

се јавува од климатски влијанија, како и средства за чистење

што содржат груби емулгатори. Другиот тип е патолошка

сувост за која е важно да се користат соодветни производи и

да се изолираат можните причинители. Неопходни се маски за

лице што содржат витамин Ф. Витаминот Ф се внесува преку

незаситените масни киселини, а недостигот на овој витамин на

кожата се гледа без лупа, кожата е сува и има првут.

70

L'occitane Shea Light

Comforting крем за лице

1.690 ден.

ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА И

КОЖА СКЛОНА КОН АКНИ

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 60 проценти од жените својата кожа

ја сметаат за чувствителна, не само на надворешните влијанија туку и на стрес.

Чистењето на лицето е обврзувачко за секој тип кожа, особено за чувствителната.

Секое утро и секоја вечер лицето треба да се чисти со смирувачки производи за кожа,

а дополнителната нега е на основа на хидратантни кремови за дневна и за ноќна нега,

што ќе ја надоместат загубата на вода. Хидратантните производи со чајно дрво, шеа

путер и пробиотици даваат соодветна нега за акни. Медот е суперхрана за масна и

кожа склона кон акни, бидејќи има особено смирувачки и антибактериски својства.

Collistar Natura Precious

Essence масло за лице со

авокадо 2.915 ден.

МАСНА И ДЕХИДРИРАНА КОЖА

Секој тип кожа може да биде дехидриран, дури и масната и мешаната. За тоа

помагаат производи на основа на хијалуронска киселина и хранливите кремови со

текстура како гел. Маските за лице со авокадо, јогурт и масло од бадем се многу

хранливи и хидрирачки. За да се отстранат токсините од целото тело може да се

користи детоксирачко масло за масирање, особено ако е од рузмарин или од ѓумбир.

Напролет, кожата е почесто изложена на сонце, а зраците се штетни и ја зголемуваат

дехидратацијата. Тогаш и негата на лицето, заедно со хидратантниот крем, мора да се

дополни со соодветна заштита од УВ-зраците. Неопходни се и витамините Б, Б1, Б2,

Б5, Б6 и Б12, што го регулираат процесот на лачење масти. Витамините од групата Б

одлично дејствуваат во комбинација со магнезиум, калциум и цинк.

Nature's Anti-wrinkle крем за

лице со СПФ 15 - 996 ден.

НОРМАЛНА ДО МЕШАНА КОЖА

Повеќето жени го имаат овој тип кожа, дури и во педесеттите години од животот, само

што тогаш кожата станува посува на одредени места. Карактеристично за овој тип

кожа е масната Т-зона (средишниот дел на лицето, околу носот и челото). Причината

е зголеменото производство на себум во тој дел од лицето. Темелното чистење на

лицето со хидратантен чистач за лице, особено навечер, оневозможува себумот да

ги затвори порите и да се појават митесери. Кремови со СПФ-фактор се особено

важни за овој период, како и редовното и почесто пиење вода. Потребен е и пилинг

што ќе ги отстрани мртвите клетки, ќе го подобри тенот на кожата и ќе обезбеди

подобро впивање на хранливите состојки во кремовите и во маските. Исто така, ќе ја

ревитализира кожата преку стимулација на микроциркулацијата.

71

L'OCCITANE SHEA BUTTER

крем за стапала 490 ден.

LUSH ULTRABLAND

чистач за лице 695 ден.

LUSH LIP SERVICE балсам

за усни 495 ден.

L'OCCITANE LAVENDER SHEA BUTTER

EXTRA GENTLE сапун 290 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

MISSLYN SHAPING QUEEN палета

за контурирање 650 ден.

ESSENCE THE GEL NAIL POLISH

DREAM ON лак за нокти 125 ден.

COLLISTAR SERUM

FOUNDATION PERFECT NUDE

течна пудра 2.580 ден.

COLLISTAR PROFFESIONAL молив

за усни со апликатор 1.160 ден.

ARTDECO MOST WANTED

палета за контурирање

1.150 ден.

COLLISTAR SILK EFFECT

MAXI руменило 2.070 ден.

MAX FACTOR FALSE LASH

EPIC маскара 650 ден.

LANCOME ADVANCED

GENIFIQUE YOUTH

ACTIVATING серум за

лице 4.970 ден.

73

Портрет убавина

HUGO BOSS

HUGO

WOMAN

C H R I ST I A N

DIOR

J'A DORE

Жената од парфемот на Хуго Бос е независна и одлучна.

Слоганот е совршено јасен – „Не имитирај, создавај“.

Мирисот е свеж и благ со зачинска нота. На почетокот се

чувствува јаболко, папаја и праска, што му дава овошна

нота, додека во срцевината е сладок и топол, со ноти на

јасмин и крин. Оваа безвременска класика, што сè уште е

меѓу најпродаваните парфеми, е создаден во 1997 година.

Не е агресивен и јак, а овошните и цветните ноти даваат

долготрајност и свежина во текот на целиот ден.

Цртежи: Жарко Чулиќ

Гламурозниот парфем на Диор од 1999 година стана

многу популарен, што резултираше со триесетина

различни варијанти. Амбициозноста и класиката на

парфемот се рефлектираат во шишето во облик на грчка

амфора, што стана препознатлив знак за Диор. Парфемот

претставува нова концепција на феминизмот, а мирисната

нота е блага, но пријатна со јак цветен мирис, што

завршува со мандарина, а се чувствува и нота на јасмин,

орхидеја, роза, амарант, слива. Раскошните мириси на

парфемот на кожата се чувствуваат како сончеви зраци.

Токму тоа што е нежен и трае долго го прави совршен за

кој било дел од денот, а Диор сè уште вложува во оваа

класика.

74

Портрет убавина

CHANEL N°5

J E A N PAU L

G AU LT I E R

CLASSIQUE

Најпознатиот и еден од најпродаваните парфеми во

светот на иконата Коко Шанел. Таа лично го замолила

дизајнерот на парфеми Ернест Бо да создаде парфем што

ќе мириса на жена. Парфемот првенствено стана познат

благодарение на големиот број познати личности кои го

користеа, меѓу кои беше и Мерилин Монро. Создаден е

во 1921 година, а суеверната Шанел го презентирала на

јавноста на петтиот ден од петтиот месец. Дизајнерот

Бо првпат ја употребил во парфемот синтетичката

супстанција алдехид, во комбинација со мирисот на роза

и јасмин. Главните ноти се бергамот, лимон, нероли, а во

срцето се јасмин, роза, крин, ирис, додека во основата се

чувствуваат пачули и ванила.

Мирис што ветува задоволство. Бестрашен и сладок,

ги буди чувствата, не само на тој што го ставил туку и

на тие околу него што можат да го препознаат само по

мирисот. Со необичното шише во форма на женско тело,

Готје претстави безвременска икона. Создаден е во 1993

година, а главните ноти се роза зачинета со свеж анасон,

во срцето се чувствува комбинацијата на портокал и

ѓумбир, моќен афродизијак, додека во основата се ванила

и килибар. Жените го опишуваат како феминистички

и класичен, со јаки мирисни ноти, совршен за вечерни

излегувања.

75

В Е Н А Г Р А Д У В А M E С О

Новиот Flower by Kenzo Eau de Lumière, носи радијантен цветен мирис и блесок од

емоции на кожата. Првпат во историјата на Flower by Kenzo, Алберто Морилјас го

создава овој нов ултраженствен мирис со парфимеристката, Амандин Клерк-Мари.

Бугарската ружа е во срцето на сагата Flower by Kenzo, а оригиналниот белег e

создаден од бел мошус. Flower by Kenzo Eau de Lumière, нуди сјајна цветност,

испрекината со ноти од мед низ оваа извонредна ружа. Јасминот самбац и бергамот

од Калабрија даваат интерпретација на сончева светлина и елегантна свежина. Во

оваа нова верзија, мирисите се реинтерпретирани за да ослободат нови аспекти,

модeрни, мазни и сензуални со неверојатна моќ на заведување.

КАРМИН KENZO FLOWER LIPS

ЧАНТА KENZO

FLOWER BY KENZO EAU DE LUMIÈRE, EDT 50 ML

Ја наградуваме вашата доверба и верност со вредни подароци од колекцијата Flower by

Kenzo. Сè што треба да направите е да аплицирате со испраќање на вашите лични податоци

на contact@portretmag.com и со малку среќа да бидете среќната добитничка на три

подароци Flower by Kenzo: Eau de Lumière, EDT 50 ml, кармин Kenzo Flower Lips и чанта.

Најсреќната добитничка ќе ја објавиме во следниот број на „Портрет“.

76

ГТЦ Скопје, Приземје

Хотел Александар Палас

тел. 02 3122 517

BEAUTY AND THE BEAST

КОЛЕКЦИЈА НА

ATELIER SWAROVSKI

Ексклузивната колекција Atelier на Swarovski оваа сезона

е инспирирана од една од најпопуларните Дизниеви

бајки, „Убавицата и Sверот“. Заедно со премиерата на

новата филмска адаптација месецов, што ја раскажува

истата приказна во нова форма, Swarovski создаде

колекција инспирирана од филмот и розата, како еден од

клучните елементи во оваа бајка.

Розата претставува магично цвеќе, цвеќе што во филмот ја

има симболиката на часовник што го одбројува времето,

животот на Ѕверот и трката против тоа. Таа е симбол на

младоста, внатрешната убавина и бескрајна љубов што

тој ја доживува со убавата Бел. Елементот на магичност

е брилијантно претставен и оживеан во деталите и

уникатната изработка на секое парче од колекцијата.

Колекцијата нуди многу стилови, популарни сезонава,

каде што е интерпретирана розата. Екстравагантен чокер

со големи прстени и бразлетни во техниката на рачна

изработка Pointiage, па сè до шик секојдневни ѓердани,

обетки и бразлетни за помладата публика. Моќта на

женственоста интерпретирана во современа елеганција,

креира една исклучително атрактивна линија на накит,

што дефинитивно треба да се доживее.

Следејќи ја долгогодишната традиција на соработка со

најспектакуларни дизајнери од модниот свет, Swarovski

сè до денес продолжува да работи со најталентираните

и најперспективните имиња од светот на модата, филмот

и архитектурата. Колекцијата Atelier е создадена во 2007

година од страна на Надја Сваровски и се обновува

двапати годишно, секогаш следејќи ја модната недела и

содржи ексклузивни линии што ги оживуваат креативните

идеи на секој дизајнер. Меѓу селектираните светски

бутици на Atelier Swarovski, каде што се презентирани

овие лимитирани колекции, се наоѓа и бутикот на

улицата „Македонија“ во Скопје. Овие колекции го

слават бесконечниот креативен потенцијал на кристалот

Swarovski и артистичката интерпретација на уникатната

визија, карактеристична за секој дизајнер како индивидуа.

79

Семеен портрет

СОПРУЖНИЦИ И СОЈУЗНИЦИ

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА МИШЕЛ И БАРАК ОБАМА

Пишува: Џејлан Рустемоска

Па, можеби и не постои поромантична брачна двојка

која кога било живеела во Белата куќа. Иако неодамна

семејството Обама официјално им го отстапи домот

на нивните следбеници Трамп, САД, а и светот, уште долго

(верувам и со доза носталгија) ќе се сеќава на нивните

фотографии, танцови, разменети нежности, сојузнички

погледи и бакнежи пред камерите, како и на симпатичните

љубовни изјави споделени на социјалните мрежи. Од

најраните почетоци на нивниот јавен живот и првите

политички кампањи, па во текот на цели два мандата како

претседател на САД и прва дама, Барак и Мишел Обама

ги подигнаа стандардите за тоа како треба да изгледа

една претседателска двојка. Секогаш рамо до рамо,

непобедливи и неуморни од животот под рефлектори.

Оваа година ќе прослават сребрена свадба, во меѓувреме

нивните ќерки Малија и Саша израснаа во девојки под

будните очи на медиумите, а семејството остана сплотено

и не потклекна на притисоците и предизвиците што ги

носи нивната важна општествена функција. Потврда беше

и трогателниот завршен говор на Обама во кој најпрвин

низ солзи ѝ се заблагодари на Мишел, жената што, покрај

сопруга и мајка на неговите деца, беше и негов најдобар

пријател изминативе години. „Таа ја прифати улогата што

не ја побара и ја направи своја со благородност, одлучност,

стил и добар хумор. Од Белата куќа направи дом за сите.

Ме направи горд. Ја направи Америка горда.“ А еднакво

горд рече дека е и на своите две паметни девојки со чисто

срце и страст; да се биде нивен татко е неговото најголемо

достигнување во животот. И Мишел возврати, објавувајќи

црно-бела семејна фотографија на нејзиниот профил на

„Инстаграм“ од почетоците на „патувањето“ што траеше

осум години и им ги смени животите, по којзнае кој пат

потврдувајќи ја љубовта кон својот сопруг и среќата да се

биде дел од неговиот живот.

Нивната приказна почнува во 1989 година. Во Чикаго е лето,

а Барак Обама доаѓа да стажира во правната фирма „Сидли

и Остин“, каде што три години помладата Мишел Робинсон

треба да го подучува. На почеток таа очекува некој

интровертен и здодевен чудак од „Харвард“, но на нејзино

изненадување, Барак не само што е тотална спротивност

туку, згора на сѐ, е и згоден. И покрај тоа што ѝ се допаѓа,

ќе му треба долго време за да ја убеди да излезат заедно.

„Многумина ме прашуваат како успеав да освојам толку

фасцинантна жена. Повеќепати морав да ја молам на колена

Семеен портрет

за да попушти на крајот. Впрочем, на САД им треба упорен

претседател“, изјавува Обама во негов препознатлив стил. И

се исплати. Нивниот прв состанок е целодневна обиколка на

Чикаго, толку пресуден за нивните долги години заедно што

пред неколку месеци беше и пренесен на платно со филмот

„Southside with you“, што можете да го погледнете доколку

и вас ве инспирира нашата двојка за овој месец. Средбата

почнува со изложба на афроамерикански сликари и скулптори

во Институтот за уметност на Чикаго, продолжува со пикник

во блискиот парк, пијалак на 99-тиот кат во Центарот „Џон

Хенкок“ и, се разбира, вечер на кино, каде што го гледаат

филмот „Постапи правилно“ на Спајк Ли. Како и секој

џентлмен, по долга прошетка по авенијата „Мичиген“, Барак

ја испраќа Мишел до дома. „Тој ден ги покажа сите негови

атрибути. Модерен, културен, внимателен, чувствителен,

самокритичен“, вели Мишел. Нејзиното семејство е еднакво

воодушевено кога го запознава. Тој изгледа доволно

паметен, силен и духовит за да се справи со нивната ќерка.

По две години состанување со повремени кавги и паузи, на

вечера се во ресторанот „Гордон“, кога Мишел го прекорува

дека не е доволно сериозен околу нивната врска, а тој ја

замолчува, ставајќи ѝ прстен до десертот. Се венчаат на

трети октомври 1992 година, а од свадбените фотографии

може да се забележи истата хармонија и аура околу

двојката што на сите ни е добро позната. Мишел е грациозна

и беспрекорна во бела венчаница со цветен дезен и голи

рамена, а Барак ја носи неговата препознатлива насмевка

„од уво до уво“.

Во следните четири година Барак Обама почнува да ја гради

својата политичка кариера. Иако Мишел знае подобро

од кој било друг дека нејзиниот сопруг има потенцијал да

стане одличен политичар, скептична е зашто смета дека е

предобар за толку брутална професија. Но, продолжува да

биде негова најцврста потпора низ годините што следуваат,

а и тој ѝ ја менува перцепцијата, убедувајќи ја дека нема

ништо погрешно во преземање ризици и прифаќање

предизвици. Кога во 1998 година им се раѓа првата ќерка,

тој е по вторпат избран како претставник на соседствата

од Саутсајд во Сенатот во Илиноис. Три години подоцна

на свет доаѓа и Саша. Вниманието на светот се свртува кон

семејството Обама кога Барак станува сенатор на Илиноис,

а неговите харизматичност и способност ја навестуваат

потенцијалната кандидатура за претседателските избори во

2008 година. И тоа ќе се случи, а за време на целата кампања

Мишел докажува дека не е сопруга што ќе остане во сенка.

Заедно ги подготвуваат сите негови говори, изгледаат

убедливо и силно во јавност, подготвени да го носат на рамо

товарот на сопствената земја и, како што се случи, да станат

првата афроамериканска двојка во историјата на Белата

куќа.

Целата нивна рамнотежа и спонтаност го фасцинираше

светот во изминативе години. Одлучност, константност

и посветеност се клучот за нивниот брак, што се покажа

посилен од два последователни претседателски мандати,

„особено во моментите кога е најтешко, зашто само

така љубовта и почитта стануваат уште посилни“. Сега,

кога нивната улога на чело на САД ја презеде новата

добропозната двојка, останува да видиме со што ќе нѐ

инспирираат тие. Во меѓувреме, Обама заминуваат на

заслужен одмор. Токму за Денот на вљубените не заборавија

да ги споделат на „Твитер“ нивните прекрстени стапала

во песок, гарантирајќи дека и по 28 години остануваат

вљубени, среќни и покул од кога било.

Готвиме со фичо

Рецепт и текст*: Филип Поповски

ЛИНГВИНИ СО ДИМЕН ЛОСОС

Во овој рецепт специјална состојка ми е димениот лосос! Го

обожавам! Секогаш го комбинирам во секакви комбинации

од салати до пасти и сендвичи. Денес ќе ви презентирам

рецепт, паста со лосос.

За добар рецепт со паста најбитно е да користите

квалитетна паста. Јас секогаш користам паста од Грањано и

не му ја мислам. Можеби е малку поскапа од обичните пасти,

али верувајте ми има огромна разлика (поготово ако сте

хедонисти)! ;)

Прво правило кога готвите паста е да ја варите во голема

количина (големо тенџере) солена вода што врие. Немојте да

импровизирате во помали тенџерчиња ако сакате перфектно

сварена паста.

Ок, лингвини (500 г) од Грањано ги варите околу 8 минути

(ал денте). Додека се варат на страна спремате 100 г димен

лосос – го сецкате на лентички (Julienne).

Тавче со ладно цедено маслиново масло (3 лажици) го ставате

да се загрее на средна температура, додавате две чешниња

лукче згмечени преку преса за лук (така ми е најлесно). Откако

ќе почне лукчето да отвора мирис го додавате димениот

лосос и кратко ги пропржувате (1 минута), потоа додавате

200 мл. полномасна млечна павлака за готвење, мешате и

на крај ги додавате сварените лингвини. Јас додадов и малку

сув копар, перфектно ми оди во оваа комбинација. Да, сол

нема да сретнете нигде во рецептот зошто мене лососот ми е

доволно солен, ако сакате додадете и сол.

Сервирајте по ваша желба… се читаме во наредниот број.

Поздрав! ;)

За повеќе вакви рецепти посетете го мојот блог:

www.gotvimesofico.mk

82

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

83

Ч А С О В И З А П И Е Њ Е В И Н О

ЕКСПЛОЗИЈА

ОД АРОМИ ВО

ТРАМИНЕЦ

Додека го читате новиот број на „Портрет“ ви препорачуваме опуштање со чаша бело вино од сортата траминец, а за тоа

од каде потекнува, што содржи и како да го комбинирате, објаснува нашиот соговорник м-р Петар Петров, асистент на

Универзитетот МИТ – Скопје, при Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси, катедра за безбедност на храна.

ПОТЕКНУВА ОД ИТАЛИЈАНСКОТО СЕЛО

ТЕРМЕНО

Сортата траминец спаѓа во групата на вински сорти

за производство на висококвалитетни полусуви и суви

бели вина. Точното потекло сè уште не е познато, но се

претпоставува дека води потекло од Италија, во близина

на селото Термено, каде што првпат е забележан еден

од вариететите на оваа сорта „траминер“. Траминецот

како сорта е генетски многу нестабилна, па поради тоа се

одликува со голем број вариетети и клонови. Распространета

е низ цел свет, а поради својата мутагеност честопати се

среќава под различни синоними. Најзастапен е германскиот

термин „гевирцтраминер“ (Gewürztraminer), што во буквален

превод значи „зачинет“, односно „парфимиран“.

ИЗРАЗЕН МУСКАТЕН МИРИС

Во Македонија, со исклучок на гевгелиско-валандовското,

велешкото и струмичко-радовишкото виногорје, е

препорачлива како средно продуктивна сорта. Наjзастапена

е во тиквешкото виногорје, a најзначајни се трите нејзини

главни вариетети, ароматичен, бел и црвен (розе) траминец.

Траминецот е сорта чиишто гроздови во физиолошка

зрелост се одликуваат со силно изразен мускатен мирис.

ЦВЕТЕН И ОВОШЕН ВКУС

Љубителите на вино со изграден висок вкус најчесто

избираат траминец. Добиените вина од оваа сорта се

одликуваат со темнозлатно-жолта боја со карактеристична

бакарна нијанса, што е условена од степенот на зрелост

на гроздот. Траминецот е вино што е препознатливо по

изразената арома на тропско овошје (личи, манго, грејпфрут)

често во комбинација со цветна арома на орхидеја и роза.

Кај вината од доцна и ботритизирана берба (вина од

подоцнежен гроздобер) доминантна е комплексната арома

збогатена со вкус на мед и малку карамелизиран шеќер.

КОНСУМАЦИЈА ВО ПОМАЛИ КОЛИЧЕСТВА

Вината се одликуваат со висока содржина на алкохол,

најчесто околу 15 волумни проценти и висока содржина

на шеќери, што е најголем недостаток заедно со ниската

содржина на вкупни киселини. Во некои западноевропски

земји овој сооднос значително е подобрен со таканаречена

замрзната берба на гроздови. Поради високиот гликемиски

индекс, траминецот треба да се консумира во помали

количества, ова особено важи за лицата со хипергликемија.

КОМБИНАЦИЈА СО КИНЕСКИ, ИНДИСКИ,

МЕКСИКАНСКИ ЈАДЕЊА

Најчесто се консумира како младо вино, флаширано во

темнозелени или светлокафеави шишиња, што се со високо

тело и рамно дно. На трпезата се служи на температура

од 9 до 11 Целзиусови степени, во чаши со волумен до

390 милилитри, со високостеснета топка и висок столб.

Идеална комбинација е со свежите овошни салати и разни

видови сирења. Исто така, може да се консумира и со

многубројни јадења од риба и морски плодови, пилешко

со лути зачини. Добра комбинација е и со кинески,

индиски и мексикански специјалитети, а многу

сомелиери го препорачуваат и со специфичните

јадења од азиската кујна. Поради фактот што

спаѓа во групата на десертни бели вина,

траминецот може да се консумира без храна,

а од десертите поради силната слаткост може

да се комбинира речиси со сите видови

колачи.

84

ВКУСОТ НА ГРАДОТ

За тоа каков ќе ви биде денот, многу големо значење има начинот на кој ќе го започнете.

Појадокот, како најважен оброк во денот мора да биде внимателно одбран. Верувам дека моите

предлози ќе ви го разубават утрото.

ДУКАТ – ТЕЛЕШКА ЧОРБА

Приготвена со крупно исечкан зеленчук

и месо, послужена во бакарен чорбалук

во прилог со топли лепиња и лути

феферони. Она што оваа чорба ја

издвојува од другите се превкусните

крупни парчиња месо. Никако не

заборавајте да си ставите од преливот

со лук, магдонос и оцет кој го еволуира

вкусот на сите состојки во чорбата.

SOHO HOUSE - ОМЛЕТ

Омлет со зеленчук кој сами го избирате,

пршута и пармезан. Ви препорачувам да

изберете рукола како додаток поради

солениот вкус на пармезанот и земјената

нота на руколата, два спротивни вкуса кои

функционираат феноменално заедно.

Во прилог крцкав ржан леб со семки кои

запечени при подготовка на тост даваат

посебен шмек. Одличен оброк за добар и

енергичен почеток на денот.

PIAZZA LIBERTA - МАМУРЕН ПОЈАДОК

Типичен aмерикански појадок во благосолена

комбинација. Две јајца на око на

тост лепче покриени со кашкавал и крцкава

сланина, сервирано со домашни колбасички.

На другата половина - две тост лепчиња,

путер и два вида мармалад. Навистина

необична, но вкусна комбинација. Не

заборавајте да си побарате кафе, чај или сок

од портокал кои ви следуваат со појадокот.

DISTRIKT BAR & KITCHEN - ЈАЈЦА

БЕНЕДИКТ

Се состои од запечена земичка пресечена

на половина, над неа лежи едно парче

печеница, веднаш над нив одлично

поширано јајце, за на крај да биде

крунисано со холандез сос и копар. Толку

е вкусно што ви се отвораат универзуми

пред очи. Како прилог, прекрасна крцкава

палачинка од компир.

ГОРКИ - GRILLED CHEESE TOAST

Крцкав тост заробен во кашкавал со малку

салата и кечап. Ќе си речете дека тост

многу едноставно се подготвува и дома, но

овој е навистина посебно вкусен бидејќи

е спремен на плотна. Топениот кашкавал

се растегнува при секое залче, а по желба

може да побарате да ви додадат пршута

или јајце.

Од овој месец, освен на оваа

страница, за сите вкусни места и

јадења во градот поопширно ќе

може да читате и на мојот блог

www.monikapotter.mk.

Во наредниот број, на ваше барање

ќе ви посочам неколку предлози

за тоа каде може да јадете

пилешко месо во различни форми,

комбинации и сосови.

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

НИСКОКАЛОРИЧЕН ОБРОК

ТОСКАНСКА САЛАТА СО ТУНА

ЗА 4 ПОРЦИИ

две големи конзерви со

парчиња туна

10 исечкани домати шери 4 парчиња исечкан млад

кромид

2 лажици маслиново масло 2 лажици сок од лимон

конзерва од 400 г со ситен

бел грав (канелини)

Туната во еден сад се меша заедно со гравот, исечканите домати и младиот кромид, маслото, сокот од лимон и сол

и бибер по желба. Се остава во фрижидер да се олади и потоа може да се послужи на тортилји или како салата.

Треба да се внимава гравот да се измие со ладна вода пред да се употреби.

Нутриционистички вредности за една порција: 200 калории, 9 г масти, 6 г растителни влакна, 20 г јаглехидрати,

16 г протеини, 17 милиграми холестерол, 73 милиграми калциум, 2 милиграми железо, 549 милиграми калиум.

86

НИСКОКАЛОРИЧЕН ДЕСЕРТ

КОЛАЧ ОД БАДЕМ И МЕД

ЗА 10 ПАРЧИЊА

1 ½ шолја цели бадеми 4 големи јајца, на собна

температура

половина шолја мед

1 кафена лажица ванила половина кафена лажица

сода бикарбона

половина кафена лажица

сол

Рерната се загрева на 180 Целзиусови степени и во кружна тава, со дно што се вади, се става хартија за печење

намачкана со масло. Бадемите се ситнат убаво во блендер. Четирите жолчки се мешаат со миксер заедно со медот,

ванилата, содата и солта. Потоа се додаваат иситнетите бадеми и повторно се мешаат. Во друг сад се мешаат

белките со миксер една до две минути додека не станат пенести, но не премногу. Во садот со првата смеса се

додаваат белките и сето тоа се става во тавата. Колачот се пече околу 30 минути, се лади десет минути, па се вади

обрачот од тавата. Кога целосно ќе се олади, се послужува со исечкани бадеми и малку мед одозгора.

Нутриционистички вредности во едно парче: 235 калории, 14 г масти, 3 г растителни влакна, 22 г јаглехидрати, 8 г

протеини, 74 милиграми холестерол, 17 г шеќери.

87

Здрава исхрана кај

трудници и доилки

Тања Турунџиева,

нутриционист во

„Вита диет клуб“

Серијата нутриционистички совети овој месец продолжува фокусирајќи се на две

прекрасни состојби во животот на жената, онаа на трудница, а потоа и на мајкадоилка.

Иако и двете подразбираат посветеност, жртвување и соочување со нови

предизвици, уживањето во секој миг е нешто кон што треба да се стреми секоја мајка,

потсетувајќи се дека здравата, среќна и смирена мајка подразбира исто такво дете.

Соочување со новата состојба

Обично, кога ќе забремени една жена, барем на овие простори, се става на третман

како да е болна, со што лично не се согласувам. Да, потребно е посебно внимание,

но согласно индивидуалниот случај и здравствените препораки – пред сѐ, трудницата

треба да биде здрава, здраво да се храни, да има и физичка активност, ако ѝ дозволува

бременоста, и да се радува на секој момент.

Поставување граници

Некои жени во бременоста качуваат дури и до 35 килограми, што е апсолутно погрешно.

Без разлика на возраста, почетната тежина на трудницата и која бременост ѝ е по

ред, оптималните килограми што треба да се покачат се од 8 до 12 килограми. Токму

вишокот килограми јавуваат контраиндикации како гестациски дијабетес, покачен

притисок, болки во зглобовите, појавување на отоците и, најстрашно од сѐ, појавата

на состојби на преекламисии што можат да бидат фатални и за бебето и за мајката.

Трудницата треба да ги контролира честите испади на глад и опседнување со одредена

храна и да ја отфрли идејата дека треба да јаде за двајца. Мора да има самоконтрола

за да го чува и сопствениот организам, а најважно од сѐ, и организмот на бебето.

Плодот се храни од мајката

Кога една жена ќе констатира дека е бремена или, пак, планира бременост, треба да

направи подготовка на организмот, да го детоксицира, да го наполни со природни

витамини и минерали, да има урамнотежена исхрана на три оброка дневно, а со

забременувањето да продолжи да има свој начин и режим на исхрана во којшто ќе го

снабдува организмот со сѐ она што му е потребно.

Кои производи се забранети кај трудниците?

За време на бременоста одредени нутритиви, иако се здрави, не треба да се внесуваат.

Од овошјето, се забранува внесот на ананас, заради присуството на бромалин, што може

да доведе до несакано дејство на спонтан абортус. Крушата содржи големо количество

на фолна киселина, што во првото тримесечје е особено корисна за мајката, но во

исто време прави блокада на апсорпцијата на хранливите продукти преку папочната

врвца, така што не се препорачува во големи количества. Бакарот е елемент што не

е многу препорачлив кај трудниците, а е обемно застапен во сувата слива, поради

што апсолутно не треба да се внесува. Во принцип, сувото овошје воопшто не треба

да се внесува заради концентрацијата на шеќери, освен ако има потреба од такво

нешто. Кај зеленчукот нема рестрикција, но секогаш треба да се преферира тоа што

е сезонско. Зачините влијаат многу врз состојбата на бременост и не би требало да

се експериментира со нив. Нането како чај и зачин може да создаде контракции и да

придонесе до спонтан абортус. Потоа, циметот е еден од најагресивните зачини (заедно

со биберот), што може да предизвика спонтан абортус и е забранет кај трудниците.

Морските плодови е добро да се избегнуваат поради можноста од труења, а од нив

единствен исклучок прави лигната. Алкохолот е комплетно забранет и кај трудниците

и кај доилките, како и кафето и кофеинските пијалаци токму поради кофеинот што

го елиминира калциумот од организмот и создава раздразливост кај мајката и бебето,

влијае врз квалитетот на сонот кај новороденчето и го намалува квалитетот на млекото

кај мајката.

88

Мисли здрави мисли

Здравствени препораки

Од огромна важност е да не се форсираат одредени

нутритиви, а исхраната да биде разновидна, богата со

разновиден зеленчук. Се препорачува и внес на јатки

(сирови ореви, бадеми, лешници, семки од сончоглед)

што имаат смирувачко дејство, но и големо количество

на витамин Е, железо и калциум. Колку за споредба, во

сировиот сусам има многу повеќе калциум отколку во едно

парче сирење, што може да создаде и контраиндикации

поради казеинот што го содржи. Потребна е зголемена

застапеност на чорбести оброци, како леќа, грашок, грав,

боранија, најразлични зеленчукови чорби, печурки, риба,

квалитетно и добро проверено месо, потоа амарант и киноа

како безглутенски житарки што содржат многу големо

количество аминокиселини, на Б витамини и на магнезиум...

Од маслата се препорачуваат сусамовото и лененото

масло како извор на есенцијални масни киселини. Треба

да се пијат многу течности, што ќе ја спречи и појавата на

непосакуваните стрии – повеќето трудници негата ја прават

само од надворешната страна и се мачкаат со најразлични

кремови против стрии, но главната нега ја правиме

однатре преку тоа што го внесуваме. Треба да се следат и

уринарните промени, бидејќи трудниците се поподложни

на уринарни инфекции, при чијшто третман дозволен е

единствено чајот од брусница. Во последниот квартал од

исхраната треба да се исклучат тешките јаглехидрати, што

особено во подоцнежните месеци можат да предизвикаат

појава на гестациски дијабетес, а да се зголеми внесот на

протеини. Храната треба да биде добро проверена, добро

да се прочита нејзиниот состав и да се внимава да не се

внесуваат штетните конзерванси, емулгатори, вештачки бои

и ароматизери што влијаат врз плодот.

Почеток на доењето

Откако на свет ќе се донесе бебето, мајката во првата година

мора да внимава што ќе внесува, бидејќи преку мајчиното

млеко се внесуваат сите корисни елементи за бебето да

има здрав и правилен развој. Прво и основно за квалитетно

млеко треба мајката да биде одморена, да не биде нервозна,

бидејќи преку млекото ја пренесува и нервозата, да прави

селекција во исхраната за бебето да нема проблеми во

однос на атопиите, односно алергиски реакции што се

јавуваат. Нормална е појавата на коликите, односно на

грчевите кај бебето, затоа што му се разработуваат цревата.

Секогаш сум за ексклузивно доење, меѓутоа со адаптирање

вкусови во пораната возраст за да може веќе од шестиот

месец со вметнувањето на нутритивите бебето да биде

подготвено да ја прими храната што ќе му ја даде мајката.

Од нутриционистичка гледна точка до деветтиот месец не

треба да се заменува оброк – значи мајката треба да му даде

овошен или зеленчуков оброк, ама потоа да му даде и да

цица.

Не се согласувам со верувањата од типот „пиј боза за

да имаш повеќе млеко“ или „јади повеќе леб за поголема

лактација“, ниту, пак, да се налева мајката со седум литри

течности или да пие млечни производи за да има млеко. Сѐ

зависи од лактацијата на млечната жлезда, а потоа клучни

се стресот, како и исхраната на доилката.

Што е забрането во исхраната на доилката?

Многу е важно мајката да внесува квалитетни нутритиви,

овошјето и зеленчуците се приоритет, меѓутоа со селекција

на овошје. Забранети се агрумите кај сите доилки до

наполнување на една година кај бебето, сѐ она што се

вклучува во категоријата на алергени, како јагодите и

кивито. Во прво време, поради коликите, се исклучуваат

одредени нутритиви, особено мешунките, гравот, грашокот,

зелената боранија, зелената и кафеавата леќа, токму

поради можноста за создавање на грчевите. Се исклучува

лиснатиот зелјест зеленчук – зелка, кељ, прокељ, броколи,

карфиолот. Медот се заменува со безглутенска исхрана

токму поради алергиските реакции што може да ги јави.

Треба да се избегнува белото брашно и лебот поради

можноста да создадат атопичарски испади и да се постават

ограничувања при внесот на зачините – велат дека лутата

пиперка го стимулира млекото и му дава благодат на бебето,

но не може секоја доилка да јаде луто. Ограничување на

солта нема толку многу, колку на биберот, мешан зачин,

што во себе содржи еден од најагресивните емулгатори

мононатриум глутаминат, потоа на кари, цимет, оригано

итн. Сите тие се рефлектираат врз создавањето грчеви кај

бебето. Кога говориме за месото, тоа треба да биде добро

проверено, во никој случај да не биде пилешко, свинско,

јагнешко или јарешко месо. Единствено дозволувам дивеч и

мисиркино месо и квалитетен бифтек.

Нутриционистички препораки

Се користат најразлични чаеви за стимулација на лактацијата,

што до некаде е издржано, но и природно цедениот сок знае

да направи добра лактација. Препорачувам околу 30 минути

пред доењето мајката да испие една чаша природно цеден

сок од овошје и зеленчук и една чаша вода и по завршувањето

на доењето да го стори истото. Тие свежи ензими што

ги внесува преку зеленчукот го создаваат млекото преку

целулозата и хранливите продукти. Дозволен е коренестиот

зеленчук – цвекло, целер, дајкон, бела трупка, морков, како

и замените за тешките мешунки – жолтата боранија, што не

предизвикува гасови, гравот цацар и грашокот (по третиот

месец) , портокаловата леќа...

Здрава мајка = здраво бебе

Доилката мора редовно да јаде, да почека за враќањето

на првобитните килограми од пред бременоста, да не

импровизира и да не ескивира со оброците, па да каснува

нешто суво, од нога. Со добра организација, мајката

може да најде време да го приготви оброкот, па макар

и од претходната вечер – сѐ трае 24 часа. Ако добро се

организира ќе биде и поодморена и ќе може да му се посвети

на детето. Доилката по породувањето треба да знае каква

е нејзината состојба во однос на диференцијалната крвна

слика, липидите, гликемијата, хемоглобинот, хематокритот,

електролитите, железото, калциумот, магнезиумот, за да

може преку храната да си помогне и себеси и на бебето,

и воедно да има здраво и хранливо доење. Важно е да

се следи инстинктот што самиот доаѓа, да се воспостави

организација и непрекината едукација што нема да ја

најдете на интернет-форуми или група на „Фејсбук“ – за таа

намена постојат стручни лица и стручна литература.

89

Мисли здрави мисли

ПРОТЕЗИ КАЈ ВОЗРАСНИ ЗА

ЗДРАВА И УБАВА НАСМЕВКА

Д-р Радмила Димовска, PhD

Специјалист по ортодонција

„Круна МС“

Носењето протези за коригирање и третман на аномалии кај забите не мора да биде ограничено само

кај децата. Убавата насмевка и здравите заби се нешто што го посакуваат и возрасните и поради тоа сè

почесто се одлучуваат за третман со протези. Поради големиот избор и алтернативните терапии денес и

возрасните прибегнуваат кон овие методи, без разлика дали се работи за искривување на забите од рана возраст или поместување

на одредени заби поради вадење на други трајни заби. Токму со вакви корекции се занимава ортодонцијата, што е гранка на

стоматологијата посветена на дијагноза, превенција и третман на малоклузиите и аномалиите на забите и вилиците.

Според д-р Радмила Димовска, специјалист по ортодонција,

од стоматолошката ординација „Круна МС“, здравите заби

можат да бидат придвижувани во која било возраст.

„Многу ортодонтски проблеми кај возрасните можат

да се коригираат исто толку лесно како и кај децата.

Ортодонтските сили ги поместуваат забите на ист начин кај

возрасен и кај 12-годишно дете. Еден од пет ортодонтски

пациенти е возрасно лице. Бидејќи не растат веќе и можеби

веќе се имаат справено со кршење или загуба на забите или

коската што им дава поддршка, во овој случај ортодонтскиот

може да биде само дел од целокупниот третман. Кога е

препорачан, ортодонтскиот третман е позитивен чекор,

особено за возрасни кои веќе подолг период се соочувале

со ваков проблем. Ортодонтскиот третман го враќа

правилното функционирање, а забите што функционираат

подобро, најчесто и изгледаат подобро. Здравата, убава

насмевка може да ја подобри самодовербата, без разлика

на годините“, објаснува Димовска.

Таа дополнува дека е потребна тесна соработка помеѓу

ортодонтот, максилофацијалниот хирург, пародонтологот

и протетичарот, за да му се обезбеди на возрасното лице

успешен комплексен ортодонтски третман што би ги

опфатил и сите други потреби на пациентот.

Прави заби со исправен загриз и заби што се наредени

во линија со другите се поздрави, а со тоа генерално

и целосното здравје во устата е многу подобро. Со

искривени и изместени заби се отвора повеќе место за

создавање камен и задржување на храната. Повеќе камен

може да доведе до распаѓање на забите, воспалени непца

и заболување на непцата. Со носење протези, пак, се

зголемува функционалноста на забите, овозможувајќи

храната да се џвака правилно, се менува фацијалната

експресија и се подобрува оралното здравје.

Д-р Димовска објаснува дека истрошените, оштетени или

извадени заби можат да го отежнат ортодонтскиот третман,

но исто така и да ја зголемат причината да се спроведе.

90

Мисли здрави мисли

„Забите со текот на времето можат да се истрошат и да

се поместат во одредени позиции, при што можат да се

коригираат само откако ќе се изврши нивно прецизно

ортодонтско поместување. Кога трајните заби се извадени,

често другите заби се поместуваат и се накривуваат.

Ваквите поместувања можат да создадат неправилен

загриз и нееднакво растојание помеѓу забите, што може

да се коригира само доколку се заменат извадените заби.

Искривените заби најчесто е потребно да се исправат за да

можат во иднина да го издржат притисокот што се создава

при нормален загриз“, вели специјалистот по ортодонција.

Зависно од типот на малоклузијата, потребите и можностите

на пациентот, се става протезата со брекети и жици што е

видлива, но постојат и алтернативни терапии за пациентите,

како што е лингвалната ортодонција или примената на

техниката Invisalign, што е најновото достигнување и

светски врв во ортодонцијата.

„Денес постои решение за сите што сакаат брзо да ја

поправат искривената насмевка – револуционерната

алтернатива за возрасни Invisalign, невидливите

ортодонтски протези. Техниката потекнува од САД и во

светот постојат само неколку центри за нивна изработка.

Невидливите протези имаат одреден број посебни

проѕирни и подвижни порамнувачи што постепено ги

исправаат забите. Возрасните ги преферираат зашто

можат да се отстранат за одредени, важни моменти. Ние,

како единствени кои ја нудат оваа услуга во Македонија,

постигнуваме успешни резултати на лекување со помош

на невидливите протези. Потребно е само внимателно и

квалитетно планирање на целокупниот третман. Третманот

со невидливите протези е поинаков за секој пациент,

бидејќи ортодонтските третмани повеќе личат на уметност

отколку на наука“, вели д-р Димовска.

Најчесто помеѓу пациентите се поставуваат прашања колку

е траен третманот со протези кај возрасните, на што д-р

Димовска вели дека потребни се најчесто 18 до 24 месеци

за успешно исполнување на третманот.

„Во некои случаи овој период е подолг, а во некои,

пократок. Времетраењето и трајноста на третманот зависи

од карактеристиките на малоклузијата, видот на третманот

и соработката од страна на пациентот. Во одредени случаи,

за да се коригира проблемот кај возрасните, може да биде

потребна и операција на вилиците. На пример, доколку

долната вилица кај возрасниот пациент е премногу долга за

да биде во сооднос со горната вилица, може да се развие

сериозен проблем кај загризот. Ограничената можност за

поместување на забите со протезите не би била доволна да

се коригира и би била потребна операција на вилицата, со

што би се скратила долната вилица, а долните заби би се

довеле во правилна позиција за загриз. Истото се однесува

и за горната вилица. Доколку решението на лошиот загриз

не е можно само со поместување на забите, тогаш потребата

од максилофацијалната хирургија е неопходен чекор за да

се коригираат недостатоците и повторно со ортодонтски

третман да се добие посакуваната насмевка“, заклучува

специјалистот по ортодонција.

25 години jубилеј

ЛАСЛО ТАБАР

НОВИ

МАМОГРАФСКИ

МЕТОДИ ПРОТИВ

РАКОТ НА

ДОЈКАТА

Пишува: Марта Стевковска

Фотографија: Жарко Чулиќ

Истакнатиот унгарски радиолог-специјалист и професор,

кој живее и работи во Шведска, Ласло Табар, ја има

посветено кариерата на борбата со ракот на дојката, една

од најчестите болести кај жените. Неговото пионерско

истражување за рано откривање болести на дојки преку

мултимедијален пристап и модерен мамографски скринингпроцес

беше претставен пред специјалисти од Македонија

и околните земји на тридневен семинар минатиот месец,

организиран од Македонското здружение за радиологија

на дојка. Според д-р Табар, ракот на дојката се намалил

за 63 проценти помеѓу жените што редовно одат на

мамографски скрининг.

Д-р Табар, вашата кариера од над 40 години е посветена

на борбата против една од најчестите малигни заболувања

и втората водечка причина за смрт кај жените, ракот на

дојката. Вашата посветеност и работа особено имаат

влијание на сегашната генерација на лекари и отворија

многу позитивни можности за жените кои се борат со

оваа болест. Која е вашата мисија и главна цел во врска со

борбата против ракот на дојката?

Борбата против ракот на дојката може да биде успешна кога

тие што ја дијагностицираат и ги третираат тие пациенти

(„даватели“ на нега), ќе бидат високообучени и ќе работат

заедно како тим, и кога жените („примателите“ на нега) ќе

бидат добро информирани за новите, животоспасувачки

методи што ги има во висококвалитетните, специјализирани

центри за дојка. Мојот дел во оваа комплексна работа е да

ги обучам дијагностичкиот и терапевтскиот тим од лекари

како да препознаат рак на дојка во рана фаза и како да го

користат мултимедијалниот пристап за да дојдат до точната

дијагноза. Сепак, нашата примарна цел е да се обезбеди

најдобрата нега за пациентите со рак на дојка.

Вие сте радиолог-специјалист, професор, медицински

директор на Одделот за мамографија во државната

болница во Фалун, Шведска, во која изминатите 37 години

се направени повеќе од милион мамографски испитувања.

Имате пионерско истражување за рано откривање преку

модерен мамографски скрининг-процес. Како почна

програмата за модерното мамографско истражување и што

всушност претставува тоа?

Изминатите 500 години, жените го забележувале ракот

на дојката во многу доцна фаза и повеќето од нив имале

навистина сурова смрт како резултат на тоа. За време на

седумдесеттите години од минатиот век, почнува да се

развива високотехнолошката мамографија што обезбедила

дијагностицирање на болеста години наназад пред жените

да можат да ја почувствуваат. Тогаш почнаа да се изведуваат

92

Мисли здрави мисли

разни научни истражувања на стотици жени без симптоми за

да се открие влијанието на ранoто откривање на болеста.

Научните истражувања потврдија дека откривањето и

третманот на ракот на дојката во рана фаза значително

го намалува процентот на заболување од оваа болест.

Мамографскиот скрининг-процес стана докажан метод и

најдобриот досега измислен метод во борбата против ракот

на дојката.

Бројката од повеќе од милион мамографски тестирања,

заедно со бројките од 200 до 250 жени на дневно ниво кои

се испитувани во округот Даларна во Шведска, е навистина

значајна. Што покажуваат резултатите од ова испитување,

на колку жени им има помогнато овој модерен скринингпроцес?

Влијанието на раното откривање е разновидно; делумно

овозможува не толку радикален третман, што е многу важно

за квалитетот на животот на жената. Уште поважно, ракот на

дојката се намалил за 63 проценти помеѓу жените што одат

редовно на скрининг.

Дали поголемата соработка на различните лекари вклучени

во процесот на терапија, што е една од вашите цели, помага

кон подобри резултати во борбата со

оваа болест?

Интердисциплинарниот тимски

пристап, односно кога радиолозите,

хирурзите, патолозите, онколозите и

сестрите редовно се состануваат, е

најдобриот начин да се дискутира за

најсоодветната терапија за секој случај

на рак на дојка индивидуално, пред

и по операцијата. На овој начин се

избегнува прекумерна или недоволна

терапија и се земаат предвид желбите

и барањата на секој пациент посебно.

Исто така, овие состаноци дејствуваат

и како едукативен форум за сите

специјалисти, млади колеги и целиот персонал вклучен во

негата на пациентот.

Освен истражувач на нови методи, вие сте исто така и

едукатор и ментор на разни лекари-специјалисти. Како ги

оценувате резултатите од едукативниот процес и настаните

што ги одржувате насекаде низ светот за програмата? Дали

забележувате прогрес во земјите каде што сте биле во

однос на процесот на скрининг, дијагноза и терапија на

жените со рак на дојка?

Едукативните настани, курсеви, конференции, публикации

на книги и статии играат значајна улога во информирањето

на сегашната генерација лекари во поглед на снимките

за откривање на различните поттипови рак на дојка

во најраната фаза. Ова знаење го немале лекарите од

постарите генерации уште откако беше измислен методот за

рано откривање во средината на седумдесеттите. Курсевите

ги отвораат видиците и за оние што се научени на третирање

на поодминати фази на рак, но уште поважно, ги едуцираат

младите генерации на лекари што сакаат да ја изберат оваа

важна, нова бранша од медицината како нивна специјалност.

САМО ТЕРАПИЈА, ДУРИ И

НАЈМОДЕРНИОТ ТЕРАПЕВТСКИ

РЕЖИМ, НЕ МОЖЕ ДА ГО СПАСИ

ЖИВОТОТ НА ЖЕНАТА СО РАК

НА ДОЈКА ВО ДОЦНА ФАЗА.

СЕПАК, ИСТАТА ТЕРАПИЈА БИ

БИЛА ЖИВОТОСПАСУВАЧКА ВО

РАНАТА ФАЗА НА БОЛЕСТА.

Дефинитивно гледам напредок и подобра нега како резултат

на едукативните настани, со оглед на тоа што се градат сè

поголем број на специјализирани центри за дојка што ја

добиваат акредитацијата за одличност (BICOE), во различни

земји на различни континенти. Еден до аспектите на успехот

е и важноста од собирање на висококвалитетни податоци

и публикации за наодите, што ги зацврстуваат резултатите

од претходните научни истражувања и го отвораат патот за

нови истражувања.

Минатиот месец одржавте тридневен семинар во Скопје.

Дали ова ви е првпат во Македонија како едукатор и која

беше главната цел на курсот? За кого беше наменет и како

сте задоволен од посетеноста и од исходот од семинарот?

Ова ми е прва посета на Македонија и уживам во топлото

добредојде на кое наидов. Бев поканет да го водам

првиот почетен курс за мултимедијалниот пристап на

колегите од регионот, по иницијатива на д-р Светлана

Темелковска од Македонското здружение за радиологија

на дојка, која е добро обучена дијагностичарка. Имаше

колеги од шест различни соседни земји, дополнително

на четириесетте присутни од Македонија. Бев позитивно

изненаден од бројката од 90 присутни на семинарот, а

колегите покажаа голем интерес за

релацијата помеѓу хистопатологијата и

снимките, но заинтересирани беа и да

ја дознаат важноста и придобивката

од мултимедијалниот пристап за

откривање и дијагноза на бенигни и

малигни болести на дојката во нивната

рана фаза. Една од главните цели

на овој интензивен курс беше да се

доживее ентузијазам и да се научат тие

што покажуваат вистински интерес за

оваа нова бранша на медицината, но

и да се покаже комплексноста на ова

прашање.

Како специјалист, како го разбирате идниот напредок

во борбата против ракот на дојката и што сметате дека е

најдобар пристап за лекување на оваа болест?

Најдобар резултат ќе се добие кога болеста, ракот на дојката

ќе се третира во раната, неопиплива фаза. Само терапија,

дури и најмодерниот терапевтски режим, не може да го

спаси животот на жената со рак на дојка во доцна фаза.

Сепак, истата терапија би била животоспасувачка во раната

фаза на болеста. Затоа очекувам специјализираните центри

за дојки да бидат место каде што радиолозите, хирурзите,

патолозите, онколозите и сестрите ќе бидат специјално

обучени за да го откријат и да го третираат ракот на дојка во

раната фаза. Иако претходните генерации лекари немале

шанса да ја третираат оваа болест во раната фаза како

што имаме ние, има уште многу да се направи во поглед

на јавна едукација, обука на специјалисти и информирање

на носителите на одлуки на предностите од откривање и

третман на ракот на дојката во рана фаза. Резултатите од

нашите напори треба да дадат добар пример во поглед на

откривање рак преку скрининг на органи почесто подложни

на рак, како простата, дебело црево...

93

ГРИЖА ЗА НАЈМАЛИТЕ ПРЕКУ ЗАБАВЕН

ЕДУКАТИВЕН ПРОЦЕС

Интернационалната градинка „Пиколини“ ја поттикнува

креативноста на децата и ја користи играта за нивен развој

со тоа што обезбедува сигурна и згрижувачка средина за

да ги образува во насока на социјален, емоционален и

когнитивен развој.

Запишувањето на детето во градинка за родителите е многу

важно прашање, често придружено со долго размислување

за можностите што се нудат, односно дали детето ќе добие

соодветен третман не само во насока на чување и грижа туку и

воспитување, учење нови работи соодветни за возраста, како

и запознавање и комуникација со околината, стекнување на

први познанства со деца од неговата возраст. Запишувањето

на детето во градинка е првиот голем чекор, како за детето,

така и за родителите, но и првата поголема промена за

детето. Искуството што ќе го стекне таму го подготвува за

понатамошниот воспитно-образовен процес во основно

училиште. Интернационалната градинка „Пиколини“ во Скопје

нуди поинаква нега и едукација што е специјално заснована

врз основите на програмата за воспитнообразовна

работа со деца од предучилишна

возраст, стандардите за рано учење и развој

кај децата до шест години и програмата на

Универзитетот „Кембриџ“ за основен англиски

(Cambridge Primary English Curriculum Framework)

во релација со националната наставна програма

за Англија (National Curriculum for England).

„Пиколини“ е место за сите деца направено по

сите светски стандарди, а располага со објект

од 700 квадратни метри и 3.300 квадратни метри

дворно место за игра и забава на разнобојни

и безбедни нишалки и реквизити. Дворот

содржи и простран спортски терен опремен за

разни спортски и телесни активности, како и

амфитеатар, песочник и расадник. Мисијата на градинката е

да ги мотивира, инспирира, охрабрува и поддржува децата со

тоа што обезбедува сигурна и згрижувачка средина, за да ги

образува во насока на социјален, емоционален и когнитивен

развој, со цел да се изгради основа за доживотно учење.

Визијата, пак, на градинката е да биде препознатлив лидер

за најдобра грижа за новороденчиња, деца на предучилишна

возраст и деца на училишна возраст, што се надополнува со

неверојатните образовни програми, талентираниот стручен

тим и односи со заедницата.

УЧЕЊЕ НИЗ ИГРА И ЗАБАВА

ВО ЗДРАВА ОКОЛИНА

Секојдневно, тимот во градинката ја користи образовната

моќ на играта за растење на детето, сето тоа придружено со

забава, нега и грижа. Грижливите и посветени наставници

растат, учат и ја развиваат имагинацијата заедно со детето

и веруваат дека наставната програма ја сочинува сè што се

случува во просторијата, од интеракција и јадење, до учење

на песни, пеење и играње. Образованието и развојот се

важни, но тимот на „Пиколини“ знае дека најважно од сè за

детето се сигурноста, безбедноста и здравјето. Затоа, тимот

е подготвен на секој начин да одговори на предизвиците

и да обезбеди сигурна околина за децата. Обезбедени

се различни здрави оброци и ужини. Менито се прави во

согласност со нутриционист и нуди целосно органски

оброци и вкусни ужини што ги задоволуваат критериумите

за исхрана на Министерството за труд и социјална политика.

Во „Пиколини“, децата добиваат и редовна педијатриска

грижа во кругот на своите другарчиња и преку игра и забава

ја надминуваат стресната состојба и отпорот кон лекарски

преглед. Педијатарот на редовна основа врши физикален

преглед на децата, идентификува акутни состојби и дава итни

препораки за заштита на здравјето, континуирано ја следи

можноста за развивање на хронични заболувања, го следи

психомоторниот раст и развојот на децата во согласност со

возраста и дава совети за превентивни и корективни мерки за

подобрување на здравјето.

94

ПОТТИКНУВАЊЕ НА

КРЕАТИВНОСТА

Портрет промоција

Образовниот процес се одвива на два основни јазика,

македонски и англиски. Покрај основниот избор на кој ќе

се извршува наставата, родителите можат да изберат и

дополнителен јазик, што интензивно ќе биде содржан во

програмите како втор јазик на изучување. Програмата на

Универзитетот „Кембриџ“ подразбира пристап што се базира

на идеи и докази, каде што детето се обидува да одговори

на прашањата со собирање докази преку набљудување. Се

работи за повеќе области во кои преку различни методи и

истражувачка работа детето ја развива креативноста. Малите

уметници се забавуваат со сите видови средства што им се

достапни. Тие бојат, прават скулптури, цртаат, дизајнираат

и креираат. Прават кукли за куклена претстава што самите

ја осмислуваат и ја режираат. Децата сами сликаат и прават

скулптури од себе и од своите другарчиња, измислуваат

игри, се забавуваат... Имаат можност да направат и

креативни изработки од дрво, копчиња, ткаенина, мониста

и да ги покажат нивните изработки. Образовниот концепт е

интерактивен, се учи преку игра и креативно ангажирање и

преку најсовремени електронски наставни помагала со кои се

опремени сите простории. Една од најинтересните области

за децата е научно истражување поттикнување истрага,

истражувачки игри, одлучното размислување и решавање

на проблемот. Во текот на целата година се презентираат

проекти што им помагаат на децата да ги користат своите

развивачки моќи на интуиција, размислување, фантазија и

умешност, со цел да креираат уникатни форми на изразување

и комуницирање.

обврски, а за поголемите деца градинката нуди и

помош на децата за завршување на училишните

домашни задачи. Се организираат и летни и зимски

кампови, а се нуди и бебиситинг со професионална

негувателка од „Пиколини“. Мотото на градинката е

,,Каде што растат малите херои“, а според изгледот

и сето она за кое се залага, дури и суперхероите би сакале

да растат во оваа прекрасна детска оаза во Скопје што се

наоѓа веднаш до основното училиште „Петар Поп Арсов“,

во населбата Карпош 4 во близина на „Скопје сити мол“.

Работи од понеделник до петок од 7 до 19 часот, а повеќе

информации можат да се добијат на

www.pikolini.edu.mk или на телефонскиот број 070/279-408.

ПОДДРШКА ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Освен редовната програма, „Пиколини“ нуди и програма за

поддршка на родителите што се остваруваат преку Skype

time/face time, односно дневна комуникација на родителот

со детето за одржување на емотивната врска. Потоа следува

сабота, ден за игра, каде што родителите можат да ги остават

децата на неколку часови да си играат, додека завршуваат

95

НОВИ ПРОГРАМИ

ЗА ВЕЖБАЊЕ

Иако здравиот начин на живот и физичката активност не треба да бидат нешта што се во тренд што брзо

поминува и се заборава, мораме да признаеме дека многубројните, нови начини на вежбање и програми што

постојано излегуваат го олеснуваат изборот. Така, постојат индивидуални и групни програми, вежби во домот и

на отворено, интензивни, програми за истегнување... Овој месец ви предложуваме четири начини на вежбање со

кои ќе постигнете резултати на начин што најмногу ви одговара вам.

ЈОГА ВО ВОЗДУХ

Доколку традиционалната јога ви е малку здодевна и бавна за вашиот ритам, зошто да не пробате јога во воздух?

Овој тренинг е своевидна комбинација на јога вежби со акробатска вештина, но дури и најскептичните лесно ќе

ги согледаат здравствените придобивки од оваа програма. Речиси нула притисок на зглобовите, совршен баланс

на организмот, зајакнување на јадрото на телото, издолжени мускули, кардио-ефект како при брзо пешачење и

сето тоа со зен-предзнак на вежбањето.

96

Мисли здрави мисли

SPINNING ®

Возењето велосипед во сала, или Spinning ® , е сѐ поголем тренд

во светски размери, со сѐ поголем број вежбачи, a центарот

„Спорт Инн“ е единственото место каде што можете да го

практикувате ваквиот начин на вежбање кај нас. Велосипедите

Spinner имаат геометрија, држење и отпор како и врвните грандтур

друмски велосипеди. Програмата е приспособлива за сите, а

е под водство на сертифицирани Spinning ® тренери со одлично

познавање во областа на анатомијата, физиологијата, како и во

различни тренажни принципи. Еден час просечно трае 50 минути,

а програмата е приспособлива за сите. Идеална е за денови

кога поради лошото време не можете да возите велосипед

надвор, кога сакате да намалите дел од телесната тежина или,

едноставно, да се рекреирате. Резервирајте термин и дознајте

повеќе на www.sportinn.mk или на 078 / 700-070.

BARRE (БАР) ПИЛАТЕС

Оваа техника на вежбање води потекло од балетските сали

поради дрвената штица што се користи за истегнување при

пробите или barre (бар). Техниката barre стекнува сѐ поголема

популарност поради големата разновидност и примена во

пилатесот, јогата, вежбите со сопствена тежина... Резултатите

се лесно видливи по само неколку месеци – извајани нозе,

зголемена сила, подобрена флексибилност и координација во

просторот, како и зголемено расположение и самодоверба.

GYROTONIC (ЏИРОТОНИК)

Креирана од професионалниот танчар Јулиу Хорват (Juliu

Horvath), техниката џиротоник комбинира серија спирални

движења, со техника на дишење, сѐ со цел за подобра

рамнотежа, цврстина, издржливост и флексибилност на телото

без ризик од повреда на зглобовите. Првично познат како

„јога за танчари“, џиротоникот е една од омилените програми,

бидејќи комбинира јога, танц, гимнастика, пливање и тај

чи со специјализирани справи за џиротоник, што е секако

добредојдено доколку сакате да внесете различност во

вежбањето и на забавен начин да стигнете до посакуваните

резултати.

97

ГОВОРОТ

И

НЕГОВИОТ

РАЗВОЈ

ВО

ДЕТСТВОТО

Пишува: Проф. д-р Ана Фрицханд

Развојот на говорот е мошне важен и детално проучуван домен во развојната психологија.

Станува збор за ментална способност што е универзална за сите луѓе. Неговиот развој

е тесно поврзан со сознајниот, емоционалниот и социјалниот развој на поединецот.

Процесот низ кој се развива говорот е исклучително сложен и почнува многу рано во животот,

а е најинтензивен во периодот на доенче и во раното детство. Поточно, се смета дека децата

почнуваат да го усвојуваат говорот уште во преднаталниот период, слушајќи го гласот на мајката.

Во прилог на ова одат многубројните истражувачки докази дека новороденчето реагира на

гласот на мајката, наспроти кој било друг непознат глас, вртејќи ја главата на страната од

која доаѓа нејзиниот глас. На ова искуство понатаму се надоврзува слушањето на говорот во

секојдневната комуникација помеѓу возрасните, пред сѐ, оние што се најчесто присутни во

животот на доенчето, што е основен предуслов за успешен говорен развој. Познато е, исто така,

дека доколку детето е изолирано од вербална комуникација до својата седма година (или од

кои било причини не прозборело до оваа возраст), тоа подоцна нема да успее да се стекне со

говорот.

Oсновната законитост по која се воспоставува и се развива говорот е од едноставно кон сложено.

Тоа значи дека доенчето најпрвин може да произведува едноставни гласови, што потоа ги

комбинира во сѐ посложени јазични форми. Пред да се јават првите зборови доенчето поминува

низ т.н. предговорен период. Според повеќе автори, јавувањето на првите зборови кај поголемиот

број доенчиња се случува дури околу 12-тиот месец. Така, веќе во првиот месец по раѓањето

бебињата прават разлика помеѓу единични слогови (на пример, ма, па, ба, та и слично). Во вториот

98

Мисли здрави мисли

месец почнуваат да вокализираат кога се среќни и задоволни. Од шестиот месец почнуваат да разликуваат и

двосложни зборови (на пример, ма-ма, ба-ба, та-та итн.). Околу седмиот месец се јавува дрдорењето и играњето

со звуците. Во исто време се јавуваат и првите согласки што потоа се комбинираат со самогласките, формирајќи

слогови. Сѐ до крајот на првата година доенчињата успешно ги разликуваат гласовите од сите јазици, дури и

оние што не ги слушаат, но подоцна активно го користат само јазикот (јазиците) што континуирано го слушаат

во секојдневната комуникација.

Околу деветтиот/десеттиот месец се јавува гестовниот говор. Ваквиот говор изобилува со гестови што

доенчињата ги користат за да пренесат порака, да искажат потреба и слично. Помеѓу осмиот и десеттиот месец,

на јазичната сцена се поставува пасивниот (рецептивен) говор, што му претходи на активниот (експресивен)

говор. Тоа значи дека доенчето најнапред ги разбира зборовите пред да може активно да ги користи. Сепак,

многу полесно се утврдува колку зборови активно користи детето, отколку колку зборови разбира, па затоа

неретко возрасните прават наивна грешка, насочувајќи се само на тој видлив аспект (продуцираните, нови

зборови). Клучно што треба да се нагласи е дека за говорниот развој е исто толку важно и колку зборови

доенчето разбира, иако можеби сè уште не ги изговара. Колку повеќе зборови разбира доенчето, толку е

поголема веројатноста дека истите зборови активно ќе ги користи кога ќе се воспостави експресивниот говор.

Учењето странски јазици, на пример, е соодветна паралела на претходно кажаното, бидејќи на почетокот од

ваквиот процес на учење секогаш е поголем бројот на зборови што се разбираат (односно, пасивниот речник

е побогат), отколку бројот на зборови што активно се користат при формирањето реченици (активен речник).

По завршувањето на предговорниот период (некаде околу 12-13 месеци), следува говорен период кога се

усвојуваат нови зборови. Овој период најнапред бележи релативно забавен тек, за да се јави т.н. „експлозија

на именување“ по 18-от месец, од причина што првите научени зборови се најчесто именки или зборови со

кои се именува нешто. Првите зборови, познати како холофрази, се јавуваат во 12-от месец и изразуваат

целосна мисла што има различно значење во зависност од висината, бојата и интонацијата со која се искажани

зборовите (на пример, „уште!“ – со можно значење „сакам уште вода!; или „мама?“ – со можно значење „каде

отиде мама?“; или „мама!!“ – со можно значење „иде мама!!“ и слично).

Кон крајот на втората година (поточно околу 21-от месец, а кај некои деца и порано – околу 18-от месец),

присутен е т.н. телеграфски говор за кој се карактеристични едноставни реченици составени од два-три збора.

Некаде кон 21-от месец децата веќе можат да следат сложена говорна порака (на пример, „Крени ја играчката

од подот и стави ја на столчето“), помеѓу 24-от и 27-от месец составуваат реченици од три до четири збора, а

околу третата година повеќето од нив ја разбираат синтаксата и формираат реченици што им овозможува да

разговараат. Во овој период доенчето почнува да користи продуктивен говор, а до крајот на раното детство

(5-6 години) детето течно може да го употребува првиот јазик што го научило.

Комуникацијата во текот на целата прва година од животот е емоционално обоена. Сепак, постојат големи

индивидуални разлики во развојот на говорот. За да се одвива непречено ваквиот развој, па дури и забрзано,

од исклучителна важност е детето да расте и да се развива во стимулативна говорна средина, што, освен

што го поттикнува да разговара, изобилува и со други поттикнувачки активности, како што се читањето

и раскажувањето. Тоа значи дека детето треба да биде опкружено со книги, сликовници, атласи и друга

литература соодветна за неговата возраст, што на почетокот возрасниот ќе му ја чита и ќе му ја раскажува (а

понатаму, самото ќе го прави тоа). Притоа, уште поважно е да гледа позитивен модел во возрасните околу него,

кои дел од своето време го поминуваат читајќи, затоа што е познато дека децата учат по модел, имитирајќи го

и идентификувајќи се со него. Оттука, детето почесто ќе го повтори тоа што и самиот возрасен го прави (на

пример, седи и чита книга), отколку тоа што возрасниот ќе му каже дека треба да го направи (на пример, „седни

и читај книга, затоа што тоа е важно и корисно“).

Уште еден важен аспект, што може да го забрза или да го забави говорниот развој, е начинот на кој возрасните

му зборуваат на дeтето. Познато е дека постои т.н. бебешки говор или говор насочен кон детето. Станува збор

за куси реченици што се граматички едноставни. Доенчето така полесно може да ја следи пораката. Сепак, при

ваквиот начин на комуницирање, а во желба да звучат помилозвучно, возрасните понекогаш прават ненамерни

грешки што, наместо да му помогнат, му наштетуваат на развојот на говорот. Тука се мисли на погрешното

изговарање на дел од зборовите (на пример, „ајде да ги облечеме чолапчињата“, наместо „чорапчињата“). Со

оглед на тоа што децата учат имитирајќи ги возрасните, доколку слушаат зборови што се погрешно изговорени,

погрешно и ќе ги научат. Оттука, треба да се води сметка за правилното изговарање и правилната употреба

на зборовите уште кога детето е многу мало. На ова се надоврзува и раното учење на два и/или повеќе јазици,

како фактор што едновремено ги поттикнува и говорниот и сознајниот развој.

Доколку имате прашања и теми од развојната психологија за кои сакате да читате во некои од следните

броеви, пишете ни на contact@portretmag.com

99

Мозаик

ФИЛМСКИ ПРЕДЛОЗИ

И во март ви предложуваме возбудливи филмски изданија од различни жанрови. Сигурно ќе го најдете својот фаворит од листата на

акциски, хумористични, историски и анимирани изданија.

BEAUTY AND THE BEAST, СЕМЕЕН ФИЛМ, ФАНТАЗИЈА, МЈУЗИКЛ

Пристигнува Дизниевата адаптација на бајката што ја портретира љубовта на младата девојка и грозниот принц. Доколку не се сеќавате

на приказната да ве потсетиме – Бел е независна млада жена што ќе ја уапси ѕверот и ќе ја заклучи во својот замок. И покрај нејзините

стравови, таа се спријателува со маѓепсаниот персонал во замокот и учи да гледа подалеку од грозната надворешност на ѕверот,

сфаќајќи дека во него се крие нежно срце на благороден принц.

100

POWER RANGERS, АКЦИЈА, АВАНТУРА, НАУЧНА ФАНТАСТИКА

Филмот ги следи животите на пет средношколци кои дознаваат дека нивното мало гратче Ејнџел Грув и светот се под закана од напад од

вонземјани. Избрани по пат на судбина, овие пет херои брзо дознаваат дека на нив останува да го спасат светот. Но, за да го сторат тоа

тие мораат да ги надминат индивидуалните проблеми и да се обединат пред да биде предоцна.

THE BOSS BABY, АНИМАЦИЈА, КОМЕДИЈА, СЕМЕЕН ФИЛМ

Приказната е раскажана преку гледиштето и фантазијата

на седумгодишниот Тим, кој добива помало братче. Ова

е причина за љубомора кај Тим, но кога двајцата браќа го

откриваат страшното сценарио на „Папи ко.“ за нарушување

на рамнотежата на љубовта во светот, тие мораат да се

зближат, да ја запрат опасноста и да докажат дека љубовта

е навистина бесконечна сила.

GHOST IN THE SHELL, АКЦИЈА, ДРАМА, НАУЧНА

ФАНТАСТИКА

Оваа поинаква драма го следи животот на киборг-полицајката

што се обидува да го уништи злобниот компјутерски хакер.

Како единствен хибрид помеѓу човек и киборг, таа ја води

елитната единица „Оддел 9“, што ќе се обиде да го спречи

уништувањето на напредокот на кибертехнологијата на

„Ханка роботикс“, што се соочува со напади од хакери.

THE ZOOKEEPER’S WIFE, БИОГРАФИЈА, ДРАМА,

ИСТОРИСКИ ФИЛМ

Вистинска приказна за полскиот брачен пар Антонина и Јан

Забински. Во периодот пред почетокот на Втората светска

војна тие работат во зоолошката градина во Варшава, но кога

нивниот град потпаѓа под нацистичка опсада, тие решаваат

да го изразат својот бунт така што работат за Отпорот и

притоа спасуваат стотици деца и животни за време на нациинвазијата.

THE LAST WORD, КОМЕДИЈА

Хериет е бизнисменка во пензија која сака да контролира

сѐ околу себе, вклучувајќи го и својот некролог, па лично го

пишува, сакајќи да биде сигурна дека нејзиниот живот ќе

биде раскажан како што сака таа. Ен е млада новинарка во

еден локален весник, која има задача да ја дознае вистината

за животот на Хериет, што доведува до одново будење

на страстите во животот на пензионерката, како и ново

пријателство што ќе ѝ го промени животот на новинарката.

Мозаик

Пролетен водич

Со март доаѓа пролетта, но во студените денови, што вообичаено ги носи овој месец, погледнете две серии со

мистерија и драма што почнаа во јануари и брзо ги освоија гледачите. Со апликациите што ги предложуваме можете

без проблем да почнете со редовната пролетна детоксикација и внимавање на исхраната во пресрет на летото.

Taboo

A Series of Unfortunate Events

„Табу“ е британска телевизиска драма, чијашто премиера

во Велика Британија беше на седми јануари на Би-би-си 1, а

американската на десетти јануари на Еф-икс. Напишана од

актерот Том Харди, кој воедно има и главна улога, развојот

на серијата во осум дела е во 1814 година. Џејмс Дилејни се

враќа во Британија по 12 години поминати во Африка и со 14

украдени дијаманти, по смртта на неговиот татко и кога на

војната во САД ѝ се ближи крајот. Дејството се развива додека

Дилејни создава сопствена империја за транспорт со бродови.

Генерално, серијата доби добри оцени, а одлично е оценета

глумата на Том Харди.

По култната книга на Лемони Сникет и филмот од 2004 година,

следува и серијата чијашто премиера беше на 13 јануари на

„Нетфликс“. Во улогата на злобниот гроф Олаф, овој пат е Нил

Патрик Харис, додека децата Бодлер ги глумат младите Малина

Вајсман и Луј Хајнс. Првата сезона има осум епизоди и ги

претставува првите четири дела од серијата книги, а се снима и

втора сезона со десет епизоди. Се очекува и трета сезона, за да

се претстави целата серија. Дејството почнува кога родителите

на децата Бодлер мистериозно умираат во пожар, а за нив

се грижи далечниот роднина, грофот Олаф, кој всушност го

сака нивното семејно богатство. Децата почнуваат да му се

спротивставуваат и ги откриваат тајните на нивните родители.

102

MyFitnessPal

Без разлика дали сакате да изгубите некој килограм, да јадете

поздраво или да почнете нов начин на исхрана, оваа апликација

е една од најпопуларните за следење на калориите. Меѓу

опциите содржи над шест милиони видови храна, скенирање

на бар-код, следење на нутриционистичките вредности и на

внесот на вода, а преку апликацијата можете да си поставите и

сопствена цел за постигнување.

Meal planner

Овој планер за оброци го скратува времето за готвење и е

лесен за користење. Само се одбира неделно мени, се купуваат

производите од листата и се следат инструкциите за готвење.

Рецептите содржат нискокалорични оброци, вегетаријански, со

малку јаглехидрати и палео-исхрана, но и рецепти соодветни

за детски оброци. Освен тоа, содржи и диети што лесно можат

да се следат и што ги претставуваат нутриционистичките

вредности, а може да се додаде и сопствен рецепт.

103

Дизајн и декор

УБАВИНАТА НА

ЅИДНИТЕ ТАПЕТИ

Ѕидните тапети се одличен избор за сите што сакаат да внесат свежина и трендовски елементи во домот и

лесно да ги менуваат со избор на нови дезени по една или по повеќе сезони. Предност плус е можноста за

разновиден декор во секоја просторија, комбинацијата на повеќе мотиви, па дури и интерактивноста што ја

нудат тапетите на кои може да се пишува, црта, бои...

Оваа сезона хит се тапетите што изгледаат како мурали. Особено внимание привлекуваат оние тапети што

личат на мермерни плочи по поставувањето и даваат софистициран изглед, минус студот на вистинскиот

мермер.

104

Дизајн и декор

Дозволете да царува креативноста во

детската соба со избор на тапет што децата

ќе го вклучат во играта со цртање, боење и

пишување по него.

Љубителите на минимализам при

уредувањето можат да избираат меѓу

мноштвото геометриски тапети, со чисти

линии и со софистициран изглед.

Самите тапети носат ретро-асоцијација

во себе, па зошто да не биде такво и

уредувањето?

Тапетите со мотиви од природата се

актуелни при скандинавскиот стил на

уредување и најчесто се поставуваат во

простории за одмор и релаксирање.

Доколку не можете да се одлучите за

еден тапет, комбинирајте два различни,

но компатибилни дезени или направете

контраст со еден црно-бел тапет и друг во

силна, впечатлива боја.

Акварел-тапетите внесуваат боја во

уредувањето, но на суптилен, ненападен

начин, со прелевање од потемни кон

посветли нијанси во комбинација со бела

боја.

105

Портрет поддржува македонска уметност

„DEATH OF THIRD SELF“

ЕМА НАУМОСКА

106

ПРИВЛЕЧНО, УДОБНО И СЕКСИ

Мозаик

ПОСВЕТЕНИ НА УМЕТНОСТА

ТИМОТ ЗАД

„ПАРАТИСИМА СКОПЈЕ“

Фотографија: Жарко Чулиќ

Пишува: Тања Тодоровска

Не завршуваат сите вљубеници во уметноста со диплома во рака од универзитет на

кој истата уметност ќе игра главна улога. Но, еј, има некој и зад уметниците, некој

што ги организира, координира, промовира, изложува. И честопати тој некој, поточно

некои (не очекувавте еден човек да го прави сето тоа, нели?) секогаш се во заднината,

но тие имаат приказна за раскажување – па сите интересни нешта минуваат низ нив. Ви го

претставуваме тимот зад „Паратисима Скопје“ што веќе четврта година по ред ви овозможува

културна надградба преку Саемот за современа уметност на кој годинава од 15 до 17 јуни ќе

имате можност за тридневно уживање проследено со изложби, перформанси, модни проекти,

музички концерти...

108

Почнуваме.

„’Паратисима‘ како културно-уметнички настан и бренд

почнала во Торино, Италија, пред 13 години како ’реакција‘

на реномираниот саем на современа уметност ’Артисима‘,

основан во 1994 година, на кој за учество потребно е да

бидете поканети од организацијата. Реакцијата се состои

токму кон елементот на ’покана‘, односно изразената

селективност; затоа ’Паратисима‘ се основа на концептот на

отвореност и вклученост со цел да им даде еднаква можност

на сите автори и уметници“,

вели Бојана Стојменовска,

основачка на „Паратисима

Скопје“. Неприфаќањето

на ваквиот елитистички

пристап на пласирање на

уметноста, надополнето со

нејзиниот професионален

интерес за содржината

и за организацијата на

национални и меѓународни

настани, изложби и активности

поврзани со уметноста во

јавен, институционален и/или

приватен простор, ја водат

Бојана до професионално

занимавање со организација

на настани. „Во 2012

година почнав да соработувам со италијанскиот тим на

’Паратисима‘ од Торино и по неколку меѓусебни посети, во

2014 година, официјално го основав Интернационалниот

саем на современа уметност ’Паратисима Скопје‘, во

соработка со колегата и коосновач Марио Еспозито, кој

по потекло е од Торино.“ На моменти и самата зачудена од

себеси и од ентузијастичката идеја и подвигот, со првична

скепса како ќе биде прифатен настанот од локалната сцена

и публиката, стигнала до првото издание на „Паратисима

Скопје“ или, како што и самата го нарекува, нулта издание.

„Скопје докажа дека има простор и интерес за ваков настан,

а воедно се потврди и меѓународната заинтересираност

за учество и присуство на настанот уште од почетокот.

Сето ова, на моја бескрајна благодарност, беше најпрвин

овозможено и препознаено од Младинскиот културен

центар, кој е првиот и најлојален партнер на ’Паратисима

Скопје‘, а во исчекување на четвртото издание, ме радува

постепеното препознавање на настанот и од страна на

другите поддржувачи.“

Од 2014 година до денес, Интернационалниот саем на

современа уметност брои над 300 учества од автори од

32 светски земји, од кои 33 наградени имале можност за

изложување на нивните дела и учество на „Паратисима“

во Торино. Денес, „Паратисима Скопје“ е регистриран

бренд на национално ниво и е во процес на организација

на своето четврто издание на кое секој што ќе аплицира

за учество станува дел и учесник во саемската поставка.

Со пристигнатата содржина, за која нема ограничување во

однос на формат и/или медиум на изразување, раководат

куратори чијашто задача и цел е да ја постават изложбата

во целина во соработка со архитект, на начин на кој сечиј

талент и сечие дело соодветно ќе бидат претставени и ќе

дојдат до израз. По поставување на изложбата, задачата на

тричленото жири на „Паратисима Скопје“ е да ги разгледа

и да ги проучи учесниците со цел да направи селекција на

автори кои потоа ќе бидат наградени со нови можности за

професионален развој на своето творештво и на својата

кариера.

Членовите на организацијата, координаторите на настанот,

оние што ги влечат конците и од идеја и апликација го

оживуваат настанот во тридневен саем со многубројни

изложби, концерти и перформанси се постојаниот тим

што брои четири члена – Горјана Јордановска, Кристина

Лозановска, Блашка Миева и Андреј Прошевски.

Горјана е од самиот старт во организацијата, најпрвин

вклучувајќи се во контекст на своето факултетско

образование на Општа и компаративна книжевност преку

работилница за креативно пишување, што и на нејзино

неверување поминала со голем одѕив и уште поголем успех.

Тоа беше веројатно клучна причина за подоцна нејзиниот

ангажман во „Паратисима“ да продолжи и во насока на

организација и да ја доживува визијата на Бојана како своја.

„Полека, нејзината визија станува и моја визија и визија на

Кристина и сите три постојано ја надградуваме и таа станува

сѐ поубава благодарение на нашата здруженост, секој си

додава по нешто свое и ’Паратисима‘ расте, се надевам

дека еден ден ќе порасне до степен да го дефинира

Скопје“, вели Горјана. Надежта дека „Паратисима“ ќе стане

културно обележје на главниот град, Горјана го гледа преку

бесплатна разновидна уметност за сите, преку поетски

читања, музејски изложби, кино-проекции, работилници,

концерти... уметничко, но и социјално размрдување што ќе

доведе до промени, до простор за младите, до простор за

некорумпирано изразување и творење... Едноставно, сакам

да направам промена и се надевам дека мојата алатка за

таа промена, сум ја нашла во ’Паратисима Скопје‘.“

Кристина, како дипломиран архитект, гледа неразделна

поврзаност на нејзината професија со уметноста, развивана

и изразена низ годините на студии преку различни медиуми,

од инсталации, па сѐ до фотографија. „Со ’Паратисима

Скопје‘ почнав да работам од почетокот на подготовката

на третото издание. Разговаравме со Бојана околу

просторната организација на делот од ’Паратисима Скопје‘

– ’Мода и дизајн‘, но набрзо се вклучив во повеќе сегменти

од организацијата и реализацијата на фестивалот.“ Од

годинешното, но и идните изданија на „Паратисима“

очекува похрабри проекти и поголеми експерименти

што ќе резултираат со нови, супер иновативни дела, како

и употреба на нови медиуми и уште поголема доза на

креативност.

Андреј е уште еден архитект, поточно магистер по

архитектура, кој, покрај архитектура, практикува и дизајн на

мебел и скулптура, а е дел од тимот на „Паратисима Скопје“

од стартот, како учесник на првата, помагајќи на втората и

како дел од организацијата на последната „Паратисима“.

Со искуство од сите агли, го прашавме кои се неговите

очекувања од годинешниот саем во јуни: „Во иднина

109

Мозаик

очекувам ’Паратисима Скопје‘ да биде главниот настан

што ќе ги охрабрува младите уметници од Македонија да

се изразуваат слободно, а оваа година очекувам повеќе

уметници да се пријават на ’Паратисима Скопје‘, храбро

да се презентираат себеси и најдобрите од нив да имаат

шанса да изложуваат на главниот настан во Торино“.

Блашка е сликарка и дизајнерка на накит и ден-денес се

чуди како го пропуштила конкурсот за учесници на првата

„Паратисима“. Веќе на втората се пријавува и како учесник

и како волонтер и оттука почнува нејзината приказна.

„Аплицирав како уметник-автор, но видов дека имаат и повик

за волонтери и без размислување испратив апликација.

На мое големо задоволство, ме прифатија и искуството за

време на фестивалот беше незаборавно и неповторливо.

Следната година, 2016-та, веќе бев дел од организацискиот

тим, како програмски координатор, но и како координатор

на волонтерскиот тим“, вели таа. Поради тоа што и самата

е уметник, веројатно уште повеќе ги забележува разликите

во прифаќањето и ценењето на локалната уметничка сцена:

„Лично, како автор, но и како дел од организацијата, би

сакала да се промени размислувањето на младите во однос

на посетувањето настани од ваков карактер, бидејќи кога

патуваме во други земји задолжително е да посетиме музеи,

галерии, изложби, но кога имаме настани во главниот град,

тоа некако е недоволно интересно“.

Годинашни куратори се Мира Гаќина, одговорна за

визуелната уметност, и Драган Христов-Лудус, за отсекот

мода и дизајн. „МКЦ со ’Паратисима Скопје‘ успеа да се

афирмира како простор што знае да се приспособи на

потребите на современата уметничка сцена. Бев изненадена

секогаш кога посетував настан на ’Паратисима‘ од бројот и

од структурата на посетителите кои не брзаа да го напуштат

просторот дури и по часовите предвидени за затворање

на изложбата. Ваквата љубопитност на скопјани за овој

настан сметам дека претставува не само успех туку и добра

подлога за уште поамбициозен настап“, вели Мира. Од

годинешната „Паратисима Скопје“ има големи очекувања,

отворена е кон изненадувања, добра соработка и дружења

со другите членови на тимот. Драган неколку пати беше дел

од „Паратисима Скопје“, како учесник на првото издание

со неговата модна етикета „Лудус“, по коe, како еден од

победниците, учествуваше и на „Паратисима Торино“, потоа

како куратор во делот за мода и дизајн, но и како редовен

посетител. „Оваа година сум во улога на соработник на

’Паратисима Скопје‘, повторно како куратор на отсекот

мода и дизајн. Искрено се надевам дека ќе придонесам кон

подигнувањето на квалитетот и збогатување на содржината

на модниот и дизајнерскиот дел од ’Паратисима Скопје‘.

Сметам дека низ овие четири изданија имавме можност да

сретнеме локални имиња кои се вистинско освежување на

нашата уметничка сцена и се поинакви од вообичаените

автори кои сме навикнати да ги гледаме во нашите галерии

и музеи. Токму тука ги гледам предностите на ’Паратисима

Скопје‘.“

Целиот тим посветено работи на организацијата на

четвртиот саем во Скопје, но за време на напорната

работа, постојаната комуникација на повеќе нивоа и

инволвираноста на многу луѓе, секогаш знае да дојде до

недоразбирања и неочекувани ситуации, што кога сте

складен и хармоничен тим, на крајот го прераскажувате низ

смеа. Така, Бојана ни кажа дека на само неколку денови

од почетокот на „Паратисима Торино 2016“, при грешка

во транспортот, наместо делата на селектираните автори

од „Паратисима Скопје“, пристигнал печатач за големи

формати – плотер, Горјана ни раскажа како на ланската

„Паратисима“ во исто време била и организатор и лајтшоутехничар

на уметничката група од Берлин, која дошла без

техничар за осветлување, Андреј го надмина стравот од

височини, помагајќи да се намести инсталацијата на две

од учесничките на ланскиот саем во Торино, што, по цели

осум часа работа, беше поставена на само пет минути

од отворањето, а Блашка се потсети на „перформансот“

што го имале заедно со музичките гости од Италија при

префрлувањето на инструментите од едно до друго место

со такси-возило.

Во ведар дух го завршивме интервјуто, фрлајќи поглед

кон следната „Паратисима Скопје“ и очекувањата од

неа. „Моја лична желба е ’Паратисима Скопје‘ да побуди

храброст за експериментирање и иновација во авторската

содржина. Навистина ме радува кога автори-колеги, а

уште повеќе публиката, првпат ќе се запознаат со одреден

автор и/или содржина и ќе се вратат следната година во

очекување за повеќе“, вели Бојана. „Би сакала ’Паратисима

Скопје‘ да ги доближи и да ги изедначи националната и

меѓународната сцена и да придонесе кон препознатливост

и валоризација на македонската култура и уметност,

поставувајќи го саемот, градот и сцената на регионалната

и на интернационалната мапа на содржини што вреди и

треба да се видат. На глобално ниво, пак, ’Паратисима‘ се

шири и полека но сигурно прераснува во интернационална

мрежа на независни настани што го носат името. Досега,

покрај Скопје, ’Паратисима‘ се одржува во Торино и

Калјари (Италија) и Лисабон (Португалија), но во листата на

очекувани земји-учесници се и Шпанија, Кина, Германија

и Австралија. Ова е еден од тие случаи кога навистина се

надевам на глобално проширување!“ завршува Бојана.

Со потсетник за сѐ уште отворениот конкурс за уметниците на

www.paratissimaskopje.mk и со исчекување на годинашната

програма, со нетрпение ја очекуваме „Паратисима #4,

Скопје“!

110

Со здравјето

не се коцка.

Ние имаме

решение!

Осигурување на

операции

Доброволно

приватно

здравствено

осигурување

Доброволното приватно здравствено

осигурување значи грижа за

сопствената и иднината на

вашите најблиски.

Склучете полиса за осигурување на

операции и препуштете ни ја нам

грижата за покривање на трошоците.

Инвестирајте во подобро утре бидејќи

ништо не е поважно од Вашето здравје.

Одберете го најдоброто.

Одберете го Триглав.

111

REBORN ПРЕПОРАЧУВА:

МАРТА МОЈСОВА,

ДЕВОЈКАТА КОЈА

ИМ ГО ВРАЌА

ДУХОТ НА СТАРИТЕ

ПАРЧИЊА МЕБЕЛ

Кога сите деца околу нас сакаа да бидат доктори, ние сакавме да бидеме столари. И уште сакаме, иако веќе

неколку години не се доживуваме како деца. Затоа што, сериозно, постои ли подобро чувство од допирот на

необработено дрво или подобар мирис од оној на куп, свежо исечени греди?

Додека ние гледаме како сонот ни пропаѓа (ова звучи многу потажно од тоа што реално е, не се секирај), Марта

Мојсова го живее нејзиниот. Таа преку репарација, секојдневно им го враќа животот на старите парчиња дрвен

мебел, кои времето ги истоштило и им додава мала нишка од нејзиниот дух и карактер.

Поопширната верзија од ова интервју ќе можете да ја најдете кај нас на www.reborn.mk.

Фотографии: Елена Фиданска

112

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

Како и кога започна целата приказна за репарација на стар мебел? Во кој момент го формираше Spin Furniture?

Дали веќе го исчисти твојот и подрумите на твоите пријатели од стар мебел? Која од твоите досегашни креации

би ја издвоила како најдрага?

Целата приказна околу репарирањето на стар мебел започна уште по завршувањето на магистерските студии на

IED, Барселона и праксата која ја имав таму во Transfodesign Студио, каде научив како креативно да размислувам

и да се изразувам преку она кое ми беше поле на најголем интерес, а тоа беше и сè уште е еколошкиот и

реупотребливиот дизајн.

Кога се вратив во Скопје организирав работилници за реупотреба на отпадни предмети во нови уникатни дизајни

со децата од Шуто Оризари, да се научат дека од отпад можат креативно да создаваат и заработуваат.

Потоа следуваше работилница за изведба на дизајни со реупотреба на стари амбалажи на Skopje Design Week,

како и работилница за изведба на сценографија од отпадни материјали на Skopje Creative Hub. Во текот на

работата го согледав големиот спектар на можности на имплементација на Reuse Design.

Со оглед на тоа што професионално се занимавам со уредување на ентериери, како и желбата за подигнување на

еко-свеста на консументот, почнав да ја гледам убавината во старите парчиња мебел, кои со некаква интервенција

(помала и поголема) можат да станат совршена комбинација во ентериерот.

Спин се роди по првиот проект Креативна Реанимација кога ја увидов големата заинтересираност на конзументите

кон ваков тип на уметност и потенцијалот таа да се разавива и проширува.

Ха ха, да мојот подрум како и подрумите на моите најблиски пријатели се веќе одамна исчистени од стариот

мебел, а некои од тие парчиња веќе се во колекциите на Спин.

Иако сите парчиња за мене се посебни, сепак најдраги ми се фотељата Blended (спој на ретро фотелја од 60тите

со масичка за читање и пиење кафе) која е дел од колекцијата Fusion, како и лампата Fly me to the moon која е

дел од истата колекција (оваа ламба е во соработка со филигранката Бранка Данчевска).

Ако те поканат да напишеш учебник за репарација на стар мебел, која би била твојата основна дефиниција за

тоа што претставува и како изгледа една репарација на стар мебел?

„Репарирање на стар мебел е процес на ’враќање во живот‘ на предмет кој ја изгубил својата убавина и функција

кој инаку би завршил како отпад или огревно средство. Крајниот производ е уникатен дизајн со обновена или

сменета функција и изглед.”

Репарирањето е макотрпен процес, кој бара многу прецизност, време и внимание.

Прво се набавува мебелот, се смислува и исцртува дизајнот-крајниот производ кој сакаме да го добиеме. Потоа

се носи до работилницата каде се врши репарирањето (шмирглање, премачкување, појачување, склопување),

според потребната интервенција која е потребна и се набавува материјалот потребен за работа. Многу често

мебел штофот сами го печатиме за да ја пренесеме пораката која ја сакаме. До сега ги користевме колажите на

графичарката Дијана Томиќ Радевска кои беа направени токму за оваа намена и веќе станаа препознатливи за

брендот. На крајот парчето се носи на завршна обработка - тапацирање, кантирање, лепење на фолија итн. Потоа

се составува целиот мебел, се менува оковот доколку е потребно и на крај, ако сѐ е како што треба, производот е

готов и спремен да се транспортира до клиентот.

Проектот „Креативна Реанимација” беше актуелен пред две години, преку изложбата во Concept 37, учеството

на Paratissima Skopje и општата медиумска популарност која ја достигна. Што претставува овој проект за тебе,

дали беше тоа еден од твоите први проекти и што се случува моментално со него?

Проектот „Креативна Реанимација” беше поддржан и финансиран од Министерството за Култура во областа на

Креативните индустрии 2015 и беше во соработка со Катерина Теодорова.

Крајната изложба беше доста посетена и луѓето покажаа голема заинтересираност, нивната поддршка ме

инспирираше да го создадам Спин кој по изложбата го водам самостојно. Овој проект продолжи да се работи

и развива во 2016 овој пат под името „Ретро Визија”, а крајната изложба беше претставена во Public Room во

декември 2016та.

Како помина последната изложба на Spin Furniture во Public Room? Во овој проект беа вклучени и млади

архитекти на кои им беше дадена шанса да се претстават преку реанимација на стари парчиња мебел. Како

дојде до идејата за овој настан? Дали можеби имаше потреба од нова свежа енергија и идеи? Каков е интересот

кај младите архитекти во оваа област, знаејќи го неговиот еко елемент?

Последната изложба во Public Room беше претставување на дел од двата последни проекти кои ги работев,

проектот „Ретро Визија” и дел од проектот за кој бев наградена на натпреварот Зелени идеи 2016.

На изложбата беа претставени парчиња мебел

репарирани во различни стилови, во зависност

од периодот во кој се создадени, комбинации на

стари парчиња мебел во комплетно нови дизајни

притоа давајќи им поинаква функција и димензија,

како и реупотреба на стари отпадни предмети и

материјали во дизајни со сосема нова функција и

изглед.

Во склоп на проектот Зелени идеи 2016, се одржа и

работилница со млади архитекти. Идејата беше да се

подигне свеста за еколошкиот и социјалниот аспект

при дизајнирање и производство. Работилницата

беше доста инспиративна за младите дизајнери,

помина во најдобар можен ред и финишираше

со одлична презентација на успешно изведените

дизајни на младите креативци.

Добитник си на наградата „Зелени идеи 2016”.

Како се случи тоа и што претставува ова признание

за тебе?

Оваа награда многу пријатно ме изненади и ми

даде голем поттик за работа, сепак е тоа натпревар

на балканско ниво со голема конкуренција и многу

квалитетни и издржливи идеи. Претпоставувам

дека јас ги имав добро конципирано сите потребни

елементи за натпреварот посебно еколошкиот

и социјалниот аспект, а и комисијата ја увиде

потребата од еден ваков проект на нашите простори

чија првобитна цел е намалување на отпадот , а со

тоа и намалување на загадувањето на воздухот,

проблематика која во моментов сметам дека е

најважен аспект за делување.

Во првата фаза од овој проект беа реализирани

акции за откуп на стар мебел во руралните

средини, кој инаку за жал би завршил како огревно

средство или дел од отпад. Дел од овој мебел и

дел од отпадни предмети кои беа најдени, се веќе

репарирани а дел се предмет за пренамена во

втората фаза. Потоа следеше работилницата со

младите архитекти и изведбата на нови дизајни и

како што предмалку кажав, во тек е втората фаза

на проектот.

Кој ти е омилен репаратор на стар мебел? Исто така,

дали имаш омилен стил на дизајн на мебел или пак

некое безвременско парче што би го издвоила?

Инспирацијата доаѓа од самото парче мебел,

моменталната состојба и пораката која сакам да

ја пренесам, тоа ги одредува материјалот,бојата и

стилот во кој би се извел дизајнот. Многу познати

дизајнери имаат колекција или парчиња во стилот

на reused design, поддржувајќи ја идејата од

различни стари парчиња мебел и отпад да создадат

нови функции и сосема нов мебел. Инспиративна за

мене е работата на George Nakashima.

Која е најудобната фотелја на светот во која би се

сложила да ги поминеш пензионерските денови?

Веројатно тоа би била Eames Lounge Chair или

фотељата Chaise Longue (долга фотеља) на Le

Corbusier.

ДИМИТАР АПОСТОЛОВ

ЕМОЦИИ ДОЖИВЕАНИ НИЗ

ОБЈЕКТИВОТ

На фотографиите на Димитар Апостолов се забележува мистичност и емоција, што води до нивна висока уметничка вредност.

За овој наградуван македонски фотограф, фотографијата е уникатен начин на доживување на околината.

„Со фотографија се занимавам околу десет години и за мене е можност да се пренесат сопствените идеи и емоции. Фотографијата

е само медиум со кој е многу едноставно да се работи, но во исто време и комплицирано, во смисла да се постигне нешто со

вистинска уметничка вредност. Желбата за фотографирање ми се роди како одговор или решение на потребата да се побегне,

но и да се прошири реалноста, што верувам дека ја имаме сите. И сите наоѓаме свој начин како да го постигнеме тоа“, вели

Апостолов.

Како што додава, нема постојана тема на фотографија и повеќе работи воден од моментална инспирација, интереси, актуелни

случувања и лични опсесии. Освен групни, досега имал неколку самостојни изложби, како „After“ во 2013 година, „Selected works“

во 2012 година и две во 2011 година, „At the end of the world“, како дел од Скопскиот филмски фестивал, и „Пролетните девојки

еве ги доаѓаат“ во кафулето „Дамар“. Дел од наградите што ги има добиено се од „Деновите на македонска фотографија“.

Неговата фотографија од дете од ромска националност како свири на хармоника беше објавена во брошура на Обединетите

нации за Декларација за правата на малцинствата. Во продолжение погледнете дел од фотографиите на Апостолов.

Македонска фотографија

ГРАДСКИ

РИТАМ

ОЛИВЕР И ЏИБОНИ

4 март од 21:00 ч.

ВИП АРЕНА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

ТАЈНО МОЈА – ПРЕМИЕРА НА

МЈУЗИКЛ ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ

ПРОЕСКИ

10 март од 20:00 ч.

МОБ

GUY J DIGICULT, TRYAMBAKA,

TROPICAL BLEYAGE @SKOPJE

UNDERCITY FEST 3

10 март од 22:00 ч.

МКЦ

GREATEST HITS 18 – HISTORY EDITION

11 март од 21:00 ч.

ВИП АРЕНА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

РАКИЈА ФЕСТ СКОПЈЕ

18 март од 14:00 ч.

МКЦ

ДЕНОТ „Е“ ВО СКОПЈЕ – ЕЛЕМЕНТАЛ

18 март од 20:30 ч.

ВИП АРЕНА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

CHIPPENDALES ВО СКОПЈЕ

20 март од 21:00 ч.

ХОТЕЛ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“

SWANS ВО МКЦ

24 март од 21:00 ч.

МКЦ

118

VIVA LA VITA – МИРИСОТ

НА ИТАЛИЈА ПРЕТОЧЕН ВО

ПАРФЕМ

Инспириран од Италија, земјата што зрачи со страст, убавина,

посебна атмосфера, „Авон“ неодамна го промовираше

новиот парфем Viva la Vita. Парфемот ослободува чувства на

опуштеност, живост и слобода во изразувањето, а е наменет

за жени полни со самодоверба, жени кои исполнето го

живеат секој миг од животот.

Мирисните ноти се совршен спој на сочен, црвен грејпфрут

и јаболко, кремави ноти на магнолија и сензуална ванила–

комбинација што дава поттикнувачки ефект веднаш по

нанесувањето. Парфемот Viva la Vita можете да го најдете

во тековната брошура на „Авон“, а во моментот е достапен

во привлечна понуда со лосион за тело и сјај за усни. Повеќе

за парфемот Viva la Vita и за другите производи на „Авон“ ќе

најдете на www.avoncompany.com.

Се зборува за...

СВЕЖИНА ВО НОВАТА

ЖЕНСКА КОЛЕКЦИЈА НА

GEOX

Geox ја дочекува пролетта со линија на чевли и јакни

од колекцијата пролет/лето 2017. Чевлите се пријатни и

модерни, но истовремено и впечатливи и приспособливи

за секоја пригода – за пешачење, за класични настани, за

спортување, за гламурозни вечери... Особено се истакнуваат

неколку носечки модели: сандалите со комбинација на

драматични бои, изработени од превртена кожа, следејќи

ја модата во елегантна, но и удобна варијанта; чевлите во

ретро-стил со иновативни комбинации на материјали; и

чевлите со култниот дизајн Nebula, оваа сезона преточен во

интензивни бои и спортски елементи.

Покрај овие, колекцијата пролет/лето изобилува и со други,

еднакво атрактивни модели на чевли, како и линија на

пролетни јакни, направени со употреба на врвна технологија

и класичен, но истовремено модерен изглед.

ЗАВОДЛИВИТЕ МОДЕЛИ НА LISCA НА САЕМ ВО ФИРЕНЦА

На средината на февруари во Фиренца се одржа саемот

„IMMAGINE Italia&Co.“ на кој се претставија повеќе од

230 брендови на костими за капење и пижами. На саемот

учествуваше и висококвалитетниот бренд за долна облека и

пижами Лисца, претставувајќи се со колекцијата есен/зима

2017/18, а учествуваше и на завршното дефиле на модната

ревија. Манекенките ги претставија заводливите модели

долна облека Lisca Selection, што ја одликуваат смелоста,

проѕирноста и екстравагантноста.

Од компанијата се пресреќни поради посетеноста на

изложбениот простор од многу сегашни, но и нови

потенцијални партнери од Италија што само ја потврдува

изедначеноста на Лисца со најголемите светски компании

за долна облека и костими за капење. Колекцијата беше

убаво прифатена, што е добра најава за сезоната што доаѓа.

119

Мозаик

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

„СОВРШЕНИ ЗАЕДНО“ – КАРЛИ ФИЛИПС [КУЛТУРА]

Карли Филипс ви посакува добре дојде во Серендипити, каде што љубовта, судбината и среќата се

испреплетуваат...

Изморена од тоа да ја гледаат како добро ситуирана ќерка, секогаш игнорирана од страна на

нејзините родители поради нејзината проблематична сестра-близначка и незаинтересирана да

биде трофеј-сопруга на нејзиниот свршеник, Никол Фарнсворт, бега од својата свадба. Посакува

да биде сама. И каде е најдобро да ја пронајде својата судбина ако не во малото, тивко гратче

Серендипити? Местото каде што ќе се сретне со еден човек кој ќе направи нејзиното срце да чука

побрзо, ќе ѝ даде храброст да го открие нејзиниот живот – иако тој самиот не е свесен за неговата

помош. Секој заслужува уште една шанса?

„СЕЌАВАЊА И ЖЕЛБИ“ – ЛИСА АПИЊАНЕЗИ [АНТОЛОГ]

Љубовна приказна што почнува во Париз во 1934 година и завршува во Њујорк во 1980 година

и во која Алексеј Џизмонди е во потрага по жената за која смета дека ги поседува клучевите од

една тајна со која е опседнат. Во средиштето на тајната е секогаш загадочната Силви Ковалска

Жарден, чиишто сомнителни гестови сериозно ќе им наштетат на нејзините лични и семејни

односи, особено со ќерката Катрин, која на 13 години си заминува од дома за да побегне од

насилното однесување на мајка си.

Книгата ги истражува длабочините на еротската психа и раскажува за една прекрасна жена, за

нејзиниот живот од испреплетени вистини и лаги и за скандалозните постапки што ќе остават

последици врз повеќе генерации на два континента. Ликовите од високите и интелектуални

сталежи, драматичност и страстен набој, како и многубројните уметнички, книжевни и

историски референции, го прават ова дело совршено четиво за обожавателите на љубовни

романи.

„ЏЕЗ“ – ТОНИ МОРИСОН [МАГОР]

„Џез“ (1992) се вбројува меѓу најдобрите дела на нобеловката Тони Морисон. Во зимата 1926

година, Џо Трејс, средовечен продавач на козметички производи, ја убива својата млада

љубовница. На погребот, Виолета, жената на Џо, го напаѓа трупот на девојката. Оваа страсна,

прониклива приказна за љубовта и опсесијата е исткаена од жестоки емоции, силни надежи и

длабоки стравови. Живата музика и животниот стил од дваесеттите години во Харлем ритмички

пулсираат на страниците на „Џез“. Онака како што џез-музиката често е нескротена, слободна

и хаотична, така и настаните во романот се претопуваат, временските и просторните нишки

се вплетуваат една во друга, минатото и иднината се мешаат, а прозниот текст се претвора во

поезија и музика.

„НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ“ – САШО КОКАЛАНОВ [ИЛИ-ИЛИ]

„Ние сме лудаци“ е исконструиран и нестварен роман речиси колку животот. Натпревар на

стварноста со постстварноста, на вистината со поствистината... натпревар на возови со шини,

на спонтаност со режија, на политика со книжевност, на сатира со еротика, на хумор со

безнадежност...

„Ние сме лудаци“ е лирика, епика и драма во едно: победа, пораз и бегство на ист фронт,

под исто знаме. Ликовите се толку магнетни што целосно го привлекле дури и авторот, па

Кокаланов е едноимен кога пишува драми, другоимен кога пишува поезија, но истоимен кога е

детектив на дури пет случаи во романот!

„Ние сме лудаци“ е носител на листата на книжевната партија на слободоумните и

талентираните. Заокружете го, остварете го!

120

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

Портрет поддржува македонска поезија

ХЕМИЈА

Постоиме во некој паралелен свет.

Таму сме едновалентни,

врзани во едно соединение

чија дисоцијација е нерешена равенка.

Протагонисти и прокреатори

на апсурдни правила и апстрактни закони

за да немаме ништо за почитување.

Закоравени анархисти во општество

во кое може да штрајкуваш со векови,

а тоа никого да не иритира,

оти имаме апсолутно непопустлива мембрана

на внатрешни и надворешни провокации.

И додека во тој очаен мир

не собирам сили да писнам

по овдешната млака агитација,

жалам само што ѕвездата која умрела

на денот на твоето раѓање

ќе сјае и по моето дефинитивно паѓање.

Нема да бидам сведок

кога честичките од нејзината светлина

воздушно ќе ги спојат

нашите вечни одморалишта.

Тања Кармзова Костиглиола

121

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

МАЈКА

ЉУБОПИТСТВОТО НА МАЛИОТ ЧОВЕК

НАСПРОТИ ПРАВОТО НА ИЗБОР НА

ГОЛЕМИОТ ЧОВЕК

Има ли поздодевна работа од чекање ред во банка? Сигурно

има, ама кога си на средина во редот пред шалтер тоа ти си

чини врвот на изгубеното време. Куртоазно се смешкаш со

„колегите“ и гледаш на часовник на секои 30 секунди. :) Во

толпата намќори понекогаш се наоѓа некој комуникативен

(„народски“) човек, па ќе ти почне муабет за побрзо да ви

врви времето. „Одамна не сум те видел на телевизија“, ми

вели. „Да, веќе некое време правам пауза од екраните.“

–„Па, добро, новинарството е стресна работа за жени.“ „Аха“,

му велам за да не влезам во непотребни родови дискусии на

шалтер во банка. А човекот низ една типична средовечна

насмевка (натапкана од медиокритетскиот живот без

поголеми предизвици и авантури) продолжува: „Полесно им

беше на жените порано кога си седеа дома со децата. Сега,

што попрво, дали работа, дали куќа, кујна, деца...“

–„Така е“, лицемерно и лажно се согласувам, оти, ако влезам

во полемика, знам дека ќе нема крај. Нема да се разбереме,

а ќе им го нарушиме „мирот“ на другите намуртени лица

зазјапани во своите мобилни телефони пред стаклото во

банка. Ама човекот упорен... „Да носеа мажите доволно

пари ич немаше да има потреба да се мачите да работите.

И, башка, мажите денес не се тоа што беа.“ – Е, тука веќе

стрелката на индиферентност со неверојатна брзина ми

скокнува нагоре на внатрешниот термометарот за подобар и

порамноправен свет. Шалтер, банка, ред, турканица... не ми

е гајле веќе за мирот на другите и со културен тон влегувам

во дискусија со непознатиот, фин чичко, пробувајќи да

ја оправдам позицијата на жените кои имаат потреба од

професионална реализација и кариера. – „Личен избор е

во прашање“, му велам. И уште не сум ја почнала втората

реченица, тој лизгачки ми влегува во зборот што тукушто го

зедов. „Ама, ајде, Ана, Ви се молам! Еве, Вие, на пример... од

мала сте на телевизија, така? Убава, успешна, но џабе е сè за

една жена ако не стане мајка. И на ќерка ми ѝ го зборувам

истото, не слуша. Си тера по свое. Кариера, живот... абер

нема од мажење. Со сопругата секој ден се прашуваме дали

ќе доживееме внуче да видиме.“ И покрај целото разбирање

за добронамерноста на човекот и желбата за внуче, сепак

се обидов да му објаснам: „Но, господине, личниот избор,

желбата, еднаквоста...“ и уште недоречена неколкумина

од оние навидум незаинтересирани лица што чекаа во

редот со нас ми скокнаа со обвинувачки тон и со вперен

прст кон женската еманципација и слобода, во одбрана

на потомството се разбира. Додека како какофонија од

монотони гласови ги слушав нивните обвинувања упатени на

адреса на младите жени денес, во еден миг, ко животински

плен фатен во стапица, викнав: „Трудна сум“. Сите замолчија.

Атмосферата во банката од горчлива расправија премина

во еуфорични честитања. Не знаев дали да се смешкам

или да се сожалувам себеси што го искористив последниот

џокер за да им докажам дека јас не сум против деца, туку

дека едноставно не мислам оти луѓето кои не успеваат или

не сакаат да имаат репродуктивна улога се за на клада.

Им се вратив на моите верни феминистички позиции, ама

разговорот веќе стана каша попара и сфатив дека ова е една

од оние битки што нема да успеам да ги освојам во банка. :)

122

„Ајде, ќе видиш, ќе ти се смени мислењето откако ќе станеш

мајка“, едногласно ме убедуваа. Во тој период бев некаде

на средина од својата бременост. Не знаев што ме чека, но

сакав да бидам отворена за сите опции...

Неколку месеци подоцна станав мајка. Мислењето не ми се

промени. Го сфатив она што и претходно (теоретски) го знаев,

дека децата се најголемото богатство и дека родителската е

единствената безусловна љубов, а сепак, останав доследна

на правото на личен избор, без трошка потреба да ги судам

луѓето кои имаа поинакви желби и ставови. Сега, немам баш

време за чекање ред во банка и за долги полемики пред

шалтер, :) ама ако го сретнам средовечниот чичко повторно

би му рекла дека секој човек има право да одлучи со каков

тип на среќа сака да живее.

Јас одлучив да имам дете тогаш кога се почувствував

подготвена, а не кога другите (родителите и општеството)

мислеа дека треба! Всушност, до последен момент мислев

дека не сум подготвена и не се плашев тоа да го изговорам

гласно. Не затоа што ми недостигаше емотивна зрелост

(таа мислам дека речиси секоја жена ја достигнува порано

од мажите) :) туку веројатно затоа што секогаш имаше

уште некој професионален проект што ме зграпчуваше во

креативен занес и ме тераше да пролонгирам. Работите не ги

поставував црно-бело – кариера или дете, ама сепак сочно

го зграпчував секој работен ангажман и си терав... Постојано

слушав за биолошкиот часовник што чукал, ама мојот

часовник ми велеше дека има време. Не сум човек што се

плаши од обврски, баш напротив, но, ми требаше психолошка

спремност за да решам да донесам мало, кревко суштество

на овој груб свет. Децата се и одговорност, а не само желба!

И кога љубовните стрелки се поклопија со рационалните

планови за родителство се роди нашиот мал ангел. Сега

планирам да живеам 100 години :) и не ми е проблем дветри

години од животот да ги жртвувам. Жртвувам е можеби

тежок збор, но реално така е. Ако ги отвориме картите ќе

си признаеме дека родителството подразбира сосема нова

животна фаза и колку и на работите да гледаме не како на

проблеми, ами како на предизвици, сепак носталгијата кон

безгрижната младост одвреме-навреме тропнува на врата. :)

Се разбира, љубовта компензира сè! Со еден збор - РАДОСТ!

Многу радост.

И како што секогаш сум на страната на изборот, така и

овој пат одбирам на мајчинството да гледам како на еден

нов повеќеслоен идентитет. Значи, мајчинството не треба

да значи изолација, туку само поинакво поставување на

приоритетите. Ќе бидам искрена, ми недостига богатиот

културно-социјален живот што го имав претходно, ми

недостигаат промоциите, премиерите, активизмот,

камерите... (овој период многу малку стигнувам да следам

што се случува на општествено-политичката сцена), ама не

дозволувам да чувствувам преголема празнина, ниту, пак, да

се фрустрирам што не сум излегла навечер со друштвото,

туку одбирам да гледам на позитивната страна и да се

полнам со љубов. Затоа, секоја клетка на телото испразнета

од замор, ја полнам со батеријата на љубовта. Благодарна

сум на животот и можеби тоа не ми дозволува да паднам во

постпородилна депресија што е честа појава кај мајките.

Малку се зборува отворено за тоа. Под притисок дека секоја

жена е создадена за мајка и под притисок дека од почеток

треба максимално успешно да се одговори на сите проблеми

што ги носи мајчинството/родителството, а во комбинација

со хормонскиот дисбаланс, многу жени запаѓаат во

постпородилна депресија. Недај боже да кажеш дека ти е

тешко, мачно, неиздржливо и слично... Постпородилната

депресија е уште еден од проблемите кај нас што се чува

под чергиче. Свекрвите и бабите се тука за да те потсетат

како во нивно време било многу потешко и како денес има

многу помагала за бебиња. „Ние вриевме тенџериња додека

вие имате стерилизатори за шишенцата. Ние го нишкавме

бебето со часови в раце, вие сега имате релаксатори. Ние

вриевме платнени пелени, вие сега имате пелени за една

употреба...“ И сè така додека се ниже приказната Ние и Вие...

немаш простор да кажеш дека на моменти се прашуваш – ќе

има ли ден кога конечно ќе отспијам ко човек? :)

Но, дури и таквите мигови на преголем замор се покриваат

со наметката на насмевката. Неговата срамежлива насмевка

што од ден на ден станува сè посвесна и погласна. И кога

срцето ти плаче за сон, еден допир на малото раче од памук

ти дава сила за уште куп непроспиени ноќи. Деветте месеци

неизвесност додека го носиш во стомакот и овие четири-пет

месеци скромно родителско искуство ме натераа кај себе

да сознам една силна страна. Таа се вика ЉУБОВ. И под

својот чадор ги покрива сите други особини – храброста,

издржливоста, пожртвуваноста, решителноста, смиреноста,

надежта...

Сфатив дека ако на секојдневната рутина на родителските

ангажмани ѝ пријдам со љубов, помалку ќе ме плаши

одговорноста и менувањето пелени сто пати на ден. Се

договорив самата со себе дека станувањето на секои две

минути да му ја ставам цуцлата кога му паѓа ми доаѓа како

фитнес или џогинг, a неспиењето навечер како медитација

или подготовка за зен-фаза. :) Секогаш има начин како

човек да не излезе од форма. ;) И, се разбира, во нашиот

дом таткото не ѝ помага на мајката, туку си помага себеси

и на своето дете кога презема голем дел од обврските.

Многу жени целиот товар го носат само на својот грб, а

татковците се тука само за да си поиграат со децата. Во

некои земји татковците имаат право на породилно отсуство

исто како и мајките, а тоа е многу важно, меѓудругото, за да

не ги пропуштат првите насмевки и првите чекори на своето

дете... Растењето заедно со своето дете значи растење и на

твојата личност и на твојот дух. Тешко на оние што чекаат

подобар момент од плачливите ноќи, за да му се израдуваат

на малото човече кое во своите очиња го собрало целото

љубопитство за овој свет. Тешко на оние што се правдаат

дека од работа не стигнуваат да си ги видат децата. Тешко на

оние што, наместо да им раскажуваат приказни пред спиење,

им даваат таблет да си поиграат. Тешко на оние што, наместо

на планина, своите деца ги шетаат по шопинг-центри. Тешко

на оние... Море, тешко мене ако оваа колумна (особено

апелот за трудничко или покоректно би било родителско

боледување за таткото) ја прочита чичкото од банката кој ме

убедуваше дека „и мажите веќе не се тоа што беа“. :)

Јин-Јанг

РОСИЦА МРШИЌ, МОДНА

ДИЗАЈНЕРКА И ЕДУКАТОРКА

ТАГАТА ЈА ОБЛЕКУВАМ ВО

ЗАСИЛЕНА АКТИВНОСТ

Го почитувам култот кон младоста на

духот

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Модата е?

РМ: Модата е диктат на она што е „ИН“, а го прифаќаме на

сопствен начин.

АЈ: Кои општествени глобални ситуации ти се инспирација за

креација?

РМ: Сè што ме опкружува.

АЈ: Дали убавината е гратис-влезница? Или?

РМ: Зависи. За мене, убавината е целиот пакет– ментална,

духовна, чиста, физичка, различна, својствена, карактерна.

АЈ: Стилот е?

РМ: Стилот е индивидуалност! Сликање и одразување на себеси

преку изгледот.

АЈ: Љубов со опачина на омраза е?

РМ: Непоимлива. Сакам чиста и транспарентна љубов!

АЈ: Заклучени во градот сме затоа што....

РМ: Очите и духот не ни патуваат далеку.

АЈ: Каква е општествената моќ на уметникот?

РМ: Гласно да коментира низ призмата на својот опус.

АЈ: Современо и архаично во исто време е...

РМ: Живеењето во Македонија.

АЈ: Што ѝ недостига на елитната култура?

РМ: Вистинска култура. Наследна култура.

АЈ: За мене модни икони се...

РМ: Ана Пјаџи, Ела Скјапарели, Ирис Апфел и Дијана Вриланд.

АЈ: Би се преселила да живеам во...

РМ: Во топли и сончеви краишта.

АЈ: Kако го доживуваш култот кон младоста?

РМ: Го почитувам култот кон младоста на духот.

АЈ: Март е месец на...

РМ: Месец на будење на заспаните сетила.

АЈ: Кога би дизајнирала робот, кои човечки особини би му ги

ставила, а кои би ги прескокнала?

РМ: Би ставила љубов и емпатија, а би прескокнала

нетолерантност и омраза.

АЈ: Омилен/а дизајнер/ка ми е?

РМ: Ги имам многу. Ги ценам визионерите и пионерите во новите

и храбри достигнувања.

АЈ: Што им е заедничко на модата и демократијата?

РМ: Заедничко на модата и демократијата им е творењето

во слободен дух и со индивидуалност. Но, за жал, времето

стана инстант, модата сама себе се брка низ времето, а сè се

врти околу реплицирање на минатите децениски трендови и

повторување на идеи... Целта нема оправданост, туку се живее

мигот на сензација.

АЈ: Од личните животни искуства најсилна трага ми остави...

РМ: Од личните искуства најсилна трага ми остави живеењето

надвор од Македонија за време на студиите.

АЈ: Загадувањето на воздухот би го решила со...

РМ: Со конкретни и итни и долгорочни мерки и планови.

АЈ: Тагата ја облекувам во...

РМ: Тагата ја облекувам во засилена активност.

АЈ: Каков костум би им облекла на нашите политичари?

РМ: Еднобоен темен и едноставен, за фокусот да биде на

зборовите и делата.

АЈ: Од македонските познати личности би сакала да работам со...

РМ: Со сите жени кои го познаваат сопствениот стил и сакаат

да се издвојуваат со својот изглед на софистициран и суптилен

начин.

АЈ: Мојата модна приказна би ја опишала со зборовите...

РМ: Постојан стремеж кон нов начин на визуелно изразување.

АЈ: Следна професионална дестинација ми е...

РМ: Светот!

Фотографија: Жарко Чулиќ

124

Јин-Јанг

НИКОЛА ЕФТИМОВ, МОДЕН

ДИЗАЈНЕР И ЕДУКАТОР

ВО БОЛКАТА УСПЕАВ ДА

ПОРАСНАМ

Модниот систем е змија што си ја гризе

сопствената опашка

АЈ: Модата е?

НЕ: Модата е комплексна индустрија, но и начинот на живот на

одредена општествена група.

АЈ: Кои општествени ситуации ти се инспирација за креација?

НЕ: Идеите доаѓаат од доживеаното! Глобалните политички

настани, новите научни откритија, современата уметност...

АЈ: Дали убавината е гратис-влезница? Или?

НЕ: Ќе се залетав, па ќе одговорев дека убавината е гратисвлезница

доколку некој човек нема други дарови, но потоа се

присетив дека постојат потрошувачи на површното.

АЈ: Стилот е?

НЕ: Одраз на состојбата во која се наоѓаме на интелектуално,

креативно и емотивно ниво. Ми доминира тагата за луѓето кои

велат дека стилот не се учел, туку дека сме се раѓале со него.

Брусењето дијаманти е поедноставна работа од градењето на

стилот. Кај луѓето секогаш има нешто ново за полирање.

АЈ: Љубов со опачина на омраза е?

НЕ: Резултат на нашето мало его и последица од постојаните

програмирања. Некогаш омразата беше романтичарски славена

како отсуство на рамнодушност.

АЈ: Заклучени во градот сме...

НЕ: За среќа, постои и обратниот процес на враќање кон природата

и поинаквиот тип на осмислување на човечките заедници.

АЈ: Каква е општествената моќ на уметникот?

НЕ: Најскапоцени ми се личните ставови искажани преку делата, а

не остварувањата според брифинг во некоја адвертајзинг-агенција.

АЈ: Што ѝ недостига на елитната култура?

НЕ: Кај нас сè уште не постои таков тип елита, со чест на ретки

исклучоци, а парите знаат да се покажат преку брендирана

ламарина вообличена во автомобили, шопинг-тури во Солун,

ќебапчиња со кромид, прошетка на новите потпетици по некој од

трговските центри...

АЈ: За мене модни икони се...

НЕ: Грета Гарбо, Марлен Дитрих, Одри Хепберн, Грејс Кели, Сесил

Битон, Мариза Беренсон, Ајрис Апфел.

АЈ: Би се преселил да живеам во...

НЕ: Во Загреб - градот на моето детство и рана младост. Како

стареам, сè повеќе ми недостига.

АЈ: Kако го доживуваш култот кон младоста?

НЕ: Луѓето поради желбата за изглед на вечна младост, од себе

прават карикатури. Култот кон младоста е непочитување на

процесите на менување и на достоинственото стареење и физичко

умирање.

АЈ: Март е месец на?

НЕ: Месец на работа за идната сезона, како и пролетното

пресадување на билките. :)

АЈ: Омилен/а дизајнер/ка ми е?

НЕ: Вивиен Вествуд! Поради бунтовното и чувството за традиција и

поради нејзината непредвидлива предвидливост. :)

АЈ: Што им е заедничко на модата и демократијата?

НЕ: Достапноста на модните производи на сè поголеми општествени

групи беше одраз на демократизацијата на модата, но, за жал,

ваквото производството е и резултат на злоупотреба на евтината

работна рака во некои земји, злоупотреба на детскиот труд и

непочитување на регулативите за заштита на околината.

АЈ: Од личните животни искуства најсилна трага ми остави...

НЕ: Смртта на мојата мајка. Неочекувано се соочив со физичкото

губење родител. Во болката успеав и да пораснам.

АЈ: Загадувањето на воздухот би го решил со?

НЕ: Со строга регулатива и алтернативни и обновливи извори на

енергија. Покрај големите загадувачи, секој од нас остава валкана

трага. Лицемерно ми е на протести да одат луѓе кои и за најмали

дистанци влегуваат во автомобил и не водат сметка за потрошената

електрична енергија.

АЈ: Тагата ја „облекувам“ во?

НЕ: Во младоста, тоа беше со облека што правеше некаква заштита,

сега посегнувам по детали што за мене имаат голем емотивен набој

и се дел од личниот багаж.

АЈ: Каков костум би им облекoл на нашите политичари?

НЕ: Кловновски костум! :)

АЈ: Од македонските познати личности би сакал да работам со...

НЕ: Со актерката Ирена Ристиќ. Процесот би бил забавен и

инспиративен, а резултатот визуелно раскошен.

125

РОДОВА ГЛАГОЛИЦА

Пишува: Ана Јовковска

РУМЕНА

БУЖАРОВСКА,

писателка и универзитетска

професорка

Фотографија: Жарко Чулиќ

БРАКОТ НЕ Е ПОТРЕБЕН

ШТОМ ЖЕНАТА Е

EКОНОМСКИ НЕЗАВИСНА

Не е точно дека машките органи се познати по својата кревкост

AJ: Кој е за тебе најмашкиот, а кој најженскиот збор во родовата азбука?

РБ: Ме нервира кога гледам шовинизам проткаен во јазикот. На пример во употребата на зборови што означуваат женска

телесност за да се претстави кукавичлук, а машка за да се претстави храброст. Таа метафора не држи многу вода, прво

затоа што не е точно дека жените не се храбри како мажите, а второ, бидејќи машките органи се познати по својата

кревкост. (се смее)

126

АЈ: Дали живееме во машки свет?

РБ: Да. Оние што раководат со светот, политички и економски,

се главно мажи. Во незападниот дел од светот родовите

разлики се уште поизразени и кршењето на женските права е

алармантно. Западниот свет оди во регрес кога избира на власт

задрти шовинисти како еден Трамп.

АЈ: Кои жени, според тебе, го променија светот?

РБ: Ги има многу: Сузан Б. Ентони, Нели Блај, Вирџинија

Вулф, Симон де Бовоар... но неодамна бев на промоција на

книга приказни на жени во Индија од ниските касти, кои цел

живот биле физички и психички малтретирани од семејството

и општеството: силувани, тепани и понижувани, лишени од

основни права за преживување. Пркосејќи му на целиот систем

што е морбидно сексистички (не се споредува со Балканот),

овие жени преземаат контрола врз својот живот и стануваат

шоферки и таксистки, нешто што е револуционерно во таа

средина. Ете, тоа се жени што го менуваат светот.

АЈ: Румена, ќе цитирам мал фрагмент од твојата книга

„Мојот маж“: „Тоа е затоа што мажите се духот, жените се

телото. Мажите се креативни, жените се практични. Мажите

гледаат горе, жените гледаат долу. Жените не можат да

бидат уметници – тоа не им е својствена природа. Ајде кажи

ми некоја голема писателка. Од рангот на Достоевски, на

Чехов, на Хемингвеј“.

– Па, ајде, кажи ми, Румена?

РБ: Ова не е нешто што сум го измислила. Ова сум го слушнала

од повеќе мажи во моето опкружување. Го зборуваат мажи и

веруваат во него. Степенот на самовоодушевување, неоснована

самодоверба и блескаво незнаење при вакви изјави е срамен и

смешен.

АЈ: Еве уште еден дел од твојата книга „Мојот маж“: „Мајка

ми на секои две години комплетно го реновираше станот, па

психијатарот тврдеше дека тоа е од потребата да избега од

себеси, одново да се најде во нешто друго“.

– Коментар?

РБ: Неможејќи да се соочат со своите психички проблеми,

некои луѓе прават физички промени врз себе или врз своето

опкружување. Некои го менуваат телото, други го реновираат

станот, трети го напуштаат градот...

АЈ: Како им одговараш на предрасудите од типот „жените

плачат, а мажите лажат“?

РБ: И на мажите често им е ускратено правото да плачат, да

љубат, да се плашат, да бидат емотивни и приврзани татковци.

АЈ: Дали има разлика меѓу машкиот и женскиот поглед на

„вечната љубов“? Како ја концептуализираш вечната љубов

во современи услови?

РБ: Не верувам во романтичниот концепт на „вечна љубов“ што

популарно ни се пласира: дека се вљубуваме во еден човек и

таа љубов вечно трае и ништо не може да ја уништи. Би било

фино да е така и да сме цел живот задоволни со тоа, ама

мислам дека светот е преголем и предолго сме живи за таков

концепт да може да опстане.

АЈ: Каков е твојот став за бракот?

РБ: Бракот веќе не е потребен штом жената е економски

независна. Традиционално, бракот е предавање на

сопственоста на таткото кон сопственоста на сопругот, пришто

жената е еден тип стока што треба да се продаде. Нели, оттаму

жената симболично добива друг идентитет, друг стопан, штом

го преземе презимето од мажот, а преку филмови и реклами нè

бомбардираат дека треба да уживаме во тоа, да се радуваме

кога некој „нè побарал“, нè одбрал небаре сме скап предмет,

па да прославиме со скапа свадба. Разбирам дека бракот во

извесна смисла е општествена нужност и дека луѓето полесно

функционираат во групи, но така и полесно се контролираат.

АЈ: Што е за тебе добар партнер?

РБ: Ах, окупирани сме со некакви стандарди за тоа што би

требало да биде добар партнер. Идеализираме и имаме

нереални очекувања, а притоа не се прашуваме какви партнери

сме ние.

АЈ: Кое книжевно дело би го издвоила како пресек на машкоженските

релации? И зошто?

РБ: Во последно време интензивно ги читам расказите на Елис

Манро (Alice Munro), што на суптилен, ненападен и комплексен

начин се занимаваат со пресек на ваквите односи. Овие раскази

се топли и полни со разбирање, иако суштински го критикуваат

општеството и човековиот непостојан карактер. Срдечно ја

препорачувам оваа извонредна писателка.

АЈ: А кои се, според тебе, најголемите разлики меѓу мажите

и жените?

РБ: Слободата, љубопитноста и физичката активност се

феномени што на девојчињата често им се ускратуваат во текот

на нивното воспитување во корист на кроткоста, послушноста

и учтивоста како „женски“ квалитети, што всушност само им

ги кастрат крилцата и ги прават несигурни и плашливи, во

потрага по „вистинскиот“ маж кој ќе ги заштити и ќе ги спаси од

суровиот свет. За жал, на ова масовно нè учи Холивуд, па дури и

квазифеминистичките популарни серии како „Сексот и градот“.

АЈ: Каде препознаваш сексизам во нашево општество?

РБ: Сексизмот е сеприсутен, само треба да го препознавате.

Сексизмот ги тера жените да се чувствуваат виновни каде што

не се. За почеток, гледајте колку често сексизмот е присутен

во секојдневниот разговор. Наспроти сите предрасуди дека

жените многу зборуваат, всушност тие се присилени да слушаат

додека мажите мажјаснуваат (mansplain), притоа неможејќи да

дојдат до збор затоа што мажите често ги прекинуваат.

АЈ: Дали татковците во Македонија треба да имаат право на

трудничко боледување?

РБ: Апсолутно. И треба да не им е срам да го користат.

АЈ: Дали жените-политичарки би го направиле светот

поубаво место?

РБ: Верувам дека процентуалната балансираност меѓу мажите

и жените во политиката ќе создаде нова позитивна динамика во

родовите односи и ќе придонесе кон вреднување и почитување

на човековите права. Една од главните работи што ги очекувам

е државата (со која речиси секаде раководат мажи), како и

верските институции (со кои отсекогаш раководеле мажи) да

престанат заедно да го контролираат женското тело, небаре го

поседуваат!

127

INSTAGRAM ИНСПИРАЦИЈА

Омилен начин на вежбање ми е: Со сопствена тежина.

Затоа и најголемиот фокус во програмите што ги правам и

вежбам во „Кинетикс“ е ставен на различни типови склекови

и згибови. Многу често и целиот тренинг ми е составен од

варијации од нив.

Во мрзливите денови се мотивирам со: Гласна и енергична

музика, од дапстеп и трап, па до рокенрол. Исто така,

преферирам да вежбам во група, бидејќи колку и да си

мрзлив пред тренингот групата ќе најде начин да те понесе.

Не почнувам да вежбам без: Гравитација и малку простор.

Неопходни се за еден добар тренинг. :)

Омилен начин на вежбање ми е: Зумба – да си едно со

музиката, а вежбаш и убаво ти е. Па, има ли нешто подобро

од тоа?

Во мрзливите денови се мотивирам со: Со добра музика.

Барам песни што ќе ме станат од кревет да направам некоја

кореографија и несвесно веќе цел час време скокам дома. :)

Не почнувам да вежбам без: Мотивација. Насмевка,

дефинитивно. Некогаш дури исклучувам музика ако не ми се

насмеани вежбачките. :) Добри патики, маичка што апсорбира

пот и добри хеланки во кои можеш да се движиш. И секако,

добар оброк два часа пред тренинг.

@dda_mir

@_iv.__

@alekdrenko

@stojkovska_minnie

Омилен начин на вежбање ми е: Кога вежбам една група

мускули во текот на денот, концентрирано и со поголем број

повторувања.

Во мрзливите денови се мотивирам со: Со фотографијата

од пред пет години на која сум во друга агрегатна состојба

(течна). :)

Не почнувам да вежбам без: Задолжително добро комбиниран

оброк пред вежбање, а од опрема доволно е шише со еден

литар вода, патики, крпа и добро друштво во фитнес-центарот

(и со добра камера на мобилниот). :)

Омилен начин на вежбање ми е: Фитнес – поради предизвиците

во вежбите и социјалниот момент во фитнес-центрите и

планинарење – поради чистиот воздух.

Во мрзливите денови се мотивирам со: „Изговорот нема да

стопи ниту една калорија, а летото се ближи“. :)

Не почнувам да вежбам без: Вода – за поголема енергија и

спречување на дехидрација на телото и музичката плејлиста.

128

КАКО СЕ МОТИВИРАТЕ ДА ПОЧНЕТЕ СО ВЕЖБАЊЕ ВО СЀ УШТЕ СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ – СЕ КАЧУВАТЕ НА

ВАГА, КОПНЕЕТЕ ПО ИДЕАЛНО BEACH BODY, ПРАВИТЕ ЛИСТА СО ДОЗВОЛЕНИ И ЗАБРАНЕТИ ПРОИЗВОДИ?

ИНСПИРИРАЈТЕ СЕ ОД ОВИЕ МОМЦИ И ДЕВОЈКИ НА КОИ ВЕЖБАЊЕТО ИМ Е ДЕЛ ОД ЖИВОТНИОТ СТИЛ!

@dragandd_s

@zumbabykate

@kolevmiki

@simonnefitnessevolveteam

Омилен начин на вежбање ми е: Крос-фит.

Во мрзливите денови се мотивирам со: Се мотивирам со добра

музика и со мотивациски видеа.

Не почнувам да вежбам без: Не користам некоја посебна

опрема, освен патики што се специјализирани за крос-фит,

обични шорцеви и маица.

Омилен начин на вежбање ми е: Тренирам шест дена во

неделата, пет дена тренинг со килажи, шестиот е кардио-ден,

понекогаш кружен тренинг, зависи колку енергија имам.

Во мрзливите денови се мотивирам со: Некои денови сум

скарана со мотивацијата, но тренирам доволно долго за да

знам дека секој тренинг се исплатува на крајот. Број еден

мотивација е моментот кога ги гледаш промените на своето

тело.

Не почнувам да вежбам без: Preworkout и BCCA. Стандард

опрема за тренинг: Polar belt и часовник, ракавици за

вежбање, мојата омилена листа на песни и почнуваме. :)

Омилен начин на вежбање ми е: Комбинација на тренинг со

тежини и крос-фит. И двата имаат предности и недостатоци,

па заедно функционираат одлично.

Во мрзливите денови се мотивирам со: Гласна музика и Лес

Браун, мотивациски говорник.

Не почнувам да вежбам без: Нутритивен оброк, протеински

шејк и спортски пијалак за хидратација. Следува краток

ритуал со благодарност во себе за сѐ што придонело за да

го имам фитнесот како задоволство. И тренингот може да

почне. :)

Омилен начин на вежбање ми е: Тоа што го работам, зумбафитнес.

Во мрзливите денови се мотивирам со: Моите неуморни

вежбачки – кога ќе ги видам подготвени со идеи за песни и

кореографии, колку и да немам волја, инстантно се менувам.

Мотивација ми се и одредени зумба-гуруа од светот, кои ги

следам и си ја потхранувам страста за оваа работа.

Не почнувам да вежбам без: УСБ со зумба-плејлиста и

цедиња. :) Пред час чај од „Хербалајф“ за енергија, удобна

зумба-гардероба на себе, насмевка и добро расположение.

Приватните ситуации ги оставам надвор од сала.

Доколку Instagram е една од вашите омилени апликации, пратете ни ваши фотографии на contact@portretmag.com или користете го

хаштагот #portretmagazin за обележување на вашите фотографии.

STREET

STYLE

ИМАТЕ СУПЕР СТИЛ И САКАТЕ ДА НИ ГОСТУВАТЕ ВО РУБРИКАТА STREET STYLE?

ФОТОГРАФИРАЈТЕ СЕ И ТАГИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ФОТКИ СО ХАШТАГОТ #PORTRETSTREETSTYLE.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Марко Стојковиќ, Макс и Хектор Марија Сечковска и Дива Андреј Василевски и Нерон

Михаела Рајковска и Каја

Алек Сентон и Мока

Ирина Тошева и Мини

130

www.peugeot.mk

SUV PEUGEOT 2008

175 €

PEUGEOT TOTAL

SUV PEUGEOT 2008

MOTION & EMOTION

Macedonia’s Choice

131

132

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!