03.10.2016 Views

Portret Magazine No9

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

60 ден. • Бр. 9 • Август 2016

1

ᴄ 㠄 㨄 㸄 㬄 〄 ሄ〄 㼄 䘄 〄 䀄 㸄 ㈄ 㐀 Ⰰ ℄ 㨄 㸄 㼄 堄 㔄 Ⰰ ᰄ〄 㨄 㔄 㐄 㸄 㴄 㠄 堄 〄

Содржина август 2016

РАБОТА

08. КОГА РАБОТАТА Е ЗАДОВОЛСТВО

Креативност во сите димензии

НА „ТИ“ СО

16. ЕВГЕНИЈА ТЕОДОСИЕВСКА

Просечноста стана мерка за квалитет

WONDERWOMEN

20. ИНСПИРАТИВНИ МЛАДИ

МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ

Уметничка експресија

ГАЛЕРИЈА

28. ЖЕНИТЕ ШТО ЈА МЕНУВААТ МОДАТА

ОД ТЕМЕЛ

Ексцентрични модни икони

ПОРТРЕТ МОДА

42. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

On canvas

50. BLACK FOREST

Арт модна приказна

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

84. ВЕЖБИ НА ОТВОРЕНО

Комплетен фит-тренинг

90. ТРИ СВЕЖИ ПРОИЗВОДИ

Вкусна летна хидратација

ДИЗАЈН И ДЕКОР

94. ЛЕТНИ ДЕКОР МОТИВИ

Украсете го домот со морски елементи и

детали

ИЗБОРОТ Е СЛОБОДА

126. СИНОЛИЧКА ТРПКОВА – МЕЛЕС

Во стиховите на книгите ја барам мајка ми

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

ИНСПИРАЦИЈА

30. КРИСТИНА ГОРОВСКА

Никој не ме поседува, затоа не се плашам

да зборувам

МОЈА БОРБА

38. БОЈАН ЧУНДЕ

Хемофилијата е како сенка од која не

можеш да избегаш

ПОРТРЕТ УБАВИНА

69. ЗАПРЕТЕ ГО ВРЕМЕТО

Ноќна нега за после триесеттата

73. ЛЕТНИ ПРЕДЛОГ-ПАРФЕМИ

Свежо.Супер.Секси.

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

80. КУЛТНАТА ДВОЈКА НА БЕЛАТА КУЌА

Портрет на љубовта на Џон и Џеки

Кенеди

Фотограф: Жарко Чулиќ

Гардероба: LUDUS

4

ИЗДАВАЧ

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември” бр.2/2-25

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главен и одговорен уредник

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменик главен и одговорен уредник

Тања Тодоровска (tanja@portretmag.com)

Новинар

Марта Стевковска (marta@portretmag.com)

Уредник за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистент

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска

Џејлан Рустемоска

Филип Поповски

Драган Тапшанов

reborn.mk

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com)

Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Кристина Колеќевска (kristina@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 27.6.2016

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

МПМ 02/ 3089 305

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет” е авторска содржина што излегува еднаш месечно со одобрение од сопственикот на правата,

издавачката куќа Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено објавување, користење или

репродуцирање на било која содржина ќе се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи на

соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што се дел од содржината задолжително консултирајте се со

лекар. „Портрет” претставува пријавена трговска марка во Државен завод за индустриска сопственост-Скопје под број

ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

Портрет ви

подарува

Аплицирајте за некои од подароците со испраќање на вашите лични податоци на contact@portretmag.com и

проверете дали сте една од среќните добитнички во следниот број на „Портрет“. Со среќа!

Подароците може да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

Paco Rabanne Olympea чанта,

несесер, алка и ланче

SLC Advance X4 100% природен

додаток во исхраната, кој помага за

регулирање на телесната тежина

Biotherm Skin Best сет од мини производи,

Max Factor лак за нокти и

Lacoste торба за патување

Carolina Herrera

212 VIP Селфи

стик

L’occitane сет мини производи

Cherry Blossom гел за туширање,

Roses De Reines мини тоалетна вода и

крем за раце

Givenchy L'ange Noir

EDP 50ml. парфем

Lush Happiness сет (Yuzu and Cocoa

гел за туширање, Bohemian сапун

за тело, Brightside пенлива купка и

Yoga Bomb шумлива купка)

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

VALENTINO DONNA несесер, парфем 100мл. и цврст парфем./ Катерина Богдановска

Slim Line - SLC Advance додаток на храна за одржување на телесната тежина/ Јулијана Николовска

Palmolive сет гелови за туширање / Ана Шуманска

Oil infusion мицеларна вода и Oil infusion дневен крем / Мирјана Крстовска

Мелем сет: мелем стик за усни, мелем природен заштитен крем за осетлива кожа од 35мл. и мелем природен

заштитен крем за осетлива кожа од 10мл. / Фанче Наумовска Ристеска

Clinique кармин, Lip pop и High Impact маскара / Бојана Живковска

Lush Crumble сет од 4 шарени купки / Ивона Христовски

Книга за телото/ Камерон Дијаз со Сандра Барк / Лидија Колева Јанева

Зајдисонце/ Катерина Џатева / Александра Пекевска

Абадон, Уништувачот/ Ернесто Сабато/ Адријана Пацеска

Копнеж по дом / Џени Ерпенбек / Маја Цветановска

Портрет на уредникот

Бегство од сопствениот затвор или

од другата страна на стравот

Иако летото е годишно време за убави нешта, оваа година

воопшто не го доживувам така. Закована за телевизор, секојдневно

примам информации за некој нов терористички напад. Со денови немам

желба речиси за ништо. Летна летаргичност, пеколни температури,

премореност, не можев никако да си ја објаснам мојата состојба. Додека

го подготвувавме августовскиов број се препознав во зборовите на поетот

Ѓоко Здравески, кој вели дека кај себе најмногу го вознемирува тоа што е

мрзлив, зашто мрзливоста е изговор за насобрани стравови. Сфаќам дека тоа

е тоа, престрашена сум. Не онака мајчински за иднината на моите деца, туку

многу повеќе. Парализирана од целото ова глобално зло, што го примаме

со сите сетила, секојдневно. Има ли пострашно нешто, од некој да ти ја

земе слободата да патуваш? За многу од нас да патуваш значи да живееш.

Ќе си играме ли живот, парализирани од страв, во своите држави плашејќи

се ние да не сме следната мета? Одговорот на ова прашање го најдов во

нашиот соговорник Бојан Чунде, кој во рубриката „Моја борба“ ја раскажа

својата борба со хемофилијата и случката што му го сменила животот, кога за

малку ќе останел парализиран од непромислен скок во вода. Тогаш сфатил

дека хемофилијата и не е најстрашната работа што можела да му се случи.

Поголемото зло го натерало да се избори и справи со „помалото“ најдобро

што знае и умее. Па, така и јас мислам дека во борбата со ова глобално зло,

не можеме никако поинаку освен со двојно количество добрина.

Овој месец на наше неизмерно задоволство нашата насловна страница ја

краси Кристина Горовска, еден од најдобрите женски вокали, која преку

своите песни и „Бернајс пропаганда“ ни ја враќа вербата во вистински

вредности и квалитет. Случајно мојата теза за добро и зло, што ме мачи цел

месец ја пронајдов во нејзиното интервју, а тоа е дека само добри луѓе се

убави луѓе. И за крај оваа преубава жена, со став, талент и многу љубов за

музиката, целосно ми ја врати мотивацијата што ми недостигаше во последно

време. Колку само моќно звучи нејзиното: „Никој не ме поседува, затоа не се

плашам да зборувам“.

По портретите на овие прекрасни луѓе што ќе ги најдете на нашите страници

овој месец, моите стравови ми се гледаат толку далечни. Никому не му

посакувам лошо, се сметам за добар човек и мислам дека можам да ширам

позитивна енергија и добрина. Доволно ми е што атомски придонесувам во

борбата со злото. Чао стравови мои! До следната средба.

Ружица Антиќ

Илустрација: Жарко Чулиќ

Креативност

во сите

димензии

Стрипови, илустрации, графити, дизајниран и современ мебел ни

беа инспирација овој број креативноста да ја претставиме преку

четворица уникатни творци, што својата желба и пасија секојдневно

ја цртаат, сликаат, дизајнираат...

Делата на Ема Николова, Давид Ристевски, Игор Јовчевски и Драган

Китановски се доволно инспиративни и даваат порака дека на свој

и автентичен начин можe да се добие интересен и забавен резултат

што го разубавува секојдневието.

Фотографија: Жарко Чулиќ

ДРАГАН КИТАНОВСКИ-ДРАШ, ЦРТАЧ НА ГРАФИТИ

СО МОИТЕ ИСТОМИСЛЕНИЦИ

СОЗДАВАМЕ УЛИЧНА УМЕТНОСТ

Првиот графит го нацртав кога бев во основно училиште и

нацртан е со мрсна боја. Тогаш немаше специјализирани

продавници за спреови за графити и цртавме со автолакови.

Гледав како низ градот преку ноќ излегуваат шарени

ѕидови и се трудев да направам нешто слично. Графитот,

иако е во лоша состојба, уште си стои кај мене во маало. :)

Додека другите се интересираа за кошарка и фудбал, јас

се интересирав за цртање во каков било облик. За мене,

графити цртањето не е само „шкртање“ туку и дружба со

истомисленици со кои заедно создаваме таканаречена

улична уметност. Токму затоа и ретко цртам сам. Повеќето

графити ми се нацртани заедно со мојата ОКС екипа –

Мачка и Срк, како и со Хром, Нејм и Руки. Порано повеќе

цртав карактери, а во последниве години цртам повеќе

букви. Графити тагот ми е Драш и некако најбрзо ми оди и

во последно време повеќе ме исполнува пишувањето букви,

бидејќи за карактери обично ми треба повеќе време, а во

цртањето графити многу е важно да си брз, односно да

нацрташ пред да те фатат. Инспирација ми се празните

сиви ѕидови, напуштените локации, фасадите со партиските

преписки, едноставно простор што ќе ми се допадне и каде

што ќе сакам да оставам свој белег. Сакам шаренила и бои.

Цртањето графити за мене претставува потреба. Некој оди

на кеј да се истрча, јас цртам. Цртањето ми е вентил, на

тој начин се смирувам кога сум нервозен и ја споделувам

радоста кога сум среќен. Има денови кога едноставно морам

да излезам да нацртам нешто, чкртаници без концепт, ама

само да нацртам нешто, без разлика дали на другите ќе

им се допаѓа или не. Доколку некогаш дипломирам би бил

инженер по внатрешен дизајн и технологија на мебел и

ентериер, ама има два испита што не можам да се натерам

да ги положам. Моментално работам во „Nameless Тattoo“,

студио за тетовирање, учам да тетовирам и паралелно цртам

низ некои локали во Скопје.

9

ДАВИД РИСТЕВСКИ-DREADPEN, ИЛУСТРАТОР

ЧУДОВИШТАТА МОЖАТ И ДА НÈ

НАСМЕАТ

Во моментов сум вработен во маркетинг-агенција како артдиректор,

каде што повеќе од три години го минувам половина

од денот со најдобрите колеги. Преостанатото слободно

време го користам за мал милион работи. Да почнам од моето

куче Биги (Biggie Smalls), кое си го викам терминаторче,

бидејќи е неуморен палавко 24 часа 7 дена во неделата, па

сè до „киснење“ пред компјутер и гледање цртани, читање

стрипови, играње кошарка, возење скејт. Името DreadPen

доаѓа од очигледната комбинација на суканици (dreadlocks)

и молив (pen), што премногу често ми е во рака, во добра

смисла на зборот. Тоа што е карактеристично за мене, и

тоа по што ме знаат, се монстерчињата. Нивниот процес на

оживување е најчесто спонтан, произлегуваат како идеја од

мојата глава, што подоцна се пренесува на лист хартија, па

на крајот неговиот краен изглед се завршува на компјутер.

Мошне едноставно сложен процес. :)

Може да се каже дека цртањето ми е имагинарен излез од

секојдневието што еволуира во карактер со своја приказна.

Тоа што ме привлекува да ги цртам монстерчињата е тоа што

првично зборот чудовиште (monster) ме асоцира на нешто

страшно и ако тргнеме од тоа, ја прикажувам интересната,

шарената, насмеаната страна, односно паралелната

страна, дека не се сите монстерчиња страшни, тие можат

да насмеат и да ни го разубават денот. Инспирација има

насекаде, ја црпам од бунар преполн цртани (Rick and Morty

– задолжителна серија за ентузијастите на цртани), стрипови,

стрит-уметност и музика.

Моментална окупација ми е комбинацијата на илустрација

со реална фотографија. Тоа настана од желбата за да ги

оживеам монстерчињата. Оваа комбинација им дава друга

димензија, а со тоа носи и друга порака. Во овој случај,

лесниот дел е да илустрирам карактер, потешко е да се

избере вистинската фотографија за вистинскиот карактер,

но некогаш се случува веднаш штом дојдам до некоја

фотографија, да знам кој карактер би го ставил.

10

Фотографии од мебел: Ани и Дими

ЕМА НИКОЛОВА, ДИПЛОМИРАН ИНЖЕНЕР-АРХИТЕКТ, ДИЗАЈНЕР

ИНСПИРАЦИЈАТА СЕ КРИЕ И ЗАД

ЗРАК СВЕТЛИНА

Заради природата на работата, моето секојдневие е

исполнето со креативност. Низ оваа дејност е потребна

постојана отвореност за новините што се случуваат во светот

на архитектурата и дизајнот, но понекогаш и нурнување во

себеси. На некој начин, баланс помеѓу внатре и надвор.

Работата ја доживувам како алатка за личен напредок и

постојано усовршување, искуство, добри решенија, новини,

функционалност и добар дизајн.

Инспирација може да се најде насекаде, кога умот е насочен

во таа насока. Најчесто спонтана, таа знае да се крие зад

зрак светлина. Ја наоѓам во елеганцијата на формата,

минималноста во потегот, леснотијата што не го оптоварува

просторот, а додава нова визуелна компонента, обогатувајќи

со својата функционалност. Ме инспирира секој нов проект

во кој наоѓам предизвик да го извлечам најдоброто од

просторот.

Мојата прва самостојна колекција на мебел „{trikoN}“ е

дел од личното трагање за совршенство. Инспирација за

формата на овој проект беше стариот дрвен триножец,

а процесот – потрага по нова современа форма што има

употребна вредност. Дизајнирана е во духот на геометријата

и симетријата како основни начела на убавината,

изработена од дрво и боен метал, a елементите замислени

како функционални скулптури што би го облагородиле

домот. „{trikoN}“ носи новина во третманот на материјалот

и формата, како и користењето на современи наративни

средства. Нејзините поединечни елементи се едноставни,

а нивната комбинација прави сложена геометриска форма.

Оваа колекција беше наградена од организацијата „Young

Balkan Designers“ за време на фестивалот „Миксер“ годинава

во Белград, помеѓу 69 проекти од Балканот, одбрани од

136 апликации. Во моментов е на патувачката изложба низ

водечките фестивали за дизајн во регионот.

11

ИГОР ЈОВЧЕВСКИ, ЦРТАЧ НА СТРИПОВИ

АЈВАРМЕН Е МАКЕДОНСКИОТ

СУПЕРХЕРОЈ

Во осумдесеттите години стриповите ги викавме романчиња

и најчесто беа италијански изданија. Трафиките беа

преплавени со секаков тип за кои Југославија имаше

лиценца. Одлучувачко за мене дека сакам да цртам стрипови

беше изданието на Тарзан, познато како „ЈУ Тарзан“. Љубов

на прв поглед беше цртежот од мојот идол кој сè уште ми

е идол, а во последно време и пријател, Бранислав Бране

Керац од Нови Сад. Ја видов таа прва корица од Тарзан

нацртана од него и ми се залепи окото за неа. Никогаш не

сум сакал да прецртувам, сакам да внесувам нешто мое во

цртежите, а стилот на Керац ми се допаѓаше зашто е познат

по тоа што црта убави луѓе, без разлика дали се мажи и жени.

Најинтересен за јавноста е стрипот „Ајвармен“, кој е прв

национален македонски суперхерој кој има автентично

име поврзано со нашето традиционално јадење, ајварот.

Идејата се роди во 2007 година и беше наменски смислен во

соработка со Давор Драмиќанин, за стрип-работилница што

се одржуваше во Велес и беше интернационална со учество

на повеќе земји од Балканот. Една од задачите беше да се

смисли автентичен суперхерој, а ние го смисливме ноќта

пред да биде работилницата. Официјалното издание на

стрипот беше дури минатата година. Иако јас сум ликовниот

татко на ликот, во изданието „Ајвармен“ учествуваат и други

колеги кои сакавме да бидат застапени како илустратори.

Инспирацијата за стриповите ја добивам од книги,

филмови, други стрипови... Професијата ми е пак детска

илустрација, илустратор сум за цртежи за деца што треба

да бидат прифатливи за нивна возраст, за најмладите од

предучилишна возраст, но и за тие од прво одделение.

Неодамна се одржа првиот „Стрип фестивал“ кај нас во

организација на издавачката куќа „Стрип квадрат“, што е

моја и на колегата Никола Темков. Досега немало такво

нешто кај нас и тоа помина добро со повеќе различни

содржини. Главна содржина беше групната изложбата на

повеќе македонски автори. Изложбата траеше осум дена, а

фестивалот беше посетен од сите стрипаџии. Во иднина се

надеваме дека ќе премине во традиција.

12

Колумна

МАСА ЗА ДВАЈЦА,

ЗА МЕНЕ И МОЈАТА

ТАШНА

Oбожавам ташни, и

скоро како и секоја жена ги

имам во различни форми и бои. Имам

од времето на „Sex and the city“, онакви какви што

носеше Carrie како раката да ѝ е во гипс. Имам многу купени

кога ми варира килажата или сум трудна па најлесно ми е да си купам

ташна. Имам од различни поводи, кога маж ми не знаел што да ми купи па

најлесно му било ташна. И секако имам од другарки и пријателки што знаат дека

ми се слабост.

Од најрана младост обожавам и книги. Имам стотици, буквално секакви, ги купувам

позајмувам и читам. Растат со мене, жанровите се менуваат паралелно со моите фази, зафаќаат

голем дел од мојот дом, и едноставно се дел од мене.

Никогаш до сега немав размислувано за овие две, мои пасии, сѐ до пред некоја вечер. Се враќавме

со мојот мил сопруг од град, јас ја носев најмалата и најтесна ташна што ја имам во неа не успевав

никако да го најдам клучот од дома. Нормално дека тој беснееше, и по две-три неумесни шеги за женската

снаодливост, ме праша: - „Што ти е проблемов со ташниве? На што личи ова конкретно што го носиш, и како

во ова чудо што е веројатно само за монети си успеала да напикаш сто работи? И не ми е јасно како некој

што толку сака да чита книги, се потепува да купува ташништа со огромни логоа, да ги слика за Instagram, да

ги мести, упс случајно ѕирка брендот, и слични глупоштини што ги правиш.“ Продолжуваше да беснее додека

влегувавме дома (клучот бил кај него) дури на крај ми кажа дека или за ташните или за книгите за една работа

сум се преправала, зашто едно со друго никако не одело.

Пробував да не се расплачам, иако секоја плавуша знае колку боли кога некој ќе ти ги доведе интелектуалните

способности во прашање. Па зарем „роден“ маж да мисли за мене дека сум фејкерка која од хир купува

книги, што не ги ни чита.

-„Што случајно да не носам и наочари со лажен диоптер за да имам поинтелегентен look“ - мрморев

додека облекував пижами. Или пак да мисли дека сум покондирен сноб, што си ги лечи своите

комплекси со прекрасни ташнички. Зошто не може да разбере дека секој си има свој „раат“. Мојот

е сама во кафич, со добра книга и преубава ташна на столот до мене. Вечерта си легнавме

скарани, а утредента цел ден не се видовме. Кога излегував од дома пробав да ја земам првата

ташна што ми дојде при рака, дури и искоментирав ташна ко ташна, ко да ќе ми смени

нешто во животот. Цел ден се чувствував лошо, како и секогаш кога ќе се скарам со

некоја сакана личност. Кога дојдов дома тој веќе беше излезен и уште повеќе

се натажив. И тогаш на фрижидерот видов преслатка честитка Smart

girls rock ми напишал: - За најпаметната девојка со грди ташни

и едно срценце со нацртани наочари. Колку само се

расположив. Си легнав и му пишав смс: - За

која ташна точно мислеше?

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

13

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

ОВДЕ И СЕГА,

ПРАВЕЈЌИ

НИШТО!

ЛЕЖАЛКАТА МЕ ДОЧЕКУВА ПОД ГРАНКАТА НА ОРЕВОТ, КАКО ЉУБОВНИЦА КОЈА САКА

ДА ТЕ ПРЕГРНЕ.

Август е месец во кој човек е во лер! Рациото е на минимум

фреквенции, а сетилата и емоциите се на максимум. Отвораш

очи и пред тебе е синилото на водата. Езерски или морски

бескрај, сеедно, важно е дека си далеку од зовриениот асфалт

од кој како ехо од духови се слуша шумот на сите наши пцуења

изречени во сообраќајот, пред шалтерите во банка, во редиците

на каса во супермаркет, низ стерилните административни

процедури, пред болниците... Колку сме заробени во ѕидовите

на урбаното живеење?! Цела година работи, за две недели

одмор. Каква иронија! И некој ќе рече – Не се жали, има луѓе

кои не можат ни тие две недели да си ги дозволат. –Да, така е, за

жал. Сочувствувам со сите тие напатени души кои едвај врзуваат

крај со крај, но тоа не значи дека ќе замолчам пред фактот дека

светот е неправеден, ниту ќе се премислам да мрчам за нашиот

лажен цивилизациски прогрес.

Порано луѓето живееле поедноставен живот. На село, во

природа, во тишина, помалку стресови, но и помалку избори.

Формите на куќите им биле кружни, како што сè во вселената

е кружно. Ние денес живееме во градската џунгла, заробени

меѓу четирите ѕида на нашите „нафракани“ домови, преполни

со непотребни предмети. Блиски со природата, нашите предци

ја имале мерката за тоа што и колку им е потребно. Денешната

мегаломанија нè прави зависни и неслободни! Маничниот

шопинг нè задушува во непотребни предмети на кои им робуваме

додека ја бришеме прашината од нив и потајно се надеваме дека

еден ден сепак ќе ги употребиме за нешто. Скриени со ролетни

од сонцето, занесени со главите во компјутер или во телевизор,

константно нервозни од небулозите на политиката, без трпение

за вревата на децата и вечно незадоволни од нешто. И тука ми

се случи тригерот... Зошто постојано мораме да бараме повеќе

14

и повеќе? Зошто не знаеме да сме задоволни од она што го

имаме, и во духовна и во материјална смисла? Партнерот го

озборуваме оти никогаш не е доволно добар за нас, родителите

ни се напорни, соседите биле прегласни, колегите биле

снобови, мајсторите од пред зграда нè нервираат... Очигледно

е дека и покрај целото изобилство ние денес сме претворени

во мрчатори кои го бараат зрнцето лошо во сè околу себе. Од

денеска вртам нов лист! Морам да го убијам перфекционистот

во мене и да научам да бидам благодарна на животот. Најпрвин

престанувам да се жалам дека дома не е доволно чисто според

моите критериуми, дека надвор општеството е лудо, дека

морето било загадено, а планината превисока... Можеби ќе ми

треба време, но ќе се обидам да ги совладам моите очекувања

дека сите околу мене треба да се слика на моите проекции за

тоа што е добро и што е правилно. Решавам да се опуштам и да

се релаксирам!

ПОНЕДЕЛНИК... Денеска тргнуваме на одмор! Спакував три

торби, од кои две беа со работи за „недај боже“. Резервни

чевли, резервни патики, апостолки да не се скинат другите пет

пара... лекови за болести што се добиваат дури на 70 години,

несесери со козметика за три животи... И тамам да излезам со

торбите од дома низ врата, ја перципирам фацата на мојот

партнер („партнер“ е ми се чини најдобра формулација за

сопругот кој и по речиси половина година брак не можам да

се навикнам да го викам никако поинаку освен „дечко ми“, не

оти така ми звучи свежо и кул по седум години врска, туку затоа

што веројатно одбивам да пораснам и да се помирам со клише

варијантата дека и јас се омажив, иако цел живот велев дека

не ми е важен формалниот потпис и дека љубовта е онаа што

го диктира темпото на вечноста, а не документите од Матично.

Но, нејсе, ете, не издржа срце јуначко, падна на романтика и на

потребата за сигурност и заедништво.) Значи, сакав да кажам,

тргнуваме на одмор и треба да сме позитивни и насмеани, а тој

се нервира за тоа што упорно не ми доаѓа памет со пакувањето

и што секој пат носиме повеќе од потребното. Другпат ќе се

објаснував на темата до сто и едно и назад, дека сè што носам

ми е потребно, да не ми се меша во мојот избор, како јас сум

таа што пакува, а тој само треба да излезе со рацете в џеб и

да вози... но денеска НЕ! Пред да почне непотребното трошење

нерви на двајцата, денеска решавам да пробам поинаку. Се

враќам назад, ги отворам куферите и вадам сè што реално

ми е вишок. Се чувствувам полесна, како пердув. Не заради

физичкото олеснување на тежината од моите куфери, туку

заради тоа што покажав дека со леснотија можам да направам

компромис и да се откажам од комфорот што ме прави сигурна.

Тргнуваме насмеани на пат и си правиме шеги на сметка на она

„Кој носи, не проси“. :)

ВТОРНИК... Љубојно нè пречека со сонце и ветер! Идеална

комбинација во лето. Надморската височина нè гали со своите

950 метри, сонцето е блиску, планината се прави важна, езерото

си мекнее, воздухот е чист, сè е зелено и мирно... Само јас сум

немирна. Станувам и наместо да го поздравам утрото со „Шавасан“

(јога-техника – поздрав на сонцето) правам список за тоа

што треба да купиме од храна за ручек. Секогаш сум еден чекор

понапред, наместо во мигот на „ОВДЕ и СЕГА“. Се фаќам себеси

со пенкало в рака среде природа и се свестувам дека ова не

е место за списоци, планирања и обврски. И наместо да го

вклучам лап-топот по стандардната утринска рутина, го ставам

чајот на шпорет и кревам нозе во вис. Лежалката ме дочекува

под гранката на оревот, како љубовница која сака да те прегрне.

СРЕДА... Одиме на плажа! Нашето куче Ада (двегодишна женка,

златна ретриверка) едвај чека да се фрли во вода. Обожава да

плива. Јас најпрвин ја перципирам структурата на луѓето на

плажата и нивните фаци, за да проверам дали се доволно dogfriendly,

за да ја пуштам подоцна слободно да прави што сака.

Уште еднаш се фаќам себеси во преголем обѕир кон другите.

Морам да ја научам тенката граница помеѓу преголемата

внимателност и љубезност и тоа да живееш за другите.

ЧЕТВРТОК... Денеска е ден за планина! Колку си погоре и

поблиску до небото, толку се чувствуваш поголем. Во градот

покрај спомениците и бетонските висококатници се чувствувам

мало и неугледно. Тука се чувствувам важно. :) Се искачувам

полека по планината, со надеж дека кондицијата добро ме

држи и со пркос дека човек секогаш треба да ги поместува

своите граници. Стигнуваме до врвот и чувството е божествено.

Го вадам телефонот да направиме едно „селфи“ и конечно

сфаќам дека не ми треба ни мобилниот, ни компјутерот, ни

музика, ништо... Доволен е џагорот на птиците и нивната песна

со која нè поздравуваа по патот исплетен со дрвја. Којзнае што

ли си зборуваат меѓу себе? :)

ПЕТОК... Ден за ништо! Има некои денови што едноставно се

создадени за „правење ништо“. Одамна сме заборавиле како

изгледа тоа да не правиш ништо цел ден. Лежење, шетање,

книга... Општеството со својата вртоглава брзина и челичен

притисок прави да се чувствуваме некорисни во ваквите денови.

Е, нема! За инает ќе докажам дека знам да бидам сама со себе,

без интернет-приклучоци, без обврски, без социјални мрежи,

без работа. Се задлабочувам во книгата што ја читам, легната

во зелениот рај, на тревата во дворот во Љубојно. Партнерот се

спружил на лежалката спроти мене и почнува да го чеша секое

место по телото. Тоа е тој синдром на отуѓеност со природата.

Мавта со рацете бркајќи комарци, а јас во меѓувреме му викам

да не ги убива бидејќи тој не им го дал животот (мисли дека

тотално сум забегала:)) и најпосле му велам дека инсектите

не се пријателски настроени со него, оти и тој се отуѓил од

природата. – Што е, да не ти недостига Скопје, го провоцирам.

– Не, само не очекував дека ќе треба цел ден да се борам со

комарците. Одам јас малку внатре на компјутер, вели. – Зависник

си од интернет штом не можеш неколку денови да издржиш без

цивилизациските придобивки. Јас сум „понатурале“ од тебе, се

смеам и му намигнувам. Поминува половина час, а тој се враќа,

ме прегрнува и ми вика: Ајде станувај, одиме на плажа, здодевно

е да се лежи на трева цел ден, особено кога жена ти не ти дава

да ја гушкаш, оти сакала да чита книга... Сега тој го возвраќа

ударот. :) На момент ми прави да почувствувам вина дека сум

го запоставила, за веќе во следната секунда да се сетам дека

денеска е ДЕН ЗА НИШТО! Играта меѓу нас продолжува... Кој

кого љубовно ќе надмудри, за никогаш да не ни е здодевно

нели, додека денот си врви полека и мирно и без нашите

љубовни тахикардии. Стигнуваме на плажа. Зајдисонцето е

магично. Езерото е како тепсија што ги вшмукала сите човечки

грижи. Бескраен мир. Хоризонтот се смее со боите на злато.

Го прегрнувам и му велам – Со тебе можам цел живот да го

поминам правејќи НИШТО!

На „ти“ со

ЕВГЕНИЈА ТЕОДОСИЕВСКА:

Уметнички директор на ИФФК „Браќа Манаки“

ПРОСЕЧНОСТА

СТАНА МЕРКА

ЗА КВАЛИТЕТ

Градот Битола да биде симбол на

светлината во деновите додека трае

фестивалот „Браќа Манаки“

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Мотото на 37-то издание на Интернационалниот фестивал

на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 10 до

17 септември во Битола, е „Movie On – Feel the light, Feel Bitola“/„Почувствувај

ја светлината, почувствувај ја Битола“. Каква

филмска магија и светлина ќе ни откриете пред почетокот на

фестивалот?

ГТ: Ќе подигнеме енергија на тим кој е придвижен токму од

мотото на фестивалот – светлината како основен искон за

добивање на филмската слика, референтен фактор на саканата

визуелна гама на кинематограферот! А за Manaki dream team,

тоа ќе биде искрена желба градот Битола да биде симбол на

светлината, барем во деновите додека трае фестивалот! ИФФК

„Браќа Манаки“ е најстариот фестивал во светски рамки, но

ние во Македонија станавме народ кој традицијата ја претвори

во туристичка забава и ригидна атракција, а не во промоција

на културни и уметнички вредности, што со векови се таложеле

како благородна патина од генерација на генерација. Со

директорот Благоја Куновски ќе се обидеме да ја „наметнеме“

позитивната страна на фестивалот со квалитетна содржина, а

не со привидна и накитена форма. Ќе донесеме гости зад кои

стојат врвни уметнички достигнувања. Верувам дека публиката

ќе биде привлечена и од мастер класот на магот на дигиталната

визуелна стакато фраза Џон Сил. Со нетрпение ги очекуваме.

АЈ: Што ве мотивираше да ги прифатите предизвикот

и одговорноста да бидете уметнички директор на овој

престижен филмски фестивал?

ГТ: Предизвикот се создаде спонтано, а ако во нешто влегувам

со срце, тогаш очекувам резултати. Себеси се сметам за дел од

овој фестивал уште од минатиот век, од 1986 година, кога како

млада и не баш искусна новинарка прв пат бев испратена со

Фотографија: Жарко Чулиќ

екипа на МРТ да направам емисија за тогашните „Манакиеви

средби“. Зад мене се многубројни интервјуа и средби со оние

од кои учев за филмската уметност. Тогаш учев од колеги,

новинари и критичари, режисери, сниматели, чиишто текстови

и согледувања секојдневно ги читав и ги гледав на медиумите,

за разлика од сега, кога за филмот можете да прочитате само

во едно списание, во кое и не е баш веројатно дека ќе ви го

објават текстот или дека сте добредојдени, бидејќи многу

често тоа се случува на покана од уредникот. Зависи од тоа низ

која призма како личност, а не како познавач, ве детектираат.

Кога реалноста ќе ве „соочи“ со математичката прогресија

на регресијата на духот на оние со кои соработувате, а тоа,

признавам, со години сум го игнорирала и да, виновна сум по

таа точка, тогаш или сите ќе се освестиме и ќе ги направиме

неопходните промени или некои искрени и креативни

ангажмани ќе бидат засекогаш „покриени“ со просечноста.

Просечноста стана мерка за квалитет, за жал. Вие, Ана, многу

добро знаете дека оние што најдобро ги познаваат процесите

на реализација на кој било сегмент од културното живеење

во нашата земја, доцна добиваат шанса да ја покажат својата

компетентност.

АЈ: Филмот е огледало на светот. Тој не е само уметнички

производ туку има и силен социолошки импакт. Каква е

одговорноста на филмските пораки денес?

ГТ: Филмот е комплексна уметност, што во процесот на

консумирање создава неколку нивоа и творечки пластови, но

филмот секогаш не носи очигледна порака. Оваа уметност

е многу често тоа што сме ние. Ако еден филм ве навраќа на

вашите примарни инстинкти, тој само ве потсетува дека, и

покрај вашите принципи и морални норми, многу лесно можете

да бидете „плен“ на сопствената „измама“, на лицемерството

16

ВО МАКЕДОНИЈА СТАНАВМЕ НАРОД КОЈ ТРАДИЦИЈАТА ЈА

ПРЕТВОРИ ВО ТУРИСТИЧКА ЗАБАВА И РИГИДНА АТРАКЦИЈА, А

НЕ ВО ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ВРЕДНОСТИ,

ШТО СО ВЕКОВИ СЕ ТАЛОЖЕЛЕ КАКО БЛАГОРОДНА ПАТИНА

ОД ГЕНЕРАЦИЈА НА ГЕНЕРАЦИЈА.

со кое ги затскривате вашите, не баш најдобри карактерни

особини. Покрај целиот наш напор во многу животни ситуации

да постапиме праведно и одговорно, ние често постапуваме

човечки, што значи, можеме и да погрешиме и да повредиме

некого. И грешиме, често. Така и од филмот не треба секогаш

да очекуваме едукација, туку од филмот треба да очекуваме

најразлични сензации, толку различни колку што човечката

раса може да биде.

АЈ: Долго време сте селекторка на документарната програма

на ИФФК „Браќа Манаки“. Документирањето на стварноста е

како земање мостри на културата. Со какви култури и приказни

ќе се запознаеме годинава преку вашата селекција?

ГТ: Со актуелноста и со реалноста што не можеме да ја

пропуштаме лесно низ раце како битолската мека вода, туку

треба да ја „зграпчиме“ и да создадеме платформа за да можат

идните генерации достојно да се потсетуваат на нашата мисија.

Да се видат сите убави и грди страни на овој зовриен свет. Се

посветувам на децата од два света, на оној што знаеме дека

страда во налетите на водените жаришта и на оној што мислиме

дека не страда, а не е точно, на децата од западноевропскиот

консуматорски свет. Се посветувам и на работничките права

и различните начини на земање на судбината во свои раце во

две дијаметрално различни средини, ќе прикажеме и одредени

контроверзни приказни... да остане нешто и тајна, што велите?

СО ДОКУМЕНТАРИСТИКАТА СЕ ГЛЕДААТ СИТЕ УБАВИ И ГРДИ

СТРАНИ НА ОВОЈ ЗОВРИЕН СВЕТ.

АЈ: Често ја кажувам онаа позната мисла на Енди Ворхол –

„Купувањето е многу поамерикански од мислењето“. Филмот

не е конфекциски производ, но сè повеќе го трпи притисокот

на комерцијалното и профитот. Еден од притисоците на секој

уметник е потребата да се сретне со потребите на публиката.

Како ја наоѓате мерката при процесот на селекција што ќе ѝ се

прикаже на битолската публика?

ГТ: Бидејќи почнавте со Ворхол, јас само ќе се надоврзам.

Ворхол точно го прочитал безобѕирниот свет на индустријата

во американската средина. Затоа тој концептот на поп-артот

вешто го сместил во „излозите“ на модерната уметност. Ја

користам мојата мерка, што знам дека соодветствува со вкусот

на нашата фестивалска публика во Битола – најдоброто од

најновата документарна филмска продукција.Тоа не значи дека

„се лепам“ за наслови со многу награди, ако не му верувам на

прикажаното, но среќна сум кога ќе откријам вистински бисери

на документаризмот, што ми го затреперуваат срцето и ми го

запираат здивот.

ПОДВИЖНАТА ФИЛМСКА СЛИКА ИМА КЛУЧ ДА ОТВОРИ

И ДА ЗАТВОРИ МНОГУ ВРАТИ И СВЕТОВИ. ТАА СЛИКА Е

ВИРТУЕЛНИОТ БОГ, МИЛОСТИВ И ОДМАЗДОЉУБИВ ВО

ИСТОВРЕМЕ.

АЈ: Велите – „Прво во природата на човекот е да плаче, а после

да се радува“. Туѓите несреќи може брзо да ни станат блиски.

Преку нив дознаваме и за себеси. Документарниот филм ја

овозможува таа емотивна идентификација со судбината на

другите, но тенка е границата на кокетирањето со патетика

за да се изнуди емпатија и солзи. Како ја препознавате

манипулацијата на филмското платно?

ГТ: Многу лесно, веднаш го препознавам резот заради ефект,

траењето на кадарот заради емпатија или мултиплицирањето

на одредена емоција. Веднаш ги препознавам наметнатите

режисерски манипулации со ликот, протагонистот и со вас

интерактивно. Подвижната слика има клуч да отвори и да

затвори многу врати и светови. Таа слика е виртуелниот бог,

милостив и одмаздољубив во истовреме.

АЈ: Да, а документарниот филм е сведок на времето! Што ќе

остане запомнето од ова наше време-невреме?

ГТ: Покажаните силни емоции на документарните сведоштва,

нашите акции и мисии можеби мали, но важни во нашето маало,

нашето работно место, нашата околина, во нашата земја...

СОЗДАВАМЕ СВЕТ НА ЛАЖНИ „ИКОНИ“ И ФАЛСИФИКУВАЊЕ

НА СЕКОЈДНЕВИЕТО. РЕВИЗИЈАТА ЌЕ НИ ЈА НАПРАВАТ

ПРАВНУЦИТЕ.

АЈ: Се сеќавам на една ваша изјава во интервју, каде што

велите: „Дали си во Сарамзалино, во Скопје, Торонто или

Дамаск, центарот на светот си ти! Социјалните мрежи отидоа

премногу далеку во прикажувањето на реалноста во моментот“.

На овие теми зборувавте и на форумот во Атина, каде што

со вас на сцена беше и Дијана Ал Џераиди, директорката

на фестивалот од светски формат, „Докс бокс“ од Дамаск,

Сирија, и зборувавте за тоа што се случува кога актуелноста

ќе ја надзборува реалноста, со акцент на граѓанската војна

во Сирија, односно за видеовоајеризмот и видеоактивизмот.

Каде се преплетуваат документаристиката и денешната (зло)

употреба на новите медиуми и дигитални култури?

ГТ: Колку добро паметите, Ана. Тоа се случува во сите сфери

на живеењето. Субјективното надвладува, а не колективната

одговорност. Заради таа негрижа и несовесност создаваме

свет на лажни „икони“ и фалсификување на секојдневието.

Ревизијата ќе ни ја направат правнуците.

АЈ: Кои грдотии од светот би ги исекле со еден остар монтажен

рез?

ГТ: Алчноста, завидливоста, злонамерноста, насилството, сето

она што го поседува човековата природа, а со законите на

духовна цивилизација сме требале одамна да го отстраниме

како туѓо тело и да ја отфрлиме таа кожа од нас. Да ја воведеме

самокритиката како важна и корисна утринска лекција, секако

насамо сам со себе. (се смее) Да ја негуваме почитта на

различниот. Многу барам, ама ќе барам и понатаму.

АЈ: Каков е вашиот став за папочната врска меѓу политиката и

уметноста?

ГТ: Вековен, но можно раскинлив. Треба согласност и од едната

и од другата страна. Оваа врска е непотребен „загадувач“ на

чистата уметничка креација, главна причина за проширување

на озонската дупка во просторите на квалитетните културни

вредности.

ПАПОЧНАТА ВРСКА МЕЃУ КУЛТУРАТА И ПОЛИТИКАТА Е

„ЗАГАДУВАЧ“ НА ЧИСТАТА УМЕТНИЧКА КРЕАЦИЈА. ГЛАВНА

ПРИЧИНА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ОЗОНСКАТА ДУПКА ВО

ПРОСТОРИТЕ НА КВАЛИТЕТНИТЕ КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ.

АЈ: Жените киноматограферки во Индија и во Авганистан

се помалку платени од мажите. На една тркалезна маса што

ја правевте пред неколку години го кажавте примерот на

жената-снимател која му била придружник како камерман на

Мао Ѕедунг на неговите говори пред народот. Таа го сликала

народот наместо него, а тоа праќа добра порака за потребата

да се слушне гласот на граѓаните, а не само на водачите и

проповедниците. Што би додале на ова, Гена?

18

ГТ: Колку би сакала таа жена-кинематограферка да им одржала

барем еден час на нашите филмаџии (се смее). Лидерството е

преценето кај нас на Балканот. Индивидуализмот, пак, е многу

потценет. Мораме да го храниме со надеж и визија.

АЈ: Дали сметате дека кај нас преовладува женскиот

сензибилитет над машкиот? И кои жени-авторки би ги издвоиле

од македонскиот филмски свет?

ГТ: Жените се похрабри во изборот на темите во филмските

стории. Би ги издвоила сестрите Теона и Лабина Митевски,

Билјана Гарванлиева, Сузана Диневски, Елеонора Венинова,

Марија Џиџева, Петра Селишкар. Имам проблем со сите

режисери/режисерки и сценаристи/сценаристки, кои се

заглавени во историски филмски приказни. Проблемот ми е во

нивната неискрена намера да ми продадат патетика и некакво

самочувство.

АЈ: Вакуумот од културни содржини во медиумското море

е веројатно само еден од проблемите на регистарот. Како

долгогодишна новинарка во Македонската Радио Телевизија

и продуцентка, каков е вашиот впечаток за моменталната

состојба на медиумите, печатени и електронски, сеедно?

ГТ: Сив, меланхоличен. Ретки се уредниците кои размислуваат

за култура и уметност во своите програми. Некако товар им е,

не им е профитабилно. Многу често сум слушала дека треба

да се угледаме на ХРТ на РТС, па да се угледаме, ајде... Ајде

да направиме канал за култура и уметност. Па, драга Ана, ХРТ

го има долго, РТС почна и отвори специјален ТВ-канал само за

култура и уметност пред три години, се согласувам, ајде да ги

следиме.

АЈ: Со директорот на фестивалот, Благоја Куновски-Доре, на

трети јуни во Амстердам на свеченото отворање на големата

ретроспективна изложба „Мајстор на светлината“, посветена

на Роби Милер во „Eye Museum“, му ја предадовте наградата

„Златна камера 300“ на овој светски филмски мајстор на

светлината. Со какво искуство се вративте од Холандија?

ГТ: Чувствата ми беа измешани. Бевме тажни заради

здравствената состојба на Роби, но бевме среќни што бевме

присутни на таков величествен настан, по препорака и сугестија

на неговата сопруга Андреа, која е извонредна личност.

Голема поддршка добивме и од неговата долгогодишна

асистентка Клер Пијман, која е поканета и ќе биде во Битола.

Со почит бевме дочекани од домаќинот на оваа голема

светска ретроспектива, од целиот тим на чело со енергичната

директорка на престижниот Филмски музеј и Институт „ОКО“

(EYE), Сандра ден Хамер, која до пред неколку години беше

на чело на Филмскиот фестивал во Ротердам. Без воопшто

скромност ќе признам дека ги вџашивме претставниците на

пресот со претставувањето на наградата „Златна камера 300“

за животно дело, особено затоа што кутијата во која стоеше

наградата беше рачно изработена и се отвораше пополека

како цвет (дело на нашата Ема). Аплаузот и овациите беа

долготрајни. Беше видлива и возбудата кај Роби, и тоа за

мене се моменти што ќе ги паметам додека постојам, неговиот

посветен поглед прикован на лицето на Куновски, додека му

раскажува за деновите што Роби Милер ги поминал во Битола.

Би им ја препорачала оваа изложба на сите што летово до трети

септември ќе се згодат во Амстердам. На крајот од првото пано,

каде што стои неговата биографија, додадена е и наградата од

37-то фестивалско издание на „Браќа Манаки“. Тоа е веднаш

„допишано“ по отворањето. Колку професионално.

АЈ: Кои други имиња/гости од филмскиот свет се особено

значајни на ова 37-мо издание на ИФФК „Браќа Манаки“?

ГТ: Џон Сил, магичниот визуелен творец на најновиот „Луд

Макс– Патот на бесот“, „Англискиот пациент“, „Сведок“... А да

не говориме за екипата на филмот на отворање „Ослободување

на Скопје“, потоа драгите гости филмските уметници и творци

од Холандија, Турција, Германија, Велика Британија, Франција,

Италија, Ерменија, Грција, Романија, Словенија, Србија...

студентите кои се нашето свежо огледало на филмскиот занает,

новинарите и филмските критичари, домашни и странски, кои

годинава ќе бидат посебно почитувани. Да не откриваме сѐ! (се

смее)

ВО ФИЛМСКИ СТОП-КАДАР БИ ЈА ЗАРОБИЛА СЛИКАТА – ЈАС

И ЈОКО ОНО НА СКАЛИТЕ ПРЕД БРИТАНСКИОТ ПАВИЛЈОН НА

ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ ВО 1993 ГОДИНА.

АЈ: Која слика од вашиот живот би ја заробиле во филмски

стоп-кадар како еден вид пркос на минливоста на мигот?

ГТ: Јас и Јоко Оно на скалите пред Британскиот павилјон на

Венециското биенале во 1993 година.

АЈ: И за крај, во контекст на годинешното мото на фестивалот,

што им дава светлина или боја на вашите денови?

ГТ: Визијата дека културата и уметноста ќе нè поттикнат да

бидеме подобри и поразумни човечки суштества. Размислите

на мојот сопруг Златко, кој е редок интелектуалец, средбите

со моите внуци Илија, Марин, Кејс Илија, Нина, Дамјан, Стефан

и секако најмалото и најпалавото Лана. Времето поминато со

моите пријатели. Верната екипата на Манаки...Битола...

19

Wonder Womеn

Уметничка

експресија

Не една, туку четири жени се нашите wonder women за август. Сите четири се надежни, млади

уметници, кои усовршувајќи се во една или повеќе области во уметноста, го преточуваат својот

уметнички порив и инспирација во своите слики, инсталации и креации што го надополнуваат

нивниот уникатен печат и стил.

Фотографија: Горан HLVK Поповски

20

ИВАНА МОЈСОВСКА

СЛИКАР

„Внатрешните чувства се оние што ме водат до создавањето на мојот личен ракопис во уметноста.

Процесот на сликање за мене е големо чувство на ослободување што е непроценливо и ми нуди

можност да ја пренесам оваа дива енергија што ме води и ме прави мошне експресивна во работата.“

Позначајни изложби: Досега моите дела биле изложувани на групните изложби на студентите од

Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Сѐ уште не можам да се пофалам со самостојна изложба,

бидејќи сметам дека е можеби рано за да можам да ѝ ја пренесам мојата мисла на публиката токму

онака како што сакам јас. Изминатиов месец учествував на два фестивала, што за мене беше големо

искуство како млад уметник кој не се плаши во исто време да комуницира со публиката и воедно со

себеси.

МАРИЈА АНГЕЛОВСКА

КОНЦЕПТУАЛЕН МУЛТИМЕДИЈА УМЕТНИК

„Преку своите дела давам акцент на сегментите што го градат мојот идентитет, преведени во

различни форми на експресија, секогаш барајќи нови начини да излезам од својата комфорна зона.

Фокусирана сум на социополитичките проблеми со кои се соочувам на секојдневна база, како и

мојата општествена улога на жена во современ контекст.“

Позначајни изложби: групна изложба „Caulfield, Cauliflower, and other vegetables. (A Possible

Dialectics On The Politics Of Misunderstanding)“, Утрехт, Холандија, 2016; групна изложба „KABK

Graduation Festival“, Хаг, Холандија, 2015; групна изложба „Quote Me If I’m Wrong“, Хаг, Холандија

2015 година.

22

АНГЕЛА НАНЕВСКА

СТУДЕНТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ, СКОПЈЕ, ОДДЕЛ ВАЈАРСТВО

„Веројатно секој уметник има свој внатрешен порив, тоа е идејата за делото. Но, она што ме води

до крајот на процесот е должноста што ја чувствувам да го отсликам времето и местото во коешто

творам. Работите што сакам да ги кажам на мој начин и со мое значење се пренесени на тоа дело и

на некој начин тоа е мојата можност за промена на светот. Сепак, по секое дело светот се менува.“

Позначајни дела: Moon – женски лежечки акт во природна големина; медиумска култура – (редимејд)

– критика кон слободата на говорот и медиумите; Плоха – низа на стилизирани мали актови.

23

ЕМА НАУМОСКА

СТУДЕНТ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ, СКОПЈЕ, ОДДЕЛ ГРАФИКА

„Тоа што ме води кон создавање нови дела е мојот внатрешен порив за искажување на темната страна

на мојата психа, моите чувства и погледи за човековото постоење што е проткаено со мноштво

егзистенцијални дилеми.“

Позначајни изложби: Изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“, Солун, Грција

2015 година; учесник на изложбата „Between Land & Sky“, дел од проектот „Remembering the Past-

Building the Future“, во Солун, Грција, 2016 година; признание за најдобро изведено графичко

дело во периодот од 2015/16 година, доделено од Факултетот за ликовни уметности по повод 29

традиционална изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски-Гуте“.

24

ВЕ НАГРАДУВАME СО

Nina Ricci EDT 80ml. Тоалетна вода

Nina Ricci чанта

Nina Ricci несесер

Ја наградуваме вашата доверба и лојалност со вредни подароци од колекцијата Nina Ricci. Сѐ што треба да

направите е да аплицирате со испраќање на вашите лични податоци на contact@portretmag.com и со малку

среќа да бидете среќната добитничка на три Nina Ricci подароци – Nina Ricci EDT 80ml. Тоалетна вода,

чанта и несесер. Најсреќната добитничка ќе ја објавиме во следниот број на „Портрет“.

25

Галерија

БЕЛАТА ДАМА ВО СВЕТОТ НА МОДАТА

НИНА РИЧИ

Пишува: Џејлан Рустемоска

Префинети, романтични, женствени: трите епитети

со кои најчесто се опишуваат креациите на Нина

Ричи. Ја нарекуваат уште и „белата дама“ поради

препознатливиот имиџ: белата виткана коса, бисерните

ѓердани и бледиот тен. Таа е жената која високата мода ја

направи достапна за припадничките на париската буржоазија

во раниот дваесетти век. Нејзиниот демократски пристап

кон модата и фактот дека најверните клиентки се дел од

француската висока средна класа, а не од аристократијата

на светските метрополи се главната причина што, и покрај

нејзиното мајсторство и успехот на брендот, модните

критичари никогаш не ја подредиле во иста линија со

ривалите „Шанел“ и „Ланвин“. Денес, освен преку модните

колекции на дизајнерите кои ја продолжуваат визијата на

Нина Ричи, брендот живее и постојано се обновува преку

познатите линии на парфеми во неодоливи шишенца.

Марија Ниели се раѓа во 1883 година во Торино, а Нина е

прекарот од детството под кој ќе остане запаметена. Таа

е едно од петте деца на италијански чевлар кој одлучува

семејството и бизнисот да ги пресели во Монте Карло кога

Нина сѐ уште е дете. Неговата рана смрт ги принудува Нина

и мајка ѝ да се преселат во Париз. На четиринаесет години

таа наоѓа работа во шивачка работилница, а кратко подоцна

сосема случајно, возејќи се во автобус, го запознава Луиџи

Ричи, син на познат златар од Фиренца. Од почетокот ги

поврзуваат италијанските корени и смислата за естетика,

се раѓа љубов и набрзо стапуваат во брак. Но, како и татко

ѝ, и сопругот умира прерано, оставајќи ѝ ги во наследство

семејното име, Ричи, и нивниот единствен син Роберт, два

клучни елемента во кариерата на Нина Ричи, која тукушто не

почнала. Во 1908 година Нина наоѓа работа во модната куќа

„Рафин“. Иако се работи за една од просечните модни куќи

во Париз од тој период, сепак ќе се покаже како совршено

место, каде што таа ќе го испече својот занает и ќе го

надградува талентот во следните 24 години. Благодарение

на нејзината креативност и умешност во „Рафин“ добива

самостоен оддел со свои работилници, кројачи и клиентела

која ќе се препознае во нејзиниот стил, што претставува

совршена комбинација на грациозност и едноставност.

Еднакво посветена е и на својот син, кој од неа го наследува

неуморниот дух и смислата за претприемништво. По смртта

на сопственикот на „Рафин“, модната куќа се распаѓа.

Нина Ричи има 49 години и е подготвена да се повлече од

светот на модата, но токму Роберт е тој што ќе ја убеди да

се осмели да основа сопствена модна куќа во истиот тој

Париз што ѝ ги отвори вратите кога беше само девојче полно

26

соништа. Нина прифаќа единствено под услов Роберт, кој

е млад, остроумен и смел, да го води финансискиот дел

од бизнисот, препуштајќи ѝ ја нејзе креативната работа.

Во 1932 година во Париз заживува модното ателје на Нина

Ричи, во скромни размери, но на една од најпрометните

улици во градот. Уште од првото модно шоу двојката мајкасин,

единствена во светот на модата, доживува огромен

успех. Неговaта харизма и деловните способности им носат

нови инвеститори и бизнис-партнери, додека Нина Ричи

бавно, но сигурно од урнатините на „Рафин“ почнува да ја

гради својата империја. Се разликува од другите дизајнери

од тоа време. Нејзината главна цел е секое креирано парче

да има совршена линија и форма што природно се адаптира

на женското тело. Не користи цртежи, туку своите креации

ги изработува директно на моделите, користејќи внимателно

одбрани и квалитетни ткаенини. Ги облекува парижанките

како што и самата се облекува: дискретно и елегантно.

Благодарение на иновативниот дух и на енергијата, за десет

години брендот драматично расте, а бројот на вработени

преминува од 40 на 450. За Нина Ричи во Париз веќе знаат

сите, а како секој добар бизнисмен, Роберт чувствува дека

е време да се воведе свежина. Во еуфоричниот период на

промени што следува по завршувањето на Втората светска

војна, „Нина Ричи“ го лансира славниот парфем спакуван

во шишенце од рачно изработено стакло „Лалик“ во форма

на два гулаби кои симболизираат мир и љубов. Се вика „Лер

ду темпс“ и е комбинација од цветни тонови што одговара

на духот на времето, симбол за женственост, вечна младост

и љубов. Парфемот за кратко се наоѓа на истите полици со

„Шанел бр. 5“ и „Шалимар“ на Герлан, станувајќи еден од

култните класични парфеми на кои жените и денес сакаат

да мирисаат. Во 1954 година Нина Ричи се повлекува, а

ја наследува нејзиниот помлад асистент Жил Франсоа

Крахеј, Белгиецот кој со својата колекција „Крокус“ ѝ ја

носи на Нина Ричи долгопосакуваната интернационална

слава. По смртта на Нина Ричи во 1970 година, уште речиси

две децении нејзиниот син, потпирајќи се на работата на

успешните дизајнери преку новите колекции, ја продолжува

мисијата на неговата мајка, „шарајќи ја реалноста на жените

со боите на соништата“.

Линијата на успехот на одделот за мириси се движи по

нагорна линија низ годините и во периодот на активност,

од 1946 година до 2016 година, што всушност е годината на

лансирање на последната линија на „Нина Ричи“, нивното

богато портфолио брои 63 парфеми. Годинава продолжува

сагата за „Nina“ - модерна бајка за сите млади дами кои

се во потрага по изненадување и фантазија во свет во кој

соништата ја облекуваат реалноста. Парфем што ветува

романтицизам, маѓепсување и женственост. Во 2010 година

се појавува „Nina“ со поголема сензуалност, елеганција и

раскош, односно се појавува парфимираната вода „L'elixir“,

што ја крева линијата во луксузниот круг на заведување и

неодоливост. 2013-та е година во која нежната, женствена

страна на приказната е нагласена, уште посензуална,

мистериозна и слободна. Овој пат, двете различни девојки

го делат истото патување. Две сојузнички во потрагата

по женственост. Со среќавањето на нејзиното совршено

алтер его, „Nina“ доживува еволуција, од романтична

модерна принцеза во интензивна, мистериозна заводничка.

Се сретнува со независната, енигматична, провокативна

„Luna“. Карактеризирајќи ваква девојка, мирисот доживува

комплетно нова интерпретација и дава импресија на

кандиран вечен цвет. Комбинацијата на ноти варира во

спектарот на бурбон црна ванила апсолут, преку карамела,

есенција од сандалово дрво, до дива боровинка, лист на

цвет од портокал и бел цвет.

27

Ексцентрични модни

икони

Иако постојат многу жени со префинет вкус и беспрекорен моден израз, модни икони што едуцираат и инспирираат, сепак

некои од нив свесно или несвесно носат со себе и со тежината на своето име и презиме поголема одговорност. Тоа се жените

што ја менуваат модата од темел, уметници во секоја смисла на зборот, естети во секој аспект од животот. Сите нив ги

поврзува љубовта кон модата и нивниот животен стил. Тие не се задржуваат само на задоволување на естетските страсти,

тие својот печат го оставаат многу подлабоко од модните кругови.

Тилда Свинтон – Снежна модна кралица

Оваа актерка, оскаровка со андроген изглед, зад себе има

импозантно модно портфолио. Со својот необичен изглед, дел

е од најразлични модни кампањи и заштитно лице на модни

гиганти како „Шанел“, „Нарс“ и сл. Со впечатливи сини очи,

кратката коса со ледени нијанси и со своето држење и став,

буквално секое модно парче ѝ стои шик и зрачи со елеганција

и достоинство.

„Да бидам искрена, не знам ни дали ја сакам модата. Секогаш

одбирам облека што ми го привлекува вниманието на прв

поглед. Можеби е инстинкт, а можеби само немам нерви“, се

шегува Тилда, која низ декадите прерасна во сестран уметник и

вистинска модна инспирација.

Ана Пјаџи – Модата е забава на која сите се поканети

Ана Пјаџи остави длабока трага во европската мода. Како

уредник и соработник на многу модни магазини, таа го остави

својот артистичен печат во модната индустрија. Најистакната

е нејзината долгогодишна соработка со „Вог“ Италија, за

кој има сработено преку 6.500 страници едиторијали и има

внесено многу маркетинг-трикови и иновации, како двојната

корица, ПР-текстови и сл.

„За мене модата е момент, експресија... Хумор, шеги и игра.

Јас поставувам свои правила, никогаш не станува збор за пари,

секогаш се работи за стил и моќ. Таква сум површна, но мојата

позитивна енергија е заразна“, вели оваа колекционерка, која

има преку 2.500 парчиња облека.

28

Галерија

Ирис Апфел – Ретката модна птица

Оваа 94-годишна модна икона не престанува да го воодушевува

модниот свет со своите несекојдневни ексцентрични модни

комбинации, но и со својата позитивна енергија и виталност.

Таа и нејзиниот сопруг Карл Апфел повеќе од 50 години се

творци на успешна бизнис-приказна, како сопственици на

една од најуспешните компании за текстил во Америка. Таа

за својот моден стил вели дека применува една едноставна

формула, не следи трендови, туку традиција, и дека низ

годините тој само се надградувал, но основата му е иста:

„Никогаш не давам повеќе од 700 долари за чанта и од 25

долари за фармерки од едноставна причина што не вредат

повеќе“, вели оваа „fashion granny“, чијшто заштитен знак

се големите очила во различни бои. Нејзин став е дека

сите ограничувања во модата произлегуваат од женската

несигурност: „Секоја жена што не поседува природна убавина

треба да знае како да се истакне и во секоја пригода да

изгледа атрактивно. Стилот не се купува со пари, тоа е нешто

што го поседуваш или не и се однесуваш инстинктивно. Јас сум

голем противник на пластични операции и вештачки помагала

за убавина. Јас наоѓам убавина во секоја фаза од животот и

сметам дека стареењето не е за страшливци“.

Вивиен Вествуд – Панкерката со огнена коса

Вивиен Вествуд, најексцентричната дама на британската

модна сцена, е една од најзаслужните за создавање на панкмодата

во седумдесеттите години. Таа со својата најголема

љубов и креативен партнер Малколм Мекларен создаваат

револуционерни колекции инспирирани од моторџии,

проститутки и различни фетиши, што веднаш паѓаат во очи на

модните фанатици. Кога Малколм станува менаџер на светски

познатиот бенд „Секс пистолс“, тие почнуваат да ги носат

нивните модели на настапи и турнеи и нивниот труд набргу

станува познат низ цела Британија и пошироко. Сите нејзини

колекции ја испраќаат истата порака, дека таа е оригинална и

ексцентрична модна икона, револуционерка, што не се плаши

да ризикува и да диктира модни трендови.

„Модата во секој облик има иста цел, а тоа е да ја прави

секоја жена прекрасна. Таа треба да се користи како оружје,

во изразувањето на личниот печат и на сопствениот став.

Нашата професија носи голема одговорност, но и уживање

дека испраќаме порака за подобар свет. Еве, моментално

е неопходно да го актуализираме прашањето за спас на

светските шуми“, вели Вивиен, жената со огнена коса, чиишто

ревии постојано испраќаат некој политички или општествено

одговорен став.

КРИСТИНА ГОРОВСКА

не се плашам

Пишува: Тања Тодоровска

Фотографија: Жарко Чулиќ

Стилист: Бојана Максимовска

Гардероба: LUDUS

Шминка: Јована Коциќ

30

Инспирација

31

Во желбата да се биде поинаков, различен и уникатен, многумина го одбираат полесниот пат и

наместо издвојување од толпата, се решаваат да ја следат актуелната тенденција. Плагијаризам

наспрема оригиналност, стереотипизација наспрема отворен ум, тивок глас или молк наместо силен,

бунтовен глас за промена... Но, кога на ваквиот стремеж му пркоси поинакво струење невозможно

е тоа да остане незабележано. Ваквата контрапропаганда е отелотворена во Кристина Горовска,

вокал во групата „Бернајс пропаганда“, која освен по својот музички печат, препознатлива е и по

својот социјален ангажман, феминистичката перспектива и гласните ставови.

Едвард Бернајс, по кого вашиот бенд го носи името, е основач на дисциплината односи со јавност, а

неговото најпознато дело „Пропаганда“ (1928) се занимава со манипулацијата на јавното мислење

како дел од демократијата. До каде сме со ваквата пропаганда по речиси 90 години од нејзиното

втемелување во општеството?

Меѓу првите успешни експерименти на колективна манипулација што Едвард Бернајс ги испроба е

да ги убеди жените кон крајот на дваесеттите години на минатиот век дека тенките цигари „слимс“

се симбол на женственост и слобода. Апсурдот отиде толку далеку што лекарите и научниците се

потпишаа и зад заблудата дека никотинот е здрав. Тоа е совршена илустрација за суштината на

секоја пропаганда: колективно прифатената лага станува вистина. Денес, по речиси еден век од

јавното лансирање на овие лаги, се разбира не веруваме дека слимс-цигарите ќе ги ослободат жените

или дека се здрави, а сепак останавме да го практикуваме стереотипот и сѐ уште од необјасниви

причини веруваме дека тенката форма е иманентно женска. Ако го аплицираме истиот принцип врз

митот за женската убавина, повторно од необјасниви причини, веруваме дека совршената жена е

50 килограми „слимс“ и се поврзува само со козметика, декор и екстериорен дизајн, наместо со, на

пример, мудрост. Пред три години во една песна напишав: Убави се само оние што се слободни...

денес ми се чини поточна дефиницијата: Убави можат да бидат само оние што се добри. Како

да имаме некој вроден дефект да веруваме во митови, што нѐ прави лесна мета за секој облик на

пропаганда што ја искористува амбивалентноста на нашите чувства. Кога сме среќни ни продаваат

парфем за да прославиме, кога сме несреќни ни продаваат политичка кампања за да се спасиме.

Купивме сѐ освен вистината што не звучи секогаш привлечно. Не звучи атрактивно фактот дека сѐ

уште постојат луѓе во оваа земја кои 20 години не биле на одмор. Најголемиот пораз ми се чини не е

кога нѐ лажат – туку кога пропагандата метастазира однатре – кога се лажеме себеси.

Како да имаме некој вроден дефект да веруваме во митови, што нѐ прави

лесна мета за секој облик на пропаганда што ја искористува амбивалентноста

на нашите чувства. Кога сме среќни ни продаваат парфем за да прославиме,

кога сме несреќни ни продаваат политичка кампања за да се спасиме. Купивме

сѐ освен вистината што не звучи секогаш привлечно.

Против ваквата пропаганда се борите од 2007 година. Составот се менуваше, а со него и

музичкиот стил. Веќе не сте оној њу вејв/постпанк диско-бенд, како што и самите се опишувавте

на почетоците на „Бернајс пропаганда“... Во кој дух, во каков ритам продолжувате да ја водите

вашата контрапропаганда?

Музичките жанрови се како сообраќајни знаци и ја олеснуваат комуникацијата, но се проблематични

поради тоа што се еднодимензионални и забораваат дека музиката ја создаваат луѓе, а луѓето се

слоевити, емотивни и повеќедимензионални суштества. Особини што ги прават и непредвидливи.

Не можам да предвидам во кои „реки“ ќе пливаме сонично, но знам дека сѐ уште ни е поважно да

32

Инспирација

33

34

Инспирација

35

раскажеме што нѐ радува или што нè мачи, од тоа дали ќе припаѓаме на некое музичко стадо. Во

несовршена земја како Македонија е некултурно да се продава совршенство, па не се ни обидуваме

да го правиме тоа. Не сме ниту најубави, ниту највиртуозни, само имаме капацитет за она што

Германците го нарекоа weltschmerz… да не бидеме слепи при очи. Тоа е посебен талент.

Но, колку и да се менува членството, ритамот и стилот, она што е непроменето од почетоците се

острите стихови, насочената критика, бунтот и константната социјална ангажираност... Токму

последниот, четврти студиски албум го носи името „Политика“, а како што кажавте за него во едно

претходно интервју, тој говори за отуѓувањето на привилегијата сами да одлучуваме во моментот

кога ја препуштивме политиката на „професионалците“... има ли rewind копче за ваквата ситуација?

Кои пораки ги опфаќа албумот?

Кога бевме деца, многу прецизно знаевме да направиме дистинкција меѓу добрите и лошите

карактери од сказните што ни ги раскажуваа. Некаде при растењето, го изгубивме компасот.

Бараме цвеќе каде што не расте – во пустина, ги бараме добрите таму каде што не преживуваат

– во политиката. Забораваме дека демократијата секогаш на трон го става медиокритетскиот вкус

и почива врз еден принцип: тиранија на мнозинството, а мнозинството има по default сомнителен

вкус, почнувајќи од доминантниот избор на лидери до најпопуларниот избор на музика или филм.

Знаеме бизарни информации од типот каков шампон користи Ким Кардашијан, а не знаеме која е

Хана Арент или не знаеме зошто пет дена од неделата работиме работа во која не уживаме. Не знам

како успеавме да станеме жртви на „модата“, чијашто главна колекција пролет/лето/есен/зима се

вика: „Не мисли! Друг ќе мисли за тебе“. И иако сите гориме од желба да бидеме малцинство – да

бидеме уникатни и различни – сепак го избираме полесниот пат да се амалгамираме во мнозинството

и да им ја препуштиме храброста на суперхероите, а мислењето на „професионалците“ научници,

политичари, таканаречени експерти за секој милиметар од нашиот живот. Кој би можел да знае што

е најдобро за нас од самите нас? Тоа е генералната порака на албумот. Одговорот го одбира секој

според својот апетит за добар живот.

Не сум приврзаник на заблудата дека македонскиот јазик е груб и тешко се

припитомува во добра песна. Тоа ми звучи повеќе како алиби на неталентирани

поети и текстописци.

Вашиот препознатлив вокал изнесува моќни пораки, песни чијашто лирика и интерпретација

неретко потсетуваат на рецитирање поезија. Отсликувањето на текстовите што најчесто се

напишани од вас го оставаат со мисла, но и со мачнина внимателниот слушател. Колку вашите идеи

како авторка, се поклопуваат со идеите што сакате да ги пренесете и како бенд?

Кога ги пишувам текстовите имам слобода да го обелоденам она што ми лежи на срце, така што во

тој момент моите идеи стануваат идеи на бендот. Не постои шизофреничен однос меѓу нив. Еден од

моите омилени режисери вели: Кога си млад се занимаваш со социјални проблеми, кога ќе почнеш

да старееш сфаќаш дека социјалните проблеми се само ехо на личните проблеми и тогаш почнуваш

да ја повнатрешнуваш и да ја опишуваш борбата во себе. Таму почнува сѐ. Нашиот последен албум

е резултат на тие лични борби.

Поголемиот дел од песните на „Бернајс пропаганда“ се на македонски јазик. Дали сметате дека

пораките најдобро се пренесуваат на мајчиниот јазик, на локалната македонска публика на која

ѝ се обраќате? Воедно, успевате ли потоа кириличната порака автентично да ја пренесете до

публиката во европските градови и земји во кои одите на турнеја?

Првите слушатели со кои доаѓаме во контакт се луѓето од овој град или од оваа земја и во таа

смисла логично е да им се обраќаме на јазикот што тие го разбираат најдобро. Не сум приврзаник

на заблудата дека македонскиот јазик е груб и тешко се припитомува во добра песна. Тоа ми звучи

36

повеќе како алиби на неталентирани поети и текстописци. Во една работа сум сигурна, на светот

не му недостига уште еден плагијаторски бенд кој пее на лош искривоколчен англиски. Од нашето

искуство на свирење речиси низ сите европски земји, знам дека луѓето ги радува автентичност дури

и кога не ја разбираат целосно од „А до Ш“. Музиката не пренесува само зборови, пренесува чувства

што се универзални, без пасош, пол, националност... Ќе те насмеат, расплачат или, во најлош случај,

ќе те остават рамнодушен/на.

Се јавувате како авторка, но и како актерка во словенечката претстава „Škrip Inc.“ на режисерката

Јелена Русјан. Претставата зборува за тоа „како да кажете кои се вашите стравови без да се

плашите дека ќе изгубите што било“. И – откривте ли како се стига до вакво лично ослободување?

Претставата зборува за тоа како живееме опкружени со масовно произведени објекти, но и масовно

произведени луѓе. Секој граѓанин е производ на својата земја која се обидува да го брендира и

да го унифицира со одредена матрица на живеење, од која тешко бегаме. Во таа смисла, Made in

Germany функционира како знак за квалитет, а Мade in China како знак за неквалитет. Што значи

кога етикетата Made in Macedonia ќе ја аплицираш и на луѓе? Какви луѓе произведува оваа земја? Од

многу нивни стравови, успеав да се ослободам.

Музиката не пренесува само зборови, пренесува чувства што се универзални,

без пасош, пол, националност... Ќе те насмеат, расплачат или, во најлош

случај, ќе те остават рамнодушен/на.

Нѐ радува веста за новото студио за потребите на бендот во Старата скопска чаршија. Како го

замислувате просторот, поточно каква ќе биде неговата функционалност и дали ова е просторот

што му недостигаше на бендот за уште попосветено создавање музика, за проби, свирки, дружења

со фановите?...

На покана на Архитектонскиот факултет бев гостинка на предавање, каде што симулиравме

ситуација во која јас глумам дека сум клиент, а студентите треба да изработат архитектонски план

и макета за музичкото студио од моите соништа. Генијална идеја на професорите од тој факултет

со која на студентите, т.е. идните архитекти им даваат шанса не само теоретски да го замислуваат

потенцијалниот муштерија туку и практично имаат можност да комуницираат со него. Еден од

потенцијалните „клиенти“ бев и јас. Студентите брилираа во задачата и изработија петнаесетина

макети за совршен простор за вежбање со идеална акустика, простор за одмор, библиотека,

градина, зеленило, цвеќиња. Рај! Еден убав ден можеби и ќе го изградиме. :)

Почетокот на годината за „Бернајс пропаганда“ значеше и три одлични, распродадени концерти

во МКЦ, голема европска турнеја, па многубројни гостувања низ републиката. По кој пат ги

продолжувате чекорите и идните планови на бендот?

Следната година е важна за нас поради тоа што ќе заокружиме една деценија постоење со издавање

плоча во Бразил и Канада, јубилеен концерт во Скопје, документарец, монографија... И по десет

години, ме радува тоа што доживуваме рестарт пред секој албум, сѐ уште нѐ држи почетничката

страст за создавање нови песни. Луѓе би убиле да го вратат тоа чувство. Прв месец вљубување... :)

Кристина, по професија сте професор по филозофија, но и социјално-ангажирана уметница

и феминистка. Вие сте авторка, музичарка, актерка, пишувавте колумни за дневни весници и

списанија... Добивам впечаток дека гласот кој не се плаши да зборува ќе си го најде својот пат,

својот медиум низ кој ќе ја пренесе пораката. Конечно, која е вашата порака, кој отпечаток сакате

да го оставите со своето создавање и дејствување?

Едноставно е... Никој не ме поседува, затоа не се плашам да зборувам.

37

Моја борба

Бојан Чунде

ХЕМОФИЛИЈАТА

Е КАКО СЕНКА

ОД КОЈА НЕ

МОЖЕШ ДА

ИЗБЕГАШ

Пишува: Тања Тодоровска

Хемофилијата е состојба што подразбира проблем на

крвавење, при која лицата-хемофиличари крвават подолго

од другите лица, што се јавува како резултат на недоволен

фактор на коагулација во нивната крв. Станува збор за ретка,

најчесто наследна состојба, а со неа се справуваат повеќе

од 300 лица во Македонија. Бојан Чунде, за хемофилијата

со која и самиот се соочува вели дека е како верна сенка

од која не можеш да избегаш. Сепак, ваквата состојба не

фрла сенка и на неговиот живот – неговата позитивна мисла,

упорноста, истрајноста, како и несебичната поддршка од

најблиските се оние нешта што го водат во секојдневното

надминување на неговата, лична борба.

Со спомнувањето на зборот хемофилија многумина веднаш

погрешно го поврзуваат со опасност од искрвавување и при

најмала повреда и веруваат дека лицата кои се соочуваат со

оваа состојба живеат под таканаречено стаклено ѕвоно. Би

сакала од почеток да ги урнеме ваквите неточни верувања...

Што претставува хемофилијата, колку типови хемофилија

постојат, како настанува?

Хемофилијата не може да се пренесе како настинка или

грип, бидејќи најчесто е генски наследна или настанува

со генска мутација. Ако се повреди, хемофиличар нема

да крвави побрзо, туку подолго од вообичаеното, поради

слабиот фактор на коагулација на протеинот одговорен за

згрутчување на крвта. Хемофилијата е ретка состојба и се

јавува кај 1 од 10.000 луѓе и се карактеризира со подолги

надворешни и внатрешни крвавења. Хемофилијата ја

пренесуваат женските деца (носителки), а се манифестира

кај машките деца. Има два типа хемофилија, хемофилија А

или недостиг на фактор 8, и хемофилија Б или недостиг на

фактор 9. Хемофилија А се смета за потешка состојба од

хемофилија Б, а секој тип има тешка, средна и лесна форма.

Неинформираноста на луѓето за нашиот проблем често ги

доведува во заблуда, па веруваат дека хемофиличарите

умираат и од еден обичен убод од игла, што е целосно

неточно, бидејќи факторот за коагулација се прима венски

преку игла.

Хемофиличарите живеат нормално како и сите други луѓе

доколку при секоја повреда навремено аплицираат фактор

за коагулација, сѐ со цел побрзо да заврши крвавењето и да

не предизвика некој посериозен проблем. Со современите

лекови што се користат денес, хемофиличарите, како и сите

други луѓе, можат да пешачат, да планинарат, да пливаат,

да спортуваат (се разбира, не екстремни спортови) или, со

други зборови, да живеат нормален живот. Во денешно

време, просечниот живот на хемофиличарите е 73 години,

факт што доволно говори за оваа состојба.

38

Фотографија: Жарко Чулиќ

Бидејќи состојбата е (најчесто) вродена, вашите родители

се првите кои ја спознаваат кај вас, а дури подоцна со

растењето и вие. Какви се вашите сеќавања од детството,

поточно оние сеќавања што се поврзуваат со состојбата –

паметите ли можеби зголемено внимавање на вас, забрани

како би се спречиле повреди, зголемен надзор или слично?

Бидејќи хемофилијата е наследна, моите родители биле

свесни дека можеби јас ќе бидам следниот хемофиличар во

фамилијата. Се разбира дека не им било лесно да се соочат

со фактот дека сепак имаат син-хемофиличар во време кога

хемофилијата се третираше со примитивни лекови.

РОДИТЕЛИТЕ ОД ПОЧЕТОК МЕ НАСОЧУВАА ДА НЕ ЈА

КРИЈАМ МОЈАТА СОСТОЈБА, ДЕКА ХЕМОФИЛИЈАТА НЕ Е

НЕШТО ОД КОЕ ТРЕБА ДА СЕ СРАМАМ. ТОА Е НЕШТО ШТО

Е МОЖЕШ ДА ГО СКРИЕШ, ЗА МЕНЕ ТОА ПРЕТСТАВУВА

ДЕЛ ОД ЛИЧНИОТ ИДЕНТИТЕТ. ЕДНОСТАВНО, ТОА Е КАКО

СЕНКА ОД КОЈА НЕ МОЖЕШ ДА ИЗБЕГАШ, ЦЕЛО ВРЕМЕ Е

ТУКА НЕКАДЕ ОКОЛУ ТЕБЕ.

Од раното детство се сеќавам на извици како: Бојан,

внимавај да не паднеш, внимавај да не се повредиш, немој да

скокаш од високо и слично. На почетокот, тоа ми изгледаше

нормално. Почнав да чувствувам дека сите сетила на моите

блиски се насочени кон мене дури по раѓањето на мојот

брат. Тој нема хемофилија и неговите повреди поминуваа

незабележано, за разлика од мене. Кога ќе се повредеше

брат ми, не го носеа в болница да прима лекови, го бакнуваа

за побрзо да закрепне (хахаха). Сето тоа ми беше малку

збунувачко, се прашував зошто сите цело време се околу

мене? Како да имав лично обезбедување 24/7. (хахаха)

Се сеќавам дека пред да почнам да одам на училиште имав

долг разговор со моите родители, при што ми објаснија за

мојата состојба. Се сеќавам дека почнав да плачам и прашав

кога ќе оздравам? Тоа беше потешкиот дел од разговорот за

моите родители, да ми објаснат дека нема да се случи тоа,

но дека ќе живеам нормално како и сите други. Родителите

од почеток ме насочуваа да не ја кријам мојата состојба,

дека хемофилијата не е нешто од кое треба да се срамам.

Така што, моите другари од улица и од училиштето, луѓето

кои ме опкружуваат од почеток знаат за мојата состојба. Тоа

е нешто што не можеш да го скриеш, за мене тоа претставува

дел од личниот идентитет. Едноставно, тоа е како сенка од

која не можеш да избегаш, цело време е тука некаде околу

тебе.

Бидејќи хемофилијата е неизлечива состојба, неопходно

е редовно и дисциплинирано лекување. Дали лековите се

лесно достапни, не предизвикуваат тешкотии при нивното

земање и се лесни за употреба...

Хемофилијата сама со себе носи еден момент, а тоа е

навремено аплицирање на факторот за коагулација. Тоа е

најважниот момент. Колку порано се аплицира лекот, толку

побрзо ќе се санира крвавечката епизода. Затоа, во домот

на секој хемофиличар примарно место во фрижидерот

зазема одредено количество на факторот за коагулација, со

единствена цел за навремено аплицирање.

До пред 15-тина години хемофиличарите се третираа со

позастарени методи, крио-преципитат за хемофилија А и

крвна плазма за хемофилија Б. Овој начин на третирање е

долготраен и мачен и подразбира останување во болница и

39

по неколку денови. За разлика од него, факторот

за коагулација може да се аплицира и во домашни

услови, побрзо ги запира крвавечките епизоди

и е лесен за употреба, т.е. поголемиот дел на

хемофиличари се обучени за самоапликација во

домашни услови.

Член сум на Здружението на хемофиличари и други

коагулопати – „Хемолог“, чијашто цел е подобар

третман за хемофиличарите во Македонија,

подигање на свеста на граѓаните за хемофилијата

за полесна социјализација на хемофиличарите

во општеството, за што повеќе луѓе да слушнат

и да се информираат за хемофилијата и повеќе

хемофиличари да се охрабрат и јавно да проговорат

за својот проблем, затоа што ние не ја избравме

хемофилијата, таа нè избира нас.

Во Македонија во последните 15 години се

забележува голем напредок во третманот на

хемофиличарите, т.е. од примитивен третман денес

можеме да се пофалиме со третман со фактор

за коагулација во домашни услови, со хируршки

интервенции кај хемофиличари, односно замена

на оштетени зглобови (колено, глужд, лакот) од

неправилен третман со вештачки протези, сѐ со цел

нормално функционирање на хемофиличарите во

секојдневниот живот.

Освен со хемофилијата, по една несреќна повреда

на ’рбетниот столб, се соочивте и со параплегија,

односно парализираност на долниот дел од телото.

Дијагнозите тогаш не беа воопшто оптимистички,

постоеше опасност од доживотна неподвижност,

што по долги години лекување речиси комплетно

ја надминавте. Раскажете ни нешто повеќе

околу целиот процес на лекување, терапија и

надминување на состојбата. Што ве водеше напред

во сето време и ви даваше неисцрпна сила за

надминување на секоја пречка?

Во пубертет понекогаш се прашував зошто токму јас

мораше да се родам со хемофилија, како би било

ако ја нема? Се прашував со што ја заслужив оваа

„казна“? Како и секој тинејџер во тој бурен период,

во периодот на созревање и формирање на личноста

имав многу дилеми. Така, на 20-годишна возраст ми

се случи нешто што го сметам за животна лекција,

нешто што ми даде одговор на сите прашања и

сфатив дека од лошото има и полошо и најлошо

и дека наше е да ја прифатиме состојбата каква

што е, за полесно да се соочиме со проблемите.

Така, пред десет години, при еден неумислен скок

во вода, имав тешка повреда на ’рбетниот столб

што предизвика целосна параплегија. Тогаш, на

20 години требаше да се соочам со фактот дека ќе

останам доживотно врзан за инвалидска количка.

Не ми беше прифатливо дека ќе бидам неподвижен,

дека треба да научам да се движам со количка и да

го сменам целиот начин на живот. Во тие моменти

сфатив дека хемофилијата всушност и не е голем

проблем или пречка во мојот живот, затоа што

40

Моја борба

всушност не ме попречуваше во ништо.

Неколку месеци бев врзан за инвалидска количка, се

чувствував бескорисно, бев депресивен, целото семејство

беше во непрекинат ангажман околу мене, едноставно

дежураа. Чувствував дека покрај мојот живот го уништувам

и животот на родителите и брат ми. Сето тоа ми даде желба

да пробам да се оспособам и да се движам барем за да

можам да си ги извршувам основните животни функции.

Иако прогнозите дека некогаш ќе застанам на нозе беа 0%,

решив да почнам физикална терапија. По неколку месеци,

со асистенција на терапевтот, татко ми и брат ми, пробав

да застанам на нозе. Можам да кажам дека всушност и не

застанав, туку ме држеа тројцата околу мене, но моментот

кога пак бев во вертикална положба и ја почувствував

површината под моите нозе во мене даде надеж дека сепак

ќе има некој напредок. По неколку месеци интензивна

физикална терапија успеав да направам четири чекори. Од

ден на ден бројот на чекори се зголемуваше, а се намалуваше

бројот на луѓе кои ми помагаат, станаа двајца, па еден, сѐ

до моментот кога еден ден не решив сам да се вратам од

тоалетот во дневната соба. Не знам од каде ја собрав таа

храброст и сила. Тоа уште повеќе ми даде верба во себе,

почнав да се чувствувам храбро, силно. За извесно време

ми се врати моториката на долните екстремитети, па потоа

почна да се враќа и сензибилитетот. По подолго користење,

патериците ги заменив со бастун, за да се ослободам на

крајот и од него.

ВЕРУВАМ ДЕКА СЀ СЕ СЛУЧУВА СО ПРИЧИНА. ИМА

ВИСТИНА ВО НАРОДНАТА: СЕКОЕ ЛОШО ЗА ДОБРО Е!

ДЕНЕС ПОИНАКУ ГО ГЛЕДАМ ЖИВОТОТ, СРЕЌЕН СУМ,

СЕ ЧУВСТВУВАМ УБАВО ВО МОЈАТА КОЖА И ПОКРАЈ

ИНВАЛИДИТЕТОТ И ХЕМОФИЛИЈАТА – МОЈАТА ВЕРНА

СЕНКА ВО ЖИВОТОТ. МОЖЕБИ ТИЕ СЕ МОЈА АМАЈЛИЈА.

По седум години интензивна физикална терапија,

ортопедски корекции на екстремитетите и слично,

дијагнозата параплегија се смени со пареза. Бидејќи го

достигнав максимумот од закрепнувањето со физикална

терапија, по консултација со лекарката од Центарот за

хемофилија, физијатар и физиотерапевт, решив да почнам

со активно вежбање фитнес. Резултатите беа подобри

од очекуваното, со зајакнувањето и дефинирањето на

мускулатурата се намали товарот на зглобовите, а со

тоа заборавив на крвавечките епизоди во зглобовите.

Веќе три години како немам ни лесна крвавечка епизода.

Депресивните моменти веќе беа минато. Во мене се појави

нешто што го нарекувам „позитивен инает“, нешто што ме

тераше цело време да напредувам, да не запирам. Сфатив

дека имам еден живот и дека треба да го изживеам сето она

што ми се дава. Така, денес водам активен живот, можеби

поактивен од порано. Дури можам да кажам дека денот ми е

краток за да ги завршам сите обврски што ги имам.

Верувам дека сѐ се случува со причина. Има вистина во

народната: секое лошо за добро е! Денес поинаку го гледам

животот, среќен сум, се чувствувам убаво во мојата кожа и

покрај инвалидитетот и хемофилијата – мојата верна сенка

во животот. Можеби тие се моја амајлија.

Знаете како велат, тешко е кога човек сам треба да се

справува со животните борби. Во тешките мигови секогаш

се потпираме на оние најблиските кои се тука да нѐ потсетат

дека сѐ ќе мине, дека сѐ ќе биде во ред. Кај кои луѓе вие

секогаш наоѓате разбирање, поддршка и безрезервна помош?

Родителите, брат ми, тоа се луѓето од кои имам безрезервна

поддршка, помош, разбирање. Тоа се луѓето без кои не би се

изградил како комплетна личност, луѓето благодарение на

кои немам комплекси, срам, несигурност и страв. Луѓето кои

цело време ми покажуваат колку вредам.

Се разбира дека покрај мама, тато и бато тука се и моите

другари, другарки. Тие се луѓето со кои растев, се развивав,

заедно се формиравме како личности. Тие во ниту еден

момент не дозволија да се почувствувам поразличен од нив.

Тие се луѓето кои ме научија проблемите да ги сметам за

шеги, луѓето кои ми направија брчки од смеење, бидејќи ме

смеат и во моменти кога би заплакал.

ВО МЕНЕ СЕ ПОЈАВИ НЕШТО ШТО ГО НАРЕКУВАМ

„ПОЗИТИВЕН ИНАЕТ“, НЕШТО ШТО МЕ ТЕРАШЕ ЦЕЛО

ВРЕМЕ ДА НАПРЕДУВАМ, ДА НЕ ЗАПИРАМ. СФАТИВ ДЕКА

ИМАМ ЕДЕН ЖИВОТ И ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ИЗЖИВЕАМ

СЕТО ОНА ШТО МИ СЕ ДАВА.

Тука има и една личност која сама избра да биде дел од

мојата приказна. Таа личност ме прави да се чувствувам

самоуверено, исполнето, сакано. Таа ме познава подобро од

себеси, личноста на која ѝ е поважно да сум среќен наместо

таа. Таа е девојчето од училишната клупа зад мене, девојчето

кое сега е жена... жената на мојот живот, жената со која пет

години брак ни поминаа како пет дена, жената за која еден

живот е премногу краток за да ѝ го посветам.

Денес, може да се забележи дека живеете исполнет, среќен

живот, без никакво негативно влијание од состојбата што

ја имате. Вашата приказна и вашиот став кон животот

се несомнено инспиративни што би им помогнало на

лицата кои се соочуваат со хемофилија, како и на нивните

семејства. Што би им порачале како совет, како порака

особено на оние што се на почетокот на изодувањето на

животниот пат, придружен со хемофилијата?

Животот е премногу краток за да размислувате зошто

хемофилија, зошто токму јас. Аплицирајте си фактор,

направете го тоа што треба за вашето здравје и трчајте за

да стигнете да изживеете сè. Ако не е хемофилија, ќе биде

нешто друго, некој поинаков проблем. Не може да биде

сѐ совршено, бидејќи така би било здодевно. Задржете го

младиот дух во вас, оставете и нешто детско во вас, нешто

што ќе ви го храни организмот и ќе ве подмладува. Не

заборавајте ги лошите моменти од животот, така повеќе ќе

ги цените убавите.

Доколку имате лична борба што сакате да ја споделите со нас и нашите читатели, контактирајте нѐ на contact@portretmag.com.

41

ON CANVAS

Фотографија: Жарко Чулиќ

Стилист: Ана Коцевска

Модел: Александра Бошнакоска, „Подиум“

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

42

MAX&CO блуза 8.490 ден.

MOTIVI панталони 1.990 ден.

BATA сандали 2.023 ден.

43

44

MARELLA кошула 8.590 ден.

REPLAY фармерки 7.590 ден.

PARFOIS чевли 790 ден.

MANGO фустан 1.240 ден.

BATA сандали 2.023 ден.

MAX&CO блуза 7.490 ден.

MAX&CO панталони 10.090 ден.

BATA сандали 2.023 ден.

MOTIVI блуза 1.140 ден.

LIU JO блуза 11.990 ден.

MANGO панталони 990 ден.

GUESS комбинезон 5.290 ден.

PARFOIS ланчиња 690 и 790 ден.

BATA сандали 2.023 ден.

Black forest

Фотографија: Горан HLVK Поповски

Моден дизајнер: Мустела Ермин

Стилист: Бојана Максимовска

Модел: Милена Атанасова

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

52

53

54

55

СПАКУВАЈ

СЕ ЗА НА

ОДМОР

PARFOIS очила 890 ден.

WOMEN'S SECRET долен дел 1.290 ден.

WOMEN'S SECRET горен дел 1.790 ден.

WOMEN'S SECRET папучи 1. 790 ден.

MANGO црно-бела чанта 650 ден.

MANGO шорц 990 ден.

PARFOIS шешир 790 ден.

PARFOIS чанта 1.890 ден.

56

Портрет мода

MAX&CO фустан 9.790 ден.

PARFOIS обетки 490 ден.

PARFOIS сандали 2.290 ден.

MAX&CO фустан 19.590 ден.

SOFT &

CASUAL

PARFOIS обетки 590 ден.

MARELLA кошула 6.790 ден.

MANGO здолниште 1.240 ден.

57

MANGO кратки панталони 1.190 ден.

PARFOIS ремен 790 ден.

MANGO маица 590 ден.

MAX&CO блуза 8.490 ден.

MANGO кратки панталони 990 ден.

MARELLA фустан 15.490 ден.

Портрет мода

PARFOIS чанта 1.990 ден.

ФОТОГРАФ: Жарко Чулиќ

СТИЛИСТ: Бојана Максимовска

МОДЕЛ: Марго Бојаџиева, Моделс Ин

MAX&CO блуза 9.090 ден.

MARELLA кошула 10.590 ден.

MANGO кратки панталони 1.490 ден.

PARFOIS чанта 1.990 ден.

59

Портрет мода

MAX&CO 16.190 ден.

LIU JO 17.890 ден.

MAX&CO 13.713 ден.

MAX&CO 20.290 ден.

60

УДОБНИ

ЧЕВЛИ НА

ПЛАТФОРМА

Портрет мода

PARFOIS црни сандали 1.690 ден.

BATA кафеави сандали 3.003 ден.

BATA сандали со змиски принт 2.443 ден.

BATA кафеави сандали со врвки 2.274 ден.

PARFOIS чевли на полна платформа 1.590 ден.

62

CARPISA розева чанта 2.790 ден.

MARELLA окер/жолта чанта 8.890 ден.

LIU JO крем чанта 8.690 ден.

LIU JO црна чанта 9.790 ден.

MAX&CO шарена чанта 10.983 ден.

LIU JO зелено/сина чанта 8.690 ден.

CARPISA бела чанта со точки 1.395 ден.

CARPISA бела чанта 1.395 ден.

MAX&CO розева чанта 10.490 ден.

PARFOIS сино/кафеава чанта 2.190 ден.

63

MANGO панталони 990 ден.

MARELLA фармерки 9.290 ден.

64

MANGO панталони 990 ден. LIU JO фармерки 14.990 ден. LIU JO фармерки 12.990 ден.

65

GIORGIO ARMANI AIR DI GIOIA EDP 50ML. 4.320 ден.

VERSACE EROS POUR FEMME EDT 50 ML. 4.280 ден.

68

KENZO JEU D'AMOUR EDP 50ML. 4.600 ден.

Портрет убавина

30-TАТА

НОЌНА НЕГА ЗА ПОСЛЕ

ESTÉE LAUDER - ADVANCED NIGHT MICRO

CLEANSING BALM БАЛСАМ ЗА ЧИСТЕЊЕ

НА ЛИЦЕ 2.511 ДЕН.

Овој лесен балсам се стопува во

свиленкасто масло за чистење додека

го нанесувате на кожата. При допирот

со вода станува млечна емулзија што го

исплакнува лицето и ја остава кожата

чиста и нахранета. Отстранува шминка и

нечистотии длабоко од кожата за да го

подобри целокупниот изглед. Се нанесува

секоја вечер на сува кожа, па се измива со

топла вода.

DR. HAUSCHKA - NIGHT SERUM НОЌЕН

СЕРУМ 1.845 ДЕН.

Оваа мирислива формула со екстракти од

јаболко го поддржува природниот ноќен

ритам на кожата. Ноќниот серум на Д-р

Хаушка дејствува на сите типови кожа, а се

нанесува на исчистено и тонирано лице,

врат, и доколку сакате, деколте.

ESTÉE LAUDER - ADVANCED NIGHT REPAIR

SYNCHRONIZED RECOVERY COMPLEX II СЕРУМ

ЗА ЛИЦЕ 4.102 ДЕН.

Постигнете сјаен и младешки изглед и

будете се со прекрасна кожа секој ден. Овој

корективен серум го максимизира ноќното

обновување на кожата со ексклузивната

ChronoluxCB технологија, драматично

намалувајќи ги видливите знаци на стареењето.

Ја подобрува појавата на линии и брчки, ја

хидрира кожата и создава рамномерен, здрав и

освежен изглед на кожата.

CLINIQUE SMART NIGHT НОЌЕН

КРЕМ ЗА ЛИЦЕ 2.996 ДЕН.

Овој крем е немасен и содржи

ензими што ја поправаат кожата

на лицето. Бидејќи кожата ноќе се

одмара, таа има поголема моќ да се

регенерира и тука стапува на сцена

овој прекрасен крем. Се нанесува

едноставно, после ноќното чистење

на лицето.

BIOTHERM - SKIN BEST NIGHT INTENSE

НОЌЕН КРЕМ 3.750 ДЕН.

Замислете осумчасовен сон во тегличка.

Со овој производ дејствувате навечер

на уморот кој се акумулирал во текот

на денот. Со секој изминат ден, ќе се

будите со видливо подмладена кожа,

одморен изглед што зрачи и измазнети

линии на лицето.

69

ARTDECO 3IN1 FIXING SPRAY

фиксатор 790 ден.

Сенчан изглед

Строгото нанесување на сенка и туш, со јасни линии и најчесто

во две бои е одамна демоде. Со сенчаниот изглед и на аматерите

им е овозможено да се нашминкаат профи. Ви треба само да ја

изберете правилната нијанса на сенка и малку повеќе време.

1. Подлогата е многу значајна

2. Ви треба бронзер или кафено руменило

3. Овој изглед трпи и појак кармин

4. Нагласете ги веѓите

YVES SAINT LAURENT COUTURE BROW

маскара за веѓи 1.390 ден.

LANCOME GRANDIOSE

туш за очи 2.030 ден.

ARTDECO PERFECT MATTE

кармин за усни 650 ден.

ARTDECO MOST WANTED CONTOURING

палета за контури 1.150 ден.

70

CLINIQUE EVEN BETTER EYES

коректор за темните кругови

околу очи 2.849 ден.

Сосема природно

Овој изглед сосема заслужено последниве години е број еден избор наспроти

јаката и нападна шминка. Доволно соодветен за секоја пригода и за секоја

елегантна жена.

За да го постигнете овој изглед ви требаат само основните производи за

шминкање. Тука не постојат тешки пудри, ниту пак комплицирано нанесување

на шминка. За овој изглед е доволно:

1. Кожата да е хидратирана

2. Да изберете лесна течна пудра

3. Сјајно руменило во природна нијанса

4. Маскара за нагласување на трепките

CLINIQUE QUICKLINER

молив за очи 1.496 ден.

ESTEE LAUDER PURE COLOR

руменило 2.651 ден.

CLINIQUE NAIL ENAMEL

лак за нокти

1.231 ден.

LANCOME EFFACERNES

коректор за под очи

2.150 ден.

ARTDECO STROBING FLUID

течна пудра за осветлување

690 ден.

MISSLYN VELVET MATTE

мат крем за усни 400 ден.

71

ИНСТАНТ

ЕФЕКТ

НАЈДОБАР ЗА

ОСЕТЛИВА КОЖА

NATURE’S ARGA

50 ml. чисто арганово

масло 1.400 ден.

НАЈДОБАР ЗА

МОМЕНТАЛНИ

РЕЗУЛТАТИ

ESTEE LAUDER

ADVANCED NIGHT

REPAIR

100 ml. маска за

лице 5.869 ден.

Секој козметички производ е добро да го користите подолго време за вашата кожа да

НАЈДОБАР

ПРОТИВ

БРЧКИ

ESTEE LAUDER ADVANCED

TIME ZONE

50 ml. гел против брчки

5.995 ден.

се навикне на него и да го почувствувате ефектот. Но, овие неколку производи делуваат

веднаш и вие тоа ќе го забележите. Составени од моќни и инвентивни формули, ова се

производи во кои ќе се заљубите при првото нанесување.

НАЈДОБАР ЗА

ПРИКРИВАЊЕ

ЗАМОР

72

НАЈДОБАР ЗА

ХИДРАТАЦИЈА

BIOTHERM

AQUASOURCE

NUIT

50 ml. ноќен

серум 1.700 ден.

НАЈДОБАР ЗА

ЗРЕЛА КОЖА

CLINIQUE

REPAIRWEAR

LASER FOCUS

30 ml. серум

4.580 ден.

LANCOME

ENERGIE DE

VIE NUIT

75 ml. ноќна

маска за лице

4.240 ден.

Портрет убавина

Свежо. Супер. Секси.

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ПАРФЕМИ ЗА ОВА ЛЕТО.

DOLCE&GABANNA LIGHT BLUE LOVE IN CAPRI EDT 50ml. 2.770 ден.

ESCADA AGUA DEL SOL EDP 50ml. 3.510 ден.

L’OCCITANE ORCHIDEE EDT 100ml. 2.990 ден.

GIVENCHY L’ANGE NOIR EDP 50ml.

NINA RICCI NINA EDT 50ml. 3.690 ден.

DSQUARED2 WANT EDP 50ml. 3.995 ден.

GIORGIO ARMANI CODE TURQUOISE EDITION EDT 75ml. 3.470 ден.

L’OCCITANE PIVOINE FLORA EDT 75ml. 2.590 ден.

TRUSSARDI DONNA EDT 50ml. 3.813 ден.

NINA RICCI L’EXTASE CARESSE DE ROSES EDP 50ml. 4.430 ден.

73

Портрет убавина

Фотограф: Жарко Чулиќ

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Модел: Ирина Делчева

Модна агенција: Моделс Ин

77

78

ЗАШТИТЕНИ

ПОД СОНЦЕТО

Дајте ѝ го на вашата кожа она што го заслужува – добра хидратација, заштита од штетните сончеви зраци и

беспрекорен и изедначен тен. Одберете соодветен производ за вашиот тип на кожа од природната линија

Isolari на Nature’s.

СРЕДНА ЗАШТИТА ВИСОКА ЗАШТИТА ЗАШТИТА ЗА

ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА

Nature’s Sun Заштитен крем за тело и лице

со фактор 15

Идеален за нормален тип кожа и лица со

темна коса. По нанесувањето на целото

лице и тело, се апсорбира лесно, без

да остави масни траги, а во исто време

правејќи ја кожата совршено мека и

хидрирана.

Nature’s Sun Заштитен крем за тело и лице

со фактор 25

Почнете со овој крем уште во првите

сончеви месеци од годината. Одличен е и

за лица со посветол тен и со светла боја на

косата. Кремот помага при спречување на

предвременото стареење на кожата, како

и црвенилото предизвикано од сончевата

светлина.

Nature’s Sun Заштитен спреј за тело и

лице со фактор 30

Гарантира долготрајна заштита дури и

од инфрацрвени зраци. Специјалните

микро-капсули во формулата спречуваат

алергии, па затоа е соодветен дури и за

најнежните типови на кожа.

Nature’s Sun Заштитен спреј за тело и

лице со фактор 50

И овој спреј, како и спрејот со заштитен

фактор 30 не содржи алкохол и е

водоотпорен. Ваквата заштита значи и

безгрижност под сонцето, а високиот

фактор 50 одговара и на многу

чувствителните типови на кожа.

Nature’s Sun Заштитен крем за тело и лице

со фактор 50

Nature’s Sun Cream 50 е одличен за

висока заштита. Може да го користите на

телото, но и лицето, а со тоа да спречите

црвенила и иритации на местата на кои ќе

го нанесете.

Nature’s Sun Заштитен спреј за деца за

тело и лице со фактор 50+

Детската кожа е исклучително нежна

и затоа потребна ѝ е висока и врвна

заштита. Спрејот со заштитен фактор 50+

ќе ја заштити кожата од штетните зраци, но

воедно ќе ѝ ја даде и потребната влажност

и нега. Како и другите спреови од истата

линија, и овој е пријателски настроен кон

природата.

Nature’s Sun Заштитен anti-age крем за

лице со фактор 50

Кремот, специјално создаден за нега

на најнежната кожа на лицето, усните,

вратот и деколтето, ќе ја заштити кожата,

спречувајќи создавање брчки и други

оштетувања. Лесно се нанесува, а поради

специфичното дејство на одредени

таргет-зони може да се користи во текот

на целата година.

Сите производи содржат уницеларна био-активна вода од портокал и формула што содржи моќни и долготрајни УВА- и УВБ-филтри.

Меланинот добиен од растенија во линијата Isolari на Nature’s, пак, гарантира долготраен и интензивен тен со истовремена нега и

влажност на кожата.

79

Семеен портрет

КУЛТНАТА ДВОЈКА НА БЕЛАТА КУЌА

Пишува: Џејлан Рустемоска

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА ЏОН И ЏЕКИ КЕНЕДИ

12 септември 1953 година е необично сончев ден во

Њупорт, Роуд Ајленд. Во црквата „Света Богородица“ пред

олтарот стои Џон Фицџералд Кенеди, харизматичниот и

фасцинантен сенатор на Масачусетс, кој во 1960 година

ќе стане најмладиот и најславниот претседател на САД.

Од неговата лева страна се наоѓа дванаесет години

помладата Жаклин Бувие, привлечна и амбициозна

новинарка на „Вашингтон Тајмс-Хералд“ и припадничка

на високите општествени кругови од Њујорк. Тука се да

го кажат судбоносното „да“ пред очите на љубопитните

гости. Очекувањата на семејството на невестата дека ќе се

работи за поинтимна прослава се изневерени од страна на

Кенедиеви, кои од свадбата прават своевиден политички

настан што личи на холивудска продукција, канејќи речиси

две илјади гости, конгресмени, сенатори и филмски ѕвезди.

Невестата носи креација на афро-американската креаторка

Ен Лоу на која ѝ се доверуваат венчаниците на најпознатите

невести во Њујорк. Таа нa Џеки е изработена од речиси 50

метри скапа свила во боја на слонова коска. Иако ќе биде

копирана уште долго време служејќи им како инспирација на

многу невести-вљубенички во стилот на првата дама на САД,

Џеки Кенеди не е воодушевена од сопствената венчаница

скроена по вкусот на семејството на нејзиниот иден сопруг.

Единствен дел што ѝ е драг е велот наследен од нејзината

баба, изработен од квалитетна венецијанска тантела.

Двајцата се запознаваат една година претходно, кога

Џеки е на почетоците на својата кариера и има задача да

ги интервјуира најважните ликови на јавноста во Њујорк,

меѓу кои и сенаторот на Демократската партија, еден од

најистакнатите политичари во тоа време, Џон Кенеди. И

покрај заемната одушевеност и привлечност уште при

првиот контакт, Кенеди го почитува свршеничкиот прстен

на Жаклин, што му припаѓа на Џон Хастед, успешен млад

брокер и ветен сопруг на Џеки. Но, иако Кенеди првично

се повлекува, таа набрзо ќе стави крај на свршувачката,

пронаоѓајќи го во идниот претседател совршениот партнер

кој ѝ одговара на духот и на амбициите, а е доволно богат за

да ги исполни критериумите на нејзината мајка. По неколку

месеци состанување, ја објавуваат својата свршувачка. По

свадбата, што е невиден медиумски настан, следува меден

месец во Акапулко по кој можат целосно да се посветат на

освојување на највисоките државни почести и на срцата на

народот на САД.

Во светот на политиката, нивната приказна се смета за една

80

Семеен портрет

од најславните и најпрераскажуваните на сите времиња. За

разлика од другите претседателски двојки, Кенедиеви се

многу помлади и попривлечни, страсни и неуморни, славни

како рок-ѕвезди. Особено Џеки, која со својата елеганција и

префинет стил усовршен за време на нејзиниот престој во

Париз како студентка на „Сорбона“, ја заработува славата на

модна икона, првата дама која со својот аутфит го диктира

стилот на отмените госпоѓи насекаде низ светот.

Но, за жал, нивниот заеднички живот не е толку среќен и

безгрижен како што сакале да изгледа пред светот. Како

што подоцна ќе произлезе од писмата на г-ѓа Кенеди,

она што публиката успеала да го види од нивниот брачен

живот е како врвот на леден брег. Под површината се

кријат многубројните семејни трагедии што ги затекнале

уште при почетокот на бракот. Обидите да изградат дом и

семејство пропаѓаат во повеќе наврати. Првата бременост

на Џеки завршува со спонтан абортус, а од втората доаѓа на

свет само безживотното тело на нивната толку посакувана

ќерка Арабела. Длабоката тага преминува во депресија,

особено за Џеки. Двајцата стануваат сѐ подалечни, додека

блискоста ја пронаоѓаат во своите многубројни љубовници,

пред сѐ Џон, неуморен ловец на жени од сите видови:

уметнички, проститутки, обични девојки или славни ѕвезди

како Мерилин Монро. Но, за развод не станува збор. Во

1957 година конечно стануваат родители на здраво девојче,

Каролин, која успева да ја намали тензијата меѓу нејзините

родители и да ја врати радоста во семејството Кенеди.

Во 1960 година, Џон Ф. Кенеди се кандидира на

претседателските избори. За време на кампањата Џеки

е бремена со нивниот син Џон Ф. Кенеди јуниор и иако е

максимално претпазлива, наоѓа начин да му биде безусловна

поддршка на својот сопруг, кој во ноември истата година на

возраст од 43 години станува триесет и петтиот претседател

на САД. Џеки има 31 година и е најмладата прва дама

на Белата куќа, а и најелегантната која во историјата на

државата ја имала истата улога. Кенедиеви веднаш стануваат

популарни не само на национално ниво туку и при посетите

на странските амбасади и светските лидери. Пленат со

својот беспрекорен изглед, виталност и енергија. Таа сосем

го обновува имиџот на Белата куќа, додека тој презема важна

улога во клучни политички моменти, како справувањето со

кубанската криза и американската вселенска програма.

Заедно, Џеки и Џон Кенеди успешно се справуваат со

предизвиците и на професионален и на интимен план,

пребродувајќи ја и смртта на последниот син Патрик и

станувајќи поблиски од кога било. Сѐ до кобниот ден, 22

ноември 1963 година, кога при парада на претседателскиот

пар во лимузина со отворен покрив во Далас, Тексас, пред

очите на безбројните симпатизери Џон Кенеди е застрелан

во главата, паѓајќи во скутот на својата сопруга пред таа

да сфати што се случува. Снимките на неутешната Џеки

и нејзините крвави ракавици и розов костум од „Шанел“

засекогаш ќе останат дел од колективната меморија на

генерациите сведоци на крајот на еден млад и надежен

живот и еден од големите американските соништа.

По смртта на Џон Кенеди, името на Џеки ќе биде поврзано со

безброј љубовни афери, почнувајќи од браќата Кенеди, Боб

и Тед, па Марлон Брандо, Џани Ањели, сѐ до грчкиот магнат

и нејзин втор сопруг, Аристотел Оназис. Џеки умира во 1994

година и е погребана до нејзиниот прв сопруг. Денес, на

растојание од педесетина години од смртта на Џон Кенеди,

покрај сите заплети, афери, неверства, среќни или трагични

краеви, тие сѐ уште остануваат еден од најлегендарните и

најобожаваните парови на дваесеттиот век.

81

летен APP водич

Кренете рака ако и вие сте дел од оние што не го пуштаат од раце паметниот телефон дури

и на одмор. Па, наместо упорно да листате низ „Фејсбук“ или да чекате нови фотки од

пријателите на „Инстаграм“, направете нешто плус. Следните шест мобилни апликации ќе

ви помогнат да се спакувате за на одмор, да зготвите нешто лесно и набрзина, да направите

супер фотки од вас и друштвото на плажа... Супер инфо-плус: сите се бесплатни!

МАКСИМАЛНА ХИДРАТАЦИЈА

WATER DRINK REMINDER

Постојано читаме како не внесуваме

доволно количество вода, но

повторно не правиме ништо во врска

со тоа. Оваа апликација овозможува

да го следите внесот на вода во

организмот, а воедно ве потсетува

кога и колку течност треба да

консумирате. По симнувањето, ги внесувате килограмите и

времето на будење и легнување, па по пиењето на првата

чаша, апликацијата пресметува и ве потсетува кога треба

да биде следната. Нема веќе изговори!

ФИТ И ВО ЛЕТО

30 DAY FIT CHALLENGE WORKOUT

Не почнувајте да се правдате дека

е доцна во август да почнете да

вежбате за да имате затегнато тело

на плажа. Триесетдневните тренинзи

на оваа апликација почнуваат од

вежби со помал кон вежби со поголем

интензитет, а можете да одбирате од

вежби за стомак, за задник или да го активирате целото

тело. И оваа апликација ќе ве потсети со аларм дека е

време за вежбање, во случај да заборавите.

БРЗО И ВКУСНО

SALAD RECIPES

Нема подобар оброк од салата

во лето. Затоа, апликацијата

комплетно посветена на рецепти за

салати е вистински избор. Можете

да одбирате помеѓу овошни и

зеленчукови салати, а овие вториве

се поделени во категории без глутен, пилешки салати,

вегански, салати со тестенини, богати со калциум... И тоа

со состојки што ги имате во фрижидерот.

СЀ ВО ЕДЕН КУФЕР

PACK POINT

Оваа апликација ќе ви помогне

ефективно да се спакувате пред да

тргнете на пат. Најпрвин одбирате каде

одите, колку денови и дали станува

збор за бизнис-патување или за одмордестинација.

Освен што апликацијата

ќе ви ја покаже временската прогноза за дестинацијата, ќе

ви даде и предлози за пакување од алишта, преку лекови

и средства за лична хигиена, па сѐ до ситници, што инаку

лесно се забораваат во куферот. Неколку денови пред

поаѓање со детална листа ќе ве потсети што сѐ треба да

спакувате.

ЛЕКАРСКА ПОМОШ 24/7

HEALTH TAP

Апликација што овозможува лекарска

поддршка во кое било време. По

симнувањето, внесувате малку

подетална листа за состојбите што

ве мачат или што се од ваш интерес,

внесувате дали имате алергии,

хронични болести и слично, а

сето тоа влегува во вашиот личен картон. Бесплатните

можности подразбираат поставување прашања на лекари

ширум светот, кои за многу скоро време ви одговараат

(во мојот случај, за помалку од шест часа). Секако, за

сериозни состојби ќе појдете кај вашиот матичен лекар,

но апликацијата ќе ви помогне при решавање на ситни

проблеми и дилеми, особено кога сте на одмор далеку од

дома.

ФОТО-СПОМЕНИ

POLARR PHOTO EDITOR

Знаеме дека ќе направите многу фотки

на одморот, па затоа ви предлагаме и

една апликација за нивно уредување.

Со Polarr Photo Editor, што е малку

покомплицирана за употреба од на

неа сличните апликации, ќе добиете

професионални фотки од вашиот

мобилен телефон. Приспособувањата подразбираат

ефекти, филтри, алатки за ретуширање, фокус и на најситни

детали, приспособување светлина. Осигурете се дека ќе

зачувате совршени спомени.

83

КОМПЛЕТЕН

ФИТ-ТРЕНИНГ

НА ОТВОРЕНО

Затегнете го целото тело и подобрете ја кондицијата со неколку едноставни вежби што можете да ги

направите на отворено. Направете пауза од возењето велосипед или трчањето и искористете ги справите

поставени на неколку локации низ градот.

ВЕЖБА НА ВРАТИЛО ЗА

СТОМАЧНА МУСКУЛАТУРА

Фотографија: Жарко Чулиќ

Почетна положба: став висење на

вратило.

Начин на изведба на вежбата:

Се подигнуваат нозете со свиткани

колена. При подигнување на нозете

се издишува, а при спуштање се

вдишува. При изведба на оваа вежба

се активира стомачната мускулатура.

Број на серии: 3

Број на повторувања: 10

ВЕЖБА ЗА СТРАНИЧНА

МУСКУЛАТУРА НА НОЗЕ

Почетна положба: став во стоење,

едната рака во одрачување, а другата

потпрена на справа или на ѕид.

Начин на изведба на вежбата:

Се работи одножување со едната нога,

притоа стапалото е поставено настрана.

При подигнување на ногата се издишува,

а при спуштање се вдишува. Вежба за

странична мускулатура на нозете.

84

Број на серии: по 3 серии за секоја нога

Број на повторувања: по 10 повторувања

за секоја нога

ВЕЖБА ЗА МУСКУЛАТУРА ОД

ГЛУТЕАЛНИОТ РЕГИОН

Почетна положба: став во стоење

покрај справа или ѕид, во предножење

со свиткано колено до гради, при што

и главата е насочена кон градите.

Начин на изведба на вежбата:

Ја испружуваме ногата наназад и горе, а

истовремено и главата се крева нагоре.

Во почетната положба се почнува со

вдишување, а при испружување на ногата

наназад се издишува. При изведбата на

оваа вежба се активира мускулатурата

од задникот, заден дел од натколеница,

лумбална мускулатура, како и мускулите

од вратот.

Број на серии: по 3 серии за секоја нога

Број на повторувања: по 10 повторувања

за секоја нога

ВЕЖБА ЗА РАЗВОЈ НА СТАТИЧКА

СИЛА НА НОЗЕ

Почетна положба: став во стоење, пред

справа или ѕид

Начин на изведба на вежбата:

Се спуштаме во положба „клек“ и

работиме задршка.

При оваа вежба се активираат мускулите

од предниот дел од натколеницата.

Број на серии: 3 серии по 30 секунди

задршка

ВЕЖБА ЗА СТРАНИЧНА

МУСКУЛАТУРА НА ТОРЗОТО

Почетна положба: став од стоење, со

рака испружена над главата и едната

нога во одножување.

Начин на изведба на вежбата:

Се работи одножување со свиткано

колено, при што стапалото се крева од

подлогата, а истовремено се прави и

отклон со горниот дел од телото. При

отклон издишуваме, а во обратна насока

вдишуваме. Овде се активира страничната

мускулатура од торзото.

Број на серии: 3

Број на повторувања: 15

ВЕЖБА ЗА СТОМАЧНА МУСКУЛАТУРА

НА РИМСКА КЛУПА

Почетна положба: вис со потпор на

подлактница на т.н. римска клупа.

Начин на изведба на вежбата:

Од положба вис со потпор на

подлактницата, ги креваме нозете, што се

испружени во зглобовите на колената, до

хоризонтална положба и потоа повторно

ги спуштаме и ги враќаме до почетната

положба. При подигнување на нозете

издишуваме, а при спуштање на нозете

вдишуваме. При изведба на оваа вежба се

активира мускулатурата на стомакот.

Број на серии: 3

Број на повторувања: 10

86

ВЕЖБА ЗА МУСКУЛАТУРА

НА ГРАДИ

Почетна положба: позиција за склек, со раце

поставени на хоризонтална шипка или на под.

Начин на изведба на вежбата:

Се работат склекови. При спуштање

вдишуваме, а при подигнување издишуваме. Се

активира мускулатурата на градите, предниот

дел од рамото, како и мускулатурата од

задниот дел од надлактицата.

Број на серии: 3

Број на повторувања: 10

Вежбите ги изведува проф. Лазар Иванов, сопственик и

инструктор во клубот за рекреативни групни активности

„Mix Aerobic – Extreme“ во Скопје.

Готвиме со фичо

Рецепт и текст*: Филип Поповски

СВИНСКО МЕСО СО ЗЕЛЕНЧУК

Долго време помина без да зготвам некое мевце, по тој повод

решив во овој број да скоцкам свински врат со зеленчук и

зачини.

Ќе одите до месара и ќе го замолите месарот да ви исече

800г. коцкички од свински врат. По пат накај дома купете

тиквица, модар патлиџан, кромид, лук и морков.

Морковот (еден голем или два помали) изрендајте го,

кромидот исецкајте го ситно (исто и 2 чешниња лук),

тиквицата и модриот патлиџан исецкајте го на лентички.

Ставете тавче на рингла да се загрее, спуштете 20г. путер да

се растопи и додадете околу 3 лажици сончогледово масло.

Потоа ставете го кромидот, лукот и морковот да се пропржат,

а откако ќе добијат портокалова нијанса додадете ги

тиквичките и модриот патлиџан и промешајте. По 10 минути

додадете ги коцкичките месо и повторно промешајте.

Месото мешајте го на секои 3-4 минути (вкупно да се готви

минимум 20 минути). Доколку ви испарува течноста додадете

неколку лажици вода.

Посолете и додадете прстохват шафран (околу 0,125г.).

Исецкајте кругови од 6-7 кисели крставички (добри се за

структура и за кранчи момент во овој рецепт). Пред крајот

додадете 1 лажичка лут буковец (опционално).

Често свинскиот врат го сакам спремен во целосни парчиња,

меѓутоа одлично оди и во ваков рецепт. На крај украсив

со тенки листови краставица, го освежува и надополнува

јадењето.

За повеќе вакви рецепти посетете го мојот блог

www.gotvimesofico.mk

Поздрав до нареден број!

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

летна

Вкусна

хидратација

Во летниот период губиме многу течности поради

високите температури, зголеменото потење, како и

недоволната хидратација на организмот. Вратете

го балансот на хранливи материи и доволното

количество вода во телото со овие три продукти, секој

еднакво богат и со обете.

Ананас

Освен богат, сочен вкус, ананасот содржи материи важни за

хидратацијата на организмот. Протеинот бромелајн има многу

здравствени придобивки, а особено помага при дигестијата. Сѐ

на сѐ, ананасот е одлично овошје за природна детоксикација на

организмот, како и за намалување на телесната тежина.

Лубеница

Лубеницата е едно од најдобрите овошја за во лето. Содржи многу

вода, но и есенцијални хидратантни соли, калциум, магнезиум,

калиум и натриум. Одлична е за надополнување на изгубените

резерви, но и неа, како и секое друго овошје, консумирајте ја на

празен стомак, односно пред оброкот.

Краставица

Многу вода, хранливи материи, витамин Ц, се само дел од

благотворните состојки на краставицата. Јадете ги самостојно (без

сол), во салати или додадете ги во шишето вода во комбинација со

свеж лимон и нане.

Портрет поддржува македонска уметност

„СУВА“

СЕРГЕЈ ДАМОВСКИ

91

news

Модерна класика

во уредувањето

Одбирањето на класичен стил при

декорирањето на домот гарантира

безвременска убавина што нема да

заостане зад трендовите, а во исто време

ќе даде еднакво модерен и современ

изглед на просторот за живеење. Сето ова,

Laro го вклопи во комплетното уредување

на овој семеен стан.

Префинета елеганција

Елеганцијата во станот се насетува уште од декорот

во дневната соба што е уредена во минималистички,

но префинет стил, комбинирајќи ја белата боја на

мебелот, со детали во соодветни топли нијанси и

тонови.

Просторно уживање

Во продолжение на дневната соба се надоврзува просторната

трпезарија што, пак, се надоврзува на максимално искористената кујна.

Обете се комбинација на мат-дрво и крем-детали, што, придружени од

осветлувањето, даваат визуелно проширување на просторот.

92

Естетска практичност

Спалната соба е репрезентативен пример

за максималното искористување на

просторот. Големиот гардеробер воедно

претставува своевиден дрвен ѕид, во

продолжение на дрвениот потпирач на

креветот. Ваквото просторно планирање

остава слободен простор во облик на

т.н. отоман за опуштено уживање покрај

прозорецот.

Предизвик на имагинативност

Детската соба е место каде што креативноста е присутна во сите

облици, па и во декорирањето. Работната маса е поставена до

прозорецот за оптимално добивање на дневната светлина, а другите

елементи се надоврзани по должина, завршувајќи со голем принт

на зебра на ѕидот што совршено се надополнува на крем-сината

комбинација на бои.

Чисти линии

Тоалетот е уреден да одговара на преостанатиот дел од станот, следејќи ги топлите бои и

комбинирајќи ја функционалноста, практичноста и искористеноста на просторот. Дрвената кремкомода

се надополнува на враменото златно-жолто огледало и декорот на керамичките плочки.

Ентериерот е комплетно изработен и изведен од Laro Kitchen Center

www.facebook.com/Larokitchen

www.laro.mk

93

Дизајн и декор

ЛЕТНИ ДЕКОР

МОТИВИ

Направете летно прибежиште од вашиот дом, дури и да сте стотина километри оддалечени од најблиското

езеро или море. Размислувајте во боите на аквамарин, мента и тиркиз.

Ова е за оние што сметаат дека повеќе е подобро. Морските мотиви и бои доминираат на ѕидовите, на

принтот на перниците, па сѐ до темносината плетена кошница на подот. Сѐ е дозволено.

94

Дизајн и декор

Летото е забавно, па дозволува декор во

топли жолти и портокалови нијанси што

совршено ќе се вклопат во комбинација

со тиркизно сината боја. Ако не сакате да

ризикувате со другите простории, декорирајте

го претсобјето во овие нијанси и бои.

Внесете трски во домот, но размислувајте

креативно. Сами направете ѕидна

декорација, сечејќи и лепејќи ги трските.

Предлог-идеја – направете морско коњче.

Задржете го минимализмот, доколку тој ви е

примарен при уредувањето на домот. Само

една табуретка и перничка во светлосина

или тиркизна боја ќе ја завршат работата.

Доколку рибите, котвите и јажињата се

премногу клише за ваш вкус, пробајте да го

внесете морскиот декор преку апстрактни

слики во различни бои сино што неодоливо

ќе потсетуваат на морската површина.

Плетените столови од ратан се одлика на

летните градини, но не постои правило

што вели дека не можете да ги поставите

и во просторот за дневен престој. Бонус

поени за сината морска мапа на ѕидот.

Само еден детаљ е доволен за да го

добиете ваквиот летен дух во домот.

Направете го тоа така што ќе искористете

(старо) весло како закачалка во ходникот.

ВЕЛИАН ЈАГЕВ

МИНИЈАТУРНИОТ

СВЕТ НА ИНСЕКТИТЕ

Погледнете ги одблиску инсектите преку макрофотографијата на фотографот Велиан Јагев. Како што вели самиот,

фотографирањето му е еден вид личен проект што трае веќе со години, експеримент за минималистички животни, со разни

објективи и осветлувања. „Целта е да откријам еден фантастичен свет невидлив за голото око, честопати занемарен и ставен

во категорија на нешта што треба да се одбегнат, истовремено исполнет со неверојатни облици и бои, резултат на милиони

години еволуција“, објаснува Јагев. Неговите макрофотографии од инсекти се објавени и на блогот „Your shot“ на „Нешнел

џиографик“.

Whitey

Alien 2

Mavrovo

96

Македонска фотографија

Dewy

Down Under

Owlfly

Metallic

97

Leaning

Old Man

Field of pink

98

Македонска фотографија

Morning Sun

Water bearer

Zorro

99

Ана Арсовска

БУВОТ,

НОЌЕН

ПРИЈАТЕЛ

НА

ЧОВЕКОТ

Пишува: Марта Стевковска

Бувовите се убави ноќни птици со крупни очи, големо лице и нежни

пердуви, што им овозможуваат бесшумен лет. Бувовите совршено

гледаат и дење и ноќе и ја вртат главата под агол од 270 степени,

а предизвикуваат воздишки кај секој што ќе ги види. Во Македонија

се заштитени како птици-грабливки, а сепак често се случува да бидат

заловени и чувани во домашни услови како миленици што не им одговара

на нивната природа. Иако бувовите се непријатели на глодарите

и се природен пестицид против нив, сепак според сознанијата на

Здружението за заштита на бувовите во Македонија – МОТ (Macedonian

Owl Trust), користењето отрови за уништување глодари и агресивната и

неконтролирана дератизација спроведена последниве години ја намали

популацијата на македонските бувови за 70 отсто. Како што велат од МОТ,

„преку исхрана со затруени глодари овие прекрасни ноќни грабливки се

доведоа до работ на нивното истребување“. За бувовите во Македонија,

како и целта и работата на МОТ, поразговаравме со Ана Арсовска, која е

основач на здружението.

100

Целта на организацијата Macedonian Owl Trust е да

придонесе за зголемување на фондот на бувовите во нашата

земја. Постои од 2012 година, а досега се организирани

голем број активности и акции за заштита на бувовите во

Македонија. Ќе можете ли да ни раскажете за почетоците на

ова здружение? Како ја добивте желбата за основање и како

почнавте со работа?

Пред дваесетина години првпат се сретнав со бувче и веднаш

се вљубив. Почнав да барам информации за бувови и сфатив

дека ги има повеќе видови и постепено почнав да истражувам.

Откако разбрав која е нивната улога и во каква состојба се

наоѓаат, забележав дека им е потребна помош. Така решивме

заедно со тимот да ја оформиме организацијата сè со цел да

можеме повеќе да ги информираме луѓето за важноста на

бувовите во нашата средина. Сè што правиме за бувовите е

пред сè од чиста љубов, ентузијастички, но и да придонесеме

барем за стабилизирање на нивниот број.

Активностите на МОТ вклучуваат изработка, поставување

и мониторинг на живеалишта за бувови, прстенување,

едукација, рехабилитација и враќање во природата. Покрај

ова, организирате и спасувачки акции за повредени,

заробени и заглавени бувови. Ќе можете ли да ни кажете

нешто повеќе за овие спасувачки акции? Како се одвиваат,

како дознавате каде има потреба од помош?

Во здружението има многу волонтери и луѓе кои ни помагаат.

Нема поубаво чувство од тоа да ѝ се помогне на некоја птица

во невола, а награда за тоа е да биде успешно вратена во

природа. Не само бувови туку и други грабливки и птици

заштитени со закон биле кај нас. Жално е што немаме простор

каде што ќе можат идеално да се рехабилитираат, туку тоа

засега го правиме во нашиот стан. Во претходниве пет години

во нашиот стан поминале околу 200 повредени птици од кои

70 отсто успешно рехабилитирани, додека другите најчесто

или пристигнале веќе во многу лоша состојба или со тешка

скршеница на крилото за која немало решение. Луѓето веќе

нè препознаваат, од ветеринарните центри ни ги препраќаат

на нас, како и од зоолошката градина... Упорност и љубов,

добар ветеринарен тим и голема желба се најважните услови

за оваа работа.

Бувот во Македонија е заштитен вид птица-грабливка, но и

покрај тоа, често се случува да биде заловен, како и малечки

бувчиња да бидат наоѓани и чувани дома, што не е добро

за опстанокот на бувовите, а и секое нивно малтретирање,

заловување или чување како домашен миленик е строго

казниво со закон во износ од две до пет илјади евра. Колку

често се среќавате со вакви случаи?

Луѓето многу често грешат несвесно. Мислат дека може

граблива птица да биде миленик, па ако најдат мало бувче и ако

го земат дома да го почуваат сметаат дека ќе му помогнат. Тоа

е најголемата грешка. Доколку нема никаква повреда секое,

ама баш секое, младо пиле се качува на највисоката гранка

во близината каде што е најдено и се остава на понатамошно

школување од родителите кои се во близина и ќе се грижат за

своето палаво пиле. Не може да е миленик животинче кое во

просек јаде од три до пет глувчиња на ден, кое не сака галење

и кафез. Едноставно, тоа се диви гени на кои ние не можеме да

им го овозможиме тоа што им е потребно, а навистина тешко и

ќе го добиеме тоа што го сакаме од нив.

Како би ги опишале вие бувовите накратко?

Нашиот пријател од ноќта кој додека спиеме внимава на

нашата средина.

101

Една од вашите цели е и едукација за бувовите во Македонија.

Како ја спроведувате?

Едукацијата е една од најважните активности на здружението.

Сигурни сме дека најважно е најмладите да ги информираме,

да ги запознаеме и да им го образложиме значењето на бувот

и неговата важност. На едукациите во училишта и градинки

носиме був кој е веќе, за жал, шест години со нас. Имаше

повреда на крилото, што и по залечувањето остави трајни

последици, па не може да лета.

Според вашите сознанија, од што најчесто се повредени

бувовите што ги земате на грижа и лекување? Како изгледа

грижата за повредените бувови, приближно колку време трае

заздравувањето пред да ги пуштите назад во природа?

Најчести повреди на бувовите се од напад од други грабливи

птици, често има и од удари од автомобил, но и од пукање со

воздушна пушка или сачмарка... од сè по нешто. Грижата за

повредените бувови зависи од случајот, но секако потребно

е многу внимание, нега и посветеност. Заздравувањето, пак,

трае од најмалку една недела до три или четири месеци.

Почетокот на летото за овие птици е многу важен период.

Тие тогаш се гнездат и имаат млади, но ова е и периодот кога

најмногу угинуваат. Зошто е тоа така и на што треба особено

да се внимава?

Не само овој период, секој период е чувствителен за бувовите.

Луѓето треба да разберат дека бувот не е животно кое носи

несреќа, дека бувот е животно на кое главен дел од исхраната

му се глодарите и е природен пестицид. Секако, најголем

непријател на бувовите е човекот, свесно или несвесно, тој

влијае директно на нивната популација преку зголемување на

употребата на пестициди во земјоделството и сточарството во

нашата околина.

Градскиот парк во Скопје беше дом на повеќе видови бувови.

Меѓутоа, сега бројот е намален. Колку гнезда се сега останати

и од кои видови?

Пред десетина години во Градскиот парк имаше седум гнезда

на долгоушестиот був, а бројот оттогаш секоја година се

намалува, оваа година има едвај две. Со сечењето на дрвјата

многу се наруши биодиверзитетот во Градскиот парк и тоа

директно влијаеше на бувовите. Ние сме единствени кои

толку долго работиме со бувовите. Имаме соработка со други

организации од земјава и од странство. Одлична соработка

имаме со инспекторатот од Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство, морална поддршка од

Министерството за животна средина и просторно планирање,

соработка со Македонското еколошко друштво...

Фотографија: Горан Анастасовски

Бувовите се ноќни грабливки кои имаат човечки лик, очите и

клунот им се поставени исто како и очите и носот кај човекот. Кај

некој видови бувови очите се со иста големина како и човечките,

зениците се големи и на тој начин го собираат максималното

количество светлина. Гледаат совршено и дење и ноќе, но како и

кај поголемиот дел од птиците, очите им се недвижечки, па за да

го пренасочат видот мораат да ја вртат целата глава, а интересен

е податокот дека бувовите ја вртат главата под агол од цели 270

степени без да го помрднат телото. Оваа способност овозможува

движењето на бувот да биде сведено на минимум, како и да

ја елиминира вревата што би ја правел додека го чека пленот.

На територијата на Македонија живеат девет видови бувови,

ушестиот був, шумскиот був, мочуришниот був, кукувијата

(амбарскиот був), уралскиот був, голем ушест був, кукомјавка,

шумска кукомјавка и ќук. Со големина од 16 до 18 сантиметри,

ќукот е најмалиот був кај нас. Тој е преселна птица, доаѓа и си

оди заедно со ластовиците, додека големиот ушест був со својата

големина од 70 сантиметри и распон на крилја од околу два

метри е најголемиот був што ги населува нашите простори.

Бувовите се најкорисни суштества во едно поле, па и урбана

средина. Тие се хранат со глувци, стаорци, кртови, во текот на

ноќта можат да уловат од три до пет глодари...

Најголемата придобивка од бувовите е намалувањето на

бројот на штетници (глодари). Без хемиски пестициди тие

директно го чуваат нашето здравје. Во Македонија има девет

видови бувови. Сите различни по големина, место на живеење

и лик. И сите тие си ја имаат улогата во еко-системот. Во

Англија е направено испитување и веќе се користат бувови

во замена за хемиските пестициди. Се прекинува употребата

на пестицидите и се поставуваат куќички за бувови и соколи

кои ќе ја завршат истата работа како и пестицидите само што

земјата ќе остане почиста, храната поздрава и дефинитивно

ќе се заштедат пари.

Филмски предлози

Долгоочекуваниот хит на DC comics, историска авантура, комедија, трилер и анимиран филм – ова е само дел од богатата

филмска програма на Cineplexx за август. Уживајте во кул летото во вашето омилено кино!

SUICIDE SQUAD (ОДРЕДОТ НА ОТПИШАНИТЕ)

Долгоочекуваната крими-акција е тука! Тајната владина организација А.Р.Г.У.С., предводена од Аманда

Волер, креира група херои наречена „Suicide squad“. Тие ќе имаат за задача да ги елиминираат опасните

мисии во замена за пократки затворски казни.

ПОЧЕТОК

НА

ФИЛМОТ:

04.08.2016

BEN-HUR (БЕН ХУР)

Историската драма ја прикажува епската

приказна на Јуда Бен Хур, принц лажно

обвинет за предавство од страна на неговиот

посвоен брат Месала, офицер во римската

војска. Лишен од својата титула, одвоен од

семејството и жената што ја сака, Јуда е

принуден на ропство. По неколку години на

море, Јуда се враќа во својата родна земја

да бара одмазда, но по средбата со Исус го

доведува до распнување, при што тој открива

за простувањето и наоѓа спасување.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 18.08.2016

THE SHALLOWS (ОПАСНОСТ ОД

ДЛАБОЧИНИТЕ)

Кога Ненси (Блејк Лајвли) е нападната

од голема бела ајкула додека сурфала

сама, таа е заглавена на кратка дистанца

од брегот. Иако е на само 200 метри од

преживување, стигнувањето дотаму ќе го

докаже натпреварот на волјата.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 18.08.2016

BAD MOMS (ЛОШИ МАЈКИ)

Приказната следи една мајка со навидум

совршен живот – одличен брак, амбициозни

деца, убав дом, совршен изглед и кариера.

Сепак, таа е изморена од многу работа,

посветеност и исцрпена до точка да дигне

раце од сѐ. Ги здружува силите со две други

мајки како неа и сите заедно одат на мисија

да се ослободат од секојдневните обврски за

голема слобода и забава.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 18.08.2016

THE SECRET LIFE OF PETS (ТАЈНИОТ

ЖИВОТ НА МИЛЕНИЦИТЕ)

Мирниот живот на териерот Макс е вознемирен

кога неговиот сопственик ќе вдоми бездомно

куче што воопшто не му се допаѓа на Макс.

Сепак, тие двајца мораат да ги смират

несогласувањата кога ќе откријат дека

неодоливото зајче Сноубол формира армија на

изгубени миленици кои бараат одмазда.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 25.08.2016

Фотографија: Жарко Чулиќ

НАТАША ШАПКАЛИЕВСКА И АНА ЃОРГИЕВА – ДЕЛ ОД БИЗНИС СЕКТОРОТ НА БАНКАТА, КРЕАТОРИ НА ЕКО-ШТЕДНА СМЕТКА

НОВ ЕКО-НАЧИН НА ШТЕДЕЊЕ

ДОСТАПЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

Со интерна иницијатива на вработените за поголема еколошка свесност, „Прокредит банка“ овозможи нова и уникатна услуга за екоштедење.

Досега, банката овозможуваше еко-кредити за енергетски ефикасни проекти и проекти за заштита на животната средина,

а отсега сите еко-свесни индивидуи и компании ќе можат да бидат дел од еко-иницијативите на банката преку нивните заштеди. Екоштедна

сметка е производ предложен од Наташа Шапкалиевска и Ана Ѓоргиева, вработени во бизнис-секторот на банката, кои ја

споделуваат успешната приказна за создавање на оваа услуга.

„Прокредит“ континуирано поттикнува инцијативи за

зголемување на еколошката свесност во општеството. Од

каде потекнува поттикот за ваков тип активности и дали и

вие како институција почитувате дадени еко-стандарди?

Ана: Нашата еко-стратегија ги опфаќа сите аспекти од

работењето на банката. Најпрвин претставуваме пример

за општеството и интерно практикуваме решенија што ќе

придонесат за подобра животна средина: возиме електрични

автомобили, го селектираме нашиот отпад, користиме

обновливи ресурси од природата за затоплување и ладење

на нашиот објект и произведуваме електрична енергија

преку соларни панели. Не поддржуваме инвестиции со висок

ризик за животната средина и ги поттикнуваме и нашите

клиенти да имплементираат еко-технологии и еко-практики

во нивното работење.

Наташа: Oд неодамна ја комплетиравме нашата екостратегија

со понуда за еко-штедење. За нас е еднакво важно

од каде потекнуваат средствата што ги пласираме во еко-

Портрет промоција

кредити. Како и досега, ќе продолжиме да ги поддржуваме

еко-инвестициите, но веруваме дека уште поголем би бил

ефектот доколку еко-кредитите се финансираат од средства

што се штедат со цел да се помогне на животната средина.

Со еко-штедењето им нудиме можност на сите еко-свесни

граѓани и компании што имаат свои заштеди да бидат дел од

нашите еко-иницијативи.

СО МОЖНОСТА ЗА ЕКО-ШТЕДЕЊЕ СИТЕ ГРАЃАНИ И

КОМПАНИИ СО РАЗВИЕНА ЕКО-СВЕСТ МОЖАТ ДА ГИ

ЧУВААТ СВОИТЕ ЗАШТЕДИ ВО СИГУРНА ГЕРМАНСКА

БАНКА И ИСТОВРЕМЕНО ДА ПРИДОНЕСАТ ЗА СÈ

ПОГОЛЕМ БРОЈ ЕКО-ИНВЕСТИЦИИ.

„Прокредит“ е единствената банка во Македонија што нуди

можност за еко-штедење. Како дојдовте до идејата за оваа

услуга и кои се предностите на еко-штедната сметка?

Наташа: Идејата беше поттикната од нашите интерни

состаноци за еко-активности. Првично беше предлог-идеја,

а потоа прерасна во проект што успешно го реализиравме.

Со можноста за еко-штедење сите граѓани и компании со

развиена еко-свест можат да ги чуваат своите заштеди во

сигурна германска банка и истовремено да придонесат за сè

поголем број еко-инвестиции.

Ана: Еко-штедните сметки се флексибилни штедни влогови

по видување можат да бидат во денари или во евра и можат

да се користат на банкоматите на „Прокредит“ 24 часа 7 дена

во неделата. Ние сме единствената банка што овозможува

пристап до штедните сметки на банкомат и клиентите можат

во кое било време да депонираат дополнителни средства

или да повлечат пари од својата штедна сметка. Колку

повеќе еко-штедни влогови, толку поголеми можности за

еко-кредити.

Дали има интерес за еко-кредити и за какви инвестиции

најчесто се користи овој вид кредити?

Наташа: Интерес постои и кај компаниите и кај населението.

Досега имаме инвестирано преку 26 милиони евра во екокредити

за енергетско ефикасни производни решенија,

системи за осветлување, греење и ладење, технологии за

заштита на почва и вода, соларни панели... Како и компаниите,

така и физичките лица вложуваат во термоизолации за

своите домови, прозорци и врати, обнова на системи за

греење, ладење и осветлување.

Дали, како вработени во еко-институција, ги практикувате

еко-навиките и во вашиот дом и дали и вашиот личен став за

еко-свеста се поклопува со стратегијата на банката?

Ана: Мојот став за одговорност кон животната средина

целосно се поклопи со принципите на работење на

„Прокредит банка“ уште при запознавањето на екостратегијата.

Позитивните еко-навики што ги стекнав веќе

не се ограничуваат во поглед на место и време. Несвесно

ги практикувам и дома и во парк и на голем број настани со

пријателите. За мене, еко-одговорноста е начин на живот, а

не обврска што морам да ја остварам.

КОЛКУ ПОГОЛЕМА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕКО-ШТЕДЕЊЕ,

ТОЛКУ ПОГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА ЕКО-ИНВЕСТИЦИИ И

ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА.

Дали имате некоја порака или некаков совет што

сакате да го споделите со оглед на тоа што вашата екостратегија

успешно функционира подолго во групацијата

„Прокредит“?

Наташа и Ана: Поддржете ја нашата иницијатива за екоштедење,

отворете еко-штедна сметка и имајте пристап

до вашите средства во кое било време. Колку поголема

иницијатива за еко-штедење, толку поголеми можности за

еко-инвестиции и за подобра животна средина.

„ПАКОМАК“-ПРВИОТ ЕКО-ДЕПОЗИТАР НА „ПРОКРЕДИТ БАНКА“

Една од најеколошките компании во Македонија е пример

што потврдува дека заедничките иницијативи и активности

можат да придонесат за проширување на еко-свеста во

нашето општество. Компанијата „Пакомак“ е првиот екоклиент

на „Прокредит банка“, што го споделува своето

мислење за еко-депозитите на „Прокредит банка“.

„Активно ја поддржувам иницијативата на „Прокредит

банка“ за поттикнување на еколошката свест во општеството

и верувам дека сите заедно можеме да придонесеме за

подобра животна средина и поквалитетен начин на живеење.

Ова е фантастичен потег, се воодушевив и сигурен сум дека

многу граѓани ќе штедат еколошки!“ вели Филип Ивановски,

извршен директор на „Пакомак“.

Мозаик

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

„СКОКОТЛИВИ ПРИКАЗНИ“ – ОНОРЕ ДЕ БАЛЗАК [ЃУРЃА]

Низ единаесет живописни приказни, напишани лесно, течно и духовито, го гледаме

животот во Франција во првата половина на деветнаесеттиот век. Секој расказ е

целина за себе и носи одредена поука. Со оглед на тоа што основните теми се љубов,

сексуалност и односите помеѓу мажите и жените, оваа збирка е занимлива за секого,

без оглед на годините и на искуството.

„БЛУЗ ОД МЕШАНА КРВ“ – ЕСИ ЕДУЏИН [АНТОЛОГ]

Младиот, генијален трубач Херонимус е уапсен во еден џез-клуб. Оттогаш на оваа музичка

ѕвезда ѝ се губи трагата. Имал само дваесет години. Бил германски државјанин. И црнец.

Педесет години подоцна, Сидни Грифитс, сведок на овој настан, одбива да говори за тоа што

го видел. Но, кога на гости ќе му дојде Чип Џонс, пријател и колега од некогашниот бенд, со

приказна дека открил чудно писмо, за Сид почнува патот до искупувањето.

Од зачадените клубови на Берлин и на Париз од пред Втората светска војна до модерен

Балтимор, Сид го води читателот во фасцинантен, недоволно познат свет, во срцето на својата

совест. „Блуз од мешана крв“ е возбудлива и трогателна приказна за расните разлики, музиката,

љубовта и за предаденоста што ја бараме од себе и од другите во име на уметноста.

„СУДЕЊЕ“ – ЏЕЈМС ПАТЕРСОН [ТРИ]

Раскажана со бестрашниот глас на детективот Алекс Крос, „Судење“ е трогателна приказна за

човечкото зло, за љубовта и, пред сè, за храброста. Алекс од својата баба ја слуша приказната

за дедо му и за неговата борба за преживување во времето на Кју клукс кланот. Сега тој им ја

пренесува семејната приказна на своите деца - со романот што го пишува.

Како адвокат во Вашингтон на почетокот на XX век, Бен Корбет ги застапува најтешките случаи

во борбата против расизмот. Претседателот Рузвелт го замолува да се врати во родниот град за

да го истражи реформирањето на Кју клукс кланот, па тој не може да го одбие. Кога пристигнува

во Еудора, Мисисипи, го наоѓа мудриот Абрахам Крос и неговата прекрасна внука Муди, кои го

запознаваат со скриената страна на идиличниот јужначки град. Линчувањата се вообичаени,

а жителите во црниот кварт на градот живеат во постојан страв. Бен има цел да го прекине

владеењето на ужасот - но вистината што се крие зад сето тоа би можела скапо да го чини.

„ИСПОВЕДИ“ – КОЛИН ХУВЕР [АРС ЛИБРИС]

Роман за ризикување сѐ заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу

вистината и лагите. На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сѐ што ѝ е важно.

Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема

простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа

не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму,

Овен Гентри.

Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува

голема тајна да не излезе на виделина. Неговото минато се заканува да го уништи сето она

што ѝ е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли

Овен од себе. За да ја спаси нивната врска, сѐ што треба да направи Овен е да се исповеда.

Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

108

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

Портрет поддржува македонска поезија

Без мене

Како автоматска врата на воз

се затвори мојот живот.

На перонот останаа непознати луѓе,

но секој знаеше кому му мавта.

Во вагоните - куфери, врева,

патници со нозе врз седиштата.

И едно резервирано, до прозорецот,

што сите го меркаа од ходникот.

Во далечина трчаше старица во црно

премалено паѓајќи во тревата,

но возот не го стигна.

Ја повлеков црвената сопирачка.

Врз мене се струполи кондуктерот.

Ја поттурнав вратата и скокнав.

Возот писна, низ прозорците се

надвисна сенка.

Старицата во црно никаде ја немаше.

А мојот живот без мене замина.

Лидија Димковска

од „Црно на бело“ – Или-или, 2016 г.

REBORN ПРЕПОРАЧУВА:

ТРИ НОВИ

МАКЕДОНСКИ

БЕНДОВИ КОИ

ТРЕБА ДА ГИ

ЗНАЕШ

Можеби уште не нè знаеш. Reborn.mk – оние кои веќе една година се трудат да ја заменат твојата постара

сестра која те учи што е добра музика. И не само музика.

Не викаме дека ни успева. Сè што рековме е дека се трудиме. А тоа што низ оваа наша кратка-но-искрена

едногодишна одисеја особено се фокусиравме на нашите локални артисти не е никаква случајност.

Напротив, токму затоа и се решивме да постоиме, а името, Reborn, е симбол на нашата амбиција и намера

за разбранување на културните духови на македонската почва.

Неодамна, истите ние, на потешкиот начин моравме да научиме дека – ако на долг пат немаш клима во

кола, треба барем да имаш добра музика. Поради тоа, во комбинација со неколку други причини, со вас ги

споделуваме трите „наши“ бендови кои планираме да ги слушаме (не само) во кола накај плажа.

Затоа што некои би нè етикетирале како „алапачи” (а ние не би се ни обиделе да го негираме тоа), и затоа

што доколку се опуштиме колку што сакаме ќе мора целосно да го окупираме ова издание, поопширната

верзија од овие три интервјуа ќе можете да ја најдете кај нас на www.reborn.mk.

Фотографии: Елена Фиданска

110

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

ЗАД АГОЛОТ Хип-Хоп [Скопје]

Иако не се баш нови, со нивниот последен албум, „Зад

Шпиунката“ (април 2016), Зад Аголот преминаа во една

друга лига на македонската хип-хоп сцена. Тие прераснаа во

музичари со концепт и вистинска посветеност кон квалитетот

на својот продукт (звучно и визуелно) и глас кој треба да биде

сфатен сериозно.

Од издавањето на новиот албум, па до денес се случија неколку

промо забави. Има ли некоја интересна случка поврзана со нив

што би ја споделиле?

Настан Х Пловдив. Бевме гости кај нашиот брат по рап - Dj Skill.

Вечерта идејќи накај клубот, видовме деца како играат би-бој,

со бумбокс со сè, со сите нишани. Бевме фасцинирани затоа

што кај нас би-бојот почнува и завршува со ромите.

Ги разминавме и после некое време приметивме дека нè следат.

Пријдоа децата, нè препознаа, се испоздравивме како прави

стари другари, извадија локален поздрав, ги викнаа нивните

пријатели би-боери, рапери со муабетот „Еј Зад Агл се тук" и на

крајот дури нè испоштоваа на настапот во Софија. Многу е јако

кога она што го правиш и пораката што сакаш да ја пренесеш

допира до места кај што не би помислил... не, стварно не би

помислил дека едното дете беше од Омск, Сибир!

На крајот на јуни го објавивте спотот за песната „За кого бијат

камбаните“. Спотот е колаж од филмови во кои темата се

балканските војни, а песната е своевидна антивоена химна.

Очигледно, песната е инспирирана од истоимената новела на

Ернест Хемингвеј. Судејќи според последните ваши ствари,

изгледа дека сте приврзаници на класичната литература.

Кои се трите книги-класици кои според вас се задолжително

четиво?

Песната ја напишавме минатата година, во мај, периодот кога

актуелни беа немирите во Куманово (што брзо заминаа под

тепихот, како да не постоеле). Рефренот е инспириран од

поемата на Џон Дон, а истовремено и од Ернест Хемингвеј. Антивоена

химна е добра фраза, ни се допаѓа. Ова е нов милениум,

каде луѓето имаат пристап до информации и не е тешко да се

заклучи дека честопати сме жртви на висока политика и туѓи

интереси, време е да еволуираме во помудри суштества.

Три класици кои би ги препорачале: „Така зборуваше

Заратустра“ – Ниче, „Демијан“ – Хесе и „Мојата борба“ – Хитлер.

Што е следно за екипата?

Периодов работиме на ново видео – „Мамата у книшка“. Кон

крајот на годинава, или почетокот на следната, од Зад Аголот

Продукција може да се очекува и првиот албум на Контра

Напад, кој е во финална фаза, вториот „Pick Up The Pieces”

на кој работат Даре и Баже и уште еден проект за кој нема да

откриеме ништо во моментов, само дека во план е да биде готов

септември или октомври.

111

KHARA Пост-рок [Куманово]

Инструментален пост-рок бенд од Куманово формиран во

2014-та година. Пред неколку месеци тие го издадоа својот

прв студиски албум – „There Were Heroes Amongst Us”. Ако ги

сакате Mogwai, Explosions In The Sky и This Will Destroy You,

тогаш најверојатно ќе ви се допаднат и KHARA.

Има ли некакво значење во името на бендот?

Името на бендот потекнува од монголска митологија. Имено

еден од првите шамани се нарекувал Morgon Kara. Му го

земавме презимето и додадовме една буква, онака естетски.

Кажете ни нешто повеќе за кумановската рок сцена. Има ли

некои други интересни, нови бендови?

Пополека се развива и нашата сцена. Многу млади дечки

како нас пробуваат да направат нешто различно. Има неколку

нови артисти, меѓу кои NBK & Twister, Madara, Drioma и

староседелците TV Rage.

Ве запознавме преку песната (и спотот) „Ode to Edwin J. Hill”.

Кој е Edwin J. Hill?

Најпрвин, целиот албум „There Were Heroes Amongst Us” е

тематски поврзан со војна и хероизам. Edwin J. Hill бил капетан

на американскиот брод USS Nevada при нападот на Pearl Harbor.

Во целата паника неговиот брод тргнал додека сè уште бил

закотвен на пристаништето. Edwin скокнал, пливал наназад и

со голи раце го ослободил бродот. При враќањето назад бил

убиен од авионска бомба. Заради неговите акции е еден од

првите добитници на Medal of Honor. Токму затоа мислевме

дека е вреден да се спомне во нашите песни.

Едвај чекаме да ве гледаме на концерт. Каде и кога настапувате

следно?

Моментално правиме мала пауза, а крајот на август продолжуваме

со концерти. Прво свириме во Софија, Призрен, Приштина и

Нови Сад, а се надеваме дека ќе успееме да организираме и

самостоен концерт во МКЦ, некаде октомври или ноември.

112

FIERCE Џез [Скопје]

Современ џез квинтет од Скопје. Нивниот прв албум, кој го

издадоа во ноември 2015, треба да биде задолжителен дел од

албум колекцијата на секој македонски џез-љубител.

Моментално работите на вашиот втор по ред студиски албум

кој ќе биде снимен во септември. Што да очекуваме од

материјалот?

На албумот ќе се најдат осум до десет теми, кои веќе ги

изведуваме на нашите настапи. Идентитетот на Fierce е

задржан, секако. Ама сепак има разлики и еволуција од првиот

материјал, во однос на композиција и аранжман, и донекаде во

жанровите кои ги покриваме досега.

Кои 5 џез албуми влијаат на тоа како звучите вие денес?

„Season of Changing“ – Brian Blade & The Fellowship Band,

„Stretch music“ – Christian Scott, „Skala“ – Mathias Eick, „Unspeacable“

– Bill Frisell, „Radio Music Society“ – Esperanza Spalding.

Еве и еден бонус: „The Sound of Summer Running“ – Marc

Johnson.

Како би му објасниле на дете од 5 години што е џез?

Тобоган со многу кривини. Лулашка што се врти додека оди

напред-назад. Приказна што ја прераскажува, а ја слушнал од

дедо.

Сепак така би се опишало само чувството. За да го разбере

процесот и суштината, ќе треба да порасне.

Кои актуелни македонски артисти, според вас, треба сите да

ги знаеме?

Кабадајас, Гоце Стефковски Септет, The Black & Vice Social

Club, DJ Gloomie и Pluto’s Doubts.

113

114

Jавноста го познава Војо Иванов како вистински љубител на животните,

а неговата продавница за миленици „ЗОО Вивариум“ беше интересна

и препознатлива и по егзотичните видови. Како што вели и самиот,

повеќе од еден месец го живеел својот сон во прифатилиште за див

свет во Јужноафриканската Република. „Детето од џунглата“ раскажува

интересни и необични ситуации од прифатилиштето во ЈАР, неговата

желба за фотографија и неговите миленици од кампот.

Додека моите врсници се дружеа меѓу себе, јас секое

слободно време го користев да го поминам во зоолошката

градина во Скопје, работев во терариумот и чував камили.

Забележан по мојата волонтерска работа таму, случајно

јавноста ме запозна по неколку интервјуа, а подоцна и

како одгледувач на животни дома. Логично, тоа премина

во моја професија и ја отворив мојата продавница и „втор

дом“, „ЗОО Вивариум“. Цели десет години ги посветив на

продавницата, од 18 години, кога немав ни идеја што значи

бизнис. Ме водеше меракот да работам со животни, а и да

се доближам до јавноста. Работев на повеќе видеа, реклами,

филмови, буквално секаде каде што се појавува животно бев

во близина, до или пред камерите, така пораснав. :)

Работите се сменија во 2014 година кога посакав промена,

па така бизнисот го оставив како мое драго сеќавање за тој

период од животот. Поплава ми ја уништи продавницата и

немав сила да ја обновам, премногу емоции отидоа „во вода“.

Како дел од промената се случија неколку соработки и обуки

низ европските зоолошки градини како чувар во зоолошка

градина и човек кој го проучува однесувањето на животните

(animal behaviorist), па како дел од светската организација

за чувари во зоолошки градини дознав за прифатилиштето

за див свет во Африка, по што им пишав и ме повикаа. Се

работи за прифатилиште на сите повредени африкански

животни со особен акцент на загрозените, како носорози и

панголини.

Во прифатилиштето престојував повеќе од еден месец, што

е доволно време да се почувствува ситуацијата и рутината

во која живеат. Логично беше да го видам и другиот крај

на приказната. Работам со животни кои живеат со луѓе,

најчесто во зоолошки градини, и толкувам нивно однесување

и се грижам за нив. Убаво беше да се почувствува и нивната

природна средина, да ги почувствувам дивиот дух и слобода

на животните. Иако, да бидам искрен, малку сум разочаран

од тоа колку брзо имаме уништено голем дел од таа природа

и што е всушност „слобода“.

Целата група волонтери живеевме во камп, во шатори среде

таа савана, оградени со ограда од струја, а напуштањето на

кампот беше рано наутро околу пет или шест часот строго

од возила на кои носиме храна за прихрана и евентуална

потреба за интервенција, но фактот дека на таа територија

живеат девет слона, 40 жирафи, 20 лава, 200 зебри и

антилопи и што сè не, даваше комплетно различен тек на

денот, различен профил на ангажман, нешто за кое копнеев

од дете. Среде ноќ се станува зашто слон на неколку метри

корне дрво, бидејќи му смета на патот. При излегување

наутро од шатор, стадо зебри се на поилото пред нас и пијат

вода. Искуството е бесценето! Цел живот ќе зборувам за ова

(хахаха).

Немав претстава дека на 15 години ќе ме има на вести, на

насловни страници како „детето од џунглата“, напротив

бев многу повлечен и срамежлив, имав тешко детство и

тинејџерски период, бидејќи поминував низ развод на

моите родители. Уживав да комуницирам со животните и

веројатно помагајќи да имаат среќно семејство и бебиња,

така и пораснав, размножувајќи еден тон видови, сè што

може и не може да се чува во стан. :) На 16 години веќе

работев за МРТВ и за образовната програма, тогаш го земав

и првиот хонорар и бев многу среќен. Камерата ми донесе

моќ, моќ да пренесам порака, да пренесам информација, но

и финансиска моќ, да имам пари да патувам што сум си ги

заработил сам, немаше подобро од тоа. Тогаш се роди таа

желба и магија кон објективот и тоа црвено светленце на

камерата. Режисерката тогаш велеше: „Како мачка си пред

камера, како и да те фрли човек, застануваш на нозе“. Таа ми

помогна за многу работи во животот, а веројатно детската

искреност пред неа ми создаде луѓе кои веруваат во тоа

што го правам, односно созреавме заедно. Подоцна почнав

да работам и како негувател на животни (animal handler) за

филмови, видеа, реклами и уште повеќе учев за техниката

и добивав искуство за кои веројатно сум најблагодарен на

МРТВ. Имам часови поминато кај Кире во документација.

:) Тие што работеле таму знаат. Кога дојде на ред да одам

за Јужноафриканската Република знаев дека не можам да

донесам животно, па посакав да си земам дел од земјата со

мене. Затоа цела заштеда ми отиде на камерата и билетот, а

подоцна сфатив дека на луѓето им се допаѓа мојата работа,

па решив да ја документирам во еден настан во што со

насловот „Јас не сум фотограф“, веднаш се оградив. :)

Никогаш не сум се плашел од бубачки и комарци како сега.

Обично ме поврзуваат со храброст, бидејќи работам со

змии и крокодили, ама некако инсектите немам начин да

ги контролирам и ме паничат. Имав и аларм за таблети или

спреј по неколкупати на ден за да не заборавам. Имаше и

опасни и комични ситуации во прифатилиштето. Еднаш, со

газдарицата се заглавивме во „тампон-зона“ кај лавовите,

па морав да рипам преку ограда од три метри, за да

скокнам пред нив и да ги затворам инаку ќе ни отидеа кај

тревопасните животни.

Природата и животните ми беа очекувана и позната тема, а

нешто што не очекував дека ќе ме повреди толку беа луѓето.

Работевме и на тајна мисија за да дојдеме до информации

кој од локалните жители продава или нуди услуги за да

продаде рог од животно, но и работев за полицијата за

животни, па често одевме во сиромашни подрачја и села

каде што разговаравме со локалци. Толку бев потресен од

нивните приказни што една ноќ станав и ги избришав сите

ликови што ги фотографирав неколку денови. Не можев да

поднесам колку тага носеа тие лица, очи... особено децата.

Фактот што секое четврто дете под десет години е ХИВпозитивно

затоа што е силувано, бидејќи се верува дека ако

имаат односи со нив ќе се излекуваат или фактот дека речиси

секое трето дете има маларија, примаат таблети, терапии,

мене со вечери не ми даваше сон... не можев да го поднесам

животното во човекот што го видов... ниту, пак, фактот колку

ние се трудиме да си ставиме маски и едни културни рамки,

ние од белата раса или ние цивилизираните... Таа приказна

ќе пробам да ја раскажам во септември.

Со животните ми беше секогаш убаво, па дури и кога

требаше да се транспортира исечкана жирафа за лавовите,

да се извадат антилопи кои умреле заглавени во дрво, да

се хранат нилски коњи кои дошле од европски циркуси.

Си имав и миленик, крокодил кој се викаше Лојд. Чував и

носорог, кој живееше со крава по име Бела, носорогот се

викаше Шаву или уметничко име Вини. Поради тоа, луѓето од

прифатилиштето по цел ден викаа по мене: „Војо, престани

да се спријателуваш со дивите животни“. :)

116

Првите денови во кампот имав полн шатор гуштери, потоа

ме ограбија мајмуните, кои влегле додека бевме на работа,

па се послужиле со сè што имав. Ми недостигаа витамините,

крем за заштита од сонце, термометарот, што потоа си ги

наоѓав низ кампот. :) Следни беа мунгосите, кои влегле во

шаторот и уринирале секаде, сакајќи да ми кажат „бевме,

но тебе те немаше“. Потоа почнав да спијам со кучињата со

кои одевме на ноќна патрола, од осум шатори секогаш знаеја

да го најдат мојот. :) Многу ситуации што ќе ги паметам цел

живот!

Во иднина ќе се потрудам да склопам стотина добри

фотографии од престојот во ЈАР, како и едно кратко

документарно филмче посветено токму на носорогот, како

и на еколошката култура, но и фактот како ние сите сме дел

од тоа зло. Сакам да ги мотивирам луѓето да ги купат за да

се сеќаваат на пораката што ќе им ја оставам, а дај боже да

соберам доволно пари за да реализирам еден нов проект,

што ќе треба да ѝ помогне на Африка, но и да едуцирам

млада публика која ќе треба да ме замени еден ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

НИЗ ГОДИНИТЕ

НАУЧИВ... ДИЏЕЈ ЧВАРЕ

Кога мислам на гастрономско уживање мислам на... висококалоричниот хамбургер од „7-ца“.

Да не можам без... Искра.

Да имам нула толеранција за... селфи.

После журка да... не заспијам на автопат.

Да си артист во Македонија значи... да сликаш слики на мост, за да имаш пари за тост.

Кога мислам на добар албум да мислам на... „Панини“.

Кога сум под стрес да не... отворам уста.

Да си дел од урбана мода е... сигурен сум дека не е само да носиш брада.

За своја душа да си пуштам... нешто од домашната колекција на плочи.

Да уживам во... сѐ.

Да не можам да премолчам... имам уште многу работи да

научам, а премолчувањето е една од нив.

Кога одбирам соработници најважно ми е... да не сум најдобриот во собата.

Да си културен амбасадор значи... да си дипломат со манири.

Да растеш со добра музика е... реткост во Македонија.

Особено сум горд на... соседите што ме издржаа и не викнаа полиција, кога звучев ужасно, во текот на тренинг-сесиите.

Да се стремам... да не гледам назад.

Дека најдобрата жена мора да е... моја.

Да не простувам... напротив, научив да простам сѐ и секому.

Најважно ми е преку мојата музика да... едуцирам, да

поставувам стандарди и критериуми за квалитет.

119

Мозаик

ПАТУВАМЕ СО

ДРАГАН ТАПШАНОВ

Фотографија и текст*: Драган Тапшанов

Парада на гордоста – Брисел 2016

„Белгиската лезбиска и геј парада“ е настан што почнувајќи од 1996 година, се

одржува во Брисел, еднаш во годината. Годинешната парада помина во духот на

смела и енергична атмосфера, бидејќи нејзините учесници се обединија против

трагичните терористички напади што се случија овој март во Брисел.

120

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

121

PET CAM

АЛЕК НАУМОВСКИ И НЕГОВОТО МИЛЕНИЧЕ МАРЈАНА.

122

Фотографија: Жарко Чулиќ

Се зборува за...

ШПАРКАСТИЧНО

ПАТУВАЊЕ СО „ШПАРКАСЕ

БАНКА МАКЕДОНИЈА“

„Шпаркасе банка Македонија“, по повод свеченото отворање

на фестивалот „Пивофест“, во соработка со „Македонски

железници Транспорт“ АД, организираше ексклузивно патување

со воз на релација Скопје-Прилеп-Скопје. На „Шпаркастичното

патување“ присуствуваа многубројни гости, соработници и

вработени во „Шпаркасе банка Македонија“, а посебен вагон

беше резервиран и за #smladi – корисниците на Пакетот за млади,

чиешто присуство го направи ова патување уште поинтересно.

Како дел од посетата на Прилеп, клиентите и соработниците

присуствуваа на свеченото отворање на експозитурата

на „Шпаркасе банка“, на нова локација во градот. На овој

настан банката го промовираше новиот и модерен изглед во

кој се обновуваат експозитурите, со внатрешно уредување

и надворешно брендирање согласно со стандардите на

„Шпаркасе“ и групацијата „Ерсте“. Воедно, претставниците од

банката го промовираа концептот за опслужување на клиентите,

овозможувајќи им целосна понуда на банкарски производи и

услуги на едно место, вклучувајќи и понуда за осигурување и

лизинг преку своите партнери и соработници „С-Лизинг“, „Винер

Осигурување“ и „Винер Лајф“.

Како дел од „Шпаркастичното патување“, за сите гости и

соработници беше организирана посета на фестивалот

„Пивофест“, каде што на штандот на Прилепска пиварница

гостите уживаа во добрата атмосфера. На полноќ заврши

„Шпаркастичното патување“ со враќање со возот до Скопје.

КОНЦЕНТРИРАНА,

ПРИРОДНА НЕГА НА

КОЖА СО ФЛУИДИТЕ

BABOR BEAUTY

Извлечете максимум од производите за нега на вашата

кожа, така што ќе користите интензивни и концентрирани

производи. Токму овој пристап е инкорпориран во

филозофијата на флуидите Babor и Babor beauty. Тие

содржат висококонцентрирани, природни активни состојки

и даваат убедливи резултати што можете да ги видите и да

ги почувствувате. Комбинацијата на стерилно пакување и

ампули со индивидуална големина исто така ја обезбедува

најчистата форма на нега на кожата.

Флуидите Babor beauty обезбедуваат ексклузивна нега на

кожата во најконцентрираната форма и вклучуваат повеќе

активни состојки во висока доза за секој тип и состојба

на кожа. Предусловот за добри резултати и видлив успех

е седумдневен интензивен третман. Затоа, флуидите Babor

beauty се нудат во комплети од седум ампули од два

милилитра. Но, успехот на третманот за нега на кожата

понатаму може да се засили со комбиниран третман што трае

три до четири недели. Колку е подолг третманот, толку се

поинтензивни и потрајни резултатите.

Флуидите Babor beauty се класифицираат во следниве

категории: хидратантни, регенеративни, против стареење,

заштитни (против слободни радикали), балансирачки.

Расположливи се за сите типови и состојби на кожа и го

формираат идеалниот почеток на неделниот домашен

третман.

ДИЗАЈНЕРСКАТА ПРИКАЗНА НА FRAN

Модното студио FRAN е место каде што ултрамодерниот моден дизајн, дополнет со

креативен и софистициран мејк-ап, професионален стајлинг за фризури и изработка на

нокти со најсовремени техники прераснуваат во комплетен стајлинг, што редовно остава

без воздишки.

Моливчето на младата и талентирана дизајнерка Фросина Ангеловска создава тренди, а

бајковити креации, притоа задржувајќи ја потребната доза на префинетост и оригиналност.

Елегантна коктел или вечерна тоалета, модерен невестински фустан, впечатлива матурска

креација, уникатни бизнис-модели, невообичаени дневни парчиња...

Студиото FRAN веќе трета година по ред се издвојува како едно од најквалитетните и

најпрофесионалните во Скопје, а за тоа сведочат многубројните задоволни клиенти,

естрадни уметници, остварени соработки, фотосесии, едиторијали и ревии.

А кога кон ова ќе го додадете и професионалниот стајлинг за фризури, магијата на вештите

раце на еден од најдобрите стилисти во Скопје – Ѓорги Тренов, кој од неодамна е дел од

тимот млади професионалци во FRAN, комплетниот стајлинг со кој ќе излезете од ова

студио дефинитивно ќе биде забележан и сигурно запаметен...

123

Јин-Јанг

ЃОКО ЗДРАВЕСКИ - ПОЕТ

МРЗЛИВОСТА Е ИЗГОВОР

ЗА НАСОБРАНИТЕ

СТРАВОВИ

Освестената тага е ослободена од гнев,

лутина и одмаздољубивост

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: На поезијата не ѝ можеме ништо! Што ја прави вашата

поезија популарна во време на лајкови и брзи инстантвредности?

ЃЗ: Копнеам својата поезија да ја ослободам од себеси и себеси

да се ослободам од неа, како што родителот и детето заемно се

ослободуваат кога ќе дојде времето за тоа. А на поезијата не ѝ

можеме ништо затоа што неа не ја засегаат световните аршини

со кои поетите си ги мерат своите суети.

АЈ: Има ли живот надвор од полисот?

ЃЗ: Ова прашање првпат си го поставив кога од возот во една

европска држава видов огромна канализациска цевка под

ископаниот асфалт. Дијаметарот на таа цевка ми се виде како

метафора за тоа колку сме зависни од цивилизацијата. Од раѓање ни

е удрен мурот. Потоа си го поставив прашањето: Има ли живот отаде

полисот?

АЈ: Што најмногу те вознемирува кај себе?

ЃЗ: Мрзлив сум до бескрајот. Ама, за да биде бељата поголема,

свесен сум дека мрзливоста е всушност само изговор за насобраните

стравови. И тоа страшно ме вознемирува.

АЈ: Свесноста за тагата ја прави тагата убава. Зошто?

ЃЗ: Затоа што освестената тага е ослободена од гнев, бес, лутина,

одмаздољубивост. Како што освестената љубов е ослободена од

љубомора, страв, страст и од потребата некој да биде нечиј.

АЈ: На кои полиња во општеството сте активни?

ЃЗ: Не се доживувам како општествено активен. Со текот на времето

сфатив дека, всушност, ич не се разбирам во општество, повеќе сум

по природата. Целиот тој систем ми е бесмислен и лажен. Дејствувам

ќутенката, скраја, без другите да знаат.

АЈ: Во Скопје ме нервира...

ЃЗ: Вишокот. Во Скопје има сѐ помалку празен простор.

АЈ: Добрите луѓе ги препознавам по...

ЃЗ: Наивно верувам дека сите луѓе се добри, само што некои од нив

лошо се справуваат со болката, па стануваат диктатори, на пример.

АЈ: Општеството е гнило кога...

ЃЗ: Целата цивилизација ми се чини гнила, гротескна, превртена на

глава. Тоа ме прави малодушен и можеби затоа некогаш молитвата и

медитацијата ги доживувам како бегство.

АЈ: „Кога пишувачот ќе си го растрепери сопственото срце, ќе може

да ги растрепери и срцата на останатите. Без лага, без китење“. Кои

болки во животот не ги скривте од очите на јавноста?

ЃЗ: Тие што не ги скрив од себеси.

АЈ: На политичкиот кантар најмногу тежат лагите за...

ЃЗ: Лагите што ги мислиме вистини, па со сета страст се бориме за

нив. Ѓаоло ни ора, ни копа...

АЈ: Споменик би му/им изградил на...

ЃЗ: Збоктисано ми е од споменици.

АЈ: Најсоголен се чувствувам кога...

ЃЗ: Кога зборувам во сон. Само што досега никој не запишал што

имам кажано.

АЈ: За секое грнче, има капаче. :) Кое е вашето капаче?

ЃЗ: Има едно. И не е од „кока-кола“. :)

АЈ: Омилена филмска реплика ми е...

ЃЗ: „Не ми е добро. Не ти е добро ни тебе. Не им е добро ни на луѓето

надвор. Не ѝ е добро на моќната Турска Империја. Народот бара

правда. Феудална Турција повеќе не била праведна. Кога ќе умреме,

ќе ни се помочаат на моќта“.

АЈ: Август е месец на/за...

ЃЗ: Џиткање главечки во витлите на Дрим. И се пушташ реката да те

носи.

124

Јин-Јанг

АНА БУНТЕСКА - ПОЕТЕСА

ТАГАТА Е НАЧИН ЗА

ВРАЌАЊЕ КОН СЕБЕ

Општеството е гнило кога луѓето

немаат избор да го живеат она што го

заслужуваат и сакаат

АЈ: На поезијата не ѝ можеме ништо! Што ја прави вашата

поезија популарна во време на лајкови и брзи инстантвредности?

АБ: Искреноста што вреска од секој збор зад кој стојам!

АЈ: Има ли живот надвор од полисот?

АБ: За човек кој знае како да живее, има живот секаде. Дишењето

со полни гради и спокојот се основа за сè.

АЈ: Што најмногу ве вознемирува кај себе?

АБ: Чувствата. Избегнувам да читам што сум напишала, оти ми се

има случено да останам вџашена од себе... од каде тие чувства?

Од каде таа тага? Од каде знам нешта за кои сум сигурна дека

барем во овој живот не сум ги минала? Таму немам контрола и

затоа имам страв... или, како што напати знам да напишам, „без

усул“ сум.

АЈ: Свесноста за тагата ја прави тагата убава. Зошто?

АБ: Исто како и среќата, така и тагата му е потребна на човек. Таа

е начин за враќање кон себе, нурнување во сопствениот живот.

Тагата прави чуда во уметноста и ги покренува механизмите во

човек да се случуваат промени.

АЈ: На кои полиња во општеството сте активни?

АБ: Секаде каде што сум повикана или онаму каде што мојата

совест и свест инсистираат да бидам. Секаде сум присутна

доколку е тоа во согласност со моите етички и морални начела.

АЈ: Во Скопје ме нервира...

АБ: Отсуството на мирисот на градот што го љубев како дел од

мене. Сега ми мириса на застоено, на лошотилак, ми мириса

на несреќни луѓе и неубав вриеж. Некогаш се чувствувам како

да снемувам воздух, притисната од бетон и некое константно

сивило, за кое уште се надевам дека ќе го снема ако провее ветар,

доволно силен за да му даде живот на Скопје. Баш пред извесно

време имав напишано песна за градов што како веќе да не е мој.

АЈ: Добрите луѓе ги препознавам по...

АБ: По пенџерињата на лицето. :) Чудесна работа се очите, ако

знаеш да видиш, сами ќе ти кажат сè за човекот. Добрите или,

како што милувам да ги наречам – убавите луѓе, имаат посебен

поглед и сјај, чистота во погледот.

АЈ: Општеството е гнило кога...

АБ: Општеството е гнило кога народот е несреќен! Кога повеќе се

занимаваме со политика и немаштија, отколку со нешта што ни ги

полнат душите со убости. Кога имаме одлив на умни и млади деца.

Општеството е гнило кога луѓето немаат избор да го живеат она

што го заслужуваат и сакаат.

АЈ: „Кога пишувачот ќе си го растрепери сопственото срце,

ќе може да ги растрепери и срцата на другите. Без лага, без

китење“. Кои болки во животот не ги скривте од очите на

јавноста?

АБ: Сакам да се подбивам со смртта оти ѝ се плашам. Страв ми

е оти ќе ми се поболи телото од преголема емотивност, дека

најголема радост и болка е ќерка ми (оти за дете најмногу боли),

дека успеав да преживеам љубов што се случува еднаш во

животот. Јас болките не ги кријам, немам потреба од тоа. Таква

сум, таа сум... една од многуте со свои паранои и неостварена

љубов, тага и моменти на нескриена среќа. Не глумам, немам

време за тоа, ниту, пак, волја.

АЈ: На политичкиот кантар најмногу тежат лагите за...

АБ: Старите велат... испружи ги нозете онолку колку што ти е

долга чергата. Не ветувај она што не можеш да го исполниш,

особено не на сиромашен и напатен народ. Нечиј глас можеби се

купува со лаги, ама цената е душата и здравјето на човекот.

АЈ: Споменик би му изградилa на...

АБ: Нема веќе место за споменици во градов. Не сум по

спомениците, повеќе би изградила детски парк, со многу

зеленило и смеа внатре.

АЈ: Најсоголена се чувствувам кога...

АБ: Кога пишувам или кога одговарам на вака умесно поставени

прашања. :)

АЈ: За секое грнче, има капаче. :) Кое е вашето капаче?

АБ: Уште си го бара грнчето. :)

АЈ: Омилена филмска реплика ми е...

АБ: “You cannot find peace by avoiding life, Leonard”- Вирџинија

Вулф, „Часови“

АЈ: Август е месец на/за...

АБ: Смеа, радост, тага, немир, борба, страст, љубов – ЖИВОТ. Да

ставиме лајк на својот живот, каков и да е... оти друг немаме!

Фотографија: Жарко Чулиќ

125

Изборот е слобода

ВО СТИХОВИТЕ

НА КНИГИТЕ ЈА

БАРАМ МАЈКА МИ

СИНОЛИЧКА ТРПКОВА-МЕЛЕС - АКТЕРКА И АКТИВИСТКА

Пишува: Ана Јовковска

Да изберам омилена книга, филм или град за мене значи да ги најдам нештата во нив со кои се имам соживеано. Да бидам уште попрецизна

– нештата што допреле до моите чувства, мисли и погледи на свет. На различна возраст, искуствата се различни. Ракурсот на гледање и

препознавање на светот низ целиот живот се менува. Само нашиот карактер останува непроменет, можеби „поизгладен“, посовршено лош

или добар, или како што вели филмскиот режисер Херцог: „Не постојат вистински ликови кои го менуваат карактерот во приказните за 180%“.

Не знам дали е така во животот, ако филмот е живот, но моето искуство вели дека Вернер е во право. Искрено, немам видено лошотија од

човек да стане безмерно добар или еден искрен и чесен човек да се престори во лажго и измамник. Тоа што ми било омилено во младоста ги

предизвикувало истите емоции и мисли, како тоа што ми е омилено денес.

КНИГА: ГОЦЕ СМИЛЕВСКИ ЈА РАЗБРАНУВА МОЈАТА ЖЕНСКА СИЛА

Гоце Смилевски како писател ја разбранува мојата женска сила. Често ја раскажувам личната

приказна за „Сестрата на Фројд“, што имав привилегија да ја читам на холандски јазик (одличен

превод). Така, преку друг јазик, во време кога минував низ лични премрежиња и кога не знаев

дали ќе станам или ќе легнам, тој ме стана – во буквална и преносна смисла. Ми дари најубав

подарок преку последните мигови на животот на Адолфина. Звучи страшно, но целата таа

приказна за мене беше еден вид катарза. Не знам дали некој наумил да направи филм од овој

роман, но сигурна сум дека тоа би бил голем предизвик.

ФИЛМ: ФИЛМОВИТЕ НА ХЕРЦОГ МЕ ДОПИРААТ ВО СРЦЕ

Омилени ми се филмовите на Вернер Херцог (Grizzly man, Into the abbys, Aguirre the Wrath

of God, Encounters on the end of the world). Не затоа што можат да го променат светот, зашто

филмот како што тој самиот вели – не може ништо да промени, но може да даде различен агол

на гледање на нештата. Тој низ своите филмови го истражува човечкиот материјал и неговата

издржливост. Ги растега границите на разбирање на неразбирливото, на документарен и

опиплив начин. Тој нема во ниеден момент да ви го наметне својот став, ниту, пак, ќе се труди

да биде поучен и да носи заклучоци, туку одлично ќе ја раскаже приказната, ќе ве допре в срце,

тивко, суптилно, на невообичаен начин и ќе ве изненади со исклучителен хумор.

126

Изборот е слобода

ГРАД: ГРОНИНГЕН Е ГРАД НА МЛАДОСТА

Гронинген е град во кој не можеш да бидеш стар. Град што бара од сите, без разлика

на возраста, динамичност! Студентски град, во кој кога и да одам се случува нешто

интересно. Град во форма на младо човечко тело, што со себе ја носи како пердув својата

векови стара историја. Град како од бајките, со мали куќички, надвиснати над тесните

канали низ кои често минуваат вчудовидувачки големи бродови со високи јарболи, со

подвижни мостови и мали улички преполни со велосипедисти... Автомобили нема во

центарот на градот, оти сè е направено по мерка на пешакот, велосипедистот и оние што

пловат. Град како создаден за мене.

СЕМЕЈНА АРХИВА: МАЈКА МИ МИ ОСТАВИ УНИКАТНИ КНИГИ

ВО НАСЛЕДСТВО

Мајка ми ми остави книги во наследство. Некои од нив се навистина уникатни и со лични

посвети од разни писатели, некои се смешни и далеку од ова време, некои се историја,

некои – само емоција. Ги чувам како што би ја чувала неа. Чепкам некој пат низ нив, за да

ја пронајдам во некој стих, збор или мирис.

ТЕАТАР: ВЛАСТА ГИ ОБЛЕКУВА И ГИ СОБЛЕКУВА АКТЕРИТЕ

КАКО САКА

Не одам во театар, зашто театарот е киднапиран. Актерите станаа костими на власта за

плата. Власта ги облекува и ги соблекува како сака. Тешко е да ги зачуваш своите жар,

страст, талент и знаење, негибнати и чисти денес. Да, верувам дека постојат многу актери

кои сè уште го можат тоа, но во контекстот на „гардероба“, јас како актер одбивам да висам

на чивилук или да бидам публика. Можам само да ги издвојам претставите на Унковски

(„Солун град на духови“ и „Ајнштајновите соништа“). Тие те враќаат на вистинските

вредности на актерот и актерската игра. А сите што навистина копнеат по исконската

невиност и искреност во театарот, ќе можат сè уште да ја видат и да ja доживеат на

Факултетот за драмски уметности. Испитните претстави на младите актери-студенти, кои

се обично на крајот од годината или на Академската сцена во текот на целата година, се

можеби последните искри на вистината на сцена. Вреди да се погледнат.

ПАТУВАЊЕ: СВЕТОТ Е ГОЛЕМО ОГЛЕДАЛО ВО КОЕ МОРАМЕ ДА

СЕ ВИДИМЕ СЕБЕСИ

Патувањата се најубавата работа што можат да му се случат на човекот. Да знае дека

Македонија не е крајот, почетокот или центарот на светот. Да може да си ја одмери силата

и моќта на перцепција во друг контекст и друга географија. Преку патувањата човек

најмногу учи за себе или како што мојот омилен филозоф Монтењ вели: „Патувањето низ

светот создава исклучителна јаснотија во просудувањата кај луѓето. Светот е едно големо

огледало во кое мораме да се видиме себеси, за да можеме да се знаеме себеси“. Затоа,

секогаш кога можам – патувам.

INSTAGRAM ИНСПИРАЦИЈА

Добра летна фотка подразбира: Сино и сонце. Фетиш:

Птичја перспектива. ;)

Летни фотки од нозе, да или не: Не, премногу се. Ретко да се

најде уникатна.

Омилена летна дестинација за фоткање: Грчки острови.

Добра летна фотка подразбира: Добра летна фотка треба

да жари и да пали! Рецептот оди вака: мохито, палми, сонце,

вода и доволно бикини... може уште малку бикини... ах, да... и

понекој фотограф, хаха.

Летни фотки од нозе, да или не: Зависи од нозете...

Омилена летна дестинација за фоткање: Лично, никаде не

излегувам без фотоапарат, така што си наоѓам интересни

мотиви од секоја локација независно од сезона... и ај ќе бидам

скромен и ќе изберам македонска локација. Две, поточно.

Берово и Охрид.

@kjandovski

Ристе Кандовски

@millennial.girl

Софија М. Јандреоски

@piskachev

Горан Пискачев

@tr_viktor

Виктор Трајковски

Добра летна фотка подразбира: Доколку е пејзаж да се

застапени ведри и топли бои што асоцираат на одмор и мирно

лето, или онаа добро позната селфи-варијанта на весело

друштво во опкружување на плажа и море.

Летни фотки од нозе, да или не: Дефинитивно НЕ.

Себеекспонирањето може да се изрази и на поинаков,

покреативен начин.

Омилена летна дестинација за фоткање: Би ги издвоил

грчките острови (Лефкада и Крф) што изобилуваат со убави,

тиркизни плажи, но она што ми остава најмногу впечаток е

специфичната архитектура на гратчињата.

Добра летна фотка подразбира: Фотографија што на прв

поглед оддава впечаток на безгрижност, светлина, слобода...

Летни фотки од нозе, да или не: Хаха, мислам дека сите

имаме по некоја, иако можеби јавно необјавена. :) Хм... немам

ништо против тие фотографии, можат да бидат пристојни и да

доловат вистински летен момент.

Омилена летна дестинација за фоткање: Со малку инспирација,

која било дестинација е соодветна за фотографирање во

лето, без разлика дали станува збор за планина, море или

град. Лично, во овој период, преферирам фотографии што ја

потенцираат природата во нашето опкружување.

128

ЛЕТОТО Е ВО ПОЛН ЕК! ОНИЕ ШТО СЕ НА ОДМОР ИЛИ НА ВИКЕНД СО ЗАДОВОЛСТВО ГИ СПОДЕЛУВААТ

СВОИТЕ DAYS OFF СО ХАШТАЗИ КАКО #SUMMER #SEA #TRAVEL И СЛИЧНИ. ОНИЕ ШТО СЀ УШТЕ ГО ЧЕКААТ

СВОЈОТ ОДМОР, СО „ВИСОК СТАРТ“ СЕ СПРЕМААТ ДА ИМ СЕ ПРИДРУЖАТ. #ENJOY!

Добра летна фотка подразбира: Убаво тиркизно море/езеро

со палмини дрва, весели девојки и момци со коктелче во раце,

уживајќи со добра музика... Секако, посебно уживам кога ќе

начекам перфектно зајдисонце.

Летни фотки од нозе, да или не: Немам ништo против

фотографирање на убави женски нозе. :) Секој на свој начин

си го доживува уживањето на плажа во текот на летото.

Омилена летна дестинација за фоткање: Струга, зашто

навистина: како Струга нема друга. :)

@boshkovam

Моника Бошкова

@aleksandarmurdzev

Александар Мурџев

@anastasijar.7

Анастасија Ристеска

@amer1886

Амер Демишоски

Добра летна фотка подразбира: Доловување на тоа што го

сакаш и во кое уживаш и искажување на неговата убавина.

Летни фотки од нозе, да или не: Не, затоа што претежно на

сите фотографии со нозе и море/езеро се гледаат повеќе

нозете отколку убавината на плажата и водата.

Омилена летна дестинација за фоткање: Турција.

Добра летна фотка подразбира: Голем обожавател сум на

природата и она што нѐ опкружува во моментот, па според

мене добрата летна фотка би требало да го содржи местото

на кое се наоѓате, пејзажот околу вас.

Летни фотки од нозе, да или не: Лично, не ми се допаѓаат

фотографиите со нозе и море/езеро во заднината и не сум

направила таква фотографии досега, но секој има различен

вкус и треба да го прави тоа што го сака.

Омилена летна дестинација за фоткање: Досега најубаво

место за летни фотографии ми бил Тунис.

Добра летна фотка подразбира: Панорамски поглед на плажа

на изгрејсонце со мирните морски води што го заплискуваат

брегот.

Летни фотки од нозе, да или не: НЕ! Фокусот е насочен кон

споменатиот дел од телото, додека заднината воопшто не

доаѓа до израз со што фотографијата нема никаква вредност.

Омилена летна дестинација за фоткање: Јадранското

крајбрежје во Хрватска, синилото на Јадранското Море

и прекрасните бели плажи, автентичното богатство од

архитектонски зданија, живописната сцена на мноштвото

тесни улички во старите градови.

Доколку Instagram е една од вашите омилени апликации, пратете ни ваши фотографии на contact@portretmag.com или користете го

хаштагот #portretmagazin за обележување на вашите фотографии.

STREET & STYLE

ОВОЈ МЕСЕЦ ФОТОГРАФИРАВМЕ МОМЦИ И ДЕВОЈКИ ШТО НЕГУВААТ УРБАН И

УЛИЧЕН СТИЛ. СО НИВ УЛИЦИТЕ ИЗГЛЕДААТ МНОГУ ПОУБАВО.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Ирина Цоневска Лена Зафировска Мила Милошевска

Емилија М Ставрова

Бојана Тасев Ивановски

Драгана Селим

130

131

132

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!