19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

60 ден. • Бр. 15 • Февруари 2017

Наташа

Петровиќ

Сите ја живееме

сопствената бајка

1

Содржина февруари 2017

НА „ТИ“ СО

14. КРИСТИ ПУЈУ

Вистината е во нас

МОЈА БОРБА

20. ДРАГИ НЕДЕЛЧЕВСКИ

Возвратената љубов и милост од Мане е

поголема од вселената

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

86. ЧАСОВИ ЗА ПИЕЊЕ ВИНО

Чаша мерло за енергетски баланс

90. НУТРИЦИОНИСТИЧКИ СОВЕТИ

Промената во исхраната почнува денес!

ДИЗАЈН И ДЕКОР

100. КРАЈ НА НЕРЕДОТ ВО ДОМОТ

Идеи за организирање

ПОРТРЕТ АКТИВИЗАМ

28. БИТКА ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ

Секојдневна борба за помош на

бездомните животни

ИНСПИРАЦИЈА

32. НАТАША ПЕТРОВИЌ

Верувам дека сите ја живееме

сопствената бајка и драматичната

љубовна приказна

МОЈОТ ЗАШТИТЕН ЗНАК

38. САРА МИЛЕНКОВСКА

Комбинирање на неспоивото

46. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Clairvoyant

ПОРТРЕТ УБАВИНА

70. RED ALERT

Сѐ во знак на црвената боја!

76. НЕОПХОДНИ ПРОДУКТИ ЗА

СЕКОЈДНЕВНА УБАВИНА

Makeup starters

РОДОВА ГЛАГОЛИЦА

126. ДОРОТИ ПАЧКОВА

Женската солидарност е сон кој се

стремам да го живеам

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

ПОРТРЕТ МОДА

40. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

In the making

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

80. СОМАЛИСКАТА ГАЗЕЛА И БЕЛИОТ

ВОЈВОДА

Портрет на љубовта на Иман Абдулмахид

и Дејвид Боуви

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стилистка: Бојана Максимовска

6

www.goodnature.mk

ИЗДАВАЧ

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември” бр.2/2-25

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главна и одговорна уредничка

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменичка на главната и одговорна уредничка

Тања Тодоровска (tanja@portretmag.com)

Новинарка

Марта Стевковска (marta@portretmag.com)

Креативна директорка и уредничка за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистентка и стилистка

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска

Џејлан Рустемоска

Филип Поповски

Драган Тапшанов

Моника Ангелковска

reborn.mk

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com)

Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Кристина Колеќевска (kristina@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 27.01.2017

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

МПМ 02/ 3089 305

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет” е авторска содржина што излегува еднаш месечно со одобрение од сопственикот на правата,

издавачката куќа Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено објавување, користење или

репродуцирање на било која содржина ќе се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи на

соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што се дел од содржината задолжително консултирајте се со

лекар. „Портрет” претставува пријавена трговска марка во Државен завод за индустриска сопственост-Скопје под број

ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

8

Портрет ви подарува

Напишете за кој подарок аплицирате и испратете ги вашите лични податоци на contact@portretmag.com.

Проверете дали сте една од среќните добитнички во следниот број на „Портрет“. Со среќа! Подароците може

да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

Bourjois Healthy Mix

течна пудра

Catrice Luxury Lushes маскара,

Eye Matic Matt молив за очи,

Blush Artist руменило

Lush Love & Kisses сет

Max Factor Masterpiece

Transform маскара

Givenchy Vanity Close куфер за

шминки

L'occitane сет мини

производи

Preciosa турпии x 5

Yves Saint Laurent сјај за

усни и сенки за очи

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

Lancome Effarcenes водоотпорен коректор за околу очи / Даниела Митовска

Сет Max Factor, маскара Masterpiece Transform и пудра Miracle Touch / Бисера Тодоровска

Naomi Campbell at Night гел за туширање / Весна Велковска

Сет L’Occitane мини производи / Милена Недевска

Сет Lush Home for Christmas / Тијана Каевска

Сет Givenchy, несесер и мини парфем Dahlia Divin / Татјана Исковска

Сет производи Estee Lauder / Нина Чоловиќ

Сет производи Clinique / Емилија Николиќ Дуковски

КНИГИ:

Пристаништето нова надеж / Холи Робинсон / Снежинка Тодоровска

Смислата на животот / Тери Иглтон / Марија Скалова

Смила го чувствува снегот / Петер Хег / Теодора Митовска

Шпионка / Пауло Коелјо / Ивана Стефановска

9

Портрет на уредникот

ГЛАДНИ ЗА

ЉУБОВ

Секое новороденче

носи љубов на оваа

планета. Уште во

првите секунди тоа,

полно со љубов за

својата мајка, бара

љубов. Во првите години од животот знае само

за љубов и несебично ја дава. Ако е така, тогаш

кога тргнуваат работите кон другата страна и

зошто? Зашто сите ние овде го учиме стравот. Од

примарен инстинкт за преживување прераснува

во секојдневна храна. Прво се плашиме да не сме

оставени од родителите, па да не сме отфрлени

од средината, па се плашиме дали ќе успееме да

ги задоволиме сите норми и стандарди.

Се плашиме да бидеме тоа што сме, се плашиме

да сме сами, а најмногу од сѐ, се плашиме да

сакаме. Да го сакаме животот, луѓето во него, да

зборуваме и дејствуваме со љубов. Колку ни се

далечни, чисти и претерани ставовите: „Во допир

со љубовта секој станува поет“; „Љубовта е иста

душа што живее во две тела“. Што можеме да

кажеме за љубовта ние денес, отуѓени и осамени,

заглавени во виртуелни емоции.

Токму поради сѐ ова, длабоко бев трогната од

фотографиите на семејството Неделчевски, што

овој месец се наши соговорници во рубриката

„Моја борба“. (стр. 20) Никогаш не сум видела

толку чиста љубов на една фотографија, како

на семејниот портрет на Мане Неделчевски, кој

боледува од церебрална парализа. Таткото Драги

Неделчевски во интервјуто го потврди мојот

заклучок: „Мане никому не направил ништо лошо,

никого не повредил. Како да е создаден само за

љубов“.

На нашите страници овој месец ќе пронајдете

љубов уште на многу места. Многу одамна сакав

младата актерка Наташа Петровиќ да се најде

на страниците на „Портрет“. Речиси никогаш не

сум видела некој да има толкава моќ, со својот

изглед да предизвикува страхопочит. Додека

ја фотографиравме за насловната страница не

можев сама со себе да се договорам дали ми личи

на принцеза од скандинавска бајка, на митско

суштество или на некоја преубава хероина од

романите на Џејн Остин. „Верувам дека сите

ние ја живееме сопствената бајка и драматична

љубовна приказна.“ (стр. 32)

Ви посакувам овој месец да бидете гладни за

живот и жедни за љубов. Без причина да бидете

љубезни со секого, само добри работи да

зборувате за некој што не е присутен, да ги сакате

вашите блиски во нивните најлоши изданија и

секој ден да се обидувате да легнете со чиста

совест. Ова не се розови очила на тинејџерка

оптимистка, туку крик на исплашена жена што

мисли дека само вака имаме шанси против

глобалното зло.

Ружица Антиќ

10

Со здравјето

не се коцка.

Ние имаме

решение!

Осигурување на

операции

Доброволно

приватно

здравствено

осигурување

Доброволното приватно здравствено

осигурување значи грижа за

сопствената и иднината на

вашите најблиски.

Склучете полиса за осигурување на

операции и препуштете ни ја нам

грижата за покривање на трошоците.

Инвестирајте во подобро утре бидејќи

ништо не е поважно од Вашето здравје.

Одберете го најдоброто.

Одберете го Триглав.

11

FIT CAM

ЗАГОРКА И МАРТИН ВИДОЕВСКИ И НИВНОТО МИЛЕНИЧЕ

Фотографија: Жарко Чулиќ

ГТЦ Скопје, Приземје / Хотел Александар Палас / тел. 02 3122 517

13

На „ти“ со

КРИСТИ ПУЈУ

ВИСТИНАТА Е ВО НАС

Великодушноста не значи да го дадеш тоа

што го имаш, туку да го дадеш тоа што си!

Пишува: Ана Јовковска

Со воведов нема да должам. Едноставно е. Многу сум возбудена

што го интервјуирам Кристи Пују, еден од најдобрите европски

режисери. Човекот кој го постави новиот бран на романскиот

филм. Кан го зема во мала рака, иако наградите не му значат

и за него се само отровни дарови. Оваа грамада од човек, низ

разговоров ми одржа неколку животни лекции... А кога го гледав

неговиот нов филм „Сиераневада“ зајдов во интелигентните

допири на реалноста. Каков луциден и трагикомичен портрет на

семејството, човекот и животот!

АЈ: Вашиот нов филм „Сиераневада“ е едно луцидно,

трагикомично патешествие во потрага по вистината. За

почеток, дофатлива ли е вистината низ уметноста, односно низ

филмскиот ракурс?

КП: Оф, ова е многу тешко да го одговорам. Прашањево често ме

замислува. Кога зборувам за филм, всушност, зборувам само за

вистината. Но, она што е вистина не може да биде дефинирано

со зборови. Секој од нас ја препознава вистината кога ќе се

случи. Звучи глупаво кога се обидуваш да ја објасниш со збор.

Исто како што нема формула за настанокот на универзумот,

14

како да речеме сега да тврдам дека универзумот настанал со

Биг бенг или, пак, дека универзумот го создал Господ. Не, не е

така. Ниту едно ниту другото не може да се земе за апсолутна

вистина. Со други зборови, вистината е во нас. А кога одиш

во кино или во театар, не одиш да ја бараш вистината, туку

едноставно допушташ да те понесат емоциите.

СЕКОЈА РЕЛАЦИЈА СО ВИСТИНАТА ПОДРАЗБИРА И ТВОЕ

УЧЕСТВО.

АЈ: Да, вистината е во малите нешта...

КП: Некогаш во едно обично „добар ден“ човек наоѓа

вистинска емоција и е силно допрен. Или, пак, прави

идентификација со некој едноставен гест, како на пример

пиење вода, повеќе отколку со некоја комплицирана

нарација. Или кога стоиш пред некоја слика, не можеш да си

објасниш што е она што те допира, но има нешто... И секоја

релација со вистината подразбира и твое учество.

РИГОРОЗНОСТА И ТВРДОГЛАВОСТА ВО ПРОФЕСИЈАТА МИ

ДОАЃААТ КАКО РЕАКЦИЈА НА ТОА ШТО ВО ВИСТИНСКИОТ

ЖИВОТ ПРАВАМ КОМПРОМИСИ.

АЈ: Честопати уметноста е шминка, а филмот сè повеќе

станува бизнис. Како режисер кој го форматираше

новиот романски бран со Вашиот култен филм „Смртта на

г. Лазареску“, важите за човек кој не прави компромиси.

Така ли е и во приватниот живот?

КП: Јас имам среќа на ова поле бидејќи органски не ми доаѓа

да правам комерцијални филмови. Да, не правам компромиси,

но тоа е само половина вистинито. Кога работам, не правам

компромиси, но во приватниот живот правам. И веројатно

ригорозноста и тврдоглавоста во професијата ми доаѓаат

како реакција на тоа што во вистинскиот живот правам

компромиси. Секој од нас има потреба во своето битие

да зачува една неизвалкана територија. Не знам, многу е

комплицирано.

ВО ВРЕМЕТО НА ЧАУШЕСКУ ЖИВЕЕВ ВО СИРОМАШНО

СЕМЕЈСТВО. МАЈКА МИ БЕШЕ УЧИТЕЛКА, А ТАТКО МИ

РАБОТЕШЕ ВО БОЛНИЦА И ИМАА МАЛИ ПЛАТИ, А НИЕ

БЕВМЕ ТРИ ДЕЦА. ИМАШЕ ДЕНОВИ И КОГА НЕМАВМЕ ШТО

ДА ЈАДЕМЕ ИЛИ ЈА ПОМИНУВАВМЕ ЗИМАТА ВО ПАТИКИ,

НЕМАЈЌИ ПАРИ ЗА ЧИЗМИЧКИ. ДЕНЕС, КОЛКУ ПОВЕЌЕ НЕ

МЕ ИНТЕРЕСИРААТ ПАРИТЕ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ГИ ИМАМ.

АЈ: А како се борите со трендовите на индустријализација и

комерцијализација?

КП: Приказната со комерцијализацијата на филмот или

филмот како бизнис не ме допира бидејќи не ме интересираат

парите. И сум забележал една интересна работа, дека колку

повеќе не ме интересираат парите, толку повеќе ги имам. (се

смее) Не сум премногу богат, имав периоди и со финансиски

проблеми, но не сум умирал од глад. Во времето на Чаушеску

живеев во сиромашно семејство. Мајка ми беше учителка, а

татко ми работеше во болница и имаа мали плати, а ние бевме

три деца. Имаше денови и кога немавме што да јадеме или

ја поминувавме зимата во патики, немајќи пари за чизмички.

Но, и покрај тоа имав убаво и весело детство. Затоа, денес

не се плашам од ништо. Тоа ме прави бескомпромисен. Мојот

ограничен интелектуален капацитет не ми помага да сфатам

зошто некои луѓе се маѓепсани од парите. (се смее) А кога

би требало да одговарам со една реченица зошто некои

режисери прават комерцијални филмови, тоа е за да си

купат „Ферари“. Уште пострашна е индоктринацијата што се

прави преку таквите филмови, оти тие се како токсини што

ги ставаш во главите на луѓето, како на пример приказната

дека Американците секогаш ја спасуваат планетата. (се смее)

Вреди ли ова за куќа на Малибу или за „Ферари“? Сите сакаат

да го живеат митот на Пепелашка, да им се погоди чевелот.

15

НЕМАМ ЕДНО ЕДИНСТВЕНО МОЕ „ДОМА“. МОЕТО „ДОМА“

СЕ МОИТЕ ДЕЦА И МОЈАТА ФАМИЛИЈА, А НЕ КАКОВ БИЛО

ПРОСТОР.

АЈ: Низ навидум едноставни, на моменти и банални дијалози

и низ психолошкиот пресек на ликовите доловувате цел

еден спектар на емоции и душевни состојби на човекот.

Непретенциозно, минималистички, а многу вешто. Кои аспекти

од човековата психа Ви беа најинспиративни при пишувањето

на сценариото за „Сиераневада“?

КП: Главниот тригер на филмот што се однесува на

психолошкиот дел беше мојот личен однос кон концептот

на дом и чувството дека немам едно единствено мое „дома“.

Моето „дома“ се моите деца и мојата фамилија, а не каков

било простор. Не ми е потребен дом како некое засолниште.

И главниот лик беше во потрага по свој дом и тоа му правеше

чувство на константна вознемиреност, како едно диво животно

од планината опколено од сите страни. Приказната во филмот

„Сиераневада“ е за едно патријархално семејство во кое умира

таткото, а синот не чувствува потреба да го преземе неговото

главно место во домот. Тој е доктор што работи нешто друго,

продава медицински помагала, и под притисок на фамилијата

и општеството се чувствува нереализиран и фрустриран. Тој не

е исполнет човек и ја живее драмата на неуспехот.

БЕШЕ МНОГУ ТЕШКО И ВО ФИЗИЧКА И ВО СПИРИТУАЛНА

СМИСЛА. ПОСЛЕДНИТЕ НЕДЕЛИ ИМАВ АЛЕРГИСКА РЕАКЦИЈА

НА ПРАШИНАТА ВО СТАНОТ И СТИГНАВ ДО ТОА ДА МИ ТЕЧЕ

КРВ ОД НОСОТ.

АЈ: Сценографијата е исто така во функција на психолошката

суптилност на приказната. Целата таа пренатрупаност во

станот во кој се одвива дејството на филмот перфектно ја

доловува емотивната клаустрофобија на ликовите. Беше

ли тешко за филмската екипа да работи во толку мал и

пренатрупан простор?

КП: Да, беше многу тешко и во физичка и во спиритуална смисла.

Последните недели имав алергиска реакција на прашината

во станот и стигнав до тоа да ми тече крв од носот. Ова ви е

многу добро прашање, особено оној дел за клаустрофобијата,

бидејќи укажува на една многу актуелна работа, а тоа е дека и

покрај сите социјални мрежи денес, луѓето сè повеќе се сами

и ги уништуваат врските меѓу себе. Ете, на пример, „Фејсбук“

прави да се мимираат врски кои се лажни. Секој се изолира

во својата глава, а тоа е страшна форма на клаустрофобија.

Привидно чувство дека комуницираме меѓу себе, а всушност

живееме во отуѓен свет. И кога луѓето постираат слики на

„Фејсбук“ и селфиња, се чувствуваат кул, а всушност се

покажуваат пред светот само во своето најдобро светло, а тоа

е лажно, нели?

КОГА ЛУЃЕТО ПОСТИРААТ СЛИКИ НА „ФЕЈСБУК“ И СЕЛФИЊА,

СЕ ЧУВСТВУВААТ КУЛ, А ВСУШНОСТ СЕ ПОКАЖУВААТ ПРЕД

СВЕТОТ САМО ВО СВОЕТО НАЈДОБРО СВЕТЛО, А ТОА Е

ЛАЖНО, НЕЛИ?

АЈ: Да, лажна е таа технолошка симулација. На „Фејсбук“

луѓето се со маски. А филмот „Сиераневада“ е портрет на

обичниот човек и обид за соголување на маските што човек ги

носи. Еден вид огледало на секое обично семејство и неговите

проблеми. Клучна е камерата, која е активна, па дури малку и

како догме, или би рекла камерата како око. Ми се чини како

да ги прекршивте сите кинематографски правила во однос

на движењето и кадрирањето. Камерата го нема најдоброто

место при секоја сцена. Што сакавте да постигнете со овој тип

фотографија?

КП: Неперфектноста на човековиот вид. Нашиот поглед кон

луѓето е пристрасен и ограничен. Многу пати не успеваме да

ги видиме работите околу нас онакви какви што вистински се.

Филмот го снимав од позиција на апарат или човек кој стои и

набљудува. Глумците требаше да се однесуваат како камерата

да не е таму. Камерата во овој мој филм е невидлив човек.

Во православната традиција се верува дека откако човек ќе

умре, душата се шета уште 40 дена, а бидејќи во филмот има

тазе умрен човек, си дозволив оваа приказна да ја раскажам

како низ очите на покојниот кој го посматра целото семејство

собрано во негова чест.

Камерата во „Сиераневада“ е невидлив човек. А глумците ги

преморував со многу проби и ги доведував до нервен слом. :)

Верувам дека успеав да го извадам човекот од нив.

АЈ: Атмосферата е многу важна во филмот. На моменти дури

и навестувачка за дејството. Како успеавте да креирате толку

спонтана атмосфера во која глумците како воопшто да не

глумат?

КП: Глумците ги преморував со многу проби и ги доведував до

нервен слом. А кога глумците се најуморни и кога веќе не можат

да го поднесат ни филмот ни режисерот, го вадат најдоброто

од себе бидејќи ги спуштаат маските и престануваат да глумат.

Тогаш наместо театралност, од нив вадам автентичност и

природност. Верувам дека успеав да го извадам човекот од нив.

АРТИСТ МИ ЗВУЧИ СНОБОВСКИ, А МЕНЕ МИ СЕ ГАДИ ОД

СНОБИЗМОТ. ЈАС САКАМ ОБИЧНИ ЛУЃЕ СО ВИСТИНСКИ

ЕМОЦИИ.

АЈ: Значи ли ова дека ја презирате уметничката

претенциозност?

КП: Па, на некој начин да. Артист ми звучи снобовски, а мене

ми се гади од снобизмот. Јас сакам обични луѓе со вистински

емоции. Уметниците треба да се сведоци на времето што го

живеат, а не намонтирани кукли во својата најдобра верзија.

Проблемот е што глумците глумат. И кога ќе им го кажам тоа,

тие ме прашуваат дали тогаш да бидат она што се во приватниот

живот. И повторно им велам не, и уште повеќе ги збунувам, (се

смее) бидејќи сите ние во животот лажеме и глумиме. Кога го

прашале Ернесто Сабато дали уметноста ќе го направи човекот

подобар, тој одговорил: „Пред 2000 години постоеше човек кој

правеше чуда, а луѓето сепак не станаа подобри“.

АЈ: Која е, според Вас, главната конекција меѓу филмот и

реалниот живот?

КП: Wow :) Филмовите се еден вид огледало на вистинскиот живот,

за разлика од апстрактната уметност, на пример, како кога ја

гледаш сликата и се прашуваш што сакал авторот да каже :) и си

велиш - ова и ќерка ми може да го направи. (се смее) Но, важно

е да потенцирам дека има два типа филмови - авторски филм и

филмови на пропаганда. Овие вториве креираат илузии и имаат

цел да те програмираат. Тоа е чиста манипулација. Ова многу

добро го сфатиле сите тоталитарни режими и го користат за свои

цели. Најпрво Русите, па Германците и најпосле пропагандата

стана центар околу кој гравитираат американските студија со

16

своите големи блокбастери. Значи, перверзна и перфидна е

врската помеѓу филмот и реалниот живот.

МОЈАТА ОПСЕСИЈА ПЕРМАНЕНТНО ДА РАЗМИСЛУВАМ

ЗА СМРТТА Е ГЛАВЕН ДВИГАТЕЛ НА МОИТЕ ФИЛМОВИ.

ПЕРВЕРЗНА И ПЕРФИДНА Е ВРСКАТА ПОМЕЃУ ФИЛМОТ И

РЕАЛНИОТ ЖИВОТ.

АЈ: Кои точки како НЗС би можеле да ги издвоите меѓу сите

Ваши претходни филмови?

КП: Хм, смртта! Всушност, мојата опсесија перманентно да

размислувам за смртта, како и за кризата на комуникацијата

што ја живееме денес. Моите филмови се за невозможноста и

тешкотијата да комуницираме и правилно да се разбереме. Но,

сите мои филмови содржат надеж!

ЗА МЕНЕ, НАГРАДИТЕ СЕ ОТРОВНИ ДАРОВИ.

АЈ: Кан го освоивте во мала рака :) Што мислите за важните

филмски фестивали од типот на Кан и сл.? И на кој начин ги

примате или што Ви значат наградите?

КП: За мене, наградите се отровни дарови. Тие ги даваат луѓето,

а кога ги добиваат, се однесуваат како да ги добиле од Бог,

од Зевс... (се смее) Луѓето прават драма од тоа. Има тука еден

скриен однос на супериорност и должност. Ајде, ако сме толку

паметни и силни, наместо да евалуираме и да се наградуваме,

да ги запреме војните, на пример.

АЈ: Ах, а најстрашно е кога војните се водат под лажен превез

за слободата. Што е слобода за Вас?

КП: Лага! Едноставно слобода не постои!

АЈ: Од какви карактери сте фасцинирани?

КП: Од оние што одговараат на фундаменталната потреба

поврзана со љубезноста. Великодушни луѓе од сите гледни

точки. А великодушноста не значи да го дадеш тоа што го имаш,

туку да го дадеш тоа што си!

АЈ: Омилена филмска реплика?

КП: Напишана од мене?

АЈ: Не мора.

КП: Сепак, се сетив сега на една моја реплика што ја имам

напишано за филмот „Смртта на господинот Лазареску“, каде

што Лазареску вика: „Господе, ние луѓето сме мизерни!“

КОГА НЕШТО СИЛНО, ЕМОТИВНО ЌЕ МЕ ДОПРЕ, ПЛАЧАМ

ИЛИ СЕ СМЕАМ.

АЈ: Голем мајстор сте на приказни. Со Вашите филмови, низ

пораките и сенките ги допирате луѓето. Како Вие реагирате

кога нешто лично ќе Ве допре силно, емотивно?

КП: Плачам! Или, пак, се смеам. Главно плачам, ама ми е

малку незгодно. Не се воздржувам, не затоа што внимавам на

мојот имиџ, туку едноставно имам проста релација со мојата

емотивна страна.

17

Колумна

How to be

Macedonian…

Пишува: Ружица Антиќ

Како жена растена со „Sex and the city“, шпански серии, Cosmopolitan, и филмови со Johnny Depp, добро

и имам колку толку осет за естетика. Ако нешто ми останало од целиот тој trash фазон и Кериманијата

што нѐ држеше со години, е тоа да трчам по сѐ што е актуелно, гладна да сум информирана и во тек.

Па така пред некоја година, кога излезе книгата „How to be Parisian“, се потепав да ја купам. Дојде на

ред да ја читам дури сега, пред некоја недела. Тоа ми падна многу смешно зошто видов дека скоро пред

две години сум објавила на Инстаграм дека сум горд сопственик на истата. Важно меѓу првите... Почнав

да ја читам и иако никогаш не сум запознала Парижанка, и немам кредибилитет да го тврдам ова, сепак

мислам дека не е можно до толку да се cool и префинети скоро сите Французинки. Поточно мислам дека

книгата е правена по шаблон, за да се потенцираат стереотипите за Франција. Го заклучувам ова и ме фаќа

грижа на совест што ја исхејтав книгата, дека сум типична Македонка, одма што осудува и има низа лоши

коментари. Па почнувам да се чувствувам лошо од кај ми е па сега тоа дека такви се Македонките. Почнувам

да размислувам, кога ние Македонките би сакале да се претставиме кратко, што би било најблиску до

вистината. Со чест на исклучоци и во најголем дел во наведениве работи тргнувајќи од себе, мојот избор

е следен:

18

Изглед – Да не се лажеме Македонките се преубави жени. За сите важни настани во својот живот

Македонките не штедат за фризер. Но затоа на пример не ги интересираат многу третмани за заштита

на влакното или подобрување на квалитетот на косата. Кога фризерот ќе ѝ ја згреши бојата на коса, таа

е спремна уште два пати да се префарба веднаш, само вечерта да ја има саканата нијанса. Па макар и

после тоа косата да ѝ е за една употреба. Секоја Македонка што држи до себе вежба и сака да е слаба.

Или барем секоја недела има по една нова слика на социјалните мрежи од теретана и една од Водно.

Сака да купува скапи шминки. Но на козметичар не ѝ се оди зошто ќе ѝ го направат лицето партали. А и

секоја има сестра или другарка што се разбира во тие работи и ѝ го прави лицето партали без пари. Секоја

Македонка што сака да е светска женска ја има прележано фазата солариум. Редовно си прави гел нокти,

и уредно ги објавува на социјалните мрежи. Боите на ноктите се сезонски. Летно време дречливи, преку

зима црвени или бордо, кога знае дека треба подолго да ѝ трае „nude“. За специјални пригоди „French“

или со декорација.

Лоши навики – Скоро секоја Македонка пуши цигари, или пушела во некоја своја фаза. Таа пие турско кафе

на гладно, јаде ѓеврек со сланина после град. Оди на забар кога е пред онесвестување од болка. Кога сака

убаво да изгледа не ѝ е гајле кое годишно време е, и дали ќе добие цистит или ќе си ги настине јајниците.

На одмор игра карти во мокар костим за капење, само затоа што тој најдобро ѝ стои. Држи непроверени

диети препишани од интернет, и купува сомнителни замени за оброк. Со родителите кога е лута дискутира

за мааните на нејзиниот партнер. Кога ќе се смири и е среќна со него, се чуди зошто нејзините не го сакаат.

Ставови – Секоја Македонка има став скоро за сѐ и секого, па така би се заклучило дека е општествено

одговорна и освестена. Или барем така сака да се претставува во секоја прилика. Таа знае дека ако сака

да има добра иднина мора да заврши факултет и да ја прифати првата работа што ќе ја најде без разлика

дали е во склад со нејзината професионална определба. Живее со родителите додека не се омажи. Кога

ќе заглави во град преспива кај другарка или дечко, за да не ја видат комшиите кога стануваат за работа.

Му префрла на партнерот дека не ја посакува и дека ако вистински ја сака, ќе се снајде за место, каде што

ќе можат да водат љубов. Секоја Македонка ја исмејува Ким К. во друштво, и коментира дека е јасно како

и зошто станала славна, а навечер после град си гледа „Keeping up with the Kardashians“ и си нарачува

„Kylie“ шминки. Скоро секоја Македонка знае дека мора да оди на редовни контроли на гинеколог. Обично

оди кога има тешка инфекција или кога треба да роди дете. Секоја Македонка знае дека не смее да остави

да зависи од сопругот и дека мора да има свои пари. Често делот со свои пари го завршува со барање од

тато и мама. Знае дека треба да се бори за своите права во оваа држава. Голта кнедла кога советува друга

Македонка да си ќути и да си ги гледа децата, зашто мораат да растат со татко, и да не ги умре нејзините.

Негативни карактеристики – Скоро секоја Македонка се става себеси во втор план. До 30-тата година

внимава да не ги разочара родителите, над 30-тата децата. Таа има голем потенцијал, но ако сопругот

мисли дека подобро е да ги чува децата, зашто тој добро заработува, ќе го прифати тоа веднаш. Таа

би била одличен менаџер, навикната секој месец да прави чуда со семејниот буџет. Таа нема да даде

отказ во глупавата фирма, ќе му помогне на безобразниот газда, да ѝ зголемува работни саати и обврски.

Неплатени, се разбира. Скоро секоја Македонка во себе крие подобра верзија од себе, што чека... Чека да

се фрлат маските, да го стави своето срце во оклоп, што ќе и го брани од осуда и лажен морал. Секоја од

нас е тажна барем за една работа што не ја направила, зашто немала храброст.

Позитивни карактеристики – Ако си странец и се вљубиш во Македонка, нема да ти биде јасно зошто веднаш

на Фејсбук, ќе те add-нат уште 10 други Македонки. Тоа е нејзината база, нејзината банда. И ќе ти го демнат

профилот, и ќе ги прочитаат сите коментари од 2009 година и ќе ги гледаат профилите на сите девојки што

ги имаш кај тебе на слики. Ако зезнеш Македонка од кај и да си, го губиш цело ваше друштво. Колку и да ти

се блиски момците од друштвото, за неколку месеци ќе треба да си бараш ново друштво. Тоа е така зошто

Македонките се лојални. Ова е ретка почва каде сѐ уште постојат другарки од детство. Македонките имаат

меко срце, полни се со љубов за своите деца, за своите сестри и браќа, совршени ќерки на татко и мајка.

Добри и вредни сопруги, баш треба да си гад, на Македонка да ѝ дојдеш преку глава. Најважно од сѐ во

скоро секоја Македонка лежи добар човек. Таа ќе ја оговара комшиката дека не знае да готви, ама затоа

цел викенд ќе ѝ ги чува децата како да се нејзини. Ќе бега од роднини кога случајно ќе ги сретне во маркет,

па нема да спие цела ноќ, ама ќе седи цела ноќ да помага кога некој од нив ќе прави свадба или матура.

Неа можеш да ѝ се јавиш секогаш кога ти е тешко, без да ти каже „Sorry I can't talk right now“.

Не знам какви се вашите Македонки. Моите се вакви... Неоткриени, несовршени и несвесни за својата

убавина.

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

19

Моја борба

Драги Неделчевски

ВОЗВРАТЕНАТА ЉУБОВ

И МИЛОСТ ОД МАНЕ

Е ПОГОЛЕМА ОД

ВСЕЛЕНАТА

Пишува: Марта Стевковска

Фотографија: Драги Неделчевски

Штом ги видовме фотографиите на Драги Неделчевски, од секојдневниот живот на неговиот син Мане, кој има церебрална

парализа, забележавме дека тие зрачат со вистинска емоција, топлина, љубов... Токму тие беа инспирација за разговорот

со Драги, неуморен борец за својот син и постојано активен во подигнување на свеста во општеството за лицата со посебни

потреби. Заедно со сопругата Оливера, мајката на Мане, како што вели Драги, веќе 22 години ги делат истите чувства

и заедно ги решаваат сите предизвици што ги носи животот со дете како Мане, а преку уметноста тој јавно ги урива

стереотипите и стигмите поврзани со децата со посебни потреби.

Тоа што секојдневно се соочувате со состојбата на вашиот

син Мане, кој има церебрална парализа, како да ви дава

уште поголема енергија за борба во нашето општество. Како

почна приказната на Мане? Каква е неговата состојба и како

ја доживувавте низ годините?

Преку 22 години јас и сопругата Оливера, заедно со целото

наше семејство, ја водиме „нашата борба“. Во брак сме веќе

30 години, а покрај Мане, имаме уште еден син, Никола,

кој има 18 години. Мане се роди во 1994 година во Скопје

како осуммесечно бебе, по тешка бременост. Набрзо по

раѓањето тој имаше големи проблеми. Асфиксија, крвавење

во мозокот, проследено со оштетувања на витални делови

и центри. Лекарите дијагностицираа ЛГС, Ленокс-Гасто

синдром, што се карактеризира со чести епилептични напади

и церебрална парализа (ЦП). Можеби Мане немаше да има

една од најтешките форми на ЦП, да не беше фаталната

вакцина дитепер, особено таа против пертусис, што ја

прими на шестмесечна возраст, а за тоа ниту еден лекар

не нѐ предупреди, дека на дете родено со ризик и таква

дијагноза не смее да му се даде вакцината. Најтешки беа

првите неколку години, од раѓањето, некаде до осумгодишна

возраст. Поминавме низ неколку фази, првата фаза беше

шок! Се прашувавме: „Што е сега ова? Што се случи со

нашето прво, долгоочекувано бебе? Каков е овој ужас? Каква

е оваа страшна болест? Има ли лек? И што, по ѓаволите, е

таа церебрална парализа?“ Втората фаза беше бес! Навираа

нови прашања без одговор. „Зошто ова ни се случува нам?

Зошто не на некој друг? Праведно ли е ова? Што и каде

погрешивме?“ Бевме бесни на сè. На природата, на луѓето...

на животот. Третата фаза низ која минавме беше апатија!

Се прашувавме: „Што ќе правиме сега? Дали ова ќе трае цел

живот? Како ќе живееме со ова? Имаме ли сила?“ Мислевме

дека ние сме најнесреќните луѓе на овој свет! А толку се

радувавме на првата рожба. Во овој период пробавме сè што

беше во наша моќ. Баравме спас, начин, лек, да се надмине

сето ова за Мане да биде како и другите деца. Од синдромот

заболуваат многу мал, минорен процент на деца. А ние

добивме „негативно бинго“. Одевме по лекари, попови, оџи и

баби-шарлатанки по околните села. Од денешна перспектива,

колку наивно, глупаво, невредно. Подоцна дознавме дека ЦП

и ЛГС е состојба што не се лекува и трае доживотно. Ниту

напред, ниту назад. Во оваа фаза, за жал, остануваат многу

семејства со деца со посебни потреби. Последната, четврта

фаза, беше прифаќање на реалноста и почеток на нов, тежок,

инспиративен и необичен живот. Моравме да најдеме сила,

начин, како да го задржиме здравиот разум, да сфатиме дека

и тоа се случува во животот. Да ги отфрлиме примитивните

теории дека тоа е „Господова работа“, „наша судбина“, „така

морало да биде“, „вакви деца добиваат само добрите луѓе“,

„ние сме ставени на некакво искушение“ и слични глупости,

да имаме сили да се избориме за достоен живот за Мане и

за нас, во една сиромашна, заостаната средина, оптоварена

со неинформираност, суеверие и стигматизирање на децата

како Мане.

21

Ќе сакате ли накратко да ни кажете каков е Мане сега на

22 години, за вашите секојдневни предизвици, но и за

мноштвото среќни моменти што можат да се видат од

вашите фотографии?

Неговиот поглед на светот е многу необичен. Стеснет, а

истовремено многу мил, хуман. Мане никому не направил

ништо лошо, никого не навредил. Како да е создаден само

за љубов! Тој е среќно дете, сега веќе момче. Добива сè

што му треба и што сака. Секогаш е искапен, најаден,

стоплен, постојано ја слуша(ме) неговата музика, окружен

е со љубов и внимание. Никола порасна, па секогаш, кога

може, ни помага околу Мане, како и баба Татијана, мајката

на Оливера. Сите овие години Мане нѐ направи да бидеме

силни, емотивни, рационални и храбри. Мане крие многу

тајни што нема да ги откриеме никогаш. Живеејќи со него, јас

и Оливера пронајдовме одговори на многу тешки животни

прашања. Нашиот живот е програмиран во минута. Секој ден

е ист, монотон, фрагментиран и уреден според потребите

на Мане. А истовремено, тоа е живот што личи на „tour

de force“. Стануваме во 6.30 часот за на работа и во час и

половина мораме да се погрижиме за Мане. Наутро имам

чувство дека сме во некаков пит-стоп во „Формула 1“. Го

будиме многу рано, еден од нас го пресоблекува, двајцата

го ставаме во количката, друг го мие, му даваме лекови, се

средуваме и ние, едно кафе набрзина... и одиме на работа.

Од работа брзаме назад дома, малку да ја замениме баба

Татијана, која цело време додека сме отсутни е со Мане и

му дава појадок, лекови, ужина. Следува пресоблекување на

Мане, евентуално клизма... Пак една трка, го ставаме Мане

в кревет малку да се одмори од седењето во количката, а за

нас дремка од еден час и навечер пак исто. Ако успееме со

Оливера да излеземе на едно кафе навечер со пријателите

ние сме најсреќните луѓе на овој свет. Денот пак завршува со

Мане. Никој не те прашува дали ти се спие, дали си изморен.

Некогаш толку сакам само да измијам заби и да се фрлам в

кревет. Но, не! Мане треба да го „стокми“ некој, да го легне в

кревет. Едноставно, нема кој друг, а тој не е виновен што не

може самиот и тогаш ги извлекуваме последните атоми сила.

Утре, задутре и не знам до кога, пак истото.

Вие сосема отворено го покажувате Мане пред светот и

докажувате дека треба отворено да се зборува за состојбата

со цел да се развие свеста кон лицата со посебни потреби

како еднакви во општеството...

Немам причина да го „кријам“ Мане и неговата состојба.

Мане има почиста и помила душа од сите оние што се

појавуваат во првите минути на сите вести, и тоа без срам

и перде, па тоа не му пречи никому. Мане не е виновен што

не може да се грижи самиот за себе. Како што вели нашиот

народ: „Срамота е да лажеш и да крадеш!“ а јас би додал: „А

не, пак, да си дете со посебни потреби“. Бројот на семејства

кои имаат деца со посебни потреби во Македонија не е

мал. Ако едно потесно семејство брои четири-пет члена,

а пошироко и повеќе, тогаш се доаѓа до неколку десетици

илјади луѓе кои секојдневно живеат живот различен од

другите. Живот исполнет со психолошки, емотивни, физички

22

и финансиски проблеми. Овие луѓе се присилени со

секојдневните предизвици да се борат најчесто сами или со

помош на своите најблиски. Многу од нив се срамат заради

состојбата во која се нашле, заради своите деца, кои се

различни од другите. Многу од овие деца се стигматизирани.

Тука можеби лежат причините зошто многу родители ги

„кријат“ овие деца дома и не сакаат да зборуваат за тоа

јавно. Сепак, во последно време се чувствува тренд на

зближување на овие семејства и организирање во групи каде

што се разменуваат искуства и информации. Тоа е добрата

вест, а лошата вест е што институциите секогаш последни

реагираат или воопшто не реагираат. Тие се однесуваат

бирократски и незаинтересирано. Затоа сметам дека треба

да се прави постојан, организиран притисок да се подобри

статусот на овие лица, да се донесат подобри закони.

Важите за успешен фотограф, а за еден од најголемите

ваши проекти од 2009 година фото-есејот „Живот во

кутија“ велите дека ви бил тежок, но и возбудлив животен

и фотографски предизвик. На фасцинантен начин е

претставен животот на едно семејство кое има дете со

церебрална парализа. Како дојдовте до оваа идеја, на ваков

уникатен начин да го претставите секојдневието на вашето

семејство и да допрете до пошироката јавност?

Отсекогаш сум бил активен во подигнување на свеста

во општеството кога станува збор за лицата со посебни

потреби. Сметам дека постојат многу можности и начини за

подигнување на свеста кај населението и кај институциите.

Долго време се занимавам со фотографија и решив да

му покажам на светот, преку фотографии, како изгледа

секојдневниот живот на едно семејство со дете кое има

церебрална парализа. Во 2008 година се укажа можност

да направам фото-есеј за Мане и за нашиот живот со

него. Директниот поттик дојде од страна на Роберт

Јанкулоски, фотограф и директор на Македонскиот центар

за фотографија од Скопје. Го прифатив предизвикот и за

девет месеци снимив 1.200 фотографии од секојдневието

на Мане и на моето семејство. Проектот го нареков „Живот

во кутија“. Насловот точно ја отсликуваше мачнината, но и

реалноста со која се соочувавме. За мене тоа беше можност

на јавноста да ѝ понудам „поинаков поглед“ на животот на

едно семејство со дете кое има церебрална парализа. На

изложбата „Живот во кутија“ беа претставени 40 фотографии

во кои беа меморирани различни ситуации од животот на

Мане, неговиот брат и нашето семејство. Изложбата беше

поставена во „Мала станица“ во Скопје, во април 2009

година. Потоа, оваа изложба беше прикажана и во Прилеп,

Белград, Сараево и Берн. Студиото за веб-дизајн од Италија,

„Блустеп“, ја изработи интернет-страницата www.lifeinabox.

info.

Стереотипите и предрасудите во општеството почнуваат да

се уриваат во оној момент кога некој ќе се обиде да излезе

од вообичаеното, а вие, преку вашето дејствување и јавно

говорење, ги уривате тие стереотипи. Колку сметате дека

преку уметноста сте ја оствариле целта и сте овозможиле

на другите луѓе како вас да почувствуваат дека не се сами?

Во овој случај, фотографијата ми помогна, нашиот живот,

23

премрежињата низ кои минуваме, да ги прикажам на

визуелен начин, што остава длабок впечаток врз гледачот,

уште на прв поглед. И веројатно тие фотографии можеби

некого ќе го поттикнат малку повеќе да размисли за тоа што

го видел и да сфати дека, таму некаде, има семејства кои

живеат сосема поинаку и секојдневно водат тешка борба,

додека животот тече покрај нив.

Дали сè уште ви претставува предизвик да го фотографирате

Мане и како вие го гледате вашиот син од другата страна

на објективот? Дали е тешко да се спојат родителските

и професионалните ставови додека се фотографира

сопственото дете?

Кога работев на „Живот во кутија“ се обидов да направам

фотографски екстракт од секојдневното наше битисување.

Сето тоа требаше да го направам во две соби, со дете што цело

време има брзи, повторувачки движења и до автоматизам

исти секојдневни навики. Фотографирајќи го Мане, го

запознав и го засакав уште повеќе. Честопати имав дилема

во одреден момент дали да бидам татко (да му помогнам да

ги совлада епилептичните напади, да го придржам додека

мајка му го бања, да го пресоблечам, да го ставам в кревет

да спие...) или, пак, да бидам фотограф и да ги забележам

возвишените моменти на радост, болка, нервоза, игра, сон.

24

Моја борба

му дадам фотографии. :) Хуморот на своја сметка е здрава

работа и ми помага во секојдневниот живот!

Живеете веќе долго време во Тетово во стан на трети кат во

станбена зграда без лифт, што, претпоставувам, е мошне

тешко со оглед на состојбата на Мане. Колку условите се

променети од претходно, дали сте добиле низ годините

помош?

Ништо не е променето, освен тоа што Мане е поголем,

потежок, а ние сме постари и сѐ понемоќни. Иако сметаме

дека сме мошне храбри, како што минуваат годините, мене и

на Оливера, најголемите стравови ни доаѓаат од помислата

како ќе се „носиме“ со сето ова понатаму. И, ах, да! Лани

успеавме, по подолго време, да одиме на краток летен одмор

со Мане што за него беше уживање, а за мене и Оливера

задоволство но и тежок физички напор. Како помош од

институциите добиваме посебен додаток од 4.300 денари

месечно, една инвалидска количка на секои пет години,

еден пакет пелени месечно за кој плаќаме партиципација и

ослободување од плаќање патарина. Тоа е сè.

Учествувавте и во создавањето на книгата „Живот вреден

за живеење“, фотографиите од децата чиишто приказни

се низ страниците, се токму фотографирани од вас. Како

изгледаше процесот на фотографирање на тие детски

приказни и какво доживување беше дружбата со нив?

Пред две години јас и Оливера се запознавме со Емилија

Георгиевска Наневска и Мимоза Петревска Георгиева,

мајки на девојчиња со посебни потреби, авторки на книгата

„Живот вреден за живеење“, антологија од повеќе животни

приказни на семејства кои имаат деца/младинци со посебни

потреби, меѓу кои и е „Приказната за Мане“. Оваа книга, прва

од ваков вид во Македонија, имав чест да ја илустрирам со

фотографии од речиси сите семејства и нивните деца. Тоа

беше многу тешка, но и инспиративна задача, затоа што

фотографирањето деца со попречености во развојот само

по себе е тешко од емотивни и физички причини, а згора

на тоа ако имате само неколку часови на располагање за

фотографирање, тогаш сето тоа е уште потешко. Желбата да

успеам кај мене беше преголема, се нафатив и сметам дека

резултатот е извонреден. Сепак, најголемо богатство од ова

дружење со овие деца и нивните семејства се доживотните

пријателства.

Таа двојна улога на родител и фотограф, на целиот проект

му даде друга, лична димензија. Лесно е да фотографирате

потресни ситуации, како што тоа го прават професионалните,

најчесто, воени фоторепортери. Тие фотографии се

најбарани. Луѓето, потсвесно, сакаат да гледаат слики од

туѓи несреќи. Во мојот случај, улогата на фотограф на мојот

син беше многу потешка. Јас, како родител, не сакам да

привлечам внимание со такви фотографии. Многу е потешко

да се фотографираат емоциите или секојдневната животна

рутина, а тоа сепак да биде визуелно атрактивно. И денес

секојдневно го фотографирам Мане. Тој за мене е најголема

инспирација. И, што е многу добро, никогаш не ми бара да

Што би им порачале на оние што поминуваат низ иста или

слична ситуација како вашата? Која е вашата позитивна

мисла со која ги охрабрувате родителите на децата со

пречки во развојот?

Ах, ова е тешко прашање. Секој случај е посебен на свој

начин. Генерално, би им порачал дека секој човек, секое

семејство, има некаков проблем. Ние сме ја имале таа (не)

среќа да имаме деца со посебни потреби за кои треба да се

грижиме доживотно (замислете да имате бебе цел живот!).

Но, тоа нека биде предизвик да го надраснеме својот

формат и да бидеме големи луѓе. Силни, упорни, трпеливи

и полни со љубов. И тоа целиот свој живот. Обврските се

големи како планина, но возвратената љубов и милост од

овие деца е поголема од вселената. Звучи патетично, но така

е. Ние знаеме дека е така. Вие можете само да ни верувате

на зборот.

Доколку имате лична борба што сакате да ја споделите со нас и нашите читатели, контактирајте нѐ на contact@portretmag.com.

25

Н И З М О И Т Е

44 ГОДИНИ

НАУЧИВ...

МИРКО

ПОПОВ

Да се биде дел од независната сцена, дел од независен

колектив значи... Прецизно да се знае што се сака и кои

се твоите вредности во животот. Непоколебливо вооружен

со тоа сознание, човек добива неверојатни количества

детерминација и ентузијазам, небаре го пие оној животен

тоник од фонтаната на младоста и убавината. Неверојатна

можност за квалитетна самореализација, врз база на

соочување со грдата страна на реалноста и градење кули

од песок врз нејзиното шокантно лице.

Станав диџеј ради... можноста активно и пресудно да се

вклучам во културата што сакам да ја надградувам. Нашата

автентична македонска култура.

Дека плочите нема да „умрат“ зашто... се единствениот хард

копи носач на звук, тукуречи вечен примерок на втисната

меморија. Сѐ додека постојат луѓе кои имаат потреба од

материјален доказ дека некоја музика постои, плочите ќе

бидат наоколу. Можеби и малку подолго од тоа.

Дека дефиниција за Скопјанка е... она е одлична ученичка,

она крка екстази.

„ПМГ Рекордингс“ за мене претставува... остварување

на детските соништа за платформа преку која ќе можам

да креирам, продуцирам, презентирам и живеам, култура

што ги задоволува моите потреби за пософистициран и

поквалитетен начин на живот. Со многу самопрегорна

работа и со текот на времето, „ПМГ Рекордингс“ израсна

во бастион на напредната, пред сѐ музичка култура во

Македонија. Уживам во таа позиција.

Дека во младите, ентузијастички бендови лежи... надежта

на нас постарите дека сме успеале да го пренесеме огнот на

напредното размислување во музиката на новите генерации.

Ентузијазмот е битната состојка, доколку некој има намера

да формира, одржи и успее со бенд што свири напредна

музика во нашава земја. За жал, ретко кој вистински се

осмелува да оди докрај.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Сцената ни е во најлоша состојба досега зашто... Напротив,

сцената ни е во најдобра форма од кога било. Можеш да

излезеш навечер во град и да избираш кој музички стил

или супстил ќе биде подлога за твојата вечерна скопска

26

порција на социјализација. Да – мало е, да – малку сме,

да– отсуствува гламурозниот привид на позападните сцени,

но избор, квалитет и диверзитет поседуваме во поголеми

количества одошто публиката може да следи. Без разлика

на незаинтересираноста на државата за автентична култура

и, секако, непостоечката музичка индустрија, имаме сцена,

за разлика од декадите порано.

Повеќе од 20 години во „ПМГ Колектив“ подразбираат...

потполно изграден начин на живот и пријателство, сосем

надвор од баналното, заостанатото/традиционалното,

конформизмот. Секогаш на патот на возбудата, промената,

авантурата. Незапирлива слобода во креацијата. A life less

ordinary.

Дека разликата во ноќниот живот во дваесеттите и

четириесеттите се разликува по... во четириесеттите го

губиш чувството за бесмртност што во дваесеттите ти

овозможува неуморност од натчовечки размери, неспиење

по неколку денови, предизвикано од глад за повеќе.

Сепак, зрелото консумирање на ноќниот живот, освен

неспорниот хроничен замор, носи и сублимиран квалитет

на даденото и доживеаното. Освен квалитетниот провод и

социјализацијата, човек може прецизно да сфати што точно

предизвикал со своите активности. Луѓето во Македонија,

така болно врзани за традиционалните пораки, како да

брзаат да пораснат/остарат и веќе во триесеттите години се

пензионирани од ноќниот живот. Тоа е една од најбитните

грешки, што водат во прерана (духовна/социјална) смрт.

Да се биде родител во денешно време значи... да се биде

високосвесен за предизвиците со кои се среќава едно дете во

една заболена средина како нашата. Заболена од врвот, па

надолу до калта. Тие предизвици треба да се антиципираат,

дискутираат до атом и да се наоѓаат креативни решенија за

заштита на децата и креирање простор за нивно развивање.

Нашето време, барем за нас, либералните родители, носи

предизвик и во смисла на нашата верба дека децата треба

да добијат широка слобода во нивното растење и сфаќање

на нештата, што е спротивно на строгоста, ригидноста и

примитивизмот на мнозинството луѓе во реалноста.

Дека битките на социјалните мрежи покажуваат... За

интелигентното малцинство, тие се неверојатен нов, брз и

корисен облик на комуникација. Кој знае да ги користи може

фантастично да напредува во животот и во работата. За

мнозинството, социјалните мрежи доведоа до кулминација

на лажниот индивидуализам, што со децении беше туркан

низ грлото на буквално секој потрошувач на планетава.

Денес, секој на своето селфи е преубав, исто како познатите

глумци, но има и сопствено цврсто мислење, изградено врз

прочитаното на оние 2-3 fake news портали што му даваат

право да мисли дека се разбира во сѐ, од висока политика,

до религија и музика. Време во кое правото на сопствено

мислење е „свето“ и е синоним за информативен мрак.

Најлесен начин да се избегне или да се излезе од духовна

криза е... постојано, неуморно и фанатично да се работи,

притоа не плашејќи се од промени. Промените се двигател

на креативноста и масло за свежината на духот. Тие треба да

се прифаќаат, но и да предизвикуваат.

Дека оние што отворено ги кажуваат своите ставови

ризикуваат да... живееме во време во кое најголемиот број

луѓе имаат полтронски однос кон богатите и моќните, а

насилнички кон послабите од себе. Став е категорија што

одамна го изгубила своето вистинско значење, всушност

сенешто проаѓа како став. Не верувам во став, верувам во

она што човек го прави во реалноста. Дела, а не ставови.

Дека музиката е платформа преку која можам да...

ги (рас)кажам сите мои идеи, желби и погледи. Мојата

духовност, религиозност и политика. Мојата љубов кон

луѓето и кон универзумот.

Свирките во живо, пред публика се посебно убави зашто...

соничната интеракција со луѓето од бендот создава секогаш

нова димензија на звук и посветеност на музиката што ја

работиме. Уникатно е секое доживување кога свириме

концерт, а освен очигледното уживање, стигаме и до

креативни решенија за нашата идна работа. Интеракцијата со

публиката е примарен интерес на нашиот бенд и своевиден

барометар за тоа како надворешниот свет реагира на она

што нам толку многу ни значи. Сакаме нашата музика да

биде дел од нивниот реален свет.

Дека ако никој не свири...

нема да постои светот.

Универзумот ќе продолжи да

свири без нас. Тоа ќе биде

најтажниот ден во историјата.

„Заразноста“ при работењето на радио се должи на...

неверојатната исцелувачка моќ на радиото како медиум,

особено за оној што ја креира програмата. Ајде, замислете

дека универзумот е ваш личен психијатар од кого ја добивате

најдобрата сонична терапија, додека менувате димензии

пред микрофонот, комуницирајќи со вашите слушатели. И

сето тоа бесплатно.

Ќе сметам дека сум ја постигнал својата мисија со „ПМГ

Колектив“ и „ПМГ Рекордингс“ кога/ако... ми се чини дека

најголемиот дел од поентата, па ако сакате и мисијата се

остварени. Јас сум многу среќен и задоволен човек во тој

поглед. Секако, уште триесеттина години од истово, но на

повисоко квалитативно ниво, ќе биде последниот дел од таа

мисија.

Да се остави музичко наследство значи... да разговараш на

незамисливо прекрасни начини со некои луѓе кои живеат

во сосем друго време. Да им имплантираш идеи во главата,

давајќи им духовен инпут од времето што не го познаваат,

а сакаат да го доживеат. Да продолжиш да живееш преку

твоето дело и делото на твоите наследници: фабулозни

луѓе од иднината кои сметаат дека културата е она што ја

облагородува цивилизацијата и ѝ дава вистински профил

(идентитет).

27

Портрет aктивизам

Пишува: Марта Стевковска

Состојбата со бездомните кучиња и мачки со години е иста. Нивниот број не се намалува, и покрај постојаните

апели, барања за нивно згрижување, за подобрување на условите во стационарот „Вардариште“, односно за

отворање на достојни капацитети за вдомување и грижа на бездомните животни. Секојдневната слика низ

градовите се мачки или кучиња, нечесто оставени и од своите сопственици како чекаат покрај контејнер или некоја

продавница за некој да им даде барем храна или уште подобро засолниште и покрив над глава. Од друга страна, според

организациите и активистите за заштита на правата на животните, расте свесноста меѓу луѓето за помош, вдомување и

пријавување злоупотреба или повреда на некое животно, посебно куче или маче, најчесто со користење на социјалните

мрежи. Со влошување на временските услови и екстремно ниските температури дел од кафулињата минатиот месец ги

отворија вратите за бездомните кучиња и мачки, потег што беше особено пофален од страна на граѓаните, а многумина

помогнаа со привремено вдомување и носење на ветеринар. Како дел од мерките за заштита на бездомните животни е

и стерилизацијата, што, за жал, сè уште е табу-тема, особено меѓу сопствениците на кучиња и мачки што ги чуваат како

миленици, а тоа сепак е најефикасното решение за да се намали бројот на бездомни животни. Низ годиниве имаше

случаи и на насилство врз животни, евидентно и преку одредени вознемирувачки фотографии, за што особено имаше

реакции да бидат казнети сторителите, а насилниците јавно беа објавени на социјалните мрежи. Иако Законот за

заштита и благосостојба на животните предвидува парични казни за сторителите на насилство и примена на суровост

врз животни, сепак тоа не е доволно за да се спречи, а тука се јавува потребата од полиција за животни за што има

иницирано петиција да се формира, по примерот на други земји.

На темата околу активизмот и заштитата на бездомните животни, нашите соговорници даваат мислење токму околу

најголемите проблеми, како вдомување и помош, стерилизација, насилство врз животни, правилен третман, помош во

зимски услови...

Во насока за помош на бездомните животни, нивно згрижување и

лекување „Slim Line Club“ има постојана акција со донација од 200

денари преку купување на маичката „И јас сум нивниот глас“. Доколку

сакате да донирате, купете ја маичката на www.shop.slimline-club.com.

28

Портрет aктивизам

Венера Петкоска,

активист во Асоцијацијата на активисти

за права на животните (ААПЖ)

„Стерилизацијата сè

уште е табу-тема“

Морам да признам дека последниве шест до седум

години, свеста на луѓето во поглед на бездомните,

поточно нерасни кучиња и мачки се зголеми, а

тоа се забележува по нивното вдомување. Граѓаните, кога

ќе забележат повредено и злоупотребено животно на

улица, пријавуваат, пишуваат, фотографираат, за разлика

од претходно кога само го одминуваа. Како здружение,

најголем проблем имаме со несовесни сопственици и сè

уште табу-темата за кастрација/стерилизација на животни.

Несовесноста во чување миленик, според мене, може само

да се искорени со парични казни за напуштање миленик.

Има ситуации кога миленици се оставаат на улица или ги

пуштаат сами да шетаат и притоа ќе спарат некоја улична

кучка, а со тоа се зголемува бројот на бездомни кучиња. Во

поглед на стерилизацијата, за жал сè уште се мисли дека им

се крати правото на мајчинство, што е апсурд, кога во светски

рамки тоа се препорачува, со што се одбегнува развивање

рак (кај женски кутриња) и се зголемува животниот век до

пет години. Факт е дека единствен начин за намалување на

бездомни животни е токму стерилизација.

Оваа зима најмногу нè изненади хуманоста и грижата кон

бездомните животни. ЈП „Паркинзи на општина Центар“

јавно објави дека секој што има бездомни животни во маало,

да се јави и веднаш ќе им бидат испорачани материјали за

куќарки, што за мене е неверојатно јавна институција да

излезе со ваква помош, бидејќи не сме навикнати на тоа во

Македонија. Дури и некои од кафулињата низ Македонија

ги отворија вратите за животните. :) Законот за заштита и

благосостојба на животните апсолутно не се применува. Има

масовно труење на животни, отров расфрлен на игралишта,

до контејнери, дури и во приватни дворови. Ниеден случај

немал завршница, иако е поднесена пријава против непознат

сторител. Исто е и со злоупотребата на животни, а можеби

најсвеж пример е тој од Кочани, каде што лицето кое го

знаат и полицијата, граѓани и институции, сè уште е надвор,

прибира бездомни животни, ги силува, изгладнува и убива.

Тоа лице е психопат, за кое институциите очигледно е дека

не се загрижени, а се знае и колку е тенка линијата тоа да

го направи на дете. Животните се маргинализирани, безброј

убиени, никој не реагира, а може многу лесно да се реши, но

се нема слух, се нема интерес. Стационарот „Вардариште“,

пак, е посебна болка. Искрено, многу бевме задоволни кога

во Скопје се отвори засолниште за бездомни кучиња, но по

шест месеци бевме сведоци која беше вистинската намена

на отворање на овој концентрационен логор. Верувајте, со

право го нарекувам вака. Иако како установа „Вардариште“

е добар, неговата намена не е. Кучињата се чуваат во

несоодветни услови, нема редовна дезинфекција, водата за

пиење е неупотреблива, се чуваат во боксови, повеќе од колку

што треба, умираат во агонија од секакви вирусни инфекции.

Сведоци сме биле на мртви кутриња во кафези, кои никој не

ги тргнува, а другите лежат до нив. По стерилизацијата се

ставаат на бетон и не се прочистуваат против надворешни и

внатрешни паразити. Се држат и кучиња во делови каде што

немаме пристап, а треба да фаќаме врски за одредено кутре

да го извадиме. Не се дозволува да ги фотографираме, што

го отежнува вдомувањето. Решението е „Вардариште“ да не

биде под надлежност на градот и да се даде на здружение, на

љубители на животни. Во случај на пријава на напад од куче,

пријавите не се испитуваат реално, а се случува нападнатиот

да нема рана или докторски извештај. Кучето, ако се залови,

се носи во стационарот и, наводно, се чека петнаесет дена

да се провери дали е агресивно, што е небулоза, бидејќи

кај нас нема овластен дресер кој може да тестира агресија

кај куче. Шинтерите, пак, од друга страна, се некултурни и

најчесто, според изјава на луѓе, се под влијание на алкохол.

Постои петиција за полиција за животни, но остана само како

иницијатива. Работата на полицијата би била реакција на

секоја злоупотреба на животни, нивно одземање и изведување

пред лицето на правдата. Во однос на онлајн-активизмот,

иако свеста е зголемена, има и луѓе кои само пишуваат, а

не реагираат. Ние што сме постојано на терен сме мал број

и не можеме да стигнеме секаде, па тоа повлекува лавина

критики. Како ААПЖ работиме волонтерски, како герила - ќе

пријават повредено животно, излегуваме на терен, го носиме

на ветеринар, го лекуваме и го носиме во пансион. Работиме

само со донации, а дел од трошоците ги плаќаме и сами.

Можеби сме единствено здружение што, кога ќе преземе куче

или маче, колку долго и да трае нивното вдомување, не ги

пушта на улица и покрај трошокот.

29

Портрет aктивизам

Ива Андоновска-Миленкоска,

психолог/гешталт-психотерапевт ПЗУ

„Др. Рубина“

„Свесно мачење на

беспомошни животни

може да укажува на

садизам“

Често, кога се прави психолошки профил на некоја

личност предвид се зема и односот на таа личност

кон животните. Кога постои историја на насилство

кон животните кај одредена личност не треба да се занемари

тоа. Активно и свесно мачење на беспомошни животни може

да укажува, пред сè, на садизам и недостиг на емпатија и

сочувство. Неможноста да се почувствува болката на друго

живо суштество е голем знак дека нешто не е во ред со

таа личност. Има голем број истражувања што се стремат

да утврдат поврзаност меѓу насилството врз животните

во детството и подоцнежното криминално однесување,

особено насилство врз другите луѓе. Овие истражувања

покажуваат дека кај личностите кои вршат насилство

како возрасни, најчесто како деца или адолесценти

вршеле насилства и врз животните. Садизмот и недостигот

на емпатија се едни од симптомите на психопатското

однесување. Иако психопатите се личности кои можат да

бидат многу шармантни и полни со себе, тие се фокусирани

само на сопствените интереси и амбиции, ги искористуваат

и ги манипулираат другите за сопствени потреби и лажат со

цел да го добијат она што го сакаат. Тие немаат способност

за емпатија кон другите, немаат длабоки емотивни врски

и имаат потреба за контрола и доминантност. Исто така,

имаат неконтролирано и импулсивно однесување што во

комбинација со недостигот на чувство на вина, резултира

со насилство и криминално однесување. Секако, некои

од личностите кои вршат насилство врз животните немаат

психопатско или нарцисоидно нарушување. Мора да се

земе предвид дека истражувањата на оваа тема главно се

насочени кон криминалците и нивното однесување како

деца, а нема доволно истражувања кај некриминалните

групи, за да може со сигурност да се предвиди однесувањето.

Кај одреден број луѓе, насилството врз животните може да

биде показател за сопствената фрустрација и неможност

за контрола во сопствениот живот, како и неможност

за доминација во важните сфери на дејствување. При

доминација и малтретирање на животните овие личности

добиваат чувство на моќ и важност. Особено кај деца

кои вршат насилство врз животните тоа може да биде

научено однесување при изложеност на насилство дали

во семејството или во другото социјално опкружување,

каде што на лутината или на фрустрацијата се реагира со

насилство врз оние што се побеспомошни од него. Често,

родители кои ги занемаруваат или вршат насилство врз

животните ги учат и децата на исто такво однесување.

Во секој случај, насилството врз животните не смее да се

игнорира, без разлика дали е показател за потенцијално

опасна личност која е склона кон насилство или личност на

која ѝ е потребна помош.

30

Портрет aктивизам

М-р Јасминка Ван дер Флиер,

доктор по ветеринарна медицина (ДВМ)

„Бездомните животни

се дел од нашата

средина“

Фотографија: Жарко Чулиќ

Односот кон бездомните животни на граѓаните е

многу сложено прашање. Се радувам што со текот на

годините, полека но сигурно, се менува во позитива,

а сепак, и покрај тоа, бројот на бездомните животни останува

ист. За да се дојде до намалување на бројот потребни се

многу поврзани активности помеѓу граѓаните и државните

институции. Ако не се направи координација помеѓу нив,

сè што се прави и од двете страни е како капка вода во

море. Односот кон животните се менува како резултат на

социјалните мрежи, спроведените кампањи од здруженијата

за заштита на животните. Тоа има позитивен одѕив, особено

кај младата популација, додека старата популација сè уште

е на ставот дека местото на животните не е за во урбани

средини и дека се тоа „само животни“. Се зголемува и

бројот на активисти за правата на бездомните животни, но

проблемот не можат да го решат само активистите и некоја

донација, бидејќи чини многу. Потребни се финансиски

средства и организираност. Градот Скопје направи еден

чекор напред со изградбата на стационарот за бездомни

животни „Вардариште“, ама со тоа не се реши проблемот, а

не може да се реши ако не се опфатени и граѓаните, особено

сопствениците на милениците. За решение на проблемот

потребно е почитување на законските акти, што се донесени

со Законот за заштита и благосостојба на животните и

Законот за здравствена заштита на животните, а дефинирани

се и казнените одредби за непочитување. За да се заокружи

целиот процес и да има позитивни резултати потребно е да

се воспостави и полиција за заштита на животните. Само

тогаш ќе функционира кругот сопственици, активисти,

здруженија за заштита на животните, полиција за заштита

на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство со

ветеринарните инспектори, кои се последни во низата. Јас го

посветив мојот живот на животните, тие се мојата професија

и дел од моето секојдневие и се залагам за заштитата на

бездомните животни. Во 2016 година од општина Карпош

беа доделени средства за мој проект преку Здружението

за заштита на животни „Феникс Петс“ за стерилизација

на 120 мачки, а проектот ќе продолжи и годинава. Јас бев

единствен ветеринар кој излезе на терен во Стајковци кога

беа поплавите, па потоа заедно со ДВМ Тони Кондарко

спроведовме и бесплатна вакцинација против беснило. Во

моментот спроведувам акција за стерилизација на бездомни

мачки и кучиња. Секогаш апелирам да се направи навремена

стерилизација и кастрација, за намалување на бројката и

за подобрување на здравјето на бездомните животни. Не

можам да кажам дека одѕивот е добар, но се зголемува. За

бездомните животни секогаш имам посебни цени, затоа што

за нив секогаш плаќаат активисти од својот џеб. И покрај

големиот напор од нивна страна, тоа е само незначителен

број, иако тие се неверојатна група луѓе, со големо срце, кои

и последниот денар ќе го дадат за животните. И особено

сега, во овие тешки временски услови, тие прават и повеќе

отколку што можат. Бездомните животни се дел од нашата

средина и треба сите да се потрудиме да им се помогне со

храна, со топол дом и љубов.

31

С И Т Е Ј А

Ж И В Е Е М Е

С О П С Т В Е Н А Т А

Б А Ј К А

Пишува: Тања Тодоровска

Таа има глумено во многубројни филмски остварувања, театарски претстави, а нејзиниот

талент и целокупната магија околу неа, освен кај нас, беа препознаени и во светски

рамки, па така имавме можност да ја гледаме и на големото платно со потпис на светски

продукции, како и на доделувањето на некои од најпрестижните филмски награди.

Таа е Наташа Петровиќ, младата, талентирана актерка, штитеник на Театарот за деца и

младинци во Скопје, нашата инспиративна соговорничка во февруари.

Наташа, актерско, филмско деби имавте со „Сенки“, по што следуваа уште многу успешни

филмски остварувања, како „Еликсир“, „Лазар“, „Сведок“, „Соба со пијано“, „До балчак“,

претстави во рамките на независниот театар „Театра“, како и многубројни претстави во

Театарот за деца и младинци, што ви е матична куќа. Повеќе од шест години активно се

занимавате со глума, но каква разлика забележувате кај себе од почетоците, па сѐ до

денес? Какво чувство преовладува во вас кога ќе си направите лична, професионална

ретроспектива?

Секој ден учам нови работи за себе и за тоа како и што можам да направам. Секој нов

проект го сметам како скалило погоре/подолу, што ме носи кон нови сознанија и знаења.

Имам чувство дека сѐ уште имам уште многу, многу работи за учење и откривање, дека

сѐ уште немам отворено доволно прозорци во мојата душа, дека сѐ уште имам простори

за освојување и многу граници за поместување. Сите учиме додека сме живи, па затоа

треба секој ден и секој предизвик да ги живееме со полна пареа и да бидеме отворени

кон непознатото и новото што стои пред нас без разлика колку понекогаш да ни се чини

застрашувачко и нескротливо.

Кај нас, во практиката, актерите многу почесто имаат можност да се изразат во театар,

отколку на филм, веројатно бидејќи филмската продукција сѐ уште е во подем и до

денес е далеку од оние десет филмови годишно што ги посакавте во едно ваше интервју.

Можете ли да направите паралела што суштински се разликува при работењето во

театар, односно на филм?

Пристапот на работа на одредени проекти секогаш е индивидуален, бидејќи секој од нас

има развиено различен систем на работа преку кој доаѓаме до ликовите што ги толкуваме

без разлика дали станува збор за театарска или филмска улога. Според моето досегашно

искуство од работа на филм или во театар можам да кажам дека една од големите разлики

е експресивноста. Театарската сцена бара сѐ што правиш да биде покрупно и поголемо

за да можат да те разберат и да те слушнат дури во последните редови во гледалиштето,

а за разлика од тоа камерата бара суптилност и природност зашто сѐ што е пренагласено

изгледа неуверливо.

33

Инспирација

Од друга страна, што подразбира работењето во театар пред деца, пред публика што не

знае да ги цензурира своите чувства и од која добивате инстант-фидбек?

Точно е кога велат дека децата се најискрената публика. Не е едноставно да ги исполниш

нивните очекувања и да им создадеш магија со која ќе го придобиеш нивното внимание

особено кога станува збор за деца кои се навикнати на 3Д-филмови и виртуелни игри.

Навистина ми е мило што успеваме со години да си ја задржиме публиката и на еден час

да ги внесеме во свет што ги радува, но во исто време и ги учи на вредности како што и

нас нѐ учеле ко мали.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Шминка: Јована Коциќ

Фризура: Дарко Петковски

Стилистка: Бојана Максимовска

Дали досега сте одбиле улога и од што се водите кога одлучувате дали ќе бидете дел од

некоја претстава или од некој филм? Дали треба делото во кое ќе глумите најпрвин да ви

се допаѓа вам за да ја прифатите?

Се разбира, најбитно е тоа што го работиш да ти се допаѓа, да те возбудува и креативно

да те инспирира. Проектите што ги работиме не се секогаш такви, за жал. Кај нас сѐ уште

е луксуз да одбиеш улога, особено ако си невработен актер, бидејќи можеби, за сметка

на тоа, нема да можеш да работиш ништо уште подолго време. Ова најмногу се должи на

малиот број проекти што се отворени за надворешни членови во состав на националните

установи, но исто така и на малиот број на независни проекти што се работат во

алтернативните простори/продукции, па во принцип, сите се обидуваме да не испуштиме

таква ретка пригода.

Добитничка сте на значајни интернационални награди во Мостар, Пула, но и во Сиетл

(Seattle International Film Festival Awards) и во Берлин (Shooting Stars Awards). Токму

последнава награда за ѕвезди во подем ве донесе и на Берлинскиот

филмски фестивал во 2011 година. Што претставуваат за вас сите

овие награди и признанија? Какви патишта ви трасираат тие на

професионален, па и на приватен план?

Секоја награда ја доживувам како мотивација да работам уште повеќе

и да се обидувам да направам нешто поразлично од досегашното

сработено. Секогаш е полезно кога имаш меѓународно признание за

твојот труд, бидејќи тоа отвора нови врати и соработки за во иднина.

Конкретно, благодарение на наградата „Shooting Star“ можам да

кажам дека ми овозможи да ги остварам повеќето од контактите со

филмските работници што досега ги имам, како и дел од аудициите

и улогите што подоцна ги толкував во интернационалните продукции

или копродукции.

Во „Еликсир“ глумевте со светски познатиот актер Бруно Ганц, кој

го издвоивте како актер со кого најдобро сте соработувале досега.

На што се должи тоа? Какво искуство стекнавте од оваа соработка?

А кој актер или, ајде, проект би го издвоиле како најкомплексен и

најтежок досега?

Секој проект на кој имам работено досега има своја комплексност и

тежина и секогаш ми е тешко кога треба да издвојам еден. Но, еве, ќе кажам дека „Како

да ме нема“, можеби поради фактот дека ми беше прв голем проект на којшто работев

и прва главна улога, некако ми има останато како најбитен проект, бидејќи тогаш

првпат видов како е да се работи на филм и колку е битно да успееш да ги задржиш

фокусот и концентрацијата, како и трпението додека си на сет особено поради тоа што

хронологијата на снимање не е иста како работата на еден театарски проект. Пресреќна

сум што имав можност да работам со голем актер и човек како што е Бруно Ганц и што

имав пригода да ја набљудувам неговата работа и посветеност и што успеав дел од тоа

понатаму да променам во практиката.

Иако сте многу млада, зад вас носите богато искуство. Дали тоа можете да го споделите,

па и да го пренесете на постарите, македонски актери кои ете, ги немале истите можности

како вас? Владее ли т.н. битка на его во македонското глумиште?

Сметам дека секој треба да биде отворен за споделување искуства и знаења. Сите учиме

од сопствените искуства, но во некои ситуации и туѓото може многу повеќе да ни биде

„Кај нас се уште е

луксуз да одбиеш

улога, особено

ако си невработен

актер, бидејќи

можеби, за сметка

на тоа, нема да

можеш да работиш

ништо уште

подолго време.“

34

Облека: Ивана Арсовска (Кариера Плус)

Инспирација

од полза, па затоа сметам дека треба несебично да споделуваме и споделувам, доколку постои

можност за тоа. Понекогаш мораме да водиме битки со нечие его и нечии комплекси, но тоа

не значи дека е само случај во македонското глумиште, напротив, секаде е за жал. Но, со

текот на времето, човек се учи како да го канализира и да го трансформира тоа во позитивна

инспиративна енергија и да извлече нешто корисно.

Како се подготвувате за секоја нова улога? Кои фази на лична трансформација ги минувате за

да влезете во улога?

Работата на секоја улога зависи од комплексноста на карактерот што го носи со себе, а со тоа го

менувам и пристапот на анализа и работа. Во принцип, секогаш барам референции во музиката

или во сликарството што би ме инспирирале или би му отвориле некоја нова перспектива

на ликот, бидејќи сметам дека сите ликови во себе содржат и музика и боја и форма што го

надополнува карактерот и со тоа ги прави ликовите поблиски до нас и поживи.

Неретко сме слушале актери кои се жалат на недоволен број улоги,

особено женски ликови во театар, ги истакнуваат тешките услови

за работа, но вам, освен на локално ниво, ве следат успеси и на

интернационално – филмот „As if I am not“ (Како да ме нема) ви донесе

светски успех. Според вас, што беше пресудно за ваквите големи чекори

напред?

Најпрвин морам да кажам дека беше навистина голема среќа тоа што ја

добив главната улога во овој филм, бидејќи на кастингот бев повикана за

мала споредна женска улога. Приказната за војната во Босна и нејзините

последици раскажана од перспектива на жена, жртва на таа војна, што

дотогаш не била така портретирана, на некој начин успеа да ја придобие

публиката. Успешната промоција на филмот надвор од рамките на

нашата земја, како и многуте фестивали на кои беше прикажан филмот,

како и наградите што ги доби, водеа кон сѐ што подоцна следуваше низ

годиниве.

Ве гледавме и во љубовни сцени, каде што е особено важно да се остане

во улога на ликот што го портретирате, но и да бидете еднакво спонтани

за сето тоа да изгледа вистинско и блиско до гледачите. Како ви успева?

Доколку се воспостави доверба помеѓу екипата што работи на сетот,

режисерот и партнерите со кои играш, многу е поедноставно да

се одиграат и ваквите сцени. Секогаш е потребна добра анализа и

подготовка на ликовите, план и заемен договор што дополнително

помагаат тоа да изгледа уверливо.

Дали верувате во оние филмски, понекогаш предраматични љубовни

приказни? Сте ја искусиле ли досега?

Верувам дека сите ја живееме сопствената бајка и драматичната љубовна

приказна.

Што мислите, во кој жанр би бил вашиот живот, доколку се сними филм

по него? И дали понекогаш чувствувате дека вашата професија е всушност и ваш живот?

Мислам дека психолошка драма е најсоодветен жанр. :) Нас нѐ учеа дека актер не е професија,

туку начин на живот и мислам дека сѐ повеќе верувам во тоа.

Успеваат ли некои филмови до толку да ве допрат што можат дури и да ве расплачат?

Секако. Сакам филмови што си играат со твоите емоции и успеваат да ти ја растреперат душата.

„Се обидувам

да направам

дистинкција од

мојот приватен

живот и мојата

професија, бидејќи

сметам дека е

многу полезно

и потребно да

имаш начин како

да ја обновиш

енергијата и ако,

ништо друго, да

направиш муабет

на друга тема,

освен за театар и

филм.“

Според вас, која приказна сѐ уште не е раскажана на филм, а би сакале да ја погледнете? На

какви филмови, така да се искажам, им верувате?

Верувам на искрено раскажани филмови со добра приказна. Сметам дека има многу теми и

приказни што сѐ уште не се раскажани или треба да се раскажат од поинаква перспектива и

затоа треба да седнеме и да ги напишеме, нели? :)

36

Во која мера глумата преоѓа во вашиот живот и

обратно - колку вашиот приватен живот влијае врз

вашата професија?

Секогаш се обидувам да направам дистинкција од

мојот приватен живот и мојата професија, бидејќи

сметам дека е многу полезно и потребно да имаш

начин како да ја обновиш енергијата и ако, ништо

друго, да направиш муабет на друга тема, освен за

театар и филм. Но, понекогаш е неизбежно тие два

света да не се измешаат особено поради фактот

што дел од милите луѓе со кои го поминувам своето

слободно време се токму моите колеги, па понекогаш

и тие наши неработни средби завршуваат работно.

Облека: Max&Co

Бевте дел од кампањата на УНДП против насилство

врз жените и девојчињата во која земаа учество

голем број на јавни личности. Дали сметате дека

и вие, како личност која се занимава со јавна

професија, имате одредена општествена улога и

одговорност? За какво општество се борите и какво

би било идеалното, еве, нека биде и утопистичко

секојдневие според вас?

Секоја професија што се вбројува како јавна со себе

носи голема општествена одговорност, но и сите

ние како граѓани на ова општество носиме голема

општествена и граѓанска одговорност. Се борам за

правично општество, општество што ќе се грижи за

своите граѓани, што ќе мотивира и ќе стимулира.

Општество без дискриминација и насилство во секој

облик, општество во кое би сакала да останам да

живеам, а не општество што секојдневно ме тера да

размислувам како да заминам.

За крај, што ново да очекуваме од вас? Кои следни

чекори, цели планирате да ги реализирате во скоро

време, но и во кариерата воопшто?

Се надевам дека оваа година ќе биде мошне

плодна на професионален план. Во подготовка

сме на два проекта со здружението „Артопиа“, што

го формиравме пред неполна година и со кое ја

продуциравме претставата „Да го поздравиш и да

ми го бациш“, во режија на Билјана Радиноска и

искрено се надевам дека ќе успееме успешно да ги

реализираме и новите проекти во скоро време. Во

театарот за деца и младинци веќе почна активната

театарска програма и наскоро ќе почнеме со

подготовки за нова детска претстава. Се надевам

дека годинава ќе излезе и премиерата на филмот

„Сведок“ во режија на Митко Панов и македонската

премиера на „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана

Јакимска, што имаше светска премиера на крајот на

јануари во Трст.

Највозбудливата вест за мене периодов е што

потпишав договор за театарска претстава на

Офф Бродвеј и со нетрпение очекувам нејзина

реализација годинава.

37

ЗАШТИТЕН

ЗНАК

Кое е вашето омилено модно парче?

Сара Миленковска

комбинирање

на неспоивото

Мојот заштитен знак е комбинирање

на неспоивото. Дали станува збор за

комбинирање на различни бои, стилови

или, пак, моето градење професионално и

академски, секогаш природно ми доаѓало

да ги сплотам различните нешта. Како мала

одев на балет, а слушав рап, студирам

политички науки, што бараат доза сериозност,

саботирајќи ја истата со моето манекенство.

Отсекогаш ми биле фасцинантни храбри

бои што зрачат со живот, а некогаш мислам

дека најубаво изгледам целата во црно. Кога

би требало да одвојам кој има извршено

најмногу влијание врз мене би ги одвоила

Фрида Кало, Вивиен Вествуд и сестра ми

Хана Миленковска, на која уште од мала

(очигледно) ѝ се восхитував. Немам проблем

(уживам) да носам фустани со патики „Најк“,

цветови во коса и бизнис-костум, сѐ додека

се чувствувам своја, јас сум ок. Мојот стил е

моја експресија, мој крик и моја слобода. И

да, ептен ми е удобно во неа! Контрастите и

она што го карактеризираме како различно

најчесто доаѓаат од самите нас, сите ги носиме

тие различни светови само треба да имаме

храброст да ги прикажеме пред другите.

Всушност, во животот, синхронизирајќи ги

различностите, ги добиваме најубавите бои и

мелодии.

38

Фотографија: Жарко Чулиќ

40

Mango комбинезон 990 ден.

Mango јакна 2.490 ден.

Parfois чокер 690 ден.

In the making…

Фотографија: Жарко Чулиќ

Стилистки: Бојана Максимовска и Ана Коцевска

Модел: Ана Марија Јанковиќ, Моделс Ин

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Фризура: Ѓорги Тренов, студио FRAN

Посебна благодарност до МОБ за отстапениот простор

Наметка: Ивана Арсовска (Кариера Плус)

42

Mango кошула 1.490 ден.

Parfois сандали 2.290 ден.

Mango ремен 990 ден.

Панталони: Ивана Арсовска

(Кариера Плус)

Портрет мода

Mango блуза 1.290 ден.

Mango кратки панталони 990 ден.

Parfois чевли 1.590 ден.

43

44

Mango палто 4.990 ден.

women'secret градник 1.490 ден.

Parfois марама 490 ден.

Parfois чевли 1.590 ден.

Mango маица 290 ден.

Mango панталони 2.490 ден.

Јакна: Радица Лазова (Кариера Плус)

45

46

Clairvoyant

Модниот едиторијал Clairvoyant го сликавме во Белград со манекенката

Маја Даничиќ и модели на една од најуспешните дизајнерки од Србија,

нашата омилена Ана Љубинковиќ.

Фотографија: Горан HLVK Поповски

Модел: Маја Даничиќ

Модна агенција: MSO/ Model Scouting Office

Шминка: Јована Вукосављевиќ

Фризура: Мишко Ниниќ Unlimited

Мода: Ана Љубинковиќ

Стилистка: Бојана Максимовска

47

48

Портрет мода

50

Портрет мода

51

Портрет мода

Фотографија: Жарко Чулиќ

MANGO сет прстени 440 ден.

MANGO бразлетна 690 ден.

MANGO чанта 590 ден.

PRECIOSA тенка сребрена алка 4.450 ден.

PRECIOSA дебела алка со камења 12.097 ден.

PRECIOSA алка со кожна врвка 4.999 ден.

PRECIOSA прстен со голем камен 5.253 ден.

PRECIOSA прстен со метален дел од страна 2.596 ден.

Портрет мода

1

2

3

4

1. PARFOIS 1.590 ден.

2. PARFOIS 1.590 ден.

3. PARFOIS 1.890 ден.

4. LIU JO 7.390 ден.

790 ден.

490 ден.

2.390 ден.

345 ден.

190 ден.

590 ден.

2.232 ден.

Портрет мода

MAX&CO кошула 8.590 ден.

LIU JO џемпер 8.890 ден.

LIU JO фармерки 11.090 ден.

MAX&CO балетанки 11.590 ден.

MAX&CO ранец 24.690 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

MANGO

7.990 ден.

MANGO

2.990 ден.

MANGO

1.490 ден.

MANGO

2.990 ден.

Портрет мода

MANGO

2.490 ден.

MOTIVI

3.290 ден.

MOTIVI

3.290 ден.

Дајте им уникатен печат на

комбинациите со избор на

впечатлива чанта што ќе

одговара на вашиот стил. Мали,

но функционални се префрлаат

преку рамо и целосно го

освежуваат вашиот стајлинг во

зимските сиви денови, а заедно

со шарена марама се прекрасен

моден детаљ. Ви нудиме три

симпатични предлози!

PARFOIS чанта со апликација 1.590 ден.

LIU JO сина чанта 6.790 ден.

LIU JO марама 6.690 ден.

LIU JO кафеава чанта 6.790 ден.

60

Fitness

ready

Портрет мода

Lisca Miss Sporty

Спортска облека

Градник топ 1.739 ден.

Градник со корпи 1.999 ден.

Маица 1.669 ден.

Хеланки 1.999 ден.

Сѐ што ви треба за време на вежбањето е удобност и убаво чувство во спортската облека,

а спортската колекција од брендот Lisca, покрај сето тоа, нуди и целосен модерен изглед.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Модел: Кристина Ставреска, Моделс Ин

61

MANGO 2.490 ден.

MANGO 1.990 ден.

MOTIVI 800 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

62

Фото дневник

ЕДЕН ДЕН НИЗ ФОТОГРАФИИ СО ДИЗАЈНЕРОТ

Марков

9:00 Вака го почнувам

секој ден

10:30 Студио 16:10 Ручек + пријатели

18:30 Припрема на модел

21:30 Завршеток на денот со

драг спомен

20:00 Сурф пауза

Портрет убавина

КУТУРИЕРОТ КОЈ ОД ЖЕНСКАТА МОДА НАПРАВИ УМЕТНОСТ

YVES SAINT LAURENT

Пишува: Џејлан Рустемоска

На први август 1936 година, во Оран, Алжир, се раѓа Ив Сен

Лорен, човекот чии иницијали ќе станат едно од најмоќните

логоа во светот на модата на сите времиња. Растејќи во

Алжир, уште како дете сонува за Париз. Видно се разликува

од неговите врсници, и по начинот на кој се облекува и

движи, и по карактерот, интровертен и пресериозен за

своите години, причина поради која на училиште е жртва на

булизам. Бегството од реалноста и околината во која не се

вклопува го бара во модните списанија на неговата мајка,

неуморно скицирајќи и креирајќи модни детали и облека

за неговите сестри Мишел и Брижит. Има седумнаесет

години кога мајка му, сакајќи да му помогне да си го оствари

сонот, ќе го одведе во Париз. Како и за повеќето врвни

модни дизајнери, и неговата отскочна штица е париската

комора за кутуриери, Chambre Syndicale de la Haute Couture,

каде што конечно го наоѓа својот креативен рај.

Го привлекува вниманието врз себе откако победува на

конкурс за млади дизајнери скицирајќи црн коктел-фустан

со асиметрично деколте кој подоцна ќе биде изработен

од Живанши. Уредникот на парискиот „Вог“, Мишел де

Бруноф, воодушевен од неговите цртежи, го запознава со

Кристијан Диор. Никој подобро од мајсторот за стил не знае

да препознае вистински талент. Го вработува Ив како свој

асистент и за кратко време тој станува принц на династијата

Диор, а со тоа растат неговите самодоверба, инспирација и

умешност, но исто така и непријателите во модната куќа кои

се чувствуваат загрозени.

Кога Кристијан Диор умира од срцев удар во 1957 г., на само

21 година, Ив станува креативен директор на најмоќната

модна империја во светот. Сите се заинтригирани од неговата

појава: тивок, срамежлив, а со секогаш будни очи зад

дебелите стакла на препознатливите очила со темни рамки

кои заедно со тесните црни костуми го одбележаа неговиот

личен стил. Неговата прва колекција на чело на Диор е

совршен спој меѓу традицијата и препознатливите линии и

стил на Диор и свежината и смелоста на младиот наследник.

Успешен производ од оваа колекција е познатиот трапезфустан.

Критичарите пишуваат: „Сите беа во солзи. Тоа беше

најемотивното модно шоу на сите времиња.“ И токму кога се

наоѓа сѐ поблиску до врвот, се случува непредвиден пресврт.

Во 1960 г. избувнува војната за независност во Алжир и тој

е повикан да ѝ се приклучи во француската војска. Повикот

и враќањето во Алжир ги доживува толку трауматично, што

за нецели три недели ќе доживее нервен слом. Ќе биде

подложен на тешки терапии со седативи и електрошокови

на кои се должи и подоцнежната зависност од наркотици.

Не стигнува ни да закрепне кога доаѓа нова вест која

дополнително го обесхрабрува: тргнат е од престижната

позиција во Диор.

За среќа, Ив Сен Лорен не е сам. Покрај него е Пјер Берже,

неговиот професионален и интимен партнер кој ќе го извлече

од болница и ќе го врати на нозе, помагајќи му да почне

од нула и од своите иницијали да направи бренд со кој ќе

предизвика револуција во француската мода во шеесеттите.

64

Додека Ив е ранлив, чувствителен уметник, Пјер е неговиот

рационален заштитник на кого му должи голем дел од

успехот. Заедно ќе станат цврст темел на новата модна куќа.

1962 е годината на првата самостојна ревија што ќе биде

дефинирана како „најдобра колекција на костуми видени

после тие на Шанел“. Сен Лорен верува дека елеганцијата

треба да добие нова димензија соодветна за модерната

жена која живее во свет без бариери. Бариерите ги руши и

самиот, како кога во 1965 го креира славниот Мондријанфустан,

со должина до колена, и препознатливиот принт на

сликарот Пит Мондријан, претставник на неопластицизмот.

Платното го пренесува на штоф, а геометриските линии

добиваат жива форма на женската фигура. Модата и

уметноста влегуваат во симбиоза, креаторот игра со смели

бои и комбинации, создавајќи ја својата поп-арт колекција.

Следува и prêt-à-porter линија со која го отвора и првиот

бутик во Париз. Идејата е да им понуди на своите клиенти

поекономични парчиња облека без да ги лиши од неговиот

препознатлив стил. Но тоа не значи дека се откажува од

високата мода. Во шеесеттите на пистата ќе продефилира

и едно од легендарните парчиња на Сен Лорен: женскиот

смокинг, инспириран од актерката Марлен Дитрих и

триесеттите години, кој засекогаш ќе ја промени судбината

на женските костими. Во линија со првите феминистички

движења, Сен Лорен ќе продолжи да адаптира класични

машки парчиња како блејзери, мантили, сафари-јакни,

правејќи ги поженствени и пософистицирани од кога било.

Младиот, срамежлив Ив е веќе историја, на негово место

доаѓа сигурен, смел дизајнер кој не само што е основач на

сопствената модна куќа туку, како и Коко Шанел, станува

инкарнација на сопствениот бренд. Животот го минува меѓу

романтичниот Париз и живописниот Маракеш од каде што

црпи инспирација, внесувајќи ги етно боите и ориенталните

шари во своите колекции. Меѓу новитетите што ги носи во

светот на модата се и животинскиот принт и најмувањето

црни модели за своите ревии, уште еднаш шокирајќи го

светот.

Во седумдесеттите ја лансира и својата прва линија за

козметика и парфеми зашто, како што вели, „најубавата

шминка за жената е нејзината страст, но козметиката

полесно се купува“. Осумдесеттите ќе ги одбележат

повторно неговите креации инспирирани од уметноста,

особено од Пикасо и Матис. На прашањето дали и модата е

уметност, тој одговара: „Модата не е уметност, но потребни

ѝ се уметници за да постои.“

Но за сметка на креативноста и целосната посветеност на

работата, Сен Лорен губи контрола врз својот живот. Своите

внатрешни немири и депресијата ги дави во алкохол и дрога.

Пјер тешко успева да ги држи на нозе и бизнисот и својот

љубовник. Во деведесеттите години модната куќа доживува

криза, а подоцна ќе биде купена од страна на групацијата

„Гучи“, која го назначува Том Форд за креативен директор.

Ив Сен Лорен официјално ја завршува кариерата во 2002 г.,

изјавувајќи дека почнува да се чувствува туѓинец во светот

на модата. Последните години од животот ги минува борејќи

се со болеста и барајќи мир во друштво на Берже. Умира во

2008 од мозочен тумор.

Светот ќе го памети како гениј со шесто сетило за стил,

секогаш неколку чекори пред своите современици. Тој успеа

да го смени концептот за женственост и од љубовта кон

уметноста во секоја нејзина форма да создаде безвремени

парчиња, верни симболи на неговиот бренд.

65

Портрет убавина

НЕГА И ЗДРАВЈЕ СО

спа-третман

Спа-туризмот е еден од најстарите видови туризам, особено ако се земе предвид начинот на кој старите Грци и Римјани

се опуштале и уживале во благодатите на термалните води и бањи. Во последните две децении, пак, особено се бележи раст на

корисниците на спа и велнес-услуги, а брзиот и стресен начин на живот придонесува луѓето да се свртат кон специфичностите и

разните придобивки што ги нуди модерниот бањски туризам, особено во зимскиот период, совршен за уживање и регенерација.

Покрај многубројните физички здравствени придобивки, услугите во квалитетните спа и велнес-центри нудат и ментално и

психичко опуштање, доведувајќи го телото во природен психофизички баланс. Зборот „спа“, што значи бања, минерална, топла

вода, се користи за сè што е поврзано со здравјето, односно користење и уживање во придобивките од водата и со помош на водата,

на пример, хидромасажи, сауна, турска бања, солена соба, базени со солена вода, лековита и минерална вода...

Финска сауна

Скоро и да не постои спа-центар без сауна, а најкарактеристична е

финската сауна со дрвениот мирисен простор исполнет со сув топол

воздух на температура од 70 до 100 Целзиусови степени со ниска

влажност на воздухот од 10 до 15 проценти. Поради високата температура,

престојот е ограничен од 6 до 15 минути, во зависност од поднесувањето

високи температури, на што треба особено да се внимава. Самото потење

го ослободува телото од штетните материи и од отровите и ја подобрува

циркулацијата на крвта, го зајакнува имунитетот и помага да се опушти

телото од стресот.

Топли лежалки

Лежалки со природната температура на телото од 37 до 39 степени со што

се постигнува телото да се загрее без потење и се подобрува протокот на

крвта, а со тоа се зајакнува имунитетот. Топлината од лежалките добро

влијае и врз нервниот систем и го враќа организмот во природен баланс,

го ослободува телото од стресот и ги намалува грчевите во мускулите.

Турска бања

Вид сауна во која има висока влажност на воздухот што се движи до 100

проценти, температура од 40 до 50 Целзиусови степени и се престојува од

5 до 20 минути. Ова е стар начин на капење и потекнува уште од времето на

старите Римјани. Турската бања, односно амам, најмногу се препорачува

за бронхијална астма, проблеми со горните дишни патишта, кашлање,

како и болка во зглобовите. Во турските бањи има и чешма за повремено

разладување со ладна вода, а многумина ставаат и сол на телото бидејќи

на тој начин се врши пилинг и се обновува површината на кожата.

66

Инфрацрвена сауна

Ледена соба

Со топлината на инфрацрвената терапија се

шират капиларите и се ослободуваат скриените

отрови. Температурата во оваа сауна е од 50 до 60

степени, а препорачливо е користење од 20 до 30

минути. Инфрацрвената топлина добро влијае врз

нервниот систем, го регулира нарушеното варење

на храната, помага при согорување на мастите и го

нормализира крвниот притисок. Поради пониската

температура, полесно се поднесува од финската

сауна, а интензитетот на потење е до трипати повеќе

од класичните сауни.

Ладна просторија што по стилот потсетува на пештера,

а температурата се движи околу 4 Целзиусови степени.

Користењето на ледените соби позитивно влијае врз

организмот бидејќи ја подобрува циркулацијата и го

зајакнува метаболизмот. Вообичаено се користи во

комбинација со сауните, односно по нивно користење,

а токму комбинацијата топло-ладно доведува до

ширење и стеснување на крвните садови, со што се

поттикнува циркулацијата. Може да биде збогатена и

со ароматични својства, а задржувањето во собата е

неколку минути.

Базени со хидромасажа

и топла вода

Базени со џакузи за различни делови од телото во кои

температурата е од 25 до 35 степени. Хидромасажата

е многу корисна за ревматски заболувања, лоша

циркулација, против вкочанетост и против стрес. Во

зависност од спа-центарот, може да бидат помали

или поголеми и да содржат и други услуги, како

хромотерапија или таканаречените тропски тушеви

што помагаат против главоболка, болка во вратот и

рамењата, како и во грбот.

Солена соба

Солена терапија или халотерапија е еден од најстарите

видови терапија што се заснова на користење на

солените рудници уште од 1843 година кога полскиот

доктор Феликс Бочковски ги открил значајните

тераписки својства на камената сол. Температурата

во солената соба е од 18 до 25 степени, а минералите

натриум хлорид, калциум, магнезиум, бакар, цинк,

селен и литиум би требало да бидат дел од аеросолите

во собата. Условите во собата позитивно влијаат врз

кардиоваскуларниот систем и метаболизмот, а имаат и

силно антиалергенско и антисептичко дејство.

67

Портрет убавина

КАКО ДО СОВРШЕНА КОЖА?

БОРБАТА ЗА СОВРШЕНА КОЖА Е СЕКОЈДНЕВИЕ НА СЕКОЈА ЖЕНА,

А ТРИТЕ НАЈЧЕСТИ ПРОБЛЕМИ СЕ ТОКМУ БРЧКИТЕ, АКНИТЕ И ДАМКИТЕ

Проблемите со кожата можат да бидат особено непријатни и да се појават во моменти кога најмалку се

очекуваат и кога најмалку е потребно. Често се случува наутро по будењето одразот во огледалото да

покаже некоја нова несовршеност, било да се акни, брчки, дамки, линии... Се појавуваат во различен период

од животот, а го предизвикуваат истото непријатно чувство без разлика на возраста. Сепак, грижата и

секојдневната нега се дел од превенцијата, а вистинските состојки и правилната употреба се клучни за да се

избегне нивното појавување или во најмала рака да се јавуваат поретко.

АКНИ

Основни факти: Адолесцентните акни се јавуваат поради зголемено мрсење на кожата,

а акните на подоцнежна возраст настануваат поради стрес, хормонални промени и

чувствителност. Нечистотиите и бактериите, како и студеното време, дополнително влијаат

врз иритираната кожа на лицето, со појава на црвенило и сувост. Митесерите, односно

црнките, исто така можат да претставуваат проблем и иако не се толку видливи, сепак ги

затнуваат порите.

Нега: Генерално, здрава исхрана со многу витамини, минерали и вода е важна за чиста кожа,

нo освен тоа, правилната нега зависи и од вистинските козметички производи, длабинското

чистење со благ тоник, употребата на маски и пилинзи и антибактериски кремови. Доволното

количество вода во текот на денот помага да се исфрлат отровите од телото и да се олесни

проблемот со акните.

68

Природни состојки: Проблематичната кожа бара соодветна нега и

користење кремови што се антибактериски, богати со витамини А, Ц

и Е. Експертите препорачуваат на подоцнежна возраст да се користи

салицилна киселина за хидратација на кожата. Производи што содржат

мед и домашни маски од природен, сиров мед, помагаат во борбата со

акните. Зелениот чај е богат со витамини и минерали и спречува појава

на акни и изгореници.

ПИГМЕНТАЦИЈА

Основни факти: Дамките на кожата се резултат на најразлични

влијанија, како што се изложеност на сончева светлина, несоодветен

третман на акни, користење несоодветни козметички препарати или

неправилности во пигментацијата на кожата. Пигментација на кожата и

дамки можат да се појават на грбот, рацете или на лицето. Прекумерното

изложување на сонце во младоста може да има негативно влијание врз

кожата во постарите години.

Нега: Физичката активност и квалитетниот сон, како и доволно

количество вода, се дел од сечија препорака, особено за време на

менопаузата. Препорачливо е и секојдневно да се користат кремови

за сончање со фактор 15 или 20. Сонцето е најголемиот виновник за

забрзаната појава на нови дамки на кожата.

Природни состојки: Есенцијалното масло од лимон и масло од

арган помагаат за изедначување на тенот на кожата, но и за помалку

брчки и за отстранување на мртвите клетки. Лимонот, ’рдоквата и

магдоносот претставуваат природно белило на дамки. Алое верата

има неверојатно хидратантно дејство врз кожата, ублажува и лекува

секаков вид црвенила и иритации. Невенот е исто така многу корисен, a

може да се употребува како масло кое се нанесува на чиста кожа само

на оние места каде што има дамки на кожата, или да се купи готов крем

од невен.

БРЧКИ

Основни факти: При стареењето се произведува сè помалку колаген,

а резултатот на тоа се првите брчки. Видливи се поочигледни траги од

линии на челото и околу очите, а кожата е поизложена на воспалителни

состојби, како и намалување на естрогенот, а заради тоа кожата не е

блескава како порано. Со намалувањето на производството на колаген

и еластин кожата почнува полека да ја губи еластичноста.

Нега: Ексфолијација на кожата, односно отстранување на мртвите

клетки со разни маски е тоа што може да помогне за посјајна и поцврста

кожа. Ова е важно да се знае заради обезбедување хидратација на

кожата навечер и наутро, со додавање состојки наречени пептиди кои

ја поттикнуваат синтезата на колагенот.

Природни состојки: Храна богата со витамин Ц го намалува ризикот

од појава на брчки до 30 проценти. Боровинките се одличен извор на

витамин Ц и се антиоксиданси, па често се прогласувани за најдобри

сојузници во борбата против знаците на стареење. Се препорачува и

маслиново масло бидејќи содржи и други есенцијални масни киселини

што се борат против воспаленијата, а витаминот Е и полифенолите

што се наоѓаат во него ја заштитуваат кожата од штетното влијание на

слободните радикали.

RED ALERT

Следниве неколку производи во знакот на црвената боја се

совршен избор за освежување на целодневниот изглед.

AVON TRUE

COLOR SUPREME

NOURISHING

КАРМИН 199 ден.

Лесен кармин со интензивна

боја што ги прави усните

меки и нежни.

BOURJOIS

HEALTHY MIX

ТЕЧНА ПУДРА

860 ден.

Формула со овошна терапија

за совршен природен изглед

до 16 часа.

AVON TRUE

COLOR SUPREME

LENGTH

МАСКАРА 319 ден.

Уникатната четка и

формулата со кокосово

и арганово масло ги

издолжуваат трепките.

BOURJOIS HEALTHY

BALANCE КАМЕНА

ПУДРА 464 ден.

Пудра што го изедначува тенот на

кожата и ѝ дава природен сјај.

MISSLYN

SHAPING QUEEN

ПАЛЕТА ЗА

КОНТУРИРАЊЕ 650

ден.

Три меки нијанси за

истакнување на контурите

на лицето што ги покриваат

несовршеностите.

70

ПРОИЗВОДИ ЗА

ЦЕЛОСНА НЕГА

1НЕВЕРОЈАТЕН ЕФЕКТ ПРОТИВ

БРЧКИ 1.620 ден.

Кремот Nature's Arga Precious Precision,

е погоден за користење и дење и ноќе и е

исклучително ефективен во борба против првите

линии и брчки. Концентрацијата на арганово масло

ја храни кожата и ѝ дава кадифена текстура додека

цветот Акмела и дава еластичност.

2НЕЖНО ЧИСТЕЊЕ НА

ЛИЦЕТО 670 ден.

Млекото за лице Nature's Arga Delicate

Cleansing гарантира мекост и хидратација и

помага за превенција на првите знаци на стареење.

Детоксицирачки ефект му даваат розата од Дамаск и

сончогледовото масло. Совршен и за нега околу очите.

2

1

3СОВРШЕНО МЕКИ УСНИ

Rosal Lip Balm So Natural и Milk&Honey

балсамите за усни ги негуваат и ги хидрираат

усните и помагаат против негативните

ефекти од сонцето, студот и ветрот. Кокосовото масло

длабоко хидрира додека протеинот на млекото и

екстрактот од мед ги зајакнуваат усните и ги прават

поотпорни на надворешните влијанија.

3

4

5

4ЗА СИТЕ ТИПОВИ КОЖА

Rosal Family е универзален крем за лице и

тело и пружа заштита за целото семејство.

Брзо впивачки крем што содржи активни

антиоксидантни состојки и длабоко ја хидрира кожата.

Витаминот Е ја храни кожата на лицето и телото и

спречува нејзино сушење.

5НЕГА НА ЧУВСТВИТЕЛНИ

РАЦЕ

Смирувачкиот крем Rosal Hands за сува

и чувствителна кожа на раце збогатен со

природни состојки од масло од невен и камилица ги

негува рацете и ноктите. Кремот е и антивоспалителен

и го намалува црвенилото.

71

Портрет убавина

Red Temptation

Инспирирани од сите нијанси на црвена што месецов го

бојат со симболика на љубов и страст, го фотографиравме

мејкап едиторијалот „Red Temptation“ со уникатните

парчиња од новата колекција на Swarovski. Изберете

совршен подарок за себе или за некоја драга личност.

72

Модели: Кристина Ставреска и Матеа Кантурска, Моделс Ин

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Фотограф: Жарко Чулиќ

Накит: Swarovski

Накит: Swarovski

73

74

Портрет убавина

Накит: Swarovski

75

Make Up

Starters

5 НЕОПХОДНИ ПРОДУКТИ ЗА

УБАВИНА ШТО СЕКОЈДНЕВНО

ГИ КОРИСТИМЕ

1. ARTDECO NUDE

FOUNDATION течна

пудра 1.290 ден.

2. MISSLYN XXL

VOLUME MASCARA

маскара 390 ден.

3. ARTDECO MINERAL

COMPACT POWDER

компактна пудра

1.150 ден.

4. ARTDECO SOFT

LIPLINER молив за

усни 350 ден.

5. BOURJOIS ROUGE

EDITION кармин за

усни 615 ден.

76

Боички за возрасни

ОВА СЕ НАЈЕДНОСТАВНИТЕ КАРМИНИ ЗА

КОРИСТЕЊЕ. ОДЛИЧНИ И ЗА ОНИЕ КОИ НЕ

СЕ ПРЕЦИЗНИ ВО НАНЕСУВАЊЕТО КАРМИН,

НИВНИТЕ НИЈАНСИ СЕ ПРИРОДНИ, А

СТРУКТУРАТА СОЧНА.

BOURJOIS COLOR BOOST 500 ден.

CLINIQUE CHUBBY STICK 1.496 ден.

GIVENCHY DAHLIA DIVIN LE NECTAR DE PARFUM EDP 50 ML 4.003ден.

NINA RICCI L’EXTASE EDP 50 ML 4.430 ден.

JEAN PAUL GAULTIER CLASSIC PREMIUM EDP 50 ML 4.510 ден.

Портрет убавина

ESTEE LAUDER ADVANCED NIGHT REPAIR серум за лице 4.791 ден.

ESTEE LAUDER REVITALIZING SUPREME крем за лице 4.499 ден.

ESTEE LAUDER REVITALIZING SUPREME WAKE-UP BALM балсам за лице 3.479 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

79

Семеен портрет

СОМАЛИСКАТА ГАЗЕЛА И БЕЛИОТ ВОЈВОДА

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА ИМАН АБДУЛМАХИД И ДЕЈВИД БОУВИ

Пишува: Џејлан Рустемоска

Kога првпат се појавиле заедно во јавноста, на почетокот

на деведесеттите, многумина ги прогласиле за пар на

годината. Наспроти очекувањата, потрајаа и многу

подолго од тоа, а доколку пред точно една година тој не ја

изгубеше борбата со ракот, годинава ќе славеа 25 години

брак и љубов. Сомалиска принцеза, ќерка на амбасадор,

црната газела од модниот свет. Беспрекорна каде и да се

појави: на писта, на насловна страница, на големото платно.

Таа е Иман, што на нејзиниот мајчин арапски значи верба.

Тој е Белиот Војвода, музичка и модна икона со безброј

идентитети и безвремени хитови, незаменлив на сцената,

„обичен смртник со потенцијал на суперхерој“. Toj e Дејвид

Боуви, името што претходниот месец повторно ги преплави

медиумите кои на годишнината од смртта му оддаваа почит и

благодарност за сѐ што остави во наследство преку неговата

музичка и креативна генијалност. Можеби неверојатно за

ѕвезда од таков вид, но исто колку што беше посветен на

своето творештво, беше посветен и на својата сопруга и

семејството. „Некогаш не знаеш колку вреди мигот додека

не стане минато“, гласеше твитот на Иман на неговиот 69-ти,

последен роденден, два дена пред смртта на Боуви. Иако

своите заеднички мигови тие одбираа да ги живеат што е

можно подалеку од љубопитната јавност, одвреме-навреме

му дозволуваа на светот да ѕирне во нивната приватност

за да сфати во што е тајната: смеа, слобода и многу, многу

бакнежи.

Иман е верна обожавателка на Боуви уште откако се

преселува од Африка во Њујорк за да работи како модел.

Нејзината кариера започнува сосема случајно, кога

фотографот Питер Берд ја забележува додека се движи

по улица во Наироби. Во тоа време, по политичката криза

во Сомалија, Иман е бегалец во Кенија, а оваа случајна

средба драстично ќе ѝ ја смени судбината. Кога веќе е во

Америка, не испушта ни една пригода да присуствува на

концертите на Боуви. Првпат официјално се запознаваат на

14 октомври 1990 г. кога нивниот заеднички фризер, Тиери,

ги поканува на вечера. Боуви е воодушевен од нејзината

појава, елегантна, грациозна и полна со самодоверба. Во

неа препознава темперамент и страст кои го асоцираат

на Софија Лорен, неговата најголема љубов од детството.

Отсекогаш мислел дека ако има среќа да сретне жена како

неа, ќе му биде единствена до крајот на животот. Како

што подоцна ќе изјави: „...од првиот миг кога ја видов веќе

смислував имиња за нашите деца.“ Но, Иман не е еднакво

80

Семеен портрет

заинтересирана. И двајцата имаат зад себе по еден

неуспешен брак, а таа ако некогаш повторно се омажи, не би

сакала тоа да биде со славна личност, особено не со жива

легенда како Боуви. Следната средба ќе биде за време на

неговата турнеја „Sound and vision“. Иман доцни на неговиот

концерт, стигнува токму во моментот кога тој се симнува од

сцената и одвај успеваат да разменат понекој збор. Причина

повеќе за да присуствува на забавата по концертот каде што

имаат можност подолго да се дружат. Следниот ден ќе го

однесе Боуви во единственото место во Лос Анџелес каде

што служат вистински англиски чај. И веќе е љубов. Особено

за него. Почнувајќи од тој ден, ќе направи сѐ за да ја освои.

Ќе му требаат само две недели и Иман веќе знае дека Дејвид

Боуви можеби е мегаѕвезда, но Дејвид Џонс е вистински и

покрај него ги минува најубавите мигови од животот. Кога по

една година романтични состаноци насекаде низ светот, во

Париз, пловејќи по Сена, Боуви ќе ја запроси, одговорот на

Иман е „да“.

Во 1992 г. најпрвин се венчаа со граѓански брак во Лозана,

Швајцарија, каде што Боуви живее и твори во тој период,

а на 6 јуни истата година ќе ги повторат своите завети во

црквата „Сент Џонс“ во Фиренца, еден од нивните омилени

градови во светот. Церемонијата е едноставна и интимна, без

пренакитеност и традиционални улоги, со понекое цвеќе,

нивните родители и најблиските пријатели. Иман е облечена

во елегантна, бела тоалета, креација на Херв Леџер, а Дејвид

Боуви е во изненадувачки едноставно издание, облечен

во беспрекорен црн костум со потпис на Тиери Маглер.

Необично дождлив ден за јуни, а според италијанската

традиција, дождот на свадба носи среќа. „Бракот ќе трае

50 години“, ја уверувале случајните минувачи, како што се

сеќава Иман.

Нивните заеднички години ги делат помеѓу Лондон и Њујорк,

помеѓу неговата плодна музичка кариера и нејзиниот бизнис

со козметика, помеѓу неминливите појавувања во јавноста

и интимните моменти во најдалечните катчиња и егзотични

острови. И двајцата имаат по едно дете од претходните

бракови, Данкан е синот на Дејвид, а Зулеха е ќерката на

Иман. Но, по осум години брак, на вистинско чудо, им се

исполнува сонот и го добиваат првото заедничко дете,

ќерката Александрија Захра Џонс. Лекси комплетно им го

менува животот, особено на Дејвид, кој во минатото бил

склон кон осаменост. Сега нејзиното постоење го исполнува

секој агол од нивното секојдневие. Ги поврзува на уште

подлабоко ниво. Кога целиот свет и нивните кариери ќе ги

тргнат настрана, тие се нормално, едноставно семејство.

Иман на честите прашања за тајната на неочекуваниот успех

на бракот помеѓу музичка ѕвезда и модел, во една пригода

изјавува за Harper’s Bazaar: „Тајната е во тоа што знаеме

да се забавуваме кога сме заедно. Дејвид е вистински

Англичанец, прав џентлмен. Никогаш не се расправа, тивок

е. Јас сум таа што вреска. Тој ме засмејува. Нашиот живот е

како кабаре-шоу.“

Како во легендарната песна на Боуви, „Heroes“, омилената

на Иман, и двајцата херојски се соочија со неговата болест,

крадејќи го секој момент што може да му се украде на

животот. За жал, некои битки не можат да се победат. За

мајорот Том летот продолжува кон некои други дестинации,

единствено што ни вети е дека нема да биде здодевно.

81

Готвиме со фичо

Рецепт и текст*: Филип Поповски

ПЕЧЕНИ БАРБУНИ СО РИЖОТО

Имам другарче (заедно учевме во основно) што е крал на

рибите во Македонија! Ми се јавува и ми вика, Фичо ми

стигна прав деликатес! „Red Mullet“ – тоа е називот за барбун.

Барбун е риба што ја обожавам, едноставно секое готвење ми

го прави посебно искуство! Се работи за риба која се храни

со ракчиња па и самата риба има таков шмек… Фантазија!

Една од највредните и најпопуларните парчиња морски риби!

Обично на пазарот се наоѓаат парчиња до кај 200 г. Доколку

најдете поголеми капиталци, земете ги, вредат!

Се мислев со што да ја искомбинирам и решив да направам

поинаква комбинација од вообичаената медитеранска

мешавина (варени компири, лук и блитва). Овој пат барбунот

ќе го комбинирам со рижото и тоа не било какво, туку рижото

со бадеми!

Барбунот е риба што претежно се спрема со техника на

пржење, али јас решив да ѝ пристапам скроз различно! Ќе ја

печам! Ја чистите од шкргите, ги вадите внатрешните органи,

посолувате и ја оставате во фрижидер околу 2 часа. Ќе пушти

вода, добро ќе ја исцедите и ќе ја избришете со сува крпа.

Ја редите на решетката од рерната (ги редите парчињата во

природна позиција како кога плива во водата), одоздола ќе

ставите плехче што ќе ги собира соковите кои ќе истечат. Ја

загревате рерната на 240 степени, ја ставате рибата да се

пече (внимателно да не се превртат парчињата). Ја намалувате

рерната на 210 степени, пуштате вентилатор и печете точно

13 минути.

Додека се пече го спремате рижотото. Ставате 30 г. путер

со лукче, пржите додека кромидот не добие стаклест сјај,

додавате 1 чешне лукче (ситно исецкано) и додавате 80 г.

карнароли ориз, пржите една минута и потоа додавате 30

мл бело вино. Откако ќе испари алкохолот додавате 30 г.

сецкани бадеми и залевате со зеленчуков бујон (околу 150мл),

Спремате ал денте рижото. Откако е зготвено рижотото

замешувате околу 30 г. рендан чедар кашкавал и промешувате

за да се спои и да добие погуста структура.

Јас решив да сервирам малку поразлично од вообичаено.

Оваа чинија претставува природна средина за рибата,

односно рижотото го претставува дното во морето, а рибата е

поставена во својата природна позиција на движење.

Се надевам дека ви се допадна мојот рецепт за овој број, се

читаме за кратко, а доколку сакате повеќе вакви рецепти,

посетете го мојот блог www.gotvimesofico.mk

Bon Appétit! ;)

82

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

83

#Foodporn

Ако пред неколку години за некој ресторан да ти стане омилен беше доволно да нуди пријатна атмосфера,

вкусна храна, обилни порции и добра услуга, појавата на „fine dining“ рестораните ја подигнаа

гастрономијата на ново ниво.

Од изборот на музика, осветлување, уметничките дела како дел од ентериерот, внимателно избрани

менија, овие ресторани претставуваат еклектичен спој на различни светски кујни и концепти. Секој

ресторан од ваков тип поседува врвна услуга, персонал што ги пречекува гостите, ги придружува и ги

насочува кон гардеробите и кон масите. Менито не е обемно, но е составено од состојки со врвен квалитет.

Најважен од сѐ е главниот готвач, што го поставува менито, да биде креативен, а неговиот тим да биде

високообучен да ги следи неговите инструкции. Целиот тим мора да биде подготвен да прави различни

импровизации на понудените оброци, доколку тоа е желба на гостинот. Нешто што никогаш нема да

видите во ваквиот тип ресторани се салфетки од хартија или пластични чаши и чинии. Сервирањето и

декорирањето оброци е вистинска уметност. Посетата на „fine dining“ ресторан е искуство што носи

специјални и единствени моменти и ги задоволува сите сетила, во хармонија на телото и духот. Нов вид

уметност, создадена од карактеристични бои, мириси и вкусови и претставува вистинско уживање за

сите гурмани. Поради квалитетот на состојките, подготовката на храната, во вистинска комбинација со

зачините што се користат, во светот, ваквиот вид ресторани најчесто се сопственици на престижните

мишлен-ѕвезди.

Филип Поповски,

професионален готвач

Кога и да се најдам во круг на гурмани се чувствувам одлично и комотно, затоа што припаѓам

таму, обожавам да дискутирам за храна и да разменувам најразлични искуства. Секоја посета

на ресторан ми е различно искуство, па тоа го очекувам и од кругот на моите пријатели. Не ме

фасцинира кога некој ми раскажува колку била голема порцијата и дека вредело за парите.

Поентата на посета на кој било ресторан не треба да биде најадување, туку ново доживување,

ново искуство и откривање на нови вкусови и комбинации на состојки. Кога некој дискутира за

начинот на сервирање, начинот на послужување, услуга и комодитет

во еден ресторан – знам дека разговарам со правиот човек. Од друга

страна, секој не е компетентен да оценува храна, независно од тоа

колку многу ресторани посетил. И јас уживам во добра слика, но не

сум компетентен да ја оценам од причина што не сум впуштен во

таа уметност. Можам да раскажувам за личното искуство... Па така,

мислам дека не може секој да дискутира за комбинации на храна и

вкусови.

Како шеф, можам да речам дека постојат многу работи што можеме

да ги работиме, но секоја работа не ми дозволува да се изразам

како што можам во кујната. За мене, кујната е споделување спомени

низ храната, разработување на традиционални рецепти во нови,

модерни техники, деконструирање на добро познати рецептури и

84

нивна различна презентација. Во кујната не постојат правила! Секогаш треба да се експериментира за да

се постигне врвен резултат. Најмоќното оружје на еден шеф е неговиот ум!

Секој рецепт што го правиме веќе е подготвен во нашиот ум, потоа само го

реализираме, кујната е алатот и слободата на шефот – сè е возможно!

Постојат неколку компоненти на идеална чинија: едноставност, елеганција,

добра графика, дизајн, текстура и перфектен вкус. Не е важно само да биде

вкусно или само да изгледа добро. Шефот знае кога едно јадење го донел до

степен на перфекција, тоа се случува ретко и за тоа е потребно многу тренинг.

Како и во секоја професија 1% е талент, а 99% е тренинг!

Постојат многу шефови кои ќе се согласат со овие ставови, но малкумина

ги применуваат. Затоа постои рангирање на

ресторани, што е поставено од „Мишлен“, и

доделува максимум три ѕвезди:

1 ѕвезда – „Многу добар ресторан“;

2 ѕвезди – „Одлична храна и услуга што заслужува втора посета“;

3 ѕвезди – „Перфектна храна и услуга што заслужува специјална/наменска

посета“.

Во Македонија сè уште не постои ова рангирање од причина што сè уште не

функционира „Водичот на Мишлен“ – за мишлен-ѕвезда не може да се аплицира!

Се работи за рангирање од највисоко ниво што е пресудно за еден угостителски

бизнис. Да речеме дека еден ресторан добива мишлен-ѕвезда... – тој ресторан

веќе следната недела по прогласувањето ќе биде целосно резервиран од

туристи кои патуваат специјално во посета на овие нови ресторани. Втората

ѕвезда ќе дојде доколку се потврди континуитетот на квалитетот во истиот ресторан, а за третата ѕвезда

ќе треба да помине подолг период на континуиран квалитет, што е потврден од мишлен-инспектори, кои

се темелни и посетите ги прават анонимно, дури нема ни да знаете дека во ресторанот ви седи мишленинспектор.

Едноставно, по посетата ќе добиете телефонски повик и ќе ви биде соопштено дали сте добиле

ѕвезда, се задржале ѕвезда или сте изгубиле ѕвезда.

Во светот на познатите шефови овој рејтинг не е толку битен од причина што тие веќе работат по толку високи

стандарди што базично ги задоволуваат овие очекувања и барања, па така не им е битно дали ќе добијат ѕвезда

или не – најнов тренд е одбивање на добиените ѕвезди, едноставно

веќе не им се интересни. Пред неколку години на сцена стапи

доделувањето на „50 најдобри ресторани“ во светот, тоа полека но

сигурно го презема приматот на број еден ресторанска титула (оваа

година доделувањето ќе се одржи во Мелбурн, Австралија).

Постојат неколку шефови заради кои ние денес јадеме толку добро.

Август Ескофиер е таткото на денешната модерна кујна! Тој ги

измислил петте базни сосови што се база на сите други: бешамел,

велут, еспањол, доматен сос и холандезе сос! Сите други сосови се

прават со комбинација на еден од овие, што се нарекуваат мајка на

сосовите! Значи, Ескофиер е темелот на кујната. Понатаму не може

да не се споменат Алан Дукас и Пол Бокуз. Тоа се двајца Французи кои

француската кујна ја доведоа до степен на перфекција, едноставно,

комплицирано, меѓутоа неверојатно добро! Овие двајца Французи

уживаат статус на рок-ѕвезди! Помладата генерација на шефови кои го превртеа гастро-светот, па дел од

нив дури влегоа и во стоте највлијателни личности на столетието се Грант Ашац, Рене Реџепи, Феран Адрија,

Масимо Ботура, Хуан Мари Арзак, Томас Келер, Гордон Ремзи, Хестон Блументал, Марко Пјер Вајт, Хуан Рока,

Пјер Гањар и Мишел Бра (таткото на колачот лава – попопуларно во Македонија како „топло-ладно“).

Оваа висока кујна е многу слична на винската индустрија и многу тесно поврзана со винската индустрија!

Секој ресторан и шефот на тој ресторан се поврзува со регионот од кој потекнува, исто како кај вината. На

пример, доколку се наоѓа на континентален дел не се служи риба од причина што поентата е да се користат

свежи производи, набрани од природата. Секој шеф треба да користи само најквалитетни состојки, всушност

тоа е и тајната на многу големи шефови! Нема подобар рецепт од свежи состојки! Не треба да им правите

ништо посебно, послужете ги свежи, само добро комбинирајте ги! Македонија е буквално мека и медина на

квалитетните тревки и зачински треви, ние имаме зачини што се многу квалитетни и ретки во светот.

Користете ги! ;)

Ч А С О В И З А П И Е Њ Е В И Н О

ЧАША МЕРЛО

ЗА ЕНЕРГЕТСКИ

БАЛАНС

Додека сè уште траат ниските температури и зимските месеци, чаша црвено вино е совршена за ручек со пријателите,

но и одлично друштво за вечерите поминати во опуштена атмосфера со некое фино меко сирење. Овој број ви

ја препорачуваме сортата мерло, а токму нејзините карактеристики и најдобриот начин за комбинации со храна

ги објаснува нашиот соговорник м-р Петар Петров, асистент на Универзитетот МИТ – Скопје, при Факултетот за

менаџмент на еколошки ресурси, катедра за безбедност на храна.

Винската сорта мерло потекнува од областа Бордо во Франција, а во Македонија е воведена

како опитна сорта во 1950 година во велешкиот регион. Поради висококвалитетните својства на

ширата, релативно добрата родност и добриот рандман (принос), сортата мерло ги има добиено

сите позитивни оцени за успешно одгледување во македонските виногорја. Добиените вина од

сортата мерло се мошне хармонични и се со релативно поголема брзина на зреење од другите

црвени вина. Се карактеризира со темноцрвена рубин боја и карактеристична сортна арома. При

консумација на мерлото најчесто доаѓа до израз овошната арома, и тоа аромата на црвена цреша,

црна рибизла, слива и шумски плодови. Со негово зреење во шише, доаѓа до израз аромата на

тартуфи и кафе, а доколку зреењето е во дабови буриња, вината добиваат арома на слатко дрво,

ванила и потпечен леб. Македонското мерло се одликува со овошна арома. Најчесто, чистите

вина мерло се произведуваат за консумирање како млади вина, но супериорна комплексност

постигнуваат со неколкугодишно зреење, од кои во светот се произведуваат познати брендирани

вина. Вината мерло спаѓаат во групата на меки вина, односно вина со ниска

содржина на танини. Поради тоа, најчесто се користат за купажирање

(мешање) со сортите каберне и вранец, при што мерлото значително

ги омекнува нивните тврди танини. Карактеристичната темноцрвена

боја доаѓа од високата содржина на полифенолни соединенија

во лушпата од зрното, а со тоа вината се одликуваат со силна

антиоксидативна моќ. Антиоксидансите се биомолекули што

всушност ја спречуваат оксидацијата на другите молекули, а со тоа

се постигнува енергетски баланс, при што не можат да се создадат

слободни радикали во клетките. Карактеристично за мерлото е

добриот сооднос помеѓу шеќерите и вкупните киселини. Најчесто

содржи околу 26 проценти шеќери и 8 проценти вкупни киселини.

Содржината на алкохол се движи од 11 до 13 проценти.

ЦРВЕНО МЕСО, СОСОВИ ОД ПЕЧУРКИ, ДЕСЕРТИ ОД КОСТЕНИ

Најчесто се служи на температура од 15 до 17 Целзиусови степени, во таканаречените

бордо чаши со изразито широка топка и помалку стеснат врв. Виното мерло може да

се консумира со црвени меса, печено свинско и телешко, разни салати и сосови од

печурки, како и зрели меки сирења. Во однос на десертите, идеална комбинација е

со десертите приготвени од печени костени, но може да се комбинира и со некои

овошни салати.

86

ВКУСОТ НА ГРАДОТ

Верувам дека сите уживаме во вкусовите на италијанската кујна. Ова се дел од моите фаворити

кога станува збор за паста.

ВОДЕНИЦА - БОЛОЊЕЗЕ

Во Воденица одговорно тврдам дека

ја имаат најдобрата свежо приготвена

паста. Иако сум љубител повеќе на бели

сосови за паста, болоњезето е класика.

Искрена да бидам, го ставив на слика

бидејќи е „пофотогенично“ од моите

омилени равиоли со спанаќ, во сос од

четири сирења. Доколку сакате морски

плодови, овде е правото место за да ги

комбинирате со паста.

ПЕР ТЕ - МАКАРОНИ ВО БЕЛ СОС

Уличен ресторан со малку поинаква брза

храна, познат по макароните прелиени

со превкусен бел сос и состојки кои

совршено го комплетираат истиот како:

печурки, кулен, печеница и слично.

Моја препорака е да одите во нивниот

ресторан, бидејќи доставата не е за

пофалба.

ФЕЛИЧЕ - ФУНГИ

Италијанско катче во градот кое нуди

извонредна паста. Како омилена ќе ја

издвојам фунги, приготвена со ладно

цедено маслиново, свежи печурки,

крема за готвење, босилек, оригано,

пармезан. Иако овој паста сервис

работи претежно со достава, сепак

имаат неколку масички каде може да

уживате во превкусна паста. Штета

што подготвуваат само макарони, се

надевам во иднина ќе си го зголемат

изборот на паста.

Многу ме радуваат вашите предлози

и идеи, затоа на ваше барање во

следниот број ќе ви предложам

одлични места за појадок. Се читаме

на инстаграм @monikapotter и

info@monikapotter.mk

АНТИГОНА - ЛИНГВИНИ ВО ДОМАТЕН СОС

Кога би била компетентна да давам мишленѕвезди,

на ресторанот Антигона би му

дала без двоумење. Гарофало лингвините

со доматен сос ме оставија без зборови.

Во самото тесто имаа лимон што даваше

посебен шмек. Топло препорачувам.

FOUR - ЊОКИ СО ГОРГОНЗОЛА

Горгонзола ми е еден од омилените

вкусови, многу специфичен и силен. Но, не

на секого му се допаѓа. Комбинацијата со

грозје дава чудесен контраст. Во менито

се нагласени како препорака на шефот,

имате и мое одобрување.

87

НИСКОКАЛОРИЧНИ ОБРОЦИ

ПЕЧУРКИ ПОРТОБЕЛО НА СКАРА СО

БЕЛО ВИНО

ЗА 4 ПОРЦИИ

4 печурки портобело 1 лажица маслиново масло 1 лажица путер

1 црвен кромид тенко

исечен

1 шолја бело вино

1 кафена лажица сол и

бибер (по желба)

На добро загреана скара се прават печурките од рамната страна додека не омекнат, околу 10 минути. Потоа се

вртат на другата страна и се печат околу 5 минути. Во меѓувреме, маслиновото масло и путерот се загреваат во

тава на средна температура. Се додава кромидот и се меша додека не зарумени. Готовите печурки се сечат и

потоа се ставаат во тавата на висока температура. Се готват околу 1 минута, па се додава виното. Се готви додека

виното не испари и потоа се сервира.

Нутритивни вредности: 145 калории, 6,5 г. масти, 9,4 г. јаглехидрати, 3,2 г. протеини, 8 милиграми холестерол,

32 милиграми натриум.

88

НИСКОКАЛОРИЧНИ ОБРОЦИ

ПИЛЕШКО СО ЛУК, БОСИЛЕК И

МАГДОНОС

ЗА 4 ПОРЦИИ

1 лажица сушен магдонос 1 лажица сушен босилек 4 пилешки стека

4 исечкани чешниња лук половина кафена лажица

сол и црвен пипер

2 исечени домати

Рерната се загрева на 180 Целзиусови степени. Садот за печење се мачка со масло. Малку од магдоносот и

босилекот се ставаат во садот рамномерно, потоа се редат пилешките стекови, а врз нив лукот. Во посебен

сад се меша остатокот од магдоносот, босилекот, како и солта и црвениот пипер, и тоа се истура рамномерно

врз стековите. Најодозгора се ставаат парчињата домат. Се печат покриени 25 минути, а потоа уште 15 минути

непокриени.

Нутритивни вредности: 150 калории, 3,1 г. масти, 4,1 г. јаглехидрати, 25,6 г. протеини, 67 милиграми холестерол,

355 милиграми натриум.

89

Промената во

исхраната

почнува од денес!

Тања Турунџиева,

нутриционист во

„Вита диет клуб“

90

Желбата за повитално тело, подобрено здравје и целокупна благосостојба ја реализираме низ серијата

теми што почнувајќи од овој месец, ќе ги обработуваме во соработка со познатата нутриционистка Тања

Турунџиева. Ќе ги опфатиме темите што будат најголем интерес, како правилната исхрана кај трудниците

и доилките, кај бебињата и децата, соодветна исхрана кај мажи и жени кои се соочуваат со соодветни

здравствени проблеми, потоа сѐ поголемата експанзија на карциноми, автоимуни заболувања, алергии,

интолеранции и соодветно мени за нив, ќе ги разграничиме незаснованите верувања од фактите и истите

ќе ги поткрепиме со научни истражувања. За почеток разгледуваме некои од најчестите парадокси

со исхраната, дознаваме зошто секому му е потребен индивидуален план на исхрана и зошто

промената во прехранбените навики треба да започне веднаш.

На организмот му се потребни сите основни елементи

Противник сум на елиминирањето на некои нутритиви или, пак, на нивно форсирање, особено

кај оние што прават експерименти за што побрзо да ги симнат килограмите, преку ноќ. Но

на организмот му се потребни сите основни елементи – му требаат корисни протеини,

јаглехидрати, масти, му требаат и корисни житарки, свежо овошје и свеж зеленчук и најважно

од сѐ – течности. Познати сме како нација која многу малку пие течности и ако се чудиме

зошто на ова поднебје има толку многу целулит, дури и кај оние што редовно вежбаат, тоа е

поради тоа што во исхраната имаме апстинација на течности и голем внес на заситени масти кои

се на црната листа на производи - белиот леб, белото брашно, белиот шеќер, многу сол, присуство

на индустриски преработки од месо и млечни производи.

Не е важно само здраво, туку и правилно да се храниме

На пример, во сусамот има најмногу калциум од сите нутритиви што постојат, но едно

е кога го јадеме во сирова форма, а друго е кога го јадеме во термички обработена.

Еден од групата најагресивни алергени е токму печениот сусам. Исто е и со свежата

брокула, која сега е актуелна, или карфиолот. Конкретно брокулата изобилува со

фолна киселина, калиум, калциум, магнезиум, со големи количества железо и меѓу

другото и со Ц-витамин. При термичка обработка, па макар и две-три минути, дури и

на пареа или во врела вода, автоматски се губи Ц-витаминот. Штом ќе се изостави

од органската структура на нутритивот барем еден од минералите или витамините,

тој веќе ја нема вистинската органска структура.

Преферирам сета храна да биде тазе приготвена, базирана на производи од моменталната

сезона и во никој случај да не е пржена, па макар и некој што парадоксално користи маслиново

масло за пржење – пржената храна е канцерогена независно во какво масло е подготвена.

Добрата организација ќе ни овозможи лесно спроведување на здравите навики, при што

важно е да се знае дека сета подготвена храна трае 24 часа, што дозволува оброците да се

подготвуваат и еден ден порано.

Индивидуален пристап кон храната

Пристапот кон храната треба да биде индивидуален, согласно потребите на организмот,

заболувањата и индикациите што ни ги дава организмот, но можеби потајно ги

игнорираме. А таа индикација точно ни кажува што се случува со нашиот метаболизам,

со имунолошкиот систем, со организмот, со ендокриниот систем, со виталните органи

итн. Значи, ако навреме ги забележиме индикациите, ако побараме лекарска помош, брзо

ќе го решиме проблемот. За жал, кај нас ништо примарно не функционира, туку секогаш

е терцијарно - прво, секој на своја рака пробува нешто, па се консултира со интернетот...

лутањето ни одзема време што во одредени ситуации може да биде и пресудно, дури и

фатално, да заврши онака како што никој не сака да заврши.

Не секој лек во форма на храна е компатибилен

На пример, оние што имаат проблем со бубрези не смеат да земаат цитруси, потоа, при

антикоагулантски терапии се исклучуваат црвеното зрнесто овошје, грејпфрутот, зелениот листен

зеленчук поради витаминот К, но, не смееме комплетно да го исклучиме неговото примање

бидејќи тој е во нашиот метаболитички синџир. Секој витамин и секој минерал треба да бидат

дозирани онолку колку што му требаат на организмот за да не направиме хипервитаминоза

или хиперминерализација бидејќи потешко е да се дијагностицира такво нарушување

отколку самата дијагноза на заболувањето. Не секојпат грчевите во мускулите се недостиг

на магнезиум или калциум, може да биде и хипервитаминоза кој дава таква индикација.

Паѓањето на косата не може да биде само недостиг на железо или на цинк – да не го

заборавиме и биотинот, односно витаминот Х кој е од суштинско значење за убава коса

и убави нокти.

Само во ситуации кога станува збор за некоја екстремна фаза или кога организмот не

може да се надополни на природна основа, дозволувам суплементарно да се дополни

исхраната. Мора да се надоместува недостигот на Д-витаминот, особено кај оние што

имаат проблем со имунитетот и кај кои има постоење на автоимуни заболувања. Или

во случај на акутни анемии кога железото е во енормно ниска граница, потребно е

присуство на суплемент железо, Ц-витамин, но и на бакарот како еден од суштинските

минерали што потпомагаат во ваква ситуација.

Треба ли да внесуваме шеќери?

Не смееме да ги занемариме и природно цедените сокови кои треба да се пијат преку

цел ден за да го одржуваме нивото на гликемија во константа. Се разликуваат три

типа шеќери - моносахариди, дисахариди и полисахариди, а од нас зависи како ќе ги

внесуваме и со кој тип шеќери ќе се хранат нашите клетки. Од друга страна, во одредени

ситуации при постоење габични инфекции, иако овошјето е многу здраво, во никој случај

не треба да се внесува бидејќи познато е дека габата се храни со шеќер. Токму затоа мора да

знаеме што индивидуално се случува со нашиот организам за правилно да го внесеме она што

му е потребно.

Поделба и временско ограничување на оброците

Секој има сопствен дневен биоритам и затоа е илузорно да постојат временски ограничувања на

оброците. Не може да си зададеме забрана за внес на храна по 20 часот попладне ако знаеме

дека имаме умствена работа до 1 часот по полноќ. Нашиот ум ќе биде фрустриран, 100 пати ќе го

отвориме фрижидерот и на крај, кога ќе се истрошиме и ќе ни падне нивото на шеќер, ќе бидеме

во состојба да изедеме сѐ. Секогаш може да изедеме свежа салата што во себе има корисни

витамини и минерали доволни за нашиот дигестивен систем, нашиот организам, а најмногу за

нашиот ум од кој почнува и завршува сѐ, да биде снабден со корисна храна и т.н. „празни“

калории.

Едукација од најмали нозе

Децата уште од најмала возраст треба да се воспитуваат на здрав и правилен режим

на исхрана. Мајките најмногу се грижат до првата година на детето, кога се трудат

најздраво да го хранат, но потоа смоките не треба да бидат замена за ваквата

храна. На тој начин се ослабува имунолошкиот систем, а да не зборуваме што сѐ

внесува детето - од емулгатор, конзерванс, вештачка боја, па сѐ до аромат што му

прави агресија на имунолошкиот систем. Не треба ниту да се откажуваат кога

детето не сака одреден тип храна, напротив, преку игра и едукација, упорноста

секогаш се исплати, само треба да се има цел. Ако вие не му понудите друга

алтернатива на детето, ќе огладнe, па мора да го изеде оброкот, како во некое

друго време, додека ние растевме, кога важеше правилото - ако не ја изедеш

боранијата за ручек, за вечера нема да добиеш ништо друго.

Поинаква помош од нутриционистите

Речиси и да не паметам кога, во скоро време, некој дошол во „Вита диет клуб“ за да

симнува килограми, туку најчесто ги води некој здравствен проблем. Многу ми е драго

што во последно време самоиницијативно конзилијарно се организираме тимски за да

решаваме одредени здравствени проблеми. Гинеколози, имунолози, нутриционисти,

затоа што знаеме дека во интерес на таа индивидуа многу ќе помогне кога тимски

се работи. Сме имале навистина многу добри резултати особено кај оние жени што

не можеле да реализираат бременост, но кога ќе се вклучат неколку стручњаци, кога

заеднички секој во својата област го решава својот проблем онака како што треба –

стручно, тогаш и тоа како има успех на крајот.

91

КРИЗИ

И

КРИТИЧНИ

ПЕРИОДИ

ВО

РАЗВOЈОТ

Пишува: Проф. д-р Ана Фрицханд

Развојната психологија се занимава со систематските психолошки промени, што се случуваат

во човекот во текот на целиот негов животен век. Оваа област ги проучува промените во

широк спектар на теми, вклучувајќи моторни вештини и други психо-физиолошки процеси,

когнитивниот развој кој вклучува области како што се: решавање на проблеми, морално

разбирање и концептуално разбирање, усвојување на говор, социјален, личен и емоционален

развој, поим за себе (селф-концепт) и формирање на идентитет.

Развојот на поединецот е сложен и долгорочен процес што почнува многу рано и трае низ

целиот животен циклус. Во текот на животот поединецот минува низ различни возрасни

периоди и постепено се менува. Така, развојот почнува во преднаталниот период, а

продолжува во периодот на доенче (од раѓањето до втората година), во раното и во средното

детство, во периодот на адолесценција, во младоста, во возрасниот период и, секако, во третата

и во четвртата возрасна доба (староста). Секој возрасен период има свои развојни карактеристики

што го прават специфичен и различен од сите други периоди што му претходеле или му следуваат.

Развојот го сочинуваат не само континуирани промени туку и испрекинати, т.е. дисконтинуирани

промени. Оттука, во животот, секој поединец ќе се соочи со развојни предизвици и искуства со

кои ќе се справува на различен начин. Тоа е така заради индивидуалните разлики што со возраста

стануваат сè поголеми поради влијанието на различните лични искуства.

92

Мисли здрави мисли

Сепак, важно е да се нагласи значајноста на развојниот период во кој поединецот се соочува со некое ново

лично искуство. Со други зборови, во целиот животен циклус постојат одредени периоди што се многу

поосетливи на влијанијата од надворешната средина, отколку некои други. Во развојната психологија тие

се познати како критични периоди и најкратко можат да се определат како моменти во кои постои поголем

ризик одредена појава негативно да влијае врз развојот на поединецот. Блиски на нив се и осетливите

периоди во развојот што, всушност, се пошироки, односно помалку прецизно дефинирани критични

периоди. Така, на пример, во текот на првата година од животот на доенчето периодот помеѓу шестиот

и 12-тиот месец е познат како осетлив период за воспоставување на социоемоционална приврзаност

со родителот(ите)/старателот(ите). Тоа не значи дека ваквата приврзаност се формира само во втората

половина на првата година, туку значи дека една од примарните развојни задачи на овој период е токму

таа и доенчето е тогаш најподготвено да се приврзе за значајните други кои се грижат за него. Оттука,

нeопходно е родителите/старателите да минуваат квалитетно време со своето дете, навремено и соодветно

да ги препознаваат и да му(ѝ) ги задоволуваат потребите, да одржуваат контакт со очи со него(неа), да

му(ѝ) се насмевнуваат и да го(ја) гушкаат, континуирано да му(ѝ) ставаат на знаење дека е сакано(а) такво(а)

какво(а) што е, да комуницираат со него(неа) и вербално и невербално итн. Познато е дека децата на која

било возраст подеднакво силно се врзуваат и за двајцата родители, што е директно поврзано со квалитетот,

а не со квантитетот – односно од аспект на развојот, поважно е „како“ е поминато времето во интеракција

со детето, отколку „колку долго“ родителот/старателот бил со(покрај) детето.

Првиот критичен период во развојот е ембрионалниот период во преднаталниот развој. Тоа е времето помеѓу

втората и осмата недела од бременоста. Ова е критичен период, бидејќи во него се формираат елементите

на основниот систем за поддршка на плодот, сите основни органи и сите системи на телото почнуваат со

работа. Воедно, во седмата недела од бременоста се формираат гонадите, гениталните зачетоци и ембрионот

почнува да се развива како машко, односно како женско. Поради ваквиот процес на органогенеза што, како

што е претходно споменато, е карактеристичен за ембрионалниот период, секое штетно влијание на некој

надворешен фактор (на пример, физичка повреда на стомакот на мајката, одредена болест на мајката,

одредени хемиски супстанции, наркотици итн.) може да го наруши оптималниот преднатален развој и да

предизвика несакани последици. Оттука, од исклучителна важност е навремената информираност на идните

родители (посебно на мајките) за оваа тема, како и нивната соработка со лекарите и следење на медицинските

совети.

Уште еден критичен период, овој пат за развојот на говорот, е поставен помеѓу 18-тиот месец и третата

година од животот. Имено, во овој период децата најинтензивно го развиваат говорот. За успешен

говорен развој, уште од раѓањето детето треба да биде изложено на комуникација со членовите на

семејството, т.е. треба да го слуша јазикот (или јазиците) на кој комуницираат тие, за да се навикне

најпрвин на човековиот говор, но и да биде поттикнувано да зборува, за да почне и самото да го користи

во секојдневната комуникација со возрасните. Познато е, на пример, дека доколку детето е изолирано од

вербална комуникација до својата седма година (или од кои било причини не прозборело до оваа возраст),

тоа подоцна нема да успее да се стекне со говорот. Истражувањата од развојната психолингвистика

покажуваат дека по 18-тиот месец почнува забрзан развој на говорот, кога децата можат да усвојуваат по

десет (па и повеќе) збора на ден. Ова е познато и како експлозија на именување, од причина што првите

научени зборови се најчесто именки или зборови со кои се именува нешто. Некаде кон 21-от месец децата

веќе можат да следат сложена говорна порака, помеѓу 24-от и 27-от месец составуваат реченици од три

до четири збора, а околу третата година повеќето од нив ја разбираат синтаксата и формираат реченици

што им овозможува да разговараат. Се разбира, развојот на говорот не застанува тука. Тој продолжува во

предучилишната и во училишната возраст и е тесно поврзан со процесот на образование.

Периодот на адолесценција во литературата е познат како период во кој адолесцентите минуваат низ т.н.

криза на идентитет. За оваа криза зборува познатиот психолог Ерик Ериксон. Тој адолесценцијата ја опишува

како најбурниот период во животниот циклус. Промените во периодот на адолесценција за основна цел го

имаат синтетизирањето на сето она што се случувало во претходните возрасни периоди и изградување на

стабилно чувство на идентитет. Адолесцентите себеси треба да се доживеат како единствени и автентични

поединци и да донесат одлука за својот понатамошен живот. Според Ериксон, квалитетот што се развива од

успешно разрешената криза во адолесценцијата е верноста, т.е. способноста да се остварува ветеното и да се

биде лојален. Неуспехот во справувањето со кризата резултира во одрекување, односно адолесцентот нема

јасна слика за себе, не прифаќа улоги и станува плашлив. Во справувањето со овој сложен предизвик на

адолесцентите им требаат поддршката и разбирањето од родителите, од врсниците и од возрасните кои за нив

претставуваат авторитети. Токму ова ќе биде тема што поопширно ќе се разгледа во некој од следните броеви.

Доколку имате прашања и теми од развојната психологија за кои сакате да читате во некои од следните

броеви, пишете ни на contact@portretmag.com

93

ПРИРОДЕН

МЕТОД ЗА

ВЕЖБАЊЕ И

СЛАБЕЕЊЕ

Добриот изглед, здравото тело, секојдневната енергија и

чувството на свежина се нешто што го посакува секоја жена. Во

денешното брзо темпо на живот, модерната жена се соочува со

вистински предизвик, како, покрај сите обврски, да се постигне

или да се одржи посакуваната линија. Се бараат начини и

методи за вежбање што ќе овозможат сигурни резултати, а

притоа ќе бидат практични, без да одземаат голем дел од

времето. Во центарот на Скопје се наоѓа „Fit Family“, модерно

студио за вежбање, само за жени, со исклучително пријатен и

топол амбиент. Целосно посветено на вежбањето, слабеењето

и здравиот начин на живот, ова студио е ексклузивен носител

на лиценцата на холандскиот бренд „Power Fit“ во Македонија.

Вежбањето во „Fit Family“ се одвива исклучиво со личен

тренер, со постојано следење на параметрите и напредокот

при вежбањето, а исто така вклучува и индивидуален план на

исхрана кој на крајот од денот на редовните вежбачи им нуди

гарантирани успешни резултати.

ТФМ - МЕТОД ШТО ПОСТОИ

ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ

Брендот „Power Fit“ се базира на вежбање во затоплени кабини

што емитуваат инфрацрвени зраци. Принципот на кој работат

кабините „Power Fit“ е познат под името термофизички метод

(ТФМ). Главниот акцент на ТФМ претставува вежбањето што се

одвива во кабината што е затоплена преку инфрацрвените зраци.

Температурата во кабината варира помеѓу 34 и 37 Целзиусови

степени. Вежбањето се изведува во лежечка состојба, со

цел корекција на фигурата преку изведување вежби според

одредена програма. Програмата се креира според тежината,

физичката спремност, кондицијата, здравствената состојба и

возраста, а се одвива во придружба на личен тренер.

Топлите инфрацрвени зраци навлегуваат длабоко во мускулите,

со што се спречуваат болки во нив и се стимулира циркулацијата

во телото. Со ова доаѓа до активирање и до топење на резервите

на маснотиите, а воедно има и позитивен ефект, односно

намалување на целулитот. Со вежбање двапати во седмицата

или вкупно десет вежбања, се постигнува грандиозен ефект на

слабеење на деловите на телото, што се цел на програмата за

вежбање.

Вежбите што се изведуваат не се тешки и се приспособуваат на

спремноста и кондицијата на вежбачот. Половината и зглобовите

не се оптоваруваат, поради тоа што вежбите се изведуваат во

лежечка позиција. По одреден период, интензитетот на вежбање

се зголемува и на тој начин се постигнуваат оптимални резултати.

Кондицијата се одржува и фигурата останува во одлична форма

доколку и понатаму, во континуитет, се користат кабините на

„Power Fit“.

Особено е важно да се назначи дека термофизичкиот метод не

е нов. Уште пред 30 години, овој метод е составен врз основа

на соработка помеѓу швајцарски и американски лекари. До

ден-денес, многу жени низ светот ги уживаат предностите од

редовно вежбање во кабините „Power Fit“ и го изгубиле вишокот

килограми со помош на термофизичкиот метод.

LIFESTYLE CHANGE!

Секоја жена сака да има убава и витка фигура, но и да изгледа

здраво. Целта на тимот на „Fit Family“ е да им дава правилни

насоки и во однос на исхрана на своите клиенти. Ова се постигнува

со личен план за исхрана што подразбира индивидуален

пристап кон секој вежбач. Првото правило во „Fit Family“ гласи:

94

„Доколку сакатe промена на вашата фигура морате да ги

промените и навиките на дневната исхрана!“ Наместо диети,

се препорачува правилна и балансирана исхрана и целосно

менување на начинот на исхрана (lifestyle change).

Успехот на овoj метод и на студиото „Fit Family“ е давање на

целокупната услуга до постигнување на крајните резултати.

Портрет промоција

СО 2 X 20 МИНУТИ ВЕЖБАЊЕ

ВО СЕДМИЦАТА, ДО ИДЕАЛНА

ФИГУРА

Покрај исхраната и вежбањето, се вршат и редовни мерења,

следење и анализа на телесната тежина и на обемот на

телото, што особено е важно заедно со редовната и сигурна

поддршка и мотивација од личните тренери во студиото за

побрзо и посигурно да се постигне посакуваниот резултат.

Методот подразбира 20 минути вежбање, најмалку двапати

неделно во кабините „Power Fit“, притоа проследено

со правилна и соодветна исхрана, што со сигурност ќе

придонесе за максимална енергија и виталност, одржувајќи

ја идеалната тежина и фигура. Секој пакет вклучува десет

пати редовно вежбање, а на крајот од програмата резултатот

покажува од 20 до 50 сантиметри помал обем во телото.

ДРУГИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД

ТФМ

Дел од другите ефекти од термофизичкиот метод се подобар

метаболизам, подобрување на имунитетот и олеснување

на евентуалните болки во зглобовите и ’рбетот, на пример

ревматични тегоби. Исто така, ТФМ го регулира крвниот

притисок, спречува и помага во борбата против целулитот,

го опушта телото од замор и стрес и дава психофизички

баланс и општо чувство на виталност и максимална енергија.

Дури и по третманите, горењето на калориите продолжува

одреден период, што претставува таканаречен „after burn

effect“. Поради своите ефекти и начин на вежбање, методот

се препорачува за возраст од 14 до 80 години, а за оние што

сакаат дополнително да ја подобрат физичката кондиција,

„Fit Family“ нуди и опција за кардиофитнес, со ленти за

трчање и орбитрек.

БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА

ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ

Во „Fit Family“, освен ТФМ, се нудат кардиопакети и

антицелулитни третмани. Доколку вежбаат повеќе членови

од семејството следува попуст и до 50 проценти. По

вежбањето во „Fit Family“ има и место за релаксација и

одмор од напорното секојдневие, а студиото е одлично

и комфорно и за семејно дружење преку вежбање. На

крајот од програмата и посетата на студиото, резултатот е

секако совршено тело, но и совршен психофизички баланс.

Студиото „Fit Family“ се на наоѓа на улицата „Даме Груев“

бр. 1 во Скопје, а повеќе информации за програмата и

бесплатна консултација можат да се добијат на 02/3123-127

или на интернет-страницата www.fitfamily.mk.

95

Мозаик

ФИЛМСКИ ПРЕДЛОЗИ

И во февруари продолжува трендот на нови филмови, филмски продолженија, како и интересни анимирани изданија што ќе ви ги

развеселат мрачните и студени зимски денови.

FIFTY SHADES DARKER, ДРАМА, РОМАНСА

Кога ранетиот Christian Grey се обидува повторно да ја заведе претпазливата Anastasia Steele, таа бара нов договор пред да му даде

нова шанса. Како што двајцата почнуваат да ги градат довербата и стабилноста, мрачните ликови од минатото на Christian почнуваат да

го опкружуваат парот, одлучни да ги уништат нивните надежи за заедничка иднина. Додека тој се бори со демоните во себе, Anastasia

мора да се соочи со љубомората и бесот на жените што биле присутни во неговиот живот пред неа.

FIST FIGHT, КОМЕДИЈА

Кога професорот Campbell ќе придонесе за бркање на професорот Strickland, предизвикан е на тепачка по часовите. Вестите за

тепачката се прошируваат брзо и веднаш стануваат хит – токму она што му недостигаше на училиштето.

96

RINGS, ДРАМА, ХОРОР

Julia се загрижува за животот на своето момче Holt кога

тој истражува мрачна, урбана легенда за мистериозна

видеокасета која по седум дена го убива оној што ја

изгледал. Таа се жртвува за да го спаси момчето и притоа

доаѓа до едно ужасно откритие: постои „филм во филмот“

кој никој дотогаш не го забележал.

THE GREAT WALL, АКЦИЈА, АВАНТУРА, ФАНТАЗИЈА

Кога платениот војник William Garin е заробен во рамките

на Кинескиот ѕид, ја открива мистеријата зад едно од

најголемите чуда на светот. Кога напливот на ѕверови врши

опсада на масовниот ѕид, неговиот лов по богатство се

претвора во херојство кога тој им се приклучува на армијата

елитни воини што ѝ се спротивставуваат на незамисливата и

навидум незапирлива сила.

THE SPACE BETWEEN US, АВАНТУРА, ДРАМА,

РОМАНСА

Првиот човек роден на Марс првпат патува на Земјата,

искусувајќи ги авантурите на планетата низ своите очи.

Штом неговата мисија почнува, научниците откриваат

дека неговите органи не можат да ја издржат Земјината

атмосфера. Тој влегува во авантура со една девојка и преку

неа открива многу нешта за себе.

THE LEGO BATMAN MOVIE, АНИМАЦИЈА, АКЦИЈА,

АВАНТУРА

Bruce Wayne не само што мора да се справува со криминалот

во Gotham City туку истовремено мора и да ја преземе

одговорноста за момчето што го посвои. Воедно, кога Gotham

City е под нова закана, тој е присилен да работи со

новиот полициски комесар. Можеби Мрачниот витез ќе

научи да работи во тим, запознавајќи пријатели и вистинска

среќа на патот?

97

Мозаик

Месецов ви предложуваме одмор во слободно време со драмата „This Is Us“ и интензивната мистерија „The OA“, а во

делот за апликации претставуваме интересни македонски апликации што ја мерат загаденоста на воздухот и даваат

интересни предлози за активности и едукативни игри за најмалите.

The OA

This Is Us

Прер Џонсон е млада жена која одеднаш се појавува во родното

место откако исчезнала пред седум години. Иако била слепа

кога исчезнала, сега ѝ е вратен видот, но има чудни лузни на

нејзиниот грб и се нарекува себеси „The OA“. Таа одбива да ѝ

каже на полицијата и на нејзините родители кои ја посвоиле

каде била досега и како повторно може да гледа. Наместо ним,

одбира пет локални жители и им ја објаснува состојбата во

која била изминатите седум години истовремено молејќи ги за

помош да ги спасат другите исчезнати лица кои се во истата

ситуација во која била и Прер.

Серијата го следи животот на близнаците Кејт и Кевин заедно

со нивниот посвоен брат Рендал. Движејќи се помеѓу настаните

во минатото кога биле мали и сегашноста кога живеат сите во

различни градови во САД, драмата ги опишува нивните животи,

подеми и падови, но и нераскинливата врска помеѓу браќата

и сестрите. Кејт и Кевин имале уште еден брат-близнак кој

починал за време на раѓање, па нивните родители Џек и Ребека

одлучуваат да го посвојат Рендал, бебе од афроамериканско

потекло, кој е напуштен од неговиот татко на пожарникарска

станица. Првата епизода почна во септември минатата година,

а серијата беше номинирана за најдобра драма на наградите за

Златен глобус минатиот месец.

98

Мој воздух

Магичен часовник

Дознај што дишеш! Лесно и прегледно види ги информациите за

квалитетот на воздухот од сите 17 мерни станици поставени низ

цела Македонија. Информирај се од кој тип е секое мерење, кои

се горните граници, кои се загадувачите и што се препорачува

во случај на екстремни загадувања. Апликацијата е достапна на

македонски, англиски и албански.

Магичниот часовник го мери времето што го поминувате

заедно со семејството, ви дава совети и предлози за заеднички

активности со децата, соодветни на нивната возраст, на

актуелните настани во градот, но и на временските услови.

Понудени се и игри, на пример преку приборот за јадење,

децата да можат да научат што значи тенко, а што значи дебело,

поголемо и помало или потешко и полесно.

99

Дизајн и декор

ИДЕИ ЗА

ОРГАНИЗИРАЊЕ

Време е да го средите хаосот од алишта, ситници, канцелариски материјали... што постојано го редите и го

прередувате и крајното решение ви е негово моментално прикривање. Со неколку идеи и купот хартии може

да изгледа симпатично, доколку е соодветно организиран.

Во кујната, ситните садови и алатки најлесно ќе ги лоцирате доколку бидат закачени со куки над

работната површина. Од дополнителна помош ќе ви бидат и тапетите на кои со креда ќе можете да

запишувате нешта што не треба да се заборават, како продукти што треба да се купат.

100

Дизајн и декор

Доколку работата или хобито ви е поврзано

со ситници што постојано ви се губат

на работната маса, организирајте ги во

кошнички или полици на ѕидот над неа.

Гардероберот поделете го на два дела–

еден на кој ќе ги закачите парчињата

облека на закачалки, и друг, организиран

со кошници за сите други парчиња од

облеката (групирајте ги соодветно – долна

облека, чорапи, маички, блузи...).

Старите дрвени скали трансформирајте ги

во држач за облека на кој од вечерта ќе ја

поставите комбинацијата за следниот ден.

Префрлете ги предметите од полиците во

кутии, тегли, кошнички во слични нијанси.

Освен што ќе создадете складен простор,

ќе заштедите и време при бришењето на

правот од секој предмет поединечно.

Повеќенаменскиот плакар по мерка е

одличен за искористување максимум од

просторот без да се изгуби од личниот

стил на уредување.

Доколку некој дел од домот и по

организирањето не сакате да биде на

видик во просторијата, секогаш можете да

го покриете со стилизирани врати што ќе

одговараат на преостанатиот декор.

101

Мозаик

ПАТУВАМЕ СО

ДРАГАН ТАПШАНОВ

Фотографија и текст*: Драган Тапшанов

Подалеку од претставата што ја имаме за Лондон со оние негови препознатливи

обележја и задолжителни туристички дестинации како Бакингемската палата, Биг Бен,

Лондонското око, погледнуваме преку објективот на нашиот соработник, фотографот

Драган Тапшанов кој умешно ни го долови животот на лондонските жители низ улиците

на главниот град на Англија.

Група туристи се забавуваа на плоштадот Трафалгар, кога

еден маж се качи до скулптурите со лавови за да позира со

раката во устата на еден од лавовите.

Улиците на Лондон, Обединето Кралство. Бев фасциниран

од тоа како луѓето се дистанцираат од светот додека прават

нешто на своите телефони, како комплетно го игнорираат

опкружувањето и како целосно го прифаќаат нивниот

паралелен живот на www. Го фотографирав овој маж кој

читаше нешто на неговиот мобилен телефон на бучните

улици во Сохо, Лондон. Автомобилите поминуваа, луѓето

галамеа, музиката свиреше од баровите а тој едноставно

не се грижеше за било што, целосно незаинтересиран,

комплетно впиен во дигиталниот свет.

Улиците на Лондон, Обединето Кралство

Маж си ги трие очите откако ги гледаше часовниците во продавницата на Tag Heuer на Оксфорд стрит, во Лондон. Веројатно вџашен од

високите цени, мажот си замина од излогот додека парот туристи беа тотално опуштени во врска со цените. Светлината и боите на двете

страни на фотографијата ги претставуваат огромните разлики во животите на овие индивидуи.

Улиците на Мејфер,

Обединето Кралство.

ДИШЕЊЕ НА ЧИСТ ВОЗДУХ

ПРИОРИТЕТ ЗА СИТЕ!

Високата загаденост на воздухот во Скопје и во другите градови во Македонија ја одбележува зимата веќе

неколку години по ред. Концентрацијата на ПМ-10 штетните честички стигнува и до 1.000 микрогранули

на кубен метар, наспроти дозволените 50 микрогранули во рок од 24 часа, стандард поставен од страна

на институциите на Европската унија. Скопје веќе одамна е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот,

а последиците од тоа се респираторни заболувања, оштетувања на белите дробови, карцином, труење со

тешки метали, кардиоваскуларни заболувања, иритација на очите, астма, бронхитис. Апелот од граѓаните и

невладините еколошки организации за преземање на строги мерки во врска со загадувањето е сè посилен и

погласен, а постојано се изготвуваат проекти за тоа на каков начин може да се намали загадувањето и што

точно може да се преземе. Најголеми извори на загадувањето се индустријата, согорувањето на фосилни

горива, било да се контролирани или неконтролирани во домаќинства или во депонии, термоцентрали,

прашина разнесена од ветрот, процеси на согорување, сообраќај, стари автомобили...

Освен мерките што треба да се преземат од страна на властите, со подигнувањето на свеста кај граѓаните и

користење на енергетско ефикасни мерки, може и секој лично да придонесе за помало загадување, бидејќи

воздухот го дишеме сите и на секого влијае еднакво.

Што можеме да направиме за

помало загадување кај нас?

ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Исклучување на светилките, компјутерите и електронските апарати кога не се користат, но и

правилен и економичен извор на топлина во зима, а не користење на прегорено отпадно масло,

лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, парчиња гума или синтетички материјали.

КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ТОПЛИНА

Како дополнување на стандардниот извор на греење во домот може да помогне сончевата

топлина, односно користењето на соларни системи. Покривањето на сите голи подови со теписи

и килими ја задржува топлината, особено ако има малку или воопшто нема подна изолација.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УПОТРЕБАТА НА АВТОМОБИЛИ

Особено старите возила, како и дизел-возилата, драстично влијаат на загадувањето на воздухот.

Заедничко патување на луѓе со едно возило, кои се од иста населба, работно место или слично,

ја обезбедува потребата од транспорт, но и се намалува загадувањето и се заштедуваат пари.

Економично и ефикасно е и употреба на јавен транспорт, возење велосипед, пешачење.

ОДРЖУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛОТ ВО ДОБРА СОСТОЈБА

Редовна проверка на филтрите и менување на маслото, како и употреба на еколошко гориво е

исто така препорака во корист на почист воздух.

КОРИСТЕЊЕ НА ПОПРИРОДНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ

Средства на основа на вода и со помалку хемикалии, како и минимална употреба на градинарски

средства, помага штетните состојки помалку да се ветреат во воздухот.

УРБАНО ГРАДИНАРСТВО

Нов тренд во големите градови, каде што зелените површини се во помал број поради

урбанизмот и градежништвото. На покривите на станбени згради или на заедничките простори

околу зградите можат да се насадат дрвја, цвеќиња, зеленчук, овошје. Растенијата ја филтрираат

прашината во воздухот, обезбедуваат сенка во текот на летото и придонесуваат за намалување

на потрошувачката на енергија со тоа што помагаат во регулирањето на температурите.

Како другите градови од

светот се борат против

загадување на воздухот?

ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА

Забрана за возила во централните градски подрачја, воведување

на пар-непар денови во сообраќајот, бесплатен јавен превоз во

одредени денови кога загадувањето е повисоко, како и редовно

апелирање да се користи заедничко патување и возење велосипед.

ДЕЛХИ, ИНДИЈА

Забрана за големи дизел-возила со моќност поголема од 2000

кубни сантиметри, како и забрана за возење такси-возила со дизелмотор.

Воведување пар-непар возење и охрабрување да се користи

заедничко патување со автомобил.

БЕРЛИН, ГЕРМАНИЈА

Поставување на зелени билборди, таканаречени „Градски дрвја“,

при што еден билборд заменува 275 вистински дрвја. Претставува

комбинација од специфични култури на мов со васкуларни

растенија што „јадат“ ситна прашина (ПМ), азотни оксиди и озон,

а имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид

годишно. Ваков зелен билборд се очекува да се постави и во Скопје.

ЛОНДОН, АНГЛИЈА

Во Лондон одамна аплицираат калциум магнезиум ацетат на

асфалтните површини со цел лепење на честичките од загадувањето

од воздухот на асфалтот и нивно оневозможување повторно да

циркулираат во воздухот. Истиот метод се користи и во Австрија

и во Италија. Како дополнителен предлог од градоначалникот на

Лондон, Садик Кан, од годинава сопствениците на постари возила

од 2005 година ќе плаќаат десет фунти данок за загадување.

ОСЛО, НОРВЕШКА

Осло планира до 2020 година да ја намали до половина емисијата

на јаглерод диоксид со тоа што предложува формирање зона со

забрана за автомобили, изградба на над 60 километри нови патеки

за велосипеди, како и воведување на построги казни за загадување

и отстранување на многу паркинг-места.

КУРИТИБА, БРАЗИЛ

Градот во јужен Бразил со два милиона жители има еден од

најголемиот и најевтиниот автобуски превоз. Околу 70 проценти од

граѓаните одат со автобус на работа, а како резултат на тоа нема

загаденост на воздухот и има помалку сообраќај.

БАНГАЛОР, ИНДИЈА

Индискиот град ги подготвува сите 6.000 автобуси да користат

природен гас и досега загадувањето на воздухот е намалено за

20 проценти, а еден од четворица граѓани кои оделе на работа со

автомобил, сега користи јавен превоз.

105

REBORN ПРЕПОРАЧУВА:

РАЗГОВОР СО

ФОНИЈА ПРЕД

ГОЛЕМИОТ

ЗЕМЈОТРЕС ВО МКЦ

Мирко Попов за Reborn

Земјотрес е фестивалска платформа на независната македонска музичка сцена.

Место каде што независните дискографски куќи и бендови, еднаш во годината, го демонстрираат она што е

најново и најактуелно сработено во сферата на нивната музика.

Фестивалот е инициран од лејбловите 69 Records и Направи Заедно (денес Балкан Велики), кои заедно со PMG

Recordings се во самото идејно и организационо јадро.

Основната идеја беше да се создаде една прогресивна платформа на независната музичка култура во

Македонија, каде што буквално секој бенд/лејбл, без разлика на музичкиот стил или степенот на популарност,

ќе има можност да се претстави на еден сериозен фестивал и тоа пред што е можно побројна публика.

Петтото издание на Земјотрес нѐ очекува во сабота, на 4 февруари, во Младинскиот Културен Центар, Скопје.

25 бенда, 3 стејџа и 1 љубов кон македонската квалитетна музика.

Фонија за мене е еден од најинтересните бендови кои ќе настапат оваа година. Токму затоа, поразговарав со

Дени Крстев, најистуреното лице на еден од моите најомилени македонски бендови во последните години.

Поопширната верзија од ова интервју ќе можете да ја најдете кај нас на www.reborn.mk.

Фотографии: Елена Фиданска

106

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

Фонија во моментов се актуелни со новиот Е.П. „Човек од стакло“. Одлично издание, а особено од аспект на

јасната промена во звукот на бендот, која мене лично, неверојатно ми годи. Дали ова поместување на звукот кон

некој полнокрвен поп е инцидент, или тоа е можеби новиот правец во кој ќе се движи бендот?

Фонија во април ќе наполни 10 години, логично е да се менуваме постојано. Амбициозни сме и сакаме да звучиме

подобро со секој нов албум, а со годините се менуваат и критериумите за она што значи да „звучи добро“. Во

секој случај, жанровите и музичките стилови се измислени за полесно да се продаваат плочи. Суштината е во

текстовите и филозофијата на бендот, а таа не е драстично променета од почетокот.

Дали ова ЕП го најавува излегувањето на новиот ЛП на Фонија во 2017? Дали може да добиеме sneak preview

од неколку зборови за новиот албум?

Да, работиме на нов албум, а во меѓувреме ќе излезе и уште едно ЕП за Балкан Велики. Албумот текстуално ќе се

држи до старите теми, се разбира, од аспект на 25-годишен човек што решил да остане во оваа земја и тука да го

јаде лебот (или да гладува?). За среќа, тука барем има за што да се пишува... Да ти е страв да се заљубиш, зашто

знаеш дека љубовта сонува да ги спакува куферите и да отиде некаде каде што гледа иднина. Тука и љубовта е

политичка категорија.

107

Во последниве години Дени Крстев е член и на најуспешниот македонски бенд на новото време, Bernays

Propaganda. Кажи ни нешто повеќе за соработката со Тина и Васко и твоето искуство како член на овој ужасно

вреден бенд.

Искуството со еден збор е - бесценето. Добро е да се види од внатре како функционира еден таков бенд. Напорна

работа втемелена врз искрено пријателство очигледно е добитна комбинација. Од Васко и Тина научив многу за

животот воопшто, не само за музиката.

Последниве години се чини главно ги поминуваш во сопственото студио, потполно посветен на твоите, но и

продукции за други музичари. Дали се гледаш во иднина како студиски гуру?

Отсекогаш ме фасцинирала моќта на фреквенциите. Со векови се користат и како терапија, и како оружје. Мене

ме интересира тоа првото. Како музичар, сакам емоцијата на песната да биде отсликана и во соничниот амбиент

на снимката, па се трудам тоа да го направам и за другите со коишто работам. Затоа се и Martin Hannett и Брацо

Зафировски (продуцентите на Joy Division, New Order и Леб и Сол, заб. на авторот) мајстори на својот занает. Таа

е школата што сакам да ја преземам и ќе продолжам да работам со тоа начело.

Кои македонски музичари/бендови би ги издвоил како особено интересни за тебе?

Sunset Cruise, Мариналеда, YÖU,The Planktons, KHARA, K.N.N.T., Leitmotif, SUSIJAT...

108

Како си задоволен од македонската музичка сцена?

Тука секогаш имало добра музика, но тоа не значи дека сцената е силна. Секогаш примерите од коишто сме

можеле нешто да научиме се броеле на прсти, што доволно говори за сцената. Затоа турнеите се важни, можеш

да видиш како тоа се прави на Запад, да споредиш, да го отфрлиш тоа што не ти се допаѓа, а да го искористиш

она што сметаш дека е добро. Сѐ повеќе и повеќе бендови свират надвор од Македонија во последниве години и

тоа се чувствува. Ќе биде уште подобро.

Дали на себе гледаш како на професионален музичар и дали е тоа патот по кој планираш да се движиш?

Можам слободно да кажам дека професионално се занимавам со музика, затоа што сите финансиски приходи ми

се од музика (од бендовите, студиото, работа на концерти...). Ако другата опција ми е професор по филозофија

во средно школо, бирам рокенрол.

Фонија настапува на веќе реномираниот фестивал на независни македонски дискографски куќи, Земјотрес.

Оваа година го одбележуваме петтото издание. Што за тебе претставува овој фестивал. Како гледаш на него?

Земјотрес е една убава приказна и мило ми е што не заврши во рекордно кусо време како повеќето убави скопски

приказни. Тоа е една од (за жал) ретките прилики да се видат луѓе од различни возрасти, професии, вери и

политички убедувања на едно место, со убав повод.

109

Портрет промоција

Модната

приказна на

Анастасја

Трајковска

Кутур дизајнерката Анастасја Трајковска, која создава

зад истото име, ја преточува својата животна пасија

при креирањето дизајни кои раскажуваат тајни

приказни. Нејзините креации зрачат со индивидуалност, но

и со сензуалност и нескриена женственост. Со љубов кон

детали и совршени линии, Анастасја дизајнира парчиња

со хедонистички, но и модерен изглед во исто време. Она

што на прв поглед се чини контрастно, на втор поглед

станува шик. Контрастите се хармонично испреплетени,

а ексклузивноста на парчињата е интерпретирана на

суптилен, игрив начин.

Анастасја е родена во Скопје, каде што покрај

образованието, поминала неколку години во танцување

балет, што остава трага врз неа, и фасцинација од

костимите, глумата и од самата сцена, па оттогаш почнува

да скицира цртежи во манир на дизајнерските нацрти.

За време на 90-тите заедно со својата сестра Елизабета

се сели во Австрија каде што ги завршува студиите по

психологија, но освен во Виена, поминува значајно

време и во Милано. Одговарајќи на прашањето дали со

креирањето скршнува од психологијата, вели: „На некој

начин модата e психологија со нејзиното влијание врз

однесувањето на поединецот. Модата е израз на емоции и

идентитет, и на одреден начин ја отсликува моменталната

состојба на општеството“. На креирањето му приоѓа со

холистички пристап и чувство на себеприсуство од самото

скицирање со молив па сѐ до создавањето на завршниот,

елегантен изглед.

110

Innocent Rebel

Нејзините креации се за жени што не се плашат да бидат

женствени, елегантни и независни и додава дека секоја

жена треба да носи облека што ѝ прилега на фигурата.

Нејзината желба да си поигрува со контрастите во

текстурата, тежината, бојата и линијата на парчињата

резултира со чиста елеганција. Анастасја ги комбинира

модерната сензуалност со мала доза на фантазија и

чистота која неминовно го потенцира женското тело со

сите негови облини и атрибути.

Инспирација наоѓа во уметноста, книгите и во филмовите,

особено во бајките, па не случајно нејзината последна

haute couture колекција беше под силно влијание

на бајките од браќата Грим. При креирањето тесно

соработува со нејзината сестра, која работи со платна,

материјали и штоф, а нивната синергија е лесно уочлива.

Двете заедно ги избираат материјалите за колекциите,

посетуваат меѓународни модни саеми во Париз и во

Милано, па така семејниот бизнис е воден од Елизабета

како административна, а Анастасја како креативна сила.

На прашањето дали себеси се гледа како олицетворение на

својот бренд, таа вели: „Најважното нешто е да веруваш во

креациите што ги создаваш. Мора да си храбар во она што

го правиш бидејќи добриот дизајнер треба да е независен,

што значи да не ги следи трендовите или неговите

претходници“. Омилен, но и најкомплексен дел од работата

ѝ е оживувањето на парчињата, од цртежи до креации.

„Во тој миг може да ги видите дизајните и парчињата

анимирани, на нечие тело, во тој посебен момент на раѓање

и оживување на уметноста,“ завршува таа.

Cannes Film Festival 2016

Нејзините креации, новости и активности можете да

ги следите на:

- www.anatraj.at

- www.facebook.com/anatraj.at.

111

ПОГЛЕД ОД ВСЕЛЕНАТА

Францускиот астронаут Томас Паске од 19 ноември 2016 година е дел од мисијата „Проксима“ на Европската

вселенска агенција (ЕСА). Во моментов и сѐ до мај 2017 година тој престојува на Интернационалната вселенска

станица од која преку социјалните медиуми ги споделува своите вселенски искуства, збогатени со фотографии од

убавините на различни делови од земјата одозгора. Засега неговите доживувања можете да ги следите на неговата

активна страница на „Фејсбук“ (@ESAThomasPesquet), иако многумина го поттикнуваат да издаде и книга со

фотографии по слетувањето. Погледнете го светот од негова перспектива!

Crooked island, Бахами

Dragon river во Јужна Америка

Нова Каледонија

Гваделуп

Кумулонимбус облак

Намибија

112

Американскиот астронаут Скот Кели се пензионираше по 20 години служба во НАСА и 520 денови во вселената,

подолго од кој било Американец пред него. Воедно, тој држи рекорд и во однос на споделување на многубројни

вселенски фотографии на социјалните мрежи, а нам ни стана познат и особено омилен кога ја сподели

фотографијата од Македонија фотографирана од Меѓународната вселенска станица (ИСС). Неговите фотографии и

искуства ги споделува на социјалните мрежи (@StationCDRKelly).

Бахами, вашите водени боички секогаш се глетка што освежува. Вселенски брод со стаклен под над Бахами.

Добра ноќ, месечино, од Вселенската станица!

Месечина, Венера, Јупитер, Земјата!

Поздрави на моите пријатели од Македонија!

Добра ноќ Земјо!

Уживам во плодовите од работата, буквално!

Уште едно поминување покрај Аурора бореалис.

ШТО „Модулар.мк“

Овој месец наш избор е „Модулар.мк“ (modulartdesign.com), онлајн

креативен пазар за ексклузивна уметност и дизајн. Уметницата Нина

Нинеска дошла на идеја да ја основа оваа платформа, поради фактот

што таа како уметник имала проблем да ги пласира производите што ги

создава, како на домашниот, така и на светскиот пазар. Тргнувајќи од

овој проблем таа дошла до „Модулар.мк“, на кој со регистрација, и со

стандардните платежни средства, можат да се купат онлајн селектирани

дела на многу македонски уметници. Еден модул од платформата е за

уметност – за слики, скулптури и дигитални уметнички дела, а друг за

дизајн, што опфаќа широк спектар на дизајнирани производи од моден до

индустриски дизајн, мебел и светилки. Оваа платформа е идеален начин

за промоција на уметноста и им дава можност на македонските уметници

да ги изложуваат и да ги продаваат своите дела, во земјава и надвор од

неа, по електронски пат.

ИМА

Доне Милјановски, Фантазија

Креативната заедница „Модулар.мк“, се отвори

во декември минатата година, со групна изложба,

на која се претставија креативните продавници

од македонски автори како: Нина Нинеска, Доне

Милјановски, Мила Ивановска (Мила Ив Миза), Марта

Мојсова (Спин), Нела Тодоровска (Маригуча), Ана

Андроска, Александар Пешевски (MightyCreation),

Тоциноски (Арт студио Симбиоза), Андреј Митевски,

Маја Стојковска и Сандра Јовановска (Меи Ро),

Цветанка Јованова (ХЕРМЕС), Еми Норис, Даниел

Богатинов и Жељко Марковиќ (Принцип урбан дизајн).

Од оваа платформа велат дека прават селекција

на уметниците и на дизајнерите чиишто дела би се

продавале кај нив. Основни критериуми по кои се

раководат се: делата да се со врвен квалитет, да

имаат различен спектар на изработка, дела што

ги поттикнуваат и ги одржуваат петте основни

човекови вредности – вистина, мир, љубов, исправно

дејствување и мирољубивост.

Нина Нинеска, објект,

„Центрирај во себе“

НОВО?

Маригуча, Нела Тодоровска, ташна

МеиРо, обетки и брош, уникати

Спин, Марта Мојсова,

светилка Месечина

На платформата, освен дела изработени материјално, има и дела во дигитална форма. Воедно, од „Модулар.мк“ ги повикуваат сите

дизајнери што изработуваат вакви дела да аплицираат со своите дигитални дизајни.

Портрет поддржува македонска уметност

„I WAS GONNA PAINT BUT IT'S A RIOT“

ЈАНА ЈАКИМОВСКА

Се зборува за...

LISCA ВО

ПАРИСКИОТ СВЕТ

НА ТАНТЕЛА

Во Париз, од 21 до 23 јануари 2017 година, се

одржа еден од најголемите саеми на долна облека,

„Salon International de la Lingerie“, на кој своите

тренди-парчиња од колекцијата есен-зима за 2017

ги претстави и словенечкиот бренд Lisca. Заводлива

транспарентност, романтична тантела и модерни

бои се она што ќе ве восхитува во следната сезона.

На саемот учествуваа 480 брендови од 37 земји,

што ги претставија трендовите за следната сезона

во која ќе владее тантелата што неодоливо ја

истакнува женственоста. Саемската манифестација

ја надополнија и голем број на модни ревии, на кои

беа прикажани најмодерните приказни поврзани со

долната облека и loungеwear за есен и зима. Lisca

со ревијата „Дуализам“ ги воодушеви посетителите.

Врв на саемската манифестација во Париз e

форумот „Тренд“, на кој стручните лица секоја

година вклучуваат одредени групи сетови долна

облека за кои мислат дека се гласници на

трендовите за претстојната сезона. И оваа година

помеѓу трендсетерите повторно се појави Lisca со

заводливата црвена долна облека „Queen Rose“, што

воодушеви со модерниот модел, со страсната црвена

боја и прекрасниот вез, што ѝ дава романтичен дух.

ИНОВАТИВНА

ХИДРАТАЦИЈА ЗА УСНИ

СО ROSAL LIP BALM

MAGIC PINK

Водечкиот хрватски бренд за нега на усни, „Росал“,

претстави уште една иновација. Првпат на пазарот

може да се ужива во несекојдневниот, црн Rosal

Lip Balm Magic Pink, што по нанесувањето ја

менува бојата како камелеон од црна во розова.

RLB Magic Pink содржи специјален пигмент што во

зависност од pH-вредноста на кожата на усните,

по пет минути се претвора во совршена нијанса

на розова боја. Затоа секому дава различна боја

на усните, од светлорозова до темнорозова, во

зависност од количеството на нанесениот балсам

и индивидуалниот pH-фактор на кожата.

Rosal Lip Balm Magic Pink има форма на кармин,

КОМПЛЕТНА УСЛУГА ОД

„ПРЕМИУМ АУТО ЗЕНТРУМ“

Ентузијазмот, страста кон автомобилите и искуството во импортерскиот

авто-бизнис остануваат носечки принципи во дејноста на „Премиум ауто

зентрум“, што продолжуваат во иста насока со одредени новитети во

работата.

Примарната дејност на „Премиум ауто зентрум“, како и досега, и понатаму

останува продажба и сервисирање на автомобили, но согледувајќи го

фактот на седум пати поголем број продадени употребувани отколку

нови автомобили, подразбира поставување на нови стандарди во таа

насока.

Во програмата на автомобили на ПАЗ отсега има и нови и употребувани.

Деведесет проценти од употребуваните автомобили се од актуелна

серија, не постари од четири години и со максимум 150.000 изминати

километри. Покрај понудата од лагер, може да се врши и порачка според

индивидуални, однапред зададени критериуми или севкупно, овозможува

комплетна услуга за своите клиенти.

односно закосеност за лесно и прецизно

нанесување, со заводлива боја што е долготрајна,

но истовремено ја одржува и природната

влажност на усните. Воедно, антиоксидансот

витамин Е ги штити усните од штетното влијание

на слободните радикали и ги негува, со неодолива

мекост и хидратација. Достапен е во дрогериите и

во поголемите продавници.

116

ГРАДСКИ

РИТАМ

PAUL VAN DYK

3 февруари од 20:00 ч.

МЕТРОПОЛИС АРЕНА

ЗЕМЈОТРЕС #5 ФЕСТИВАЛ НА

НЕЗАВИСНА МУЗИКА

4 февруари од 19:00 ч.

МКЦ

U-RECKEN/TREE OF LIFE TEASER

PARTY

11 февруари од 23:00 ч.

СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

BERNAYS PROPAGANDA FEAT. MARK

HEANEY

17 и 18 февруари од 21:00 ч.

МКЦ

МАСИМО САВИЌ

17 и 18 февруари од 21:00 ч.

МОБ

RED HOT CHILI PEPPERS REAL TRIBUTE

23 февруари од 20:00 ч.

С 26

PACO OSUNA

25 февруари од 22:30 ч.

ВИП АРЕНА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

„ШКОЛА ЗА ЉУБАВНИКЕ“ –

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА

28 февруари од 20:00 ч.

ДОМ НА АРМ

ВЛАДИМИР ТАСЕВСКИ

УМЕТНИЧКА ЕКСПРЕСИЈА

НА ПОРТРЕТИ И АКТОВИ

Портретите и акт-фотографиите на Владимир Тасевски ја портретираат сензуалноста и реално го отсликуваат неговиот стил и артистичен поглед

на човековото тело. Како што вели Владимир, иако го поттикнувале да се занимава со секаков вид фотографија, тој уште веднаш се одлучил за

портрети, со што се занимава веќе 22 години.

„Во студиската портрет фотографија си господар на сè, поставки, светлина, модел... буквално крајниот резултат зависи од фотографот. Исто

како што кога пред сликарот има платно, само од него зависи каква ќе биде уметничката слика на крајот. Се обидувам да имам препознатлив

стил, да дадам личен печат на секоја фотографија, бидејќи на некој начин јас се рефлектирам, се портретирам во нивните фацијални телесни

експресии“, објаснува Тасевски.

Во продолжение погледнете дел од портретите и акт-фотографиите.

Македонска фотографија

Мозаик

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

„ЦРВЕНА КРАЛИЦА“ – ВИКТОРИЈА АВЕЈАРД [АРС ЛИБРИС]

Ова е свет поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв. Црвените

едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените воини со натчовечки моќи.

Мер Бероу е Црвена девојка која на почетокот верува дека тоа е еден свет што не може да се

промени никогаш. Но, Мер набрзо потоа открива дека, и покрај црвената крв што ѝ тече низ вените,

и таа поседува неверојатна моќ што би можела од темел да го растресе кралството на Сребрените!

Но, ова е свет на лаги и измами, на предавства, каде што Мер е принудена да заигра опасен танц –

Црвени против Сребрени, принц против принц и самата таа против сопственото срце. Кој ќе биде

победник во светот на крвните поделби? Ќе завладее ли Црвената кралица со Сребрениот свет?

„КНИГА ЗА БЛАНШ И МАРИ“ – ПЕР УЛОВ ЕНКВИСТ [АНТОЛОГ]

Кратко време пред Марија Кири да стане првата жена-добитничка на две Нобелови награди,

една од асистентките во лабораторијата, Бланш Витман, преживеала три ампутации, ги

изгубила левата рака и двете нозе поради радиоактивните материјали на кои била изложена.

Бланш била „кралица на хистеријата“, една од жените што биле бесплатно прегледувани од

страна на познатиот доктор Шарко. Тој секоја среда попладне предизвикувал кај нив напади

на грчење со притискање на одредени места на телото. Потребата да ги притисне, на пример,

нивните јајчници објаснува зошто жените морале да бидат разголувани. Сите ги доживувале

овие смотри на хистеријата, кои биле колку насилни толку и вчудовидувачки креативни, мошне

сериозно, дури и тогашниот асистент на Шарко, младиот Зигмунд Фројд.

Ова е навистина моќна приказна, со која Енквист оди понатаму, преку Бланш, како врховна

жртва, го воведува ликот на Марија Кири, која всушност најмногу го интересира.

„СКРОТЕНИ“ – ЕМА ЧЕЈС [КУЛТУРА]

Оваа книга е дел од серијалот на Ема Чејс – „Заплеткани“, „Испревртени“, „Скротени“ и

„Врзани“. Можете да замислите каде води оваа приказна, но најдобриот дел не е како сето ова

ќе заврши, туку како ние стигнавме дотаму.

Кога се сретнав со Ди, веднаш знаев дека таа е нешто посебно. Кога се запознавме, таа

мислеше дека сум ништо. Точно, јас бев како и секој друг што би ја измамил и би ја изневерил.

Требаше да помине извесно време за да ја убедам поинаку, но излегува дека може да се

направи убедлив аргумент кога е во прашање сексот.

Запри ме ако ова си го слушнала претходно – девојка запознава плејбој, тие се вљубуваат,

плејбојот го менува начинот на живот.

Во оваа незаборавна книга, Метју Фишер, најдобриот пријател на Дру Еванс од „Заплеткани“

до „Испревртени“ – сака да се смират, но прво ќе мора да ја надмине недовербата кон

уникатната Ди-Ди Ворен.

„ЛАНЗАРОТЕ“ – МИШЕЛ УЕЛБЕК [ТРИ]

Краткиот роман „Ланзароте“ на водечкиот современ француски писател Мишел Уелбек е

исклучително моќно дело, напишано во познатиот остар и шокантен стил на авторот.

„Ланзароте“ е исклучително моќно дело, пародија на жанрот авантуристички роман во кое тој

на својот карактеристичен начин ја доловува бесмислата на нашето апокалиптично време. Без

оглед на тоа дали ќе го наречеме сатира или своевиден опозит на „новата морална авангарда“,

„Ланзароте“ е одличен пример за невообичаените ставови на Уелбек во врска со проблемите

што ја опседнуваат епохата во која живееме...

Освен краткиот роман, оваа книга е збогатена и со неколку брилијантни раскази, во кои тој

се занимава со темите што постојано го окупираат неговото дело, како што се книжевноста,

сексот, смислата на животот, смртта и длабочината на отуѓувањето на современиот човек од

неговата околина.

120

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

Портрет поддржува македонска поезија

Изгубените љубови

Изгубените љубови никогаш нема да дознаат

со колку тела сме им пришле,

и во колку животи,

низ колку слушалки сме им молчеле

и со какви здивови,

во колку ноќи сме ги предале

и со какви ѕверови,

на колку слики сме ги обезглавиле

и со какви ножици,

на колку улици сме ги одминале

и со какви прегратки,

во колку кафулиња сме ги сретнале

и во какви соништа,

во колку турканици „не сме ги виделе“

и со какви погледи,

колку сме живееле по нив,

и со какво умирање...

Јосип Коцев

од „Напишана тишина“ - ИЛИ-ИЛИ, 2016 г.

121

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

ЉУБОВТА Е ДЕТЕ

НА СЛОБОДАТА,

А НЕ ДЕТЕ НА

ДОМИНАЦИЈАТА

КОГА СЕ САКАМ СЕБЕСИ, МОЖАМ ДА

ТЕ САКАМ И ТЕБЕ. КОГА ТЕ САКАМ

ТЕБЕ, ГО САКАМ И СВЕТОТ. ТОА Е ТОЈ

МАЃЕПСАН КРУГ НА ЉУБОВТА...

Неизбежно е да се пишува за љубовта во месецот на љубовта.

А февруари е и месец на мачките. Се парат и мјаукаат со

љубовен повик :) Но, дојдoа капиталистите, го измислија Св.

Валентин и наеднаш приматот отиде на купување подароци

и картички за заљубените. Мачките, кој ги врти! :) И тамам да

навлезам во интелектуални мастурбации за спрегата помеѓу

консумеризмот и љубовта, се сепнувам и решавам овој пат

да инспирирам наместо да критикувам. Што фајде ако ја

подберам индустријата за профитирање што нашла начин

да го прави тоа и врз грбот на вљубените?! Па,си мислам,

кога е љубовта во прашање, има многу поинспиративни теми

од „Валентајнс“. Една од нив е сакањето заради себе, а не

заради другиот. Хм, кој би рекол дека и сакањето може да

биде од себични причини? И дали егоизмот е другото лице на

огледалото на љубовта? Се разбира, тука не мислам на оние

шеми како во времето на викторијанството кога браковите се

склучувале според конвенција и тоа најчесто од социјални

мотиви (иако оваа практика не е исклучена и денес, во 21 век,

во некои рурални средини во Македонија, а и на многу други

места низ светот), туку пред сè на психолошката сигурност што

ни ја дава љубовта и на љубовта како единствен релевантен

противник на стравот од смртта. Tокму стравот од смртта е

еден од основните мотиви за опстанок и за репродукција.

Ерих Фром пишуваше за љубовта како одговор на проблемот

на човековата егзистенција. И ако се согласиме дека свеста за

осаменоста и одвоеноста, како и беспомошноста пред силите

на природата, е еден вид психолошки затвор за човекот, тогаш

ќе се согласиме со она на Фром - дека луѓето имаат потреба

да го напуштат затворот на својата осаменост со тоа што ќе се

вљубат. А, има ли некој што не сака да љуби и да биде љубен?

Ова прашање го мачи човештвото од своето рано детство.

Уште во далечното минато луѓето во пештерите се спарувале

за да живеат полесно. И, токму, како замка во пештера се

отвора прашањето - каде се границите на себството во

релациите со другите? Позната ли ви е онаа состојба: „Jас

сум ништо. Постојам само онолку колку што сум дел од

него?“ Верувам дека секој од нас барем еднаш во животот

се нашол во некоја таква ситуација, кога сакањето станало

опсесија, а љубовта горчина. Во секое љубовно спојување

постои опасност од преклопување на сопствениот идентитет

со туѓиот. Едноставно, некои луѓе кога љубат, ги узурпираат

границите на другата личност. Тоа е сосема спротивно на

една од најубавите мисли за љубовта, дека љубовта е дете на

слободата, а никогаш дете на доминацијата.

Најчесто сакаат да доминираат оние личности што се

најкревки и најнесигурни. И како што потребата за моќ

доаѓа од слабоста, така и коренот на посесивноста е во

недовербата во себеси. Љубоморните пред сè не си веруваат

себеси, повеќе отколку на другиот, иако манифестацијата

е обратна. Поседувањето или, пак, присвојувањето на

љубовниот објект има корен уште во митологијата каде што

е опишано како кенгур кој ги лови нимфите и потоа ги става

на грбот. И свадбениот ритуал на старите Римјани е во тој

контекст. Невестата не стапнувала сама во брачниот дом, туку

младоженецот ја внесувал на раце. И сè ова се ситни патокази

кон поседувањето како една од манифестациите на љубовта.

122

Но, јас пак ќе речам дека коренот го наоѓам во несигурноста

и незрелоста на личноста. Ќе ве потсетам на Дон Жуан,

човекот кој постојано ја докажува својата машкост во сексот.

Излегува дека мажот чии карактерни особини се лабилни

(бидејќи емоционално останал дете) многу често настојува да

ја компензира својата машка улога во сексот. Теоретичарите

на љубовта, пак, сметаат дека сексуалната желба може исто

така да биде поттикната од тегобноста на осаменоста, од

желбата да освоиш или да бидеш освоен, од суетата, па дури

и од желбата да се повредува. И, ако сексот овозможува „да

се излезе од себе“, тогаш ми доаѓа да го поставам прашањетодали

хипнозата и сексот имаат нешто заедничко? И дали

сексот е излегување од себе или, пак, влегување длабоко во

себе?

Психијатарот Паул Шилдер смета дека постои тесна врска

помеѓу хипнозата и љубовта. Тој објаснува дека активностите

што овозможуваат пристап до хипнотичката состојба на

умот имаат еден вид еротска вредност (или јас би рекла -

еротски калории) :) како што се нежното милување по рацете,

сугестивен и истовремено смирувачки говор, заведувачки

поглед и слично. И секоја хипноза е еден вид набљудување,

а набљудувањето на другиот со кого сме во релација е

неопходно бидејќи како што се вели - „ни зеницата не може

самата себе да се набљудува“. Проблемот е што кога ги

набљудуваме луѓето што сме ги одбрале за наши животни

партнери, или генерално сите луѓе околу нас, обично ги

разбираме преку себеси. Денот кога ќе научиме да ги

разбираме преку нив самите, ќе се разбереме и себеси. И, да,

знам, премногу филозофски звучи вака една работа каква што

е љубовта, која е хемија и мистерија, и за која нема потреба

од дефиниции и формули, оти се работи за чиста емоција и

енергија, ама како што малото дете љубопитно ја расклопува

играчката за да види што се крие зад неа, така и јас често

сакам да ги анализирам работите на начин на кој се доаѓа до

нивната суштина. И секој човек што ќе го сретнеме на нашиот

животен пат носи некаква лекција за нас. Ништо не е случајно

и сè има своја причина и цел!

или, пак, ќе ги претвориме во црни кутии на љубомора и

мазохизам? Ако некого го сакаме од дното на своето битие,

тогаш го сакаме на начин што ослободува и верува, а не на

начин што заробува. Затоа за срцето се вели дека е машина

на прифаќања и одбивања. За мене, тоа е потпора на мојата

личност. А љубовта пак ја моделира секоја судбина. Сепак, и

покрај сите убавини што љубовта ни ги носи, во неа секогаш

постои оној скриен неспокој што дури не ни мора да има

врска со љубомората, егоизмот или посесивноста, туку со

копнежот и со силите на космосот... Неодамна вака некако

ја опишав таа шашава состојба во која се борат спротивните

полови со целиот спектар на емоции...

... Си ја згрутчил емоцијата како крв која се засирува, за

да не боли. За да не ги извалка белите чаршафи на кои со

секое водење љубов одново ми ја земаш невиноста. Нашата

енергија ќе го создаде новиот свет кога апокалипсата на

суети ќе го сруши стариот. Зад завесата на твоето срце

има нов репертоар на комедии, а зад моето Ромео и Јулија

уште се тепаат кој прв ќе го испие отровот на љубовта, за

да го најдaт спокојот. А спокојот, тој се скрил во ѕвездите за

никогаш да не го дофатиме, да гледаме нагоре и да трагаме.

И одвреме-навреме некоја ѕвезда ќе трепне за да ни намигне

дека сме на правиот пат - оној кружниот во кој времето нема

почеток и крај.

Затоа, продолжи да љубиш и да создаваш! Најдобри алатки

се очите, срцето и умот. И сакај без да поседуваш, без да

условуваш и без да заробуваш. Само така срцето ќе ти расне

ко крофна, а очите ќе ти сјаат од радост.

Секој разговор со другиот е средба,

како лупење слоеви од егото,

пливање кон брегот на вистината,

казна за суетата,

рандеву со болката,

вадење маски,

нуркање во најдлабокото,

соочување со сопственото,

разбирање на туѓото,

егзистенцијален шах со животот...

или со други зборови, средбите со љубениот се како наоѓање

детелинка со пет листа!

Значи ли тоа дека нам ни останува дали средбите со саканиот

ќе ни бидат исполнети со радост, доверба и спокојство

Јин-Јанг

КРИСТИНА ЛЕЛОВАЦ, АКТЕРКА

НАЈГОЛЕМА СЛАБОСТ

МИ Е ПОТРЕБАТА ЗА

ДРАМА

На 18 години мислев на себе, а сега

мислам на светот

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Театарот ми е лек за?

КЛ: Лек за бесмислата и безнадежноста кога е вистински и

жесток.

АЈ: Улога во која најмногу се пронајдов?

КЛ: Во следната што ќе ја играм.

АЈ: Како мала сакав да личам на?

КЛ: На мајка ми во 70-тите.

АЈ: Во погрешно време и погрешно место се?

КЛ: Во погрешно време и на погрешно место некои луѓе знаат

како да се заштитат, јас не.

АЈ: Денешен современ Ромео на Јулија би ѝ рекол?

КЛ: „Ај да си идеме од тука.“

АЈ: Се плашам од?

КЛ: Се плашам од македонското здравство.

АЈ: Филм кој би го гледала десет пати?

КЛ: „Париз,Тексас“ на Вендерс.

АЈ: На Дон Жуан би му рекла:

КЛ: „Користи заштита!“

АЈ: Кои недоследности тешко ги поднесуваш кај луѓето?

КЛ: Недоследноста кон она во што „се крстат“ и ги прогласуваат

за предавници сите оние што не ги делат нивните „вредности“.

АЈ:Најголема слабост ми е?

КЛ:Потребата од драма.

АЈ: Ако трезорот е важен, тогаш човечкиот живот не е! Колку

вреди човекот денес?

КЛ: Онолку колку што му е бел образот!

АЈ: Слобода е?

КЛ: Слобода е кога не се плашиш.

АЈ: Во Скопје ме нервира?

КЛ: Скопје 2014! И кога 103-ка не се фаќа добро.

АЈ: Што значи да се остане достоинствен во нашево општество?

КЛ: Да не се молчи и трпи за ситни привилегии. Да се биде

солидарен. Да се застане против неправдата, лагите и

криминалот.

АЈ: Споменик би им изградила на?

КЛ: На партизанките од НОВ и на оние од улиците денес.

АЈ: Дали убавината е гратис влезница или хендикеп за

докажување на интелектот?

КЛ: Ни едното, ни другото. Убавината е само златна резерва!

АЈ: На Мујо и Хасо би им рекла?

КЛ: „Odnio vrag šalu, a šejtan zaј**anciju!“

АЈ: Светот го гледам со розови очила кога?

КЛ: Кога сум заљубена. Кога со Јаните го мислиме фестивалот

„Прво па женско“ и кога го планирам следното патување.

АЈ: За десет години се гледам како?

КЛ: Како жена која не се плаши што ќе ѝ донесат наредните

десет.

124

Јин-Јанг

РУБЕНС МУРАТОВСКИ, АКТЕР

ДЕНЕС РОМЕО И ЈУЛИЈА

БИ ЗАВРШИЛЕ УШТЕ

ПОЛОШО

Се плашам од тоа дали ќе успеам да ги

воспитам своите деца правилно

АЈ: Театарот ми е лек за...

РМ: За болката што ја нанесува светот во кој живееме. Театарот е

бегство од ужасната реалност, барем накратко. Воедно и лек за

сите мои фрустрации.

АЈ: Улога во која најмногу се пронајдов?

РМ: Во ниту една од актерските улоги колку во улогата да бидам

тате на Григор и Дамјан. Сè друго е ветер и магла без моите деца.

АЈ: Како мал сакав да личам на...

РМ: На Сајмон Ле Бон од „Дјуран Дјуран“.

АЈ: Во погрешно време и погрешно место се...

РМ: Сите добри луѓе што се принудени да живеат во свет лишен

од добрина, чесност и емпатија.

АЈ: Денешен современ Ромео на Jулија би ѝ рекол...

РМ: Истото. Светот не е сменет. Само е станат полош. Денес

Ромео и Јулија би завршиле уште полошо.

АЈ: Се плашам од?

РМ: Се плашам од тоа дали ќе успеам да си ги воспитам своите

деца правилно. Засега единственото нешто на кое ги учам е да

бидат среќни.

АЈ: Филм кој би го гледал десет пати?

РМ: „Пеколен портокал“ и „Одисеја 2001“ од Кјубрик.

АЈ: На Дон Жуан би му рекол...

РМ: Зошто јас да му речам? Нека ми рече тој нешто...

АЈ: Кои недоследности тешко ги поднесуваш кај луѓето?

РМ: Лицемерие, злоба и немање сочувство кон останатите.

АЈ: Најголема слабост ми е?

РМ: Не смеам да ја кажам. Може да биде искористена против

мене некогаш.

АЈ: Ако трезорот е важен, тогаш човечкиот живот не е! Колку

вреди човекот денес?

РМ: Не вреди. За жал! Затоа предлагам да пронајдеме друга

планета на која одново ќе започнеме. Како Колумбо на

Крлежа што барал нов свет во постојана потрага во убавото и

вистинското.

АЈ: Слобода е?

РМ: Бел лист хартија на кој можам да нацртам што сакам.

АЈ: Во Скопје ме нервира...

РМ: Во Скопје ме нервираат некултурните шофери,

непочитувањето на пешаците, велосипедистите, нестоењето на

крајната десна страна од елеваторите...

АЈ: Што значи да се остане достоинствен?

РМ: Да го одржуваш зборот. Да ја разбираш разликата помеѓу

доброто и лошото.

АЈ: Споменик би им изградил на...

РМ: На луѓето.

АЈ: Дали убавината е гратис влезница или хендикеп за

докажување на интелектот?

РМ: Веројатно по малку и од едното и од другото. Инаку, јас ја

сакам убавината.

АЈ: На Мујо и Хасо би им рекол?

РМ: Смешни сте.

АЈ: Светот го гледам со розови очила кога...

РМ: Кога се смеат Григор и Дамјан.

АЈ: За десет години се гледам како...

РМ: Се надевам попаметен. И исто олку убав. (се смее)

Фотографија: Жарко Чулиќ

125

РОДОВА ГЛАГОЛИЦА

Пишува: Ана Јовковска

ДОРОТИ

ПАЧКОВА

сликарка и

активистка

Фотографија: Жарко Чулиќ

ЖЕНСКАТА СОЛИДАРНОСТ Е СОН

КОЈ СЕ СТРЕМАМ ДА ГО ЖИВЕАМ

Мои херои се оние што не се откажуваат од животот без разлика колку пати тој од нив се откажал

АЈ: Дали живееме во машки свет?

ДП: Да, јасно е под чија родова палка функционира овој свет.

Ако и во 21 век таткото ја предава жената на мажот или мажот

ја бара раката на жената од таткото, а сестра ѝ објавува на

ФБ дека „ја дале“, ми доаѓа да го поставам прашањето - За

колку тоа трла ја дале? Потребен ни е трансформативен

процес кон родово рамноправен свет.

АЈ: Кои се најчестите родови стереотипи?

ДП: Класифицирањето на добри и лоши жени, силни или

плачливи мажи, машки и женски бои, играчки, женските

версус машките професии, рамката на мирна жена и силен

маж, архетиповите за тоа како треба да се однесува дама,

а како маж... сево ова вродува со мизогинија и морални

чистотници жедни за спалување на несовршените девојки,

шовинистички практики и човекомразие.

АЈ: Основачка си и членка на организацијата на самохрани

мајки „Една може!“. Што значи да се биде самохрана мајка

во Македонија?

ДП: „Една може!“ е организација за застапување на правата

на еднородителски семејни конструкти. Најголем број

членови се самохрани мајки и нивните деца. Јас лично сум

сингл мама и според моето искуство, можам да споделам

дека да се биде сингл мама во Македонија е тешко, со тони

неизвесност и труд, како и неопходност од флексибилна

љубов и длабоко дишење.

126

АЈ: Една може! А што можат повеќе жени заедно?

ДП: Една за да може, заедничариме сите ние, повеќе жени.

Повеќе солидарни жени заедно можат многу повеќе од она кое

го заслужуваат и посакуваат. Заедно можеме да сведочиме

за фронтовите од битката за основните човекови права,

кои според Универзалната декларација на човекови права

и според Уставот на РМ, на сите ни се загарантирани, а во

практика кршиме копја за да ги досегнеме барем со поглед.

АЈ: За Јованка Орлеанка, која се бореше, мислеа дека е

маж. Кои жени според тебе го променија светот?

ДП: Некои од жените што го менувале светот биле

астронаутки, некои одбиле да седат на задните седишта,

некои се осмелиле да ги насликаат своите животи, некои ја

опеале неправдата, некои оставиле академски трудови, некои

се избориле за ние денес да може да имаме право на глас,

некои докторираат во Кенија, но не смееме да ги заборавиме

оние жени што се ставаат во костец со секојдневието, кои

ги бијат најтешките битки помеѓу насилство, омраза, деца,

кариера, домашни миленичиња, закоравени патријархални

општества и гнили опкружувања... Мои хероини се

самохраните мајки во земјава, оние што се спротивставуваат,

не веднат глави и после сите шлаканици, се изрикуваат

магарешки до последната капка солза и почнуваат одново.

Оние што говорат гласно додека им треперат колената, оние

што не се откажуваат од животот без разлика колку пати тој

од нив се откажал.

АЈ: Каде ја препознаваш женската солидарност?

ДП: Женската солидарност е сон кој се стремам да го живеам.

Понекогаш е лесно, од срце е, но некогаш е секојдневна ука и

борба со себеси.Често ги будам сите клетки за да стражарат

над мене и да не забегам, па учам и грабам кон посовршени

хоризонти. За жал, немаме практики на женска солидарност,

а имаме практики на повнатрешнување на маскулинистички

механизми на однесување.

АЈ: Дали на жената ѝ требаат љубов, брак, деца и сигурност

за себереализација како „комплетна личност“ ?

ДП: На секоја жена ѝ треба правото на слободен избор,

како и на секој маж. Старовековното видување на бракот,

за жал, се практицира и денес, а како таков, според мене,

е алатка за манипулација и угнетување на жената и ни под

разно не е неопходност за да постои љубов или семејство.

Ние, луѓето, сме вибрантна, жива материја, тоа е убавиот дел

од постоењето.

АЈ: Секаде во светот, во популарната култура, шоу-бизнисот

и во рекламната индустрија жените се претставени како

Барбики - убави за око и лесни за употреба! Каква е

медиумската репрезентација на жената во Македонија?

ДП: Популарната култура и шоу-бизнисот се алатки на

капитализмот. Јасно е како бел ден дека крајната цел е

капитал и моќ. Медиумите нè притискаат да трошиме пари

за усовршување на физикусот, вечно незадоволни од својот

изглед. Медиумскиот мрак во Македонија, немањето избор,

автоцензурата, се мали полтрончиња на глобализацијата.

Имаме кампањи за трето дете, за не знам колку месеци

породилно, реклами за сенешто што поттикнуваат на масовна

потрошувачка и атакуваат врз личноста на луѓето. Многу луѓе

веднат глави за дебели хонорари, а секоја самомислечка

индивидуа автоматски ја сместуваат во биномните видувања,

лево или десно. Нема медиумска свесност. Медиумите треба

да се во служба на слободните граѓани.

АЈ: Денес е изградена цела индустрија на покажување на

женското тело и во модната индустрија, и во филмот, и

во светот на музиката? Дали е ова бениген секојдневен

сексизам? Или, што е за тебе сексизам?

ДП: Нема бениген сексизам! А уште поголем е отровот кога

цели индустрии стојат зад ова. Немам проблем со женската

голотија сè додека е форма на слободен избор, а не во

служба на објективизирање на женската сексуалност.

АЈ: Жените многу помалку се застапени како автори, а многу

повеќе како актови (Синтија Фриленд). Само пет проценти

во одделот за модерна уметност се жени, а 85 проценти се

женски актови. Феминистките го поставија прашањето -

дали треба да бидат голи за да влезат во музејот „Лувр“ или,

пак, во „Метрополитен“?

ДП: Герила-девојките уште во раните 80-ти го аргументираа

она што секој/а кој/а пролистал/а низ официјалната историја

на уметност едноставно може да го заклучи: „Дали жените

треба да бидат голи за да влезат во музеј, додека 99% од

момчињата се облечени?“ Многу современи авторки копаат

низ историјата на уметноста со цел да ја менуваат иднината

на уметноста. Убавината во постмодерната е токму вадењето

не само на „нечистиот веш“ туку и на сето она што било

различно или воопшто не било вреднувано.

АЈ: Најлесно е да се биде мајка и вработена во исто време во

Холандија поради фактот дека процентуално речиси сите

мајки работат со скратено работно време. Македонија е на

дното на листата каде што бројот на мајки со едно дете кои

можат да работат со скратено работно време изнесува пет

проценти. Коментар?

ДП: Женските работнички права ми се рана! Родовиот јаз во

платите и немањето системски решенија за невработеноста

на сингл мајките во земјава, почнувајќи од немањето јавни

установи кои би ги згрижувале децата и во попладневните

часови, до немањето приоритет при вработување на оваа

категорија жени, нè притиска на маргините и не ни дава

еднаква стартна позиција на пазарот на трудот. Скратено

работно време е научна фантастика од ролеркостерот

во битката за работнички права во земјава. Женските

работнички права ни се Сизифови маки без структурални

решенија.

АЈ: Дали татковците во Македонија треба да имаат право на

трудничко боледување?

ДП: Биднувањето татко не се создава магично единствено

со чинот на зачнување на детето, како што не се создава ни

мајка единствено со зачнување и раѓање на детето. Двајца

што одлучиле да создадат дете заеднички, заеднички треба

да бидат вклучени и во трудничкото боледување. Но, што па

јас тука можам да зборувам кога јас сама одгледувам дете?!

АЈ: Каква е релацијата мајка-син? И во каков маж/човек би

сакала да го воспиташ својот син?

ДП: Син ми го воспитувам да знае што сака во и од животот.

Сакам да има и да прави избори кои ќе го прават среќен

човек.

127

#PORTRETMAGAZIN

@marulka_987

@vercchyy

@ivy_kara

@dannmilosh

@am.i.l.a

@laratri_

128

МЕСЕЦОВ Е ВО ЗНАК НА МОМЕНТИТЕ ПОСВЕТЕНИ НА УЖИВАЊЕ ВО ЗИМСКАТА ИДИЛА СО ЖЕШКО

КАФЕ ИЛИ ЧАЈ, АРОМИТЕ НА ВАРЕНОТО ВИНО, ТОПЛОТО ЧОКОЛАДО... НАЗДРАВЈЕ!

@pupalevskasara

@martinaaceska

@anastefano4

@viictory_z

@gikovatea

@silvija.shaleva

129

STREET & STYLE

ИМАТЕ СУПЕР СТИЛ И САКАТЕ ДА НИ ГОСТУВАТЕ ВО РУБРИКАТА STREET STYLE?

ФОТОГРАФИРАЈТЕ СЕ И ТАГИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ФОТКИ СО ХАШТАГОТ #PORTRETSTREETSTYLE.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Слободан Спасовски Иван Дургутовски Крсте Анастас Глигорјадис

Андреј Поповски

Бојан Буџаровски

Горјан Венов

130

131

KARLIE KLOSS

132

SWAROVSKI PARTNER BOUTIQUES

УЛ. МAКЕДОНИЈА 32, 1000 СКОПЈЕ,

ТЕЛ: ++389 2 3222 300

SKOPJE CITY MALL, 1000 СКОПЈЕ,

ТЕЛ: ++ 389 2 3091 003

PALMA MALL, 1200 ТЕТОВО,

ТЕЛ: ++389 44 36 88 78

#GiveBrilliant

THE VALENTINE’S DAY COLLECTION

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!