19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

порција на социјализација. Да – мало е, да – малку сме,

да– отсуствува гламурозниот привид на позападните сцени,

но избор, квалитет и диверзитет поседуваме во поголеми

количества одошто публиката може да следи. Без разлика

на незаинтересираноста на државата за автентична култура

и, секако, непостоечката музичка индустрија, имаме сцена,

за разлика од декадите порано.

Повеќе од 20 години во „ПМГ Колектив“ подразбираат...

потполно изграден начин на живот и пријателство, сосем

надвор од баналното, заостанатото/традиционалното,

конформизмот. Секогаш на патот на возбудата, промената,

авантурата. Незапирлива слобода во креацијата. A life less

ordinary.

Дека разликата во ноќниот живот во дваесеттите и

четириесеттите се разликува по... во четириесеттите го

губиш чувството за бесмртност што во дваесеттите ти

овозможува неуморност од натчовечки размери, неспиење

по неколку денови, предизвикано од глад за повеќе.

Сепак, зрелото консумирање на ноќниот живот, освен

неспорниот хроничен замор, носи и сублимиран квалитет

на даденото и доживеаното. Освен квалитетниот провод и

социјализацијата, човек може прецизно да сфати што точно

предизвикал со своите активности. Луѓето во Македонија,

така болно врзани за традиционалните пораки, како да

брзаат да пораснат/остарат и веќе во триесеттите години се

пензионирани од ноќниот живот. Тоа е една од најбитните

грешки, што водат во прерана (духовна/социјална) смрт.

Да се биде родител во денешно време значи... да се биде

високосвесен за предизвиците со кои се среќава едно дете во

една заболена средина како нашата. Заболена од врвот, па

надолу до калта. Тие предизвици треба да се антиципираат,

дискутираат до атом и да се наоѓаат креативни решенија за

заштита на децата и креирање простор за нивно развивање.

Нашето време, барем за нас, либералните родители, носи

предизвик и во смисла на нашата верба дека децата треба

да добијат широка слобода во нивното растење и сфаќање

на нештата, што е спротивно на строгоста, ригидноста и

примитивизмот на мнозинството луѓе во реалноста.

Дека битките на социјалните мрежи покажуваат... За

интелигентното малцинство, тие се неверојатен нов, брз и

корисен облик на комуникација. Кој знае да ги користи може

фантастично да напредува во животот и во работата. За

мнозинството, социјалните мрежи доведоа до кулминација

на лажниот индивидуализам, што со децении беше туркан

низ грлото на буквално секој потрошувач на планетава.

Денес, секој на своето селфи е преубав, исто како познатите

глумци, но има и сопствено цврсто мислење, изградено врз

прочитаното на оние 2-3 fake news портали што му даваат

право да мисли дека се разбира во сѐ, од висока политика,

до религија и музика. Време во кое правото на сопствено

мислење е „свето“ и е синоним за информативен мрак.

Најлесен начин да се избегне или да се излезе од духовна

криза е... постојано, неуморно и фанатично да се работи,

притоа не плашејќи се од промени. Промените се двигател

на креативноста и масло за свежината на духот. Тие треба да

се прифаќаат, но и да предизвикуваат.

Дека оние што отворено ги кажуваат своите ставови

ризикуваат да... живееме во време во кое најголемиот број

луѓе имаат полтронски однос кон богатите и моќните, а

насилнички кон послабите од себе. Став е категорија што

одамна го изгубила своето вистинско значење, всушност

сенешто проаѓа како став. Не верувам во став, верувам во

она што човек го прави во реалноста. Дела, а не ставови.

Дека музиката е платформа преку која можам да...

ги (рас)кажам сите мои идеи, желби и погледи. Мојата

духовност, религиозност и политика. Мојата љубов кон

луѓето и кон универзумот.

Свирките во живо, пред публика се посебно убави зашто...

соничната интеракција со луѓето од бендот создава секогаш

нова димензија на звук и посветеност на музиката што ја

работиме. Уникатно е секое доживување кога свириме

концерт, а освен очигледното уживање, стигаме и до

креативни решенија за нашата идна работа. Интеракцијата со

публиката е примарен интерес на нашиот бенд и своевиден

барометар за тоа како надворешниот свет реагира на она

што нам толку многу ни значи. Сакаме нашата музика да

биде дел од нивниот реален свет.

Дека ако никој не свири...

нема да постои светот.

Универзумот ќе продолжи да

свири без нас. Тоа ќе биде

најтажниот ден во историјата.

„Заразноста“ при работењето на радио се должи на...

неверојатната исцелувачка моќ на радиото како медиум,

особено за оној што ја креира програмата. Ајде, замислете

дека универзумот е ваш личен психијатар од кого ја добивате

најдобрата сонична терапија, додека менувате димензии

пред микрофонот, комуницирајќи со вашите слушатели. И

сето тоа бесплатно.

Ќе сметам дека сум ја постигнал својата мисија со „ПМГ

Колектив“ и „ПМГ Рекордингс“ кога/ако... ми се чини дека

најголемиот дел од поентата, па ако сакате и мисијата се

остварени. Јас сум многу среќен и задоволен човек во тој

поглед. Секако, уште триесеттина години од истово, но на

повисоко квалитативно ниво, ќе биде последниот дел од таа

мисија.

Да се остави музичко наследство значи... да разговараш на

незамисливо прекрасни начини со некои луѓе кои живеат

во сосем друго време. Да им имплантираш идеи во главата,

давајќи им духовен инпут од времето што не го познаваат,

а сакаат да го доживеат. Да продолжиш да живееш преку

твоето дело и делото на твоите наследници: фабулозни

луѓе од иднината кои сметаат дека културата е она што ја

облагородува цивилизацијата и ѝ дава вистински профил

(идентитет).

27

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!