Инспирација Од друга страна, што подразбира работењето во театар пред деца, пред публика што не знае да ги цензурира своите чувства и од која добивате инстант-фидбек? Точно е кога велат дека децата се најискрената публика. Не е едноставно да ги исполниш нивните очекувања и да им создадеш магија со која ќе го придобиеш нивното внимание особено кога станува збор за деца кои се навикнати на 3Д-филмови и виртуелни игри. Навистина ми е мило што успеваме со години да си ја задржиме публиката и на еден час да ги внесеме во свет што ги радува, но во исто време и ги учи на вредности како што и нас нѐ учеле ко мали. Фотограф: Жарко Чулиќ Шминка: Јована Коциќ Фризура: Дарко Петковски Стилистка: Бојана Максимовска Дали досега сте одбиле улога и од што се водите кога одлучувате дали ќе бидете дел од некоја претстава или од некој филм? Дали треба делото во кое ќе глумите најпрвин да ви се допаѓа вам за да ја прифатите? Се разбира, најбитно е тоа што го работиш да ти се допаѓа, да те возбудува и креативно да те инспирира. Проектите што ги работиме не се секогаш такви, за жал. Кај нас сѐ уште е луксуз да одбиеш улога, особено ако си невработен актер, бидејќи можеби, за сметка на тоа, нема да можеш да работиш ништо уште подолго време. Ова најмногу се должи на малиот број проекти што се отворени за надворешни членови во состав на националните установи, но исто така и на малиот број на независни проекти што се работат во алтернативните простори/продукции, па во принцип, сите се обидуваме да не испуштиме таква ретка пригода. Добитничка сте на значајни интернационални награди во Мостар, Пула, но и во Сиетл (Seattle International Film Festival Awards) и во Берлин (Shooting Stars Awards). Токму последнава награда за ѕвезди во подем ве донесе и на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година. Што претставуваат за вас сите овие награди и признанија? Какви патишта ви трасираат тие на професионален, па и на приватен план? Секоја награда ја доживувам како мотивација да работам уште повеќе и да се обидувам да направам нешто поразлично од досегашното сработено. Секогаш е полезно кога имаш меѓународно признание за твојот труд, бидејќи тоа отвора нови врати и соработки за во иднина. Конкретно, благодарение на наградата „Shooting Star“ можам да кажам дека ми овозможи да ги остварам повеќето од контактите со филмските работници што досега ги имам, како и дел од аудициите и улогите што подоцна ги толкував во интернационалните продукции или копродукции. Во „Еликсир“ глумевте со светски познатиот актер Бруно Ганц, кој го издвоивте како актер со кого најдобро сте соработувале досега. На што се должи тоа? Какво искуство стекнавте од оваа соработка? А кој актер или, ајде, проект би го издвоиле како најкомплексен и најтежок досега? Секој проект на кој имам работено досега има своја комплексност и тежина и секогаш ми е тешко кога треба да издвојам еден. Но, еве, ќе кажам дека „Како да ме нема“, можеби поради фактот дека ми беше прв голем проект на којшто работев и прва главна улога, некако ми има останато како најбитен проект, бидејќи тогаш првпат видов како е да се работи на филм и колку е битно да успееш да ги задржиш фокусот и концентрацијата, како и трпението додека си на сет особено поради тоа што хронологијата на снимање не е иста како работата на еден театарски проект. Пресреќна сум што имав можност да работам со голем актер и човек како што е Бруно Ганц и што имав пригода да ја набљудувам неговата работа и посветеност и што успеав дел од тоа понатаму да променам во практиката. Иако сте многу млада, зад вас носите богато искуство. Дали тоа можете да го споделите, па и да го пренесете на постарите, македонски актери кои ете, ги немале истите можности како вас? Владее ли т.н. битка на его во македонското глумиште? Сметам дека секој треба да биде отворен за споделување искуства и знаења. Сите учиме од сопствените искуства, но во некои ситуации и туѓото може многу повеќе да ни биде „Кај нас се уште е луксуз да одбиеш улога, особено ако си невработен актер, бидејќи можеби, за сметка на тоа, нема да можеш да работиш ништо уште подолго време.“ 34
Облека: Ивана Арсовска (Кариера Плус)