19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Додека Ив е ранлив, чувствителен уметник, Пјер е неговиот

рационален заштитник на кого му должи голем дел од

успехот. Заедно ќе станат цврст темел на новата модна куќа.

1962 е годината на првата самостојна ревија што ќе биде

дефинирана како „најдобра колекција на костуми видени

после тие на Шанел“. Сен Лорен верува дека елеганцијата

треба да добие нова димензија соодветна за модерната

жена која живее во свет без бариери. Бариерите ги руши и

самиот, како кога во 1965 го креира славниот Мондријанфустан,

со должина до колена, и препознатливиот принт на

сликарот Пит Мондријан, претставник на неопластицизмот.

Платното го пренесува на штоф, а геометриските линии

добиваат жива форма на женската фигура. Модата и

уметноста влегуваат во симбиоза, креаторот игра со смели

бои и комбинации, создавајќи ја својата поп-арт колекција.

Следува и prêt-à-porter линија со која го отвора и првиот

бутик во Париз. Идејата е да им понуди на своите клиенти

поекономични парчиња облека без да ги лиши од неговиот

препознатлив стил. Но тоа не значи дека се откажува од

високата мода. Во шеесеттите на пистата ќе продефилира

и едно од легендарните парчиња на Сен Лорен: женскиот

смокинг, инспириран од актерката Марлен Дитрих и

триесеттите години, кој засекогаш ќе ја промени судбината

на женските костими. Во линија со првите феминистички

движења, Сен Лорен ќе продолжи да адаптира класични

машки парчиња како блејзери, мантили, сафари-јакни,

правејќи ги поженствени и пософистицирани од кога било.

Младиот, срамежлив Ив е веќе историја, на негово место

доаѓа сигурен, смел дизајнер кој не само што е основач на

сопствената модна куќа туку, како и Коко Шанел, станува

инкарнација на сопствениот бренд. Животот го минува меѓу

романтичниот Париз и живописниот Маракеш од каде што

црпи инспирација, внесувајќи ги етно боите и ориенталните

шари во своите колекции. Меѓу новитетите што ги носи во

светот на модата се и животинскиот принт и најмувањето

црни модели за своите ревии, уште еднаш шокирајќи го

светот.

Во седумдесеттите ја лансира и својата прва линија за

козметика и парфеми зашто, како што вели, „најубавата

шминка за жената е нејзината страст, но козметиката

полесно се купува“. Осумдесеттите ќе ги одбележат

повторно неговите креации инспирирани од уметноста,

особено од Пикасо и Матис. На прашањето дали и модата е

уметност, тој одговара: „Модата не е уметност, но потребни

ѝ се уметници за да постои.“

Но за сметка на креативноста и целосната посветеност на

работата, Сен Лорен губи контрола врз својот живот. Своите

внатрешни немири и депресијата ги дави во алкохол и дрога.

Пјер тешко успева да ги држи на нозе и бизнисот и својот

љубовник. Во деведесеттите години модната куќа доживува

криза, а подоцна ќе биде купена од страна на групацијата

„Гучи“, која го назначува Том Форд за креативен директор.

Ив Сен Лорен официјално ја завршува кариерата во 2002 г.,

изјавувајќи дека почнува да се чувствува туѓинец во светот

на модата. Последните години од животот ги минува борејќи

се со болеста и барајќи мир во друштво на Берже. Умира во

2008 од мозочен тумор.

Светот ќе го памети како гениј со шесто сетило за стил,

секогаш неколку чекори пред своите современици. Тој успеа

да го смени концептот за женственост и од љубовта кон

уметноста во секоја нејзина форма да создаде безвремени

парчиња, верни симболи на неговиот бренд.

65

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!