Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
Ќе сакате ли накратко да ни кажете каков е Мане сега на

22 години, за вашите секојдневни предизвици, но и за

мноштвото среќни моменти што можат да се видат од

вашите фотографии?

Неговиот поглед на светот е многу необичен. Стеснет, а

истовремено многу мил, хуман. Мане никому не направил

ништо лошо, никого не навредил. Како да е создаден само

за љубов! Тој е среќно дете, сега веќе момче. Добива сè

што му треба и што сака. Секогаш е искапен, најаден,

стоплен, постојано ја слуша(ме) неговата музика, окружен

е со љубов и внимание. Никола порасна, па секогаш, кога

може, ни помага околу Мане, како и баба Татијана, мајката

на Оливера. Сите овие години Мане нѐ направи да бидеме

силни, емотивни, рационални и храбри. Мане крие многу

тајни што нема да ги откриеме никогаш. Живеејќи со него, јас

и Оливера пронајдовме одговори на многу тешки животни

прашања. Нашиот живот е програмиран во минута. Секој ден

е ист, монотон, фрагментиран и уреден според потребите

на Мане. А истовремено, тоа е живот што личи на „tour

de force“. Стануваме во 6.30 часот за на работа и во час и

половина мораме да се погрижиме за Мане. Наутро имам

чувство дека сме во некаков пит-стоп во „Формула 1“. Го

будиме многу рано, еден од нас го пресоблекува, двајцата

го ставаме во количката, друг го мие, му даваме лекови, се

средуваме и ние, едно кафе набрзина... и одиме на работа.

Од работа брзаме назад дома, малку да ја замениме баба

Татијана, која цело време додека сме отсутни е со Мане и

му дава појадок, лекови, ужина. Следува пресоблекување на

Мане, евентуално клизма... Пак една трка, го ставаме Мане

в кревет малку да се одмори од седењето во количката, а за

нас дремка од еден час и навечер пак исто. Ако успееме со

Оливера да излеземе на едно кафе навечер со пријателите

ние сме најсреќните луѓе на овој свет. Денот пак завршува со

Мане. Никој не те прашува дали ти се спие, дали си изморен.

Некогаш толку сакам само да измијам заби и да се фрлам в

кревет. Но, не! Мане треба да го „стокми“ некој, да го легне в

кревет. Едноставно, нема кој друг, а тој не е виновен што не

може самиот и тогаш ги извлекуваме последните атоми сила.

Утре, задутре и не знам до кога, пак истото.

Вие сосема отворено го покажувате Мане пред светот и

докажувате дека треба отворено да се зборува за состојбата

со цел да се развие свеста кон лицата со посебни потреби

како еднакви во општеството...

Немам причина да го „кријам“ Мане и неговата состојба.

Мане има почиста и помила душа од сите оние што се

појавуваат во првите минути на сите вести, и тоа без срам

и перде, па тоа не му пречи никому. Мане не е виновен што

не може да се грижи самиот за себе. Како што вели нашиот

народ: „Срамота е да лажеш и да крадеш!“ а јас би додал: „А

не, пак, да си дете со посебни потреби“. Бројот на семејства

кои имаат деца со посебни потреби во Македонија не е

мал. Ако едно потесно семејство брои четири-пет члена,

а пошироко и повеќе, тогаш се доаѓа до неколку десетици

илјади луѓе кои секојдневно живеат живот различен од

другите. Живот исполнет со психолошки, емотивни, физички

22