19.02.2018 Views

Portret Magazine No15

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Портрет aктивизам

Ива Андоновска-Миленкоска,

психолог/гешталт-психотерапевт ПЗУ

„Др. Рубина“

„Свесно мачење на

беспомошни животни

може да укажува на

садизам“

Често, кога се прави психолошки профил на некоја

личност предвид се зема и односот на таа личност

кон животните. Кога постои историја на насилство

кон животните кај одредена личност не треба да се занемари

тоа. Активно и свесно мачење на беспомошни животни може

да укажува, пред сè, на садизам и недостиг на емпатија и

сочувство. Неможноста да се почувствува болката на друго

живо суштество е голем знак дека нешто не е во ред со

таа личност. Има голем број истражувања што се стремат

да утврдат поврзаност меѓу насилството врз животните

во детството и подоцнежното криминално однесување,

особено насилство врз другите луѓе. Овие истражувања

покажуваат дека кај личностите кои вршат насилство

како возрасни, најчесто како деца или адолесценти

вршеле насилства и врз животните. Садизмот и недостигот

на емпатија се едни од симптомите на психопатското

однесување. Иако психопатите се личности кои можат да

бидат многу шармантни и полни со себе, тие се фокусирани

само на сопствените интереси и амбиции, ги искористуваат

и ги манипулираат другите за сопствени потреби и лажат со

цел да го добијат она што го сакаат. Тие немаат способност

за емпатија кон другите, немаат длабоки емотивни врски

и имаат потреба за контрола и доминантност. Исто така,

имаат неконтролирано и импулсивно однесување што во

комбинација со недостигот на чувство на вина, резултира

со насилство и криминално однесување. Секако, некои

од личностите кои вршат насилство врз животните немаат

психопатско или нарцисоидно нарушување. Мора да се

земе предвид дека истражувањата на оваа тема главно се

насочени кон криминалците и нивното однесување како

деца, а нема доволно истражувања кај некриминалните

групи, за да може со сигурност да се предвиди однесувањето.

Кај одреден број луѓе, насилството врз животните може да

биде показател за сопствената фрустрација и неможност

за контрола во сопствениот живот, како и неможност

за доминација во важните сфери на дејствување. При

доминација и малтретирање на животните овие личности

добиваат чувство на моќ и важност. Особено кај деца

кои вршат насилство врз животните тоа може да биде

научено однесување при изложеност на насилство дали

во семејството или во другото социјално опкружување,

каде што на лутината или на фрустрацијата се реагира со

насилство врз оние што се побеспомошни од него. Често,

родители кои ги занемаруваат или вршат насилство врз

животните ги учат и децата на исто такво однесување.

Во секој случај, насилството врз животните не смее да се

игнорира, без разлика дали е показател за потенцијално

опасна личност која е склона кон насилство или личност на

која ѝ е потребна помош.

30

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!