05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

60 ден. • Бр. 5 • Април 2016

Портрет акција

Поддржуваме

млади

таленти

Модни фаворити

Пролетен Update

WONDER WOMEN

ЖЕНИ НА КОИ

ХУМАНОСТА ИМ Е

СЕКОЈДНЕВИЕ

Емилија

Пендева

Тетоважите не

ме дефинираат

Моден

едиторијал

1

Содржина април 2016

РАБОТА

10. НИНА АНГЕЛОВСКА

Моите бизнис-препораки

14. НАТАША КОСТАДИНОВСКА

Безброј работи како дел од плетено

парче

НА „ТИ“ СО

18. TO BE OR NOT TO BE

Одбележување на 400 години од смртта

на книжевниот гениј Вилијам Шекспир

ИНСПИРАЦИЈА

24. ЕМИЛИЈА ПЕНДЕВА

Тетоважите и физичкиот изглед не те

дефинираат како карактер

WONDERWOMEN

29. ЛЕНЧЕ ЗДРАВКИН И МЕРСИХА

СМАИЛОВИЌ

Синоними за хуманост, човечност и силна

волја

МОЈА БОРБА

36. НАТАША ДЕСПОТОВСКА

ДИМИТРИЕВСКА

Животот со дијабетес е контролиран и

дисциплиниран режим без компромиси

50.

ПОРТРЕТ МОДА

50. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Daydreaming

56. OUT OF THE BLUE

Модна приказна во сино

ПОРТРЕТ УБАВИНА

80. НЕГА НА КОЖА

7 must have производи

82. FLOWERS IN MY HEAD

Цветна мејкап инспирација

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

88. ПРИНЦОВИТЕ НЕ СЕ САМО ОД

БАЈКИТЕ

Портрет на љубовта на принцот Чарлс и

Лејди Ди

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

96. НОВИ НЕВООБИЧАЕНИ ФИТНЕС-

ТРЕНДОВИ

Интересни предлог програми и вежби

ДИЗАЈН И ДЕКОР

106. КАНЦЕЛАРИЈА ВО ДОМОТ

Простор за креативност и инспирација

МОЗАИК

118. ПАТУВАМЕ СО ДРАГАН ТАПШАНОВ

Проект – живот на улица

ИЗБОРОТ Е СЛОБОДА

126. РИСИМА РИСИМКИН

Танц фест: душата на Скопје во април

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

24.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Гардероба: Јована Филиповиќ

Сет Melem

Melem Стик за усни,

Melem природен

заштитeн крем за

осетлива кожа од 35мл и

Melem природен

заштитeн крем за

осетлива кожа од 10мл.

8

Портрет ви

подарува

Испратете ни е-пошта со вашите контакт податоци на

contact@portretmag.com и освојте еден од подароците.

Среќните добитници ги одбираме по случаен избор.

Подароците може да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

Max Factor сет

Miracle Touch течна пудра

и Max Effect лак за нокти

Yves Saint Laurent

Volupte сјај за усни

Eucerin сет

Ultra-Sensitive крем за лице и

Hyalyron Filler CC

Nina Ricci L’Extase сет

Лосион за тело,

привезок за клучеви и

плик чанта

ДОБИТНИЦИ ЗА АПРИЛ 2016

Lancome Regenergie Lift крем за лице 15 мл и Biotherm Aqusource

30 мл серум / Јована С. Тодоровски

Clinique Chubby Stick кармин / Рената Василевска

212 VIP Skin recovery pack NYC сет / Катерина Бучковска

Lush Sweetest Think сет / Иванка Ристовски

Paco Rabanne Olympea сет од чанта, несесер, алка и ланче / Марија

Катралова Китанов

Givenchy Very Irresistible Live EDP 75 ml / Адријана Ангеловска

„Митизација на реалноста“ - Бруно Шулц / Тамара Петревска

„Зошто мажите не слушаат, а жените не знаат да читаат мапи“ -

Алан и Барбара Пиз / Елена Манолева Николовска

„Книга на спомените“ - Јелена Бачиќ Алимпиќ / Елена Јакимоска

„Медитација за исцелување на вашиот живот“ - Лујза Хеј / Диана

Миленковска

ИЗДАВАЧ

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември” бр.2/2-25

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главен и одговорен уредник

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменик главен и одговорен уредник

Тања Тодоровска (tanja@portretmag.com)

Новинар

Марта Таневска (marta@portretmag.com)

Уредник за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистент

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска

Џејлан Рустемоска

Филип Поповски

Драган Тапшанов

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com)

Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 25.3.2016

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

МПМ 02/ 3089 305

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет” е авторска содржина што излегува еднаш

месечно со одобрение од сопственикот на правата, издавачката куќа

Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено

објавување, користење или репродуцирање на било која содржина ќе

се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи

на соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што

се дел од содржината задолжително консултирајте се со лекар.

„Портрет” претставува пријавена трговска марка во Државен завод за

индустриска сопственост-Скопје под број ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

Портрет на уредникот

Силата на волјата

Има еден посебен тип луѓе што ги среќавам низ

животот, што изгледаат толку слободно и спокојно, што

прават да се чувствувам стара. Ретки се и малобројни, но нивниот

личен печат е многу силен и често се фаќам како размислувам за нив.

Не мораш да ги познаваш добро, што и да прават остават впечаток

дека целосно владеат со ситуацијата и имаат некоја заразна енергија

поради која се прашувам кога станав олку малодушна. Не бараат

одобрување, прифаќање, едноставно без да ти кажат збор, никакво

објаснување, го гледаш нивниот пат што го одат најдостоинствено и

да... изгледаат прекрасно во секоја пригода. Доволно беше да видам

една фотографија од фотосесијата на Емилија Пендева, жената која

е наша инспирација од насловната страница овој месец и да знам

дека е токму таков човек. Не поради нејзината необична професија,

не поради многуте награди што ги има добиено како тату-артист и

не поради тоа што е толку прекрасна и несекојдневна. Туку поради

нејзината јасна цел, нејзината упорност и љубовта што секојдневно ја

внесува во работата, нејзините гестови на хуманост и добра волја што

ненаметливо, секојдневно ги прави за многу луѓе, за животни, за сите

што им треба помош.

Во овој број имавме можност да поразговараме и со две жени, Ленче

Здравкин и Мерсиха Смаиловиќ, што исто така ја имаат зацртано истата

цел и секојдневно чекорат кон неа со натчовечка упорност и сила. Во

ова време на глобално светско лудило, да бидат гласот на хуманоста и

љубовта, да ја шират помеѓу илјадниците бегалци и да се цврст доказ за

чист алтруизам. Секојдневно да се сведоци на болка, на страдање, на

вистински пекол, а веќе утредента да имаат сила да се вратат на истото

место, уште порешителни и поупорни.

Уште еден доказ за упорност и силина на човечката волја е приказната

на Наташа Деспотовска Димитриевска и нејзината борба за здравјето

на нејзиното дете. Од нејзиното искрено интервју зрачи длабока болка,

но нејзината решителност да направи буквално сѐ за да му помогне

на своето дете покажува дека кога љубовта е во прашање човечката

издржливост постојано ги поместува границите.

На страниците на „Портрет“ овој месец ќе најдете многу вакви луѓе.

Некако случајно испадна во месецот на пролетта да имаме вакви силни

и впечатливи карактери, луѓе-носители на промени, чиешто дејствување

е вистински пролетен ветар за сите нас. Мене ми е доволна нивната

сила и упорност да се чувствувам подобро.

Ружица Антиќ

Илустрација: Жарко Чулиќ

9

Работа

Моите бизнис-препораки

НИНА АНГЕЛОВСКА, ИЗВРШЕН

ДИРЕКТОР И КО-ОСНОВАЧ НА

ГРУПЕР.МК

Пишува: Тања Тодоровска

Нина Ангеловска e извршен директор и ко-основач на првиот македонски веб-сајт

за групни попусти, Групер.мк. Со нејзиното петгодишно искуство во менaџирање

на најголемиот сајт за е-трговија и успешната претприемачка приказна, Нина

е говорник и предавач на многубројни настани, конференции и тренинзи, а од

неодамна и ментор на неколку академии.

Доброто образование е клучно за позицијата CEO…

Дефинитивно да! Сѐ што учев за време на моите студии на Е-Бизнис (Економски

факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“) го применувам секојдневно во

работењето. Сепак, учењето е животен процес и така треба да се гледа на тоа,

особено во денешниот брз свет на технолошки промени.

Да се биде успешен CЕО според мене значи...

Да се биде ентузијаст, да се има самодоверба, да се однесува промислено во

неизвесни ситуации, да се има способност за брзо носење на добри одлуки, да се

биде сеопфатен, да се пренесува знаење, да се размислува аналитички, да се стреми

кон перфекција.

Кои способности треба да ги поседува еден CEO?

Организациски и комуникациски, способност за брзо учење, одлучување и

адаптирање. Да биде тимски играч, да практикува leading by example, да биде

мотиватор и да има љубов и пасија за работата.

За да се напредува на позицијата CEO треба да:

Да се биде прогресивен, да се претвораат пречките во можности и предизвици, да се

биде од акција и да се гледа секогаш напред.

Обуки, курсеви, хоби – да, или едноставно немате време за тоа?

За време на студиите учествував на многу обуки, курсеви, тренинзи, практики и

натпревари од најразлични области и тоа го препорачувам на сите млади кои

студираат и имаат слободно време. Денес, настаните во кои земам учество се

повеќе конференции и работилници од областа во која специјализирам, е-трговија,

а најчесто сум на „другата страна“ во улога на говорник, панелист или предавач.

За хоби си го сметам спортот и да, наоѓам време за сѐ што сакам, иако посакувам

неделата да имаше 8 дена. (се смее)

Според мене, клучните нешта за мојот личен успех се:

Домашно воспитување и гени, образование и знаење, напорна работа, добра

организација, адаптибилност и пријателство.

Размислување за работата по работното време – да или не и зошто?

Размислување за работа – секогаш и секаде. (се смее) Мислите не одбираат време

кога сте комплетно посветени и го работите тоа што го сакате… додека гледате филм,

додека трчате, додека патувате...

Фотографија: Илија Жоговски

Најтежок дел од мојата работа е:

Административните процедури од сите области и наоѓање на соодветен кадар.

За мое најголемо професионално достигнување досега го сметам:

Групер.мк и револуцијата во е-трговијата во Македонија за која е заслужен.

Пастел

опсесиjа

Омилените нежни и романтични тонови и оваа сезона

го земаат приматот за тренд боја. Пастелните тонови

како розово, сино, зелено и жолто преовладуваат во

новите колекции од брендовите низ нашиот град.

P....S.... FASHION фустан 3.390 ден.

GUESS јакна 9.490 ден.

LEVI’S кошула 3.690 ден.

GUESS чанта 8.990 ден.

PARFOIS ланче 790 ден.

PARFOIS ланче 990 ден.

PARFOIS чанта- паричник 990 ден.

PARFOIS очила за сонце 1.190 ден.

12

MANGO маица 1.990 ден.

PARFOIS чанта- паричник 990 ден.

MANGO алка 990 ден.

PARFOIS чанта 1.990 ден.

PARFOIS зелена марама 790 ден.

PARFOIS шарена марама 2.290 ден.

13

Безброј

работи

како

дел од

плетено

парче

Наташа

Костадиновска

Пишува: Марта Таневска

ШАЛОВИ, КАПИ, БЕБЕШКА ОБЛЕКА, ИГРАЧКИ,

УКРАСИ, РАЗНИ ВИДОВИ НАКИТ, СЕТО ТОА

РАЧНО ИЗРАБОТЕНО ОД ШАРЕНА ВОЛНИЦА,

СЕ ДЕЛ ОД АСОРТИМАНОТ НА „ПЛЕТЕНИ КОЛАЧИЊА“.

ЗА ТАЛЕНТИРАНАТА НАТАША КОСТАДИНОВСКА, КОЈА

Е ЗАСЛУЖНА ЗА ИЗРАБОТКИТЕ, НАЈИНТЕРЕСНО Е

КОМБИНИРАЊЕТО НА РАЗНИ БОИ И ПРОЕКТИТЕ ОД

ВОЛНИЦА ШТО ГИ ПРАВИ ПРВПАТ.

Вашите шарени изработки од волница предизвикуваат голем

интерес и се навистина уникатни. Како почна вашата приказна

со „Плетени колачиња“? Како дојдовте до идејата за името?

Најчесто се обидувам сè што ќе изработам да биде во шарени

нијанси и комбинации, така излегуваат интересни работи што

се практични и убави за око. Го сакам моментот кога ќе треба да

направам некоја одредена комбинација од бои, бидејќи тогаш

ги вадам волниците во сите бои и почнува креативниот процес

на комбинирање и создавање на финалниот производ. Првпат

околу 2009 година имав ситни продажби преку мојот профил, а

„Плетени колачиња“ настана пред околу 5 години, кон крајот на

2010 година. Не размислував многу пред да ја отворам страницата

на „Фејсбук“ и на некој начин да си оформам бренд. Сè беше

спонтано, a за името заслуга има плетењето и мојата љубов кон

печењето колачиња.

Плетењето е занает што бара посветеност, труд и посебно

внимание. Како научивте да плетете?

Секако, без труд и посветеност немаше да стигнам дотука.

Секојдневно се надградувам, бидејќи цело време има нови

плетки, нови модели, што сакам да ги испробам и да ги научам.

Првпат се заинтересирав за плетење на 17 години по иницијатива

на мајка ми, која, пак, научила да плете исто од нејзината мајка,

мојата баба, а првото парче што го исплетов е капче што уште си

го носам. Не се сеќавам дали од мала сум пројавувала интерес за

плетење, но ми текнува дека цело време се обидував да дојдам до

ножиците и до копчињата.

Од каде добивате инспирација за изработките и кои други

материјали ги користите?

Инспирација добивам најчесто од интернет, некогаш сама си

смислувам шеми и плетки, а исто така разгледувам и многу

инспиративни списанија за плетење што ми се омилени во

последно време. Материјали има многу, плетам со волна, акрилна

волница, памучен конец, сум плетела и со коноп. Има безброј

работи што ги гледаме околу нас што можат да станат дел од

некое плетено парче.

Кои производи ви се најбарани? Што најмногу им се допаѓа на

купувачите и како најчесто ви нарачуваат изработки?

Секоја година има побарувачка на различни работи. Минатата

година најпорачувани ми беа бебешките фустанчиња, а оваа

година играчките од памучен конец. Се нарачува преку порака на

страницата на „Фејсбук“, каде што се договараме со купувачот за

деталите.

Колку се смени од почетокот, па досега вашата работа, колку

напреднавте во изработките?

Многу се имам променето, нормално на позитивно. Плетките

станаа посложени за да имаат поубав изглед, затегнатоста

на конецот ми е константна и ретко правам грешки во текот на

работата. Продолжувам секојдневно да напредувам и уживам во

тоа, убаво е кога човек учи нешто ново речиси секој ден.

Дали купувачите ви испраќаат фотографии или идеи за

изработка и која нарачка досега ви била поразлична од другите?

Да, некогаш ми испраќаат и фотографии ако сакаат нешто што

немам изработено досега и со најголема радост и нетрпение ги

почнувам оние проекти што се уникатни и што ги работам првпат.

Има нешто убаво во очекувањето да го завршам тоа парче и да

видам како ќе изгледа на крајот. Најинтересна нарачка ми била

за долна облека, но морав да одбијам затоа што претходно сум

немала искуство со такво плетење, што бара посебен конец и

начин на изработка.

Досега сте учествувале на неколку базари. Колку учеството ви

помага полесно да дојдете до нови купувачи и до нови идеи?

На базарите секогаш сум поминувала убаво, се запознаваат

одлични луѓе со кои можете да ја споделите креативноста и

интересните идеи. Таму се добива можност да се допре до

купувачите на друг начин, можат да ги видат плетените работи и

да почнат дискусија за одредени производи очи в очи, за разлика

од разговорот преку пораки на „Фејсбук“, каде што не можат да го

видат и да го опипаат тоа што го купуваат.

Кој е вашиот план за „Плетени колачиња“ во иднина?

Планирам да отворам продавница или ателје, место за креативци,

место каде што моето знаење ќе можам да го споделам и,

нормално, ќе биде преполно со волници.

Работа

Фотографија: Жарко Чулиќ

15

Јин-Јанг

ОЛИВЕР МИТКОВСКИ - AКТЕР

ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ СЕ

СИТЕ ЛУЃЕ ВО ПОТРАГА

ПО СОН ЗА СРЕЌА

Неверство би простил ако сакам да ја

претворам мојата врска во мазохистички

емоционален канибализам без стил!

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Театарот е арена за...

ОМ:Театарот е арена за егоистични глупаци. Другите го

презираат зборот арена, што асоцира на крв и борба и го

доживуваат како простор што ви овозможува да го поминете

животот трагајќи по возвишени цели и чувство на среќа. Театарот

е медиум што им ја нуди истата можност и на луѓето што не се

составна алка од него.

АЈ: „Знаеме кои сме, но не знаеме кои можеме да станеме“. Така

е со секој нов лик. Како ве трансформираат улогите?

ОМ: Нешто како онаа ликвидна метална маса во „Терминатор 2“.

АЈ: Јазикот е бариера кога...

ОМ:Кога треба да говори суптилното.

АЈ: Изгубени Германци се...

ОМ:Изгубени Германци се луѓето кои постоеле и постојат во

моментов. Сите во потрага по сон за проклета среќа. Данил

Хармс ги има опишано во краткиот расказ „Случки“.

АЈ: Во егзил би ги прогонил...

ОМ:Сите националистички копилиња.

АЈ: Неверство би простил ако…

ОМ: Неверство би простил ако сакам да ја претворам мојата

врска во мазохистички емоционален канибализам без стил.

АЈ: „Храброста е она што те претвора од набљудувач во

учесник“, Умберто Еко. Храбри мораме да бидеме за?...

ОМ:Храбри мораме да бидеме за романтични идеали. Дури и по

цена ако знаеме дека битката е однапред изгубена.

АЈ: Вуди Ален или Педро Алмодовар? Зошто?

ОМ: Вуди Ален. Затоа што сакам да се смеам.

АЈ: Психата на актерот треба да биде...

ОМ: Флексибилна и отворена за експериментирање со сите

состојби на свеста.

АЈ: Кој графит би го напишал во центарот на Скопје?

ОМ: „Не можете толку да ме е**те колку што можам да издржам“

– Скопје.

АЈ: Природен дијазепам ми е?

ОМ: Природен дијазепам ми е љубовта, силниот стисок и

гушкањето додека спијам и сонувам.

АЈ: Кишловски вели дека во секој човек има мистерии и скриени

зони. Кои се вашите скриени зони?

ОМ: Моите мистерии и скриени зони се обидувам да ги откријам

во минатото преку моите корени и генетски предиспозиции,

во сегашноста преку секојдневна борба меѓу рациото и

емоционалното и во иднината преку мојот стремеж за тоа кој

сакам да бидам.

АЈ: Хуманитарно помагам со...

ОМ: Со десет денари за бришење шофершајбна и со

хуманитарни претстави.

АЈ: Прочистено се чувствувам по...

ОМ: По емоционално празнење на сцена. По флуидот со

публиката и фидбекот на крајот на чинот.

16

АМЕРНИС НОКШИЌИ-ЈОВАНОВСКА - AКТЕРКА

СAKAM ДА ВЕРУВАМ

ДЕКА СЕКОЈ ЧОВЕК

ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ

Психата на актерот треба да биде

слободна

АЈ: Театарот е арена...

АНЈ: На која различни карактери се борат да ја донесат

„вистината“ на еден режисер за да ја освојат публиката.

АЈ: „Знаеме кои сме, но не знаеме кои можеме да станеме“. Така

е со секој нов лик. Како ве трансформираат улогите?

АНЈ: Секоја улога е ново искушение, предизвик, созревање... пат

до сознавање на некоја нова суштина. Нова трансформација.

АЈ: Јазикот е бариера кога...

АНЈ: Кога немаме доволно зборови за да ги доближиме нашите

чувства за да се разберат исто онака како што се чувствуваме.

АЈ: Изгубени Германци се луѓето кои...

АНЈ: Сите луѓе што се изгубиле себеси.

АЈ: Во егзил би ги прогонила...

АНЈ: Никого не би пратила во егзил. Би се борела докрај да ги

интегрирам сите во општеството, дури и оние што ја спречуваат

духовноста и индивидуалноста. Сакам да верувам дека секој

човек има потенцијал.

АЈ: Неверство би простила ако...

АНЈ: Неверство би простила ако ја разберам причината поради

која се случило и ако јас учествувам во причината за тоа.

АЈ: „Храброста е она што те претвора од набљудувач во

учесник“, Умберто Еко. Храбри мораме да бидеме за?...

АНЈ: Храбри мораме да бидеме за да влеземе во нови и

непознати искуства.

АЈ: Вуди Ален или Педро Алмодовар? Зошто?

АНЈ: Алмодовар! Затоа што донесе нова естетика во филмот и

даде ветер во крилата на европскиот филм, што благодарејќи на

Алмодовар стана сериозна конкуренција на Холивуд од чиишто

стереотипи сме веќе заситени.

АЈ: Психата на актерот треба да биде...

АНЈ: Отворена за нови предизвици и без предрасуди. Психата на

актерот треба да биде слободна!

АЈ: Кој графит би го напишала во центарот на Скопје?

АНЈ: Разбудете се!!!

АЈ: Природен дијазепам ми се...

АНЈ: Децата и тишината.

АЈ: Кишловски вели дека во секој човек има мистерии и скриени

зони. Кои се вашите скриени зони?

АНЈ: Тие мистерии би ги нарекла мудрост на моето опстојување.

Затоа нека останат како моја тајна. :)

АЈ: Хуманитарно помагам на...

АНЈ: Секому кому му треба мојата помош.

АЈ: Прочистено се чувствувам по...

АНЈ: По плачење.

Фотографија: Жарко Чулиќ

17

На „ти” со

400 Години од смртта

на книжевниот гениј

Вилијам Шекспир

Пишува: Ана Јовковска

Фотографија: Жарко Чулиќ

„КУКАВИЦИТЕ УМИРААТ ПОВЕЌЕ ПАТИ ПРЕД НИВНАТА СМРТ, ХРАБРИТЕ ГО

ЧУВСТВУВААТ ВКУСОТ НА СМРТТА САМО ЕДНАШ“, ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР

Оваа мисла на Вилијам Шекспир ме инспирира да бидам

храбра. Најдобриот британски поет и драматург на сите

времиња! Оваа година на 23 април се одбележуваат 400 години

од смртта на Шекспир. Македонија овој пат е на светската

мапа, како дел од глобалната кампања „Шекспир живее“ во

организација на Британскиот совет и Британската амбасада

во Скопје. Емотивните и морални меридијани на овој книжевен

гениј се без географска одредница, оти пробиваат граници и

континенти, простор и време и поврзуваат цивилизации, луѓе

и болки. Во новинарството велиме – вечно актуелни теми.

Таков е целиот спектар на Шекспир – од сурова емоција до

рафинирана мисла. И секогаш се сопнувам на Шекспировата

стапица на љубов и омраза, желба за власт и конфликт, моќ и

дискриминација. Неговите дилеми допираат на начин на кој

човековите права стануваат проѕирни во светот на сиви зони и

црни дупки. Шекспир живее низ сите минати војни и загубени

љубови, ни држи морални лекции за сегашноста, отвора

Пандорина кутија и ја антиципира иднината. Единствениот

автор кој успеа клучната егзистенцијална дилема на човекот

да ја сведе на шест збора – TO BE OR NOT TO BE!

На „ти” со

Проф. Рајна Кошка - Хот,

шекспиролог

Деконструкција на

шекспировата TO BE OR

NOT TO BE – од Ѕвездени

патеки до Симпсонови

АЈ: Каква е вашата (интимна) приказна со Шекспир?

РКХ: Почетокот на таа приказна е поврзан со моето детство

и затоа денес ми звучи малку бајковито. Во семејната куќа

во Битола (денес таа не постои) едно лето на таванот што го

паметам како место што ширеше мир, како дете на возраст од

десет години наидов на „Шекспир во приказни“ со потписот

на татко ми. Станува збор за прозни верзии на избор од

драмите на Шекспир наменети за деца што ги напишале

братот и сестрата Чарлс и Мери Лем во 19 век. Денес ги

имаме во македонски превод, а во воведот тие нагласуваат

дека некои од драмите не се соодветни за девојчиња.

Сепак, ги прочитав. Од моите први денови на Катедрата за

англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет

„Блаже Конески“ ги обработував со студентите сите

жанрови и периоди во англиската книжевност, но со текот

на времето се насочив кон драмата, а потоа и кон Шекспир.

Во овој контекст, сакам да ја споменам проф. д-р Иванка

Ковилоска-Попоска, мојата професорка која веќе не е со

нас, зашто таа е основоположник на шекспирологијата во

Македонија (во англофонскиот академски свет познато како

Shakespeare Studies). Сценските настапи на студентите кои

произлегуваат од она што го работиме на часовите за мене

значат голема сатисфакција, зашто така во комуникацијата

нема дистанца, заеднички размислуваме, а Шекспир е тој

што нè поттикнува на аналитичко, синтетичко и критичко

размислување. Драмата е дијалог, а и уметноста воопшто.

АЈ: „Љубовта се раѓа, живее и умира во очите на човекот“ –

Вилијам Шекспир

- Љубовта е?

РКХ: Наведениот цитат е, всушност, еден вид парафраза

на стиховите од комедијата „Венецијанскиот трговец“. Во

сцената главниот женски лик треба некако да го „заобиколи“

условот што ѝ го остава татко ѝ во аманет, а тоа е дека ќе

може да се омажи само за оној додворувач кој ќе погоди во

кое ковчеже е нејзиниот портрет. Во песната се употребува

зборот fancy, што значи „краткотраен љубовен занес“, а не

„љубов“. Токму таквиот кус занес, а не вистинската љубов,

се раѓа во очите и се храни со погледот (не со она што ни

го кажува срцето и душата), зашто кога проценуваме само

со погледот, ја гледаме само надворешноста и затоа, вели

Шекспир, во очите таквиот вид љубов брзо и умира. Тогаш

не се случува вистинска љубов, туку само краткотраен занес.

А што е љубов? Подготвеноста и способноста докрај и без

отстапки за некого или во име на нешто да се откажеш од

себе, своето јас и својот идентитет. Некој можеби ќе каже

дека тогаш од тебе како личност не останува ништо, но јас

не мислам дека е така.

АЈ: Од сурова емоција, до рафинирана мисла. Од љубов и

омраза, желба за власт и конфликт, моќ и дискриминација...

Кои од вечно актуелните теми на Шекспир се најактуелни

во нашето општество денес?

РКХ: Односот меѓу моќта и власта, толеранцијата и

нетолеранцијата (верска, расна, политичка...) и пред сè,

прашањето на родот, родовиот идентитет и родовите

стереотипи. Во времето на ренесансата на жените не им

било дозволено да се појават на сцена, така што женските

улоги ги играле млади момчиња додека не им мутирал гласот.

Во трагедиите големите хероини како единствено оружје ја

имаат „храброста на својот јазик“, а секој нивен обид од

маргините да се придвижат кон центарот завршува, како

што вели феминистичката теорија, како „мртвиот центар“

на трагедијата. Ова, пак, го поттикнува и прашањето дали

Шекспир бил протофеминист или женомразец, дали бил

субверзивен или конформист. Истите прашања во однос на

родовите идентитети си ги поставуваме и денес. Ова значи

дека Јулија била машко...

АЈ: „Кукавиците умираат повеќе пати пред нивната смрт,

храбрите го чувствуваат вкусот на смртта само еднаш“ –

Вилијам Шекспир

- Што ве мотивира да бидете храбри?

19

На „ти” со

РКХ: Овој цитат од римската историја на Шекспир, „Јулиј

Цезар“, е толку познат што многумина мислат дека е

поговорка. Она што ме мотивира во сè, па и во храброста во

сите нејзини појавни форми, е моето семејство.

АЈ: Што е најголемо предавство за вас?

РКХ: Кога ќе ве разочараат оние на кои безусловно сте им

верувале.

АЈ: Од културната трпеза со мени Шекспир, која театарска

изведба или кој филм или... ви оставиле најсилен впечаток?

РКХ: Можеби филмот „Книгите на Просперо“ на Питер

Гринавеј и „Отело“ на Орсон Велс, а од театарските изведби

претставата „Хенри VI“ на Народниот театар од Битола

изведена по повод настанот „Globe to Globe“, организиран

во лондонскиот „Глоуб“, театар на Шекспир и неговата трупа

чиишто темели по децении истражување беа откриени и

овој театар е сега реконструиран на истото место. Идејата

беше 37-те драми на Шекспир да се играат на 37 јазици, а

претставата на битолскиот театар беше дел од тоа. Во оваа

верзија на еден ненаметлив начин се вметнати стилизирани

елементи од македонската музика, фолклор и носии, што

е за мене успешен пример на она што е денес глобална

тенденција, а тоа е препрочитувањето на текстовите на

Шекспир и пристапот кон нив како средство за културолошка

размена.

AJ: Шекспир е единствениот автор кој успеа клучната

егзистенцијална дилема на човекот да ја сведе на шест

збора – Тo be or not to be! Како ја разбирате оваа мисла?

РКХ: Имам впечаток дека штом ќе се споменат овие зборови,

а се споменуваат многу често во најразлични контексти,

од книжевни дела до маички и станати се неодминлив

дел од популарната култура, од „Ѕвездени патеки“ до

„Симпсонови“– веднаш се мисли дека со тие зборови Хамлет

ја искажува својата разочараност од животот и желбата

своите измачувања да ги скрати и „да си обезбеди спокој со

еден удар на ножот“ (ова е препев на мојот драг и ценет колега

проф. Драги Михајловски, кој ги преведе сите драми и сонети

на Шекспир). Но, како што реков, Шекспир нè предупредува

да не застануваме само на ниво на појавноста на нештата.

Толкувањето што го посочив погоре е поедноставување за

секојдневна употреба, зашто овој монолог и мислите на

Хамлет искажани во него се токму на трагата на она што во

20 век ќе биде наречено егзистенцијализам. Овој монолог

и овие стихови, според мене, се однесуваат на човековата

состојба воопшто.

АЈ: Кој од денешните автори, според вас, е новиот Шекспир

или Шекспир на 21 век?

РКХ: Одговор на ова прашање немам, не затоа што Шекспир

треба да се идолизира, идеализира, глорифицира и

демифицира. Напротив, денешната теорија ги деконструира

неговите текстови и културолошкиот контекст. Но, одговор

немам, исто како што не би можела да одговорам кој е

денешниот Бетовен, Достоевски или Ван Гог. Секој голем

креативен ум е посебен.

Весна Гиновска Илкова,

оперска пејачка

Љубовта е серотонинот

на животот, а игрите за

престолот се банални

АЈ: Каква е вашата (интимна) приказна со Шекспир?

ВГИ: Шекспир е еден од највлијателните и најпознатите писатели во

светот. Мојот допир со неговата визија е преку операта. Во мојата

последна премиера, „Магбет“, преку улогата на Лејди Магбет ја

почувствував желбата за власт и превласт, универзална и актуелна

тема. Човек е во состојба да посегне по животот на другиот за да

стигне до својата цел. Од таа улога сфатив едно: Животот не го сфаќај

премногу сериозно, зошто игрите за престолот се банални.

АЈ: Од сурова емоција, до рафинирана мисла. Од љубов и омраза,

желба за власт и конфликт, моќ и дискриминација... Кои од вечно

актуелните теми на Шекспир се најактуелни во нашето општество

денес?

20

На „ти” со

ВГИ: Желбата за власт! Сè е концентрирано на моќта на парите

и докажувањето на тоа кој што направил, додека обичниот

човек се соочува со суровата реалност на нестабилност.

АЈ:„Кукавиците умираат повеќе пати пред нивната смрт,

храбрите го чувствуваат вкусот на смртта само еднаш“ –

Вилијам Шекспир

- Што ве мотивира да бидете храбри?

ВГИ: Пркосот во мене што ме води да го кажам она што го

мислам, преку музиката, гардеробата, пишаниот збор... Сè

е личен избор. Храброста е лудост во денешно време, но

верувам дека со своите постапки сум инспирација на многу

луѓе. Тоа е мисијата на јавните личности.

АЈ: Што е најголемо предавство за вас?

ВГИ: Да ги издадеш или да ги изневериш своите деца. Нешто

што си го создал на овој свет, да го изгубиш. Не случајно се

вели дека децата се нашето огледало и затоа мојата најважна

мисија е да ги воспитам моите деца во духот на вистинските

вредности. Тие веќе и сами ги препознаваат, на што сум

особено горда.

АЈ: Од културната трпеза со мени Шекспир, која театарска

изведба или кој филм или... ви оставиле најсилен впечаток?

ВГИ: „Отело“ е мојот избор. Моќна визија на музика во рацете

на единствениот Верди. Ликови како Дездемона, Отело и

Јаго, кои се параметар за различност, карактерна обоеност

и музичка инспирација. Во операта единствено нешто што

те води за квалитетно создаден лик е текстот. Без него нема

приказна.

АЈ: „Љубовта се раѓа, живее и умира во очите на човекот“ –

Вилијам Шекспир

- Љубовта е?

ВГИ: Љубовта е двигател. Љубовта е серотонинот на животот.

Знае да биде сурова, болна, ама секогаш е уникатна. Сиромав

е оној човек што не ја почувствувал барем еднаш.

АЈ: Што читате моментално?

ВГИ: Во моментов во раце ми се вртат афоризми што ме

опуштаат. Еве, еден ќе споделам со вас, од Дидро: Долго

постоела титула на дворски шут, но никогаш не постоела

титула на дворски мудрец.

АЈ: Шекспир е единствениот автор кој успеа клучната

егзистенцијална дилема на човекот да ја сведе на шест збора

– Тo be or not to be!

- Како ја разбирате оваа мисла?

ВГИ: Simply the best! Што би рекла Тина Тарнер. :) Големите

мисли секогаш се наједноставни.

АЈ: Кој од денешните автори, според вас, е новиот Шекспир

или Шекспир на 21 век?

ВГИ: Единствениот Петре М. Андреевски.

Гоце Смилевски, писател

Шекспир – метафизички

еквивалент на биг бенгот

AJ: Каква е вашата (интимна) приказна со Шекспир?

ГС: Се восхитувам на титанскиот труд на Драги Михајловски да ги

преведе сите драми и сонети на Шекспир на македонски јазик. Дури

и кога се обидувам да го читам Шекспир на англиски, секогаш го

имам до себе тој огромен том што е производ на драмскиот гениј на

Шекспир и преведувачкиот подвиг на Михајловски. Кај мене постои и

една постојана потреба да го стекнувам знаењето и директно, значи

не само преку книга туку и на предавања. И така, пред година-две,

речиси две децении откако дипломирав компаративна книжевност

на Филолошкиот факултет во Скопје, појдов пак на факултет и

ја замолив професорката Рајна Кошка да ми дозволи, заедно со

нејзините тогашни студенти, да присуствувам на нејзините предавања

за Шекспир. Бев и останувам фасциниран од професорската

умешност/уметност на Рајна Кошка да го кондензира и да го пренесе

своето сеопфатно познавање за Шекспир, светот во кој живеел, а

воедно и да ги поведе студентите во длабоките пориви во ликовите,

кон суштината изразена низ драмските дејства.

21

АЈ: Кога ви велам инклузија, еднаквост, антидискриминација,

правда и човекови права, кои дела на Шекспир најпрвин ви

паѓаат на памет?

ГС: Мене на памет ми паѓаат делата на Шекспир кога ќе

се спомене ексклузија, нееднаквост, дискриминација,

неправда...

АЈ: Од сурова емоција, до рафинирана мисла. Од љубов и

омраза, желба за власт и конфликт, моќ и дискриминација...

Кои од вечно актуелните теми на Шекспир се најактуелни

во нашето општество денес?

постои или, пак, не? И концентрирањето на егзистенцијалната

драма на човековата судбина – да се биде или не – на неколку

зборови, со тоа сведување не доживува стеснување, туку

експанзија, експлозија, еден метафизички еквивалент на

биг бенгот... Тоа се неколку зборови што ги опфаќаат сите

човечки постоења – минати, сегашни и идни, сите човечки

постоења до Шекспир до денес и од денес, па сè додека

постои човечкиот род, значи од првиот до последниот човек:

да се биде или не, тоа е прашањето, има ли или нема смисла

ова постоење? Мислам дека вистинскиот одговор нè очекува

дури откако ова овоземно постоење ќе се заокружи и ќе

отпловиме кон некоја друга димензија на суштествување.

ГС: Тие теми во неговите драми секогаш ги доживувам како

да одат во парови, како да не можат една без друга, како

да не функционира ако ги нема двата пола: слободата

наспроти тиранијата, правдата наспроти неправдата,

верноста наспроти предавството...

AJ: Од културната трпеза со мени Шекспир, која театарска

изведба иликој филм или...ви оставиле најсилен впечаток?

ГС: Уживам да ги гледам наизменично снимките на делови

(за жал, не знам дали постојат снимени во целост) од две

поставки на „Хамлет“, направени горе-долу во исто време

(1971 и 1977 година), во иста земја, СССР, во ист град, Москва.

Едната во режија на Јури Љубимов, со Владимир Висоцки

како Хамлет. Другата, во режија на Андреј Тарковски, со

Анатоли Солоницин во истата улога. Чудесно е да се гледа

еден ист драмски лик инкарниран преку два различни

актерски и човечки хабитуса, два различни пристапа, две

различни концепции. Многу силен впечаток ми остави „Сон

на летната ноќ“, во режија Нела Витошевиќ, продукција на

Прилепскиот театар, премиерно изведена во 2014 година,

што изгледа како прецизно материјализирање на илузијата,

како откривање на точката во која сонот станува јаве. Потоа,

една куклена претстава според „Хамлет“,што ја гледав во

2012 година во кралскиот театар „Тооне“ во Брисел и ме

врати во светот на детството, нешто што не би се очекувало

од дело со таква тема. Благодарен сум за тоа што „Ромео и

Јулија“ беше поставена во Скопје од страна на бугарската

режисерка Лилија Абаджева, која своето светско реноме

го има изградено поставувајќи ги делата на Шекспир од

Русија, преку Германија, до Америка. Мојот српски издавач

ми има кажано дека „Бура“, во режија на Слободан Унковски

(продукција на „Будва град театар“ фестивалот, 2001 година),

ја доживеал како епифанија на театарската уметност. Таа

претстава е изведена само неколкупати, и тоа на самиот

фестивал, затоа што е амбиентална, искористено е морето

како суштински дел од сценографијата. Се надевам дека

постои снимка од таа „Бура“ на Унковски и дека ќе ја гледам

еден ден.

АЈ: Шекспир е единствениот автор кој успеа клучната

егзистенцијална дилема на човекот да ја сведе на шест

збора – Тo be or not to be! Како ја разбирате оваа мисла?

ГС: Стихот што почнува со „Тo be or not to be“ продолжува

со „that is the question“. Тоа е прашањето над амбисот што

ги дели постоењето и непостоењето. Тоа е многу повеќе од

прашање за самоубиството и целиот тој монолог е крик за

смислата и бесмислата на постоењето. Има ли смисла да се

Дарко Лешоски, поет

Ако животот е

привремена состојба,

зошто мислиш

дека смртта е вечна,

будалче?

АЈ: Каква е вашата (интимна) приказна со Шекспир?

ДЛ: Кога ќе се најдам во конкретна животна ситуација често

знаат да ми прелетаат низ глава реплики на Шекспир. Не ги

На „ти” со

кажувам на глас, се разбира – за да не звучам хамлетовски.

„А full of scorpions is my mind dear wife“ e реплика на Магбет

до Лејди Магбет и најчесто ме поврзува со процесот на

пишување, дури „вријат“ зборовите. Имам две работи за кои

се каам во животот. Само две. Првата е зошто не запишав

актерска игра на Драмски факултет и втората – одбегнувањето

да ја напишам драмата/приказната што ја носам во мене со

години. Во обата случаи се чувствувам како осамен човек во

мрак кој се приближува на плажа што е осветленa од голем

оган. Околу огнот има многу генијалци кои се греат, актери

режисери, драматурзи... Знаете кој претседава со огнот? Кој

става дрва, кој вика доста е, не чепкај во жарта, дај ми дрво

итн.? Шекспир, драги мои. Лично Шекспир.

АЈ: „Љубовта се раѓа, живее и умира во очите на човекот“ –

Вилијам Шекспир

- Љубовта е?

ДЛ: Љубовта е одлука. Пат. Начин на живот. „Ако животот

е привремена состојба зошто мислиш дека смртта е вечна,

будалче?“ – Ете, тоа ми шепоти мене секој ден љубовта.

АЈ: „Кукавиците умираат повеќе пати пред нивната смрт,

храбрите го чувствуваат вкусот на смртта само еднаш“ –

Вилијам Шекспир

- Што ве мотивира да бидете храбри?

АЈ: Од културната трпеза со мени Шекспир, која театарска

изведба или кој филм ви оставиле најсилен впечаток?

ДЛ: „Macbeth“, последната филмска рекреација на „Магбет“

со Мајкл Фасбендер и Марион Котијар. Морбидно добра

актерска игра и филмска фотографија. Ал Пачино како

Шајлок во „Венецијанскиот трговец“. Ми се допаѓа и

постмодернистичката поставка на „Ромео и Јулија“ на Баз

Лурман, иако критичарите ја начекаа со боксови по стомак,

мислам дека Шекспир би бил горд на денешното негово

преиспитување и препрочитување во актуелен контекст.

АЈ: Шекспир е единствениот автор кој успеа клучната

егзистенцијална дилема на човекот да ја сведе на шест

збора – Тo be or not to be! Како ја разбирате оваа мисла?

ДЛ: Не ја разбирам. Не сакам ниту дуализми, црно или бело,

ниту двоумења. Знам дали сакам пилешко или телешко, супа

или салата, веројатно тоа ми е најдрагото нешто кај себе,

што од дете знам што сакам, а што нејќам. Има одлични

постмодернистичко-психолошки поставки на „Хамлет“, каде

што Хамлет го толкува женски лик, алудирајќи токму на

комплексноста и интуитивноста на овој лик карактеристичен

за жената. Хамлет е Мона Лиза во драматургијата, ама мене

сепак многу ми е досадна и релативна оваа реплика, така што

кој тебе со To be or not to be, ти него со Fifty Shades of Grey.

ДЛ: Еднаш во годината ја препрочитувам „Никомаховата

етика“ од Аристотел. Сметам дека стравот е најголемо зло.

Кога ќе кажат за некој човек дека е итар или лукав, знам дека

е морално низок. Преполни сме со итарпејовци и селски

итромани. Ни недостигаат болни дојчини – луѓе кои ќе

понесат товар, кои ќе му погледнат на црното во очи. Мајка

ми и татко ми често ми се дефиниција за храброст со една

нивна заедничка реченица: „Тежи само на земјава!“

АЈ: Кога ви велам инклузија, еднаквост, антидискриминација,

правда и човекови права, кои дела на Шекспир најпрвин ви

паѓаат на памет?

ДЛ: Човековите права не потекнуваат од правници, адвокати

и судии – потекнуваат од литературни и философски списи.

Како треба. Како мора. Како е. Верувам во поетската правда

кај „Трговецот од Венеција“, на пример. Антирасистичкиот и

антидискриминаторскиот – човечкиот потенцијал би рекол!

Oтело? Чекајте малку, зарем требаше да поминат речиси

350 години од визијата на Шекспир и квалитетите што му се

препишани на Отело за да им се восхитуваме на еден Мајлс

Дејвис или Дензел Вашингтон или Лени Кравиц во 20 век?

Колку сме биле малечки наспрема Шекспир, нели?

АЈ: Што е најголемо предавство за вас?

ДЛ: Стравот од животот. Стравот од смртта. Стравот од што

било.

АЈ: А неверство?

ДЛ: Изгубен образ. Хиперконсумацијата на зборовите „со

почит“, „со љубов“, драга, мило, сонце, злато... неверство

кон јазикот. Некоординираноста на срцето и јазикот секогаш

раѓа неверство.

23

Инспирација

Емилија Пендева

ТЕТОВАЖИТЕ И

ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД

НЕ ТЕ ДЕФИНИРААТ

КАКО КАРАКТЕР

Пишува: Тања Тодоровска

Фотограф: Жарко Чулиќ

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Стилист: Бојана Максимовска

Асистент стилист: Ана Коцевска

Гардероба: Јована Филиповиќ

Накит: MANGO

24

Инспирација

Емилија, вие сте уметница и професионален татуартист,

првата жена мајстор за тетовирање во нашата

држава и прва која почна похрабро да се тетовира.

И покрај веќе седумгодишното искуство во оваа област,

речиси неизбежно е луѓето на вашето име да го додадат и

она „Лејди“. Првото јавно појавување остана врежано за

вашето име и презиме. Дали истото ви пречи, сакате ли да

избегате од него или?

Да бидам искрена, тој дел од мојот живот – манекенската

кариера ми беше некако наметнат, сестра ми ме пријави

на Look Model Search 2004, каде што освоив трето место –

не беше нешто што сакав да го правам, ниту, пак, идеална

професија за карактер каков што сум јас. Во тој период се

случи еден од ретките, можеби и единствен ангажман во

Македонија – спотот за „Лејди“, ама остана доживотен печат.

Кога почнав да тетовирам тоа ми беше многу голем проблем,

бидејќи на сите им беше чудно како тоа манекенката наеднаш

завлезе во еден машки свет. Во таа една година колку што

траеја ангажманите бев во Бејрут, Истанбул и Виена – видов,

пробав и имав поволна клима за тој пат во кариерата, ама се

повлеков самоволно зошто не се пронајдов себеси.

Сега имам нов проблем – сега постојано ги поврзуваат

тетоважите со моето име, па затоа во последно време ја

ставив работата во втор план, односно поретко објавувам

нешта поврзани со мојата работа на „Фејсбук“ за да не им

бодам очи на луѓето. Пред сѐ, јас не сум човек што сака

да биде ограничен и само едно нешто да го дефинира. Не

сакам да бидам идентификувана со тоа што во моментот сум

го правела, со таа професија. Не сакам кога луѓето ќе почнат

да те доживуваат само како појава, без друга способност и

особеност. Во мене вријат еден куп нешта што сакам да ги

правам, па во еден период почнав дури и на изгледот да си

штетам за да можат другите карактеристики да ми излезат

на површина.

Кога сфативте дека ова што го работите денес е вашата

професија од соништата?

Од првиот момент кога допрев машинка, од првото поткожно

нанесување боја – тоа беше тоа. И едноставно, знаев како да

го правам. Немав период на тренинг, обуки и вежбање, туку

едноставно фатив машинка и почнав да цртам. Потекнувам

од уметничко семејство, па цртањето некако природно ми

оди, а за многу кратко време сосема ја совладав техниката

на тетовирање, односно тоа што знам да го цртам, да

го нанесувам на кожа. Беше љубов на прв поглед – без

размислување дали треба да го правам тоа или не, иако,

освен мајка ми, која ми даваше поддршка, сите луѓе ми велеа

– „немој ти си женско, тоа е машка работа, ќе тетовираш само

разбојници, криминалци“... немам ниту еден таков клиент!

Сакав да бидам пример дека можеш да работиш сѐ во животот

и дека тетоважите и физичкиот изглед не те дефинираат

како карактер. И затоа ги прифатив сите тие интервјуа на

почетокот на кариерата, ми беше важно на луѓето им стане

поблиска целата филозофија на тетоважите, поточно да се

скршат стереотипите во однос на нив.

Колку години функционира „Еминимал“ и дали успевате да

одговорите на сите побарувања?

Моментално сме тројца во студиото – работиме шест години

со тоа што јас почнав сама, па малку по малку почнаа да ми

се придружуваат колегите. Во последно време има голема

побарувачка за тетоважи, а интересно е што луѓето порано

се ограничуваа на помали тетоважи, а сега имаат многу

поголеми побарувања, што подразбираат тетовирање на

цела рака, цел грб – односно проекти што траат. И нормално

е дека не можеме на сите да одговориме поради тоа што

Македонија сериозно се тетовира.

Имам сфатено дека Македонците сакаат да бидат во тек,

бидејќи ние како земја страдаме од комплекс дека доцниме

со прифаќање на трендовите. Тетоважите пред пет-шест

години беа табу во Македонија и сега кога веќе стануваат

мејнстрим, на луѓето тоа им е толку допадливо што одењето

на тетовирање го сфаќаат како ритуал, како своевиден

лајфстајл. Имам карактеристична група клиенти – татузависници

на кои не им е толку важно што тетовираат,

едноставно ми даваат слобода да работам, да се изразам

како уметник на нивната кожа. Токму со тие клиенти ги

правам најпрекрасните тетоважи.

Велат дека ретко кој останува само на една тетоважа кога

веќе го направил најтешкиот, прв чекор. Сведок ли сте на

ваквата практика кај нас?

Точно е, на прсти се бројат луѓето што ги знам, а имаат само

една тетоважа. Обично, на сите што им правам прва тетоважа

веќе имаат подготвено втора, трета... некако најтешко човек

се одлучува за првата, а кога се крши тој мраз, кога ќе видат

дека не е толку страшно и дека тетоважата станува дел од

тебе, следните тетоважи доаѓаат многу побрзо.

Дека Македонците сакаат да се тетовираат доказ се многуте

студија и тату-мајстори. Што е она што е најбарано? Има ли

хит-тетоважи што постојано се повторуваат?

Да, тоа е нормално, како да кажам, секое време, секоја година

си носи нешто, некој нов бран на тетоважи што масовно им

се допаѓа на луѓето. Во Македонија имам забележано дека

луѓето најмногу сакаат религиозни теми, а мошне актуелни

се и јапонските тетоважи.

Лично, секогаш се обидувам да влијаам во изборот на

клиентот ако сметам дека нешто не е во ред. Никогаш

досега не сум сработила тетоважа што не ми се допаѓала

или што сум сметала дека би го нагрдила човекот и би му

претставувала естетски проблем. Најчесто, младите луѓе се

оние што прават грешка во изборот на тетоважи, но обично

успеваме да се договориме, па честопати по некое време

добивам пораки со благодарност за премислувањето и

сугестијата.

Велат дека тетоважите остануваат до крајот на животот со

нивните сопственици, подолго од сѐ друго што ќе им наиде

на животниот пат. Но, кога тетоважите сведочат за луѓето во

25

нашиот живот, особено во љубовна смисла, а истите ќе си заминат

од него... Што тогаш со тетоважите кои се сведоци на сега веќе

завршена љубов?

Тетоважите што најчесто се поправаат се токму од таков тип.

Инспирирани од моментална занесеност, од чувства што сигурно

во моментот се многу добри мотиви, но како што знаеме, ништо

не е константно, сѐ е променливо. Затоа, да, најчесто поправаме

тетоважи од поранешни љубови. Јас се обидувам да ги премислам

кога ќе ми кажат што е причината за тетовирањето правам сѐ што

можам, а кога не успевам, давам благослов никогаш да не треба да

се поправи тетоважата.

Сте одбиле ли досега клиенти? Познавате ли такви што се каеле и

жалеле за тетоважата што сте им ја направиле?

Да, имало од двата случаи. Оние што се покајале најчесто ги

слушале советите на луѓето околу себе во однос на тетоважата, без

да се договорат сами со себе што сакаат, а со текот на времето

сфатиле дека направиле грешка, па ги преправаат.

Сум одбила клиенти кога сум сметала дека идејата за тетовирање

не е во ред, а не сме успеале да најдеме заеднички јазик во однос на

неа. Друг случај е кога не им одговарале термините за тетовирање,

бидејќи луѓето најчесто очекуваат дека кога ќе дојдат во студио

тетоважата ќе се изведе во рок од два-три дена, а не се свесни

дека пред нив има уште 50-тина закажани. Па, кога треба да се чека

шест-седум месеци за тетовирање, многумина се премислуваат.

Многу се грижам за клиентите и кога се случува од различни

причини да не може да се сработи тетоважата, односно кожата е

лоша подлога во моментот, крвави, отекува, секогаш прекинувам

да тетовирам без оглед на тоа колку опрема сум ставила и на

колкав трошок сум се изложила. Досега не се случило некому да

му оштетам кожа од желба да се избрза и да се заврши тетоважата.

Има дел од луѓето на кои тоа им пречи, бидејќи постапката трае

подолго, но по завршувањето сфаќаат што било причината за тоа.

Во Македонија сте веќе афирмирана и ценета како тату-артист,

но сте една од ретките, можеби и единствена жена. Како сте

прифатени во странство, како поминувате на многуте различни

тату-конвенции и дали се судирате со предрасуди само поради

фактот што сте жена?

Има и други девојки што почнаа да тетовираат, но секако бев кршач

на мразови. Македонија беше една од последните земји каде што

немаше женски артист пред мене. Во суштина, светот на тетоважите

е еден супер свет. Секаде каде што сум била на конвенција сум

се чувствувала како дома. Најголем дел од артистите се супер

друштвени луѓе, отворени, комуникативни, а тоа веројатно го прави

и професијата.

Во странство никогаш досега не се случило да се почувствувам

поразлична во однос на полот, а многу среќна сум со тоа како

во Македонија се менува менталитетот во однос на тетоважите.

Тетоважата е многу добро комуникативно средство – доволно е

некому да му кажеш дека има убава тетоважа или да го прашаш

нешто за неа. Тетоважите ги зближуваат луѓето, па затоа не ретко кај

мене во студио имаат почнато многу љубовни врски и другарства.

Паметам само два случаи кога сум добила негативен коментар и тоа

од луѓе од постарата генерација. Веројатно од вакви стереотипи

страдаат токму постарите генерации кои кога се движеле во град,

меѓу луѓе, единствените тетовирани луѓе кои ги познавале биле

озлогласените групи луѓе. Денес, речиси сите, освен тие групи

луѓе, ставаат тетоважи.

26

Не би сакала да ве натерам да одбирате само една,

но сигурно имате омилена тетоважа што крие посебна

приказна...

Речиси секоја тетоважа си има своја посебна приказна, а

најомилена секогаш ми е најновата. Интересна приказна

имам со двете снегулки на левата рака. Со сестра ми се

погодивме во ист период во Оксфорд – јас работев во

студио за тетовирање, а таа во козметички салон. На денот

на мојот роденден одлучив да ја изненадам и да го напишам

нејзиното име на моето тело. Многу луѓе се решаваат да

оддадат почит на некој што веќе го нема, а јас одлучив

дека сакам сестра ми да го знае тоа сега, во моментот.

Го ставив нејзиното име и уште две снегулки до него и

во моментот почна да паѓа снег – интересно беше што во

претходните четири-пет години немало снег во Оксфорд, па

се случи невообичаена коинциденција. Ја паметам убавата

атмосфера на целиот ден кој беше прекрасен.

Дали некогаш се имате покајано за некоја од тетоважите

на вашето тело? Или можеби сте посакале да имате чиста,

необоена кожа за одново да ја исцртате со поинакви слики,

поинакви сведоштва од различни периоди на вашиот

живот?

Не. Никогаш. Можеби ќе размислувам за тоа тогаш кога ќе

немам слободно место кожа, но имам внимателно осмислен

концепт буквално за целото тело, само чекам да дојде

вистинското време за секоја нова тетоважа. Воедно, не ми

се толку важни сликите, колку што ми е важен моментот,

периодот во кој сум ги тетовирала, а претежно сите ми се од

преубави моменти од животот.

Веста за вашата венчавка во 2013 година беше проследена

од јавноста низ објави и фотографии, но пред неколку

месеци двајцата тргнавте по различни патишта... и самата

велевте дека едноставно, дури како на шега се согласивте

да влезете во брак, но како го поднесовте излегувањето од

истиот?

Реално, јас и мојот поранешен сопруг имавме многу

прекрасна врска, но во текот на нашето заедништво се

случија неколку работи што нѐ променија и двајцата како

луѓе. Уште пред да стапиме во врска бевме најдобри

другари, така што имавме навистина добра комуникација,

па затоа уште од првиот момент кога сфативме дека нешто

меѓу нас се скрши, кога почнавме да се разидуваме, се

боревме да опстанеме од почит кон љубовта што ја имавме.

Мислевме дека можеби е период што ќе го надминеме сѐ

додека не сфативме дека најдобро е веќе да не живееме

заедно. Процесот на разидување траеше долго, но сакавме

да пробаме сѐ што можеме. Сега сме повторно другари, во

одлична комуникација сме, а ниту од моја ниту од негова

страна нема каење за бракот или за разводот. Свесни сме

дека бракот ни беше прекрасен, па зошто да живееме

во агонија сега откако заврши? Сигурно ќе беше потешко

27

Инспирација

доколку имавме деца, но овој случај разделбата беше како

раскинување врска.

Нормално е да има последици од таков чин во животот.

Претпазливоста е на малку повисоко ниво, селекцијата на

луѓето во нашиот живот е малку поаналитички поставена,

но никогаш не се поколебав во љубовта. Љубовта е нешто

во што најмногу верувам и за мене претставува двигателна

сила во животот.

За вашиот 30-ти роденден, наместо подароци, од вашите

пријатели побаравте донации за помош на Гого. Напишавте

„имав многу тешка година, но материјалните нешта нема

да ме направат посреќна...“ Бевте активна во борбата за

заштита на животните... Продолжува ли ваквиот хуман

активизам да биде најдобриот „подарок“ што можете да го

посакате и да го подарите?

Сѐ уште сум активна во борбата за животните, но на

мој начин, не сакам да бодам очи со моите постапки.

Ситуацијата со Гого ме инспирираше, бидејќи кога почнав

спортско качување, нему му се случи она што му се случи, па

некако индиректно се зближив со него. Статусот го напишав

на денот на мојот роденден, кога по сплет на околности

сфатив дека, иако можеби планирав да ја прославам бурно

јубилејната 30-ка, решив да прифатам подароци само во

форма на донации за Гого. Заборавив дека пораката ќе ја

прочитаат сите пријатели на „Фејсбук“, а во никој случај

немав намера тоа да биде покриено медиумски. Цел ден

плачев од среќа колку само пораки и честитки добив.

Мислам дека сѐ што е чисто и искрено од срце, допира до

луѓето. Не е важно од кого излегува тоа, туку само да е со

чиста мисла. Бидејќи луѓето се инспирираат од добри дела,

но важно е некој да го скрши мразот.

Како релаксација од збиениот работен распоред, активно

спортувате и планинарите. Кои следни врвови сакате да ги

искачите? Воедно, кон кои лични врвови се стремите?

Користам барем еден ден од месецот да го поминам во

природа. Во спортското качување го пронајдов идеалниот

спорт за мене. Инаку, до пред да почнам посериозно да

се занимавам со тетовирање, се занимавав со спорт. Не

професионално, но постојано, па по еден долг период на

стагнација се преродив со качувањето – ме јакне и психички

и физички и ме поврза со прекрасни луѓе. На затворена

карпа учам техники, движења на телото, ја јакнам силата,

мускулатура, тетивите, лигаментите. Нова сум во тој свет и

ги следам искусните инструктори во однос на локациите за

качување, тоа не зависи од мене. Досега сум ги искачувала

Демир Капија, Трло на Матка, Кадина пештера, Маврово,

Прилеп. Македонија е една од земјите што има најмногу

планински врвови и е идеална земја за овој спорт. Во однос

на личните врвови? Мислам дека најдобриот врв што би го

постигнала е да успеам да бидам смирен човек. Тоа би ми

било најголемо достигнување. И да, да успеам да најдам

барем малку слободно време.

28

Wonder Womеn

Пишува: Ружица Антиќ

Време е хуманоста да ни

стане секојдневие

Минатата година ќе остане запаметена како година на бегалската криза, што сериозно ги разниша темелите на мирот и

стабилноста на Европа и на светот. Егзодусот на бегалците од Сирија, Ирак, Авганистан, што годинава надмина милионска

бројка, потресните слики од нивното патување до западноевропските земји секојдневно не оставаат рамнодушен никого.

Стотици луѓе, играчи со човечки судбини, шверцери, воени профитери, секојдневно заработуваат илјадници евра на нив. Во сите

пречки што транзитните држави, обидувајќи да се заштитат, им ги поставуваат, бодликави жици, огради, ѕидови, солзавци, водени

топови и слично, има и луѓе што прават буквално сѐ што е во нивна моќ да го олеснат нивното патување. Наша чест е што имавме

можност да поразговараме со две жени, Ленче Здравкин и Мерсиха Смаиловиќ, што во нашава земја, последниве години, за време на

бегалскава криза, станаа синоним за хуманост, човечност и силна волја. Секојдневно функционираат на релација од својот дом и до

бегалските кампови, имаат помогнато на стотици луѓе и со право ги нарекуваат со најразлични епитети како „бегалски мајки“, „хумани

ангели“ и слично. Двете со своите постапки го менуваат секојдневието на многу луѓе, ја јакнат улогата на жената во општеството,

позитивно влијаат на сите општествени заедници, ги поттикнуваат и ги насочуваат другите да прават добри дела.

Wonder Womеn

Ленче Здравкин - Никој не заслужува да се

чувствува како отпад на општеството

За почеток сакам да го почнеме разговорот со мисла

од Мајка Тереза: „Љубовта почнува дома и не е колку и

што правиме, туку со колкава љубов го правиме“. Вашата

приказна почнува пред две години. Прво им помагавте

на мигрантите што случајно поминуваа пред вашиот дом,

за денес, две години подоцна, да спиете само по четири

часа дневно и да сте синоним за хуманост. Како вашата

хуманитарна активност зема ваков замав?

Сите сакаме мир, а сепак нè застрашуваат огнените оружја и

се плашиме од оваа нова болест. Затоа, ако навистина сите

посакуваме мир, тогаш треба да донесеме цврста одлука и

да не дозволиме ниту едно штотуку родено дете, ниту една

жена, ниту еден човек на Земјинава топка да се чувствува

непожелно, да се чувствуваат несакано, да се чувствуваат

како отпад на општеството. Треба да си помогнеме едни со

други, да се поткрепиме и во сите земји и во сите нации да го

смениме ужасното однесување што ги убива невините, што

уништува животи, а со тоа затвораат и цели семејства.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Сега се вклучени повеќе организации, фирми, ве

контактираат многу здруженија да достават помош.

Прочитав дека имало денови кога сте немале што да им

дадете за јадење, сте купувале вреќи брашно и компири и

сте меселе леб. Што ви даваше сила и волја тогаш да не се

откажете и на сите да ни покажете дека не треба да губиме

верба во хуманоста?

Денес, во прифатниот центар „Винојуг“ и во Табановце имаме

многу невладини организации, многу волонтери. УНХЦР и

неговите партнери се главните стожери за подигнување на

центрите и целокупната организација како треба да изгледа

еден центар за да ги прими бегалците и да им се даде хуман

третман на високо ниво од храна, облека, медицинска

помош, правна помош и сè друго што е потребно за секој

бегалец да се чувствува достоинствено, да се чувствува

човечки. Од почетокот на кризата присутни се полицијата

и армијата на Република Македонија, кои, освен што

одговорно и професионално ја извршуваат својата работа,

честопати ја покажуваат и нивната хуманост. Кога ќе се

навратам три години наназад како беа моите почетоците со

бегалците, сум имала многу тешки моменти. Нашиот семеен

буџет е строго лимитиран, а со тоа и математиките не ми се

совпаѓаа. Лебот не можев да си дозволам да го купувам, па

го месев сама, купената вода ми стануваше луксуз, па и таа

морав да ја полнам во пластични шишиња што ги собирав,

кога ќе го подадев сварениот топол компир во измрзнатите

раце и топлиот чај и мене срцето ми се стоплуваше, пазарев

во магацини на големо да можам за помалку пари да добијам

повеќе. Облеката за бегалците беше од моето семејство,

а подоцна апелирав и молев кај пријателите, соседите,

роднините. Деновите и месеците поминуваа, јас го крпев

секој нов ден, но нивната сила да издржат во километарското

пешачење, уморни, истрошени, болни, беше и за мене сила

да чекорам напред. За тоа е создаден човекот да сака и да

споделува љубов.

Сигурно сте сведок на најразлични животни приказни,

потресни судбини и глетки. Една од највпечатливите и

најтрогателни стории ми беше за вашата несебична помош

кон двете сестри на кои вашето семејство им помогнало

повторно да се пронајдат. За што точно станува збор?

30

Wonder Womеn

Само и Самах Умар се двете сестри Сиријки кои имаа тешка

голгота, пешачејќи со денови низ Македонија изгубени

со своите браќа, братучеди и нивниот зет по патиштата.

Малтретирани, тепани од криминални групи и онесвестени

во тешка здравствена состојба паднати во ендек, беа

најдени од мојот пријател Б. Г. некаде пред Велес. Тој на

свој ризик ги качи во автомобилот и ги донесе кај мене.

Што да видам, искинати, помодрени, едвај дишеа, се тресеа

и не можеа ништо да зборуваат. Прво се погрижив да ги

вратам во живот, можеби не многу професионално, но не ми

преостануваше ништо друго. Се консултирав со пријатели,

лекари, медицински сестри, обезбедив од првата аптека сè

што ме советуваа и за неколку часови ја видов насмевката

на нивните лица. Првата реченица што ми ја кажаа беше:

„Господ нè испрати кај тебе, кога ја видовме куќава како

да си ја видовме нашата куќа, така ни личеше“. Додека ги

средував, мојот сопруг и синовите се погрижија да се поврзат

со другите од семејството, да испратат координати, локации,

за да ги најдеме. Ги сместив во темен простор колку што во

тоа време условите ми дозволуваа, бидејќи имаа повреди

на главите, за да се одморат и да се соземат. Веќе следниот

ден, наспани и одморени, можевме да поприкажеме и да

им кажам дека за некој час ќе им пристигнат роднините,

беа пресреќни. Кога семејството се собра во мојот двор

на среќата ѝ немаше крај, солзи, смеа, врескање и моето

семејство многу се потресе. На ладниот бетон во нашиот

двор, заедно го изедовме скромниот бегалски ручек. Требаше

да се исправам уште пред еден предизвик, сите заедно да

се пренесат до Куманово и да продолжат за Србија. Ми

помогна нашиот чичко Славе, и Самах со семејството веќе

за два часа беа во Куманово. За десетина дена сестрите веќе

се јавија од Германија, благодарни за сè што сторивме за

нив. Постојано контактиравме, но во ноември 2015 година се

јавија и ми пишаа дека нивната мајка и уште едната сестра

Јасмин со две малечки дечиња се пристигнати до Идомени

и немоќни да стигнат до Македонија. Ги пречекав на

границата и се погрижив за нив. Кога се видовме и кај мене и

кај нив постоеше чувството како да се познаваме отсекогаш.

Заминаа со возот, а најголемата среќа беше кога ми пратија

семејна фотографија, сите на куп. Зар има поголема радост

од тоа да успееш да собереш едно многучлено семејство да

бидат заедно. За овие три години се соочив со многу вакви

судбини.

Постојат многу предрасуди во врска со целата ситуација,

многу различни мислења за мигрантите како луѓе, за

нивното настојување да стигнат до западноевропските

земји и слично. Вие велите: „Никогаш не сум се плашела

од нив, почесто тие се плашеле од мене“. Какво е вашето

искуство со нив?

Гледате како страдаат, се мачат, не останало ништо од

нивното огниште, бараат спас со по неколку деца за рака и

еден ранец на нивните рамена. Бремените жени се породуваат

по патишта, тука нема плашење, тука мора сите заедно да ги

поместуваме границите на хуманоста, бидејќи сите сме исти

пред Бог. На нивниот пат до Македонија има многу пречки,

многу криминални групи, многу лаги и многу ветувања. Затоа

постои малку недоверба кај нив, но кога ќе им пријдам и ќе

им кажам дека сакам да им помогнам, тие го чувствуваат тоа.

За тоа велам дека секогаш Господ ни дал две

раце, со едната да си помогнеме сами, а со

другата рака да им помогнеме на другите.

Мајките на овие деца се истоштени, болни,

имаат повеќе деца, патуваат со месеци, често

колабираат. Една млада мајка од дваесетина

години своето прво дете, ако го родила некаде

по пат, таа е уште кревка и незакрепната, уште

крвави и секако дека ѝ е потребна помош. И јас

сум мајка, баба и не може да ми биде сеедно.

Нивните судбини, нивните ликови никогаш не ги

заборавам и секогаш сум во исчекување, чекам

некој внатрешен глас да ми каже дека безбедно

пристигнале онаму каде што наумиле, нивната

порака што ќе ми стигне од далеку за мене

значи многу.

Добитник сте на наградата од граѓанската асоцијација

„Скопјанката Мајка Тереза“, како и признание за хуманост

од УНЦХР. Дали вашите блиски роднини и пријатели се

инспирирани од вас? Дали некои ви се приклучија и доаѓаат

со вас или како било помагаат?

Секој има право на свој начин да ја толкува бегалската

криза. Го ценам секое мислење, но многу луѓе што ја следат

состојбата само на телевизија сум се потрудила да ги

однесам во „Винојуг“ и лично да се уверат со состојбата,

да се дружат со бегалците и да им помагаат. Речиси сите го

смениле своето размислување. Има луѓе од мојот град, па и

од цела Македонија, кои секојдневно ми испраќаат алишта,

обувки, храна, за сѐ тоа потоа да го доставам до бегалците, на

сите сакам да им се заблагодарам. Секојдневно се обидувам

на македонската јавност да ѝ ја објаснам состојбата онаква

каква што е реално, често настапувам на трибини и говорам

дека човечкиот живот нема цена, да го зачуваме човечкото

достоинство, да го зачуваме мирот и спокојството, како во

нашите семејства, така и во целиот свет.

Вашата моментална посветеност бара од вас да ги трошите

сите атоми на психо-физичка сила со кои располагате до

крајни граници. Дали пред бегалскава криза знаевте дека

оваа ваша лична сила и потреба да помагате на другите и

правите добри дела може да земе олкави размери?

Секогаш околу мене има некој кому му е потребна помош

од поголеми или помали размери, но тоа не значи дека

и мене некогаш не ми е потребна помош. На сите ни е

потребна помош од каков било вид. Да си помагаме едни

на други. Сиромаштијата не ни е одредена судбина од Бога,

Бог не ја создал сиромаштијата, ние, народот, ја правиме

сиромаштијата, затоа што не знаеме меѓусебно да делиме.

Често им говорам на сите околу мене... Тоа што го правиш

ти, јас не можам да го правам. Тоа што го правам јас, ти не

можеш да го правиш, но заедно можеме да направиме многу

убави работи.

31

Wonder Womеn

Мерсиха Смаиловиќ - Сакам да

бидам гласот на нечујните жени

Фотографија: Жарко Чулиќ

Г-ѓо Смаиловиќ, го почнуваме разговорот во најлошите

денови од бегалската криза. Балканската рута е затворена

и илјадници бегалци се во безизлезна ситуација. Каква е

моменталната состојба и што преземате на дневна основа?

Навистина се наоѓаме во тешко време, во време на погрешни

одлуки и договори. Би рекла дека ова се најлошите денови

за хуманоста! Моменталната состојба е очајна, граничи со

депресија. Имаме заглавени 1.500 бегалци во Транзитниот

центар во Табановце и 12 бегалци во „Винојуг“, Гевгелија.

Тие се веќе три недели заглавени, во земја што за нив е

само транзитна земја, во супсидијарни услови, во камп што

е предвиден за 30 минути задржување. Нивните потреби од

храна и облека се задоволени од разните организации што

се присутни таму, како и „Легис“, што дневно дели 1.500

топли оброка, како и хигиенски и други средства што им се

потребни на бегалците.

Велат дека кога споделуваш лична сила со другите, таа те

лекува и поттикнува други да го прават истото. Како почна

вашата приказна со „Легис“ и колку време сте дел од ова

граѓанско здружение?

Хуманитарната работа е работа на душевна сатисфакција,

посебно кога тоа го работите доброволно и со многу

љубов. Јас сум еден од основачите на „Легис“ и приказната

почнува во 2009 година. Зад себе „Легис“ има големи

интернационални хуманитарни проекти, а за мене посебно

важна е Хуманитарната мисија во Сомалија во 2011

година. По собраните парични средства од граѓаните во Р.

Македонија, заминавме во посета на најголемиот бегалски

камп „Дадаб“, што е „дом“ за милион бегалци.

Сигурно сте сведок на многу потресни глетки, судбини

и ситуации. Како по сето тоа функционирате кога ќе

се вратите од бегалските кампови? Ве прогонуваат ли

детските лиценца? Имате ли сѐ уште верба во хуманоста и

човечноста?

Будно ги следам сите случувања во Блискиот Исток и

пошироко и точно знам од каков терор бегаат тие. Со

сретнувањето на првите бегалци во Македонија, во ноември

2014 година, едноставно животот добива друга димензија.

Ние не сме хуманитарци кои само им даваат храна и

заминуваат, ние комуницираме со нив, сочувствуваме со

нив. Но, на крајот е тешко да го носите сето тоа бреме од

срцекршачки приказни и да се вратите во својот топол дом

и кај семејството, за да продолжите да живеете нормално.

Поголемиот дел од кризата ја поминав во својата втора

бременост и навистина беше тешко кога бев сведок на

спонтани абортуси кај изнемоштени бегалки или бегалки

кои беа во доцните периоди на бременоста и на екстремни

температури, со огромен багаж на својот грб, се движат

без приговарања. Или, доколку се породат, по два дена

заминуваат веднаш.

А децата и нивните погледи полни со надеж ве прогонуваат и

во сон, никогаш не го заборавате нивното силно гушкање по

давањето чоколадо или искреното „благодарам“, а со толку

малку можете да ги направите среќни.

Она што ја направи оваа криза посебна е човечноста кај нас,

обичните граѓани. Граѓаните во Македонија, и покрај своите

скромни примања, успеаја да покажат голема солидарност и

мобилност во помагањето на овие кутри и напатени луѓе. Но,

глобалната политика е сурова и граничи со фашизам.

Ве погодуваат ли предрасудите што кружат околу целата

ситуација со бегалците, особено од луѓе што никогаш не

биле на терен? Цели семејства поминуваат низ голгота,

колку активисти моментално има на терен?

32

Wonder Womеn

Покрај солидарноста што се разви кај нас во Македонија,

секако пречеше и развиената ксенофобија што се шири

секојдневно. Сите стравови беа неосновани! Се обидуваме

постојано низ социјалните мрежи да пренесуваме приказни

и фотографии од терен, да ги запознаеме граѓаните со

светска трагедија. Кога ќе го видите стравот во нивните

очи, измешан со надежта за подобар живот и стремежот

тоа да се постигне, едноставно добивате потреба да бидете

нивниот глас во јавноста, да ги побиете сите тие невистини

и предрасуди за нив. Но, медиумите, што го разгоруваат

стравот, продолжуваат со своите негативни вести и

прикажувањето на бегалците во лоша светлина.

Низ целата бегалска криза, огромен број граѓани се

приклучиле во нашата организација, со цел да им помогнат

на бегалците. Имаме 22 постојано ангажирани активисти

во двата кампа, како и во седиштето во Скопје, и голем

број волонтери. Тимот на „Легис“ е вистинската слика на

мултикултуралната Македонија. Граѓани од разни нации,

вери, политички ориентации, градови, се втопени во една

максима: Да им помогнеме на бегалците.

Најдобар начин да се пронајдеш себеси е да се загубиш

помагајќи на другите. Кога ја забележавте вашата потреба

и желба да им помагате на другите. Имате ли поддршка од

семејството, најблиските?

Велат дека карактерните особини најмногу се градат во

детството, па така и во моето детство се случи војната во

Босна и Херцеговина. Додека децата пред спиење го чекаа

мечето Ушко, ние ги чекавме вестите, за да видиме дали

нашите блиски роднини се живи. Нашиот дом беше и дом

за бегалците од БиХ и Косово, кои беа непознати за нашето

семејство. А сепак, моето семејство ги отвори вратите за

сосема непознати луѓе. Таа добрина што ја покажаа моите

родители, пред своите деца, мислам дека беа клучниот

момент да се чувствувате повикани да им помогнете на сите

луѓе кои имаат потреба.

Ништо од активностите што ги правам не би можела доколку

не е поддршката од моето семејство. Посебно од мојот

сопруг, Јасмин, кој не само што ме поддржува во тоа што го

правам туку и ме поттикнува кон поголеми подвизи. Среќна

сум што имам прекрасни родители и брат и сестра, кои се

случувало и да ја чуваат постарата ќерка со денови, ако

морам да заминам надвор од државата или кога сум повеќе

од осум часа на терен. Навистина семејството и семејните

вредности што сè уште се негуваат на Балканот се вистинска

благодат за секоја активна жена. :)

Вистинска инспирација сте за многу жени и изразена

активистка за еманципација на муслиманската жена, како

и нејзина заштита од каква било дискриминација. Каква е

моменталната состојба во нашата држава? Маргинализирани

ли се муслиманските жени од институциите, средината и

сл.?

Ви благодарам за овие убави зборови. Навистина се трудам

секојдневно да бидам добар пример за моите две ќерки,

Далија и Амелија, како и за сите жени кои ме опкружуваат.

Сакам да бидам гласот на нечујните жени. Сакам да ги

поттикнам да бидат горди на својата женственост и улога

што ја имаат во општеството. Честопати сум одржала и

предавања во скопските џамии, каде што комуницирам со

жените, ги уриваме стереотипите кои велат дека исламот е

тој што ја уназадува жената. Исламот е токму спротивното,

но Балканот е место, каде што традицијата игра клучна

улога во ставањето на жената во една кутија и велејќи

дека тоа е она. Состојбата со жената-муслиманка не е на

завидно ниво, но добива тенденции на подобрување. Тие се

едуцираат и еманципираат и стануваат горди на улогата што

ја имаат. Без разлика дали е тоа улога на „само“ мајка или

домаќинка. Сепак, нејзината застапеност во институциите не

е воодушевувачка. И тоа е поле на кое мора да се работи. Јас

сум една од големите заговарачи дека треба да истапиме и

да го земеме самите своето место во општеството, а не да

чекаме некој да ни го даде.

Носител сте на многу промени. Со секој свој став и со секое

дејствување ги уривате стереотипите за муслиманската

жена. Активно сте учествувале на безброј хуманитарни

акции и проекти, како на национално, така и на

интернационално ниво. Од сите овие промени кон подобро

во различни сфери, што ги имате постигнато, која ви е

најмила, некоја на која сте особено горда?

Мојата прва голема промена е ставањето на марамата на

својата глава, поради која и станав единствената покриена

студентка на Правниот факултет во Скопје. Тоа беше голема

промена за мене, но и за факултетот, кој ова промена ја

прими прекрасно. Но, посебно сум горда на иницијативата

што ја почнав во 2007 година, кога барав измени во Законот

за лична карта/пасош и др. во кој ни беше забрането да се

фотографираме со марама во сите лични документи. Акцијата

беше успешна и МВР го смени и Законот и Правилникот и

оттогаш 50-годишната неправда конечно беше укината. А

тука се лобирањата, многубројните состаноци, интервјуа

одржани во мај и во јуни 2015 година, со пратениците

и министрите од власта, каде што ги убедувавме да ги

усвојат измените во Законот за азил, со кој конечно ќе им

се дозволи легален транспорт низ Македонија. Притисокот

доаѓа од разни страни и организации, да бидам присутна во

Собранието на 28 јуни, кога Комисијата даде дозвола за овој

закон. Овие две промени имаат позитивен и траен импакт врз

илјадници луѓе, затоа сум посебно горда на нив.

Ако цел свет молчи, дури и еден глас, со верба во него,

може да биде многу моќен двигател. Што се вашите следни

активности? Што би им порачале на луѓето што имаат желба

или можност да помогнат на другите?

Многу убаво кажано. Токму така, секој глас е важен.

Моментално, сите активности ни се посветени на

бегалската криза. На трудничко боледување сум од својот

професионален ангажман (правен консултант), но не и од

сите други. За сите луѓе кои имаат желба да помагаат, би

им порачала активно да се вклучат! Можеби некое мало и

безначајно дело за нас, некому може да му ја врати вербата

во човештвото. Никогаш не потценувајте ги добрите дела,

колку и да се мали. „Бидете промената што сакате да ја

видите во животот.“ Така и вие бидете позитивната промена

во нечиј живот.

33

Passport control

САКАМ МОЈОТ СИН ДА БИДЕ ГОРД

НА НЕГОВОТО МАКЕДОНСКО И

АФРО-АМЕРИКАНСКО ПОТЕКЛО

Колку навистина ви недостига родната земја

сфаќате тогаш кога сте далеку од неа. А сте

помислиле ли како ја доживуваат Македонија

оние што во неа поминуваат неколку месеци

или години? Уживајте во престојот!

Пишува: Тања Тодоровска

Каква е приказната зад вашето доаѓање во Македонија?

Го запознав мојот сопруг во 2009 година. Двајцата работевме

во Ирак. Се вљубивме, се венчавме и сега имаме син, Ноа.

Дали Скопје ве потсетува на вашето родно место?

Скопје не ме потсетува на Чарлстон, но колку и да звучи лудо,

мојата свекрва ме потсетува на мојата баба. Таа е одлична

готвачка, се грижи за сите, позитивна е и ми дава огромна

поддршка. Воедно, почнав да пеам во Скопскиот госпел хор

и се чувствувам како дома... тоа е музиката со која пораснав.

Животниот ритам тука е побавен, што ми одговара. Ме

збунува како градот е речиси празен во периодот на годишни

одмори од јуни до август. Луѓето возат преагресивно и лудo.

Имате ли омилен дел од градот што го посетувате често?

Во Порта Влае е моето омилено кафуле, „Баду бар“. Ја сакам

атмосферата, пијалаците се фантастични, персоналот и

сопствениците се гостопримливи, а хип-хопот е како дома.

Воопшто не се чувствувам поразлично кога ќе влезам внатре.

Што ви пречи најмногу тука? Употребата на зборот на „Н“

(nigger или nigga) ми пречи многу. Многу е навредлив и

навистина не е во ред. Би сакала луѓето да се едуцираат

повеќе за тоа. Би сакала да не е толку застапен во музиката

и филмовите како што е, но луѓето мораат да разберат дека

иако е употребуван од мала група луѓе (рапери и забавувачи)

не значи дека е во ред да се употребува. Постои голема

болка и навистина лоши нешта зад тој збор. Јас лично не го

употребувам никогаш – ниту кога зборувам во мое име, во

името на моето семејство или пријателите.

Кое е вашето омилено јадење?

Навистина е тешко да кажам – обожавам бабури и сутлијаш.

Мојата свекрва е најдобриот готвач во Македонија!

Дали учите македонски јазик?

Се обидував и се обидувам сѐ уште, но тешко ми е. Можам

да го пишувам и да го читам, но ме убиваат милијардите

правила. Сепак, подобро ми оди откако го имам синот.

Дали сакате вашето дете да научи македонски јазик и дали

планирате тој да посетува традиционална македонска

градинка, а потоа и училиште?

Дефинитивно! Јас сум единствената што му зборува англиски

на мојот син дома. Сега тој посетува приватна градинка,

Име и презиме: Паула Купер Трајковски

Професија: Истражувач во американска амбасада;

сопственик на онлајн-бутик www.breeandzay.com

Матична земја: САД, Чарлстон, Јужна Каролина

Во Македонија од: јуни 2012

бидејќи мене ми е неопходно да можам да комуницирам на

англиски јазик. Но, тоа може со сигурност да се промени

во иднина. Сакам мојот син да биде горд на неговото

македонско и афро-американско потекло.

Со оглед на тоа што нема многу жени со африканскоамериканско

потекло во Македонија, претпоставувам

дека сте лесно забележлива. Дали тоа значи подобра

комуникација и еден отворен, пријателски пристап од

луѓето или, пак, нештата се поинакви?

Најпрвин, дозволете да кажам дека сум среќна што живеам

тука – поголемиот дел од луѓето сакаат да ја дознаат вашата

приказна, зошто сте тука, и се многу гостопримливи. Но,

повторно, морам да бидам искрена дека го разбирам

загледувањето од една страна, но од друга страна долгото

зјапање, покажување со прст и смеење? Тоа воопшто не

е во ред. Сум среќавала луѓе што ми кажуваат ужасни

нешта на македонски, мислејќи дека не ги разбирам. На

почетокот воопшто не сакав да излегувам, бидејќи не можеш

едноставно да го исклучиш светот околу себе, но сега или ги

игнорирам или се справувам со ситуацијата.

Дали ја сакате македонската музика?

Ја обожавам традиционалната македонска музика што се

свири на свадбите. Мојата омилена македонска песна е

„Бело лице“, а омилено оро ми е пајдушко.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Моја Борба

Наташа Деспотовска Димитриевска

Животот со

дијабетес е

контролиран и

дисциплиниран

режим без

компромиси

Пишува: Тања Тодоровска

Фотографија: Жарко Чулиќ

Шеќерната болест или, стручно кажано, дијабетесот е

хронично, системско нарушување на метаболизмот. Се

манифестира со трајно зголемување на шеќерот во крвта, а

во зависност од причинителите, постојат три типа дијабетес:

дијабетес тип 1, што се јавува најчесто кај деца, тинејџери

и општо кај младите луѓе, а може да биде автоимуно

заболување со можна генетска предиспозиција. Кај овој

тип дијабетес панкреасот создава малку или воопшто не

создава инсулин. Потоа, дијабетес тип 2, што претставува

најчеста форма на дијабетес и кај кој панкреасот создава

инсулин, но во количества што не се доволни за потребите

на организмот, и гестациски дијабетес, што се јавува во кој

било периодот на бременоста кај 2 до 4% од трудниците.

Во Македонија, статистичките податоци велат дека 35.000

луѓе примаат инсулин, од кои 32.000 имаат дијабетес тип

2, а 3.000 тип 1. Алармантно е тоа што од година во година

се зголемува бројот на деца кои имаат дијабетес на возраст

од една до четири години или, поточно, се дијагностицира

дијабетес тип 1 кај 30 до 40 деца годишно во РМ (2015 – 38,

2014 – 32, 2013 – 24 деца).

Наспроти ваквата тенденција на раст, дијабетесот кај

децата е тема за која ретко се зборува и пишува. Но,

токму актуализацијата на оваа тема, откривањето на

причините, симптомите и начините за нејзино третирање

се едни од носечките фактори во подигнувањето на

свеста и справувањето со дијабетесот кај децата. Наташа

Деспотовска Димитриевска е мајка на две деца – 13-годишна

ќерка и четиригодишен син. На синот, на само една година и

два месеца, му е дијагностициран дијабетес тип 1 и оттогаш,

како што и самата вели, настанала коренита промена не

само кај него туку и во целото семејство.

Наташа, најнапред да ви се заблагодарам што без

размислување прифативте да ја споделите вашата приказна

со нас и со нашите читатели, особено имајќи го предвид

целосно подредениот распоред на еден родител на дете

со дијабетес. Денес, ваквата дневна организација кај вас е

доведена во беспрекорна рутина, но сигурно дека ваквата

поставеност не беше иста од почетокот, по откривањето

на дијабетесот кај вашиот син. Како реагиравте при

соочувањето со лошите вести и дијагнозата?

И ден-денес, кога ќе се присетам немам соодветен збор да го

опишам тој понеделник на деветти јули 2013 година. „Шок“

е збор што ни приближно не го дава точниот опис. Десет

дена пред тој датум Михаил го вакциниравме со вакцината

ММР (сипаници, заушки и рубеола) и ни беше речено да

чекаме „стандардна“ реакција – можен исип по телото или

повишена температура. Точно седум дена по вакцината,

Моја Борба

беше петок, Михаил (тогаш имаше 14 и пол месеци), наместо

температура, одеднаш стана некако папсан, нерасположен,

жеден. Во саботата и неделата тие симптоми станаа уште

поизразени и веднаш телефонски се консултиравме со

неговиот педијатар, еден извонреден човек д-р Митка

Тренчева, која веднаш, според симптоматологијата, нѐ

посоветува во понеделник да дојдеме и прво да го провериме

шеќерот во крвта (гликемијата). Таа информација ја примив

колку со скепса, толку и со страв, ама сепак, некако ми

остана како мала можност. Кога утрото во понеделникот во

поликлиниката „Јане Сандански“ ја измеривме гликемијата

и кога гликомерот, апаратчето со кое се мери гликемија,

двапати покажа 18,7 и 18,9 ниво на шеќер во крвта и тоа

на гладно – крвта ми се замрзна, снемав воздух. Ме обзема

целосно страв, а секој поглед кон детето и секој допир со него

ми го корнеа срцето, душата... Што да ви опишам. Веднаш

нѐ упатија на Детската клиника. По улицата „Железничка“,

среде пладне, возев во контраправец – тоа со сопругот го

забележавме дури кај семафорите на „Водњанска“ – не знам

како не направиме сообраќајна несреќа, поголема беља. На

Клиниката нѐ прифати д-р Гучев и така почна нашиот живот

со дијабетесот.

Постојат различни фактори што можат да доведат до

дијабетес тип 1 кај децата, а се манифестира со зголемен

апетит, но придружен со слабеење, често мокрење и

зголемена консумација на течности. По кои сигнали

решивте дека треба да појдете на лекарски испитувања?

Дијабетесот тип 1, што ја погодува исклучиво младата

популација, е автоимуно заболување. Но, тригерот, во нашиов

случај, беше вакцината ММР (во чиишто контраиндикации

јасно е назначен и дијабетесот милитус тип 1). Ја поседуваме

целокупната медицинска документација за здравствената

состојба на Михаил пред вакцината, неговата општа

здравствена состојба, лабораториски наоди и слично.

Нема ни трага од симптоми на дијабетес. Кај Михаил тие

симптоми се јавија во рок од три дена, а точно седум дена по

примањето на вакцината. Како што секоја мајка најдобро си

го познава детето, ги знаеш навиките, режимот на исхрана,

спиењето, однесувањето. И сега, кога одеднаш ќе согледаш

дека не сака да јаде, дека пие само вода, дека се поти, дека

мокри повеќе од вообичаено, дека е поспано и слично,

логично е веднаш да реагираш – нема тука негодување,

да видам, да причекам, да прашам – преземаш акција и

точка. Кога во саботата вечерта некако состојбата му стана

малку подобра, односно си лапна една кашичка, малку се

успокоив и помислив дека тоа што било во текот на денот

веројатно е резултат на некакви поствакцинални симптоми.

Сепак, не сум медицинско лице. Но, кога се повтори и во

неделата – немав дилема – во понеделникот рано наутро

бевме први на лекар. Кај нас беше специфично што само

три дена, ама буквално три дена ја имавме класичната

симптоматологија на дијабетес, за разлика од стандардното

правило дека тие симптоми знаат да траат со месеци пред да

се дијагностицираат, а дотогаш немавме никакви симптоми.

Детето си јадеше сѐ, беше супер, напредуваше одлично во

раст, во тежина, беше прашање на ден кога ќе се пушти да

прооди сам. Ама одеднаш се случи ова како гром од ведро

небо.

Дијагнозата и состојбата подразбираат строго определена

употреба на лекови, хируршки прецизно зацртани

оброци и мерење на шеќерот на дневна основа за да се

одреди количеството инсулин што треба да се инјектира.

Ваквата 24-часовна грижа за вас значеше и жртвување на

кариерата. Како вашето синче одговара на ваквиот режим и

начин на живот, имајќи предвид дека неговите врсници се

темпераменти, па дури и бунтовни на таа возраст?

Животот со дијабетес е режим, дисциплиниран и

контролиран. Нема мрдање, нема компромиси. Кога бевме

на клиника (лежевме само два дена), ве обучуваат околу

давањето на терапијата, односно инсулин, и за гликемиските

контроли, како и за изборот на храна. Но, тоа всушност е

ништо во споредба со реалноста што ја живееме со оваа

подмолна болест.

37

Прво, лекарот може рамковно да ја одреди дозата на

инсулин, но точно колку и како треба да се дозира инсулинот

одредува родителот. Искуството досега ме подучи дека

дијабетесот е строго индивидуална болест, исто како и

неговата контрола. Она што е добро за моето дете, некој

оброк или доза или вид на инсулин, не значи дека е добро

и за друго дете. Секој дијабетичар различно реагира – нема

изедначување. Кој мисли или прави така само влегува во

тежок проблем.

Бидејќи тип 1 е инсулин зависен дијабетес, добивме два

вида инсулин – брз, со ефект од четири часа, и бавен или

базален инсулин со ефект од 24 часа. Лекарот определува

приближна доза од двата инсулина и дава саатница за

дозирање – брзиот инсулин пред секој оброк (појадок, ручек,

вечера), а бавниот двапати дневно (наутро и пред спиење).

И се разбира, те предупредува на најстрашното нешто кај

дијабетесот – хипогликемијата, односно падот на шеќерот

во крвта, како последица на повеќе инсулин од потребното,

а со чијашто состојба се паѓа во хипогликемична кома. Ако

тогаш не се реагира експресно, комата може да заврши

со најстрашното. Затоа ни дадоа и инјекција од глукагон

(хормон што го ослободува шеќерот од ткивата) во случај

на хипогликемична кома. Потоа купивме тефтер што со

сопругот го испоцртавме со рубрики – час, гликемија, доза

на инсулин, вид на храна, расположение. Таа евиденција

ја правевме околу девет месеци – секојдневно. Седум до

осум пати мерење гликемии, минимум петпати боцкања за

инсулин, оти често мораат да се прават и корекции. Што

да речам – сум ги бацувала ноќе тие мали прстиња, а боли

душава, рика од болка.

Тргнав од нула, минав пекол, не знам дали ќе ми верувате,

ама оттогаш до ден-денес во просек спијам четири часа. Не

знам колку ноќи имам непроспиено. Ми помага и сопругот,

но и тој признава дека главниот товар го понесов јас. Сѐ

уште немам право да барам работа – ниту можам, ниту има

кому да му ја препуштиш грижата на детето. Денес, по две и

пол години станав експерт за дијабетес, маката си го прави

своето – се навикнувате на сосем нов живот ако сакате

вашето дете да израсне, да има шанси, да има свој живот.

Секоја мајка го сака само најдоброто за своите деца – под

тоа секако влегува и доброто образование. Сметате ли дека

образовните установи можат да одговорат со соодветни

услови, почнувајќи од соодветни оброци, па сѐ до целосно

прифаќање на дечињата со дијабетес тип 1?

Направивме обид за градинка, ама заврши неуспешно.

Кога им кажав на учителките во градинката дека детето

ми е дијабетичар и дека за прво време доволно е само по

два, три часа да останува за да можеме чекор по чекор

да продолжиме понатаму, повеќето од нив, од директор,

медицинско лице, учителки, негувателки... се извадија од

памет. Преку општината свикаа некаква комисија – небаре

детето ми е заразно – па, потоа ми кажаа дека донеле одлука

за еден час помалку престој со напомена дека тие не можат

да се грижат за детето, бидејќи е дијабетичар, па јас со него

да сум престојувала. Страшна дискриминација! Што да каже

човек... еј, во 21 век ли живееме? Кај нас нема предучилишни

установи обучени за вакви состојби, сѐ е оставено на

снаоѓањето на родителите. Секако, би ја искористила

можноста да им сугерирам на овие образовни, односно

социјални установи, да си ги сменат статутите или оние што

ги составиле, а каде што стои дека децата со дијабетес се

прифатливи за нив.

Знам дека горе-долу слична дискриминација нѐ очекува и

на училиште, ама таму нема да имам толеранција. Нема да

дозволам наставниците да ми го малтретираат детето и да го

испраќаат по ходници и вецеа да ја прими својата инсулинска

терапија. Се надевам дека Михаил ќе продолжи со навиките

што веќе ги има прифатено или можеби ќе се смилуваат

нашиве институции, па ќе зголемат број на пумпички за

инсулин што децата можат да ги користат како побезбеден

начин. Не знам, ќе видиме како ќе биде, во секој случај,

институциите, какви што се сега, воопшто не ги сметам како

некаква можна потпора.

Знаете како велат, забранетите нешта секогаш се

најпосакувани, а сигурно ваквата желба е уште поголема кај

децата кои некако природно функционираат по правилата

на реверзибилната психологија. Дали досега сте се нашле во

ситуација на забранување слатки, избегнување на одредени

типови производи и слично?

Знаете, кај малите дечиња во сето зло со дијабетесот, доброто

е што се мали и не разбираат, па бидејќи допрва учат преку

воспитувањето на родителите, шансите да им изградите

навика се многу поголеми отколку кога се повозрасни. Мојот

син, сега веќе може да јаде сѐ, нормално „заштитен“ со

инсулинот што точно ќе му го дозирам, ама среќна околност

е што нема навика, ниту, пак, манифестира некоја посебна

потреба од чоколади, сладоледи, а пак воопшто да не

зборувам за други видови слатки. Просто, не го интересираат

во онаа мера во која вообичаено одат тие производи кај

децата. Нормално, како и секое дете, кога ќе види друго кое

јаде нешто слатко, бара. И му давам. Инсулинот е токму за

тоа, нели? Кога станува збор за слатки јадења, овошјето ни е

примарно. Му давам и сокови, затоа што ги бара, без додаток

на шеќер, а разблажени со вода, во зависност од гликемијата.

Кога му е гликемијата ниска, сега веќе е поголем, и иако не

знае да опише што чувствува (вообичаени симптоми при

хипогликемија се чувство на страв со забрзано чукање на

срцето, сонливост, слабост, потење) – бара сок. Природните

шеќери, барем во нашиот дијабетес, не се проблем.

Освен личната посветеност и соочување со ваквата состојба

со вашиот син, вашиот активизам во подигнување на свеста

и едукација за сѐ она што претставува дијабетесот не

престанува тука. Член сте на „Баланс Мк“ – Асоцијација за

детски дијабетес. Какви се вашите активности во рамките на

асоцијацијата и која е целта на истата?

Се бориме најмногу преку едукација на новите во „клубот“.

Кога ни се случи дијабетесов, уште на почетокот открив дека,

на пример, кај мали деца доза на инсулин што се разликува не

во единица, ами во 0,5 единици, е исклучително важна, а кај

нас сѐ уште државата не им дава посебни инсулински пенкала

на децата со кои би можеле да дозираат половина единица

инсулин. Михаил, иако веќе потпорасна, таа половина единица

инсулин многу му дејствува на нивото на шеќерот во крвта. И

го сметам за голем личен успех залагањето преку „Баланс“ да

се донираат од страна на „Новонордиск“ – Македонија такви

дигитални пенкала на Детската клиника. Исто така, открив

дека џабе е добра исхрана, ако немате соодветна гликемиска

контрола – појдовна точка од која зависи дали ќе имате добар

38

шеќер. Е, сега, на пример, веќе втора година по ред, фондот,

односно државата, ни набавува гликомери „медсајн“, што

се вистински технолошки отпад, бидејќи воопшто не мерат

точно. Иако сите дијабетичари се жалат, плачат, нема кој

да нѐ чуе. Од иста капка крв, оној гликомер што ни следува

мери 20 гликемија, а оној за кој самите купуваме ленти мери

9. Замислетe што значи тоа за еден дијабетичар – колку

инсулин е потребно да стави и како да пресмета? Замислете

како им е на оние новите во светот на дијабетесот кај нас,

особено за малите деца. Не дај боже некој да падне во тешка

хипогликемична кома. Страшно!

Затоа, засега секој се снаоѓа како знае и умее – јас користам

и друг вид гликомер, а лентите за него ги набавувам или со

помош на други дијабетичари или, кога нема, од аптека.

Едно кутиче ленти од ова второ апаратче е 900 денари за

педесет ленти што ги трошиме, со штедење, за една недела.

Сега, Министерството за здравство најави нов тендер, полош

од претходниот со понеквалитетни инсулини и со истите

гликомери – и ние имаме намера овој пат да ги запреме да не

нѐ третираат како експериментални животни. Пред неколку

месеци формиравме и ново здружение БУВ, а со единствена

цел за заштита и едукација на дијабетичарите во Македонија.

Во моментов, сета активност преку здруженијата за дијабетес

во државата е насочена кон недостигот на инсулин. Инсулинот

за дијабетичарот е живот и вакво нешто е недозволиво дури

ни во земјите од третиот свет.

Вашиот личен случај е доказ за тоа дека дијабетесот не го

засега само оној што директно се справува со него туку и

сите членови од семејството. Како ваквата состојба влијае

врз поединците од семејството, особено врз вашата постара

ќерка? Каква порака би им испратиле на семејствата кои се

соочуваат со иста или слична проблематика?

Жртви се потребни од секого, особено кога станува збор за

мало дете, како во нашиот семеен случај. Мајката го презема

најголемиот товар, ама тоа не значи дека одговорности нема

и кај другите. Си помагаме, што да ви речам, некој пат ќе се

испокараме, децата мораат да се воспитуваат, некогаш ќе

се утешиме, ама никогаш не нѐ напуштила волјата дека ова

искушение мора да се прифати и да се бориме со него и ќе

го поминеме онака како што треба да се помине. Марија,

мојата ќерка, иако од братот ја дели разлика од десет години

е секогаш тука кога ми треба, двајцата се мошне поврзани,

се обожаваат така што немам некој проблем. Таа е онаа што

кога ќе заборавам, ќе ме потсети: ќе мине, ќе се најде лекот и

сѐ ќе биде супер, џабе се нервираш. Од ова детско и наивно,

има ли нешто поискрено, повистинито?

Тоа е тоа што би им го препорачала на сите родители: верба

и надеж! И многу љубов!

За крај, би ве прашала која е главната мисла што ве води

напред во соочувањето со состојба како што е дијабетесот

тип 1, за која знаете дека нема лек? Како родители и како

семејство, како се трудите да му помогнете, да го насочите

вашиот син на патеката во животот во која ќе знаете дека

нема да пропушти ништо, ќе расте и ќе се развива како и

неговите врсници и едноставно – ќе научи да живее со

дијабетесот како нераскинлив дел од себе?

Најважно од сѐ, според моето искуство, е волјата, искрената

и силна волја да се победи проблемот не преку негово

занемарување, туку со негово прифаќање, при што го

сведувате во рамки на нормалност. И што е најважно, да го

воспитате детето дека тоа не е хендикеп, туку една состојба

што ништо не менува во однос на неговиот живот, амбиции,

стремежи. Искрено, светот, особено западниов, на полето

на дијабетесот е отиден светлосни години пред нас овде.

Ние дури се враќаме назад. И навистина се надевам дека

овие наши деца ќе имаат среќа во некоја блиска иднина да

ги користат придобивките на науката што граби напред и во

областа на дијабетесот.

39

Портрет поддржува македонска уметност

„COLORFUL“

МАЈА СТЕФАНОВСКА

40

41

Фотографија: Жарко Чулиќ

ЖИВОТНИ ЛЕКЦИИ СО

ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ

НИЗ МОИТЕ 44

ГОДИНИ НАУЧИВ…

За моите 44 години научив... дека само вложувањето на

максимален труд во она што го правиш на секое поле, на

крајот ќе ти даде душевен мир и мирен сон без разлика на

крајниот резултат.

Да си синоним за квалитет во македонската кошарка

значи... да те признаваат и за тоа што си, а не само за

тоа што си го освоил. Сметам дека едното со другото оди

заедно, дека доколку ги немаш и обете работи, едноставно

не си комплетен играч и комплетна личност.

Кога мислам на Литванија 2011 да... можам да ги вратам

моите години, па да бидам дел од екипата. Во секој

случај, им благодарам на сите момци што ми го остварија

кошаркарскиот сон.

Дека енергијата и времето што го вложив за да се подобри

моменталната ситуација во кошарката... не се залудни,

ниту, пак, ќе престанам да ги вложувам, без разлика дали

некој го бара тоа од мене или не, го признава тоа или не.

Едноставно, сакам да го правам тоа и секогаш ќе наоѓам

мој начин да помогнам.

Да ја сакам кошарката затоа што... животното и лидерското

искуство што го стекнав во кошарката е многу применливо

и е предност и во светот на бизнисот. Зашто е животно

школо. Море, не школо, факултет. Секојдневен напор на

тренинг, секојдневна борба и докажување и конкуренција

со соиграчи и противници. Затоа што ме научи на труд, на

дисциплина.

Дека фер плеј во бизнис-водите е/не е ист со оној во

спортот... Верувам дека е ист. Едноставно, мораш да

ги почитуваш конкурентите за да те почитуваат и тебе.

Секогаш ќе има исклучоци, но мораш да се справиш и со

такви ситуации.

42

Дека вложување во осигурување е инвестиција... во

сигурна и безбедна иднина на себеси и на најблиските,

кога нешто несакано ќе се случи сепак сѐ да биде во ред.

На службен пат никогаш да не тргнувам без... Најчесто без

автомобил. :) Многу често возам, иако релациите се мошне

долги, околу 1.000 километри во еден правец. Многу често и

сам, што ми дава доволно слободно време да размислувам

за многу работи.

Да ги мотивирам моите колеги

со... тоа дека успехот е нивен, а

одговорноста е моја.

Да избегнувам... Неконструктивни конфликти што ти ја

одземаат позитивната мисла и енергија. Едноставно, со

некои луѓе колку и да се трудиш да се разбереш или да ги

промениш е невозможна мисија.

Секогаш да настојувам моето дете да... знае дека за сѐ

треба да се избори сам, дека треба да проба сè и да вложи

максимален труд за да ја постигне целта. Така ќе знае дека

постигнатиот резултат и знаењето се само негов личен

успех и никој не може да му ги одземе и да му ги оспори.

Пресреќни сме што Тео засега одлично го применува тоа и

во училиштето и во кошарката.

Да бидеш сопруг на жена со исклучителна кариера

значи... голема гордост. Успехот на Маја е многу поголем

од она што го има остварено како професионална кариера,

затоа што успеа да ме издржи со спортот, да ме поддржи

и да ми помогне каде да се насочам по кошарката, да

биде прекрасна мајка и сопруга, а притоа да ја изгради и

својата кариера како исклучителен и меѓународно признат

експерт во својата област. Од друга страна, треба да имаш

разбирање и да прифатиш дека нејзините професионални

предизвици ги надминуваат твоите. Да бидеш добар

слушател, да дадеш и да прифатиш совет. Да не дозволиш

проблемите од работа да ти се вселат дома и да влијаат

негативно на семејниот живот. Се надевам дека сум

успешен во тоа.

За позитивна енергија во еден колектив најважно е...

тимскиот дух. Единствениот пат до успехот е остатокот од

тимот!!!

Секогаш кога имам можност да... одам и да го гледам Тео и

другарите на тренинг или да тренираме и сами. Едноставно,

нивната сè уште чиста љубов кон кошарката максимално ме

опушта и ме прави среќен. Втората можност е да го јавнам

моторот и да возам, возам, возам...

Галерија

КОГА РАБОТАТА Е ЖИВЕЕЊЕ НА СОНОТ,

А СОНОТ Е ДИЗАЈН НА ЧЕВЛИ,

ЧЕВЛИТЕ МОРА ДА СЕ

„МАНОЛО БЛАНИК“

Пишува: Џејлан Рустемоска

Дај ѝ на жена добар пар чевли и ќе го освои светот“,

рекла Мерилин Монро. И навистина. Ако Пепелашка

е примерот од бајките дека пар чевли можат да ти

го сменат животот, секоја жена ќе потврди дека во најмала

рака умеат да ти го сменат денот и да те направат среќна.

Елегантни или секојдневни, кожени или платнени, рамни или

на штикла, дајте ни ги сите! Всушност, не мора баш сите,

но тешко дека ќе најдете жена што би одбила пар чевли

„Маноло Бланик“, што го носат името на мајсторот кој успеа

соништата на жените од најразлични страни на светот да ги

стави на нивните стапала.

„Ако Господ сакаше да носиме само рамни чевли, немаше

да го создаде Маноло Бланик“, вели Александра Шулман,

главен уредник на британскиот „Вог“, весникот што во

седумдесеттите години му ја даде честа на Маноло Бланик

да биде првиот маж што ќе се појави на нивната насловна

страница. Денес е еден од најуспешните дизајнери на

чевли во светот, а неговата слава значително порасна

благодарение на култната серија „Сексот и градот“, во која

неговите чевли може да се каже дека беа петтиот главен лик

и скапа утеха за бурниот љубовен живот на Кери Бредшо.

Кариерата на Маноло Бланик брои 43 плодни години, а

патот до успехот, како што вели самиот во многубројните

интервјуа, е долг и необичен. Роден е во Санта Круз де Ла

Палма на Канарските Острови во 1942 година и е од мешано

потекло, од татко Чех и мајка Шпанка. Детството го минува

на семејната плантажа за банани, од каде што потекнуваат

и неговите културни корени. Канарските Острови во

четириесеттите и педесеттите години се далечно, изолирано

место, што влијае врз развојот на неговата личност, правејќи

го интровертен љубител на литература и филмови, што

подоцна низ животот ќе му бидат неисцрпна инспирација за

уникатните и толку посакувани модели. Постои легенда дека

уште како дете од обвивките на бонбоните им правел чевли

на гуштерите во градината. Отсекогаш наоѓал необична

убавина во екстремитетите, но до доцна не знаел дека

чевлите ќе му бидат судбина. На инсистирање на татко му

заминува во Женева да студира меѓународно право, но по

првиот семестар се откажува и се префрла на книжевност.

И таму не се пронаоѓа и заминува во Париз да студира

уметност, сакајќи да ја искористи креативноста и вештите

прсти што ги наследил од мајка му, работејќи со главата

и рацете во исто време. Париз, и покрај сета убавина,

не успева да допре до него, како што тоа ќе го направи

Лондон, следната дестинација, чијашто возбудлива визуелна

традиција ќе го натера конечно да се закотви. Но, за да биде

она што денес претставува во светот, заслугата им ја придава

на вистинските жени кои имал среќа да ги сретне. Меѓу нив

и Дајана Вриланд, уредничка на американскиот „Вог“. Кога

во 1971 година, при посета на САД, тој ѝ ги покажува своите

цртежи за театарски костими и сценографија, нејзиниот

совет е дека со таа креативност треба да го остави театарот

и да почне да дизајнира чевли.

Така и ќе направи без да се поколеба. Се враќа во Лондон и

почнува да работи во специјализирана продавница за чевли

„Запата“, што подоцна ќе премине во негова сопственост.

Во 1972 година ја дизајнира неговата прва колекција за

ревијата на Оси Кларк. Кога го прашуваат дали успехот бил

инстантен, Маноло Бланик не се срами да признае дека

направил фатална грешка, користејќи гума за штиклите

што од топлината почнале да се топат како што моделите

чекореле по пистата. Но, на настанот се сеќава како на

мотив да ја сфати посериозно својата нова професија.

Во следните десет години тој неуморно го пече занаетот,

поминувајќи го времето во работилници и фабрики, воден

од советот на неговата мајка: „Работи што сакаш, но работи

го тоа со многу страст“. Неговите први чевли се инспирирани

од 19 век и се тотална спротивност на платформите актуелни

во тоа време. Во 1978 година ја креира првата линија за

американскиот синџир „Блумингдејлс“, а следната година ја

отвора и првата продавница во САД на авенијата „Медисон“

во Њујорк. Следуваат соработки со познати модни куќи и

дизајнери, меѓу кои Келвин Клајн и Џон Галијано.

Маноло Бланик е вистински мајстор, кој ја разбира

геометријата на чевлите со високи потпетици и потребата

тие да бидат стабилни без разлика на висината. До ден-денес

сам го дизајнира и рачно го изработува секој нов модел пред

да биде пуштен во производство, а листата е долга: неговиот

приватен музеј брои околу 20.000 модели. Секој нов пар носи

дел од него и ја отсликува неговата сестраност, начитаност,

отворен ум, ентузијазам и нескротлива фантазија. Зад секој

чевел, како што вели самиот, се крие романтична приказна.

Уште пред да биде нацртан на хартија, тој веќе ѝ припаѓа

на некоја жена некаде во светот, поразлична од секоја

друга, која ја живее својата интимна драма и ѝ недостигаат

вистинските чевли за да биде цела. Иако се работи за

неодоливи женски чевли со високи потпетици, тие бездруго

ги засегаат и мажите: „Ми велат дека сум им спасил многу

бракови. Можеби трошат цели богатства на чевли, но

помалку ги чини од развод“, вели Маноло Бланик.

Неговиот бренд денес има продавници во дваесет различни

земји, добитник е на многубројни меѓународни признанија и

награди за успешната работа, неговите чевли се продавани

насекаде, но бизнисот останува семеен; ги вклучува неговата

сестра и внука и уште неколку соработници, без намера да

стане уште една голема компанија на светскиот пазар. Сѐ

додека работата го прави среќен, а чевлите им носат среќа

на други, неговата мисија е успешна.

МОДНИТЕ ИКОНИ

НИЗ ИСТОРИЈАТА

Изграден личен стил подразбира добро да се познавате себеси, да ја негувате својата смисла за хумор, да ја разгорувате

својата желба за лична надградба и да пристапувате кон сѐ со љубопитност и лична сила. Првиот впечаток за вас секогаш

се добива од начинот на кој ја носите облеката, од чувството на самоувереност и комфорност што зрачат од вашите

движења. Неколку жени низ историјата, со својот личен стил, биле и останале синоним за модни икони. Тие не ги следат

светските модни трендови, туку ги креираат сами, со својот стил и со својата визија. Карактеристично за овие жени што

години по излегувањето од центарот на светската слава сѐ уште имаат што да кажат и да покажат, со изглед, со став, со

дејствување.

Лесли Лосон, многу попозната како Твиги, e манекенка, што обележала цела епоха во модната индустрија. Во средина на

шеесеттите години станала популарна поради својата несекојдневна градба, била преслаба, и затоа и го добила прекарот

Твиги (тенка како гранка). Во модната индустрија била вистинско откритие, редовно ги красела насловните страници на

светските модни магазини и иако често била напаѓана за својот изглед, па дури и обвинувана дека го почнала трендот на

преслаби девојки, таа во секоја пригода тврдела дека се храни нормално и здраво, само генетиката си го направила своето.

Сепак, голем број жени ја сметале за модна икона и се восхитувале на нејзините модни комбинации, што ѝ стоеле совршено.

Твиги била инспирација за голем број модни дизајнери што креирале цели колекции инспирирани од нејзиниот чист, детски

изглед и препознатливо крупни очи. Таа денес има своја модна линија и блог, се занимава и со музика и изгледа сосема

здраво и среќно.

Бјанка Џегер

Твиги

Со репутација на џет-сетерка, незаменлив симбол на култниот клуб „Студио 54“, Бјанка Џегер многу лесно се стекнала со

титулата модна икона во седумдесеттите години. Во 1970 година го запознала Мик Џегер, веќе наредната година станала

негова сопруга и го родила своето прво дете, ќерката Џејд. Како негова сопруга, како блиска пријателка на легендарниот

46

47

Галерија

Енди Ворхол и како жена со став и специфична убавина, таа привлекувала внимание каде и да се појави. Многу луѓе доаѓале

во „Студио 54“, само со надеж дека ќе ја видат во живо. Години подоцна таа со својата личност и со својот карактер успеала

да го задржи вниманието на јавноста како една од највлијателните жени во Америка. Повеќе од 30 години работи како

интернационален адвокат за човекови права и климатски промени. Основач е на хуманитарна организација Bianca Jagger

Human rights Foundation. За нејзината хуманитарна работа како филантроп и активист добитник е на голем број признанија

и награди.

Иако родена Британка, многумина ја сметаат за модна икона и симбол на францускиот моден израз, од шеесеттите и

седумдесеттите години на минатиот век. Оваа актерка, пејачка, режисерка и манекенка, препознатлива била по исклучително

кратките фустани, ѕвонести фармерки, бели маички и плетени корпи, што ги носела со себе во секоја пригода. Нејзиниот

минимален личен стил, сензуалната полудолга коса, усни со сјај, оставиле впечаток дека таа станала модна икона без

никаков труд. Засекогаш ќе биде запомнета како девојката по која култната чанта „Хермес“ го добила името и до денденес

е симбол на престиж и стил. Во авион случајно седела до директорот на „Хермес“, кој бил воодушевен од нејзината

едноставност и природна убавина. Таа му се пожалила дека не може да пронајде кожна чанта што ќе ѝ собере сѐ што

носи во своите кошнички. По три години модниот гигант „Хермес“, ја почестил нејзината префинетост со толку голем гест,

чанта именувана по неа. До ден-денес таа е инспирација на модните дизајнери и неретко се појавува во модни кампањи,

едиторијали и магазини.

Џејн Фонда

Џејн Биркин

Оваа актерка, писателка, оскаровка, политичка активистка, манекенка и фитнес-гуру, станала модна икона благодарение на

начинот на живот и совршениот здрав изглед што го негувала и го пропагирала. По филмот „Барбарела“ и нејзиниот изглед

во него, таа станала симбол на убавина и сексапил. Во осумдесеттите години, таа издава видеокасети со аеробик-вежби

и почнала вистинска фитнес-револуција низ Америка. Постојано била политички активна и буквално во секоја пригода

го искажувала својот став, на различни теми, за екологија, за насилство врз жените и се декларирала како либералка и

феминистка. Денес, на 78 години сè уште изгледа прекрасно. Со совршена линија, избира едноставни модели на фустани и

нејзиниот избор често е прогласуван за моден погодок на различни светски манифестации.

48

DAYDREAMING

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стилист: Бојана Максимовска

Асистент стилист: Ана Коцевска

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Модел: Динаданаја Беј, Моделс Ин

50

MAX&CO кошула 6.790 ден.

PARFOIS шешир 1.890 ден.

51

52

LIU JO блуза 17.290 ден.

P....S.... FASHION палто 4.290 ден.

MANGO фармерки 2.490 ден.

MANGO маица 690 ден.

54

MANGO фустан 1.990 ден.

MANGO џемпер 3.790 ден.

LEVI’S џемпер 2.190 ден.

MAISON SCOTCH здолниште 5.990 ден.

MANGO ланче 1.590 ден.

56

Фотограф: Горан В. Поповски HLVK

Стилист: Бојана Максимовска

Асистент стилист: Ана Коцевска

Модел: Бојана Шарац

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

WOMEN’SECRET корсет 2.990 ден.

MANGO палто 4.990 ден.

MANGO ланче 1.290 ден.

57

WOMEN’SECRET корсет 2.990 ден.

LEVI’S фармерки 5.890 ден.

MARELLA ремен 4.490 ден.

MANGO сандали 2.990 ден.

MANGO кошула 1.990 ден.

MANGO панталони 2.990 ден.

BATA чевли 4.290 ден.

59

60

MAX&CO кошула 11.290 ден.

MARELLA панталони 10.290 ден.

BATA чевли 4.990 ден.

MARELLA комбинезон 14.090 ден.

PARFOIS шешир 2.290 ден.

PARFOIS чевли 2.290 ден.

61

JEANS

JEANS

DIESEL чанта 13.390 ден.

JEANS. . . …

DIESEL фармерки 18.990 ден.

GUESS јакна 12.190 ден.

DIESEL фустан 18.990 ден.

62

LEVI’S здолниште 6.190 ден.

Џинсот како неисцрпна инспирација за сите

брендови и дизајнери, оваа сезона се враќа во

една улична варијанта, во ретро стил и модели што

наликуваат на уличната мода од 90-тите години.

P....S.... FASHION јакна 3.090 ден.

DESIQUAL

паричник

2.990 ден.

SPRINGFIELD кошула 1.990 ден.

DIESEL патики 11.690 ден.

MANGO чанта 1.990 ден.

63

PARFOIS чанта 2.490 ден.

MANGO беж панталони 2.190 ден.

P....S.... FASHIONсини панталони 2.490 ден.

P....S.... FASHION кошула 1.690 ден.

GEOX мокасини 7.290 ден.

64

P....S.... FASHION чанта 1.323 ден.

MANGO сина кошула 1.590 ден.

MANGO кошула со риги 1.990 ден.

P....S.... FASHION бела кошула 1.890 ден.

P....S.... FASHION беж панталони 2.790 ден.

P....S.... FASHION сини панталони 2.690 ден.

PARFOIS балетанки 990 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

65

Портрет мода

Слатки

соништа

Долна облека, слатки комплети и удобни пижами за

релаксирање во домашна атмосфера.

LISCA пижами 3.069 ден.

LISCA розов градник 2.199 ден. килоти 1.069 ден.

LISCA шарен градник 1.669 ден. килоти 729 ден.

LISCA градник 2.199 ден. килоти 1.069 ден.

66

Портрет мода

WOMEN’SECRET пижами 2.990 ден.

WOMEN’SECRET несесер 1.490 ден.

WOMEN’SECRET папучи 990 ден.

WOMEN’SECRET градник со риги 1.190 ден.

WOMEN’SECRET розов градник 1.490 ден.

WOMEN’SECRET килоти x2 990 ден.

Пролетен

Update

MANGO чанта 1.590 ден.

PARFOIS часовник 1.890 ден.

PARFOIS очила за сонце 1.190 ден.

MANGO сандали 2.990 ден.

68

REPLAY чанта 5.390 ден.

PARFOIS чизми 2.590 ден.

MANGO очила за сонце 1.590 ден.

PARFOIS часовник 1.890 ден.

69

Портрет мода

GEOX 8.790 ден.

GEOX 7.290 ден.

PARFOIS 1.490 ден.

BATA 3.490 ден.

70

Портрет мода

GEOX 7.290 ден.

PARFOIS 1.090 ден.

GEOX 8.790 ден.

MANGO 1.590 ден.

made for

walking

Simple

lines

ELIE SAAB LE PARFUM EDP 50 ML. 4.740 ДЕН.

YVES SAINT LAURENT CINEMA EDP 50 ML. 5.080 ДЕН.

Фотографија: Жарко Чулиќ

74

VERSACE CRYSTAL NOIR EDP 50 ML 4.315 ДЕН.

VERSACE EROS POUR FEMME EDP 50 ML 4.793 ДЕН.

Фотографија: Жарко Чулиќ

VAN CLEEF & ARPELS COLLECTION EXTRAORDINAIRE ORCHIDÉE VANILLE EDP 75 ML. 7.990 ДЕН.

VAN CLEEF & ARPELS COLLECTION EXTRAORDINAIRE GARDÉNIA PÉTALE EDP 75 ML. 7.990 ДЕН.

75

ЗА

НЕГО

GIVENCHY GENTLEMEN ONLY CASUAL CHIC EDT 50 ML 3.447 ДЕН.

GIVENCHY GENTLEMEN ONLY INTENSE EDT 50 ML 3.711 ДЕН.

GIVENCHY GENTLEMEN ONLY EDT 50ML 3.447 ДЕН.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Портрет убавина

Неопходна

белина

Пролетни новитети спакувани во елегантни и бели дизајни и неколку

едноставни трикови за нега на кожа што ќе ви помогнат да ја негувате

кожата, а ќе ви одземе многу малку време. Убавата кожа, сјајот и

природниот изглед се секогаш во тренд, а ние ви предложуваме како да се

грижите за секој дел од вашето лице.

Artdeco Skin-Perfecting

основа за шминка 920 ден.

Ултра лесна - гел структура

што креира идеална подлога

за долготрајна шминка.

Clinique Even Better Eyes крем-коректор за очи

2.849 ден.

Немасна формула што видно ги намалува

темните кругови во подрачјето околу очите.

Lancome Nutrix крем за

лице 4.430 ден.

Ја негува сувата кожа на

лицето, усните и рацете.

Nature’s Anti-Aging крем за околу очи и

усни 690 ден.

Крем што ја враќа компактноста на

епидермисот во пределот околу очите и

усните.

Lush Sparkle Toothy Tabs таблети за

миење на заби 495 ден.

Со сладок ванила вкус што освен на

забите е одличен чистач и на непцата.

L’occitane Shea Butter

млеко за чистење на

лице 1.090 ден

Кремава структура

што нежно отстранува

шминка и нечистотии.

Фаворити на

уредникот

Нашата моментална опсесија

Melem 35 ml. 299 ден.

Biotherm Aqua Gelее интензивен гел за

тело 1.540 ден.

L’occitane крем

за раце 490 ден.

Melem

во стик 159 ден.

Estee Lauder New

Dimension сет за

контури 3.223 ден.

Merz Spezial Cream Mousse Collagen 550 ден.

ТОП 8

НОВИТЕТИ

Никогаш доволно козметика, никогаш доволно шминки... Портрет ви

ги претставува нашите омилени новитети за оваа сезона.

Estee Lauder Pure

Color Envy

сјај за усни 1.846 дeн.

и Estee Lauder Pure

Color Envy кармин за

усни 2.375 ден.

Misslyn Ultimate

Stay течна пудра

590 ден.

Lancome Juicy

Shaker сјај за усни

1.480 ден.

Lush Light Pink

пудра за лице

595 ден.

Clinique Smart

Treatment Oil

масло за лице

2.485 ден.

Clinique Chubby Lash

маскара 1.287 ден.

Artdeco Perfect

Teint коректор

590 ден.

79

Портрет убавина

КОЖА1

НЕГА

НА

2 35

Eucerin Dermo PURIFYER

Nature's Serum Anti-impurities серум

против акни 612 ден.

Овој серум е ефективно средство

за ситуации во кои ви требаат

брзи резултати. Неговата свежа и

лесна текстура содржи органска

клеточна вода од зелена мандарина

и киселина од горчливи бадеми за да

стимулира обновување на клетките и

отстранување на нечистотиите. Исто

така содржи екстракт од норвешка

смрека со ефект на регулирање на

излачувањето на себум и комплекс

со пребиотици кој има ефект на

матирање и чистење.

активен концентрат

Активниот концентрат DermoPURIFYER

на Eucerin е

лесна и брзо апсорбирачка

емулзија. Нејзината формула

со концетрирана млечна

киселина произведува

комедолитичен ефект и

го подобрува изгледот

на кожата. Ефективно ги

одзатнува и чисти порите.

Овој концентрат, со редовно

користење, ја подобрува

состојбата на кожата во

целост, и дава здрав, мазен и

чист изглед.

Nature's Arga чисто арганово

масло 1.800 ден.

Во пустината на Берберите,

во едно древно дрво, арганот,

лежи тајната на долгата

младост. Вредните својства

на неговото масло имаат

корисни ефекти во третманот

на лицето, телото и косата.

Од семињата на ова дрво се

екстрахира маслото што помага

во борбата со проблемите

на кожата (дехидрираност,

брчки, ситни лузни, стрии, итн.)

и косата (претерана сувост,

расцветани врвови, низок сјај).

Ова ефективно средство со

деликатен мирис е корисно во

многу ситуации и вреди да се

чува секогаш при рака.

6

4

Nature’s Arga крем за лице против стареење 1.560 ден.

Овој крем е направен да се спротивстави на првите знаци на

стареење, и истот е наменет и за дневна и за ноќна употреба.

Содржи арганово масло, богато со незаситени масни киселини

и антиоксиданси, што ја негуваат кожата спречувајќи ја појавата

на брчки и во исто време задржувајќи ја нејзината природната

цврстина. Шеа путерот и маслиновото масло пак, обезбедуваат

мекост и заштита. Дејството го комплетира хијалуронската

киселина што помага да се одржи кожата хидрирана и заштитена.

Lush 9 to 5 лосион за чистење лице 395 ден.

Чувствувајте како да сте зеле слободен

ден за вашата кожа, и осветлете ја со ова

бадемово масло и млеко за чистење со

екстракт од орхидеја. Ова е лесна емулзија

со одлична мешавина на есенцијални

масла од цветови што ја осветлуваат кожата

отстранувајќи ја сета шминка и нечистотија.

Оваа орхидеја (Peristeria elata) се користи

заради нејзините смирувачки својства, а

бадемовото масло за да се освежи кожата

после напорен ден.

Портрет убавина

Divine Creme L'Occitane крем за лице 5.450 ден. 7Clinique Dramatically Different крем за

Ова е најпродаваниот, и наградуван „чудотворен“

лице 1.859 ден.

крем на L'Occitane кој помага во борбата против

Оваа формула развиена од

видливите знаци на стареење. Во очекување на

дерматолози комбинира целодневна

петтиот заштитен патент, овој луксузен но сепак

заштита со состојки за зајакнување

изненадувачки лесен Divine Cream е подобар од било

на кожата, и истата ја смирува дури

кога. Комбинира органско Immortelle есенцијално

и најсувата кожа. Всушност ја прави

масло, богато со активни молекули кои овозможуваат

кожата поотпорна. Користете ја

уникатни резултати пртив стареење, со нов комплекс

секојдневно за подолго да ја чувате

од активни состојки извлечени од седум растенија

младоста на кожата.

за да ѝ дадат на вашата кожа зрачен, младешки сјај

каков што отсекогаш сте посакувале.

Портрет убавина

Фотографија: Жарко Чулиќ

Портрет убавина

Инспирирани од пролетното будење на сѐ околу нас, во овој број решивме мејкап едиторијалот

да го направиме водени од чиста уметност. Целиот едиторијал е претставен преку комплетно

исцртани, модерни изгледи реализирани од нашиот мејкап соработник Фросина FRAN

Ангеловскa, надополнети со мирисни цветови. Дишете во веселиот ритам на пролетта!

Портрет убавина

Фотографија: Жарко Чулиќ

84

85

ИНТЕРАКЦИЈА

Контактирајте нѐ:

contact@portretmag.com

facebook.com/portretmagazin

instagram.com/portretmagazin

#portretmagazin

#портретмагазин

Се зборува за...

Lisca заблеска

во Охрид

Од петти март, модерната и заводлива долна облека е во понуда

во преуредениот продажен простор на „Lisca“ во старата

охридска чаршија. Модерните колекции на долна облека отсега

ќе импресионираат во пријатна атмосфера и топли бои, со што

купувањето ќе биде уште попријатно.

Женствен вез, романтична тантела и удобност на моделите е она

што ја карактеризира „Lisca Fashion“, додека екстраваганцијата

на смелите модели се преплетува во линијата „Lisca

Selection“. Разиграноста на кроевите и симпатичните детали

се карактеристика на колекцијата „Cheek by Lisca“, наменета

за младите девојки. Мажите можат да изберат долна облека и

удобна пижама од колекцијата „Lisca Men“.

Гостите на отворањето беа воодушевени од новата колекција

– многу од нив ја освежија својата гардероба, меѓу кои и

познатата поп-пејачка Симона Попоска, која не можеше да го

скрие задоволството од линијата „Lisca Selection“.

Ларо: уникатен

дизајн и квалитет

во вашиот дом

Модерните, безвременски парчиња на брендот „Ларо“ беа

претставени на Саемот за мебел, што се одржуваше од 22 до 27

март. Уникатната естетика, едноставните, но модерни линии и

форми предизвикаа големо внимание кај посетителите.

Препознатливите кујни, изработени од најквалитетни

материјали, а претставени преку најразлични дизајни допадливи

за сечиј вкус, одговараат на потребите на сите ентериери. Секое

парче се издвојуваше со својата форма и функција, без притоа

да ја компензира елеганцијата и уникатноста.

„Ларо“ уште еднаш ја потврди својата мисија – да креира мебел

со уникатен и персонализиран дизајн, изработен по врвни

стандарди, од висококвалитетни материјали, но со достапни

цени.

Повеќе информации за „Ларо“ побарајте на www.laro.mk и на

www.facebook.com/Larokitchen.

Семеен портрет

ПРИНЦОВИТЕ НЕ СЕ САМО ОД БАЈКИТЕ

И ЉУБОВТА НЕМА САМО СРЕЌЕН КРАЈ

Пишува: Џејлан Рустемоска

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА ПРИНЦОТ ЧАРЛС И ЛЕЈДИ ДИ

Љубов... што и да значи тоа“ е реакцијата на принцот

Чарлс кога Дајана му повторува колку многу го

сака и дека прифаќа да му биде жена. Но, за

некој што е израснат во британското кралско семејство

покажувањето емоции е знак на слабост и е излишно. На

чинот на запросување му недостига очекуваниот романтичен

тон, повеќе личи на разумен договор, како и целата нивна

претходна историја. Се познаваат од деца зашто семејствата

им биле често во контакт, но ќе поминат многу години

пред Чарлс да забележи дека малечкото русокосо девојче

пораснало доволно за да биде достојно друштво на еден

принц. Средбите им се полни со формалности и придружба,

а целта е јасна. Принцот треба да се ожени и треба да

се најде сопруга која ќе ги има сите квалитети за идна

наследничка на тронот.

Дајана се вкопува во сликата. Англичанка од благородничко

потекло на неполни дваесет години, која во моментот

работи како воспитувачка во градинка. Има кристално чисто

минато, пријатен, ненаметлив изглед и широка насмевка

што го отсликува нејзиниот слободен дух кој само што не

стапнал во кафезот наречен кралски дворец. Чарлс има 32

години и е идниот престолонаследник на кралството што

во моментот ја живее својата постиндустриска декаденција,

придружена од општествени безредија и незадоволство.

Само свадба би го спасила имиџот на монархијата и би го

пренасочила вниманието на јавноста. Во февруари 1981

година британскиот весник „Тајмс“ официјално ја најавува

нивната свршувачка, а Дајана се преселува во кралската

палата, заменувајќи го нејзиниот дотогаш совршено

едноставен живот со нов, строго регулиран со правилник

стар со генерации. Колку може да биде тешко за девојка која

првпат е вљубена?! Не е од голема утеха советот на Грејс

Кели на првото официјално појавување на Дајана во јавност:

„Не грижи се. Понатаму станува само потешко“. Иако

новиот статус вклучува постојано внимание на таблоидите,

одмерени гестови, пристојна облека и толеранција на сите

отсуства на свршеникот, ентузијазмот не спласнува. Играта

само што почнува.

Свадбата се одржува на 29 јули 1981 година и е еден од

настаните што се дел од колективната меморија. Катедралата

„Свети Павле“ е преполна со гости од високото општество,

улиците на Лондон вријат од луѓе желни барем на миг да

ги видат младоженците, а уште милиони гледачи низ цел

свет пред ТВ-екраните го следат настанот во живо. Бајка е

88

она што очекуваат, бајка и добиваат. Младата принцеза изгледа раскошно

во свилената венчаница со боја на слонова коска. Принцот треба да влева

доверба и, како што прилега, носи униформа. Да ѝ ја препишеме на возбудата

причината што заборава да ја бакне невестата по заветите. Важно е дека

народот ја доби својата принцеза, која набргу ќе им ги освои срцата.

Свадбеното патување, како што е редот, е крстосување со кралската јахта

„Британија“. Трае 11 дена, а вклучува и неколку официјални посети во земјите

каде што ќе застанат, зашто за залудно зјапање во зајдисонцето, колку и да е

романтично, нема простор во напнатата кралска агенда. Остатокот од медениот

месец го минуваат во палатата, каде што Чарлс може повторно да ужива во лов

и долги прошетки, а Дајана да се убедува себеси дека нема поголема среќа од

тоа да се биде принцеза и да се ужива во друштвото на нејзиното височество,

кралицата. Нема назад, набргу следува веста за нејзината бременост.

Притисокот станува неподнослив, Дајана мора да внимава на секој чекор што

папараците копнеат да го фатат. Но, сите маки се забораваат во моментот кога

ќе донесе на свет здраво, машко дете, иден наследник на тронот, актуелниот

принц Вилијам, првиот во кралското семејство што на инсистирање на мајката

се раѓа во обична болница. Возбудата и честитките не стивнуваат. Принцот

Чарлс одлично се снаоѓа во новата улога на татко, а Дајана конечно има нешто

свое во палатата што ѝ останува туѓа. Наскоро се раѓа и Хари.

Лејди Ди е посветена мајка, ужива во воспитувањето на своите деца,

прекршувајќи го правилото да им ги довери на дадилките на дворецот.

Но, ништо не може да ја спречи нејзината сентиментална криза, што се

манифестира со депресија и булимија. Народот ја обожава, но ѝ фали љубов

и внимание од сопругот со кого немаат допирни точки. Таа би разговарала

со часови за мода и филмови, теми банални за принцот кого го интересира

литература, историја, архитектура, во што Дајана не наоѓа возбуда. Таа сака

забави и поп-музика, тој лов и пијано. Нежноста и физичката привлечност

што го врзуваа за неа на почетокот, исчезнуваат до таа мера што го дразни

нејзиното присуство. Она што не успева да го најде во Дајана, го наоѓа во

Камила, неговата пријателка за јавноста, но љубовница за сите што го знаат

подобро, вклучувајќи ја и Дајана: „Во тој брак бевме тројца, стануваше

премногу“. Тензијата се зголемува. Кралското семејство не се согласува со

нејзините многубројни хуманитарни активности и пренагласената присутност

во медиумите. Колку повеќе станува принцеза на народот, толку помалку ја

собира во кралското семејство. Згора на тоа, сѐ почесто го поминува времето

со инструкторот по јавање на нејзините синови, Џејмс Хјуит, за кого подоцна

ќе потврди дека ѝ бил љубовник. Бракот бавно, но сигурно оди во пропаст. Во

1992 година, со вообичаениот студен и официјален тон, палатата го најавува

разводот. Другото го знаеме сите. Принцот Чарлс сѐ уште е оженет за Камила,

а во август ќе се одбележат 19 години од трагичната несреќа во која Дајана го

загуби животот заедно со својот последен љубовник, Доди ал Фајед. Останува

само да се прашуваме каква баба на Џорџ и Шарлот ќе беше денес Лејди Ди

ако и оваа, како сите бајки, имаше среќен крај.

Семеен портрет

КРЕАТИВНИ

И УМСТВЕНИ ИГРИ

Детската игра е незаменлив дел од целокупниот развој на детето. Kога станува збор за детската игра, тоа е активност што влијае

на сите аспекти на детскиот развој – когнитивен (внимание, учење, меморија, мислење, интелигенција) емоционален, морален,

социјален и развојот на говорот. Голем број од градинките денес користат разни едукативни игри во зависност од возраста на

детето со кои се поттикнува креативноста и фантазијата, но во исто време се развиваат и способностите за набљудување, мислење,

творење преку игри со одредена задача. Најчесто се употребуваат дрвените дидактички играчки, што имаат правила и привлечна

содржина за детето. Целта на дидактичките играчки е да му понудат на детето можност да развие одредена способност и го

поттикнуваат прецизно да набљудува и да открива разлики во обликот, големината и бојата. Покрај дидактичките играчки, се

користат и едукативни играчки со броеви, букви, геометриски фигури, а за постари деца најинтересни се друштвените игри.

ДРВЕНИ ИГРАЧКИ И КОЦКИ ЗА ДЕЦА ОД 18

МЕСЕЦИ ДО 3 ГОДИНИ

Составувањето делови од дрвени играчки се интересни

и препорачливи за децата над 18 месеци, бидејќи го

поттикнуваат критичкиот развој и развојот на сетилата.

Играчките со дрвени коцки (блокови) се идеални за

развој на фантазијата, креативноста, интелектуалните и

моторните способности кај децата. Тие се составени од

геометриски форми во разни бои со кои децата ќе научат

да ги разликуваат боите, обликот и големината, да развијат

чувство за простор, рамнотежа, планирање и логика. Од

нив можат да се составуваат возови или автомобили, но и

да се градат кули, замоци, мостови. Илустрираните коцки,

пак, со кои се составуваат слики од разни животни како

жирафи, лавови, слонови, дополнително ги мотивираат

децата на истрајност во играта, зашто самостојното редење

на деловите во целина претставува предизвик за детето.

СЛОЖУВАЛКИ СО БРОЕВИ И ДОМИНО СО

СЛИКИ ЗА ДЕЦА ОД 3 ДО 6 ГОДИНИ

Учењето на броевите е почеток на математичкото

размислување кај децата. Сложувалките со броеви, на

пример дрвени табли на кои има шарени броеви од 1 до

10, претставуваат вредно дидактичко средство, бидејќи им

помагаат на децата низ игра и забава да го учат обликот,

боите и броевите и ја поддржуваат природната љубопитност

на детето за квантитативните односи во околината. Веќе на

возраст од 4 или 5 години детето се впушта и во друштвени

игри што бараат почитување правила и го развиваат

натпреварувачкиот дух. Преку играта домино со разни

илустрирани мотиви децата можат да научат за видот на

овошје, зеленчук, животни, а за ваков вид учење преку

слики помагаат и мемориските карти.

90

ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ И ЛЕГО-КОЦКИ ЗА ДЕЦА НАД 6 ГОДИНИ

Сложувалка што се состои од неколку плочи како квадрати или триаголници и

чијашто цел е да се состават деловите еден покрај друг за да се добие одредена

фигура во зависност од сликата или замислата на детето помага во развојот на

имагинацијата, математичките способности, трпението и вниманието. На оваа

возраст децата можат да составуваат и лего-коцки во најразлични форми и

фигури, секако според упатството и со помош на родителите. Поголемите деца

од 7 или 8 години кои веќе одат на училиште играат и друштвени игри како „Не

лути се, човеку“.

ДРУШТВЕНИ ИГРИ И ГОЛЕМИ СЛОЖУВАЛКИ ЗА ДЕЦА НАД

9 ГОДИНИ

Децата кои се на возраст пред тинејџерските години почнуваат да развиваат

хобија, да уживаат во тимски спортски активности и умствени игри што бараат

подолга концентрација. Друштвените игри, како монопол, ризик, дама, се

забавно и креативно решение и одличен начин да се забавуваат децата заедно

со родителите. Друштвените игри се, исто така, и одлична вежба за мозокот,

меморијата и концентрацијата. Големите сложувалки што содржат помали и

повеќе делови и со кои се составува посложена и поголема слика се исто така

примамливи и претставуваат предизвик за поголемите деца.

Семеен портрет

За многу родители претставува вистинска мака да ги

натераат своите деца да јадат зеленчук или овошје и на

секаков начин се обидуваат да ги убедат дека приготвениот

оброк е здрав за нив. Вообичаените методи на убедување и

објаснување најчесто не се ефикасни, па децата се мрштат

кога ќе ја видат храната, не сакаат да седнат на маса или

бараат друго јадење што им е повкусно. Сепак, некои

родители нашле интересен и креативен начин за нивните

деца да се хранат здраво, па детските оброци ги претвораат

во вистинско уметничко дело. Искористувајќи ја фантазијата,

од храната прават разни ликови од цртани филмови, јунаци

од најголемите детски филмски остварувања, омилени

музички изведувачи и уште многу други форми и креации

што се привлечни за љубопитните деца. Следниот пат кога

вашето дете ќе негодува за ручекот, најдете инспирација од

следниве креативни родители.

Саманта Ли е Малезијка која дошла на идеја хранењето на

нејзините деца да го претвори во игра. Нејзината креативна

приказна почнува во 2008 година, за време на бременоста со

второто дете, а импресивно е што таа никогаш не посетувала

часови за готвење. Наместо тоа, се потпира на фантазијата и

на разните кулинарски емисии.

Ли Минг од Сингапур подготвува слатки оброци за своите

синови со цртани херои или во вид на животни, во бентостил

(јапонски оброк во кутија). Минг првпат почнала да ја

аранжира храната на својот постар син кога тој почнал да

оди на училиште и му било тешко да се адаптира. За да го

расположи и да го охрабри, таа му ги декорирала оброците

за на училиште.

Британката Грејс Хол ги претвора сендвичите на својот

син во вонземјани, животни и суперхерои. Со помош на

неколку ножеви и калапи, училишната ужина на својот син ја

трансформира во неговите омилени јунаци. Нејзиниот блог

„Eats Amazing“, на кој објавува фотографии од нејзините

кулинарски креации, е следен од многу мајки.

Американецот Бо, кој живее со своето семејство во Сан

Франциско, на своите три деца им подготвува забавни

оброци, а на неговата интернет-страница „Lunchbox dad“,

покрај креативните рецепти, споделува и совети за здрава

храна и негови согледувања за родителството.

Семеен портрет

Портрет поддржува

млади таленти

Пишува: Ружица Антиќ

Кога некој е роден со талент, има можност да ја доживее

најголемата среќа ако го открие и го усоврши навреме. Многу

е важно, особено за најмладите, да биде откриен и негуван

и да не остане само на потенцијал за исклучителност, без

реализација и без резултати. Една објава на социјалните

мрежи во нас предизвика лавина на воодушевување и

решителност да помогнеме на едно младо момче што

очигледно во себе носи голем талент. Станува збор за

младиот пијанист Милан Дучевски, чијшто ментор е Маја

Стојановиќ Крстиќ од музичкото училиште „Пијано форте“,

и веќе има освоено седум први награди, на национални и

интернационални натпревари. Видеото од неговиот настап

нè поттикна да се заинтересираме за ова талентирано

момче и нè одведе до една прекрасна приказна во која се

вклучени хумани луѓе со страст и идеја, а тоа е приказната

за „Добар проект“. Поразговаравме со Наташа Дукоска,

менаџер на проектот, која ни раскажа зашто е важно да му

помогнеме на Милан да собере 3.500 евра, за да може да

учествува на Осмиот интернационален натпревар „Џовани

Музицисти“ во Италија, во април годинава. И зашто е

важно во нашата земја да се подигне свеста на јавноста за

вложување во исклучително талентираните деца.

Македонија. Тие се надарени, амбициозни, но за нив

конкуренцијата е глобалната сцена, светот. Зборуваме

за тој еден промил на суперталентирани деца, чијшто

потенцијал е бескраен доколку ја имаат вистинската обука,

ресурси и грижа. Зад „Добар проект“ стојат ентузијастите

од агенцијата за односи со јавност „Навигаторс“, тука е и

агенцијата за дигитален маркетинг „Перфект“ и сите луѓе

кои имаат сенс да поддржат нешто вонредно.

На кој начин ги избирате проектите на кој работите? Каква

е процедурата доколку некое дете или родители сакаат да

се пријават за ваша помош?

На порталот на „Добар проект“ постои форма за

апликација и може да се конкурира за конкретен проект.

На пример, првиот проект беше Милан Дучевски, но уште

поконкретно беше неговото учество на меѓународниот

натпревар во пијано во Италија: котизацијата, вонредните

часови со неговиот ментор, другите подготовки, патот и

сместувањето на него и на еден родител. Значи, се работи

за капка во морето, работата не е завршена тука, но тоа им

значи ним. Сосема случајно го слушнавме Милан. Бевме на

„обичен“ детски концерт, но кога десетгодишниот Милан

седна зад клавирот настана штама и на сите им беше јасно

дека станува збор за вонреден талент. Не само затоа што

нумерата беше „тешка“, не само што ја отсвири без грешка

и во еден здив туку зашто имаше нешто специјално меѓу

него и инструментот со кој тој умее да се присоедини.

Потоа се информиравме и ни кажаа во „Пијано форте“ дека

неговата менторка Маја Стојановиќ сака да го подготвува

за меѓународниот натпревар во Италија.

Како јавноста во нашата земја реагира на ваков вид акции?

Неговиот настап во „Капитол мол“ беше посетен од голем

број луѓе, а тој беше пресреќен. Што вашата помош значи

за малиот Милан?

Најпрвин, честитки за идејата и работата на „Добар

проект“. За што точно станува збор и колку луѓе сте

вклучени во проектот?

„Добар проект“ е платформа што има цел да укаже

од потребата од поддршка на талентираните деца во

Неговиот отворен настап во „Капитол мол“ значеше и

излегување на класичната музика од затворените сали

и полнење на обични простори, каде што секојдневно се

движиме. Минувачите застануваа, потслушнуваа, уживаа во

перформансот. Зар тоа не е најдобриот фидбек што некој

може да го добие, дека прави некого задоволен со своето

работење, во случајот музицирање?

Талентот е пресуден, но патот за успехот бара многу жртви,

посветеност и честопати определени услови поврзани

Семеен портрет

со финансиски средства. Кои чекори ги преземате

моментално и на кој начин да се приклучи секој што е во

можност да помогне?

Формата на „Добар проект“ за собирање финансии

сакавме да биде еден вид crowd funding филозофија, кога

индивидуалецот се инволвира во проект важен за неговото

општество, придонесувајќи за создавање свет во каков што

сака тој самиот да живее. За жал, свесноста не е толку

голема, можеби и навиката да се даде сто денари за ваков

проект, но кога тоа е масовно, од страна на голем број

индивидуалци, сумата ќе се собере. На крајот, конкретно за

Милан, сепак најголем придонес дадоа успешни личности,

свесни за важностa од негата на овој потенцијал во земјата.

ВАНЕ КОСТУРАНОВ, УМЕТНИК

МАЈА СТОЈАНОВИЌ КРСТИЌ, ПИЈАНИСТ И МЕНТОР НА

МИЛАН ДУЧЕВСКИ:

Кога за ученик ќе утврдиме дека е талентиран, тоа

значи дека тој поседува силен интелект, силна волја,

одговорност, психо-физичко здравје и она посебно нешто

што го освојува и го држи интересот на аудиториумот.

Институциите на овие простори немаат посебна програма

за развој на талентирани деца, што не е случај во светот.

Од голема важност е поддршката од родителите на

ученикот што треба да му обезбедат сѐ што е неопходно

за неговиот развој. Многу е важно да се вклучат поголем

број помагатели како што е случајот со „Добар проект“,

зашто финансискиот дел што е потребен честопати го

надминува семејниот буџет. Единствено со вакви проекти

ќе се подигне свеста на јавноста, за важноста од активна

помош на талентираните деца.

Талентот е дар што треба да се прегрне со две раце, да

се негува, да се развива. Многу е важно талентот, посебно

кај помалите деца, да биде препознаен од возрасните и

безрезервно да се поддржи. Затоа со радост ја прифатив

иницијативата на „Портрет“ да дадам свој придонес во

поддршката за Милан.

„Портрет“ сакаше да даде свој придонес во целата

акција на „Добар проект“ и затоа стапивме во контакт со

наши веќе признаени, креативни млади луѓе и уметници:

Ване Костуранов, Индог и Руки, кои специјално за Милан

создадоа свои дела, во знак на поддршка на неговото

заминување на ова престижно натпреварување. Овие дела

ќе бидат изложени на аукција што дополнително ќе ја

организираме со „Добар проект“.

Фотографија: Жарко Чулиќ

94

Семеен портрет

РУКИ, ИЛУСТРАТОР, ДИЗАЈНЕР

Цело време мислам дека сите ние се раѓаме со

талент за сѐ и дека на нас останува да одлучиме

на што ќе работиме упорно во текот на животот.

Но, има еден мал дел во бројките, а огромен

во целиот процес без кој сето тоа не може да

биде реалност, а тоа е поддршката. Искрено, не

знам дали ќе бев истрајна и вљубена во ова што

го работам да не е безрезервната поддршка

од родителите и најблиските. Секојдневно

сме потребни, а и моќни да помогнеме да

се реализираат добри проекти, да усреќиме

некого, да мотивираме, да бидеме ние нечија

безрезервна поддршка. На крајот, нема

поубаво чувство од моментот кога знаеш дека

некој верува во тебе.

ИНДОГ, ИЛУСТРАТОР, ДИЗАЈНЕР

Треба повеќе да се инвестира во таленти

зашто тие се претставниците и предводниците

на културолошките промени во општеството!

Веројатно многупати ќе се откажев од себеси

ако немав поддршка од семејството, блиските

другари/ки. А, потврдата дека сум квалитетен

беше кога првпат изложував во странство.

Поголем ефект на мојата работа има кај

странската публика наместо кај домашната.

Благодарение на интернетот моите дела се

дел од светот и наидуваат на одлични реакции.

Понесен од сето тоа, пред пет години ја почнав

својата етикета и платформа „Celebrate Life“,

каде што покрај ограничената серија на

унисекс-облека, идејата беше да се вмрежуваат

локални таленти.

95

Нови невообичаени

фитнес-трендови

Брзото заситување од традиционалните и монотоните фитнес-тренинзи ги тера тренерите ширум светот постојано да креираат нови

програми и видови вежби што ја освежуваат понудата и привлекуваат повеќе членови во салите за вежбање. Мешањето на традиционалните

со иновативните методи придонесува за интензивни тренинзи со неверојатни резултати, а сепак вежбањето повторно станува интересно

и забавно. Ако изминативе години најинтересни беа крос-фит програмите, кик-фит аеробикот, разните пилатес-вежби, циркуларните

тренинзи, веќе се појавија фитнес-трендови што вклучуваат и нов тип помагала за вежбање.

POUND

Поранешните тапанарки Кристина Перенбум и Кирстен Потенза ја комбинирале својата пасија за музиката и фитнесот и го создале паунд,

целосен кардиотренинг со користење на лесни „палки за тапани“ наречени рипстикс (Ripstix). Секој час вклучува пилатес и еднаквост

на движењата со постојана симулација на удирање тапани за да се оформат мускулите и да се изгубат до 900 калории за 45 минути.

Дури и да не сте музикални, вежбите се едноставни за следење, а песните се калибрирани за лесно да се следи ритамот. Предностите

се постигнување на поголема издржливост и агилност, а се зајакнува сврзното ткиво и мускулите со комбинација на стабилност и

кардиотренинг. Повеќе за овој вид тренинг и начин на вежбање можете да прочитате на следниот линк: www.poundfit.com.

UGI FIT

Двегодишно истражување било потребно за да се направи

уги-топката, што навидум е едноставна, како мека перница,

но со сила на одбивање како стрес-топче и со интересен

дизајн. Со користење на топката се одвива 30-минутно

вежбање, што вклучувa тренинг за целото тело, што во

исто време е функционално и забавно. Уги-фит е тренинг

што може да се практикува секаде поради малиот обем на

топката, дома, во сала, но и во природа. Една серија вежби

е доволно ефикасна за целото тело, од загревање, кардио,

кондициски тренинг до баланс и ладење на телото. На

интернет-страницата www.ugifit.com можете да дознаете

повеќе за ваквиот тренинг и за ефектите од него.

96

Мисли здрави мисли

BOKWA

За вежбање боква не е доволно да се знае само азбуката, зашто со овој вид танцување, преку движењeто со нозете се „цртаат“ букви

и броеви, а притоа се горат калории со силни кардиовежби. Со овој нетрадиционален тип тренинг сами можете да си смислувате

чекори само со едноставно следење на ритамот на музиката. Се вежба на популарни песни, а чекорите не се бројат, како во

вообичаените фитнес-програми, бидејќи во основата на боква-чекорите се формите на бројки и букви. Енергичната и забавна боква

привлекува сè повеќе луѓе во светот, притоа се горат 1.200 калории со еден тренинг, а не е ограничена со возраст. Повеќе за овој

фитнес тренд може да се прочита на www.bokwafitness.com.

ANIMAL FLOW

Креирано од Мајк Фич, вежбањето според движењето на животните претставува серија движења со телото што вклучуваат

гимнастика, акробации, паркур, капуера и брејкденсинг. Сето тоа се одвива што поблиску до подот и се активираат колку што

е можно повеќе мускули. Овој начин на тренинг е разновиден, а програмата може да биде и за самостојно вежбање или како

компонента во веќе утврдена тренинг-рутина. Енимал флоу е одличен за тие што сакаат да ја зајакнат својата кондиција, а притоа да

им биде забавно. Шесте компоненти на тренингот и видеа за вежбање можат да се најдат на интернет-страницата www.animalflow.com.

97

Мисли здрави мисли

УРИНАРНА ИНФЕКЦИЈА

д-р Ана Кацарска,

гинеколог во Клиничката

болница „Аџибадем

Систина“

Здодевната инфекција

на уринарниот тракт,

од која барем еднаш во

животот заболуваат околу

50 отсто од жените, може да

претставува вистинска тешкотија за

секојдневните обврски, било да сте на

работа, дома, на патување, на прослава...

Шансите за добивање инфекција на уринарниот тракт

се многу високи кај жените. Истражувањата покажуваат

дека речиси секоја жена неколкупати во животот се

соочила со овој проблем. Иако повеќе заболуваат жени,

уринарните инфекции не се исклучени ниту кај мажите. Тие

инфекции се најчесто бактериски инфекции на бубрезите,

мочните канали и мочниот меур. Во однос на симптомите,

дијагнозата, лекувањето и хроничните уринарни инфекции,

поразговаравме со гинекологот д-р Ана Кацарска од

Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Причини и симптоми

„Повеќето инфекции на уринарниот тракт се предизвикани

од бактерии што влегуваат во мочниот меур, а во мал број

случаи тие патуваат преку мочоводните канали до бубрезите.

Најчеста причина за инфекција се бактериите што нормално

живеат во дебелото црево и се присутни во столицата.

Жените се особено наклонети кон овие инфекции, бидејќи

имаат пократка уретра, па бактериите лесно стигнуваат до

мочниот меур“, вели д-р Кацарска.

Многу микроорганизми можат да предизвикаат инфекции

на бубрезите и на уринарниот тракт. Најчесто, инфекциите

се предизвикани од Грам негативните бактерии, како што

е Ешерихија коли, која се смета за бактерија што најчесто

предизвикува уринарна инфекција.

„Постоењето на уринарна инфекција се манифестира преку

чувство на пецкање при чести и болни мокрења на пет до

десет минути, но со мало количество урина, болка или

притисок во грбот или долниот дел на стомакот, промена

во мирисот и бојата на урината, чувство на замор, покачена

температура или треска“, објаснува д-р Кацарска.

Дијагноза и начин на лекување

Според д-р Кацарска, најважно е навремено да се откријат

факторите што доведуваат до инфекција, да се земе урина

за лабораториска анализа и да се испита постоењето на

одредени бактерии.

„Антибиотиците можат позитивно да влијаат врз натрапниците

во урината, но секогаш треба да се земе целата пропишана

доза. Не прекинувајте ги дури и тогаш кога ќе почувствувате

подобрување. Вашиот лекар може да ви препише и лекови за

смирување на болката. Не заборавајте дека многу важно е

Мисли здрави мисли

да консумирате многу течности“, додава д-р Кацарска.

Освен големо количество течности, особено вода, се

препорачуваат и билни чаеви, намален внес на шеќер и

рафинирани јаглехидрати, како и добра лична хигиена, во

врска со лекувањето на уринарните инфекции. Растенијата

како брусница, магдонос, бреза и увин чај имаат многу

лековити својства, а се препорачуваат и кај уринарните

инфекции.

Хронична уринарна инфекција

Кај една од пет жени која имала уринарна инфекција, тоа

се појавува и по вторпат. Во поголем број од случаите се

работи за повторна бактериска инфекција.

„Дел од бактериите можат да станат имуни на антибиотиците.

Одредени жени, пак, имаат генетски предиспозиции,

други имаат абнормалности во структурата на нивниот

уринарен тракт што ги прават поподложни на инфекции.

Под зголемен ризик од појава на уринарни инфекции се

изложени и жените кои имаат дијабетес. Други ризици

што го зголемуваат ризикот се бременост или каменчиња

во бубрезите. Кај луѓето со почести уринарни инфекции

се препорачува превентивно пиење на увин чај и чај од

брусница“, објаснува д-р Кацарска.

Таа советува, доколку имате три или повеќе повторувања

на уринарна инфекција во текот на една година, да се

консултирате со вашиот нефролог.

„Некои од опциите за третман вклучуваат земање на мала

доза антибиотици во текот на подолг временски период

за да се спречи повторување на инфекциите, земање на

единична доза на антибиотик по сексуален чин, што е

вообичаена причина за активирањето на инфекцијата“,

завршува д-р Кацарска.

Совети како да се спречи повторна појава на уринарна

инфекција:

– Целосно испразнување на мочниот меур;

– Одржување на хигиената на интимниот дел, како и

бришење од напред кон назад;

– Пиење на многу течности;

– Предност да има туширањето, не капењето;

– Да се избегнува употреба на женски хигиенски спреови,

мирисливи сапуни и гелови за туширање за интимниот дел

(тие ја зголемуваат иритацијата);

– Внимание на хигиената на интимниот дел по сексуален

однос;

– Уринирање по сексуален однос за ослободување од

бактериите што можат да навлезат преку уретрата;

– Дијафрагмите можат да го зголемат растот на бактерии, а

презервативите предизвикуваат иритација;

– Носење памучна и комотна долна облека, а избегнување

на тесна облека.

99

Готвиме со фичо

Рецепт и текст*: Филип Поповски

ПОЛНЕТ МОДАР ПАТЛИЏАН (посно)

Време е за постење, па еве ме и мене со посна варијанта на

уште еден многу вкусен рецепт за супер кул јадење!

Потребни состојки:

• 2 модри патлиџани

• 250г. шампињони

• 20г. суви вргањ печурки

• 2 чешниња лук

• 2 моркови

Исечете ги модрите патлиџани од страна за да добиете

задебелен дел со поклопец. Издлабете ги и меснатиот дел

исечкајте го ситно. Зеленчуците исто така исeчете ги ситно.

Во загреана тава (на средна температура) ставете малку

маслиново масло и прво ставете го морковот да се пропржи.

Морковот го испушта бета каротенот само кога е во контакт

со загреано масло. По 2-3 минути додадете го лукчето. Сега

е моментот кога кујната почнува да мириса на магија!

Додадете ги шампињоните и вргањот и пржете ги околу

3-4 минути. На крај појачајте ја ринглата и додадете го

меснатиот дел од модриот патлиџан.

Внимавајте да не претерате со маслото, зошто модриот

патлиџан и шампињоните се плодови со сунѓераста

структура и многу брзо ќе го испијат маслото, a на тој начин

со сигурност ќе го упропастите овој рецепт. За да не дојде

до уништување на овa преубаво јадење, секогаш треба да

работите со малку потопла тава од регулар (тоа значи на

високо средна-температура – мојата плотна оди до 9ка, а за

овој рецепт ми беше пуштена на 7ка).

Откако ќе ги запржите зеленчуците, ги посолувате и јас им

додадов бел бибер (го обожавам).

Ги полните модрите патлиџани, ги поклопувате со

поклопците и ги ставате во загреана рерна на 200 степени.

Печете 15 минути, потоа ги тргате поклопците и печете уште

15 минути.

Еве ви лесен и многу вкусен посен рецепт. Направете го за

вашето семејство, споделете го и уживајте!

Се читаме во наредниот број... хмммм размислувам за некоја

добра паста! Што мислите вие? Пишете ми ги вашите идеи на

мојот блог - www.gotvimesofico.mk! Чао!

100

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

Здрави

Семиња

за

секој ден

Различните семиња, богати со витамини и минерали,

протеини, есенцијални масла и ензими, спаѓаат во

висококвалитетна исхрана. Сè почесто разни видови

можат да се најдат во продавниците за здрава храна,

а доаѓаат во различни бои, големини и форми. Освен

добропознатите семиња од тиква, сончоглед, сусам,

сè почесто се користат и други карактеристични

семиња.

Семе од хелда

Многумина мислат дека хелдата е житарка, но таа всушност

претставува семе од фамилијата растенија поврзани со рабарбарата.

Хелдата претставува природен извор на минерали и витамини, а има

и висококвалитетни протеини, бидејќи содржи осум есенцијални

аминокиселини, вклучувајќи ги и лизин и аргинин. Често се користи

како алтернатива за ориз или наместо овесна каша, а освен во

зрнеста форма се продава и сомелена во брашно. Исто така, може

да се користи наместо житарки за појадок или, пак, да се додаде во

леб, крекери, гранола и колачи.

Семе од киноа

Киноата била една од најважните прехранбени продукти кај

Индијанците и Инките. Инките ја нарекувале „златно зрно“. Не

содржи глутен и претставува природен извор на витамин Б6 и

минерали, а заедно со богатата содржина на растителни влакна и

ниското ниво на масти дава чувство на ситост. Може да се искористи

наместо фиде, во салати и во разни десерти, како палачинки, вафли,

мафини. Најчесто служи и како замена за ориз и тестенини.

Семе од чиа

Семето чиа потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна

Америка. Се верува дека Маите и Астеките го користеле како извор

на енергија во походите („чиа“ значи „сила“). Чиата е најбогатиот

растителен извор на омега-3 масни киселини, омега-6 масни

киселини, протеини и моќни антиоксиданси. Семето чиа може да

се попрска врз која било храна, било да е смути или цеден сок,

житарки, супи, сосови, печива и десерти.

Мисли здрави мисли

Мафини со

брашно од

хелда и семки

Состојки:

1 јајце

200 мл кисела вода

9 лажици брашно од хелда

½ прашок за печиво

1 лажичка ленено семе

1 лажичка сончоглед

1 лажичка семки од тиква

3 лажици маслиново масло

Подготовка:

Се матат јајцето, киселата вода, прашокот за

печиво и брашното, за да се добие изедначена

смеса. Семките од лен, тиква и сончоглед се мелат

во апарат за сечкање и се додаваат во смесата.

Калапите, приготвени за печење, се полнат со

смесата до половина. Се печат 25 минути на 200

Целзиусови степени. Се вадат од калапите кога ќе

се изладат.

Пченкарни

мафини со

боровинки

Состојки:

250 г пченкарно брашно

200 г боровинки

½ прашок за печиво

180 г кафеав шеќер

1 јајце

Прстофат сол

Прстофат сода бикарбона

1 ванилин шеќер

125 г путер

250 мл млеко

Подготовка:

Се миксираат путерот, кафеавиот и ванилиниот шеќер

и јајцето. Се додава млекото. Во друг сад, се мешаат

пченкарното брашно, прашокот за печиво, солта и

содата, додека не се постигне изедначена смеса.

Се додаваат боровинките и нежно се промешува.

Подготвените калапи за печење мафини, премачкани

со путер, се полнат до половина и се печат 25 минути на

200 Целзиусови степени. Се оставаат да се изладат, па

се вадат од калапите. По желба може да се оросат со

шеќер во прав.

103

Мисли здрави мисли

Фотографија: Жарко Чулиќ

седумдесетти години од минатиот век и со параглајдерството

спаѓаат во флексибилни крила. Тоа се едноставни летелици,

лесни и практични за транспорт. Секој пилот поседува

опрема, што се состои од крило-змеј, вез, резервен падобран,

кацига и џи-пи-ес. Со опремата нема импровизација, мора

да биде во добра состојба и редовно прегледувана. Сепак,

се издигнувате неколку илјади метри над земјата и нема

простор за аматерство.

Колку е вашата професија поврзана со овој спорт и колку

често летате?

По професија сум дипломиран сликар-педагог, а во

моментов сум креативен директор во агенцијата за дигитален

маркетинг „СајнАп“ од Скопје. Не постои директна врска

помеѓу работата и хобито, но летањето ми е совршена

терапија против стресот што го носи работата. Настојувам

викендите и убавото време да ги искористам за антистреслетови,

далеку од метежот, брзањето и состаноците, а блиску

до пријателите летачи, небото, природата, слободата...

Владимир Бараковски

„СЛОБОДНОТО ЛЕТАЊЕ

НУДИ АДРЕНАЛИН,

УБАВИНА И УЖИВАЊЕ“

Чувството на вистинска слобода и мир е најсилната

мотивација што ги тера пилотите постојано да му се

враќаат на небото. Летањето без мотор бара сплотување

со природата, со воздухот и ветерот, водење од инстинкти

што со секој нов лет стануваат сè посилни... Вака, нашиот

соговорник Владимир Бараковски го опишува своето хоби,

змејарството, вид на воздухопловен адреналински спорт.

Пишува: Марта Таневска

Како почна вашата пасија кон змејарството? Кога првпат

пробавте летање со змеј?

Многу добро се сеќавам на првиот лет, пред 24 години во

Крушево. Бев многу возбуден, а адреналинот беше на високо

ниво. Тоа што ми го зборуваше инструкторот звучеше како

аудио на забавен филм. Се чувствував како мало дете кое

треба да прими инјекција. Денот беше совршен, сончево

време, идеален ветар за полетување... Првиот лет се одвиваше

како од учебник, а слетав многу возбуден и со мисла „Tоа е

тоа!“ Тој ден не примив инјекција, но од „чивијата“ немаше

бегање, таа сè уште е тука, длабоко навлезена. За мене,

слободното летање е пасија и животен стил, фасцинација

што ме обзема уште од детството.

Што претставува змејарство и каква опрема е потребна?

Змејарството е релативно нова дисциплина во

воздухопловните спортови. Почетоците се од раните

Дали сте учествувале на натпревари во змејарство, со оглед

на искуството?

Не сум натпреварувач, но имам учествувано на помали

натпревари во крос кантри-прелети. Тоа се трки во кои

пилотите имаат задача да прелетаат големи растојанија за

пократко време, исклучиво со погонот на ветерот. Токму

искуството стекнато низ Европа ми помогна во организирање

на првенствата на домашен терен.

Кои локации ви се омилени за летање и колку Македонија

е соодветна дестинација за ваков вид спортови? Дали сте

летале надвор од земјата?

Спој на прекрасни високи планини и клима што совршено

одговара за слободно летање како во Македонија е реткост.

Крушево, Галичица, Шар Планина, Скопска Црна Гора и многу

други ја впишаа земјата на мапата на најпосакуваните места

за слободно летање во Европа. Речиси и да нема планина каде

што не сум летал и секоја нуди посебна убавина, искуство и

уживање. Над Галичица уживаш со часови над двете езера,

Преспанското и Охридското. Од Крушево не знаеш што да

избереш, раскошна како од злато исткаена Пелагонија,

вонземскиот пејзаж на Трескавец и Селечка планина или

алпскиот масив на Баба со Пелистер. Кога ќе се издигнеш

високо, единствено од што можеш да добиеш хипоксија е

од убавината што ти го одзема здивот. За жал, има стотици

диви депонии што секојдневно никнуваат по нашите шуми

и полиња, а се гледаат дури и на 2.000 метри над земјата.

Сум летал над Алпите, на повеќе места во Италија, Истра во

Хрватска, Турција, Грција, Бугарија, на места што исто така

фасцинираат со својата убавина и природа, но никаде не сум

сретнал толку големо непочитување кон природата. Мојот

автомобил и автомобилите на пријателите понекогаш личат

на возила за отпад, од ѓубрето што го собираме, но самите не

можеме да победиме во трката со некултурата.

За многумина слободното летање е ризично и опасно. Колку

летањето со змеј е екстремен спорт?

Воздухот и водата не се природна средина на човекот, но

кога ќе научи да плива, ужива во тоа, иако секогаш постои

опасност и ризик. Тоа постои и во летањето, но со добра

обука, правилен пристап и дисциплина, шансите да се случи

некоја несакана ситуација се минимизираат. Мое мислење

е дека слободното летање веќе не е екстремен спорт, туку

Стенковец 2015 година

е една многу усовршена гранка од воздухопловството. Кога

ќе ги видам бејс-џамперите, кои со 200 километри на час

прелетуваат покрај карпи и други пречки, змејарството ми

изгледа како играње мини-голф.

Колку е потребна психо-физичка подготвеност? Бара ли

летањето некој посебен режим на исхрана?

Адреналинските спортови бараат одлична психо-физичка

подготвеност. Паника не е дозволена и одлуките додека

леташ мораш да ги носиш со смирена глава. За да станеш

добар и искусен пилот, мораш да поминеш стотици часови во

воздух. Mногу е важно и одржувањето на телесната тежина и

консумирањето лесна и здрава храна.

Минатата година се одржа Предевропско првенство во

змејарство во Крушево. Дали и понатаму ќе се одржуваат

натпреварувања кај нас?

Национални првенства во параглајдерство на повеќе

европски земји, натпреварот „Крушево опен“ и други, веќе

се одржаа или ќе се одржат во Крушево. Минатите четири

години бев дел од организацијата на помали првенства,

но и на 19. Предевропско првенство. Како претседател на

Воздухопловната федерација на Македонија, мои следни

предизвици се Европското првенство во змејарство, во јули, и

во параглајдерство, во август, и двете во Крушево. Илјадници

пилоти ја посетиле Македонија, летале или се натпреварувале,

а со мали инвестиции туризмот може да има голема корист од

слободното летање.

Дали имате желба за летање на некои светски локации во

иднина?

Бразил (се смее)! Ако се одвива сè според планот годинава и

ако успееме да најдеме спонзори, би сакал да бидам лидер на

нашиот тим на Светското првенство во Бразил во 2017 година.

Таму би се почестил со неколку летови над Рио де Жанеиро,

слетување на Копакабана и со некој егзотичен коктел.

2013 година над

Пелагонија

Предевропско првенство во

змејарство, Крушево, 2015 година

Делегација од ВФМ на Пленарната конференција

на FAI (The Fédération Aéronautique Internationale)

2015 год. во Белград

Светско првенство

Италија 2011 година

Полетување од Мечкин Камен,

Крушево 2014

Дизајн и декор

КАНЦЕЛАРИЈА

ВО ДОМОТ

Независно дали работите од дома или, пак, имате креативна професија што не избира време и место за

реализирање на бурните идеи, направете го работното место во домот, ќоше што ќе зрачи со инспирација

и мотивираност.

Има сѐ што ви е потребно: многу светлина, празен простор за творење и сосема малку интересни додатоци

што нема да ви го одвлекуваат вниманието.

106

Дизајн и декор

Не ограничувајте се на само една полица

– интересните полици што потсетуваат

на скала за качување, ќе ги соберат сите

неопходни нешта, но и украси на едно

место.

Доколку работата подразбира долго

седење пред компјутер, одберете

квалитетен стол и внимавајте на

адаптирањето на висината согласно

висината на работната маса.

Не заборавајте да му дадете допир од

природата на просторот. Во тоа ќе ви

помогнат саксиските билки и цвеќиња.

Важните нешта за работата или едноставно

убавите спомени што ќе ви ја олеснат

работата, закачете ги пред вас за постојано

да уживате во нив.

Наполнете се со позитивна енергија

со топлите, енергични бои како дел од

декорот на домашната канцеларија.

Не мора целата соба – доволно е да уредите

само едно делче од домот. И најобична

маса ќе ја заврши работата.

107

news

Во светот на Mерилин

Класиката во уредувањето на домот никогаш не излегува од мода. Водени од безвременскиот стил на прекрасната Мерилин

Монро, креиравме простор со минималистички, но елегантни линии што одговараат на потребите и стилот на младата

девојка за која е проектиран.

ЕСТЕТСКА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Спојот на класика со модерни,

естетски елементи и соодветно

опремување според барањата

на клиентот ја прават оваа

кујна место за уживање,

декорирано со впечатливи

детали. Кујната oд дневниот

простор e разграничена со

висока стаклена маса, што

заедно со ѕидните принтови

придонесуваат во градење на

целокупната естетика на станот.

Ентериерот е комплетно

изработен и изведен од

Laro Kitchen Center

www.facebook.com/Larokitchen

www.laro.mk

news

СЈАЈНА БЕЛИНА

Погледот во дневната се задржува на белата комода што

овозможува изложување на декоративните елементи во

домот, како и модерната маса изработена од високо

сјајно стакло, централно поставена во просторијата.

Целокупно се добива впечаток на топло и удобно катче

за опуштање.

РЕТРО-ПРИКАЗНА

Спалната соба ја одликуваат чисти линии и раскошна

просторност. Како носечко парче е гардероберот што

во комбинација со винтиџ лустерот дишат во духот на

шеесеттите години, но во една свежа, модерна верзија.

МОНОХРОМАТСКА ЕЛЕГАНЦИЈА

Црно-белата класика и принтот со Мерилин ѝ даваат

елегантност на бањата. Просторот е искористен да

ги опфати сите функционални, како и декоративни

елементи, а специфичното осветлување совршено го

надополнува впечатокот.

109

Портрет промоција

НОВ ДОМ ЗА НОВИ

УСПЕШНИ ПОЧЕТОЦИ

Изборот на место за живеење е одлука што детерминира

многу нешта во животот на секој поединец.

Локацијата, соседството, просторноста, квалитетот

и удобноста, а секако и цената се нешта што секому му се

високо на листата на приоритети при избирањето на својот

дом. Кога на сите овие нешта ќе го додадете и впечатокот

од внатрешното уредување по свој вкус, знаете дека сте го

создале своето катче од соништата.

110

Еден од водечките трендови на архитектите во последно

време е проектирање простори со многу светлина и одлично

испланирани заеднички простории во хармонизиран

функционален простор. Токму ваков простор, во кој е

внимавано на секој детаљ и нуди уште многу дополнителни

удобности, е станбениот и деловен комплекс „Капитол

Резиденс“.

При изградбата на резиденцијалниот објект и деловен

простор се користени врвни материјали, при што се

имплементирани највисоки безбедносни стандарди.

Дистанцирањето од вревата на булеварот ја гарантира

беспрекорна звучна и топлотна изолација, а материјалите

што се употребени за ѕидовите се од највисок квалитет и

овозможуваат максимална заштеда на енергија потребна

за загревање во зимскиот период, односно за ладење во

летниот. Резултатот е удобен простор со модерен дизајн и

одличен распоред исполнет со хармонија.

„Капитол Резиденс“ се наоѓа на неколку километри од

центарот на градот, во скопската населба Аеродром, во

рамките на комплексот „Капитол Мол&Резиденс“, што само

по себе нуди многу предности и поволности. Во рамките

на објектот постои можност за користење фитнес-простор,

како и одлични можности за шопинг, со што се афирмира

поинаков квалитет на живеење и работење, комбинирајќи

го домувањето и професионалниот живот со атрактивните

содржини на еден современ трговски центар.

Влезот за станарите е со посебни лифтови што овозможува

зачувување на дискретноста на домовите и компаниите.

Едно од трите нивоа на подземниот паркинг-простор е

резервирано за станарите на „Капитол Резиденс“, a целиот

комплекс е под 24-часовно обезбедување.

Концептот на овој комплекс е да привлече луѓе и компании

кои знаат што сакаат за себе и кои напорно работат за да

го постигнат тоа, но во исто време максимално да уживаат

во животот и работата. Токму љубителите на убавиот

животен простор во потрагата по ваков идеален баланс

имаат исклучителна можност за купување стан или деловен

простор по цена од 1099 евра по м2 со што ќе ја реализираат

инвестицијата на својот живот.

111

Мозаик

На фотографијата: Ана Коцевска

Фотографија: Жарко Чулиќ

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ СО НОВАТА

SEAT Ibiza

Ја тестиравме новата SEAT Ibiza 5D Style 1.2 TSI и се уверивме зошто е омилениот автомобил на жените за во град, но и при

далечните патувања. Совршениот изглед, врвната технологија и високото ниво на безбедност ќе направат да ја почувствувате

шпанската страст на асфалтот.

Пишува: Тања Тодоровска

Некако по аналогија се очекува секоја нова верзија од веќе постојните

производи на пазарот да значи и нов, подобрен, целокупен резултат на

крајот. Токму ваквите носечки идеали беа применети при правењето

на одредени измени во дизајнот на новата SEAT Ibiza. Секоја поединечна

измена водеше до единствена цел: уште попривлечен и попожелен, речиси

совршен изглед на автомобилот.

Достапна е во три верзии, секоја соодветна да одговара на различни стилови

на живот и возење. Добриот изглед заведува со неговата убавина, но она што

комплетно ќе ве освои е прецизноста, безбедноста и забавата што ја нуди.

Идеален градски придружник на секоја млада девојка и жена.

ШТО Е НОВО?

Иновативноста во создавањето на новата SEAT Ibiza е преточена во неколку

аспекти: динамични линии, луксузни навлаки за седишта, пулсирачки бои,

нови Bi-ксенонски фарови. Други обновени делови се и новооформениот

капак на моторот, новата решетка за ладење, браникот и светилките за

магла, како и алуминиумските фелни. Панорамскиот кров уште повеќе го

надополнува новиот, впечатлив изглед на новата SEAT Ibiza.

Надвор

Карактеристично обележје остава новиот

браник, новиот спојлер со интегрирани

светилки за сопирање и електронско отворање

на багажниот простор.

Нови можности

Направете вашиот автомобил да одговара на

вашиот стил – целата низа на алуминиумски

фелни, како и новата палета на бои нудат

можност за креирање на уште поширок спектар

за вашата уникатна SEAT Ibiza.

Внатре

Новите луксузни навлаки за седишта и кожениот

управувач го прават секое возење посебно

искуство. Со повеќефункционалниот управувач

на дофат ги имате опциите од забавноинформативниот

систем и забавните можности

во автомобилот за убави и комфорни патувања.

112

Мозаик

МОЌНА ОПРЕМА ЗА ЗАБАВНИ И СТРАСНИ ПАТУВАЊА

Иако на повеќето жени технологијата не им е на топ-листата на

интереси, технологијата на новиот SEAT ќе ја засили врската

помеѓу вас и автомобилот, гарантирајќи задоволство при

возењето. Тоа ви го овозможуваат следниве опции:

Борд-компјутер – го покажува точното време, времето од

стартување на моторот, потрошувачката на гориво, досегот...

воедно можете да уживате во лесна навигација во текот на целото

ваше патување – идеално за на одмор!

Климатроник – уникатниот климатроник ја следи надворешната

клима и соодветно на неа ја приспособува температурата во

автомобилот, додавајќи повеќе или помалку ладен воздух во

зависност од временската состојба.

Помош при поаѓање – нема веќе пролизгување! Оваа функција ве

поддржува при поаѓање на стрмни нагорнини.

Повеќефункционален управувач – овозможува управување со

најважните функции на автомобилот, без да ги тргнете рацете

од управувачот или очите од патот – одлично! За да се осигурите

дека лесно ќе влезете и во најтесните простори за паркирање

користете го задниот сензор за паркирање.

Забава – чувствувајте се одлично во текот на возењето. Во тоа ќе

ви помогне радио MP3 плеерот со екран во боја, чувствителен на

допир и со четири звучници за кристално јасен звук и најдобра

акустика во својата класа. Воедно, располага и со USB приклучок

за вашиот ајпод, како и систем за разговор со слободни раце

преку Bluetooth.

Темпомат – кажете ѝ збогум на стегнатата положба на телото

при долгите патувања. Изберете ја брзината што ја посакувате,

вклучете го темпоматот и патувајте. Контролирајте ја брзината без

да ги допирате педалите, а со едноставно допирање на педалот

за гас или сопирање, повторно ја имате целосната контрола во

ваши раце.

БЕЗБЕДНОСТА, ПРЕД СЀ!

Освен задоволство, удобност и комфор при возењето, секоја жена

при изборот на автомобилот бара и бескомпромисна безбедност

за себе и за патниците во автомобилот, особено важно за младите

мајки. Новата SEAT Ibiza е опремена со најновите безбедносни

функции ESP, ABS, EBD, EBA, воздушни перничиња за глава и

граден кош за возачот и совозачот, триетапни сигурносни појаси,

а децата се заштитени со безбедната монтажа на детски седишта

со помош на ISOFIX прицврстувачи и Top-Tether горен појас.

Врвниот квалитет, перформансите и вредноста за вложените

пари ќе допринесат за уште поголемо задоволство. Новата SEAT

Ibiza можете да ја добиете веќе од 10.990 евра.

113

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

АПРИЛСКА СИМФОНИЈА

НА ВИСТИНАТА, ЛАГАТА

И ПРОЛЕТТА

Април е месец што почнува со почит кон шегата (први април),

а завршува со почит кон џезот (30 април). Помеѓу има многу

датуми и приказни што сакам да ви ги раскажам... Први

април! Кога лагата е хумор, таа е бенигна и забавна, но кога

лагата е сериозна и манипулативна, таа е бунар што го голта

достоинството и моралот. Сепак, и лагите имаат свој празник–

први април, еден ден во годината кога можеш да мамиш без да

ти порасне носот. :) Во другите денови си бараш оправдување

за премолченото и излажаното. Се сеќавам на една ситуација

во гимназија, кога сакајќи да ја завршам врската со моето

тогашно момче, најголем шок ми беше „советот“ на Максим

Горки дека „Пристојноста бара од луѓето да лажат“. За среќа,

веќе во следното дело овој руски класик ја „исправи грешката“

со тврдењето дека „Вистината е бог на слободниот човек“,

а јас научив оти премолчувањето на вистината е исто толку

опасно како и самата лага. Во конфузија меѓу белите, демек

добронамерни лаги и оние што те претвораат во безобѕирен

Пинокио ја научив и лекцијата дека до вистината можеме да

допреме само кога ни е дадена слободата да згрешиме. А

луѓето меѓусебно се мамат, лицемерно си ласкаат, и тоа им

изгледа полесно отколку да си ја кажат вистината в лице. Некои

луѓе носат маски секој ден, а не само на први април. Понекогаш

маската е заштитен механизам од грубиот свет, но најчесто е

слој на духовен пластелин врз сопствената кожа што те прави

восочна фигура без гримаса на искрена насмевка и болка.

Нешто слично како во музеј на восочни фигури. А некои судбини

и болки постојат за да нè направат посилни луѓе. Сведоци

на ова се сите родители кои секојдневно се адаптираат на

аутистичниот свет на своите деца. Втори април е Меѓународен

ден за борба против аутизмот. И додека сè повеќе расте бројот

на деца со аутизам, причините за ова нарушување сè уште не

се целосно познати. Знаејќи дека аутизмот не е емоционална

болест, туку развојно нарушување, особено е значајна

инклузијата на овие дечиња во општеството. Неодамна вдомив

куче кај една прекрасна фамилија чијашто шест годишна

ќеркичка има дисхармоничен развој. Овие луѓе имаат срце,

хуманост и сила што треба да ни е пример на сите! Во нашиов

свет на суров рацио и алчна компетитивна логика, тешко ни е

да ги разбереме децата со дисхармоничен развој, оти тоа се

деца кои живеат во свој поинаков свет на чисти емоции. За

нив маските се само играчки за први април, а не секојдневно

руво. И од оваа тема поврзана со здравјето, стигнувам до седми

април – Светски ден на здравјето. Секогаш сум се чудела на

змијата како симбол на медицината. Завиткана околу стап,

змијата се смета за симбол што потекнува од библиската

приказна за егзодусот од Египет. Другата приказна е дека

стапот му припаѓал на Ескулап, римскиот бог на медицината,

чијашто ќерка се викала Хигија, божица за здравјето, од каде

што потекнува и зборот хигиена. Всушност, симболите постојат

за да нè вратат по лавиринтите на познатото и непознатото,

митското и архетипското, религиското и историското, и да нè

потсетат дека овој свет е меѓусебно поврзан со секоја клетка

што се испреплетува меѓу минатото, сегашноста и иднината.

Нејсе, тоа беше уште еден значаен ден во календарот на

април или месецот што се нарекува тревен. Името му доаѓа

сосема логично, оти април е за месец на тревата. И додека ја

пишувам оваа колумна го чувствувам будењето на пролетта.

Априлски пупки на животот. Ветер во косата што ми дава

надеж и полет. Мирис на расцветени дрвја и бои што ги дразнат

пчелите. А пчелите се витален дел од синџирот на исхраната

на човекот и дури третина од храната што ја јадеме не би била

достапна доколку ги нема пчелите. За жал, индустријализмот,

технологијата и загадувањето се директна закана за

исчезнување на овие вредници. Па, се прашувам залудни ли се

датумите во календарот на април како оној на дваесет и втори

што го одбележува Денот на планетата земја? Ќе се прошетаат

политичките светски елити до некое генерално собрание, ќе се

потпишат декларации што навистина се значајни, но од утре пак

по старо на возот на потрошувачкото општество што ја голта

природата за свои мегаломански, алчни апетити. Воздухот

од проѕирен го зацрнивме! Водите од бистри ги замативме!

Планините со патишта ги исековме! Џунглите во хартија и во

луксузен мебел ги претворивме! Животните во месна индустрија

ги спакувавме! Птиците во кафез во зоолошка ги затворивме!

Природата ѝ се скара на културата, а оваа сè уште се обидува

да го крене гласот против социоеколошката неправда. Никој не

се предава, но никој и не победува! Губитници сме сите ние! А

културата си има работа за бркање и свои фронтови за борба.

Една од нив е закачена за календарот на април исто така.

Дваесет и трети април, денот кога два книжевни гении, Вилијам

Шекспир и Мигел Сервантес, го напуштија светот, се слави како

Светски ден на книгата и авторските права, потоа и официјално

прогласен од страна на УНЕСКО во 1995 година. На 23 април,

што исто така е и Ден на розите, во 1923 година во Шпанија,

продавачите на книги се договориле да му искажат почит на

авторот на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, разменувајќи

книги наместо рози. И јас одбирам книга, наместо роза. Иако

сум мошне пребирлива во изборот на книги што ги читам, сепак

ќе се согласам со една реченица на Сервантес, а тоа е дека „Не

постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро

во неа“. Другиот најдобар изум на човештвото, покрај јазикот,

писменоста и книжевноста, е музиката. Праисториска, античка,

ренесансна, барокна, класична, романтична, современа... и џез!

:) И по толку испеани емоции и болки на робовите во САД, џезот

сè уште е во потрага по слободата. И ние овде свириме џез! И

така стигнуваме и до последниот или 30-тиот ден од април -

Светскиот ден на џезот. Животот е убав со добра музика, добра

книга, добар филм и добри луѓе околу тебе. И повеќе прошетки

во природа! Животот е убав во април, особено кога е на „мјут“

платената политичка програма! Нивните политички ветувања

се априли-ли-ли. :)

KISS CAM

ОВОЈ МЕСЕЦ ЈА СЛАВИМЕ ЉУБОВТА СО ДИМИТАР АТАНАСОВСКИ И САРА МЕЈС.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Мозаик

Јована Зука и

„Fashion Group Macedonia“ на

„Parfois 5th Essence“ во Португалија

Мојот моден дневник*: Јована Зука (стилист, блогер и консултант)

Заедно со „Fashion Group Macedonia“, „Parfois“ и пријателите, на почетокот на март во маркантниот португалски град Порто,

имав прекрасна можност да ја откријам новата колекција на овој феноменален бренд и да уживам во целодневна шикагенда,

мајсторски осмислена од маркетинг тимот на „Parfois“. Во родната земја на уникатниот бренд, заедно со уште четири

модни блогерки, ги истражувавме неспоредливите убавини на Порто и се запознавме со естетиката што директно влијае на

препознатливиот дизајн на „Parfois“. Наш дом во текот на ова патување беше извонредниот хотел „Порто А.С. 1829“, кој беше

идеален и особено фотогеничен избор на сместување, со прекрасен поглед на локалната архитектура.

Целодневната агенда почна пред нашиот преубав хотел, каде што нè чекаше специјално дизајниран двокатен автобус на

„Parfois“. Нашата прва дестинација беше новата концепт-продавница на брендот која е двојно поголема од досегашните и

двојно пополна со прекрасни модни додатоци и парчиња облека. Во тој простор, добивме задача да одбереме целосен „Parfois“

изглед за специјалната вечера. Со оглед на тоа што го обожавам секое парче од тековната колекција, задачата воопшто

не беше лесна.

116

Мозаик

Следуваа вкусни специјалитети и беспрекорна бела сангрија во волшебен ресторан на плажа, а модните разговори ги

продолживме и во текот на панорамското разгледување на Порто во трамвај од 1944-та година.

Облечени во одбраните „Parfois“

комбинации, приквечер стигнавме

на тајната локација за завршетокот

на „Parfois 5th Essence“ настанот.

Во приватна куќа украсена во

духот на претстојната колекција,

бевме дел од презентацијата на

новите модни додатоци кои ќе

стигнат во сите продавници на

„Parfois“ во април. По детално

разгледување на колекцијата, го

одбрав мојот фаворит – плик-чанта

со софистицирани животински

мотиви, што зрачи карактер.

Крајот на „Parfois 5th Essence“ настанот не можеше да биде помагичен. Во шатор, со романтично придушена светлина и

суптилен мирис на свежи каранфили, уживавме во префинети португалски специјалитети, одбрани вина и во подароци од

новата колекција, како беспрекорни спомени за ова ненадминливо „Parfois“ искуство.

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

117

Мозаик

ПАТУВАМЕ СО

ДРАГАН ТАПШАНОВ

Фотографија и текст*: Драган Тапшанов

Патувањето како кој било „типичен“ турист подразбира многу фотографии од

вообичаените туристички атракции и локалитети. Сепак, патувањата на Драган

Тапшанов раскажуваат за невидените, затскриени места, заборавените луѓе, за

секојдневниот живот низ улиците, гледан од перспективите на луѓето кои живеат

на нив...

Проект - Живот на улица

Лично за мене овој беше најтешкиот проект

до сега. Не е лесно да фотографираш луѓе

кои не сакаат да бидат фотографирани,

односно сакаат 5 долари за тоа - или ти

требаат многу долари или треба да бидеш

фото-нинџа-граф и да бидеш незабележлив

со камерата. Но сепак, тоа е тоа што го

прави проектот вреден и возбудлив.

Се надевам дека никогаш нема да го

завршам овој проект, дека постојано

ќе го надополнувам со фотографии од

моите патувања, а некои од нив се веќе во

сопственост на различни новински агенции

и други медиуми.

Низ улиците на Катманду, Непал

Граѓани на Катманду се греат на уличниот

оган.

Локалниот пазар во Кеп, Камбоџа

Пазарот Кеп е место каде што тезгите за

зеленчук и овошје во ноќта се домови на

продавачите. Многумина од земјоделците

се од различни краеви на земјата дојдени

да ја продадат својата стока на трговците

кои се на пат кон Виетнам. Тие буквално

се преселени на големиот пазар со своите

семејства додека целата донесена стока не

биде продадена.

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

118

Низ улиците на Ханој

Стотици улични месарници и рибарници низ стариот дел на

Ханој. Неколку години наназад овие граѓани на главниот град

на Виетнам имале свои тезги на маалскиот пазар, но со новиот

проект за трговски центар, пазарот бил уништен и трговците

останале без своите работни места. Нивната работа не застанала

- нивните тезги се сега пред нивните домови, а некогаш мирниот

кварт денес е претворен во најголемиот уличен пазар во Виетнам.

На скалите на Луншан

Луншан е будистички храм, пагода, во

туристичкиот град Ња Чанг во северниот

дел на Јужен Виетнам.

Жена ги користи скалите кои водат до

големиот бел Буда над храмот Луншан

во Ња Чанг како идеално место да

„заработи“ некој донг од многуте туристи

кои секојдневно ги искачуваат. Овие

бездомници своите ноќи ги поминуваат во

дворот на храмот одморајќи ја својата душа

на некоја од многуте мрежи закачени за

дрвјата.

119

Портрет филмски фаворити

Во петтиот број на „Портрет“ прославуваме мини-јубилеј и наместо

нови холивудски остварувања, ви предложуваме некои од нашите

омилени филмови. Драми, анимирани, култни филмови... се

решивме за еден филм што оставил најголем впечаток врз нас и

што постојано се наоѓа на нашата топ 5 плеј-листа.

ТАЊА ТОДОРОВСКА – LE FABULEUX

DESTIN D’AMÉLIE POULAIN (2001)

Мојот избор е „Чудесната судбина на

Амелија Пулен“ или, уште подобро,

само Амели... Па, што ако е романтична

комедија? Тоа не ја прави помалку силна

приказната за ексцентричната парижанка,

која, иако е на своевидна „мисија“ да ги

разубави животите на другите, живее во

страв дека ќе умре во самотија. Прекрасен

филм за надминување на сопствените

стравови, за живеење и уживање во онаа

реалност што е сега и тука и препуштање

на сите животни задоволства... Бонус поени

за одличната филмска музика, што го следи

целиот филм од почеток до крај.

РУЖИЦА АНТИЌ – SHARK TALE (2004)

Не знам дали го сакам повеќе поради ликот на Оскар,

симпатичната риба што на патот кон славата и парите,

ја заборави вистинската љубов, што цело време му

е пред очите; или поради Лени, преслатката ајкулавегетаријанец

што постојано ги изневерува очекувањата

на своето семејство и одбива да се однесува во

согласност на нормите на морскиот свет. :) Сè на сѐ,

цел филм е прекрасен зашто секој од нас може да се

пронајде во него, без разлика на која возраст е.

ДУШАН СТОЈКОВИЌ – ТHE BEACH (2000)

Мојот избор е „Плажата“. Првпат го гледав во средно, некаде околу 2003 година кај другар дома,

во опуштено опкружување. Тоа беше период во кој созревавме, период кога ги откривавме

убавините на животот и слободата на младоста. Слично како кога Леонардо ја откри Плажата

и малото општество. Ако некој го нема гледано нека не размислува, а и ако го има – секогаш

може пак...

МУЗИКА И ФИЛМ

КОМПЛЕТНОТО ФИЛМСКО ДОЖИВУВАЊЕ ГО

НАДОПОЛНУВА СОВРШЕНО СКЛАДНАТА МУЗИКА ЗА

НЕГО. ЕВЕ ГИ НАШИТЕ ФАВОРИТИ.

ЕЛЕНА ШЕКЕРОВСКА – 12 YEARS A SLAVE (2013)

Ми се допаѓа зашто ја претставува борбата за преживување

и борбата за слобода на еден човек. Базиран е на вистинска

приказна и ги прикажува страдањата на Соломон, кој е

слободен црн човек кој ќе биде заробен и продаден како роб.

Неговата упорност и издржливост преку секојдневната борба

да се остане жив ќе го донесе повторно до неговата слобода и

враќањето дома.

ЖАРКО ЧУЛИЌ

– CAROL

– SOUNDTRACK (2015)

Иако станува збор за

актуелен филм, сепак

изборот на него не падна

поради тоа. Музиката од

„Керол“ е своевиден лик

во филмот. Се провлекува

низ целото негово

дејство, совршено го

надополнува... Посебно би

ја издвоил песната „Easy Living“ од Били Холидеј и Реди Вилсон,

која нуди меланхолија, но и среќа, возбуда, измешани чувства...

Одличен спој на уметност, камера, музика, дејство, сценарио...

МАРТА ТАНЕВСКА – FORREST GUMP (1994)

Мојот избор е филмот „Форест Гамп“, поради силната

порака дека со истрајност може да се успее, и покрај

предрасудите на општеството кон луѓето со попреченост,

во периодот на втората половина на 20 век во САД.

Одлична е и глумата на Том Хенкс во улога на човекот со

пречки во интелигенцијата, но со големо срце, Форест

Гамп, кој на многу интересен начин ја раскажува својата

животна приказна. Познатиот американски јужен акцент

и спонтаното однесување на Форест, го прави филмот

на моменти мошне хумористичен, но и инспиративен, со

прекрасна љубовна приказна.

АНА КОЦЕВСКА

– АНАСТАСИЈА

– SOUNDTRACK (1997)

Ја издвојувам филмската

музика од анимираниот

филм „Анастасија“. Ме

потсетува на детството

и затоа ми буди особено

пријатни чувства и

сеќавања. Би ја издвоила

песната „Once Upon

a December“ со која

најмногу се идентификував, можеби бидејќи и јас сум родена во

декември. Совршено надополнување на приказната за ќерката на

последниот руски цар.

БОЈАНА МАКСИМОВСКА

– THE GRAND BUDAPEST

HOTEL (2014)

Колку повеќе размислувам, толку

потешко е да се одлучам само

за еден филм. Но, со оглед на

тоа што Ралф Фајнс ми е омилен

актер, изборот падна на The

Grand Budapest Hotel. Ми се

допаѓа хуморот во него, ја уживам

неговата естетика, целиот муд на

филмот ми е уметност сама по

себе. Комплетно се „исклучувам“

додека го гледам.

АНА ЈОВКОВСКА

– THREE COLORS: BLUE

– SOUNDTRACK (1993)

Чиста емоција што буди

надеж! Меланхолија

и сила во исто време.

Музиката на композиторот

Збигњев Прајснер во

филмот „Три бои: сино“

на Кшиштов Кишловски

е ремек-дело. Партитури

врз кои се кршат различни

состојби на душата – љубов, осаменост, болка, тага, пркос... а во

исто време се обединуваат под знамето на надежта, слободата

и еднаквоста. Кога првпат го гледав филмот имав чувство дека

преку нежните звуци на музиката, го слушам треперењето на

срцето на главната протагонистка, прекрасната Жилиет Бинош и

целиот нејзин спектар на осуди, помирувања, надежи и болки...

121

Мозаик

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

„КАКО ДА СЕ САКА“ – ОШО [ТРИ]

Одговарајќи на најчестите прашања, Ошо ги споделува своите нови начини

за сакање што ќе нè научат да го победиме стравот од самотија, да се

ослободиме од очекувања, правила и барања, да сакаме без зависност,

да го победиме своето его за да ѝ се предадеме целосно на љубовта, да

бидеме целосно присутни во врската, да станеме животен сопатник крај кој

другиот ќе продолжи да се развива, да го одржуваме пламенот на љубовта.

„Како да се сака“ нè инспирира одново да ѝ ги отвориме вратите на љубовта

и да ја доживееме радоста на споделувањето.

„ГЕРТРУДА“ – ХЕРМАН ХЕСЕ [ЃУРЃА]

Според Херман Хесе, она што вистински го сакаме, можеме и да го

постигнеме. Така, младиот Кун детската љубов кон музиката ја претвора

во своја професија, па музиката му станува верна придружничка во текот

на целиот негов живот. Но, за жал, тој нема толку среќа и во љубовта.

Жената која ја сака се мажи за неговиот најдобар пријател... Сепак, и

по сите животни трагедии, таа за него останува најубавата песна што

одекнува чисто и гласно во неговите сништа.

„ОДМАЗДА“ – ЈУ НЕСБЕ [ТРИ]

Уште еден грабеж на банка во центарот на Осло и нова жртва. Случајот му

е доделен на вишиот инспектор Хари Хуле. Тој добива и нова партнерка,

ќерка на легендарен полицаец кој и самиот загинал од ограбувач на банки.

Во меѓувреме, сликарката Ана – старата љубов на Хари – е најдена мртва во

нејзиниот заклучен стан, токму ноќта по неговата посета...

И само што ќе ги затворат случаите како решени – нов грабеж на банка, нова

жртва и нови, неочекувани докази. Дали навистина одмаздата е таа што ги

движи луѓето? И што се случува кога двајца браќа ќе се вљубат во иста жена?

„ТРАЧ“ – ЕЛИН ХИЛДЕРБРАНД [АНТОЛОГ]

Меделин Кинг и Грејс Панцик се најдобри пријателки на кои им завидува цел

град поради сето она што го имаат – совршени бракови, прекрасни деца,

заеднички вечери во недела навечер. Сепак, ова лето мириса на промена. А,

доколку во Нантакет сакаат нешто повеќе од коктели на плажа на зајдисонце,

тоа е – добар трач. И додека Грејс и Меделин се обидуваат да ги поправат

работите, можно е вистината да биде полоша и од трачот. Ова е прекрасна

книга за плажа од „кралицата на летните романи“.

122

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

Портрет поддржува македонска поезија

.брусни патеки

(затоа што нозете по други не знаат да одат)

те барам во сеното како игла,

како мразна полјана

на леден остров кој се топи

на која можам

да поставам поларна мечка

да се чувствува барем уште малку

безбедно.

те барам како одраз во огледалото кое ја

крие мојата старост

како скриен велосипед на таванот

за да ја игнорирам

мојата младост,

те барам како ножот на

соседот кој ни ги дупчеше топките,

како мрежата од кошот

и сакот со кој ловевме риба

по реката која се суши

те барам како конец од манила

откинат од фортуната

што одлета во недоглед

а ние спокојно го собиравме

за да можеме повторно да пуштиме

нова

те барам како тајната симпатија

во лудоста на моето детство,

како брусна хартија со која

ги гланцавме пивските капачиња

да лизгаат полесно по асфалтот

кога игравме

патеки

и ти знам дека изгубена на патеката

бараш нешто

и секогаш би се свртела

да го изговориш моето име

како аманет и заборaвена сенка на претците

како доказ дека мојот луденс постои,

да докажеш дека не постои

прескокнат вир кој се обидел да ни наштети

и дека нема човек кој ја преплашил

нашата сегашност

нема неродено дете кое сакало да го скрши

нашето неврамено фамилијарно

О.гледало.

- секако ќе не следи седум години несреќа,

ако не и цел живот..

луѓе сме,

затоа и сме паднати

Овде.

Автор: Митко Гогов

123

сексуалност, функционалност на телото, и така се роди мојот

активизам поврзан со културната активност, а пресликан во

мојата организација „Утопија“.

Држите предавања за подвижност, пристап и достапност, а

со цел да ѝ се доближите на реалноста и да откриете какви

бариери постојат за луѓето со попреченост и инвалидитет.

Поминавте месец и половина во инвалидска количка. Какво

искуство стекнавте од тој период во животот?

Пишува: Тања Тодоровска

ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРЕН ПОРТРЕТ НА:

ИКИ ГОНЗАЛЕС МАНГУСОН, АКТИВИСТКА

ПОМИНАВ

ЕДЕН МЕСЕЦ ВО

ИНВАЛИДСКА

КОЛИЧКА

ЗА ДА НАПРАВАМ УМЕТНОСТ ШТО НЕ Е

„НОРМАЛНА“ И СТЕРЕОТИПНА

Ики Гонзалес Мангусон е 32-годишна културна работничка

и активистка која својата дејност ја почна во 2008 година со

основањето на организацијата „Утопија“, а во период кога

работеше како личен помошник на лице со попреченост и

инвалидитет. Брзо согледа дека физичката попреченост

на овие лица им пречи и во остварувањето на многу

други сегменти од животот, како културната инклузија во

општеството, на пример, и реши да ги промени.

Танчарка, кореографка, актерка, диџеј, организатор на

клуб, но исто така и културна работничка и активистка –

каква комбинација! Како се сите овие активности поврзани

и кога почна вашиот социјален активизам?

Почнав со активизмот во 2008 година, кога работев и како

танчарка и диџеј, а знаете, кога работите со такво нешто

речиси секогаш ви недостигаат пари, па морате да работите

и дополнителна работа. Мојата дополнителна работа беше

личен помошник, а тоа беше вистинскиот пат за да работам

со различни, поинакви личности од мене. Така станав

љубопитна за тоа како изгледа културата и кој сѐ може да

учествува во нејзиното градење. Почнав да ги забележувам

„кутиите“ според кои бевме поделени како луѓе – по потекло,

Моите први мисли беа дека ќе станува збор за навистина

тешко психичко искуство, но беше потешко ментално.

Начинот на кој луѓето реагираа на мене, како ми се обраќаа,

ми зборуваа како да сум бебе и како ништо да не можам да

направам – во клубовите во кои пуштав музика не ме пуштаа

да влезам, бидејќи било премногу опасно, луѓето биле

пијани, а јас им велев, во ред е, и јас сум пијана, пуштете ме

да влезам... Целото општество, сите луѓе зборуваат на тажен,

депресивен начин со тебе и те жалат за ситуацијата во која

се наоѓаш. Беше многу чудно да се види што се случува од

таа перспектива, но по сѐ, јас имав привилегија да ја тргнам

инвалидската количка, а другите хендикепирани лица ја

немаат таа можност. Тој месец и половина ме научи многу.

За мене, лично, беше важно да сфатам како се чувствувам

кога се случува тоа.

Развив повеќе различни танци и кореографии во количката

– работев многу со модерни танчари и балетски школи, кои

се навикнати да ги користат своите тела на секој начин, но

кога ги седнав во инвалидска количка, тие не знаеја што

да направат. Работевме многу на тоа да изградиме нови

кореографии и движења во инвалидска количка.

Вие сте и продуцент во непрофитната организација

„Утопија“. Која беше генералната идеја, идеологија зад

„Утопија“? Како се роди и како се развива?

Посакав да ја направам културата поголема, подостапна за

сите. Да ги скршам сите правила и да ја измешам културата

– да направам уметност што не е „нормална“ и стереотипна.

Земете го професионалниот танц за пример – дали е

навистина професионален и до толку интересен за да ги

гледате истите тела и истите техники со години... Мислам

дека тоа е здодевно, поинтересно е да се работи со нови

тела и нови начини на практикување танц. Сепак, повеќето

луѓе се плашат да ги надминат стереотипите, да излезат од

малиот меур или од кутијата околу нив, стануваат нервозни

ако им се наруши удобноста на која се навикнати.

Вашата работа подразбира различни аспекти и движења.

Некои од нив поддржуваат феминистички и ЛГБТИ

пристапи. Како ги разгледувате во вашите проекти?

Кога работиш со еден субјект, со една телесна функција

многу е глупаво да не работиш и со другите. Зборувавме

за кутиите – има многу „кутии“ како феминизам, ЛГБТИ за

кои треба отворено да зборуваме. Ние, како организација,

сметаме дека е подобро да ги земеме сите овие кутии, да

ги смачкаме во едно и да работиме. Заборавете на кутиите.

Еден од последните проекти на „Утопија“ е наречен

„Утопија прави“ (Utopia Makes). Можете ли да ни кажете

нешто повеќе за него? Воедно, сакавте да го смените

124

Фотографија: Жарко Чулиќ

гледиштето на пристапноста во културниот свет со овој

проект? Дали успеавте во тоа?

Работевме на неколку проекти – еден од нив подразбира

стрип-магазин што поврзува повеќе уметности во една, а кој

може да биде и читан и слушан. Протагонист е младата Иги

и нејзината сексуалност претставена при личното растење и

откривање на себеси. Тоа се теми за кои не зборуваме кога

зборуваме за инвалидизирани луѓе. Но, и хендикепираните

луѓе имаат секс и сексуални желби како и сите други

„нормални“ луѓе. До некаде во таа смисла станува збор

за еротски роман што можете и да го почувствувате преку

различните текстури на неговите страници.

Потоа направивме и арт проект со техника наречена

leap motion, што овозможува цртање во воздух преку

компјутерска техника. Со неа и оние лица кои не можат да ги

движат рацете, можат да се изразат цртајќи преку движења

на носот, главата... што повторно секому му дава можност да

учествува во уметноста.

Справувањето со чувствителни социјални прашања и теми

или, генерално, работењето наспрема ветрот не е нешто

лесно. Како успевате да ја проширите веста и активноста?

Имате ли помош од некоја невладина, непрофитна

организација, волонтери?

Да, навистина сум задоволна од тоа што успеавме да

стигнеме толку далеку, но сакаме да направиме многу

повеќе. Ваквата активност и работа не завршува, едноставно

никогаш нема сѐ да биде перфектно. Но, токму тоа е

најчудното и најинтересно нешто во мојата работа – да

најдеш нови начини на правење на нештата и постојано да

учиш нови нешта, комуницирајќи со многу различни луѓе.

Ние сме невладина организација со повеќе од илјада членови,

а финансии добиваме од различни проекти. Најголем дел од

соработката се заснова на размена на искуства и ресурси.

Многу места во Шведска сѐ уште го немаат решено пристапот

за инвалидизираните лица, па ние ги едуцираме како да го

направат тоа, а за возврат ги користиме нивните објекти за

реализирање на нашите проекти.

За вашата работа сте наградени сте со шведската награда

„Стил“ за исклучителни залагања за демократизација и

пристапност во светот на културата. Што претставува оваа

награда за вас? Дали ја сфаќате како доказ дека културната

еволуција се случува?

Работејќи напорно, година по година, мислиш дека никој не

ја гледа твојата работа. Така, добивањето на оваа награда

беше голема работа за мене – да бидам препознаена за

нештата што ги правам. Некои луѓе дури ми велат: „Ики,

зошто го правиш ова, треба да работиш со нешто што е

поважно за тебе лично“, но јас мислам дека е многу важно

да се работи со сѐ, со сите луѓе.

Како помина вашето предавање на Институтот на

дефектологија во рамките на Филозофскиот факултет?

Дали ги пресретна вашите очекувања?

Многу сум задоволна од предавањето, а интересно е што јас

го правам ова толку долго што понекогаш заборавам дека

нештата што ги правиме се радикални, на пример пивото

за лица со церебрална парализа. Луѓето од нови средини

реагираат со чудење на сето ова, па затоа е многу интересно

кога се запознаваат нови луѓе и кога се прошируваат мислите

и начинот на кој размислуваме.

Ви благодарам за инспиративното интервју и ви посакувам

уште многу успеси во она што го правите. Имате ли идеи за

некои идни планови, општествени граници што сакате да ги

надминете, помали или поголеми идни чекори?

Секогаш кога работите на проект како „Утопија“ одвременавреме

потребно е да имате период кога паузирате со

дејствување и развивате идни идеи и проекти. Сега сме во

тој период кога се обидуваме да откриеме што ќе правиме

следно, а посетата на шведската амбасада во Скопје нѐ

охрабрува да ја продолжиме нашата работа и надвор од

Шведска.

За крај, која порака би им ја испратиле на оние што ја вртат

главата, го игнорираат општествениот проблем што вие се

обидувате да го решите?

Најдобрата порака е да погледнете внатре во својата кутија –

да се прашате кој сум јас, какви привилегии имам и потоа да

ја смачкате кутијата. Оставете ја. Многу позабавно е надвор

од неа.

125

Изборот е слобода

ТАНЦ ФЕСТ:

ДУШАТА

НА СКОПЈЕ

ВО АПРИЛ

РИСИМА РИСИМКИН - КОРЕОГРАФКА И ПРОФЕСОРКА

Фотографија: Жарко Чулиќ

Пишува: Ана Јовковска

КНИГА: КАРЛ САГАН И МИСЛАТА ЗА ДОБРОТО

„Контакт“ на Карл Саган е книга што ја прочитав многу одамна и ме фасцинира толку многу,

што сè уште ја паметам. Волшебниот свет на имагинацијата, нашата праисконска желба да

ги откриеме тајните на универзумот што нè опкружува и за кој, всушност, не знаеме ништо,

Саган го има преточено во мисла за доброто. Тој ни дава свое видување дека вонземјаните се

грижливи и дека чекаат да бидеме подготвени за да ни се откријат тајните по кои копнееме.

Многу романтично видување. Денес, по толку години, сè уште ми е актуелна мислата

за доброто, во свет во кој секојдневно се судруваме со смрт, убиства, искористување и

подјармување на цели народи во име на нечие „добро“.

ФИЛМ: „МЕЛАНХОЛИЈА“ НА ЛАРС ФОН ТРИР Е

ПОТСЕТУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ

Во филмот „Меланхолија“ на Ларс фон Трир мајсторски е прикажана една навидум

обична фамилијарна ситуација, во која се работи за чисти односи и релации,

наспроти неминовниот крај на светот. Повторно, кај мене се јавува фасцинацијата од

неминовноста, од она што универзумот може да ни го приреди, а ние, ’малите‘луѓе, се

занимаваме со себеси, со своите стравови и преживувања. Визуализацијата на филмот,

камерата, уметничката страна на расказот, ги бранува моите чувства и допира до

најдлабоките точки на мојата имагинација. Сликата во која мајката и детето седат и

ја гледаат огромната ’топка‘ што ќе ги уништи нив и целиот свет е толку тажна, а толку

величествена... Животот треба да се слави, треба да сме среќни дека живееме, да го

почитуваме тој извонреден подарок... мислам дека Саган е во право, сè уште не сме

подготвени...

126

Изборот е слобода

ГРАД: ОД АМСТEРДАМСКИТЕ ЗАБАВИ ДО ТРАДИЦИЈАТА НА

ПЕКИНГШКИТЕ КВАРТОВИ

Многу патувам и имам повеќе омилени места и градови. Ги сакам каналите и духот

на Амстердам, амстердамските забави на брод, но и ротердамските модерни

зданија или, пак, градот Хаг кога живее во манирот на Holland Dance Festival. Го

сакам Пекинг, извонреден град со прекрасни луѓе и многу, многу креативност во

уметничкото живеење... традицијата на Забранетиот град, грандиозноста на Големиот

ѕид и новите модерни квартови, што во чудесен контрапункт го надополнуваат

воздухот со извонредна атмосфера. Го сакам Њујорк во есен, кога е најголемиот

фестивал за танц и студиото на Марта Греам, компанијата на Менхетн, покрај реката

Хадсон. Го сакам Париз и неговиот шарм, култура и лежерност. Сепак, еден град

е секогаш во моите најдлабоки мисли: Скопје, улиците на моето детство, дрвјата

во октомври... Сè уште ги паметам одењата пред „Ванила“ или кај „моторџиите“

отспротива, прекрасното бифе „Парис“, кога беше облепено со новини и нашите

утра таму и журките во Старата чаршија. Мојата најголема љубов е Водно и сите мои

денови на неговите падини што ги поминав како дете, куќата на татко ми и мајка ми на

нашата улица „Пандо Кљашев“. Ах...

ФЕСТИВАЛ: ТАНЦ ФЕСТ ГО НОСИ ДУХОТ НА НОВОТО

Дванаесет години го брануваме и го поместуваме духот на градот со богатство

претстави и настани, разни креации на уметници од сите меридијани. Танц Фест

го донесе духот на новото и го зачини вкусот на нашата публика. Секоја пролет со

извонреден елан се радувам на априлските денови на играта, веселоста, убавината

и славењето на танцот, преку кој всушност го славиме животот. Танцот, нашиот Танц

Фест е нашата реплика на секојдневието. Let’s dance! Be different!!!

ОБЈЕКТ: СЦЕНА ЗЕБРА Е НАШИОТ ТАНЦОВ ХРАМ

Тоа е нашиот храм. Храм на танцот и уметноста со која секојдневно живееме.

Отворена пред 5 години, таа стана место во кое се развива духот на креативноста,

место каде што се слеваат идеите, мислите, имагинацијата на младите танчари

кои ги создаваме преку Скопје танцовата академија и Скопје танцовиот театар. Ја

обожавам.

УМЕТНОСТ: УМЕТНОСТА НИ ЈА ДАВА СЛОБОДАТА

Сакам кога потонувам во водите на уметноста се пронаоѓам себеси. Сликарството,

сликите на татко ми, што го исполнуваат нашиот дом, се дел од нашето

фамилијарно, духовно наследство, што секојдневно го споделувам со моите

најблиски. Уживам во музиката, во танцот, што е мојот живот, во поезијата, со која

се занимавав како помлада, ја обожавам литературата, книгите на Перл Бак со кои

растев, Толстој, Ремарк, Зилахи, Хемингвеј, Петре М. Андреевски... Ме фасцинираат

потезите на Полак и скулптурите на Хенри Мур, се восхитувам на уметноста и

уметностите, со секој мој здив; сакам да дискутирам за нив, да спорам, да развивам

идеи. Уметноста ни ја дава слободата. Секојдневно живеам со неа, преку танцот,

но и преку уметноста на преживувањето во секојдневието, во свет во кој со секој

изминат чекор се менувам и се обидувам да сум повторно своја.

127

INSTAGRAM ИНСПИРАЦИЈА

@alek0701

@hanami_and_zoria

Најубави фасади за фотографирање има: Со современа

архитектура – Осло, Ротердам... со класична – Виена и Прага.

Вештината на фаќање добри кадри од градот е во: Добрата

светлина. Како архитект сум перфекционист, па сакам ортогонално

поставени вертикали и хоризонтали. И некои обични фотографии,

со едноставно ротирање, добиваат нова, добра приказна и вредност.

Би сакал да ги фотографирам: Техеран и Фес, бидејќи

исламската архитектура отсекогаш ме привлекувала како и

орнаментите, симетријата и шаренилото.

Зорица Петкоска Александар Станојевиќ

@danijelkostadi

@ivigram

Најубави фасади за фотографирање има: Бразилија

Вештината на фаќање добри кадри од градот е во: Не постои

вештина во фаќање на добри кадри според мене, сѐ е во

перцепцијата и имагинацијата што ја поседуваме.

Би сакал да го фотографирам: Градот Бразилија поради

автентичноста на градот, поради урбанистичкиот план, но секако

и поради архитектурата што ја поседува градот.

Данијел Костадиновски

Ивана Митиќ Јаневска

Најубави фасади за фотографирање има: Не можам да изберам

еден град, но можам да изберам еден стил – брутализам – а

Скопје го има.

Вештината на фаќање добри кадри од градот е во: Гледање од

сите агли, откривање на нови кадри. Гледајте како архитектурата

дише заедно со минувачите или птиците и фатете ја таа игра на

камера.

Би сакала да фотографирам: Креативна и иновативна

архитектура како неофутуризмот на Заха Хадид и Баухаус.

Најубави фасади за фотографирање има: Не можам да одберам

еден град. Модерната архитектура ми е попривлечна, но ме

инспирираат и други стилови. Сепак најубавите фотки излегуваат

од необични градски ќошиња.

Вештината на фаќање добри кадри од градот е во:

Опсервантноста. И сензибилитетот за геометрија и светлина.

Би сакала да ги фотографирам: Бразилија поради Нимајер,

Токио поради смесата на футуризмот и традиционалното,

градовите низ источна Европа поради брутализмот и Лисабон

поради најсончевите бои.

128

ЗАПОЗНАВАЊЕТО НА ГРАДОТ ПРЕКУ НЕГОВИТЕ НАЈСКРИЕНИ И НАЈШАРЕНИ ЌОШИЊА, А НЕ ПРЕКУ ОНИЕ

КЛАСИЧНИ ТУРИ И ВОДИЧИ Е МОЖЕБИ НАЈАВТЕНТИЧНОТО ОТКРИВАЊЕ НА ГРАДОТ. ТОКМУ ВАКВИОТ

СЕНЗИБИЛИТЕТ НА АРХИТЕКТОНСКА УМЕТНОСТ, ГЛЕДАН НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ

ИНСТАГРАМЏИИ, Е НАШАТА ИНСТАГРАМ-ИНСПИРАЦИЈА ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ.

@i_kar

Најубави фасади за фотографирање има: Амстердам. Со

шарените фасади на куќите е уметност сама по себе.

Вештината на фаќање добри кадри од градот е во: На

добра светлина и најобична камера прави одлични фотки,

а со wide angle објектив или со нагодувања за панорамско

фотографирање, се додава ширина на фотографијата.

Би сакал да го фотографирам: Њујорк, колку и да звучи

мејнстрим. Градот со уличен дух, прекрасни згради, различни

стилови...

Најубави фасади за фотографирање има: Дефинитивно Токио.

Вештината на фаќање добри кадри од градот е во: Па, секогаш

различно. Често експериментирам и се трудам да ги фатам од

различни и испревртени агли, што ќе го натераат гледачот да се

задржи повеќе на нив.

Би сакала да ги фотографирам: Сон ми е да ги посетам Камбоџа

и Индија. Ме инспирираат сите тие градби, храмови, луѓето и

начинот на живот.

@simidjievski

Никола Симиџиевски

@filipgolaboski

Филип Голабоски

@monikacvc

Игор Караџоски

Моника Муличковска

Најубави фасади за фотографирање има: Париз - хармонија од

класична и модерна архитектура.

Вештината на фаќање добри кадри од градот е во: Технички,

најмногу се фокусирам на перспектива, линии, бои, детали итн.

Инаку, основно е трпението и вниманието. Она што на прв поглед

изгледа непривлечно и секојдневно, под вистинските околности

може да крие фантастичен кадар.

Би сакал да го фотографирам: Токио. Ме фасцинира спојот на

урбана џунгла и футуристичка архитектура.

Најубави фасади за фотографирање има: Фиренца.

Вештината на фаќање добри кадри од градот е во: Аголот од

каде што се фотографира и структурата на фотографијата. Од

големо значење е светлината (преферирам дневна светлина), но

и умешноста да се опфатат сите детали.

Би сакал да ја фотографирам: Дефинитивно Барселона! Градот

изобилува со живописни контрасти на готска уметност од

средновековниот период, наспроти фасцинантните ремек-дела

на познатиот Гауди.

Доколку Instagram е една од вашите омилени апликации, пратете ни ваши фотографии на contact@portretmag.com или користете го

хаштагот #portretmagazin за обележување на вашите фотографии.

STREET & STYLE

ОВОЈ МЕСЕЦ ФОТОГРАФИРАВМЕ МОМЦИ И ДЕВОЈКИ ШТО НЕГУВААТ УРБАН И

УЛИЧЕН СТИЛ. СО НИВ УЛИЦИТЕ ИЗГЛЕДААТ МНОГУ ПОУБАВО.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Мартина Петковска Сергеј Јордановски Мила Ѓорѓиева

Лаура Николова

Благоја Ииески

Ангела Блажова

130

131

132

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!