05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

На „ти” со

ВГИ: Желбата за власт! Сè е концентрирано на моќта на парите

и докажувањето на тоа кој што направил, додека обичниот

човек се соочува со суровата реалност на нестабилност.

АЈ:„Кукавиците умираат повеќе пати пред нивната смрт,

храбрите го чувствуваат вкусот на смртта само еднаш“ –

Вилијам Шекспир

- Што ве мотивира да бидете храбри?

ВГИ: Пркосот во мене што ме води да го кажам она што го

мислам, преку музиката, гардеробата, пишаниот збор... Сè

е личен избор. Храброста е лудост во денешно време, но

верувам дека со своите постапки сум инспирација на многу

луѓе. Тоа е мисијата на јавните личности.

АЈ: Што е најголемо предавство за вас?

ВГИ: Да ги издадеш или да ги изневериш своите деца. Нешто

што си го создал на овој свет, да го изгубиш. Не случајно се

вели дека децата се нашето огледало и затоа мојата најважна

мисија е да ги воспитам моите деца во духот на вистинските

вредности. Тие веќе и сами ги препознаваат, на што сум

особено горда.

АЈ: Од културната трпеза со мени Шекспир, која театарска

изведба или кој филм или... ви оставиле најсилен впечаток?

ВГИ: „Отело“ е мојот избор. Моќна визија на музика во рацете

на единствениот Верди. Ликови како Дездемона, Отело и

Јаго, кои се параметар за различност, карактерна обоеност

и музичка инспирација. Во операта единствено нешто што

те води за квалитетно создаден лик е текстот. Без него нема

приказна.

АЈ: „Љубовта се раѓа, живее и умира во очите на човекот“ –

Вилијам Шекспир

- Љубовта е?

ВГИ: Љубовта е двигател. Љубовта е серотонинот на животот.

Знае да биде сурова, болна, ама секогаш е уникатна. Сиромав

е оној човек што не ја почувствувал барем еднаш.

АЈ: Што читате моментално?

ВГИ: Во моментов во раце ми се вртат афоризми што ме

опуштаат. Еве, еден ќе споделам со вас, од Дидро: Долго

постоела титула на дворски шут, но никогаш не постоела

титула на дворски мудрец.

АЈ: Шекспир е единствениот автор кој успеа клучната

егзистенцијална дилема на човекот да ја сведе на шест збора

– Тo be or not to be!

- Како ја разбирате оваа мисла?

ВГИ: Simply the best! Што би рекла Тина Тарнер. :) Големите

мисли секогаш се наједноставни.

АЈ: Кој од денешните автори, според вас, е новиот Шекспир

или Шекспир на 21 век?

ВГИ: Единствениот Петре М. Андреевски.

Гоце Смилевски, писател

Шекспир – метафизички

еквивалент на биг бенгот

AJ: Каква е вашата (интимна) приказна со Шекспир?

ГС: Се восхитувам на титанскиот труд на Драги Михајловски да ги

преведе сите драми и сонети на Шекспир на македонски јазик. Дури

и кога се обидувам да го читам Шекспир на англиски, секогаш го

имам до себе тој огромен том што е производ на драмскиот гениј на

Шекспир и преведувачкиот подвиг на Михајловски. Кај мене постои и

една постојана потреба да го стекнувам знаењето и директно, значи

не само преку книга туку и на предавања. И така, пред година-две,

речиси две децении откако дипломирав компаративна книжевност

на Филолошкиот факултет во Скопје, појдов пак на факултет и

ја замолив професорката Рајна Кошка да ми дозволи, заедно со

нејзините тогашни студенти, да присуствувам на нејзините предавања

за Шекспир. Бев и останувам фасциниран од професорската

умешност/уметност на Рајна Кошка да го кондензира и да го пренесе

своето сеопфатно познавање за Шекспир, светот во кој живеел, а

воедно и да ги поведе студентите во длабоките пориви во ликовите,

кон суштината изразена низ драмските дејства.

21

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!