05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

она што очекуваат, бајка и добиваат. Младата принцеза изгледа раскошно

во свилената венчаница со боја на слонова коска. Принцот треба да влева

доверба и, како што прилега, носи униформа. Да ѝ ја препишеме на возбудата

причината што заборава да ја бакне невестата по заветите. Важно е дека

народот ја доби својата принцеза, која набргу ќе им ги освои срцата.

Свадбеното патување, како што е редот, е крстосување со кралската јахта

„Британија“. Трае 11 дена, а вклучува и неколку официјални посети во земјите

каде што ќе застанат, зашто за залудно зјапање во зајдисонцето, колку и да е

романтично, нема простор во напнатата кралска агенда. Остатокот од медениот

месец го минуваат во палатата, каде што Чарлс може повторно да ужива во лов

и долги прошетки, а Дајана да се убедува себеси дека нема поголема среќа од

тоа да се биде принцеза и да се ужива во друштвото на нејзиното височество,

кралицата. Нема назад, набргу следува веста за нејзината бременост.

Притисокот станува неподнослив, Дајана мора да внимава на секој чекор што

папараците копнеат да го фатат. Но, сите маки се забораваат во моментот кога

ќе донесе на свет здраво, машко дете, иден наследник на тронот, актуелниот

принц Вилијам, првиот во кралското семејство што на инсистирање на мајката

се раѓа во обична болница. Возбудата и честитките не стивнуваат. Принцот

Чарлс одлично се снаоѓа во новата улога на татко, а Дајана конечно има нешто

свое во палатата што ѝ останува туѓа. Наскоро се раѓа и Хари.

Лејди Ди е посветена мајка, ужива во воспитувањето на своите деца,

прекршувајќи го правилото да им ги довери на дадилките на дворецот.

Но, ништо не може да ја спречи нејзината сентиментална криза, што се

манифестира со депресија и булимија. Народот ја обожава, но ѝ фали љубов

и внимание од сопругот со кого немаат допирни точки. Таа би разговарала

со часови за мода и филмови, теми банални за принцот кого го интересира

литература, историја, архитектура, во што Дајана не наоѓа возбуда. Таа сака

забави и поп-музика, тој лов и пијано. Нежноста и физичката привлечност

што го врзуваа за неа на почетокот, исчезнуваат до таа мера што го дразни

нејзиното присуство. Она што не успева да го најде во Дајана, го наоѓа во

Камила, неговата пријателка за јавноста, но љубовница за сите што го знаат

подобро, вклучувајќи ја и Дајана: „Во тој брак бевме тројца, стануваше

премногу“. Тензијата се зголемува. Кралското семејство не се согласува со

нејзините многубројни хуманитарни активности и пренагласената присутност

во медиумите. Колку повеќе станува принцеза на народот, толку помалку ја

собира во кралското семејство. Згора на тоа, сѐ почесто го поминува времето

со инструкторот по јавање на нејзините синови, Џејмс Хјуит, за кого подоцна

ќе потврди дека ѝ бил љубовник. Бракот бавно, но сигурно оди во пропаст. Во

1992 година, со вообичаениот студен и официјален тон, палатата го најавува

разводот. Другото го знаеме сите. Принцот Чарлс сѐ уште е оженет за Камила,

а во август ќе се одбележат 19 години од трагичната несреќа во која Дајана го

загуби животот заедно со својот последен љубовник, Доди ал Фајед. Останува

само да се прашуваме каква баба на Џорџ и Шарлот ќе беше денес Лејди Ди

ако и оваа, како сите бајки, имаше среќен крај.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!